Macedoniae acta archaeologica 16 (2005) · стр. 259–273

Епископската базилика во Баргала

Содржина
  1. ЕПИСКОПСКА БАЗИЛИКА
  2. ВЛЕЗНА ПАРТИЈА - СКАЛИШТЕ И ЕГЗОНАРТЕКС
  3. МАЛА БАЗИЛИКА - КОНСИГНАТОРИУМ
  4. ПРЕДВОРИЕ
  5. Zvonko Beldedovski
  6. Zavod and Museum, Stip

На просторот по течението на реката Брегалница, во средишниот дел на Брегалничкиот Басен, на околу 12 км источно од Штип. во подножјето на планината Плачковица, крај Козјачка Река во месноста Горен Козјак, лоциран е еден од најзначајните доцноантички, односно ранохристијански епископски градови во Р. Македонија. градот Баргала.1

Градот-тврдина има неправилна правоаголна форма (должина 280 м и 150- 185 м широчина) со површина во рамките на градските зидини 4.68 хектари.

Убикацијата на градот се темели на следните проучувања. Во историските извори Баргала се споменува во списоците на Халкедонскиот собор од 451 год. и подоцна во Синегдемусот на Хиероклии 527/8 год. Со откривањето на натписната плоча со латински натпис во месноста Ханче, датиран во 371/2 год.. беше лоциран потесниот простор на кој се наоѓа градот Баргала. Натписот во превод гласи:2

„Во седмата година од владеењето на победоносните императори Валенс и Валентинијан на баргалците им е направена градска порта по заповед на управителот на Дакиската провинција Медитеранеја Антонија Алпија“.

Со археолошките истражувања започнати во 1966 год. под раководство на академик проф. д-р Блага Алексова. а кои со повремени прекини се изведуваат до денес, во најголем дел е откриен епископиумот на градот (Епископска базилика, Мала базилика, Епископска резиденција Цистерна. влезна архитектура во предворието на базиликата). како и простории од економски и стопански карактер. простории за живеење. делови од градскиот одбранбен бедем со градската порта (главниот влез) и уште еден сакрален објект надвор од градот, базиликата Extra Muros.3

Сл. 1
Сл. 1

ЕПИСКОПСКА БАЗИЛИКА

Епископската базилика е трикорабна со нартекс и отворен ексонартекс. Од правец на главниот влез во градот и предворието во црквата се влегува преку осум високи скалила (ел. 1). Западната фасада на базиликата претставува тричлена аркада-трибелон. Отвореннот трем - егзонартексот комуницирал со нартексот преку пет врати, од кои крајната (северната) и централната покасно биле зазидани. Нартексот е со три врати кои водат во централниот кораб (наосот) и страничните кораби. Два реда од по седум колони го делат наосот од јужниот и северниот кораб. Интерколумниите биле затворани со парапетни плочи (Пл. 1).

Илустрација, стр. 261

План |

Поплочувањето на подовите во црквата е изведено со големо чувство за композиција и колористичка хармонија. Подовите на егзонатрексот. нартексот и јужниот кораб се поплочени со црвеникави плочи, а наосот со ПЛОЧИ од сивкаст и црвеникав дацит. Подот во северниот кораб е со мозаичка изведба. Во презвитериумот се константирани две фази и една преодна фаза на градбата на подовите, а со тоа и на целокупниот архитектонски аранжман.4

Покрај северниот периметрален зид на базиликата дополнително е дограден објект со издолжена архитектонска структура од исток кон запад. Според планот, баптистериумот однадвор претставува базиликална градба, а однатре крстовиден објект (Пл. I). Писцината во баптистериумот која се наоѓа во средишниот простор е крстовидна. Западно од неа под подот константирана е уште една постара писцина која при проширувањето на баптистериумот била покриена и над неа поставен под од црвеникави плочи. Оваа писцина му припаѓа на постариот баптистериум LUTO бил во составот на првобитниот архитектонски аранжман на базиликата.5

Сл.2
Сл.2

Првата градежна фаза на базиликата, според Б. Алексова, ги опфаќа архитектонските рамки на објектот со подното ниво на нартексот и егзонартексот и измазнетиот малтер под презвитериумот со денес непостоечкиот синдронос, како и градбата на првиот баптистериум со архаичната писцина.

Втората градежна фаза е големото ремоделирање што го опфаќа поставувањето на луксузниот под во презвитериумот во опус сектиле. Стариот баптистериум е разурнат, а градбата е продолжена кон исток со изградба на нова крстовидна писцина. Јужно крај црквата е изградена мала базиликална градба consignatorium, кој комуницира со базиликата преку нартексот И егзонартексоте6 (Пл. Г). Сите овие ремоделирања и доградби настанале најверојатно во У век кога се јавува поголем прилив на нови жители во градот.

Третата градежна фаза го опфаќа проширувањето на презвитериумот кон запад, север и југ до главната колонада. Подот е подигнат и изграден е нов со ист аранжман како и претходниот. Во смисла на горенаведените разграничувања на градежните фази, ремоделирања и доградби на Епископската базилика,7 големо дополнување со низа нови, многу значајни архитектонски и други елементи, дадоа дополнителните археолошки доистражувања на влезната партија и малата еднокорабна базилика покрај јужниот периметрален зид на Епископската базилика. изведени во последните години ВО рамките со конзерваторските активности на влезната партија-скалиште, егзонартексот и Малата базилика.7

ВЛЕЗНА ПАРТИЈА - СКАЛИШТЕ И ЕГЗОНАРТЕКС

Теренот на кој е лоцирана базиликата доста стрмно под кос агол се спушта од север кон југ и од исток кон запад. Поради ваквата ситуација. градителите на објектот извршиле нивелирање на просторот каде што е лоцирана базиликата. што значи јужните и западните партии на базиликата се изградени на вештачки нивелиран терен.

До скалиштето на базиликата се доаѓа од запад. Скалиштето е изведено од осум високи скалила кои пред трибелонот завршуваат со широко одморалиште (сл. 2). Од јужната и северната страна скалиштето завршува со ограден ЅН кој ја следи висината на скалиштето (сл. 3). За оформување на скалилата се употребени обработени камени блокови. Најголемата височина на скалиштето во нивото на одмаралиштето изнесува 2.50 M. Скалиштето го зафаќа средишниот дел од високиот стилобатен зид кој го носи трибелонот на отворениот трем. Стилобатниот зид е долг 11 м и широк 0.80 м. По отстранувањето на масивните блокови кои го оформуваа скалиштето ја добивме следната состојба. Константирани се претходните. постари скалила (сл. 4). Скалилата се изведени од речен и приделкан камен сврзан со хидростатен малтер H поплочени со црвеникави камени плочи. При сондирањето на потпорните оградни ѕидови константиравме дека скалиштето од север и од југ е сечено/скратувано. а потоа се оформени оградните зидови, што значи дека скалиштето во претходната фаза било многу пошироко и се простирало по целата должина на стилобатниот зид, се до јужниот и северниот столбец на трибелонот.

Отворениот трем/егзонартекс во последната фаза комуницира со нартексот, а преку трибелонот од запад се врзува за скалиштето. Преку влез од југ егзонартексот комуницира со Малата базилика. Подот е поплочен со црвеникави плочи. Потврда за наведеното мислење се резултатите добиени со сондажите изведени под ПОДНОТО НИВО. Во јужниот дел на егзонартексот откопот е изведен до почетната темелна основа која лежи на здравица на длабочина од 2.30 м. Целиот овој откоп е исполнет со нанесена сива и кафена земја со наоди од фрагментирана доцноантичка керамика, стаклени фрагменти, тесели од стаклена паста од зидан мозаик и друг материјал. Во сондата под прагот на јужниот и северниот влез од егзонартексот во нартексот до длабочина од 1.00 м констатирани се по две вертикални фуги кои јасно го одбележуваат зазидувањето на првобитните влезови со камен и тули (сл. 5). Истата состојба е констатирана и под прагот на влезот од егзонартексот во нартексот на Малата базилика, со таа разлика што овде зазидувањето © изведено со камен и кал. Под прагот на јужниот влез од егзонартексот, во нартексот на базиликата на длабочина од 0.75 м, најдени се осум лошо зачувани мали бронзи на Константин I, кои во голема мера можат да ја детерминираат првата градежна фаза на базиликата. Првобитното подно ниво на егзонартексот се наоѓа на 1.20 м под денес постоечкиот под. Нивото на првобитниот под одговара на хоризонталната фуга видлива на јужниот дел од западната фасада на стилобат-НИОТ зид од трибелонот. Хоризонталната фуга е на висина од 1.10 м. Најверојатно на истата висина се наоѓало и првобитното скалиште на влезот во егзонартексот.

Илустрација, стр. 264

Сумирајќи ги горенаведените податоци, јасно произлегува заклучокот дека на влезната партија/скалиштето и егзонартексот на Епископската базилика присутни се три градежни фази. пред скалилата се издига до само 1.10-1.20 м. На таа висина се рамнело и првобитното скалиште од запад.

Илустрација, стр. 265

Втората градежна фаза е претставена со подигнатиот стилобатен ЅН со базите за двете колони кои ги носеле арките на трибелонот. Стилобатниот зид е дозидан до висина од 2.50 м. Скалиштето е изведено по целата должина на стилобатниот зид со десет скалила поплочени со црвеникави плочи (ел. 2).

Третата градежна фаза е видлива во ремоделирањето на скалиштето. Поради засега непознати причини, старото скалиште кое ја опфаќало целата должина на стилобатниот ид, подеднакво е сечено/скратувано од јужната и северната страна и истовремено обградено со потпорни ѕидови, а врз старите скалила во осум ред, поставени се масивни обработени камени блокови кои ги формираат новите редови на скалиштето (сл. 3).

МАЛА БАЗИЛИКА - КОНСИГНАТОРИУМ

Покрај јужниот периметрален зид на Епископската базилика во 1975 год. откриен е анекс кој претставува мала еднокорабна базиликална градба со нартекс и најверојатно егзонартекс. Овој објект дополнително е изграден крај базиликата. Иако објектот не беше во целост доистражен. Алексова правилно го поврзува со христијанската иницијатива confirmacio - потврдување. Во повеќето литургиски документи од ГУ-У век се спомнува дека чинот на миропомазанието е изведувано и во засебни простории надвор од баптистериумот наречен consignatorium.8

Во текот на 1998 год.. Заводот-Музеј во рамките на конзерваторските активности врз објектот изведе дополнителни истражувања, при што архитектонската основа на објектот беше во целост снимена со сите новооткриени елементи. Објектот с граден од речен и приделкан камен, а како врзивен материјал е употребен кал.

Презвитеруиумот на Малата базилика заедно со апсидалниот простор ги има следните димензии: должина 4.60 м и широчина 3.40-4.50 м. Во длабочината на апсидата иззидана е ниска платформа со П форма идентична на онаа од презвитериумот на Епископската базилика. Од север и југ во продолжение на апсидалниот зид изидани се банкини/седишта за презвитерите. Презвитериумот е одделен од наосот со канцелна преграда и истурен влез од запад. Презвитериумот на Малата базилика по својот облик во потполност го подржува презвитериумот на Епископската базилика. Наосот е со правоаголна форма долг 6.50 м и широк 4.70 м. Јужниот периметрален 5ид на Епископската базилика е искористен како северен зид на Малата базилика. По целата должина на овој 5ид во наосот иззидан е ѕид широк 0.40 м и висок од 0.40 м. Овој ѕид ја има функцијата на банкини/седишта за новопримените верници консигнати. Иста таква банкина иззидана е и по должината на јужниот ѕид од наосот. Идентична банкина иззидана е и долж западниот ѕид во чии средишен дел е вграден влез кој комуницира со нартексот. Нивото на подот во наосот на Малата базилика е за 0.90 м пониско во однос на подот во нартексот на Епископската базилика. поради што за олеснета комуникација поставени се скалила. Со цел да се констатираат градежните фази на двете базиликални градби. изведени се сондирања во наосот на Малата базилика. на просторот пред јужниот влез во нартексот на Епископската базилика. Сондирањето во длабочина од 1.00 м ги даде следните резултати: под подното ниво до 1.00 м константиран е слој на насип. претежно шут. ситен камен. малтер. фрагменти од керамички садови и фрагменти од архитектонско декоративна пластика (делови од транзени). поголем број разнобојни тесели од стаклена паста меѓу кои и едно парче со позлата. Влезот во нартексот на Епископската базилика во длабочина повеќе од 1.00 м е зазидан со камен и кал (ел. 6), a истовремено е отворен нов влез во нартексот на базиликата во висина на сегашното ниво. Овие податоци јасно кажуваат дека првобитното подно ниво во нартексот на Епископската базилика е пониско за повеќе од 1.20 м.

Сл. 6
Сл. 6

Нартексот на Малата базилика има приближно квадратна форма со димензии на внатрешниот простор 4.80 х 4.70 м. Јужниот дел од егзонартексот на Епископската базилика е искористен за северен зид на нартексот од Малата базилика. Нартексот и наосот ги дели зид широк 0.70 м, во чиј средишен дел е вграден влезот за комуникација меѓу двете простории. Јужниот зид е зачуван само во темелната основа и ги има истите карактеристики како и останатите зидови. Подното ниво на просторијата нее истражено.

На објектот кон запад доградена е уште една просторија. Иако оваа просторија не с истражена и е недоволно дефинирана. сепак е видливо дека конструктивно отстапува од вообичаената строго западна позиција. Нејзината архитектонска основа во однос на останатите делови од објектот отстапува од оската исток-запад под кос агол кон север.

Сл. 7
Сл. 7

Како што е веќе наведено, зидовите на Малата базилика се градени од речен и приделкан камен и кал. Истата се наоѓа во фаза на распаѓање. Поради потребата за одржување и презентација на објектот беа неопходни конзерваторски интервенции. Зидовите на објектот беа целосно отстранети и повторно изѕидани со минимално надѕидување на поедини места. При отстранувањето на зидовите од Малата базилика се констатира дека тие лежат директно врз темелите на постар објект. Објектот врз кој лежат зидовите на базиликата е граден од приделкан и речен камен, а како врзивен материјал употребен е варов малтер.

Анализирајќи ја новооткриената состојба на градежните фази на објек-ТОТ до јужниот периметрален зид на Епископската базилика. доаѓаме до следните сознанија: постариот објект кој ја има ориентацијата исток-запад, граден од речен и кршен камени варов малтер, претставува јужен анекс на Епископската базилика во првата фаза на нејзината егзистенција. На ова фаза ѝ припаѓа првото најниско ниво на скалиштето/скалилата кое денес не постои, првото подно ниво на нартексот и егзонартексот, првобитниот баптистериум и првата фаза на презвитериумот. Помладиот објект е граден врз темелите на анексот со Дополнително дограден апсидален простор, со

седишта за презвитерите во продолжение на апсидалниот ѕид и банкините

седишта за новопримените верници долж јужниот и северниот зид на наосот од базиликата (Пл. I, сл. 7). Оваа новооткриена базиликална градба - консигнаториум со наос, нартекс и веројатно егзонартекс. припаѓа на втората градежна фаза на комплексот Епископска базилика, односно повисокото второ скалиште. второто подно ниво на егзонартексот и нартексот, проширениот баптистериум со новата писцина и новото решение на подот во презвитериумот со мермерни плочи во опус сектиле.

ПРЕДВОРИЕ

Во рамките на ранохристијанскиот комплекс на епископиумот на градот Баргала недоистражен е широкиот простор кој го поврзува главниот влез во градот со Епископската базилика. Постојат индиции дека на оваа локација се лоцирани уште неколку објекти кои го надополнуваат епископиумот на градот.

Истражувањата во 1999 год. беа лоцирани во квадратите Г2 и ГЗ од општата квадратна мрежа на локалитетот со површина од 40 х 20 м.

Резултатите од изведените истражувања ги дадоа следните показатели. Откриена е влезната архитектура во предворието на Епископската базилика, објекти и простории преку кои главниот влез во градот комуницира со

Илустрација, стр. 269
Сл. 9
Сл. 9

епископиумот. Објектите имаат повеќе фази на градење и доградувања, па поради тоа за нивно целосно дефинирање неопходни се натамошни истражувања (Пл. I).

Просторија 6p. I и 2. Објект со влезна партија на високо скалиште со маркантни скалила, идентични на оние од Епископската базилика кои водат во правоаголна просторија со димензии 6.80 x 4.60 м (сл. 8). Во оваа просторија дополнително е вградена доцноантичка фурна која е релативно добро зачувана (сл. 9). Кон југ преку едно скалило од два масивни обработени блокови просторијата комуницира со втората просторија. Прагот на влезот во просторијата © составен од два широки андензитни блокови. На краевите од прагот вделкан е по еден жлеб за поставување на парапетни плочи. Под подот на просторијата регистриран е одводен канал. Од оваа просторија се влегува во дворниот простор на Епископската базилика. Дворниот простор на базиликата од југозапад е одбележан со ограден зид, долг 26.60 м, кој се вклопува во општата влезна архитектура на предворието од базиликата и претставува нејзин составен дел (Пл. Ѓ).

Просторија бр. 3 и 4. До источниот периметрален зид на опишаните објекти. дополнително. една до друга. доградени се две мали правоаголни простории - анекси градени од речен и кршен камен врзан со кал. Едната, јужната, е со димензии 2.50 м x 1.40 M, а другата. северната, со димензии 4.70 х 1.30 м. Просториите најверојатно имале функција на складишта, односно Просторија бр. 5. Западно од оград-НИОТ 5ИД, односно јужно од скалиштето, откриена е секундарно доградена просторија со следните димензии: должина 7.20 м и широчина 1.90 м. Како и претходните така и оваа просторија е градена од камен и кал. Просторијата е истражена само делумно во длабочина од 1.25 м (Пл. I).

Илустрација, стр. 271

Регистрираниот движен археолошки материјал најмногу е застапен со фрагменти од доцноантичка керамика, но регистрирани се и наоди од фрагментирана римска грнчарија. Како позначајни ќе ги издвоиме следниве на- Си. 10 оди: две држалки од коска со врежани геометриски орнаменти. керамичка луцерна. амфороидна стомна. фрагмен-ТИ ОД фреско-малтер со врежани графити и посебен раритет претставуваат две ранословенски керамички грниња најдени во просторијата со фурна.9

Сад со јајцевидна форма без држалки. веројатно урна. Садот е со широко нагласени раменици, широк отвор со прав вертикален венец. на поедини места благо назначен кон надвор. Груба фактура. нерамни и асиметрични зидови. Во глината е присутна голема количина на крупен песок и кварцни зрна. Рачно е работен без грнчарско колце. Бојата е светлосива до бледокафена. Димензии: висина 24.5 см. широчина на отворот 16.5 см. пречник на дното 12 см и дебелина на зидовите до 1 см (ел. 10).

Сад без држалки со свртена приближно конусна форма, широк отвор со венец сосема благо извлечен кон надвор. Груба фактура. нерамни и асиметрични зидови. Во глината е присутно големо количество крупен песок И кварцни зрна.

Садот е без орнаменти, рачно работен, без грнчарско колце. Бојата е од светлосива до бледокафена. Димензии: висина 11.7 см и дебелина на зидовите до 0.5 см (сл. 11).

Наведениот ранословенски керамички материјал. најден во длабоките наслаги на пепел, јаглен и гареж заедно со остатоците од паднатата покривна конструкција при насилното рушење на објектот. јасно го регистрира последното опстојување на епископскиот комплекс кон крајот на УГ и првите децении на УП век.

За целокупниот движен археолошки материјал и новооткриената архитектонска целина во предворието на Епископската базилика ќе стане збор во друга пригода. Присуството на првите артефакти на најраната словенска материјална култура. карактеристичната ранословенска грнчарија, на овој локалитет не е изненадување. Идентични керамички фрагменти се регистрирани при истражувањето на средновековната некропола крај црквата Св. Ѓорѓи.10

Илустрација, стр. 272

Аналогни керамички наоди во брегалничкиот регион се констатирани на локалитетите: Варница кај с. Караорман, Казанџиско Маало во Штип и манастирскиот комплекс Св. Архангел Михаил во Берово.11

Иако оваа керамика кај нас засега е малобројна. а според тоа и недоволно проучена. со голема сигурност можеме истата да ја детерминираме како прв весник на присуството на словенскиот етнос во бурните настани кон крајот на VI и УП век на просторот по течението на реката Брегалница.

Zvonko Beldedovski

Zavod and Museum, Stip

Белешки

  1. Големото значење на археолошкиот локалитет Баргала Б. Алексова го навестува во својот прв извештај за резултатите од почетните истражувања во далечната 1966 год. под наслов Баргала-Брегалница во светлината на новите археолошки истражувања. Гласник ини Ор. 3, Скопје 1967, 5-82. ↩
  2. И. Венедиков, Баргала, раскопки и проучвании 1, Софии 1948, 84-85. ↩
  3. Од широкиот опус на научни трудови на академик проф. д-р Б. Алексова за археолошкиот локалитет Баргала ќе ги наведеме следните: Баргала-Брегалница во светлината на на новите археолошки истражувања, Гласник ини бр. 3, Скопје 1967, 5-82; Ранохристијанска базилика во Баргала. Зборник ам. VI-VII. 1975. 28: Баргала и средниот тек на Брегалница. Гласник ини 3. 1983. 85-115: Нови истражувања на баптистериумот во Баргала, Зборник посветен на Б. Бабиќ, Прилеп 1986, 29-38; Епископијата на Брегалница - прв словенски црковен и културно-просветен центар во Македонија. Прилеп 1989, и други трудови. ↩
  4. Б. Алексова, Ранохристијанска базилика во Баргала, Зборник посветен на Димче Коцо, Кн. VI-VII, Археолошки музеј, Скопје 1975, 21-32. ↩
  5. Б. Алексова. Нови истражувања на баптистериумот во Баргала. Зборник посветен на Б. Бабиќ, Прилеп 1986, 29-38, ↩
  6. Истата. Епископијата на Брегалница. Прилеп 1989, 58.50. ↩
  7. Конзервацијата ја изведуваше Заводот за заштита на спомениците на културата и Народен музеј - Штип, под раководство на T. Нацев археолог-виш конзерватор кому му должам благодарност за поедини податоци. ↩
  8. Б. Алексова. Епископијата.... 59. магацински простории. ↩
  9. Белдедовски - Т. Нацев, Баргала, истражување 1988 год. со преглед на позначајните наоди од досегашните истражувања на средновековната некропола, Зборник УП, Завод за заштита на спомениците на културата и Народен музеј - Штип. Штип 1996, 35-46, 44, Т.1, 3; 3. Белдедовски. Баргала - Средновековна некропола. ранословенски елементи. Зборник. Нова серија бр. 1., 1995, Музеј на Македонија, Скопје 1995, 167-179, 171, T. Ги П. ↩
  10. Белдедовски, Брегалничкиот басен во римскиот и раниот средновековен период, Зборник VI - посебно издание. Завод и Народен музеј - Штип 1990, 46, сл. 33, 48, сл. 35 и 49 сл. 38; idem., Словенски материјални елементи од Брегалничкиот басен, Масеԁ. acta archaeol. 14, Скопје 1996, 173-180; Најрани словенски артефакти од брегалничкиот регион, Проблем! славянской археологии. Труды VI Международного Конгресса славянской археологии Том 1. Москва 1997, 186-194, ТТ u II. ↩
  11. Фотографии: К. Спасов, фотограф при Завод и Музеј - Штип; План: Љ. Кљонкова. архитект документатор при Завод и Музеј - Штип. ↩

Summary

Episcopal Basilica at Bargala

-research 1999-

(Summary)

Near the middle course of the Bregalnica River, ca. 12 km east of бр, at the foot of Mt. Plackovica, stands Bargala, one of the most significant Late Antique episcopal cities in the Republic of Macedonia. Archaeological excavations until the present day have uncovered the greater part of the episcopal complex of the city.

The problem of defining the building phases of the uncoyered buildings at Bargala does not bypass the large episcopal basilica (Fig. | and Plate I). Follow-up investigation for the purpose of conservation of some parts of the church have provided additional evidence for the date of its construction, its building phases, and for the end of its existence,

Follow-up investigation of the entrance area together with the staircase and the exonarthex have allowed the definition of three building phases, and the discovery of coins of Constantine under the floor of the exonarthex opens up the possible existence of a religious structure already in the 4" century?

The southern annex of the basilica, i.e., the small basilica/consignatorium taken as a structure in itself, likewise has two building phases (Fig. 7, Plate I). It was built over the foundations of an older structure that was connected with the first phase of the basilica.

The archaeological investigations carried out in the forecourt of the basilica added one more significant architectural element to this monumental episcopal complex. An entrance was noted to the courtyard of the basilica, and the courtyard itself was enclosed on the southwest by a strong wall.

In the architectural complex in a later phase a Late Antique oven was built. Here in this space, the final phase of existence of the episcopal complex is clearly shown. The building was destroyed in a great fire. The deep deposits of charcoal and ash, together with the fallen roof are clear indications of the violent destruction of a building at the end of the 6" or the beginning of the 7 century. In this debris we found the first artifacts of Slavic material culture, typical Early Slavic pottery (Figs. 10 and 11).

Translated by Carolyn S. Snively