Macedoniae acta archaeologica 16 (2005) · стр. 275–282

Рановизантиски монети од Скупи

На просторот од градската територија на античкиот локалитет Скупи. во текот на последните три децении од археолошките истражувања, пронајдени се 7 монети кои потекнуваат од VI век од н.е.1 Овие монети се откриени при систематските археолошки истражувања на христијанската базилика (во литературата позната и како Базилика П) на подот од нартексот, датирана кон крајот на У и почетокот на VI век од н.е.. и во рамките на градбата чии простории се наоѓаат северозападно од термите, а кои исто така припаѓаат на последната фаза од животот на градот.2

Оставајќи го зад себе урбаниот начин на живот и живуркајќи преку изменетиот начин на живот и состав на население, Скупи ја споделил судбината со другите балкански градови во времето на доцната антика. Тоа е време кога исчезнува моќното Римско Царство, кое се уништува од многу внатрешни проблеми и социјални кризи. период на варварски крстосувања низ Балканот, период на почеток на темниот среден век. кога само неколкуте најголеми градски центри успеале да му оддолеат на времето. Тоа е време на промени, кога кулминацијата на доцноантичката цивилиза-

271. Корачевиќ, Урбанизам и архитектура Скупа у светлости археолошких ископавања. Лихнид 7, Охрид 1989, 104; М. Гарашанин, Д. Корачевиќ, Базилика П во Скупи, Масеԁ, acta archacol. 5, Прилеп 1979, 31-45, Нетите, Археолошки ископувања во Скупи од 1978-1981, Maced. acta archaeol, 7-8, Скопје 1987, 79-95. ција се претопува во средновековната. кои се пресликуваат и во сферата на монетоковањето.3

Неколкуте рановизантиски монети од античкиот град Скупи припаѓаат на периодот од VI век од н.е., односно владеењата на императорите Анастасиј I, Јустин I, Јустинијан Г и Јустин П.

Кон крајот на V век. кога на власт стапува Анастасиј 1 (491-518), во византиската држава се уште се присутни верски и етнички проблеми и затекната е тешка финансиска состојба од владеењето на Зенон. Новиот император е добар администратор. а особено способен во средување на државните финансии. Затоа особено се важни неговите финансиски и административни реформи. И покрај честите немири и народни востанија, последица на Анастасиевата фискална политика е големото богатство во државната каса.

Паричниот систем создаден од времето на Константин Велики го усовршил Анастасиј, кој ги зацврстил бакарните фолиси со утврдување на нов метролошки однос меѓу златото, среброто и бакарот. Тој однос бил од особена важност за даночниот систем и за конвертибилните трансакции во разни краеви на империјата. Негова заслуга се двете реформи од 498 год. (солидус = 1/16 800 = 420 фолиси) и 512 година (солидус = 1/8 400 = 210 фолиси). Целта на овие зафати била довербата во стабилноста на бакарните пари. а за нејзино исполнување било потребно парите да бидат поголеми од малите нумии. да се со поправилна форма и да изгледаат официјално, да имаат вредност гарантирана од државата и ознаките за вредност да се јасно одбележани. Анастасиевите монети совршено одговарале на овие побарувања. Се водело сметка за работ на монетата, иконографијата на aBepcor, а реверсот бил вистински успех.4

Реформата од 512 година ја сочинува удвојувањето на тежината на монетите. Овие монети јасно ги покажуваат основните податоци за нив, како власта која ги издава, ознаката за вредност, работилницата и ковницата. Уште во Персија годината на владесње била додавана на традиционалната сасанидска иконографија. па малку изненадува што Анастасиј не го прифатил она што подоцнежните владетели го примениле.5 Во сите свои емисии во бакар Анастасиј го задржал традиционалното римско претставување на ликот во профил на аверсот. Нема голема разлика во производствата на Константинопол и провинциските работилници во Никомедија и Антиохија.

На сл. | е претставен Днастасиев фолис, чие ковање го сместуваме во 512-517 година во Константинопол. Монетата е изработена по реформата од

Зи. Микулчиќ, Скопје со околните тврдини, Скопје 1982, 47, 48; Tb.Makcumosnk, Северни Илирик y VI Веку, Зборник радова Византолошког института 19, Београд 1980, 20, 24, 25. P. D. Whitting, Monnaies byzantines, Fribourg (Suisse) 1973, 69, 90. 512 год.. Кога следи преместување на двојно потешка стопа. До 517 год. не се менуваат ознаките на реверсот од фолисот - звезда лево и десно од М. кога има додавање на точки над и под звездите.б6

Сл. 1
Сл. 1
Илустрација, стр. 277

Монетарните типови и тежина востановени од Анастасиј биле позајмени и од Јустин | (518-527). Неговата емисија на пари покажува недоволна грижа во изработката на деталите на бистата и легендата, а и во самото производство, што секако оди во корелација со неговата индивидуа и стилот на владеење.

Следна монета (сл. 2) е Јустинов фолис, кован во Никомедија, а датиран во 518-522 година, припаѓа на дополнителната емисија на 40 нумии од оваа ковница, каде е зголемен бројот на официните. Во Никомедија ковањето пари во првиот луструм на Јустин I e силно интензивиран, каде споредните ознаки се двете звезди странично од M, кои ги има се до 522 год.7 Ново спроти Анастасиј е само верзијата на печатот на ковницата никм, кој останува до 538 год.7

Илустрација, стр. 277
Сл. 2
Сл. 2

Монетата на сл. 3 е Јустинов фолис со исти референци како претходната. Иако отсуствува името на ковницата, според споредните знаци - типот на звездите странично од М, состојбата на монетата дозволува да ја анализираме.8 Од истиот период со овој тип звезди кова и Константинопол. но овде во Никомедија доаѓа до израз стилот на уметникот, кој преку издолженоста и правилноста на формите достигнува поголема префинетост од оние во метрополата. Јустиновото владеење завршува со монетарен пресврт откако на престол дошол Јустинијан 1 (527-565), кој е со поинаква наобразба од него. па големината на личноста на Јустинијан ќе избие преку начинот на неговото владеење, во чии рамки влегува и монетоковањето.9 Во 538 год. бакарните пари се реформирани, со што било комплетирано делото на Анастасиј. Тој оди уште подалеку со реформата, кога одново, со прекрасни тешки и убаво гравирани монети го вратил односот солидус - нумија на она што било еден век претходно, во времето на Валентинијан Ш (1/7200). Тенденцијата кон грандиозност, политиката за експанзија, шок од чумата 542-543 год., смртта на Теодора во 548 год., се фактори кои се отсликуваат во квалитетот на гравурите на парите, техника на производство и во тежината на бакарните фолиси од ова време. Негова заслуга во византиското монетоковање е воведување на датирањето според годините на владеењето, кое е воведено со декрет од 539 година.10 За прв пат на аверсот има биста во en face со шлем и оклоп. Новите пари од 12 години владеење, од 538-539 год., влевале доверба кај луѓето, иако оригиналната тежина ја задржале само 3 години.

Илустрација, стр. 278
Илустрација, стр. 278

На сл. 4 е претставен Јустинијанов фолис, произведен во Константинопол 527-537 год. Ова е период на првиот луструм од неговото монетоковање и е карактеристичен по додавањето крст над главата на аверсната претстава на императорот. Овој фолис припаѓа на дополнителната емисија монети од тој период, а на ликовното претставување на реверсот - крстови странично од M, се приклучила и Никомедиската работилница.

Следи уште еден Јустинијанов фолис на сл. 5, кован во Кизик, произведен во 551-552 година. со што припаѓа на редот монети произведени по реформата од 538 година. Аверсниот портрет е веќе во en face .

Следна монета е Јустинијанов полуфолис, претставен на сл. 6, произведен во Тесалоника во 562-565 година, со иста аверсна претстава. Тесалоника кова полуфолиси дури од луструмот од 562 година, со кој овде завршува Јустинијановото ковање. Последна монета е полуфолис на Јустин П (565-578), (сл.7), произведен во Тесалоника 574-575 год. Од оваа монета е зачуван само реверсот. Со овој посебен спореден знак ОС, и над нив крст, сето сместено над K, монетата се вбројува во редот на полуфолиси ковани по 568 година, каде се застапени повеќе варијанти на христијанска симболика.11 Ова е еден од примерите каде се застапени латинскиот јазик. кој е официјалниот јазик, и грчкиот, кој успешно продира во византиската држава.

Илустрација, стр. 279
Сл. 4
Сл. 4
Илустрација, стр. 279
Илустрација, стр. 279

Скупските монети се ковани од ковниците во Константинопол. Кизик. Никомедија и Тесалоника. со што можеме само да го допреме проблемот на расепространетоста на овие монети.

Сл. 6
Сл. 6
Илустрација, стр. 279

Сметаме дека причината за малиот број монети од овој период не треба да се бара само во фактот дека тоа е период кога градот с во фаза на замирање, туку и во обемот на истраженост на објекти во градот кои припаѓаат на оваа фаза. Дури со пообемна анализа на самите објекти и на другиот движен материјал, ќе се возможни првите поголеми заклучоци за овој период од историјата на градот.12 Сепак. постоењето на монети од овој период оди во прилог на егзистирањето на градот Скупи, на неговиот последен период од постоењето, кој. иако не се вбројува во периодите на подем на градот, овозможува да се следи неговиот континуитет и по земјотресот од 518 година. Со надеж дека во следниот период ќе се интензивираат археолошките истражувања на објектите од последниот период на градот, очекуваме со нов материјал целосно го детерминираме крајот од животот на градот Скупи. Сегашните согледувања, според нумизматичкиот материјал, крајот на урбаниот живот го сместуваат во последните децении на VI век од н.е.

Илустрација, стр. 280

КАТАЛОГ

Сл. 1. фолис, Анастасиј 1 Ав: DNANASTA - SIVSPPAVC Биста на императорот на д. со дијадема, во оклоп и

палудаментум

Рв: M, горе крст, л. и д. звезди

официна A; отсечок: CON

оска (;тежина: 17.57 гр.; пречник: 32 мм

Ковница: Константинопол. датирање: 512-517 год.

MIBE 27

Сл. 2. фолис, Јустин I

Сл. 3. фолис, Јустин 1 Ав: DNIVSTI— NVSPPAVC Претстава иста со претходниот Рв: исто со претходниот оска 2K; тежина: 15.39 гр.; пречник: 30 мм Ковница: Никомедија. датирање: 518-522 год. MIBE 35-a

Сл. 4. cbosme, Јустинијан | As: DNIVSTINI ANVSPPAVC Биста на императорот на д. со дијадема. во оклоп и палудаментум Рв: М.д. крст. л. и горе веројатно крстови. официна Г: отсечок: сон оска |; тежина: 15.12 гр.; пречник: 30 мм Ковница: Константинопол, датирање: 527-537 год. MIBE 87

Сл.5. фолие, Јустинијан I As: DNIYSTINI - ANVSPPAVC Фронтална биста на императорот, со шлем, во оклоп, во д. рака глобус со крст, во л.рака штит. во д. поле крст. Рв: M, горе крст, л. ANNO, д. XXV официна B, отсечок: куз оска \ ; тежина: 16.26 гр.; пречник: 32 мм Ковница: Кизик, датирање: 551-552 год. MIBE 120-a

Сл.6. полуфолис, Јустинијан! Ав: DNIVSTINI - ANVSPPAVC Претстава иста со претходниот Рв: К. горе крст. л. ANNO, д. XXX ЧИ официна: нечитко, отсечок: ТЕЅ оска 4: тежина : 5.84 гр.; пречник: 24 мм Ковница: Тесалоника. датирање: 562-565 год. MIBE 180

Сл.7. плоуфолис, Јустин II

Marina Onéevska Todorovska Museum of the City of Skopje - Skopje

Белешки

  1. Музејот на град Скопје изведуваше систематски археолошки истражувања на лок. Скупи под раководство на археолозите Душанка Кораќевиќ и д-р Милутин Гарашанин, во периодот 1970-1996 год.. а авторот на текстот е учесник на дел од истражувањата. При обработката на монетите користени се каталозите: W. Hahn, Moneta Imperii Byzantini I, II, Wien, 1973, 1975; W. Hahn, M. A. Metlich, Money of the Incipient Byzantine Empire (AnastasiusI-Justinian 1, 491-565), Wien, 2000. W. Hahn, MIB, Band 1,Wien, 1973, 33-35. ↩
  2. Thidem, 41, 42. ↩
  3. раст, 41, 42. ↩
  4. И. Божилов. И. Билјарски. X. Димитров. И. Илиев. Византийските василевси. София 1997, 118-124. ↩
  5. P p. Whitting. op.cit., 106-111. ↩
  6. W. Hahn, MIB Band 2, Wien 1975, 47. ↩
  7. DNIVSTI - NVSPAVC ↩
  8. Претстава иста со претходниот ↩
  9. M, горе крст. л. и д. звезди официна A; отсечок: никм оска ж; тежина: 17.23 гр.; пречник: 32 мм. ↩
  10. Ковница: Никомедија. датирање: 518-522 год. ↩
  11. MIBE 35-a ↩
  12. Микулчиќ, Антички градови во Македонија, Скопје 1999, 258, 351, 352. ↩
  13. целосно е уништен ↩
  14. K, горе: крст меѓу ??, л. ANNO, д. X отсечок: ТЕЅ тежина; 4.9 гр. пречник: 22 мм ↩
  15. Ковница: Тесалоника, датирање: 574-575 ГОД. ↩

Summary

Early Byzantine Coins from Scupi

(Summary)

A review of the Early Byzantine coins from the ancient city of Scupi comprises coins of the 6th century AC, i.e., the period of the rule of the emperors Anastasius I, Justin I, Justinian I, and Justin П. The type of coins, their technique of manufacture and artistic form are a reflection of the time during which they were issued, while changes in society would be reflected in the monetary reforms of those emperors.

The presence of coins from this period points to the existence of the city of Scupi in the final period of its life, which, although not counted among the periods of flowering of the city, still enables us to follow its continuity after the earthquake of 518 AD. According to the numismatic material, we place the end of urban life in the last decades of the 6/8 century.

Translated by Carolyn S. Snively