Macedoniae acta archaeologica 16 (2005) · стр. 291–306
Средновековна некропола Пепелиште
лиште, близу Неготино, што д-р Бошко Бабиќ1 ги реализираше во 1989 и 1990 г.. беа неговото последно археолошко ископување. За жал. тој не стигна нив да ги заокружи и објави.
Според неговата желба, од семејството Бабиќ! бев ангажирана околу средување на неговите белешки и материјали. Притоа. се констатира дека треба. покрај другото, да се комплетира и документацијата од истражувањата на некрополата Трнче-Стреа, с. Пепелиште.
Потрагата по делови од оваа документација се претвори во долга и макотрпна работа.2 Во меѓувреме, се ревидира cè што беше достапно за локалитетот и наодите. и се изготви или комплетира целокупната фото и техничка документација. На овој материјал му се приклучија и случајно раскопаните гробови од некрополата коишто ги евидентираа вработените од Музејот на град Неготино во есента 1999 година33 (План I). извештај) (Претходен Пепелиште некропола Средновековна Манева, Е.
+ лодното и суво Пепелишко Поле. на левиот брег на Вардар бил прокопан канал за наводнување. Притоа, биле раскопани и уништени и делови од некрополата. Меѓутоа, за оваа состојба, освен усмени кажувања, не се зачувани ниту материјали ниту каква било документација (План I).
Кога во есента 1989 година при земјоделски работи во нивите покрај селскиот пат беа откриени неколку гроба, Музејот на град Неготино и Институтот за старословенска култура од Прилеп го организираа првото стручно археолошко ископување со кое раководеше. како и во следната 1990 година, д-р Бошко Бабиќ.
Во првата кампања се ископани, односно нумерирани 30 гроба, а во втората уште 46 или вкупно беа евидентирани 76 (макар што фактичкиот број на гробните целини е помал).
Југозападно од периферијата на истражениот простор во текот на есента 1999 година беа случајно откриени. а потоа и делумно документирани уште 9 гробни целини (означени како гробови 1-9) коишто дополнително ги нумериравме сукцесивно од гробот бр. 77 до гробот 85 (План I). За овие последниве нема стратиграфски податоци, ниту, пак, се извршени антрополошки анализи.
Нема сомнение дека ископаните г робови се само еден дел од оваа некропола. Меѓутоа, со оглед на фактот дека јужно се протега каналот за наводнување, а наоколу има доста лозови насади, траги од војнички ровови и од мајдани за правење тули, се претпоставува дека останатите делови од некрополата во голема мера се оштетени или уништени.
Интересно е да се напомене дека северно од ископаниот сегмент на оваа некропола се наидува на траги од населбински комплекс, кој, за жал, не е истражен. макар што стои претпоставката дека тој е во врска со средновековната некропола на локалитетот Трнче-Стреа.
Не е без основа претпоставката дека оваа населба во текот на средновековието се поместила уште посеверно. на локацијата каде што и денес се наоѓа селото Пепелиште. Во прилог на оваа теза зборуваат и наодите од некрополата на лок. Гробишта-Сред Село. коишто можат да се датираат во времето од доцното средновековие до турската доминација и кои, без сомнение, се во врска со селото Пепелиште од наведениот период.5
Од она што е откриено со досегашните работи на некрополата Трнче-Стреа, можат да се извлечат повеќе релевантни заклучоци.
Со исклучок на еден, каде се откриени остатоци од два скелети, сите останати гробови се единечни (План I, гроб 81). Притоа. треба да се земат предвид „празните“ или можеби сосема уништените гробови во кои не се откриени скелетни остатоци (План I). Во основа, оваа некропола припаѓа на вообичаените средновековни типови со рамни гробови поставени во редови (сл. 2. 3). Забележителни се, меѓутоа, и одделни групирања кои ги изместуваат редовите, веројатно, заради семејните врски меѓу покојниците.
Индиции за надгробно обележување не се забележани.
Во најголемиот број случаи недостасуваат податоци за длабочината на гробовите во однос на површинското ниво на теренот. Сепак, појавувањето на дел од нив при земјоделската обработка на нивите, што значи при ископи кои не се поголеми од 50-тина см, зборува за © = делумната ерозија на ; почвата. Според афи- ! нитетите на среднове-КОВНИОТ човек, И овој } терен првобитно от благо возвишение, кое, како што е вообичае- | но, било лоцирано покрај речниот брег.6
Меѓу гробните конструкции се забележу- © ваат слободни вкопувања, во одделни случаи . со обележување на ја- : мите со по некој камен, ретко и со дрвени штици, но најзастапени се гробните цисти оформени од делкани плочи : (сл. 2, 3). a
хумирани според христијанските обичаи, по-
село Пепелиште
ложени на грб со испружени или најчесто со прекрстени раце на половината, карлицата или градите.7 Ориентацијата на гробовите е 3-H, со дозволените отстапувања кон север или југ предизвикани од сезонските отклони на сончевиот изгрев. од семејните групирања или од конфигурацијата на теренот. Не е исклучено одделните „празни“ простори меѓу гробовите да претставуваат собиралишта за блиските на покојниците и за извршување на обичаите од доменот на култот на мртвите.8
Најочигледна потврда за извршувањето на погребните гозби како дел од наведени-ОТ култ се остатоците од жртвените јами во коишто се зачувани траги од огништа, искршени керамички садовии храна, однос-НО парчиња од жи-BOTHHCKH коски. Тоа се Јама 1, западно од гробот 57, сместена меѓу гробовите 57, 46, 56. 23 и 27 и. Јама 2, врз која налегнува западниот дел од гробот 55, додека околу неа се лоцирани гробовите 2, 42, 49 и 54. 3a жал, нивната содржина, керамичките фрагменти и дело-
коски не е можно да се идентификуваат меѓу студиските материјали во Музејот на град Неготино (План 1).
Западно од гробот 42. односно меѓу гробовите 42, 43 и 3, откриен е слој од гареж прекриен со кружен камен - плочка, што можеби е дел од слична конструкција (хипотетична Јама 3) којашто, се чини, е дополнително оштетена (си. 3. План D. Во неколку гроба најдени се и парчиња од средновековна грнчарија, од локална провениенција. од огнишни и кујнски садови. Не е исклучено тие да биле делови од ритуално искршената керамика која заедно со остатоците од храна се фрлале во гробовите на денот на погребот или во деновите на помен на покојникот.9 Овие фрагменти се премногу ситни, така што не дозволуваат попрецизно датирање, освен што се атрибуираат на средновековната керамика за секојдневни потреби (сл. 7, 8).
Меѓутоа, во гробовите 2 u 3 над десното рамо на покојниците, се најдени целосно зачувани керамички садови коишто рамковно можат да се датираат во XII век. Најверојатно тие содржеле течност. односно храна. како дел од посмртните обичаи за приложување на „попатина“ за оној свет. И двата сада се од фино пречистена и убаво печена глина. едниот е чаша во форма на оинохое, а другиот на бокалче. И во двата случаи се зачувани печати на дното. а изработката е со фино брзоротирачко ножно колце, што упатува на квалитетни работилници од наведеното време (сл. 5).
Доминантен археолошки материјал на некрополата TpHye-Crpea, село Пепелиште, впрочем, како и кај останатите сред-
9 Thid.. 277-279. новековни некрополи од Македонија е накитот.10 По својата бројност најзастапен е накитот за раце: прстените и белегзиите, првите со 48, а вторите со 54 примероци, од кои 24 се стаклени, а 30 метални. Следат наушниците, односно обетките со 36 примероци застапени во парови или единечни примероци. Само во два случаи се откриени ѓердани, и тоа во детскиот гроб 61 и во најбогатиот женски гроб бр. 42.111 Во три случаи се откриени единечни приврзоци, секако со амулетско значење. Меѓу нив спаѓа и античкото, амфоровидно монисто од белузлова стаклена паста,12 како и лиениот крст!З13 од гробот 83 (сл. 8), кој уште еднаш недвосмислено ја потврдува и онака јасната христијанска определба на покојниците.
Интересно е да се каже дека нешто по објавувањето на гробот 42, беше интервенирано14 на амулетот - свиток од бакарен лим, нанижан во ѓерданот од овој гроб (сл. 9, 9a) и дека на неговата внатрешна страна е откриена претстава на крст изведена со пунцирање. Страничната перфорација која постои кај овој свиток оди во прилог на мислењето дека тој веројатно бил пришиен на облеката, што е вообичаено во многу култури во медитеранската сфера уште од античкиот период.15
Како единствен наод, не само во некрополата Трнче-Стреа, село Пепелиште, туку и многу пошироко, се стаклените аплики кои припаѓале на украсот за глава, чијшто дефинитивен аранжман се уште е неизвесен.16
Прстените се наоѓани во женските. машките и детските гробови. во побогатите или поскромните гробни целини. Оттука и заклучокот дека тие на оваа некропола спаѓаат во категоријата на општо прифатениот вид накит. Најприсутни се лисните. бронзени прстени од типот со нагласена глава и рамена во повеќе варијанти и вариетети (сл. 8). Тоа уште еднаш ја потврдува идејата дека во периодот од крајот на X до почетокот на XII век. кога спаѓаат во доминантниот накит, воопшто во Македонија, веројатно биле произведувани во локални работилници на овој простор.17
На истите работилници и време. а исто така и на античката традиција припаѓаат и неколкуте прстени со т.н. тричлена разделба на главата.18 Овие прстени, како и прстените чијшто обрач во пределот на главата е раздвоен со подолжни канелури во античко време, биле поврзувани со вереничкиот, односно свадбениот накит.19 !9
Меѓу полукусзните примероци со византиска провениенција, односно нивна имитација, спаѓаат прстените со купеста глава (крај на X - почеток на ХИ век).2020 со вметнат украсен „камен“ во круната од типот со филигрански
обрач и цилиндрична глава (крај на X до почетокот на XII век)21 и со кружна или правоаголна круна декорирана наоколу со вистинска или лажна (лиена) гранулација (XI — XII век)22 (ел. 6).
Како куриозитет се јавува и прстенот од спирално извиена жица?“23 (сл. 6) којшто е редок наод во Македонија итн.24
Белегзиите и покрај бројноста спаѓаат во накитот прифатен од помал број носители на некрополата. Поголемиот дел од нив се најдени во неколкуте богати женски гробови како што се гробовите 42 (19),25 гробот 38 (14), гробот 1 (5), гробот 39 (4) и уште неколку женски и детски гробови во кои се застапени по 1, 2 или 3 примероци (сл. 4). Од друга страна. тие на овој локалитет не се застапени со позабележителна типолошка разновидност и со хронолошки почувствителни примероци. Изработени се од метал, бронза и ретко од железо, или од едноставни колаци од монохромна, темносина стаклена паста, без сликање или вметнување на нишки во друга боја. Единствен куриозитет кај овие вториве е тоа што се идентификувани и примероци носени на надлактицата. Тоа е уште една потврда за употребата на овој вид накит во Македонија (што кореспондира и со соодветен костим), потврден повеќепати во археолошките наоѓалишта и фрескоживописот од XII век.26
Металните белегзии кои се откриени на оваа некропола временски можат да се сместат во периодот од крајот на X до ХШ век. Со исклучок на неколку пораритетни типови, сите останати примероци припаѓ аат на вообичаената продукција за широка употреба.27
Наушниците и обетките се застапени или со временски атипичните алки од кружно свиен тел или со хронолошки најчувствителните наоди најдени на оваа некропола. Така. има примери што се врзуваат за X. односно за крајот на X и почетокот на XI век, за XI век, 3a XII век, односно за ХИ-ХШ век.
Меѓу другите. тука се среќаваат повеќе типови наушници со гроздолик додаток во долниот дел“28 (cn. 7), со гранулирани коленца?9д (сл. 4), со ажурирани јаготки“д30 (сл. 4, 5) итн.
Оваа група наоди спаѓа меѓу најлуксузните откриени на некрополата, судејќи според материјалот од кој се направени (сребро) и според златарските техники (филигран и гранулација).
Гледано во целина, накитот од некрополата Трнче-Стреа, село Пепелиште, е изработен претежно од бронза, ретко позлата, го има и од сребро, бакар. железо, стаклена паста, од школки, полжавчиња, а веројатно и од други органски материјали кои се подложни на гниење. Меѓу златарските техники на и3- работка доминира лиењето, најчесто во комбинација со пунцирање, гравирање, како и со по некој зафат на турпиење/стружење, потоа калибрирањето и свивањето на подебел тел, но присутни се, иако поретко, и помакотрпните и поскапи техники на филигран и гранулација, вметнување на украсни камења од стаклена паста или целосно изработен накит од овој материјал.
Според материјалот и изработката може да се заклучи дека накитот припаѓа, главно, на нешто поквалитетната, но сепак локална продукција
за поширока употреба. Тој најчесто е изработен според византиските предлошки, се среќава и како импорт од подобри византиски работилници, но има и порустикални. локални продукти. дури и антички рецидиви. Сепак. сето тоа како целина одговара на афинитетот и симболичкото значење блиски на словенското население во средниот век.
И покрај присуството на форми што се среќаваат уште од X или се протегаат и во XIII век, нагласокот на временската припадност на откриениот сегмент од некрополата Трнче-Стреа, село Пепелиште се става на периодот XI-XII век.
Несомнената христијанска припадност на погребената популација, покрај останатите чинители за кои стана збор погоре. на најочевиден начин ја потврди и фрагментот од еден фреско-живопис најден случајно во 1999 год. (сл. 10). За жал, местото на наодот не е попрецизно утврдено. И покрај минорноста,31 ова парче фреско-живопис го отвора прашањето за постоење на црква во рамките на некрополата или. можеби, во населбата северно од неа. Потрагата по нејзините темели е еден од поголемите предизвици за натамошните истражувачки работи на теренот. Elica Maneva Faculty of Philosophy, Skopje
Белешки
- За довербата и помошта во реализирањето на оваа задача И благодарам. пред се. на неговата ќерка Гордана Бабиќ-Јанеска. ↩
- Во спомен на д-р Бошко Бабиќ, во 1999 година беше објавен гробот 42, кој е најбогатиот не само во оваа некропола туку е и еден од најбогатите и најинтересните меѓу средновековните гробови од подрачјето на Р. Македонија од првата половина на ХТ век. Е. Манева. Гробот 42 од Пепелиште. Годишен зборник на Филозофскиот факултет, Скопје 1999, 171-195. ↩
- Ревизијата на материјалот и документацијата беа извршени со помош на Веселинка Боцеска задолжена да ја изготви техничката документација. Давча Спасова и Сашо Ацески за каталогот. Милан Темелковски за фотодокументацијата и Софија Манева-Зиноска за компјутерската обработка на материјалот. На сите нив, како и на вработените од Музејот на град Неготино, кои имаа вистинско разбирање за оваа работа. топло им благодарам за поддршката. ↩
- Отделни елементи за оваа некропола се познати и од порано. Е. Манева, Средновековен накит од Македонија, Скопје 1992, 167-168, сл. 14; Б. Бабиќ, Денешните територии на Република Македонија и Република Албанија во VII и VIII век, Цивилизации на почвата на Македонија, книга 2, ману, Скопје 1995, Т. XVII, 5, 6; Е. Манева, Гробот 42.... 171-195. ↩
- Н. Џетров-Пецоска, М. Белчовски, Некрополата „Гробишта-Сред Село“, с. Пепелишта, Неготинско, Културно наследетво 22-23/1005-06, Скопје 1007, 108 101. ↩
- Е. Манева. Средновековна некропола „Крстеви“. Масеԁ. acta archaeol. 14, Скопје 1996, 188. ↩
- Антрополошката анализа со податоци за староста. половата. расната и палеопатолошката структура на дел од погребаните индивидуи ја изготвува д-р Фаница Велјановска, антрополог од Музејот на Македонија. ↩
- Е. Манева. Археолошки траги од култот на мртвите. ГЗФФ Скопје, Скопје 1996, ↩
- Ibid.. 277-279. ↩
- Е. Манева. Средновековен накит... 19. ↩
- Е. Манева, Гробот 42..., 177-180, 188, 189. ↩
- В. Битракова-Грозданова, В. Маленко, Антички накит, Ликовна уметност, Второ коло, Прва книга, Скопје 1998, Т. X. ↩
- Е. Манева. Средновековен накит... Т. 37, 4/1 a-r. ↩
- Постапката на отворање на CBUTOKOT со метод на постепено загревање ја реализираше д-р Пере Тошев, конзерватор-советник од Музејот на Македонија - Скопје. ↩
- E. A. Volis Badz, Amajlije i talismani, Beograd 1988, 56; H. Чаусидис, Оловен амулет co испишана формула против „нежит“ од градот Чрешче, Зборник на Музејот на Македонија, Н.С,, бр. 1, Археологија, Скопје 1995, 153-166. ↩
- Е. Манева, Гробот 42..., 180- 182, T. I 1 а-ј, T. х; Еаԁ., Гробот бр. 4 од некрополата „Крстеви“ кај Демир Капија, Светите Климент и Наум Охридски, ману. Скопје 1995. 230- 233, сл. 10-12. ↩
- В. С. Јовановин, Прилог проучавању средњовековног прстења у ср Србији и ср Македонији, Годишњак Музеја града Београда XXV,7 Београд 1978, 79, 81. Карта 1; Е. Манева, Средновековен накит... 84-85, Т. 78-79. ↩
- Е. Манева, Средновековен накит..., 85, T. 80. ↩
- E. Henkel, Die R6mischen Fingerringe der Rheinlande, Berlin 1913, T. LXI, 1653, 1654, T LXXI, 1886, T. XL, 1024, T. LI, 1332, 1335, 1338 ck., T. IX 181 ab, T. XXXII, 833-869 etc. ↩
- В. С. Jopaxosuh, Прилог проучавању прстена Стефана Првовенчаног, Студеница, Научни скупови сану XLI, Књ. 11, Всо6р. 1988, 261. ↩
- Е. Манева, Средновековен накит... 87, Т. 82. ↩
- J. Марјановиќ-Вујовиќ, Трњане, Београд 1984, 88, сл. 187, cf. n.170-178. ↩
- Кај Источните Словени овој облик е омилен од XI до средината на XIII век. В. И. Седова, Ювелирные изделия древного Новгорода (X-XV7 вв.) Москва 1981, 122-125, рис ↩
- Постојат уште неколку раритетни типови прстени коишто ќе бидат третирани како и останатите наоди во подетална студија од овој извештај. Меѓутоа, временски и тие се вклопуваат во периодот кога се датирани и другите примероци. Е. Манева, Средновековен накит... 108, сл. 14. ↩
- Е. Манева. Гробот 42..., 190-194. ↩
- Е. Манева, Археолошки траги за средновековната облека од Македонија, Македонската литература и култура во контекстот на медитеранската културна сфера, ману, Скопје 1998, 359, сл. 11. ↩
- Е. Манева, Средновековен накит... 71-75, 99-100. ↩
- Ibid., 52. ↩
- М. Бајаловић-Хаџи Пешић. Накит VIII-XVIII века у Музеју града Београда. Београд 1984, 22, cf. n. 58. ↩
- Ibid., T. IV/1, T.XXV/3. ↩
- Според мислењето на акад. Цветан Грозданов. врз основа на овој фрагмент не е можно да се извлечат заклучоци за иконографските или стилски карактеристики. Анализите на технолошко-техничките особини извршени во Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата, исто така, не дадоа поконкретни резултати, освен што се потврди претпоставката дека се работи за квалитетен примерок од периодот на средновеко-BHETO. ↩
Summary
The Medieval Cemetery Pepeliste
(PRELIMINARY REPORT)
(Summary)
The investigations of the medieval cemetery Trnée-Strea, village of PepeliSte, near Negotino, which Dr. Boško Babić carried out in 1989 and 1990, were his last archaeological excavation. Unfortunately, he did not succeed in studying and publishing them. According to his wish, I was called upon by the Babi¢ family to organize his notes and material.
The number of discovered burials in this cemetery was 85, including nine found by chance in 1999, but the inventory of grave goods is relatively rich, so that it is possible to draw general conclusions about the site. Basically, this cemetery belongs to the usual medieval types with flat graves set in rows. Fig. 2, 3 Worthy of note, however, are distinct groupings, which disrupt the rows, probably because of familial relationships among the deceased. No evidence for external grave markers was observed.
Among the grave constructions were noted free burials; in a few examples, the pits were marked with a stone and rarely also with wooden boards. Most representative were grave cists made of dressed slabs. The deceased were inhumed according to Christian customs, stretched out on the back with arms extended or most frequently with arms crossed at the waist, the pelvis, or the chest.
The most obvious evidence for the holding of funeral feasts as part of the cult of the dead were the remains from sacrificial pits in which were preserved traces of hearths, broken ceramic vessels, and food, i.e., pieces of animal bones. ‘The most prominent archaeological material at the cemetery of Trnée-Strea, village of Pepeli8te, as also at other medieval cemeteries of Macedonia, is jewelry.
In addition to the forms encountered already from the 10th century or continuing also into the 13th, the chronological emphasis of the material from the excavated section of the cemetery Trn¢e-Strea, village of Pepeliste, falls in the period of the 11th-12th centuries.
Translated by Carolyn S. Snively