Macedoniae acta archaeologica 16 (2005) · стр. 307–321
Манастирски комплекс Свети Ѓорѓија - Кнежино (1998-1999 г.)
Музеј на Западна Македонија во нов - Кичево
МАНАСТИРСКИ КОМПЛЕКС
СВЕТИ ЃОРЃИЈА - КНЕЖИНО
(1998-1999 г.)
Првото археолошко испитување на манастирската црква е изведено во 1985 година, при што се добиени првични сознанија за неа. Врз основа тие сознанија е извршена нејзина хронолошка и културна детерминација. Сондите беа поставени во средишниот дел на утврдениот простор, во претпоставениот сакрален објект (сл. 1). Со ова испитување беше откриен дел од апсидалниот простор. Од движниот материјал беа откриени фрагменти од градежна керамика. фрагменти од фреско-живопие, како и фрагменти од стакло. Резултатите од ова испитување се објавени во списанието Масеԁ. acta archaeol. бр. 13.11
Наодите покажаа дека црквата постоела во развиениот среден век, но исто така дека е и изградена врз постар објект од ранохристијанскиот период ГУ-VI век. Претпоставуваме дека манастирскиот комплекс е утврден манастир,2 еден од првите манастири што се граделе на овие простори во ранохристијанскиот период. Во прилог на претпоставка за постоење на утврдени манастирски комплекси, ќе го наведеме и мислењето на В. Поповиќ, дека меѓу бројните сакрални објекти откриени во јужна Албанија има и вакви манастири.
Од историјата е познато дека некогаш имало утврдени манастири. Еден град-манастир се спомнува околу Солун уште во VI век. познат како „Тврдината на Матрона", а во подоцнежното време познати се многу манастири со пиргови.3
9 Т. Томовски, Македонија низ вековите, градови - Тврдини. комуникации. Скопје 1988, 545. Манастирот се наоѓа на околу 6 км западно до Кичево во близина на селото Кнежино, на падините на планината Бистра. на надморска височина од преку 900 метри, во шумовит предел богат со вода. Детална теренска проспекција на топонимите не е извршена. Откако таа ќе се направи. ќе се добијат повеќе податоци за неговото настанување. како и самото име - Кнежински манастир. ,
Манастирот е посветен на светителот св. Ѓорѓија. кој живеел кон крајот на Ш век и по потекло е од Кападокија. Мала Азија. Бил војник со висок чин во служба на римскиот цар Доиклецијан. По вероисповед бил христијанин. Во Диоклецијановите прогони на христијаните страда и тој, не сакајќи да се откаже од својата вера. Во христијанскиот свет е познат како светител кој ги исцелува болестите. ги заштитува луѓето и стоката, воскреснувач на покојниците, чудотворец.4
Во црковната историографија нема директни податоци за подигањето и опстојувањето на манастирот низ вековите. Постојат податоци за неговото опожарување, пустошење и уништување, кое се случило во средината на XVIII Bex.
Не постојат историски податоци за кичевската област во доцноримскиот/раносредновековниот период. се знае само она општо познатото дека областа се наоѓа во границите на Римската Империја, во диецезата Илирик, провинцијата Македонија. Бројни се археолошките остатоци од овој период на световна и сакрална архитектура откриени по пат на рекогносцирање или археолошки испитувања.6
Градот Кичево со околината се споменува во повелбата на византискиот цар Василиј Ил, по победата над Самоил во 1018 година, како град и област Кицавис.7 кој црковно припаѓал во епархијата на Охридската архиепископија. Охридскиот архиепископ Теофилакт (крај на XI и почеток на XII век) во едно писмо го споменува име на градот Китаба.8 што значи дека градот го имал тоа варварско-словенско име, во времето на македонската држава, времето на Самоил и секако пред него.
Како што веќе рековме, нема директни историски податоци за времето на изградба на манастирот. Индиректен податок за градба на некој самостоен, односно независен ставропигјален патријаршиски9 манастир во Кичевската енорија имаме од крајот на XI век. Тоа го дознаваме од писмото на архиепископот Теофилакт (геолог, филозоф и реторичар), кој во тоа време се наоѓал на тронот на Охридската архиепископија. упатено од негова страна до цариградскиот патријарх, во кое тој се жали дека некој калуѓер се дрзнал да гради манастир во Кичевската епархија без негово знаење, а згора на тоа го прогласил за ставропигијален, односно патријаршиски. Оттука дознаваме и за автокефалноста на Охридската архиепископија. Таа афтокефалност е дадена со декрет од византискиот двор и е по директен патронат на византискиот цар. со единствена цел да се има увид во работата на Архиепископијата и спроведувањето на елинизацијата на македонските Словени по пат на богослужба. Според црковните канони. цариградскиот патријарх не можел да се меша во работите на автокефалната архиепископија, иако таа се наоѓала во рамките на византиската држава. каде што врховната црковна власт ја има истиот патријарх.
Архиепископот Теофилакт го запрел градењето на манастирот во Кичевската епархија.10
По повеќе годишни борби меѓу македонската држава и Византија, во 1018 година!11 Византија станува победник. По оваа година македонската држава повеќе не постои. нејзината територија е припоена кон Византија. а со неа и кичевската област.
Кичевската област со мали отстапувања. кога доаѓаат други завојувачи, останува под византиска власт се до 1282 година, кога српската држава под власта крал Милутин се шири на југ и ги одзема од Византија северните делови од Македонија,12 во кои спаѓа и оваа област. Состојбата останува непроменета се до крајот на XIV Век, до османлиските освојувања на Македонија. !2
Вториот податок кој може да кореспондира со манастирот е од времето на кралот Милутин. Неговиот биограф, архиепископот Данило. во врска со манастирот Св. Ѓорѓија во кичевската област всели: „Милутин подигнал и обновил многу цркви. а на два манастира кои се наоѓаат на српско-византиската граница - Св. Ѓорѓи во кичевската област и Света Богородица во Трескавец кај Прилеп, не без политички цели ги посипал со дарови.13 Кралот Милутин во 1299 година се жени со византиската принцеза Симонида, малолетна ќерка на царот Андроник П Палеолог,14 и како мираз Милутин ги добива земјите северно од Охрид, Прилеп и Штип. Источно од манастирската црква, во сондата I, откриена е бронзена монета од времето на споменатиот цар Андроник II Палеолог.
Во народната традиција, кај месното население, манастирот Св. Ѓорѓи е познат и како Кнежински манастир. Со такво име и почит од народот во котлината не постои друг манастир.
Археолошките истражувања во 1998-1999 година беа систематски и се одвиваа на манастирската црква и некрополата.15 !5
Во 1998 година е откриена црквата, и тоа: наосот, делумно нартексот и егзонартексот, како и дел од некрополата, што се наоѓа на северната страна на наосот. Испитувањата покажаа дека црквата има базиликална форма со петострана апсида со димензии: вкупна должина 27.50 M, егзонартекс 11 м, нартекс 3 м и наос 10.5 м. Од северната страна на наосот се откриени остатоци од четириаголна просторија. Над апсидата, од источната страна, на растојание од 2.40 м, откриени се остатоци од уште една апсида. кружнак. која навлегува во јужниот 5ид на црквата. Тоа е апсидата од постарата црква. (сл. 2) Егзонартексот и нартексот се делумно испитани. Над нив во 1973 год. е изградена мала црквичка посветена на Св. Ѓорѓија, црквичката е изградена од мештаните на село Кнежино.16
Уништувањето на објектот е видливо најмногу во наосот. 5идните платна се останати во висина на подот во апсидата. јужниот и северниот зид од 0.40 см до 0.60 см. Во нартексот и егзонартексот зидовите се зачувани во висина од 0.80 м, 1.20 м до 2.20 м. Во оваа фаза на испитување на црквата можат да се издвојат два опуса на градба: првиот е 5идарија од кршен камен врзан со варов малтер, видлив на северниот зид на наосот, делумно и во егзонартексот, а вториот опус на зидаријата е повеќе декоративен, тоа е „клоазоне“ од вековите на византиската обнова (renovatio). Овој начин на 5идарија се јавува на јужниот зид од наосот и егзонартексот, со пиластри од надворешната страна. За зидање се употребени камен бигор и тегули, поставувани хоризонтално, ред тегули. потоа ред бигор. а меѓу бигорот по неколку вертикално поставени тегули. Ваков начин на 5идање, декоративен, се јавува и кај други средновековни сакрални објекти во Македонија. Присутни се президувања и зазидувања во одделни делови на објектот, кога истите не биле повеќе во функција. Постојат остатоци од чидарија на која се гледа широко фугирање од хидростатичен малтер, хоросан, кој хронолошки се врзува 3a XI u XII век.
Откриено е мноштво градежна керамика од сите периоди на постоењето на црквата, како утилитарна така и декоративна (ел. 3-7).
Во откриените делови од црквата подовите се изведени од керамички и камени плочи. Камените плочи се направени од мермеризиран варовник и мермер. Во наосот подот е изведен од мермеризирани и мермерни плочи, а е украсен и со мозаик. Постои висинска разлика на подовите, во егзонартексот и наосот, таа изнесува околу 0.40 см и се должи. веројатно. на конфигурацијата на теренот.
Подниот мозаик е изведен во ленти, кои врамуваат правоаголен простор во наосот. Во лентите се наоѓа геометриски мотив изведен од бели мермерни квадрати и триаголници, комбинирани со бели и сини камчиња во форма на ромбови и триаголници. Во средишниот дел на врамениот простор се наоѓа = 1. 8. Централниот дел на мозаичниот врамен со мозаична лента, во кој ane we recs има орнамент од кругови обрабени со бескрајна лента кои формираат крст. Во еден од круговите има остатоци од мозаичниот украс изведен од бели триаголници и сини ромбови (сл. 2. 8). По едно мало поле, мермерна плоча обрабена со мозаична лента се наоѓа во четирите краеви на врамениот правоаголен простор, а уште по едно се наоѓаат по влезот во наосот и пред олтарниот простор (сл. 2). Вакви подни мозаици со геометриски мотиви се откриени во црквите на Вељуса, Струмичко; Св. Софија, Охрид, потоа хилендарската црква на српскиот крал Милутин, во која има многу поубав мозаик, но во еден сегмент во Него наоѓаме сличност со нашиот средишен дел. Мозаични подови од ова време се јавуваат и во некои цркви во Грција. Сличности со средишниот дел кај плочата од подот на кнежинската црква наоѓаме во плочата од подот на малата црква Св. Василие на море во т.н. „Стар манастир“, чие зидање My се препишува на српскиот крал Милутин. Интересен и несекојдневен наод се двете мермерни плочи, поставени во подот на наосот (во олтарот), при некоја подоцнежна градежна интервенција. На нив се претставени (врежани) претстави на грифони. лавови: флорални и геометриски мотиви (сл. 9). Плочите ги сметаме за урнек по кои работеле мајсторите-мозаичари. Нив мајсторите ги носеле со себе, ги покажувале на нарачателот, и доколку тој се одлучел за таков вид декорација тие ја пренесувале таму каде што требало. Во нашето соседство зооморфните претстави се јавуваат на мозаичниот под ВО Душановото завештание Св. Архангел кај Призрен, Србија.20 Ваков начин на изведување мозаични подови со геометриски
мотиви произлегол од работил-
претстави на грифони и лавови? теле подовите во црквите во Ви-
зантија и јужна Италија. Овие мотиви биле пренесувани и на парапетните плочи и на бордурите на зидовите изведени во фреско-сликарство.21 Таков е случајот и со црквата на Кнежинскиот манастир. Во егзонартексот и наосот на бордурите со фреско-сликарство се изведени: имитација на мермерни плочи, црно-бели квадрати и триа-ГОЛНИЦИ.
Во нартексот и наосот се откриени два пода. со индиции за постоење на уште еден под. Првиот е направен од камени мермеризирани и мермерни плочи и мозаик со супструкција од варов малтер. Вториот е слој земја и супструкција од под (базилика) во хоросан малтер.
Од црковната камена пластика се откриени: фрагменти од мермерни импост капители, коринтски и јонски со конзоли (сл. 10-12), дел од стебло на столпче, фрагменти од плочи со профилација: профилирана парапетна плоча. секундарно употребена како покривна плоча на гробот во егзонартексот.22 Откриено е оштетено прозорско мено направено од мермер. Пластиката во поголем број хронолошки одговара на ГУ-УТ век. значи од ентериерот на базиликата, а некои делови од неа и на подоцнежните векови - XI-XII век.
Во текот на испитувањето откриени се бројни фрагменти од фреско-живопис во шутот или останати на зидовите (сл. 13-17). Најголема зачувана површина од фреско-живописот е откриена на
престава на крст
срушениот зид во егзонартексот, со димензии 1 м х 1.50 м (сл. 18). На неа е дел од претставата на Календар: војник со меч брка двајца луѓе кои влегуваат во пештера; до војникот е насликан човек што клечи и има наведната глава; од другата страна на пештерата има уште еден човек кој клечи и има сведната глава, а над него е претставен џелат, гол до појас, кој замавнува со мечот за да му ја отсече главата тите кој сето тоа го наблудува. Перивлепта, Охрид. Св. Ѓорѓи,
П. Миљковиќ Пенек, Вељуса.... 138, 139, црт. 23, сл. 38; С. Филипова, Архитектонска декоративна скулптура во Македонија 5 - би 11 - 12 век, Скопје 1996, T. LXIIL, сл. 6. Старо Нагоричани - Кумановско.24 Би можеле да претпоставиме дека ова дека ова е подарокот на кралот Милутин на стариот манастир Св. Горѓи во кичевската област, што го споменува неговиот биограф, архиепископот Данило.26 Меѓу откриените фрагменти на фреско-живопис има фрагменти и од поново време, бидејќи црквата опстојувала до средината на XVIII век.
Ново Брдо, Србија. Појавата на античките геми на средновековниот накит се толкува како рефлексија на ренесансата во културата на средновековна Србија во периодот од ХИ-ХУ век. Кај нас. во Македонија, во стручната литература единствено се спомнува примерокот од Суводол, Битолско.27 Во Србија има откриено повеќе примероци на вакви прстени приспособени на вкусот и религиозните чувства на тогашниот човек. односно сопственикот, со
Од делумно истражената некропола, која се наоѓа од северната и јужната страна на црквата. ги добивме следните сознанија. Според гробните конструкции и прилозите во нив, таа била во употреба од XII до XV Век (сл. 19). Гробните конструкции се во форма на цисти направени од камени плочи. Исклучок се гробовите 4 и 9 кои се 5идани. . Гробовите имаат нешто изменета ориентација. исток-запад. Остеолошкиот материјал е зачуван. Во гробот 1 како прилози се јаву-
додавање на религиозни натписи околу remata.28 Во гробот 27 се откриени 14 сребрени копчиња во пределот на градите и стомакот. Кај нас се датираат во периодот од XII-XIV30 век, а во соседните земји во периодот од крајот на ГХ-Х век до крајот на XIV31 век. Сребрените копчиња имаат топкалеста форма со две слепени калоти и петелка. Местото
хоросан малтер, подот е од керамички плочи со камено перниче за глава, а покривот е од камени плочи. Остеолошкиот материјал е добро зачуван и нема гробни прилози. Оваа конструкција во многу нешта потсетува на гробот 698 - гробот на Писарот од Стоби (ископувања 1992 год)32 па не наведува на помисла дека оваа гробна конструкција може да биде и од времето на ранохристијанската црква - базилика од
гема од гробот 3
IV-VI век.
Се што изнесовме погоре за наодите од црквата и некрополата, покажува дека е можна претпоставката за градба на овој манастир од страна на монахот од Кичевско, што ја запрел охридскиот архиепископ Теофилакт во крајот на XI век или почетокот на XII век. Потоа, можно е да е подарокот на српскиот крал Милутин за стариот манастир св. Ѓорѓи на српско-византиската граница. Подниот мозаик, кој можела да го има само репрезентативна сакрална или јавна градба, како и квалитетниот фреско-живопис, одат во
прилог на претпоставката дека сето тоа може да стане вистина, односно да се совпаднат податоците од црковната историја со откриените артефакти. Ископувањата продолжуваат. па се надеваме дека ќе се откријат наоди кои ќе одат во прилог на нашата горе- изнесена претпоставка.
Gordana Spasovska Dimitrioska Museum of Western Macedonia in NLW-Kléevo
Белешки
- Г. Спасовска-Димитриоска. Сакралните објекти Св. Ѓорѓи во Кнежино и Џума џамија во Кичево, Масеԁ. acta archaeol. 13, Скопје 1992, 253-263. Д-рЈ. T. Поповиќ, Житија светих, Београд 1994. 347-374. ↩
- В. Поповиќ, Албанија у касној антици во: Илири и Албанци, сану, Књ. XXX, Београд 1988, 222. Г. Спасовска-Димитриоска. Сакралните објекти... 255. ↩
- Археолошка карта на Република Македонија. Том I, II. МАНУ - Музеј на Македонија, Скопје 1996, 161-171. ↩
- Г. Спасовска-Димитриоска. ор. си.. 255; Б. Панов. Охрид. ки. прва. дел петти. Скопје 1985, 200. ↩
- Б. Панов. Охрид во крајот на XI и почеток на XII век во светлината на писмата на Теофилакт Охридски, Зборник посветен на Димче Коцо. Археолошки музеј на Македонија, Скопје 1975, 190. ↩
- Б. Панов, Охрид во крајот.... 191; П. Мильковиќ-Пепек, Вељуса, Скопје 1981, 15, 38. ↩
- П. Мильковиќ Пепек, Вељуса...., 38. ll Б. Панов. Средновековна Македонија 3. Скопје 1985. 728-730: Г. Острогорски. Историја Византије. Београд 1969, 295-296; За името Македонија. Македонци: B. Панов, Средновековна Македонија 3. Скопје 1985, 2-30; A. Шукарова. Јустинијана Прима, Скопје 1994, 131, заб. 243. ↩
- Б. Панов, ор. cit., 96-98. ↩
- С. Радојчиќ, Српска средновековна уметност. Београд 1982, 74; B. Марковиќ, Православно монаштво и манастири у средњевековној Србији, Сремски Карловци 1920, 88-80. ↩
- , Острогорски, ор. cit., 456-457; Монетата е дешифрирана од класичарот-нумизматичар Б. Јовановска од рззск - Скопје. ↩
- Археолошкото испитување на манастирската црква е изведено од 12.5.1998 год. до ↩
- Испитувањето беше поттикнато од Иницијативниот одбор за ревитализација на просторот на Кнежинскиот манастир и околу него, главниот архитект на Кичево, Радивоје Настевски, и градоначалникот на општина Кичево, Мирко Миткоски. Финансиските средства беа обезбедени по пат на донации од повеќе приватни и државни фирми, како и од приватни лица. Генерален спонзор беше рек „Осломеј“ - Кичево. Посебна благодарност на генералниот директор на рек „Осломеј“. инж. Ацо Илиоски. од членовите на екипата која учествуваше во испитувањето, и за помошта што ни ја даваше. Работите ги изведе екипата на Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата - Скопје: Гордана Спасовска-Димитриоска, кустос-советник. археолог во Музејот на западна Македонија во нов - Кичево, раководител на проектот; Нивес Петров-Пецовска, археолог-конзерватор при рззск - Скопје, заменик-раководител; Мирјана Димовска-Чоловиќ, архитект-советник при рззск - Скопје. член: Славчо Соколовски. сликар-конзерватор при Р33СК - Скопје, член; Владо Кипријановски, фотограф при рззск - Скопје, член; Дејан Станоев, техничар-конзерватор при рззск - Скопје. член; Милое Милојевиќ, техничар-конзерватор при рззск - Скопје. член; Александар Ристов. соработник-конзерватор, член Стапка Павловска, хемичар при рззск - Скопје. член. Во 1999 година испитувањата се изведоа на дел од некрополата, јужно од црквата, и тоа во периодот од 5.7.1999 до 24.7.1999 год. во организација на рззск - Скопје. Екипата на Р33СК беше во состав: Гордана Спасовска- Димитриоска, археолог, кустос-советник при Музејот на западна Македонија во нов - Кичево. раководител; Дејан Станојев. техничар-конзерватор при Р33СК - Скопје, член; Владо Кипријановски, фотограф при рззск - Скопје, член; Фаница Вељановска, антрополог, виш кустос при Музејот на Македонија - Скопје. член. ↩
- Од луѓето што работеле при изградбата на црквата во 1973 год. што се наоѓа во северозападниот дел на егзонартексот на старата црква. имаме добиено податоци за постоење на праг од мермер. под од мермерни плочи, остатоци од фреско-живопис, оловни плочи и др. ↩
- П. Мильковиќ-Пепек, ор. cit., 111. сл. 21, 22 и 23.; И. Микулчиќ, Скопје со околните тврдини, Скопје 1982, 121-122. ↩
- Сл. Ненадовиќ, Подни мозаик цркве крала Милутина у Хилендару, Зборник за ликовне уметности, Нови Сад 1969, 75-86, сл. 2; П. Миљковиќ Пепек, ор. cit., 139 - 145. ↩
- С. Ненадовиќ. Подни... 89, ел. &. ↩
- С. Ненадовиќ, ор. си. 82-83. ↩
- Сл. Ненадовиќ. ор. си.. 78. 81. Е. Манева, Средновековен накит од Македонија, рззск. Скопје 1992. 82. ↩
- Г. Спасовска-Димитриоска. Сакрални објекти... 254.; Г. Спасовска-Димитриоска, Античка камена пластика од Кичево и Кичевско. Културно наследство бр. 16, Р33СК, 50-51, ↩
- Благодарност на почитуваниот господин Тимотеј. владика на Охридско-дебарската епархија. за искажаното мислење во врска со фреско-живописот и мозаичниот под на црквата при неговата посета на локалитетот. кои за мене беа од голема корист: А. Серафимовска, Среден век во: Македонија културно наследство. Скопје 1995, 117, 122-123; П. Миљковиќ Пепек, Делото на зографите Михаило и Евтихиј, Скопје 1967, 23-24. ↩
- П. Миљковић, Делото на зоографите.... 235-238; В. Марковић, Православно монаштво, 88-91. ↩
- В. Марковић, op. cit., 88 - 98; С. Радојчић, Српска средњевековна.... 74. ↩
- Е. Манева, Средновековен накит од Македонија, рззск, Скопје 1992, 82. на македонските словени во светлината на археолошките истражувања ви Прилеп, Прилеп 1986, 283, (црт. 61/30, 31). ↩
- Б. Радојковиќ, Накит код Срба. Београд 1969, 108. ↩
- Г, Спасовска-Димитриоска. Прилог кон проучувањето на средновековно Скопје, Археолошки Музеј на Македонија. Зборник, кн. X, Гом X1, Скопје 1983, 147-149. ↩
- Б. Бабиќ, Материјалната култура... 267-268. ↩
- Г. Спасовека-Димитриоска, Гробот на писарот од Стоби. Масеԁ. acta archaeol. 14, Скопје 1996, 123-124. ↩
Summary
The Monastery Complex "St. George" - Knežino (1998-1999)
(Summary)
Archaeological researches of the Church of St. George were carried out in May-June 1998 and in June 1999. The researches were initiated by the local government for the purpose of revitalization of the area around the monastery complex.
The first probe excavations were conducted in the apse area of the church in 1985. The accomplishments of these researches were published by Gordana Spasovska Dimitrioska in Maced. acta. archaeol. no. 13, Skopje.
The monastery complex is located at some six kilometers to the west of Ki¢evo, in the area of the village of Kne*ino at the slope of the Bistra mountain. The area abounds with water and forest vegetation.
In the popular tradition this edifice is known as “Knezinski Monastery” dedicated to St. George, who was in known the ecclesiastical history as secular figure — warrior serving in the army of Roman emperor Diocletian. St. George was victim of the pursuit campaigns undertaken by Diocletian against Christians, because the saint would not renounce his faith — the Christianity.
The area around this medieval monastery church was once encircled by a defense wall, the remains of which can be traced in the terrain. It is consequently assumed to have belonged to the rank of fortified monasteries. This medieval church was built on the foundations of an Early Christian Church - Basilica dating from the 48-60 century. The traces of the church and the defense wall around it have led to an assumption for existence of a fortified monastery already in the Late Antiquity. Monasteries of this kind are assumed to have existed in Albania and there is evidence for that in the historic sources.
No information has been preserved about building of the monastery, though there are some data about its ruining and definite plundering in the mid-18 century.
Researches of the monastery church (fig. 2) in May-June 1998 and parts of the
necropolis (fig. 19) and the excavations of the necropolis carried out in 1999 resulted in
the following discoveries: architectural remains of a church, architectural plastic decoration (figs. 10-12), tiles and bricks (figs. 3-7), wall paintings (figs. 13-18), pavement mosaics (figs. 2, 8) and graves (figs. 19-23), which place the monastery complex in the rank of valuable monuments representing the Macedonian medieval art.
We assume that part of the preserved frescoes might have been painted by the well known masters Mihail Astrapa and Eutihij towards the end of the 18th oF the beginning of the 19th century. If future researches confirm our assumptions, than the data given by archbishop Danilo, the biographer of Serbian king Milutin, about the presents the king donated to some old monastery of St. George in the KiGevo area at the Serbian-Byzantine border might refer to the Monastery of St. George this article deals with. The pavement mosaics also belong to these donations. The information provided by the archbishop about an “old monastery” indicate that this monastery have existed from much earlier date.
Part of the discovered artifacts, such as, building bricks and tiles, by their form and ornamentation chronologically belong to the 12th. 13th centuries, the period of Comnenus. These artifacts confirm to some extent the above presented information about an “old monastery”. On the other hand, these artifacts bring us closer to information provided by archbishop Teofilakt, who was at the throne of the Ohrid Archbishopric at the close of the 11th and the turn of the 12th centuries. It refers to building of a monastery in the Ki¢evo enoria by some monk. The monastery was being built without the consent of Archbishop Teofilakt and was thus pronounced stavropygiea. It was altogether against the canons of the autocephalous Ohrid Archbishopric and Teofilakt terminated the building of the monastery.
Researches are going on and our assumptions would hopefully be supported by some newly discovered finds.
Translated by Nada Andonovska