Macedoniae acta archaeologica 16 (2005) · стр. 177–187
Две оловни плочи од култот на Дунавските Коњаници
Музеј на град Скопје - Скопје
Во 1996 и 1998 год., Музејот на град Скопје откупи по една оловна плоча на кои во плиток релјеф е илустрирана иконографската содржина на еден мистичен култ, кој во науката е окарактериризиран како култ на коњанички божества т.н. Дунавски коњаници. .!
1. Едната од плочите е случајно пронајдена на падините на Водно при обработка на земјоделско земјиште во атарот на с. Нерези. Скопско, во подножјето на манастирот Св. Пантелејмон.2 Изработена е од олово во калап со димензии: 7.3 x 6 см (ел. 1).33
2. Втората плоча потекнува од лок. Ежов Град. с. Чардаклија, Штипско.4 Изработена е од олово во калап со правоаголна форма и димензии: 7.3 x 6 см. Според местото на наоѓање. оваа вотивна плоча е најјужната точка на територијално простирање на култот.5 Според нашите сознанија плочата воедно е и прв споменик на кој е илустриран овој мистичен култ од територијата на провинцијата Македонија
Изработени се од олово со приближно исти димензии. Освен тоа, заедничка карактеристика им е идентичната иконографска композиција организирана во четири зони, одвоени со релјефно моделирани рамки, освен меѓу втората и третата зона. Според обликот припаѓаат на типот правоаголни6 плочи со релјефна претстава на забат со акротерии во рамките на правоаголникот.
ОПИС НА ИКОНОГРАФСКАТА СОДРЖИНА НА ПЛОЧИТЕ
Централниот дел на горната - прва зона, одвоен е со релјефно моделиран 3а0аТ, во кој е претставен орел со раширени крилја фланкиран од лево и десно со по една биста - веројатно Сол и Луна. Од надворешната страна на забатот во аглите на фризот се наоѓа претстава на Викторија во лет со венец во едната рака.
Во втората зона централната претстава е фланкирана со два столба (тордирани во горната половина). кои истовремено се и носачи на забатот од горниот фриз. Централно во оваа сцена прикажана е божицата облечена во долг хитон подврзан под градите и со вертикални набори во долниот дел. Во раширените раце со кои ги допира главите на коњите држи шамија или ткаенина. Лево и десно од нејзината глава претставена с по една звезда. Божицата од двете страни е придружена со по еден коњаник. Тие со едната рака ги придржуваат уздите на коњите, а во другата држат двојна секира. Облечени се во ориентална облека со развиорена хламида зад грбот. Под копитата на коњите претставена е по една испружена гола машка фигура.
Во третата зона централно е претставен троножник со риба положена на него. Десно се претставени фигура на куче (овен). кантарос и нејасен предмет (глава на овен или пехар). Лево од троножникот претставени се лав во движење и еден нејасен предмет.
Во четвртата зона централно е претставена птица (орел или петел), а лево и десно идентична претстава на архитектонски објект - храм.7 Пред секој од објек- Сл. 2. Оловна плоча од лок. Ежов Град, тите претставена е по една с. Чардаклија, Штипско машка фигура во движење кон објектот со подигната рака во која држи венец. Се чини дека и другата рака на фигурите е подигната, но сепак плиткиот релјеф не дозволува сосема точна идентификација.
Интересот за спомениците на кои е илустриран овој мистичен култ датира уште од крајот на минатиот век до денес.8
Релјефните плочи од овој култ најбројни се во дунавските провинции Панонија. Дакија и Долна Мезија, додека во Норик. Далмација, Горна Мезија и Тракија се среќаваат поретко.9 Проблемот на спомениците од овој култ е сложен, како во поглед на иконографските мотиви и симболизмот така и во поглед на содржината и значењето на култот. Врз основа на бројноста, материјалот и иконографските елементи, Тудор потеклото на култот го наоѓа во Дакија, од каде потекнува и најголемиот број споменици со еден коњаник. кои според него се најстари и датирани во П век,10 додека оние со претстава на двајца јавачи ги датира од крајот на П до почетокот на IV век. Како иконографски прототип ги предлага релјефните плочи од Разград (Мезија Инфериор).Н11
За сите споменици е карактеристично присуството на централната сцена во која е претставена божица со непознато име и функции. придружена со еден или двајца коњаници. Божицата е централна личност на овој култ која во себе обединува небесни, земни и хтонски карактеристики, и не зачудува фактот што често се споредува и идентификува со Кибела, Хеката, Немеза, Анатис, Бендис - Дијана, Теа Сирија, Луна и др.12
Коњаниците кои ја придружуваат се со понизок ранг од неа. Несомнени се иконографските влијанија од Диоскурите и Тракискиот коњаник во оформувањето на ликовната презентација на коњаниците, но постои разлика во религиозната содржина изразена преку присуството на легнат човек под копитата на коњите (понекогаш заменети со зооморфни симболи), со што се симболизира победата на силите на доброто над силите на злото. Несомнено е дека во култот на т.н. Дунавски коњаници има автохтони елементи, но во оформувањето на финалниот израз постои еден мошне изразен соларен симболизам, изразен со претставите на Сол и Луна или само Сол со квадрига, што се поврзува со влијанието на митраизмот, од кој се преземени и некои други симболи како: лав, птица, кратер, змија, придружниците на коњаниците и др.13 Во оформувањето на ликовната и иконографската презентација на култот, која се одвива во текот на Ш век од н.е. (време на доминација на религиозниот синкретизам). евидентни се влијанијата не само од митраизмот туку и од култовите на други божества: Диоскури, Кабири. Тракиски коњаник и др.. при што се аплицираат симболи со слично или идентично значење од други религии. Но и покрај евидентните влијанија во иконографијата, секој од споменатите култови има свој специфичен и независен карактер.
За да се разбере религиозната суштина на култот треба да се нагласи дека задолжителни иконографски елементи со точно утврдено место се божицата со парот коњаници, со фигурите на победените под нозете на коњаниците и соларниот симболизам изразен на различни начини, но секогаш во горната небесна сфера. Сите други елементи, мотиви и симболи се прикажани на различни начини и места, а понекогаш се изоставени, што укажува дека не постојат строги правила и канонизирани религиски обрасци и контрола на иконографската интерпретација од страна на култната заедница.14 14
За значењето и улогата на поединечните симболи и елементи претставени на нашите плочи ќе стане збор во продолжението на текстот. Религиозната содржина на плочите е распоредена во четири зони. Г орната го симболизира небесниот свод, втората ја илустрира мистичната надземна содржина на култот,15 а во третата и четвртата зона се претставени одредени симболи и ритуали поврзани со култот.
На нашите плочи небесната зона се одвоена со тимпанон и е претставена со бистите на Сол и Луна и орел со раширени крилја меѓу нив. Присуството на орелот во горната небесна зона во констелација со бистите на Сол и Луна не е необично за овој култ. Неговото место е секогаш во горната небесна зона заедно со другите небесни симболи, и е карактеристичен за плочите со двајца коњаници, што укажува на веројатно влијание од друг култ. Орелот е соларна птица и гласник на Сол во митраизмот.16 Во култот на Јупитер Долихен има пошироко значење и најчесто се изедначува со самиот бог, формирајќи со Сол и Луна небесна и вселенска тријада.17
Во римската религија орелот е небесна птица атрибуирана на врховниот бог на висината и светлоста Јупитер. а во фунерарните верувања преносник на душите на умрените во небесните сфери. Како директен атрибут на богот-сонце - Сол, оваа култна птица мора да има широка примена во овој синкретистички култ, чиј основен теолошки карактер веројатно е поставен на дуалистичките учења.19
Интересна е појавата на претстави на Викторија во аглите на плочите од надворешната страна на забатот. Претставите на Викторија се карактеристични за плочите со еден или два коњаника и најчесто се поставени во исправена положба зад коњаниците во позиција на овенчување. СО што се потенцира победоносниот, односно триумфален карактер на божествата. Ваквите претстави се едни од карактеристичните и често употребувани елементи во уметноста на тој период со единствена цел да се истакне победоносниот карактер на божествата. Оваа алегорија е особено раширена на просторот на Долен Дунав. каде Викторија е особено популарна како и другите војнички божества во периодот на П и Ш век, особено меѓу римските ветерани. Нема сомневање дека војниците се тие кои ја внесуват на релјефите на овој култ.
Во втората зона. вообичаено. претставена е божествената тријада - божицата придружена со коњаниците. но без асистенти и други елементи или симболи на култот, што е покарактеристично за камените одошто за оловните релјефи.
Треба да се нагласи присуството на по една звезда21 лево и десно од главата на божицата. На оловните релјефи честа е претставата на две звезди во ова позиција. Со нив се симболизира небесниот свод, односно утринската и вечерната звезда.
Интересно е присуството на двојна секира во рацете на коњаниците, со што е нагласен соларниот и победничкиот карактер. Двојната секира е стар и многу раширен симбол карактеристичен за небесните и сончеви божества, а посебно за Јупитер Долихен. Во третата зона се претставени симболите на култот, и тоа доста редуцирано. Присутни се троножник со риба положена на него, фланкиран со лав од левата и овен (куче) од десната страна, кантарос и два неидентификувани објекти на краевите од фризот.
Иако троножникот е задолжителен симбол во култот, неговото место не е канонизирано. Некои автори троножникот го поврзуват со божествената тријада и го интерпретират како олтар, на кој се принесуваат даровите и светата храна (најчесто риба, но и леб, овошје. течна жртва во чаши и др.).2323 Важен симбол на овој култ е и рибата, но тешко е да се утврди нејзината симболична улога.24
Во констелација со претставата на TPOHOXKHUKOT, кој е во функција на олтар, е и претставата на кратерот во кој се чува светата течност, предвидена за мистичната гозба на иницијантите и божествената тријада.25
Фигурата која е претставена десно од троножникот веројатно е овен, кој има исклучително важна улога во култот. Тој истовремено е свето и жртвено животно и неговата крв обезбедува плодност, а најверојатно и првиот степен на посветеност на мистите с Ариес.е26 Лево од троножникот претставен е лав во движење. Лавот обично се толкува како симбол на сонцето и огнот. Во митраистичката религија симболично треба да ги претставува трите природни елементи, оган, вода и земја: Principia Vitae. На оловните икони во центарот на долната зона честа е претставата на тријадата: лав, кратер и змија.27 Меѓутоа, која е вистинската геолошка сигнификација на комбинацијата симболи како во случајот со нашите икони (лав, троножник со риба, овен и кантарос) не може да се каже со сигурност. Можеби сублимирани симболично се претставени сцените на criobolium (жртвување на овен), мистичната гозба (троножник и кантарос), како и природните елементи: лав (оган), кантарос (вода), рибата исто така симболизира вода. а овенот според Кембел е еквивалент на лавот.28
25 1D. Tudor, CMRED II, 1976, 255-262.
28 D. Tudor, CMRED II, 1976, 232-276; E. Ochsenschlager, op.cit., 57-66; Lj. Zotovi¢, Секако, најинтересна е најдолната зона со претставата на две идентични сцени на краевите - храм пред кој се наоѓа човечка фигура во движење со една подигната рака во која држи венец или глоб. Сцените се разделени со претстава на птица (веројатно орел). Кое е мистичното значење на ова сцена не може со сигурност да се каже. Единствено фактот што претставата е удвоена може да асоцира на врска со двојството на коњаниците. ОД досега откриените релјефни плочи од култот на Дунавските коњаници не ни се познати аналогии со слична или идентична претстава. Претставата и позицијата на човечката фигура е слична со претставата на гола машка фигура на една оловна плоча пронајдена во Сингидунум, која авторот ја идентификува како Сол.29 Но идентификацијата на Сол со човечките фигури на нашите плочи е нелогична од повеќе причини. Фигурите се претставени во движење кон архитектонски објект (храм) во позиција на поздравување, што природно асоцира на идентификување со верници кои по извршениот обред на посветување - иницијација можат да пристапат победнички со венец во раката и да поздрават кон храмот. Во таа функција е и претставата на орелот, чие симболично значење во култот го објаснивме при анализата на иконографијата на првата небесна зона.
Целата мистична литургија на исчистување и посветување во суштина има длабоко есхатолошко, односно сотериолошко значење, па затоа по ритуалите на симболична смрт и повторно раѓање на посветениот му се ветува бесмртност во небесните сфери и еднаквост со божеството. Овие претстави се значајни поради фактот што засега се единствени и без аналогии на досега познатите споменици од овој мистичен култ, но исто така бидејќи се нова потврда на фактот за постоење на храмови во кои самостојно се вршат обредите на култот.30"Тудор со иконографска анализа успеал да докаже дека спомениците на кои е илустриран овој култ припаѓаат на посебна, добро организирана религија. Ја забележал појавата на претстави во облик на храм на некои од релјефите, но сепак се сомнева дека се работи за вистински храмови и ги идентификува како cista mystica - кутии во форма на храм за чување на светите предмети, бидејќи пред нив не се прикажани верници што вршат жртвување над олтар.31 Сепак, се до моментот додека и археолошки Не се потврди постоењето на светилиште посветено на овој култ, Ке постои извесна доза на сомневање во врска со овој проблем.:232
Нашите релјефни плочи, според илустрираната иконографска содржина, не претставуваат новина во науката, бидејќи припаѓаат кон еден од добро проучените култови. Според типолошката припадност и организацијата на просторот припаѓаат на истиот тип како и плочата од Радишани.33 Аналогна34 на нашите плочи (можеби и идентична), според димензиите, распоредот на сцените и симболите, е една икона од непознат локалитет која се чува во Народниот музеј во Белград. Издвоена е како посебен тип, означен како Белград 2, без аналогии. Ова оловна плоча е доста оштетена и парцијално зачувана. Со пронаоѓањето на нашите две плочи може да се изврши целосна реконструкција на зоните (четири наместо две), како и на присутните симболи. Тоа што не е познато местото на наоѓање ни дава за право да претпоставиме дека оваа плоча најверојатно не потекнува од Сингидунум, односно Подунавјето, каде за овој тип нема аналогии меѓу бројните оловни плочи пронајдени во овој регион, и за кои веќе со сигурност се утврдени центрите и работилниците за производство, а во некои случаи дури и калапите.35 Мислиме дека потеклото на оваа икона сепак треба да се бара на југ (потврда за ова наше мислење се и наодите на двесте нови плочи кои се предмет на елаборација на овој труд). Стилски и иконографски поблиски се плочите од Дакија и Д. Мезија, а директна аналогија е мермерната икона од Радишани.
Се надеваме дека со пронаоѓање на нови релјефни плочи од овој тип ќе биде потврдена нашата претпоставка за нивна поширока продукција и употреба во провинциите Македонија, Тракија и јужните делови на Г. Мезија. Сега-засега треба да се нагласи дека во прашање е нов тип карактеристичен за споменатиот регион, и она што е особено значајно, претставите на храм и верници пред него, што ја потврдува тезата за посебно добро организирана религија. Lenée Jovanova Museum of the City of Skopje - Skopje
Белешки
- Овој термин прв го употребил D. Tudor, I Cavalieri danubiani, Ephemeris Dacoromana, VII, 1937, 189-356; за другите атрибутации на култот, библиографија со критички осврт на севкупната постара литература, како и иконографска анализа на сите споменици познати до 1975 г. kaj D. Tudor, Corpus monumentorum religionis equitum danuvinorum (CMRED) I - IT, 1969-1976. ↩
- Информациите за местото на наоѓање се добиени од сопственикот Златен симовски, од кој е откупена плочата. И. Микулчиќ, Скопје со околните тврдини, Скопје 1982, 29-30, 76-78, лоцира бројни археолошки наоди на локалитетите во Долно, Средно и Горно Нерези со континуитет на живеење од бронзеното време до средниот век. ↩
- Оштетен € левиот горен агол и горната површина на релјефот при обид за нестручно отстранување на оригиналната патина. ↩
- Венедиков, Баргала, Раскопки и проучении I, Софил 1948, 877, го лоцира Астибо во подножјето на возвишението Ежово, но 3. Белдедовски. Проблемот на релацијата и убикацијата на античките Астибо и Транупара, Зборник УП. 33СК и Народен музеј - Штип 1996. 11, смета дека мислењето на Венедиков не е засновано на теренски археолошки остатоци. Според археолошките наоди на овој простор постоела населба од римско и доцноантичко време, која нема карактеристики на поголема организирана урбана населба. ↩
- p. Tudor, Discussioni intorno al culto dei cavalieri danubiani, Dacia Y, 1961, 327. ↩
- , Janosi¢, Rimske votiyne plocice od olova и Jugoslaviji, Opuscula Archacologica VI, Zagreb 1906, 57, тип VI (Београд 2); D. Tudor, CMRED II, 1976, 14-15; И. Tonopah, Споменици култа подунавских коњаника из Народног музеја у Београду, Зборник народног музеја у Београду ХІ/1, 1983, 58, сл. 6. ↩
- Д. Јованова, Споменик од култот на Дунавските коњаници, Масеԁ. acta archaeol. 14, Скопје, 1966, 158. Архитектонските објекти претставени на овие две плочи се идентични со објектите претставени на мермерната плоча пронајдена во с. Радишани. ↩
- T. Antonescu, Cultur Cabilirol in Dacia, 1988, [X, 260; E. Nowotny, WMBH IV, 1896, 206; J. Hampel, Archeologia Ertesito XXII, 1903, 305-365: ibid., XXV, 1905, 1-16, 116-126; ibid., XXXI, 1911, 409-425; ibid., XXXII, 1912, 330-352; A. Buday, Dolg. Szeged., IV, 1928, 146; D. Tudor, Ephemeris Dacoromana, VI, 1937, 187-356; idem., Nuovi monumenti sui Cavalieri danubiani, Dacia IV, 1960, 333: idem., Discussioni intorno al culto dei Cavalieri danubiani, Dacia V, 1961, 318-343; idem., Corpus monumentorum religionis equitum danuvinorum (CMRED) ГП, 1969, 1976. ↩
- D. Tudor, CMRED3 II, 1976, 60. Дава детален преглед на спомениците по провинции, како и за материјалот од кој се изработени. ↩
- Thid., 147-161. Во повеќето нови статии се прифаќаат заклучоците на Тудор, но не се навлегува во3 постудиозни иконографски анализи, само во неколку случаи се предлагаат нови објаснувања за потеклото, иконографската содржина и симболите што се среќаваат на овие споменици, както и за датирањето. Такви се: Я. Младенова, Бележки върху изображенията на Дунавските конници, Исследвания в чест на акад. Д. Дечев, София, 545; E. Ochsenschlager, Lead plagees of the Danubian horsemen type at Sirmium, Sirmium II, 1973, 58; Lj. Zotovié, Homages 4 Maarten J. Vermaseren, II, 1978, 1377; М. Тачева, Религиозният синкретизъм в навечерието на Миланския Едикт: Паметниците на „Дунавските“ коници, во Власт и социум в римска Тракия и Мизия, Софи 2000, 238-257. ↩
- Младенова, ор. cit., 545, аргументирано ја оспорува оваа претпоставка. ↩
- р. Tudor, CMRED II, 1976, 99-109; Jb. Зотовин, Три оловне иконе из збирке Музеја града Београда, Старинар XXIV-XXV, 1973-74, 33-42, божицата ја идентификува со соларната божица Луна, со големи влијанија од митраизмот. ↩
- М. Тачева, Религиозниит... 249, го оспорува влијанието на иконографијата на Диоскурите и Тракискиот коњаник врз оформувањето на иконографијата на т.н. Дунавски коњаници. Го оспорува автохтоното потекло на култот, давајќи предност на војската и воените логори како места каде можело да се оформи верување во победата на доброто над злото, има магична суштина и практика; E. Will, Le relicf culturel gréco-romain, Paris, 1955, 90, го оспорува големото влијание на митраизмот и смета дека овој култ е само локална манифестација на култот на Диоскурите; F. Chapouther, Les Dioscures au service d’une déese, Paris, 1935, успеал прецизно да ги дефинира разликите меѓу спомениците на овис два култа. ↩
- Th. Зотовин, Три оловне иконе из збирке Музеја града Београда. Старинар XXIV-XXV, 1973-74, 39. ↩
- Lj. Zotovié, Homages a Maarten J. Vermaseren III, Leiden 1978, 1354. ↩
- L.. Campbell, Mithraic Iconography and Ideology. Leiden 1968, 22, 38, 41, 288, 328. ↩
- Tb, Зотовин, Ново тумачење Долихеновог споменика из Сланкамена, Старинар WNIT, 1071, 50-64 ↩
- Jb. 3orosuh, Три оловне иконе из Музеја града Београда, Старинар XXIV-XXV, 1973-74, 33-34; A. Јовановир, Прилог проучавању култа Theos Hypsistos на Балкану, Гласник српског археолошког друштва, 11, 1996, 133-134, централната претстава на орел во горната небесна зона. според местоположбата ја изедначува по содржина и позиција со претставите на Сол во квадрига, а пошироко и со Зевс Хипсист - Сол; М. Тачева, Религиозниот.... 251, застапува мислење дека орелот освен Јупитер, по содржина може да ги симболизира и Зевс. Јупитер (Зевс) - Долихен, Зевс - Сабазиј. Зевс - Хипсист, Зевс - ↩
- p, Tudor, CMRED П, 1976, 191-194, симболизмот на утринската и вечерната звезда се поврзува со Диоскурите, односно со митот за нивното постојано умирање и повторно раѓање. ↩
- Љ. Зотовић, Три оловне иконе..., 35. ↩
- Рибата нема фиксирано место на претставување и најчесто се наоѓа на троножникот, но и под копитата на коњите, над главата на божицата, во забатот и др. За симболичната улога на рибата во овој култ кај: D. Tudor, CMRED II, 1976, 208-212; за симболичната улога на рибата во ориенталните култови кај: F. Ochsenschlager, op. cit., 59-63; Љ. Зотовић, Три оловне иконе..., 41; М. Тачева, Религиозният синкретизъм в навечерието на Миланския Едикт: Паметниците на „Дунавските" конници, во Власт и социум в римска Тракия и Мизия, София 2000, 250, не ја исклучува можноста појавата на рибата во овој синкретистички култ, да е рана појава на симболиката поврзана со христијанството. ↩
- D. Tudor, CMRED II, 1976, 255-262. ↩
- D. Tudor, CMRED II, 1976, 232-276; Lj. Zotovi¢, Homages..., 1358, 1373. ↩
- За идентификацијата на овие симболи како природни елементи и нивно превземање од митраизмот, поопширно кај: L. Campbell, Mitraic Iconography and Ideology, Leiden 1968; E. Ochsenschlager, op. cit., 60-61; Љ. Зотовић, Символички прикази ватре на новооткривеним деловима Митрине иконе из Виминацијума, Старинар XXX, 1979. ↩
- D. Tudor, CMRED II, 1976, 232-276; E. Ochsenschlager, op.cit., 57-66; Lj. Zotović, Homage..., 1355-56. ↩
- Homage..., 1355-56. ↩
- С. Крунић, Необјављене иконе подунавских коњаника из збирке Музеја града Београда. Старинар XLV-XLVI, 1994-95, 164-171. Идентификацијата со Сол е направена врз основа на аналогии претстави на божеството на реверсите на некои монети ковани во времето на Гордијан, Филип 1, Филип I, Валеријан, Pannen и Аврелијан, во ковниците на Амфиполис и Кизик. ↩
- J]. Јованова, Споменик од култот на Дунавските коњаници, Масеԁ. acta archaeol. 14, 1996, 169, претставата на архитектонски објект во четвртата зона ја идентификува со храм од типот тетрастил. Идентификацијата е поткрепена со присуството на процесија на верници пред храмот, кои принесуваат жртви над олтари. ↩
- D. Tudor, CMRED II, 1976, 267: idem., Discusioni..., Dacia V, 1961, 318-343. ↩
- p). Tudor, Discusioni..., Dacia V, 1961, 318-343; JI. Јованова. op. cit., 169-170. ↩
- J]. Јованова, ор. cit., 155-172. ↩
- ]. Janoéié, op. cit., 57; D. Tudor, CMRED П 1976, 14-15, бр. 210; И. Поповиќ, Споменици култа подунавских коњаника из Народног музеја у Београду, Зборник Народног музеја ХІ-1, 1983, 58, сл. 6. ↩
- И. Поповиќ. Један доњеподунавски центар за израду оловних икона подунавских коњаника, Зборник Народног музеја ХИ-1. 1986, 113-122; еаԁ., Радионица оловних предмета или светилиште култа дунавских коњаника у Виминацијуму, Viminacium 7, Пожаревац 1992, 29-48. ↩
Summary
Two Lead Plaques from the Cult of the Danubian Riders
OF THE DANUBIAN RIDERS
(Summary)
This article is a study of two lead plaques from the Ancient collection of the Museum of the City of Skopje. On them in shallow relief is illustrated iconographic content of the cult of the so-called Danubian Riders. One plaque was found in the area of the village of Nerezi, in the Skopje district (Fig. 1), and the other at the site of EZov Grad, at the village of Cardaklija, in the Stip district (Fig. 2). They were cast in a rectangular mould and have nearly the same dimensions: 7.3 x 6 cm.
The common characteristic of the two plaques is the identical iconographic composition organized in four zones, divided by frames in relief. In the first zone, which symbolizes the heavenly vault, an eagle with spread wings is centrally placed; it is flanked to right and left by busts of Sun and Moon. On the outer side of the gable, in the corners of the frieze, is represented a Victory in flight with a wreath in one hand. In the second, central zone, which illustrates the mystic content of the cult, is represented a goddess accompanied by horsemen. In the third zone, represented in small size are some of the characteristic symbols of the cult: a lion in motion, a tripod with a fish, a dog (a ram), a kantharos, and an indistinct object. In the fourth zone a bird (an eagle) is represented in the center; to the right and left are two identical representations of an architectural object (a temple), toward which moves a male figure with upraised hand.
The problem with the monuments of this cult is complicated both in view of the iconographic motifs and the symbolism and in view of the content and the significance of the cult. The central figure of the cult is a goddess accompanied by two horseman who are of lower rank than she. The essence of the divine/goddess must be sought in the complex layer of wide range of authority and attributes, which are identified simultaneously as heavenly, earthly, and chthonic, with emphasized eschatological and soteriological features. One of the essential elements of the cult is the representation of defeated persons under the feet of36 the horses, with a clear message about the victory of the forces of Good over the forces of Evil. Of course, this complex essence of the cult took shape, over the course of time, in the development from local toward syncretistic, and under the influences of other related cults. Of these, the oriental ones were most important, and especially Mithraism; this was the usual situation during the 2nd century, called the era of syncretism.
Our two relief plaques, according to the illustrated iconographic content, are not
new to science. The plaque from EZoy Grad was the first one found in the territo-
ry of the province of Macedonia; the one from Nerezi is the second one from the area of the colony known as Colonia Flavia Scupinorum. Stylistically, iconographically, and typologically, they are close to the plaque found at RadiSani in the Skopje district. Probably it is necessary to distinguish them as a separate type manufactured and used in the southern parts of the province of Upper Moesia and in the parts of the provinces of Thracia and Macedonia bordering on Upper Moesia. We hope that future finds will confirm this hypothesis. It is necessary to emphasize the presence in the fourth zone of the double representation of the temple with a worshiper in front of it; this is one more piece of evidence for a highly developed and well organized cult.
Translated by Carolyn S. Snively