Macedoniae acta archaeologica 16 (2005) · стр. 23–27
Геолошко-геоморфолошки опсервации по течението на Бабуна и Треска
Во рамките на интердисциплинарната соработка меѓу научните кадри од областа на археологијата и геологијата, заради иницијална индикација и откривање на палеолитски живеалишта на територијата на Р. Македонија, извршени се рекогносцирања на терените во клисурата Пешти на реката Бабуна, на околу 6 км јужно од Велес и по течението на Треска, кај село Здуње - општина Македонски Брод. Истражувањата беа насочени кон пештерите и поткарпите во овие подрачја, респектирајќи ја геолошката градба и геоморфологијата на теренот како појдовни предиспозиции во обезбедувањето на основните услови за егзистенција (живеење, храна, вода, заштита, орудија...) на човекот од старото камено време.
Во долниот тек на Бабуна се наоѓа клисурата Пешти. Геолошката градба (литолошкиот состав и тектонската структура) на теренот се релативно сложени. од што резултира и неговата хетерогена морфологија. Во литолошкиот состав доминираат нискокристалестите шкрилци од помладиот палеозоик. Преставени се со широк спектар на минералошки вариетети во рамките на познатата „Велешка серија“, со карактеристична шкрилеста (плочеста) текстура и лепидо - гранобластична структура.
Тријаските творби (t], ри ty) на подрачјево се присутни во вид на континуирана серија, што започнува со долнотријаски конгломерати. песочни-UM, глинци и варовници (ty), врз кои лежат плочести и тенкослоевити варовници со рожнаци од среден тријас (0). Серијата завршува со сивобели горнотријаски масивни варовници, кои наместа се слабо прекристализирани (t3). Ова е типично динарско развитие на тријас. Јура е преставена со магматогени. ултрамафитски еквиваленти - серпентинити. Се јавуваат како помали маси втиснати во постарите палеозојски мстаморфити, а потоа дијапирски движени.
Горнокредни (туронски) седименти (ог) се присутни во непосредна близина на клисурата на Бабуна, а застапени се со црвени кварцни конгломерати врз кои лежат плочести варовници.
Еоценските творби во фација на конгломерати (Е2) лежат дискордантно речеси врз сите веќе споменати литолошки преставници од геолошките периоди и завршуваат со горноеоценска флишна серија на седименти (Е3) - песочници, глинци и алевролити.
Плиоцен (Р!) со своите литолошки преставници (песоци и глини) се јавува во непосредна близина на рекогносцираниот терен и клисурата Пешти.
Со квартерна до рецентна старост се карактеризираат:
1. површински кластични седименти наталожени на површината на теренот (понекогаш и во пештерите) на местата каде на основниот преносен медиум, најчесто водата. значително И е намалена преносната енергија. Според местоположбата на нивната седиментација се издвојуваат елувијалноделувијални (падински) и алувијални (речни) наноси. Елувијално-делувијалните наноси се преставени со растресита падинска дробина од варовници и со интергрануларниот простор слабо заполнет со песокливо-прашинести гранулации. Алувијалниот нанос е составен од хетерогено гранулирани чакали и песоци, депонирани по долината на Бабуна. а се среќава И ВО делумно плавените пештери и поткарпи;
2. пештерсеките седименти, од особен интерес за археологијата, во основа можат да се групираат како: елувијално-делувијални кластити, хемогени, органогени и антропогени седименти. Во секоја of овие групи, според одредени специфичности, би можеле да се издвојат подгрупи.
Елувијално-делувијалните кластити во пештерите се создадени во текот на создавањето на пештерата, со рушење на карпата од таванот, во процесот на формирањето на природниот свод на растоварување, како и од страните на пештерите. При ова настанува стенска дробина (најчесто со варовнички - СаСО3 состав) аглести парчиња со различна големина и камени блокови, каде просторот меѓу фрагментите е целосно или делумно исполнет со песокливо-прашинести фракции. Доколку овие дробини се сврзани со цврста карпеста Маса со карбонатно или карбонатно-глиновито врзиво се нарекуваат бречи.
Хомогените седименти настануваат со излачување на инфилтрационите прокапни води, во кои: калциум бикарбонатот, железниот хидроксид. магнезиум бикарбонатот и др. се наоѓаат растворени. Во пештерите се појаву-
ваат како пештерски накит (сталактити, сталагмити, столбови, карпести
превкали, „драперии“...) составени доминантно од минералите: калциум. аргонит, калцитен оникс, лимонит, доломитен прав. бигор и друго.
Органогените седименти се составени од сложени органски соединенија и потекнуваат од растителниот и животинскиот свет, како што се натрупувања на лисја, фрагменти од стебла и корења, алги, коски од животни и нивни фосилни до рецентни измети.
Антропогените седименти потекнуваат од човекот, било како резултат од неговата дејност било како негови посмртни остатоци.
Тектонеката. односно структурната градба на теренот во доменот на клисурата, како основна предиспозиција за создавањето и на клисурата и многубројните пештери и поткарпи. покрај литолошкиот состав, е мошне сложена. Создадена е низ повеќефазна тектонска ревивација во текот на херцинската и алпската орогенеза. Од формите на пликативната тектоника најчесто се присутни стиснати. изоклини, вертикални или превтени, синклинални облици со протегање по правец c/3-j/u. Ова особено се гледа кај шкрилците од велешката серија. каде пластовите се со вертикален или стрмен пад. а присутно е и кај помладите варовници. Раскршената тектоника е мошне присутна. со вертикални раседни структури. прелински и пукнатински кливаж, поради што кртите варовници се интензивно здробени и испукани. Протегањето на овие структури е исто така во правец с/3-ј/и. Низ ваквите ослабени зони лесно се инфилтрираат површинските и атмосферските води и заедно со други агенси учествуваат во создавањето на пештерите и поткарпите. Споменатиот правец с/3-/и е и доминантен правец на просторното протегање на подземните пештерски простори, што ја потврдува генетската поврзаност. Напречно на овој правец, користејќи ја здробеноста на степските маси. пробиена е и клисурата Пешти, со речиси вертикални и стрмни страни поради што е тешко проодна.
Предмет на теренски опсервации во текот на 1999 година беше околината на селото Здуње, пред неговото потопување со новата акумулација од браната Козјак. Проспекцијата е извршена на дел од долината на потегот од устието на реката Расова и нагоре по течението на реката до селото Близанско (во долината од околу 12 км), со особено внимание кон околината на село Здуње.
Геолошкиот состав на овој простор е релативно едноставен. Долината на реката Треска се пробива исклучиво низ прекамбриски ситнозрнести. белосиви доломити со карактеристична масивна и банковита текстура. Најчесто протегање на доломитските банци е с/с/3-ј/ј/Н до с-ј. со локални отстапувања.
Врз доломитите, на повисоките делови од долината, лежат повисоки речни тераси (tp) и делувијално-пролувијални, падински, сипарски наноси, составени речиси исклучиво од доломитски фрагменти. Староста на овие седименти е најмладо квартерна до рецентна. Терасните седименти се најчесто претставени со доломитски конгломерати и падински бречи, сврзани со карбонатно и карбонатно-глиновито врзиво.
Пониските речни тераси (t;) по долината се со идентичен петролошки состав (какои ty). а се наоѓаат на помала надморска висина и поблиску до сегашното речно корито на Треска.
Алувијалниот современ нанос на реката е составен од крупнозрнести чакали, често со поголеми блокови од доломит. крупнозрни и различно гранулирани песоци.
Како резултат од тектонските напрегања на кртите доломитски маси создадени се многубројни раседни структури со генерално протегање с/с/3-ј/ј/Н, хомотетично со елементите на пликативната ТСКТОННКа. Напречнит С, дијагоналните раскршувања и кливажот се јавуваат како рефлексија на компресионите сили. Со овие два системи на раседи создадена е т.н. блоковска „паркетна“ структурна градба. Во доменот на разломните зони и позначајните раседи. доломитите се интензивно здробени и сомлени во доломитски грус (брашно) што ја олеснува ерозијата. но не и карстификација на теренот со оглед на слабата растворливост на доломитите. Наборните форми од тектониката се значително послабо присутни на ова подрачје. Се забележува закосеноста на слоевите и банците, идентификувана како фолијација со падни агли од 30-60 степени кон запад.
За разлика од карсните терени. на подрачјето од село Здуње создавањето на пештерите и поткарпите е специфично. Како по правило пештерите и поткарпите се наоѓаат на границата меѓу масивните прекамбриски доломити и квартерните терасни седименти. Притоа, патосот е од доломити, додека пештерскиот простор е создаден во конгломератите или делувијалнопролувијалните бречи.
Иницијалното поткопување на кластитите е извршено со речната ерозија. а потоа следува рушењето на послабо сврзаните пластови на конгломератите од страните и од плафонот на подкарпите, под дејство на гравитацијата. Ова рушење е потпомогнато и од прокапните води, кондензацијата и мразот.
Паднатата доломитска дробина на патосот лесно е изнесена од поткарпата со реката или со водите што се јавуваат во пештерите. бидејќи редовна појава е патосот на пештерите и поткарпите да е со пад кон излезот од нив. Кога состојбата е обратна или кога дојде ќе до рушење на порталниот дел и создавање на праг, постојат услови за натрупување на подебел пештерски седимент или локална пештерска седиментна серија во внатрешноста на пештерата. Дебелината на ваквите серии може да изнесува повеќе метри. во зависност од конкретните локални, морфолошки и седиментациони услови. Овие услови погодуваат во пештерите да бидат зачувани антропог анита седименти, што се од особен интерес за археологијата (воопшто и за палеолитот особено). На ова подрачје таков е случајот во пештерата „Голема Пешт“ каде дебелината на седиментната серија е поголема од 4-3 метри и во која со иницијално сондирање се откриени мезолитски(?) кварцни, кварцитни и рожначки артефакти.
Nedeljko Djordjević Geoinstitute - Skopje
Summary
Geological-Geomorphological Observations along the Course of the Babuna and Treska Rivers
AND TRESKA RIVERS
(Summary)
Within the framework of the interdisciplinary cooperation between the scientific staffs from the fields of archaeology and geology, surveys were carried out at Klisura Pe&ti along the course of the Babuna River (ca. 6 km south of Veles) and along the course of the Treska River (for a distance of ca. 12 km), at the village of Zdunje in the county of Makedonski Brod. The investigations were focused on the caves and rockshelters in this region.
The geological structure in the lower course of the Babuna River is relatively complex. In the lithological composition dominate creations from the later Palaeozoic, Triassic, Jurassic, upper Cretaceous, Eocene, and Pleiocene. Of particular interest for archaeology are the eluvial-deluvial deposits with Quaternary to recent antiquity (formed in the course of the creation of the cave, with the collapse of the bedrock from the ceiling and sides of the cave), during which was created the debris with angular pieces of varying size, but the space between the fragments is partly or completely filled with sandy, dusty splinters.
The geological structure in the valley of the Treska River is much simpler and is characterized by Precambrian gray-white dolomite against which rests dolomitic conglomerate and sloping breccia, connected with carbonate and carbonate-clay connective. In contrast to the karst terrain, in the area of the village of Zdunje the structure of the caves and rockshelters is specific. As is the norm, caves and rockshelters are found on the border between massive (Precambrian) dolomites and the terraced (Quaternary) sediments. Therefore the floor is of dolomite, while the cavern consists of conglomerate or breccia. Such is the case with the cave “Golema PeSt” where the depth of sedimental series is greater than 4-5 m and in which the first tests revealed Mesolithic (?) quartz, quartzite, and flint artefacts.
Translated by