Macedoniae acta archaeologica 16 (2005) · стр. 247–258

Ранохристијанска базилика кај Дуње-Мариово

Базиликата е откриена на локалитетот Трпчева Црква кај селото Дуње1 во 1983 година при рекогносцирањето во атарите на селата Кален, Пештани и Дуње. При оваа посета со сигурност не беше утврдено дали архитектонските остатоци од зидови. зидани од камен и варов малтер, претставуваат остатоци од рурална или сакрална архитектура. Локалитетот се наоѓа во атарот на селото Дуње. а се наоѓа 3 км југозападно од селото, на блага висорамнина што се протега во правец североисток-југозапад. со благ пад кон север, односно кон Каленска Река и кон исток во правец на селото Дуње.

Во 1985 година мештаните на селата Дуње и Кален без да го известат Заводот и Музеј во Прилеп го расчистиле теренот. и откако им се отцртала основата од темелите на базиликата. односно нејзиниот наос, изѕидале нова црква од камен и кал. при што ги следат темелите на наосот на базиликата и нејзината полукружна апсида, а ги оставаат надвор од неа нартексот и помошните простории што биле во југозападниот дел на базиликата (сл. 1). Ваква ситуација затекнавме во 1991 година при нашето прво заштитно ископување на раносередновсековната словенска некропола која се протег а во и околу старохристијанската базилика, наречена од мештаните Трпчева Црква. Со овие заштитни ископувања се потврди кажувањето на мештаните дека околу црквата има гробови во кои се наоѓаат гробни наоди од накит изработен од метал со зелена боја.2

ЈІ. Кепеска, Словенска некропола кај с. Дуње-Мариово, Масеԁ. acta archaeol. 13, Скопје 1992, 245. Со натамошните археолошки истражувања во наредните години, во кои примарно беше истражувањето на средновековната некропала, етапно беа откривани и остатоците од ранохристијанската базилика, и тоа како се следеше и истражуваше некрополата, започнувајќи од исток, а завршувајќи на југ.

Сл. 1. Новоизѕидана црква од запад
Сл. 1. Новоизѕидана црква од запад

По повеќегодишните истражувања на овој локалитет, покрај некрополата беше откриена и старохристијанска базилика со нартекс, баптистериум, катехуменеум и помошни простории или, пак, егзонартекс на западната страна (ел. 2). Базиликата е зидана од приделкан камен и квалитетен варов малтер, со дебелина на зидовите од 0.70 м и со малтерисани фуги меѓу редовите на камен од двете страни на зидовите. Базиликата е ориентирана во правец и-3. со мала, релативно плитка полукружна апсида на источната страна, наос со речиси квадратна форма, правоаголен НарТеКе на западната страна, кружен баптистериум на југозападниот агол и правоаголен катехуменеум западно од баптистериумот.

Наосот на базиликата е долг 8.50 м, а широк 8.75 м, со полукружна, релативно плитка апсида на источната страна, со димензии 2.60 х 1.45 м, мерено од внатрешната страна на наосот. Влезот во базиликата има централна диспозиција на западниот зид, а на 3.70 м од југозападниот агол на јужниот зид, имало уште еден влез, односно излез, широк 1.10 м.

Сл. 2. Основа на базиликата
Сл. 2. Основа на базиликата

На источниот зид од наосот, лево и десно од апсидата, на оддалеченост од 0.30 м од нејзините агли. од источниот зид. излегува од двете страни по еден зид широк 0.70 м кои одат во правец на запад во должина од 1.50 м. Овие два идни издатоци од источниот ЅН претставуваат преградни зидови на

олтарниот простор од север и југ, на чии краишта биле фиксирани мер-

Сл. 3. Нартекс од северна страна
Сл. 3. Нартекс од северна страна

мерни плочи ОД олтарна преграда.3 Масивноста на овие два ида, какои истовременото зидање со источниот зид на базиликата. зборуваат во прилог на тоа дека тие биле веројатно носечки зидови на лаци од полукружна сводна конструкција, со можна мала купола во средината. За тоа говори и фактот што и на западниот зид на наосот, од внатрешната страна лево и десно од ВІІСЅОТ, рабовите на ЅНОТ не се рамно 5идани, туку се разјадени и нерамни, па постои веројатност дека и од западниот зид излегувале два зида долги по 1.50 м и широки 0.70 M, кои ги носеле лаците на полукружната сводна конструкција од западната страна. Ова со сигурност не можеме да го потврдиме, затоа што од западната страна не се пронајдени Остатоци од носечките зидови. Тие најверојатно се израмнети или кренати при градбата на црквата во 1985 год.. меѓутоа, остатоците на двата зида од источната страна наведуваат на логична претпоставка дека имало исти такви носечки 5идови и на западната страна на наосот од базиликата. Во прилог на ваквото внатрешно решение на внатрешниот простор на наосот, зборува и големото присуство на блокови од бигор, со разни димензии и форми, кои обично се вградуваат

Сл. 4. Баптистериум од југоисток
Сл. 4. Баптистериум од југоисток
Сл. 5. Спој на баптистериумот со базидека е нелогично и непрактично ликата, јужна страна
Сл. 5. Спој на баптистериумот со базидека е нелогично и непрактично ликата, јужна страна

ликата би била таа да била трибродна, што е помалку веројатно, бидејќи траги од столбови или, пак, зидани столбци не се најдени ни во базиликата ниту, пак, околу неа. Вакво трибродно решение речиси е неизводливо и заради малиот простор, односно ширината на наосот, при што, доколку централниот брод бил широк 4.70 м. за страничните бродови би останало по 1.35 M корисен простор. што мислиме за функцијата на базиликата.

Нартексот е правоаголен, зидан едновремено со наосот на базиликата, долг е 11.50 м, а широк 2.25 м со правоаголна просторија на северозападниот агол - Ѓаконикон, со димензии 2.65 х 2.25 M (ел. 3). На западниот 5ид на нартексот има два влеза, симетрично поставени на влезот во наосот, кои се широки 1.20 м. Нартексот на југозападната страна завршува со кружна просторија со пречник 3.30 м, во која има два влеза со ширина 1.00 M, едниот од западната страна, а другиот од северната, преку кој оваа просторија се поврзува со нартексот, а преку него и со наосот (сл. 4). Напоменуваме дека оваа кружна просторија, што најверојатно претставува баптистериум на базиликата, не е истовремено 5идана со наосот, туку е прилепена на него, а овој спој најдобро се воочува на јужниот негов зид (сл. 5). Во прилог на тоа дека оваа просторија служела за баптистериум, потврдува и правоаголниот гранитен блок со димензии 0.95 x 0.55 x 0.27 M, потпрен на источната внатрешна страна на кружниот зид (ел. 6). На горната потесна страна од овој

Сл. 6. Камен постамент во баптистериумот
Сл. 6. Камен постамент во баптистериумот

гранитен блок во средината има издлабена дупка 10 х 10 см, во која

Сл. 7. Катехуменеум од запад
Сл. 7. Катехуменеум од запад

најверојатно бил фиксиран метален или камен сад за вода, со која се вршел чинот на покрстување со полевање на клекнатиот катехумен пред камениот блок. Потоа, покрстениот низ северниот влез во нартексот преминувал како христијанин во наосот на базиликата. Пред баптистериумот, од неговата западна страна. изѕидана е правоаголна просторија со димензии 3.60 x 3.00 м, поврзана со баптистериумот со влез широк 1.00 м, а од северната страна истата е поврзана со егзонартексот со влез, исто така широк 1.00 м (ел. 7). Поврзаноста на оваа просторија со баптистериумот. од една страна, и со егзонартексот од северната страна. со право не наведува на нејзината примена како катехуменеум. односно подготвен претпростор за катехумените. Дали постоел влез во катехуменеумот од западната страна не можевме да утврдиме, зашто зидот од таа страна беше многу оштетен, речиси без основа. Тесната и долга просторија од 8.80 х 1.90 м во правец север-југ, што ја чинат делумно срушениот (ВО средината) ЅН, од западната страна и западниот зид на нартексот, со влез од северната страна, широк 1.10 м, претставува долг ходник со приод кон катехуменеумот (сл. 8). Дали оваа просторија е егзонартекс или, пак, помошна просторија во функција на заштитен приод

кон катехуменеумот тешко може да се одреди најнапред, заради големите

Сл. 8. Зачуван дел4 од егзонартексот
Сл. 8. Зачуван дел4 од егзонартексот

оштетувања на западниот нејзин зид, а исто така и заради неизината широчина од само 1.90 м.

Од движниот археолошки материјал во и околу базиликата откриени се повеќе фрагменти од мермерните релјефни плочи на олтарната преграда, и тоа сите употребени како градежен материјал во гробните конструкции на раносредновековната некропола, исклучиво во нејзиниот северен дел. Главно, се работи за два вида украси, релјефно изведени од двете страни на парапетните плочи од олтарната преграда (сл. 9). Од едната страна плочите се украсени со мотив на рибини крлушки. изведени со пластични полукружни ленти со по еден трилист во средината. На опачината на овие плочи, во средината, релјефно ¢ изведен Христовиот монограм затворен во кружна лента од чиј јазол во долниот дел излегува по еден ластар од бришлен, кој лево и десно од монограмот завршува со по еден лист, врз кој стои крст со малку проширени краеви на краците. Аглите на плочите од оваа страна се украсени со релјефен приказ на вегетабилни елементи од тројни јајцевидни листови. Слични мотиви како кај овие парапетни плочи од нашата базилика наоѓаме кај парапетните олтарни плочи од базиликата кај село Суводол.5

Сл. 9. Делови од парапетни плочи од олтарната преграда
Сл. 9. Делови од парапетни плочи од олтарната преграда

Овој мотив, полукружно поле или крлушки од риба со тролист во средината или без него, познат с како чест мотив во мозаичното украсување на

Ф. Месесне л. Ископавања у Мариовском Суводолу - први извештај о старохришчанској Базилици, Гласник Скопског научног друштва, књ. XI, Скопље 1932, 202. подовите на повеќе базилики од тоа време, како оние во Стоби, Хераклеја и др.6 Разликата меѓу нашите плочи и оние од суводолската базилика се состојат во тоа што таму пластичниот украс со рибини крлушки е изведен со полукружна лента, профилирана по средината и слободно поле, а кај нашите лентите се цели, а просторот меѓу нив е украсен со по еден тролист. На опачината, односно од внатрешната страна на презвитериумот, сите суводолски плочи се украсени со по еден пластично изведен голем крст. Кај нашите парапетни плочи, покрај Христовиот монограм, ластарите од бршлени се украсени со по еден лист и крст врз него, а украсени се и сите агли на плочите со релјефен орнамент на тролист. Од столпчињата што ги спојувале овие парапетни плочи не е најдено ништо, како и од нивните капители, освен еден мал фрагмент од капител на кого се видливи траги од пластичен украс со акантови лисја. Од базиликата најверојатно е и мермерниот прозорски мено, вграден во новата црква, непосредно над влезот во неа (сл. 1). Од останатиот движен археолошки материјал, освен неколку атипични фрагменти од доцноантички керамички садови, најдени се и две мали бронзени монети, надвор од базиликата при копањето на просторот меѓу гробовите, од кои едната му припаѓа на императорот Koucrauc I,7 а другата на Теодосие 1.7

Кого го опслужувала оваа базилика засега не ни е познато, зашто таа е изградена на слободен простор, а во нејзина непосредна околина засега нема со сигурност утврдено некоја населба. Постојат индиции дека населбата би можела да биде на неколку стотини метри североисточно од неа, на рамното плато што се протега кон североисток, зашто таму на повеќе места8 се видливи КУПОВИ ОД градежен камен, како и остатоци од зидови од засега непознато време. Од порано е познато дека во атарот на селата Пештани, Дуње и Кален постоела римска населба Достонеја, односно сојуз на неколку населени места со заедничка управа. Ова е потврдено на натписот вграден во селската црква во селото Пештани, каде се споменува постоењето на тој сојуз од повеќе населени места.9 Не ја исклучуваме можноста оваа базилика да ги опслужувала подоцнежните жители на една од населбите што влегувале во рамките на општинскиот центар Достонеја, што била лоцирана на платото од десната страна на Каленска Река.

По типот и димензиите нашата базилика му припаѓа на ареалот на старохристијански селски базилики, солидно градени, но без мозаични подови, туку со подови од шкрилести плочи, базилики со сите придружни простории за извршување на функциите за кои биле изградени. Ако сме во право дека кружната просторија претставува баптистериум. а просторијата пред неа катехуменеум. нашата базилика слободно може да се смести во кругот на базиликите од југозападна Македонија, кои се сметаат за постари од оние од времето на императорот Јустинијан 1.2 Сметаме дека оваа базилика влегува во кругот на старохристијанските базилики од Охридско-преспанскиот басен. какви што се оние од с. Покрвеник, с. Октиси и др.10 Фактот што нашата базилика е изградена на слободен простор. зборува за време кое било мирно, без поголеми опасности од страдање на објектите од воени дејствија и рушења, што не е случај со подоцнежните базилики кои се градат внатре во тврдините или населбите, заштитени со одбранбени бедеми и кули. Таков е случајот со базиликите откриени на соседниот локалитет Градок и со многу други базилики откриени во соседството. па и подалеку.11 Имајќи ги предвид сличностите во решавањето и лоцирањето на придружните објекти од нејзината јужна страна, како и непосредната близина и заеднички елементи со базиликата од Суводол, мислиме дека нашата базилика била изградена во времето пред големата акција на изградба на одбранбени објекти од страна на императорот Јустинијан 1. Kostadin Kepeski Zavod and Museum-Prilep

Белешки

  1. Л. Кепеска, K. Кепески, Б. Китаноски, Мариово - рекогносцирање, Arheoloski Pregled 25, Beograd, Ljubljana 1986, 117. ↩
  2. - прелиминарен извештај, Македонско наследство. година IV, бр. 0. Скопје 1000. 85. ↩
  3. Т. Нацев. Ранохристијански период во Македонија II, Базиликата од VI век кај Криви Дол - прелиминарен извештај, Македонско наследство, година IV, бр. 9, Скопје 1999, 85. ↩
  4. Ф. Мессесл. Ископавања у Мариовском Суводолу - први извештај о старохришчанској Базилици, Гласник Скопског научног друштва, књ. XI, Скопље 1932, 202. ↩
  5. ЈІ. Кепеска, Трпчева Црква - истражувања 1997, Масеԁ. acta archacol. 15, Скопје 1999, ↩
  6. Б. Алексова, Старата епископска базилика во Стоби, Годишен Зборник на Филозофскиот факултет-Скопје, Скопје 1985, 43: Г. Цветковиќ - Томашевиќ, Рановизантијски подни мозаици, (Дарданија, Македонија. Нови Епир). Београд 1078, 34. ↩
  7. H. Cohen, Monnaies sous I empire romain, Graz 1955, УШ, 18, 51. ↩
  8. Ф. Папазоглу, Македонски градови у римско доба, Жива Антика. посебна издања, књ. 1. Скопје 1957, 210. ↩
  9. B. Битракова-Грозданова - Б. Пупалески. Ранохристијанска сакрална архитектура во Преспа. Лихнид 7. Охрид 1989, 29: Б. Алексова - В. Лилчиќ, Ранохристијански цркви во Македонија, Македонско наследство год. I, бр. 5, Скопје 1997, 18. ↩
  10. Битракова-Грозданова, Базиликата во Октиси, Лихнид 7, Охрид 1989, 23. ↩
  11. H. Чаусидис, Неколку доцноантички градишта во Мариово, Масеԁ. acta archaeol. 13, Скопје 1992, 221, ↩

Summary

Early Christian Basilica at Dunje-Mariovo

(Summary)

The basilica was discovered at the site of T'rpcéeva Crkva, near the village of Dunje, as the result of archaeological salvage excavations of the Early Medieval cemetery, which extends to and around its architectural remains.

The basilica has modest dimensions, with an almost square naos 8.50 x 8.75 m, a small semicircular apse at the east side, a narthex with diakonikon 11.50 x 2.20 m, a baptistery with a diameter of 3.30 m and a katechoumeneion 3.60 x 3.00 m. It ends with an annex at the west of 8.80 x 1.90 m. The church was solidly built of worked stone and lime mortar of good quality; the floors of the naos and the other rooms were paved with slate slabs bonded with horosan mortar. The narthex ends at the north in a diakonikon and at the south in a circular baptistery, in which baptism was carried out by pouring on the believers holy water from a vessel that stood on a rectangular granite block leaning against the east wall of the baptistery. To the west of the baptistery, a rectangular room had been added for the preparation of the believers before baptism, ге. the katechoumeneion; this was connected with the baptistery and through it with the narthex and thus the naos of the basilica.

From the type and arrangement of the annex rooms of the church, it belongs to the group of basilicas from the pre-Justinianic period, characteristic for the southwest part of Macedonia, in the placement of the baptistery and katechoumeneion on the south side of the church. Chronologically, the construction of this basilica falls into the period before the major construction projects of fortifications by the emperor Justinian I. This conclusion is indicated by the fact that the basilica stands in the open, rather than in any kind of protected space, which is proof that it was built in relatively peaceful times.

Translated by Carolyn S. Snively