Macedoniae acta archaeologica 16 (2005) · стр. 189–209

Римски гробови од Дојранско

Содржина
  1. Во првата група се предмети за секојдневна ©: 12. Светилка од гробот 4
  2. КАФЕНАСТА ЗЕМЈА
  3. Наоди од гроб 4 Светилка од гроб 4
  4. ЛОКАЛИТЕТ КАРАУЛА
  5. ЗАВРШНИ РАЗГЛЕДУВАЊА
  6. National Museum, Gevgelija

Сегашната населба Нов Дојран е изградена врз урнатините на античката населба што егзистирала на западниот брег на Дојранското Езеро.1 Врз основа на античките литерарни податоци. некои научници кај Дојран го лоцираат античкиот град Добер. додека други сметаат дека овде се наоѓала станицата Тауријана,2 којашто се наоѓа на Појтингеровата карта.

Затоа археолошкиот движен материјал и архитектонските остатоци од Дојран и неговата околина, ако се иземат споменативе истражувања од 1960 и 1974 година.3 главно, е наоѓан и прибиран при вршење на разни земјени работи и изградбата на денешната населба.

Таков е и овој случај, кога во текот на февруари 1998 год. беа преземени инфраструктурни ископувања во Дојран. при што се откриени и уништени повеќе римски гробови. По известувањето и излегувањето на терен, стручната екипа на Народниот музеј од Гевгелија“4 констатира дека всушност се работи за оштетувања на локалитетите Манастир и Караула.

Накусо ќе дадеме опис на затекнатата состојба пооделно за секој лока-

литет, која најблаго може да се

рече дека беше катастрофална. Локалитетите ќе ги презентираме пооделно и поради фактот што застапениот погребен ритуал беше со типолошка и хроно-

лошка разновидност.

Илустрација, стр. 190

Локалитетот Манастир кој. за жал, денес го зафаќа централниот дел на Дојран, што е најгусто населен и е најмногу оптоварен со современа урбанизација, беше уништен со ископување на канализациони канали заради приклучување на централното градско подрачје во колекторскиот систем на Дојранското Езеро. При-

Fywedr'99

тоа, бидејќи земјените работи се изведуваа со тешка механизација,

Фрагменти од стаклени садови

беа констатирани шест целосно и четири делумно оштетени гробни конструкции. Сепак, вкупниот број уништени гробови не можеше да се утврди од причина што дел од ископаните канализациони канали, во должина од околу 150 м, веќе беа затрупани, а по површината насекаде имаше расфрлено делови од конструкциите (тегули, имбрекси. варов малтер. тули, мермер) и инвентарот на најмалку десетина гробови (Т.Г-Ш).

Земајќи ги предвид условите и начинот на кој се изведуваа работите и ситуацијата која ја затекнавме на теренот, не може да стане збор за примена на која било методологија при истражување на некрополи. Целата работа се сведе само на прибирање на инвентарот од разрушените гробови и буквално трчање пред багерите за доистражување на делумно разурнатите гробни целини.5

Овде целосно ќе ги прикажеме само четирите гробови (гробовите 1-4), кои, иако беа оштетени од механизацијата. сепак имаа доволно зачувани

. елементи за нивна реконструкција. Од минимално зачуваните делови на шеста разрушени гробови (гробовите 5-10) и нивните расфрлени остатоци, единствено можеше да се утврди нивната конструкција и ориентација, а никако и нив-

Илустрација, стр. 191

ната големина.

Каталог на гробовите

ГРОБ 1 (T.IV)

Конструкција - јама со неправилна правоаголна форма вкопана во жолтеникава здравица од ме-

Илустрација, стр. 191

T. Ill

Фраг менти од македонска сива

тера сигилата

ка карпа, покриена со покрив на две води од тегули со дим. 175 x 70 см и ориентација и-3. Начин на погребување - во јамата било извршено скелетно погребување. Покојникот бил положен на грб. десната рака свиткана со дланката во пределот на стомакот, а левата испружена покрај телото. Остеолошки остатоци - скелетот е добро зачуван со должина од 153 см.

Гробни прилози - два керамички сада со мали димензии до левата потколеница на покојникот:

мала чашка со една држалка, благо биконусен реципиент со нанадвор извлечен венец и вовлечено дно. Две плитко врежани хоризонтални канелури на мевот, црвено печена со примеси на лискун; вис. 10 см.

Фрагментирани керамички

садови

Илустрација, стр. 192

- мала стомна со една држалка. високо подигнат мев со јајцевидна форма и една врежана хоризонтална канелура. Кус врат со мала лентеста држалка поврзан со мевот, а венецот е украсен со дворедна лентеста профилација. Дното е стеснето и конкавно вовлечено. Црвено печена со примеси на лискун; вис. 15 см. (Т.Гу, 2).

ГРОБ 2 (T.V; cn. 1-2)

Консирукција - гробница конструирана од секундарно преработени архи-

насца тектонски елементи, дело-

кафенасша ви од постар саркофаг од атички тип, ориентација с-ј, со мало отстапување кон с/3-ј/а. Мермерните сполии

земја i 152 кара беа поврзани со варов мал-

(лина ) (роѕ 2

тер во гробна комора со дим. 245 x 134 x 92 см (215 x 106 x 92 см), затворена со две покривни плочи, исто така споени со варов малтер. Сите сполии се од фин ситнозрнест бел мермер. Покривните плочи беа нивелирани со мермерни фрагменти распоредени од надворешната страна околу целата комора. На север-

2342 creme” CE 1 оџак ната покривна плоча имаше две кружни алки од железо со четвртест пресек, залеа-НН СО олово во мермерот. кои служеле за подигање на плочата за подоцнежните погребувања (сл. 3). Дното поплочено со мер-

ала ња

мерна плоча со дебелина од 3 см, а на северната страна

0 50 1M каа

беше поставено перниче

Пресек и основа на гроб 2

од истата плоча. Гробница-

та беше вкопана во жолтеникава здравица од мека карпа на длабочина од 2.5 м (сл. 4). Целата гробница врз покривните плочи беше покриена со камења и фрагменти од тули и тегули, врзани со варов малтер. со импозантни димензии: 345 х 170

Сл. 1. Гробот 2 по отворањето. со поставе-
Сл. 1. Гробот 2 по отворањето. со постава-

Од мермерните елементи на постариот саркофаг од атички тип разликуваме делови од покривот на две води. долен дел од покривот и една страна од саркофагот.

Источната подолжна плоча е дел од поклопец на две води пресечен секундарно на два дела. Предната коса страна била декорирана со пластично изведен украс кој имитира ќерамиди. На едниот агол има масивна акротерија без декорација (цр. 1, сл. 5).

На потесните страни на северната покривна (up. 2, сл. 6-7) и

ната канализациона шахта врз јужната

јужната попречна плоча, (цр. 3)

покривна плоча

гледаме фриз со плитки касети со ромбови, секундарно пресечени, ограничени со тричлени ленти во чиј средишен дел се врежани по две линии. Во центарот на ромбовите. како и во аглите на касетите, Врежани се неколку видови розети: четири и петлисни детелини, осумлисни розети со остри врвови и розети со тор-

Сл. 2. Гробот 2. конструкција На комората дирани листови. Двете
Сл. 2. Гробот 2. конструкција на комората дирани листови. Двете
Сл. 3. Гробот 2, пред отворање. северна покривна плоча
Сл. 3. Гробот 2, пред отворање. северна покривна плоча

соседни подолжни страни се декорирани по хоризонтала, едната со високи дволисни акантуси, а другата со широки повиени акантусови лисја. На северната покривна плоча, меѓу овие акантуси има претстава на лов на лавови. Претставени се три човечки фигури. од кои. едната е претстава на жена која во рацете држи по два акантусови лисја и две лавовски глави. Едната машка фигура во раката држи копје спремно за фрлање. Можеби и меѓу повиените акантусови лисја на јужната попречна плоча имало релјефна претстава, која дополнително е уништена со засекувањето за спојување на комората (цр. 4-5, сл. 8).

Сл. 4. Гробот 2, детал
Сл. 4. Гробот 2, детал

Западната странична плоча исто така е декорирана: горе

со рамен профил. потоа мал киматион без декорација. и две

групи на канелури во облик на издолжена латинска буква ..С“ свртени обратно една од друга

Голема штета е направена со секундарното сечење, така што не можеме да добиеме попрецизна слика за изгледот на

саркофагот.

Начин на погребување - во гробницата било извршено скелетно погребување на три индивидуи. Едниот покојник бил положен на гро со главата на

перничето (скелет 1), а другиот веднаш до него дислоциран (скелет 2). доде-

Цртеж 1. Источна подолжна плоча
Цртеж 1. Источна подолжна плоча
Сл. 3. Гроб0 2, детањ платно проткаено со златен конец (сл. 10). Во пределот на карлицата меѓу скелетите 1 и 2 има:
Сл. 3. Гроб0 2, детаљ платно проткаено со златен конец (сл. 10). Во пределот на карлицата меѓу скелетите 1 и 2 има:

ка остеолошките остатоци на третиот покојник беа собрани во југоисточниот агол на коморатаб6

Остеолошки остатоци - добро зачувани, скелетите 2 и 3 се некомплет-

Гробни прилози - на левата подлактица на скелетот 1 има фрагмент од

- златен прстен со селипсовидна форма. направен од алка нешто поширока кон главата. која е рамна со октогонален облик и вметната гема од тробоен сардоникс во форма на пресечен елипсовиден конус. На темата има врежана претстава на жена облечена во долг хитон и која во двете раце држи по еден факел. Свртена на лево, во расчекор со десната нога напред. Рамената на прстенот се со триаголен пресек и украсени со врежување, така што се добива расчленување на алката и изгледа како главата на прстенот да е работена посебно и дополнитено налемена. Димензии: на алката 20 x 17 мм (15 x 12 мм); на главата 17 x 13 мм; на алката 1-4 мм (T.VI, 1);

- фрагмент од златен ѓердан изработен од жица со кружен пресек, составен од двоен Т.Н. Хераклов јазол И од светлозелена цилиндрична стаклена паста со полигонален пресек; должина 65 мм (T.VI, 2);

Цртеж 3. Јужна попречна плоча
Цртеж 3. Јужна попречна плоча

- белегзија (нецелосна) од црна стаклена паста со квадратен пресек. ОД надворешната страна е украсена со мотив на меандра; залемена со златен лим: дим.: на фрагментот 46 х 5 х 4 мм

Сл. 6. Гроб 2, северна покривна плоча. детал
Сл. 6. Гроб 2, северна покривна плоча. детал

- по едно монисто од дрво (6 х5 мм) и коска (11 x 8 мм) со кружно-елипсовидна форма, и десет мониста од стаклена паста со темнозелена до сина боја. со многу мали

димензии (2 x 2-3 x 4 мм)и иста форма (T.VI, 4-6).

Сл. 7. Гроб 2. северна покривна плоча. детал
Сл. 7. Гроб 2. северна покривна плоча. детал

ГРОБ 3 (T.VII, сл. 11)

Конструкција - гробна конструкција од тегули на две води со димензии 100 x 40 см. растурена јужната страна со копањето.

Начин на погребување - скелетно погребување на дете. положено на грб во правец и-3.

Сл. 8. Гроб 2. северна покривна плоча, детал жолтеникава здравица - гли-
Сл. 8. Гроб 2. северна покривна плоча, детал жолтеникава здравица - гли-

Остеолошки материјал - зачуван е во фрагменти. растурен со копањето.

Гробни прилози - три бронзени монети на Констанциј П (337-361) (Т.УП, b.).

Конструкција - погребување во тесен ров и покриен со камени плочи, вкопан во

Цртеж 6. Западна подолжна плоча
Цртеж 6. Западна подолжна плоча

на на длабочина од 110 см.

Сл. 9. Гроб 2, tio отшворањешо
Сл. 9. Гроб 2, tio отшворањешо

Начин на погребување - скелетно погребување на возрасен покојник положен на грб, со ориентација с-ј.

Остеолошки остатоци - добро зачуван скелет.

Гробни прилози - бокал до левото стапало покриен со мал камен, чинија и светилка меѓу стапалата на покојникот;

- бокал со топчесто тело, благо хоризонтално наребрен, кус и широк врат украсен со три хоризонтални ребра, со здебелено и хоризонтално пресечено устие. Конкавно вовлечено дно со брадавица и вертикално вжлебена држалка. Сиво печен со примеси на лискун; вис. 17 см (Т.УШ, 2);

Сл. 10. Гроб 2, скелет 1, фрагменти внатрешната и надворешната од илашно
Сл. 10. Гроб 2, скелет 1, фрагменти внатрешната и надворешната од илашно

- плитка чинија со хоризонтално извлечен венец, украсен со засеци по горниот раб на венецот и два концентрични круга околу целиот венец. Широко и рамно дно украсено со по два концентрични круга од страна. Сиво печена, премачкана со светол сив премаз со метален сјај; дим.: 11. - 25.5 CM; II. (дно) - 14 см; шир. (венец) - 2.3 см; вис. - 5 см (Т.УШ, 1);

Са. 11. Гроб 3 по отворањето украсено со осум пара концен-
Сл. 11. Гроб 3 по отворањето украсено со осум пара концен-

- светилка со кружна форма на телото, со стеснет клун трапезоидно всечен во рамото до работ на дискот. Дискот украсен со претстава на лав, полуисправен на десно. Рамото трични кругови и поделен со два панели со мотив на борово гранче. Лентеста држалка украсена со три вертикални канелури. Дното рамно со печат: STR, врамено во два концентрични круга. Црвено печена, премачкана со разредена црвена боја. Дим. долж. - 10.5 cm, шир. - 7.9 см, вис. - 3.5 см (Т.ІХ, сл. 12).

Илустрација, стр. 201

Малиот број гробови. како и нивното уништување со тешка механизација, а со са-

Гушер £98

мото тоа и на наодите. не ни овозможува да

Наоди од гроб 2, 1-6; 7 - сребрена обетка

добиеме поцелосна

од разрушен гроб

слика за погребните обичаи и претстава за покојникот во моментот на погребување. Освен гробот 2, кој имаше оштетувања во надгробната конструкција, сите други гробни содржини беа или делумно или целосно уништени и собрани. Според материјалот и функциј
слика за погребните обичаи и претстава за покојникот во моментот на погребување. Освен гробот 2, кој имаше оштетувања во надгробната конструкција, сите други гробни содржини беа или делумно или целосно уништени и собрани. Според материјалот и функцијата, гробните наоди можат да се поделат во две групи.

Во првата група се предмети за секојдневна ©: 12. Светилка од гробот 4

употреба: керамички садови, светилки, стаклени садови и др. а во втора-

та група се предмети за лична употреба: накит. монети и друго.

Керамичките садови, стомни и чаши со една држалка,7 се доста чести нао-

7 Фрагментираната стомна од разрушен гроб T. Ш. 1, е сиво печена. ди на локалитетите во Македонија. Пронајдени се во Скупи.8 Cro6u,9 Исар-Марвинци.10 Демир Капија.11 а поради својата

Формула

КАФЕНАСТА ЗЕМЈА

широка примена во домаќин-

2

ството се среќаваат и во другите провинции. датирани од | до V век.12 Поради трансформацијата на формата (отсуство на премаз. лошо прочистена глина со мека фактура, високо подигнат мев „кус врат“ вовлечено дно со брадавица. лентесто профилиран венец). нашите наоди би можеле да ги датираме во доцно римско време. односно во Ш-ГУ век.13

Илустрација, стр. 202

Вкупно беа пронајдени три бокали. од кои, само еден е дел од гробна содржина, бокалот од гробот 4. Нашиот примерок е идентичен со бокалот од гроб 66 од Исар-Марвинци. датиран во IV век од н.е.14

Другиот бокал е со крушко-

Гушер £'99

видна форма на телото, украсеа) северен профил на каналот со гробот 3

но со канелури. поставено на

6) наоди од гробот 3

низок прстен со вжлебено и вовлечено дно со брадавица. Вратот е цилиндричен. околу средината прстенесто проширен. со поширока горна половина орнаментирана со една ка-

Илустрација, стр. 203

Наоди од гроб 4 Светилка од гроб 4

нелура. Венецот на устата е здебелен и косо засечен надолу. Лентестата подолжно вжлебена држалка го спојува проширувањето на вратот со мевот. Сиво печен, изработен од средно прочистена глина со примеси на песок. Сличен бокал е пронајден во Базиликата I во Скупи. датиран исто така во IV век"15 (Т.Ш, 2).

Последниот бокал е црвено печен со биконусно тело и рамно дно. Вратот и држалката недостасуваат. Бокалот. по се изгледа. е дополнително перфориран со два отвора и употребуван како огнишен сад. бидејќи речиси целиот однадвор има траги од горење. Според предходните наоди и него би можеле да го датираме во доцноантичкиот период.

Во гробот 4 е пронајдена една чинија, т.н. македонска сива тера сигилата и една светилка. Аналогии за чинијата среќаваме како на поблиските локалитети Исар-Марвинци!е16 и Стакина Чешма-Валандо-17 во. така и во поголемите центри Стоби,18 Херакneja,19 Скупи,20 Улпијана2!21 и др. Секаде е датирана во IV-V век, без разлика дали е пронаоѓана во станбени слоеви или некрополи.

Илустрација, стр. 204

Речиси идентична ламба како нашата од гробот 4 е пронајдена на атинската Агора.22 датирана во втората половина на Ш век. а на Исар -Марвинци во гробот 69 е пронајдена ламба датирана во првата половина на IV век, која на дното има сличен печат со буквите STR23. Елементите и стилот, како и квалитетот на изработката укажуваат дека нашата ламба с атички увоз.

Сите примероци на накит беа пронајдени во гро-

1 u 2 - наоди од разрушени гробови;

бот 2, освен сребрената

3 - 5 наоди од гроб 11

фрагментирана обетка со зачувана петелка за закопчување од разрушен гроб (T.VI, 7).

Судбината на гробницата беше поинаква од ситуацијата со другите гробови. Таа имаше претрпено сериозни оштетувања само на надгробната конструкција, додека гробната комора не беше отворена од механизацијата.

Но, сепак, содржината на гробницата била испразнета уште во античко време. Таа или била ограбена пред последното погребување, или семејството на последно погребаниот била осиромашена, па тие самите ја испразниле, иако тој самиот бил погребан со скапоцена облека проткаена со златен

Накитот според местоположбата на наоѓање, по се изгледа, припаѓал на втората погребана индивидуа, чиишто остеолошки остатоци беа значително уништени и распослани до западната подолжна плоча.

Според карактеристиките на прстенот (полукружен пресек на алката со рамна внатрешна површина, рамена со триаголен пресек декорирани однадвор), тој може да се датира во Ш век и понатаму.24

Исто така, во Ш-ТУ век можеме да ги датираме и фрагментите од ѓерданот, белегзијата и сребрената обетка, како и разнобојните мониста од стаклена паста, кои сигурно се делови од некоја ниска.25

ЛОКАЛИТЕТ КАРАУЛА

Локалитетот Караула ја зафаќа јужната периферија на Нов Дојран, простирајќи се југозападно од локалитетот Манастир и југоисточно од месноста Пољана, каде со кусо рекогносцирање за времетраењето на оваа акција беа констатирани остатоци од иситнета садова и градежна керамика, кршен камени варов малтер.

Во рамките на локалитетот со булдожер беа нивелирани улиците „Мирye Ацев“ и „Едвард Кардел“ поради поставување на асфалтна подлога на истите. Во времето на нашето пристигнување на теренот, градежните работи веќе беа завршени. Единствено што можевме да направиме беше да ги собереме ретките преостанати расфрлени наоди по теренот, при што беа пронајдени: кус бодеж. бронзена спатула, фрагментирана гробна касета од тули и ситни фрагменти од садова керамика (Т.Х, 1-2).

Повторно прекопавме еден гроб (гробот 11) и во него имаше останато два сестерциуси на императорот Хадријан (117-138 г. од н.е.) и еден сребрен прстен (Т.Х, 3-5). Погребувањето беше извршено со кремација во овална јама со дим. 60 х 50 х 30 см, вкопана во мека жолтеникава карпа. Од преостанатите делови на гробните конструкции можеше да се заклучи дека и другите погребувања биле извршени со кремација.

Според монетите и другите наоди.26 како и според ритусот и начинот на погребување.27 овие разрушени гробови би можеле да ги датираме во рано римско време, односно од I-III век.

ЗАВРШНИ РАЗГЛЕДУВАЊА

Поради малиот број документирани гробови и начинот на кој се откриени, тешко е без факти да се донесат некои конечни заклучоци. Тоа посебно се однесува на хронологијата, стратиграфијата и големината на некрополата, распоредот и соодносот на гробовите, застапеноста на гробните типови и др. Поради тоа, овде ќе ги изнесеме само сознанијата до кои дојдовме со ова истражување.

На двата локалитети, заедно со четирите доистражени гробни конструкции и седумте разрушени. застапени се следниве гробни типови: покрив на две води од тегули (гробови 1 и 3), зидана гробница од мермерни сполии (гроб 2), зидана гробница од тули (гроб 5) и обложена однатре со тенки мермерни плочи (гроб 9). зидана гробница од камен и однатре измазнета со фин црвен малтер (гроб 6, сл. 13), вкопување во тесен ров и покриен со камени плочи (гробови 4 и 10), слободно вкопување во земја (гроб 8) и кремација (гробови 7 и 11).

Гробовите 2, 4. 7 и 9 имаат ориентација с-ј, а други се ориентирани и-3, со мали отстапувања. Длабочината на која се закопани изнесува од 1.10 - 1.20 м, освен гробот 2 кој беше на длабочина од 2.5 м и гробот 11 кој беше на длабочина од 0.20 - 0.30 м. Сите гробови, освен гробовите 7 и 11 се со инхумирани покојници.

Гробот 7 беше пресечен со канализациониот канал, при што во профилот беа зачувани минимални остатоци од истиот, така што немаме доволно податоци дали се работи за кремирање од раноримскиот период или кремирање во доцната антика.28

ОД сите гробови би се задржале на гробот 2, гробница која се издвојува од другите гробови по својата конструкција и богатите прилози. Во нејзината конструкција се употребени делови од еден или два раноримски саркофага од атички тип.29 Честа е појавата во доцната антика за градење на гробниците да се употребуваат раноримски стели и други сполии.30

13. Гроб 6
13. Гроб 6

За одбележување е начинот на кој е решено покривањето на гробницата. По се изгледа дека покрај улогата на обезбедување на гробот од плачкање и грабежи, оваа конструкција со маркантни димензии имала и друга намена, во смисла на надземно обележување на гробницата. Во нам достапната литература. не констатиравме аналогни конструкции слични на гробот 2. Извесна сличност во градењето среќаваме само кај гробот Б од Скупи?31 и тоа во делот на покривањето со големи травертински блокови изѕидани во облик на испуштени редови над покривните плочи.

B ременски гробовите од локалитетот32 Манастир можеме да ги сместиме во рамките на доцноримскиот период. односно во Ш-ГУ век. имајќи ги предвид наодите од четирите доистражени гробови заедно со фрагментите од растурените, како и според начинот и ритуалот на погребување и застапените типови на гробни конструкции, чиишто аналогии ги наоѓаме во многубројните доцноантички некрополи од Ш-ГУ век н.е. на повеќе локалитети. На локацијата Караула, според податоците од гробот 11 и ретките растурени наоди, би можеле да констатираме, со доста воздржаност, дека населенисто се погребувало во текот на раноримскиот период.

Донесување на конечни заклучоци за хронолошко-стратиграфската

слика на некрополата, како и дефинирање и идентификација на населбата на брегот на Дојранското Езеро, ќе мора да почекаат до изведување на нови и методолошки поисправни археолошки истражувања.

Emil Slamkov Djordje Gušev

National Museum, Gevgelija

Белешки

  1. B. Aleksova, Kompleks iskopavanja u N. Dojranu, AP 2, Beograd 1960,1 35-139; Археолошка подnora на Нов Дојран, Р33СК, Скопје 1974. ↩
  2. Ф. Папазоглу, Македонски градови у римско доба. Скопје 1957, 248-252, со наведена литература. ↩
  3. Соколовска. Прилог кон проучавање на керамиката со печатени орнаменти од Македонија, Масеԁ. acta. archaeol. 2, Прилеп 1976, 162, сл. 18; И. Микулчиќ, Доцноримски гробови од Скупи, гзфф 26, Скопје 1974, 139, немаме податоци на кој начин се добиени наведените гробни наоди од 1965 год. ↩
  4. Покрај авторите на текстот, во истражувањето повремено учествуваше и помагаше и Бобан Хусеновски, виш кустос во Народен музеј - Гевгелија, на што сме му искрено благо- ↩
  5. На ова место му се извинуваме на читателот ако некоја гробна конструкција не биде во целост интерпретирана. ↩
  6. Антрополошка анализа на остеолошкиот материјал не е направена. ↩
  7. Фрагментираната стомна од разрушен гроб T. III, 1, е сиво печена. ↩
  8. И. Микулчиќ. Доцноримски гробови од Скупи. ГЗФФ 26. Скопје 1974. сл. 68. 69. 71. 78; Л. Јованова -Д. Михаилова. Скупи - источна некропола. Maced. acta archaeol. 15. Скопје 1999. сл. 18-19. 25. ↩
  9. Каталог од изложбата. Municipium Stobensium, Скопје 1994, 40, 50-51: М. Шурбаноска - Д. Здравковски. Римски гробови од западната некропола во Стоби-ископување "92, Масеԁ. acta archaeol. 14, Скопје 1996, 106. ↩
  10. В. Соколовска. Исар-Марвинци и Повардарјето во античко време. Скопје 1986. 121. Т. 42. 1-3. Т. 43. 5-7. Т. 78. ↩
  11. Д. Вучковиќ-Тодоровиќ. Античка Демир Капија. Старинар XII. Београд 1961. 241. сл. 21. ↩
  12. ЈТ. Јованова - Д. Михаилова. Скупи.... 226. посочена литература во нап. 40. ↩
  13. И. Микулчиќ. Доцноримски.... 140; Л. Јованова - Д. Михаилова. Скупи...., 222. ↩
  14. В. Соколовска. Исар-Марвинци.... 123. Т. 46. 17. Т. 86. 9. ↩
  15. Античко Скупи, каталог од изложба, Скопје 1984, кат. ед. 38, 91. ↩
  16. В. Соколовска, Исар-Марвинци.... 122, T 50. 11: T. 81. 1-6. ↩
  17. M. Шурбановска, Римска куќа (палата) во Валандово, Масеԁ. acta archaeol. 13, Скопје 1993, 176, Т. I, 1-2; Т. Ш, 3, 7. ↩
  18. V. Anderson-Stojanovié, Cultural implications of pottery at Stobi, Студии за старините во Стоби, Tom III, Титов Велес 1981, 52-55, Fig. 46. ↩
  19. Е. Манева, Неколку типови и форми на елинистичка и римска керамика од Хераклеја, Битола 1979, 26-27. Т. XVII, 198. ↩
  20. И. Микулчиќ, Доцноримски.... 139; ЈІ. Јованова - Д. Михајлова, Скупи..., 241-242. ↩
  21. С. Фидановски, Римска керамика Улпијане, Београд 1990, 26-27, Т. 20, 20-22. ↩
  22. H. Robinson, The Athenian Agora, Pottery of the Roman period, vol.V, Athens 1959, P1.36, Inv. L 1015 (cf. K17). ↩
  23. фрагментот од платно беше испратен на анализа во лабораторијата на рззск - Скопје, но досега не сме добиле никакви резултати. ↩
  24. И. Микулчиќ, Доцноримски..., 132; L. Ruseva-Slokoska, Roman jewellery, A Collection of the National Archaeological Museum - Sofia, Sofia 1991,7 7-78, cat. по. 196-200, 241-245, тип II, nape sere И ↩
  25. Л. Јованова - Д. Михаилова, Скупи..., 243-245; L. Ruseвa-Слокоска, Roman jewellery..., 50, cat. по. 106, 114, тип V, варијанта 2. ↩
  26. |, Ruseva-Slokoska, Roman jewellery..., 75, cat. no. 179, тип IV, варијанта 1; M. Парович - Пеникан, Некропол., Олбвии, эллинистического времени. Киев 1974, 135, рис. 91/5 (сарматски бодеж датиран во 1 век од н.с.). ↩
  27. A. Јовановиќ, Римске некрополе на територији Југославије. Београд 1984, 139; И. МАКЕ, Доцноримски.... 128-129. ↩
  28. И. Микулчиќ, Доцноримски.... 128-130; Г. Димитриоска, Група доцноримски гробови од Камник - Скопје. Масеԁ. acta archaeol. 5, Прилеп 1979, 131-138. ↩
  29. Стилско-хронолошката обработка на деловите од саркофагот ќе бидат предмет на посебна студија. ↩
  30. И. Микулчиќ, Доцноримски.... 113, ↩
  31. М. Билбија. Нови археолошки наоди од Скопје и околината. Maced.acta archaeol. 4, Прилеп 1978, 131-133, сл. 4 u 6. ↩
  32. Микулчиќ, Доцноримски.... 110, со наведена литература во заб. 5 и 6; ЈІ. Јованова - Д. Михаилова. Скупи... 235; М. Шурбаноска - Д. Здравковски, Римски гробови... 91-11; В. Соколовска, Исар-Марвинци.... 110-118. ↩

Summary

Roman Graves from Dojran Region

(Summary)

During the month of January 1998, while excavations were being carried out in the central urban district of Nov Dojran because of its inclusion in the collection system for Lake Dojran, a number of Roman graves were discovered.

Immediately after learning of this activity, a crew from the National Museum at Gevgelija went into the field. Although our intervention was prompt, unfortunately, as in many similar cases, the situation we encountered was catastrophic. It was established that essentially we were dealing with damage to the sites of Manastir and Karaula.

Because the work had been carried out with heavy machinery, we found seven completely and four partly damaged grave constructions. We were not able to ascertain the total number of discovered and destroyed graves, because parts of the excavated trenches had already been backfilled; everywhere on the surface of the ground were scattered bits of the construction and of the contents of dozens of burials.

From the minimally preserved parts of seven damaged and four examined burial units, the following grave types were represented: arched tile graves (#s 1 and 3), a tomb built of marble spolia (#2), a tomb built of tiles (#5) and revetted on the inside with thin marble slabs (#9), a tomb built of stone and plastered on the inside with fine red mortar (#6), burial in a narrow trench and covered with stone slabs (#s 4 and 10), free burial in the earth (#8), and cremation (#s 7 and 11).

Worthy of mention is the method of covering grave 2, a tomb built of pieces of one or two Early Roman sarcophagi of Attic type. The whole tomb was covered with stones and fragments of rooftile and tile bonded with mortar; it had the imposing dimensions of 3.45 x 1.70 x 1.90 m.

Graves 2, 4, 7, and 9 had a north-south orientation, but the others were oriented eastwest with small deviations. The depth of the burials came out to 1.10-1.20 m, except for grave 2, which had a depth of 2.5 m, and grave 11 at a depth of 0.20-0.30 m. Except for the cremations in graves 7 and 11, all the others were inhumations.

Among the grave goods of the four examined graves were found a pitcher of small dimensions, a cup with one handle, a dish of the so-called Macedonian gray terra sigillata, a pitcher, a lamp, and three coins of Constantius IT (337-361). In grave 11 at the site of Karaula were found two sesterces of the emperor Hadrian (117-138) and a silver ring.

Except for the fragmentary silver earring with preserved clasp from a destroyed grave, all the other examples of jewelry were found in grave 2: a gold ring, a fragment of a gold necklace, a fragment of a glass paste bracelet soldered with gold leaf, and several varicolored beads of glass paste.

Chronologically we can place the graves from the site of Manastir at the end of the 3rd and throughout the entire 4th century, keeping in mind the finds from the four examined graves together with the bits of the scattered ones, as well as the method and ritual of burial and the established types of grave constructions, whose analogies we find in numerous Late Antique cemeteries at many sites,

At the site of Karaula, according to the information from grave 11 and the rare scattered finds, we could, with considerable reserve, conclude that the deceased were buried in the course of the Early Roman period. For the final conclusions about the chronological and stratigraphic picture of the cemetery, it will be necessary for us to wait for presentation of new and methodologically more appropriate archaeological investigations.

Translated by Carolyn S. Snively