Macedoniae acta archaeologica 16 (2005) · стр. 283–290

Неколку крстови-приврзоци од Прилепско

Накитот како дел од материјалната култура во поголема или помала мера е присутен во археолошките остатоци и траги од праисторијата, антиката, па се до средниот век, и во зависност од временските рамки има и своја соджина и свое значење. Неговата функција е поврзана со украсување на одредени делови на телото, како и украсување на делови од облеката и опремата. Во зависност од тоа, преку археолошкиот материјал може да се. следи развитокот на одредени форми, нивното надградување, како и згаснување на функцијата и интересот за одредени делови од облиците и формите.

Кога се говори за накитот од средновековниот период на поширокото тло на Македонија, населено со словенска популација. во однос на местото каде се носи и функцијата која ја има, може да се подели на неколку групи: накит за глава, накит за врат. накит за раце. како и накит кој е составен дел од облеката и опремата.

На ова место ќе се задржиме на крстовите-приврзоци како делови од накитот кој се носел на врат, најдени на пошироката територија на Прилеп, кои освен украсно имаат и подлабоко симболично значење, важно и присутно во времето на нивното настанување и користење. Досега на овој простор со археолошки ископувања или како случајни наоди се регистрирани седум крстови-приврзоци, иземајќи ги притоа од оваа група енколпионите, односно крстовите-реликвијари. Еден крст-приврзок е најден на локалитетот "Задна Река-Грмајте. с. Витолиште. Мариово, три на Трпчева Црква. с. Дуње. Мариово, еден како случаен наод од комплексот на манастирот Трескавец, еден од Маркови Кули- Прилеп и еден од Поткули-Прилеп. лот на градите од скелетот е најден крст-приврзок. Лиен е во олово едновремено со цилиндричниот дел за приврзување, со краци кои имаат лачни завршетоци. На аверсот има орнамент од вдлабени линии кои го следат обли-КОТ на крстот и му даваат релјефност. Дим. 3.6 x 2.3 см, инв. бр. 24/V, (TL, 5).1

На локалитетот Трпчева Црква најдени се три крста-приврзоци во 1997 год. при археолошките истражувања на средновековната некропола, и тоа во гробовите бр. 41, 52, и 73.

Гробната камара бр. 41 е всечена во здравицата-прслик и има издолжена елипсовидна форма, а во неа е погребен маж на возраст од 50-55 години. На градите од скелетот е најден крст, лиен во бронза едновремено со делот 3a приврзување. Краците на крстот завршуваат кружно во форма на медалјони. Аверсот и реверсот се украсени со релјефно изведени концентрични кругови со испупчувања во средината. Дим. 4.4 x 3.3 см. инв. Ор. 131/V, (ТТ, 2).

Во гробната камара бр. 52, која има издолжена трапезоидна форма всечена во здравицата-прслик, оградена и покриена со масивни камени плочи, погребан е маж на возраст 55-60 години. Од левата страна на скелетот во висина на вратот е најден крст. Лиен е во бронза едновремено со делот за приврзување. Има овален пресек на краците кои при краевите се прошируваат. Дим. 3.6 x 2.7 см, инв. бр. 157/V, (Т.І, 3).

Во гробната камара бр. 73, која има издолжена елипсоидна форма всечена во здравицата-прслик и делумно оградена со покрупни камења, погребана е жена на возраст 45-50 години.2 Во југозападниот дел од камарата во непосредна близина на черепот е најден крст.4 Лиен е во бронза едновремено со делот за приврзување. Плочестите краци се прошируваат на краиштата. На аверсот е преставата на Распетието во плиток релјеф, на реверсот во централниот дел во плиток релјеф е преставен крст, а на краците се врежани по две вкрстени линии. Дим. 4.3 x 2.3 см, инв.бр. 168/V, (Т.1.1).

Во комплексот на манастирот Ср. Богородица - Трескавец како случаен наод е најден крст. Лиен е во бронза, а делот за приврзување недостасува. Краците од крстот се со овален пресек и завршуваат во форма на стилизирани цветни чашки или стилизирани афионови чушки. Дим. 3.7 x 3.3 см, инв. бр. 222/V, (11, 4).

На локалитетот Поткули-Варош при истражување на некрополата е најден фрагментиран крст. според достапните информации најверојатно над-

3 Антрополошката анализа на скелетите од гробовите Ор. 41, 52 и 73 ја изврши д-р Фаница вор од гробна камара. Зачувани се долниот вертикален и двата хоризонтални краци кои завршуваат во форма на стилизирани цветни чашки или стилизирани афионови чушки. Дим. 2.5 х 2.2 см. (Т.І, 6).5

Илустрација, стр. 285

На локалитетот Маркови Кули на некрополата во секторот А, во гробот 29, најден е железен крст со плочести краци кои имаат неправилно издолжена правоаголна форма. На едниот крак има кружен отвор за приврзување. Дим. 3.5 x 2.1 em, инв. бр. 833 (ТІ, 7).6

6 Б. Бабиќ. Материјалната култура на македонските Словени во светлината на археолошките истражувања во Прилеп, Прилеп 1986, 185 - 189; Каталог Културно богатство на Прилеп од V-XIX век, Београд - Прилеп 1976, 51, кат. бр. 103; Крстовите од лок. Поткули и Маркови Кули се презентирани врз основа на публикуваните резултати од истражувањата, а не од аутопсија. Според нашите досегашни сознанија, најстар крст-приврзок е оловниот крст од гробот Ор. 18 од лок. Задна Река-Грмајте. кој се поврзува со крстовите од сириско-палестински тип и се датира во IX век (Т.1.5). Меѓутоа, имајќи го во вид севкупниот материјал од некрополата, истиот е се уште употребуван и во X-XI век, кога и ја датираме некрополата. Некакви еличности со него покажуваат некои крстови од средновековните некрополи во Македонија. Србија и Бугарија, но евидентни се одредени особености на нашиот примерок, како по материјалот на изработка така и по решението на формата, кои го издвојуваат од гореспоменатите.7

Групата од три крста-приврзоци најдени при археолошките истражувања на средновековната некропола Трпчева Црква. според решенијата на формата и декорацијата типолошки се разликуваат. но сите се солидно изработени и според поединечните аналогии, како и според содржината на останатиот материјал од некрополата, може да се датираат во X-XI век.

Крстот-приврзок, чии краци завршуваат кружно во форма на медалјони, кои се украсени со двојна кружна профилација (T.1, 2), барем според досегашните сознанија не е многу присутен на поширокиот балкански простор. Најблиски аналогии за овој крст во Македонија наоѓаме на некрополата Демир Капија, но не во затворена гробна целина. Крстот од Демир Капија најверојатно е од растурен гроб. а е датиран во X-XI век.8 Два вакви идентични крста се најдени на некрополите во Србија.9 Едниот на средновековната некропола во Ниш во гробот 13, заедно со бронзена алка и монисто од стаклена паста, а другиот на некрополата Доничко Брдо во женски гроб, гробот 37, нанижан меѓу монистата од богатата ниска на ѓердан.

Во материјалот од неколку средновековни некрополи од Х-ХИ век во Бугарија, меѓу нанижаните мониста од ѓердани најдени се крстови, меѓу кои. еден идентичен со примерокот од локалитетот Трпчева Црква.10 Слични или идентични примероци на овој тип кретови-приврзоци се најдени и во културните слоеви од X-XII, односно XI-XII век во Добруџа, Романија.11

Крстовидната форма со краци, кружно завршени во облик на медалјони, идентична по форма и украс на крстовите приврзоци од овој тип, се јавува и како решение на главите од иглите од Новгород, во културниот слој од XI век, за кои се смета дека се прибалтички увоз. имајќи притоа предвид дека игли со крстовидна форма на главата се познати во наодите од Летонија и Литванија датирани во УП-УШ век.12 Оваа форма на игли со крстовидни глави само ја потврдува широката распространетост и употреба на крстот во разни облици од украсните делови на предметите со практична функција. во случајов како предмети за придржување на делови од облеката.

Крстовите-приврзоци, како нашиот примерок (Т.І, 1), на чија аверсна стра-На е престава на Распетието во плиток релјеф. се една од поприсутните форми на крстови во средновековните наоди. било да се работи за едноделни или крстови-енколпиони. Кај едноделните крстови-приврзоци со престава на Распетие на аверсот, кои досега ни се познати, главно, реверсот не е украсен. Кај нашиот крст-приврзок од овој тип, покрај аверсот и реверсот. е украсен со крст во плиток релјеф во центарот и вкрстени врежани линии на краците (Т.І, 1). Засега единствен примерок со слично вакво украсување на реверсот ни е познат од романското Подунавје.13 Едноделните крстови-приврзоци од овој тип, со престава на Распстие или во помал број со престава на Богородица Оранта, во Србија се датирани во X-X! век.14 Обработувајќи ја сцената на Распетие на златниот крст од с. Варна кај Шабац, Г. Марјановиќ-Вујовиќ констатира дека без оглед на поединечните разлики кои се јавуваат на преставите на Распетие на крстовите, тие имаат ист пример - преставата на Распетие на зидот на црквата на Св. Гроб во Ерусалим, изградена на местото на страдањето на Христос. Од ова место почнуваат да се дистрибуираат разни култни предмети, чие масовно ширење е запрено со арапските освојувања во средината на УП Век, а повторно интензивирано во X век кога Византија ја возобновува власта во деловите од Сирија и Палестина, а со тоа се стекнуваат услови за обновување на светите места и произведување на култни предмети. 5

Преставата на Распетие кај крстовите најчесто се јавува на енколпионите, односно реликвијарите. Во повеќе случаи кај овие дводелни крстови на аверсот е преставата на Распетие. а на реверсот преставата на Бог ородица Оранта или некој друг светец, но ги има и со поинакви иконографски решенија.

Крстот-приврзок со овален пресек на краците кои при краевите се прошируваат (11, 3), е од наједноставните типови крстови-приврзоци кој со својата масивност и солидна изработка само го потврдува значењето на овај симбол во времето на негово користење. Крстовите-приврзоци од Трескавец (11, 4) и Поткули (1. 1, 6) по својата едноставна изработка се доста блиски со формата на предходно опишаниот, меѓутоа, кај овие, благо проширените краишта на краците завршуваат во форма на стилизирани цветни чашки или афионови чушки. Најблиски аналогии за нив наоѓаме кај двата примероци, регистрирани како случајни наоди, едниот од Костол-Трајанов Мост и другиот од поширокото подрачје на Подунавјето, датирани во XI, односно XI-XII век.16 Крстови-приврзоци од овој тип се среќаваат на поширокото подрачје со христијанизирано население, што се потврдува на пример со наодите од култните наоѓалишта на локалитетите од Подунавјето во Романија,17 како и од локалитетите во Русија.18

Последниот од оваа група крстови е крстот-приврзок од некрополата на Маркови Кули (ТИЛ, 7), кој се издвојува од останатите по неговата едноставна и непрецизна изработка која оневозможува какво било негово типолошко сместување и поврзување со останатите, освен фактот дека формата на приврзокот е во облик на крст. Истражувачот на оваа некропола го сместува во временски рамки од [X-XI век, а некрополата од чии гроб е наодот ја датира во Х-ХШ век.19 Анализирајќи ја неговата форма и облик, него, пред се, можеме да го класифицираме во крстови-пломби. а не во крстови-приврзоци. Крстовите-пломби, како и нашиот, за разлика од повеќето крстови-приврзоци кај кои е издолжен долниот вертикален крак. имаат издолжен вертикален горен крак на чии крај има кружен отвор за нанижување. односно ја имаат формата на крстот на св. Петар. Крстовите-пломби служеле како сигурносен затворач-пломба, а воедно и како амајлија за заштита на трговската стока на патот до потрошувачките центри. На поширокото подрачје на Балканот, особено на наоѓалиштата покрај Дунав, според остатоците од керамичките садови за кои се претпоставува дека биле користени за пренесување на трговска стока (вино и масло), крстовите-пломби се датирани кон крајот на X и почетокот XI u XII Вех, кога каравани со трговска стока доаѓале поинтензивно до центрите на Дунав.20 Вакви крстови, кои по својата едноставна форма не се погодни за хронолошки одредници, најдени се на средновековната некропола Мачванска Митровица и заедно со останатиот археолошки материјал се датирани кон крајот на X и почетокот на XI до ХШ век.21 Og досега изнесеното, мислиме дека крстот од некрополата на локалитетот Маркови Кули имал примарна функција на крст-пломба. а секундарно е користен како крст-приврзок, имајќи го предвид. пред се. фактот дека крстот е најден во гробот бр. 29, заедно со бронзена тордирана белегзија. Претпоставуваме дека истиот имал исклучиво апотропејска улога и бил носен под облеката. бидејќи не се одликува со никакви естетски вредности кои и во тоа време би ги задоволувале потребите за китење и украсување.

Кај оваа скромна група крстови-приврзоци од Прилепско, воочлива е нивната разлика во изведбата. материјалиот. формата и декорацијата. Меѓутоа, времето на нивното настанување и користење. главно. се движи од X-X! век. со можност за поместување на границите во LX, односно XII век. зависно од останатите услови и поединечни сознанија за нив.

Наоди на крстови-приврзоци со широк спектар на третирање на формата и украсот се констатирани во културните слоеви на повеќе некрополи од X-XI Век, во гробовите и надвор од нив. чии материјал е идентичен со наодите од некрополите од Прилепско, од каде и потекнуваат крстовите-приврзоци презентирани на ова место.22

Општо земено, приврзоците како делови од накитот за врат, во зависност од нивната улога, значење и функција. односно дали имале апотропејскомагиска или, пак, украсна примена. се носеле под или над облеката. Приврзоците со исклучиво апотропејска. односно заштитна улога, по правило се носеле под облеката. скриени од погледите на околината. Меѓутоа. приврзоците кои покрај заштитната имале и украсна улога се носени над облеката. Таков е случајот и со крстовите-приврзоци кои се наоѓаат како составен дел од ѓерданите или. пак. поединечно нанижани на врвка. кожа или синџир.

Обработувајќи ги крстовите од Новгород како предмети на христијанскиот култ, М. Седова презентира 56 примероци најдени при археолошките истражувања на културните слоеви од Х-ХУ век. Издвојувајќи ги во две групи. сдната, крстови-приврзоци кои претежно се носеле под облеката и, втората, кретови-енколпиони кои служеле за чување на мошти и се носеле над облеката, таа за првата група ја нагласува. пред се. нивната апотропејска улога.23

Појавата на крстовите-приврзоци во накитот на словенската популација е поврзана со христијанизацијата на ова население. Поголем број наодите на крстови можат да се датираат во крајот на X, преку XI до XII век. што се вклопува во историските рамки на враќањето на Византија на нејзините стари граници до Дунав. Во овие рамки се вклопуваат и презентираните примероци на крстови-приврзоци најдени на пошироката територија на Прилеп. Liljana Kepeska Zavod and Museum - Prilep

Белешки

  1. На локалитетот Задна Реба-Грмајте 50 гробната камара ор. 16, која има издолжена правоаголна форма изведена од поголеми камени плочи, во преде-Велановска. антрополог во Музејот на Македонија. yy. Кепеска, Задна Река-Грмајте, Прилеп 1995, 21, 55. ↩
  2. На локалитетот Трпчева Црква досега се истражени 133 гробни целини, раководител на истражувањата ЈІ. Кепеска: ЈІ. Кепеска, Трпчева Црква - истражувања 1997, Масеԁ. acta arhaeol. 15, Скопје 1999, 321, 322, T. V, 1,2, 3. ↩
  3. Покрај крстот во овај гроб е најдена и алка од прстен од бронза, на која И недостасува круната. ↩
  4. М. Мандин, Поткули - средновековна населба и некропола, Arheoloski Pregled 1985, Ljubljana 1986, 180. ↩
  5. B. Aleksova, Demir Kapija, Skopje - Beograd 1966, 60. T. XXI, 284; M. Јанковиќ, Средњовековно насеље на Великом Градџу у X - XI в., Београд 1981, 60; Л. Дончева- Петкова, Средновековно селище при с. Одърци Толбухински окръг, Известия на Народния Музей Варна. том. 17. Варна 1981. 26. T. Ill, 6. ↩
  6. B. Aleksova, Demir Kapija, T. XXI, 285. ↩
  7. С. Ерцеговић-Павловић, Средњевековна некропола у Нишу, Старинар XXVII, Београд 1977, 89, 94, Т. III, 1; Д. Петровић, Средњевековна некропола на Донићком Брду, Старинар XIII/XIV, Београд 1965, 287, сл. 37. ↩
  8. ТЈ. Гатев. Накит от погребении от ХЈ-ХИ век, Археологии 1/1977, Софии 1977, 32. обр. ↩
  9. Stefan, J. Barnea, M. Comsa, E. Comsa, Dinogetia I, Bucuresti 1967, 357, fig. 192/5. ↩
  10. М. В. Седова, Ювелирные изделия древнего Новгорода. Москва 1981. 73, 74, рис. 25/2,4. ↩
  11. P Diaconu, Obiecte de podoaba si de cult, Pacuiul lui soare, vol III, Asezarea medievala, Bucoresti 1977, 131, 132 fig. 102, 7 b. ↩
  12. Г. Mapjanosuh-Byjosuh, Крстови, Београд 1987, 51-54. ↩
  13. Г. Марјановиќ- Вујовиќ, Златни крст из села Варне код Шапца, Зборник Народног Музеја XIV/1, Београд 1007. 450. ↩
  14. Г. Марјановин-Вујовив, Крстови. 56, кат. бр. 67. 68. ↩
  15. P. Diaconn, op. cit., fig. 101, 5, 7, 10. ↩
  16. М. B. Седова, ор. cit., 51, 52, рис. 16/10. ↩
  17. Б. Бабиќ, ор. cit., 185-189. ↩
  18. y. Spinei, Les relations de la Moldavie avec le Byzance au premier quart du Пе13 millieaire 4 Ja limiere des sources archéologiques, Dacia XIX, Bucuresti 1975, 237, fif. 2/3. ↩
  19. С. Ерцеговић-Павловић, Римске и средњевековне некрополе у Мачванској Митровици, Sirmium XII, Beograd 1980, 69, Pl. XXVI, 15-17. ↩
  20. К. Капелкова, Накит от средновековния некропол край Симеоновград, Археология 1, Софил 1959, 50, одр. + 0. Jelovina, Starohrvatske nekropole, Split 1970, 114. ↩
  21. М. B. Седова. ор. cit., 46. ↩

Summary

Several Cruciform Pendants from the Prilep Region

THE PRILEP REGION

(Summary)

Jewelry as a part of material culture is present in archaeological remains from prehistory and antiquity to the middle ages, and, depending on chronological parameters, jewelry has its own substance and meaning.

Here we examine seven cruciform pendants as parts of the jewelry worn on the neck; in addition to decoration they have deeper symbolic meanings. All were found in the Prilep region. One came from the site of Zadna Reka-Grmajte (T. 1/5), three from the site of Trp?eva Crkva (T. I/1, 2, 3), one as a chance find from the monastery complex of Sv. Bogorodica-Treskavec (T. 1/4), one from the site of Markovi Kuli-Varo$ (T. 1/7), and one from the site of Potkuli-VaroS (T. 1/6).

The majority of the crosses originate from closed grave units. Among them differences are visible in workmanship, material, shape, and decoration (from the simplest form of a cross made of thin metal to a massive example with a depiction of the crucifixion in shallow relief). The time of their manufacture and use moves within the parameters of the 10-1 1th centurics, with the possibility of shifting the limits to the 9th or 12tn century, depending on the remaining conditions and the individual information available.

The appearance of the cruciform pendants in jewelry of the Slavic population is connected with christianization of this population. Investigations of the cemeteries and settlements of the Balkans and beyond confirms that a larger number of crosses can be dated to the end of the 10th through the 11th until the 12th century, which corresponds in the historical framework with the return of Byzantion to its old boundaries as far as the Danube. This is the time in which we place the presented crosses found in the Prilep region.

Translated by Carolyn S. Snively