Macedoniae acta archaeologica 15 (1999) · стр. 113–134

Два гроба од Катлановска Бања

Содржина
  1. Опис на гробовите
  2. Метал
  3. TWO GRAVES FROM THE KATLANOVO SPA

Реонот што го зафаќа просторот по целиот тек на река Пчиња бил предмет на повеќе проучувачи што претежно вршеле површинско испитување на теренот. Природната поврзаност на Скопската и Кумановската котлина што ја прави реката Пчиња, условила и коридор на комуникации и патишта со северните и јужните делови на Балканот. Овој коридор условил да се развијат повеќе населби во праисторијата и антиката, кои дадоа мошне значаен археолошки материјал за проучување на овој регион.

Како прилог за проучување и понатамошно истражување на овој регион. во текстот ќе се осврнеме на еден значаен наод откриен близу до Катлановска бања. Локалитетот каде што се откриени двата гроба е оддалечен околу 500 метри с/и од Катлановска бања, сместен во централниот дел на новата станбена населба наречена Кочкова Населба.

Лежи на десниот брег на реката Пчиња, на една блага падина веројатно распространет на поголем простор. сега урбанизиран. Истражувањата беа лоцирани во дворното место од куќата на Ул. 10, бр. 80, сопственост на Доброслав Панчиќ од Скопје, кој случајно го откри копајќи бунар за вода. Краткото истражување првенствено имаше за цел да се утврди типот на гробните целини, нивните релативни хронолошки рамки, но и евентуално густината на простирање на гробовите. Поради тоа на местото на наодите беше поставена сонда со димензии 2,70x2,50 метри, а покасно проширена во правец на откривање на гробовите. Во сондата беа откриени два гроба од тип цисти од класичното време, на длабочина од 1,60 метри под песочен нанос.

Опис на гробовите

ГРОБ 1 (План 1, T. I, Сл.1)- Претставува циста од 4 обработени камени плочи, едноделна покривна плоча врз која е поставена уште една покривна плоча во два дела. Покривните плочи се нивелирани со мали камени плочки и камења. Челните и страничните плочи од внатрешната страна на цистата се споени со добро прочистена светло сива глина. Гробот е со димензии 1,10х0,40х0,60 метри. Ориентација си/јз. Гробот не е поплочен. бунар пок: Koukoba Насе) СОНДАТ Остеолошки наоди:

Илустрација, стр. 114
Илустрација, стр. 114

x делови од черепот и неколку делови од цеваститсе коски на детски покојник.

Гробни наоди:

- лекит-арибалос, премачкан со-не толку квалитетен црн фирнис, на челната страна украсен со претстава на стилизирана палмета

во стилот на црвени фигури, висина 9,4 см. (Т. 1/2; Сл. 3)

Сл. 1-8. Гроб 1 со дел од наодите іѕ
Сл. 1-8. Гроб 1 со дел од наодите іѕ

- амфориск, со биконично тело, две држалки и ниско столче на дното, изработен од добро прочистена сиво печена глина, висина 13,7 см. (T. I/1; Сл. 2)

- пар чунести обетки, изработени од тенок сребрен лим, украсени со филигранска жица и гранули, фрагментирани, дим. 2,5x3,2 см. (Т. 1/5, 6; Сл. 5)

- бронзена фибула од тракиски тип. со глава во форма на латинско 5, дол. 4,5 см. (T. 1/7; Сл. 7)

- бронзена фибула од истиот тип, дол. 2,3 см. (Т. 1/8; Сл. 4)

- железна фибула, веројатно од истиот тип, фрагментирана дол. 2.3 см. (Т. 1/9)

* бронзен прстен со елиповидна глава, на која има претстава на делфин во вдлабнат релјеф, пречик 2,5 см. (Т. I/4)

- бронзен прстен со елипсовидна глава. на која има прстенасто врамена шуплина за украсно монисто, пречник 1,4 см. (Т. 1/3; Сл. 6) - ѓердан со 22 мониста од стаклена паста (Т. 1/10; Сл. 8)

- кружна плочеста бронзена глава, пречник 2 см. (Т. 1/11)

ГРОБ 2 (План 2, 3, 4; Сл. 9, 10) - Претставува циста од 6 обработени камени плочи и дводелна покривна плоча врз која се поставени три реда со по три или две покривни плочи. Неколку од покривните плочи се нивелирани со мали камени плочки и камења. Гробот е поплочен со три плочи. Челните и страничните плочи од внатрешната страна на цистата се споени со добро прочистена светло сива глина. Гробот е со димензии 2,10х0,44х0,56 метри. Ориентација си/ј3.

Остеолошки наоди:

Слабо зачуван скелет на возрасна индивидуа. веројатно жена, во испружена положба, со вкупна должина од 1,40 метри!. Главата на покојникот е поставена на подглавник (мала камена плочка во функција на перниче).

Гробни наоди:

- Пар сребрени обетки, со привезок составен од конус свртен со основата нагоре и топка, шупливо лиен, украсен со филигранска жица и гранули, на кој се надоврзува спирално намотена жица. на почетокот тордирана, која служи за прикачување, дол. 7.5 см. (Т. ПЛ, 2; Сл. 17). " Антрополошката анализа на остеолошките остатоци од двата гроба ја изработи М-р Фаница Вељановска од Музеј на Македонија.

Илустрација, стр. 117

- 4 бронзени фибули од тракиски тип. со глава во форма на латинско 5, димензии: дол. 5.4 см. (Т. П/4; Сл. 11); дол. 4,5 см. (Т. П/6; Сл. 14); дол. 2,7 см. (Т. П/7; Сл. 15); дол. 2,2 см. (Т. П/8; Сл. 13) - бронзена фибула од истиот тип. со глава во форма на конус свртен со основата нагоре, дол. 4,4 см. (Т. П/5; Сл. 12)

- 3 железни фибули од тракиски тип, димензии: дол. 5.4 см. (T. Ш /1); дол. 5,1 см. (Т. Ш/2); дол. 7,5 см. (Т. Ш/З)

- бронзена фибула од малоазиско-македонски тип на шарнир, со две копчести здебелувања на лакот. дол. 3,5 см. (Т. П/9; Сл. 18) - бронзена фибула од истиот тип, со пет шесткраки звездасти здебелувања на лакот. дол. 4.2 см. (Т. П/10: Сл. 16)

- бронзен прстен со елипсовидна глава, пречник 2 см. (T. ІІ/3 )

Околу и во гробовите се откриени фрагментирани делови од керамички садови. од кои најкарактеристичните се прикажани на Т. ЈУ

Гробни конструкции и начин на погребување

Како што понапред видовме нашите2 инхумирани покојници се погребани во гробови изработени од камени плочи во вид на цисти. Според начинот на градење на гробната комора, идентични се со оние што се употребуваат во некрополите од развиеното железно време. Нашите две гробни конструкции не се разликуваат по ниенен елемент од постарите конструкции. а наоѓаат аналогија кај гробот од Жданец, датиран во исто време како и нашите.

Што се однесува до начинот на градење на гробната конструкција традиционалниот каменен кофчег, составен од повеќе камени плочи, споени со глина. носи неколку новини. Најпрво, како составен дел на ковчегот, но веројатно и како обичај на погребување. на покојникот испод главата му е поставена мала закосена камена плочка, која има функција на перниче (Гроб 2), карактеристична за покасните периоди. Меѓутоа како невообичајна појава за ова време е покривањето на комората од двата гроба со добро сложени два и три реда повеќеделни камени плочи, нивелирани со поситни камења и со големи и мали камени плочи. Како новина засега нема аналогна врска. иако се наметнуваат неколку претпоставки скои би биле само во доменот на непотполни одговори. Пред тоа, само по себе се наметнува прашањето: дали се работи за конструктивен елемент, или за дел од обичај на погребување?

Во периодот на железното време II, кога ваквите гробни конструкции се најмногу во употреба, не се среќава повеќередно покривање на коморите, а иста е состојбата и со покасните архајски цисти. Според

Илустрација, стр. 119

тоа сигурно не станува збор за конструктивен елемент, пред се заради добрата и солидна изградба и стабилност на гробната комора. Ако оваа појава е дел од обичај при погребување на покојникот, тогаш претставува духовна манифестација за чие проучување се потребни повеќе аналогни примери. Засега имаме само основа за понатамошни проучувања. Од горе изнесеното, засега би можеле да констатираме дека, веројатно овде се работи за збир на обичаи и влијанија од повеќе етнички групи, за кои во оваа прилика нема да се задржуваме.

Археолошки наоди - типологија и хронологија Керамика

Од керамиката се откриени само два сада во гробот 1. Тоа се амфориск и лекит-арибалос (Т. 1/1, 2; Сл. 2, 3). Овие два сада се откриени при копањето јама за бунар од страна на сопственикот Доброслав Панчиќ, така што нивното точно место на откривање во гробот не ни е познато. Меѓутоа според кажувањето на г-дин Панчиќ и според местоположбата на бунарот и гробот, би можеле да претпоставиме дека овие два керамички сада се поставени покрај нозете на покојникот, ако се земе во предвид неговата ориентација си-јз. Но во секој случај можеме да констатираме дека овие два наоди се прилози на гробот 1.

Првиот од нив амфорискот, е со мали димензии биконично тело, краток цилиндричен врат и конично проширен отвор кон работ, две држалки со елипсовиден пресек се поставени на рамото и на составот од вратот со отворот. На самото дно амфорискот има ниско столче. Иако со мали димензии таа е имитација на големите примероци кои се изработуваат во работилниците на Трако-македонскиот брег и островите. Во Македонија од овие производи многу малку примероци се откриени во овој период, не заради тоа што ги нема, туку заради малиот број истражувани локалитети. претежно населби, каде што оваа керамичка форма е најмногу присутна, заради нејзината употреба за транспорт и складирање на течна стока. Иста е состојбата со наодите на оваа керамичка форма како гробен наод. Ваквата состојба се менува нешто покасно во хеленистичко време, каде на поголем број населби и некрополи се откриени голем број целосни или фрагментирани делови од амфори". Но без оглед на тоа, типолошките елементи што ги носи нашата амфориска ни најмалку не отстапуваат од поголемите примероци и ја определуваат нејзината припадност во кругот на тасоките амфори3 од крајот на V до првите децении на IV век пр. н.е.4

Сл. 9-18. Гроб 2 со дел од наодите
Сл. 9-18. Гроб 2 со дел од наодите
Илустрација, стр. 122

Вториот керамичен сад од овој гроб е лекит-арибалос. Нашата варијанта се јавува при крајот на V, но во почетокот на IV век пропорциите И се намалуваат, стапалото е помало, телото5 потенко, вратот издолжен, а отворот не е отсечен од вратот, туку постепено се шири кон работ, додека држалката е намалена сразмерно на телото". Со поедноставување на формата на овие садови. веројатно заради нивната голема побарувачка им опаѓа квалитетот на глазурата во прилог на декоративниот елемент, кој е доста нагласен, уште кај постарите примероци и покрај нивната мала димензија. Според тоа нашиот наод се датира во првите неколку децении на IV век пр. н.е., според типолошката поделба на овие садови откриени на Атинската Агора“.6

Помеѓу или во откриените гробови, се откриени и повеќе фрагментирани делови од керамички садови, претежно карактеристични за развиеното железно време (Т. ТУ/1-6) и два сивопечени фрагменти од скифоси (Т. IV/7, 8). Заради недоволната истраженост на просторот околу гробовите, во кој се очекуваат евенуално нови гробни целини, засега неможеме да дадеме поконкретен одговор за врската на овие наоди со гробовите. Но сепак присуството на овој керамичен материјал дава можност да претпоставиме една постара фаза од употреба на овој простор од некрополата.

Метал

Од металните наоди застапен е само накитот. Од него најбројни се фибулите со 13 откриени примероци, од кои 11 се од тракиски, а 2 од малоазиско-македонски тип. Седум од тракиските фибули се изработени од бронзена жица (Т. 1/7, 8; Т. ПА, 5, 6, 7, 8), а четири од дебел железен тел (Т. 1/9; Т. П/ 1, 2, 3). Фибулите се со различни димензии кои се движат од 2.2 - 7,5 см. Сите се со полукружен лак, но со различен пресек. Од едната страна лакот преминува во петелка на која се надоврзува игла, додека од другата страна на крајот е поставен држач за иглата, одкаде продолжува главата кај некои примероци во форма на латинско 5, односно лебедова глава, а кај други едноставно © свиткан нагоре под прав агол, или накај лакот. Фибулите на Т. 1/8 и Т. П/7, се украсени со копчести здебелувања на краевите од лакот, а завршетокот после држачот за игла им завршува со конусовидно топче.

Овие фибули се претежно карактеристични и се врзуваат за тракискиот културен простор во Бугарија, каде што се откриени во голем број, типолошки класифицирани и претежно датирани во У и ГУ век. иако некои примероци се среќаваат и во Ш век пред н.е. Се смета дека се развиле од чертошкиот тип фибули карактеристични за Италија при крајот на халштатскиот период, именувани според некрополата кај Чертоза близу до Болоња, каде што се откриени. Освен по неколку примероци што се досега откриени во соседните региони (Македонија, Србија и Грција)“,7 најголема концентрација на овие фибули е присутна во Бугарија, каде се откриени примероци изработени од злато, сребро, бронза и железо.

Илустрација, стр. 124
Илустрација, стр. 124
T. Ш. Наоди од гроб 2
T. Ш. Наоди од гроб 2

Фибулите откриени во Бугарија и оние во Италија се разликуваат по неколку елементи на формата што се одвојуваат како посебни типолошки варијанти. Овде нема да навлегуваме во анализа на разликите кои се присурни кај овие два вида фибули,8 туку накратко ќе се задржиме на тракискиот тип, односно неговата типолошка поделба во Бугарија.

При откривањето на првите неколку примероци во Бугарија, во 1912 година Р. Попов ги одвојува од чертошкиот тип како посебна типолошка варијанта нарекувајќи ги рано латенски фибули“. Со откривање на се поголем број примероци од овие фибули, а посебно презентирајќи ги резултатите од истражувањата на некрополата кај Влашко село, во 1924 година Р. Попов за прв пат ги нарекува тракиски тип и ги датира на крај на халштатскиот период“.9 Нешто подоцна, во 1931 година В. Миков изработува типолошка и хронолошка поделба на сите дотогаш откриени фибули од овој тип и со тоа не само што го прифаќа наименувањето, туку ја потврдува и нивната типолошка подвоеност“.10 Оваа поделба содржи четири варијанти определени според начинот на кој завршува крајот после држачот за игла, односно главата на фибулата. За појавата, потеклото, типолошките елементи и хронолошката припадност на тракискиот тип фибули се занимаваат и други научници во Бугарија, но само во рамките на новооткриените примероци, кои воглавно се базираат на претходно наведените анализи. Според тоа, како аналогија за типолошко, хронолошко и културно определување на нашите наоди ја земаме во предвид оваа поделба и аналогните примероци откриени во Бугарија. Аналогните примероци откриени во Бугарија ќе ни овозможат поконкретно да ја определиме културната и хронолошка припадност на нашите наоди, заради тоа што се откриени во многу поголем број во изворна положба, за разлика од наодите во другите спомнати региони, кои, освен што се откриени во многу мал број, тие се воглавно случајни наоди без конкретно определена хронологија.

На првата варијанта од оваа поделба припаѓаат фибули кај кои завршетокот после држачот за игла преминува нагоре под прав агол во форма на столбче и завршува на крај со конусовидно или цилиндрично топче. Оваа варијанта е определена како најстара и ес датирана на почетокот од V век, но, нешто покасно, преку наодите откриени во гробот Мушовица кај Дуванли, е определена нешто порано, односно на крајот од VI век пред н.е.11 Втората варијанта е идентична со првата, со таа разлика што завршетокот после држачот за игла наместо под прав агол е свиткан наназад паралелно со лакот, а е датирана во У век пред не. Од нашите наоди немаме примероци кои припаѓаат на овие две варијанти.

Фибули чиј што завршетоци после држачот за игла имаат форма на латинско 5 (т.н. лебедова глава), а крајот им е со конусовидно или цилиндрично топче, припаѓаат на третата варијанта, хронолошки определени при крајот на У и почетокот на IV век. На оваа варијанта И пипаѓаат поголемиот дел од нашите фибули (1. 1/7, 8; Т. П/4, 6, 7,8; Т. ШЛ), а во Бугарија освен овие спомнати кај Миков, се откриени и на на други локалитети (Одеса, с. Колман. Пловдив)“.12

На четвртата варијанта припаѓаат фибули чиј што завршеток после држачот за игла преминува нагоре под прав агол, или е свиткан наназад паралелно со лакот и има форма на конус свртен со основата нагоре. Фибулите од оваа варијанта се датирани при крајот на V-IV век пред н.е. На оваа варијанта 4 припаѓаат три фибули од нашиот наод (Т. 1/5 и Т. Ш/2, 3). Во Бугарија се откриени повеќе примероци од овој вид и на други локалитети.13

На четвртата варијанта Миков ги приклучува и оние фибули чиј што крај над конусната основа завршува со кружна плочеста глава. Интересно е тоа што до денес во Бугарија сеуште не се познати корекции на оваа варијанта, иако е очевидна разликата. За нас тоа и не е од пресудно значење, ако се знае дека од соседните региони само во Македонија е откриен еден примерок со кружна плочеста глава од локалитетот Кале кај с. Варвара. Во нашиот наод е присутен предмет во форма на кружен плочест завршеток (T. 1/11), кој, според аналогиите би требало да припаѓа на таква фибула. Идентична кружна плочеста глава е откриена и на локалитетот Село во с. Орешани, скопско, определена со иста претпоставка на припадност.14 Меѓутоа, мора да го имаме во предвид и тоа дека вакви кружни плочести завршетоци се среќаваат и на обетки, кои хронолошки се определени паралелно со овие фибули“.15 Така што со сигурност не би можеле да ја определиме припадноста на нашиот наод без останатите елементи.

Илустрација, стр. 127

Останатите две бронзени фибули (Т. П/9, 10; Сл. 16, 17), припаѓаат на групата малоазиско-македонски тип, еден од најраспространетите форми накит на целата територија на Балканот од крајот на VI-III век пред н.е. Едната е со две прстенасти здебелување на лакот, додека другата е со пет шесткраки звездасти здебелувања. Овие фибули носат различни типолошки елементи, па според тоа припаѓаат на две различни варијанти. Б. Китановски“16 и Р. Васиќ"17 овие фибули типолошки ги класифицирале на 5 групи: според бројот на здебелувањата на лакот (Б. Китановски) и според формата на здебелувањата на лакот (Р. Васиќ). Првата наша фибула со две прстенасти здебелувања на лакот припаѓа на групата Пв (според Б. Китановски), односно па (според Р. Васиќ), а втората на групата Уц (според Б. Китановски), односно Ув (според Р. Васиќ), датирани од крајот на V-IV век пред н.е.18

Обетките се застапени со четири примерци. односно два пара откриени во гроб 1 (Т. I/5,6; Сл. 5) и гроб 2 (Т. П/1,2; Сл. 17). Обетките од гроб 1 се од типот чунести, изработени од тенок сребрен лим кои на чунот носат декорација на триаголници и ромбови распоредени во цикцак линии, украсени со филигран и гранулација. Се среќаваат скоро на целиот Балкан и во Италија од крајот на У и низ целиот IV век пред н.е. a се откриени на локалитети во Грција, Бугарија, Албанија и Србија. Во Македонија вакви обетки се откриени во Пелагонија"“,19 Демир Капија“,20 Жданец-Скопје?!.21 Милци-Гевгелија““,22 Радолиште““,23 Прилеп“,24 во разни варијанти на основната форма. На чунот овие наоди носат различни декоративни елементи, според кои Р. Васиќ ги определил во неколку групи. детерминирајќи ги според нивната хронолошка и географска распространетот. Според мотивот на декорацијата, нашите наоди припаѓаат на втората група од оваа поделба, во која се сместени обетки со декорација на триаголници и ромбови, распоредени во цик-цак мотив, карактеристични за вардарската долина, со релативна хронолошка определба во првата половина на IV век пред н.е.25

Обетките од гроб 2 засега се јавуваат како единствена форма од овој вид накит во Македонија и пошироко. Привезокот е составен од конус свртен со основата нагоре и топка поставена на неговиот малку пресечен врв, изработен од тенок сребрен лим, помеѓу кои се поставени три поголеми сребрени гранули. На врвот и на работ од основата, конусот е декориран со по два реда плетенки изработени од тенка сребрена филиграска жица, а основата е декорирана со пет правилно распоредени сребрени гранули. На средината од основата на конусот, е поставена сребрена жица, која на почетокот е тордирана а понатаму продолжува во три спирално намотани круга. Иако засега немаат свои аналогни примероци, овие обетки се веројатно продукт на архајските конични обетки од чиј облик и форма произлегуваат. Архајските конич-НН обетки се полно лиени или во форма на инка, кои ја задржуваат формата низ целиот период26 на егзистирање. Обетките од овој тип најрано се појавуваат во Пелагонија уште во раниот VI век пред н.е. а се задржуваат до крајот на архајскиот период.

Прстените како накит се јавуваат во три примероци. ОД нив два се откриени во гроб 1 (Т. 1/3,4; Сл. 6) и еден во гроб 2 (Т. П/3). Сите се со елипсовидна плочеста глава која носи различни украси, а со кружен или правоаголен пресек на алката. Највпечалив украс на главата носи големиот машки прстен со претстава на делфин во вдлабнат рељеф (Т. I /4). Прстенот не припаѓа на покојникот туку веројатно на член од потесниот дел на семејството, кој, според големината го носела возрасна машка индивидуа. Прстенот како дел од оваа гробна целина е веројтно поврзан со определен обичај, изразувајќи притоа длабока жалост за починатиот, на што укажува и намерното кршење на алката на неколку

Вториот прстен од овој гроб (Т. 1/3; Сл. 6) припаѓа на покојникот. На главата, во средината е поставена прстенасто врамена полутопчеста шуплина, за поставување на монисто, украсена со маслинови гранчиња. Третиот прстен од гроб 2 (T. П/3) е со равна плочеста глава и правоаголен пресек на алката. Според остатоците на равната површина на главата, на неа било поставен украсен камен или гема. Сите три прстени се изработени on бронза и припаѓаат на аналогните примероци откриени на некрополата Калдрма кај Прилеп. датирани при крајот на У и IV век пред н.е.27 Во гробот 1 е откриен ѓердан со 22 мониста од стаклена паста со неправилна полигонална и астрагална форма, на средината продупчени за нанижување (Т. 1/10; Сл. 8).

Во однос на хронолошката припадност на гробовите, во прв ред ќе се потпреме на движниот археолошки материјал и покрај тоа што типолошките вредности на наодите упатуваат на класичното време. Останува само нивното попрецизно детерминирање. Поголемиот дел од многубројните определени аналогни врски на основните типолошки елементи, воглавно нашите наоди ги определуваат при крајот на У до крајот на првата половина на ГУ век пр.н.е. Меѓутоа мора да го имаме во предвид присуството на поедини наоди чии форми носат доста прецизни хронолошки елементи. Во прв ред ова се однесува на лекитарибалосот и амфорискот, кои во вакви форми се датирани во првите децении на ју век пр. н.е. Не помалку значајни типолошки елементи на формите носат дел од тракиските фибули. кои се датирани при крајот на V и почетокот на IV век пр.н.е. Истото ова се однесува на шарнирските фибули, но и на чунестите обетки, кои, иако се оштетени, нивното присуство доста придонесува за хронолошко и културно дефинирање на наодот.

Сите овие елементи на наодите, нашите гробови хронолошки ги определуваат во првите децении на TV век пр. н.е. Ова е време на интензивна продукција на производи увезени од Трако-македонскиот брег, островите и тракиските земји, во северните подрачја, но и организирано производство на домашни керамички производи и накит по узор на јужно увезените форми. Овде претежно доминира производството на сивопечената керамика, потврдена на голем број локалитети во скопската котлина“,28 но веројатно не изостанува ни производството и изработка на накит и други метални производи.

Во однос на етничката припадност на покојниците сеуште не сме во можност во целост да зборуваме. Различниот карактер на наодите и присуството на поголемиот број форми накит со различна провениенција, не ни овозможуваат целосна слика за припадноста на покојниците. Ова секако се однесува и на неколкуте елементи присутни во градбата на гробната конструкција. Покрај другите наоди, можеби еден од носителите на етничкото определување на покојниците се наодите на тракиската фибула. Со оглед на тоа што овие наоди за прв пат се откриени во толкав број, а земајќи ги во предвид и неколкуте примероци откриени во Скопско-кумановската област, не е исклучена и комуникација во однос на трговските контакти со источните тракиски земји. Но, како единствен наод во изворна положба кај нас. прашањето за етничката припадност на покојниците, засега останува отворено, без истоветен “8 И. Микулчиќ, ор. cit., 21-35. археолошки наод, како потврда и аналогија на нашиот и покрај тоа што е определена културната припадност на наодите. Во поглед на ова прашање, накратко ќе се задржиме на определување на потеклото на типолошки најкарактеристичните наоди откриени во гробовите.

Како што понапред рековме, од накитот како најкарактеритични се издвојуваат фибулите од тракиски тип, чие потекло со сигурност се врзува за тракискиот културен простор, иако на прв поглед збунува еден типолошки елемент кој го носат две од овие фибули. Всушност се работи за копчестите здебелувања поставени на краевите од двесте страни на лакот (Т. 1/8; T. П/7), карактеристични за фибулите на шарнир, а кои влечат корени длабоко од праисторијата. Познато е дека фибулите на шарнир се произведуваат во Македонија при крајот на Уи IV век пр. н.е.. меѓу другите и во областа на Скопската котлина,29 при што нашите наоди ги сметаме за домашен производ. Меѓутоа, помеѓу30 многубројните наоди на тракиската фибула во Бугарија засега на ниту31 еден примерок не се констатирани копчести здебелувања. Но, без оглед на оваа констатација, сметаме дека е сеуште рано да се донесуваат одредени претпоставки во однос на потеклото на овие фибули од домашните работилници, пред се заради малиот број наоди на оваа фибула на нашата територија и пошироко.

Присуството на другите форми накит, особено двата пара обетки исто така придонесуваат да се определи карактерот на нашиот наод. Интересно е прашањето дали овие обетки се увезени или се изработени во некоја од локалните работилници. Претежно наодите на чунестите обетки во Македонија се врзуваат за Халкидик заедно со солунското подрачје, додека наодите на овие обетки во Бугарија се разликуваат од нашите не само по различната декорација, туку тие се потешки и имаат различен завршеток на чунот. Според начинот на изработка нашите обетки не спаѓаат во групата на луксузни примероци, а и декорацијата им е едноставна и непотполна, што укажува дека се изработени од помалку32 искусна рака, како производ на некоја од локалните работилници. Овие работилници можеби не биле во можност да произведуваат луксузни и комплицирани форми, но поедноставните форми сигурно ги изведувале во границите на нивните можности. Ова го потврдува и бројноста на овие обетки откриени на територијата на Македонија.

Другиот пар обетки со конусен привезок на кој се надоврзува топка, веројатно е произведен во некоја од локалните работилници во Македонија. Нивната изведба е едноставно декорирана со филигранска жица и гранули кои се среќаваат на многу наоди кај нас, а формата ни открива зошто досега не се откриени меѓу наодите во Грција или Бу- 77 B. Vasié, GCBI, op. cit., 148-151. гарија. Ова веројатно се должи на применетите влијанија во формата од постарите аналогни примероци на овие обетки, а кои се однесуваат не само на привезокот, туку и на спирално намотената жица поставена на средината од основата на конусот, која служела за прикачување на обетката. Ваков комплициран начин на изработка на делот за прикачување на обетките одамна бил застарен и напуштен, во прилог на многу поедноставниот начин со една алка, кој веќе се применува на сите форми обетки од ова време. Според тоа потеклото на овие обетки треба да се бара на територијата на Македонија, можеби кај некои од центрите кои сеуште го негувале традиционалниот начин на изработка на накитот, но со воведување на нови и современи елементи на формата.

Керамичките наоди според формата и начинот на изработка се импорт, произведени во некоја од многубројните работилници на тракомакедонискиот брег. Амфориската веројатно потекнува од тасоските работилници. кои во ова време имаат силна продукција на производи, не само на домашниот пазар, туку и на црноморскиот брег.

Лекит-арибалосот можеби претставува атински продукт, но е веројатно произведен во некоја од работилниците на трако-македонскиот брег, или на Халкидик. Познато е дека атинската држава во текот на втората половина на V па се до средината на IV век пр. н.е., имала мошне силно влијание и била тесно поврзана со долно македонските градови и Халкидик. создавајќи свои колонии, меѓу кои и Амфиполис нејзина најголема колонија. Копиите на атичката керамика сега доминираат на трако-македонското и соседното пајонско подрачје, задржувајќи поголем дел од формите, црниот лак, но и украсите. Откриените наоди на атичката керамика во Марвинци, Демир Капија и Пелагонија, веројатно потекнуваат од овие работилници, а не е исклучен импорт на овие производи во внатрешноста на Балканот, а со тоа и во нашиот регион.

Во однос на горе изнесеното, останува да заклучиме дека и покрај тоа што во нашиот наод се присутни форми од различна провениенција, тие се резултат од трговските контакти, или изработени во домашни работилници. Единствено засега останува отворено прашањето за присуството на тракиските фибули, односно патот и начинот на кој овде тие пристигнале. Ова мора да го имаме во предвид, заради тоа што овие наоди се за прв пат откриени во изворна положба и во толкав број кај нас.

Во основа е тешко да се претпостави начинот на кој овде тие пристигнале. иако не се исклучени трговските контакти. Од друга страна збунува нивната голема бројност на употреба на едно место, далеку од матичните подрачја, заедно со други форми накит карактеритични за овој простор. Затоа сметаме дека за ова прашање треба да се остави повеќе простор за проучување, без да навлегуваме во подлабоки анализи за мотивите на нивното присуство. Со оглед на тоа што ова е единствен наод од таков карактер, засега ќе сметаме како на појдовна основа во третирање на овие прашања за понатамошните проучувања, па иако се земе во предвид и тоа дека бројноста на овој накит вон матичните подрачја би можело да се третира како носител на одреден етнички елемент. Според тоа, етничката припадност на покојниците од Кочкова населба, засега не би можеле со сигурност да ја определиме без истоветен, или аналогно идентичен наод и покрај тоа што дел од накитот типолошки припаѓа на друга културна провениенција.

Но, малиот број истражувани локалитети во Скопската котлина од ова време, сеуште не ни пружат целосен одговор на многу прашања. Од друга страна охрабрува фактот што во скопскиот регион се лоцирани голем број локалитети кои ги кријат одговорите на многу прашања, допрени токму и со нашата тема, за чии одговори веројатно ќе треба да почекаме некои идни истражувања на нив. Kiro Ristov Museum of the city Skopje, Skopje

TWO GRAVES FROM THE KATLANOVO SPA

Белешки

  1. В. Соколовска, Р. Пашић, Еден гроб од Жданец, зам VI-VII, Скопје, 1975, Т. I. ↩
  2. B. Битракова-Грозданова, Споменици од хеленистичкиот период во С.Р. Македонија. Скопје, 1987, 49-50. ↩
  3. М. Лазаров, Антични амфори (VI - I в. пр.н.е.) от българското черноморие, инм, Варна, 1973, 30, Т. XV. ↩
  4. B. A. Sparkes, L. Talcott, Black and Plain Pottery, Part 1, New Jersey, 1970, 154. ↩
  5. Ibid., Part 2, 315-316. ↩
  6. Во Македонија се откриени три примероци на локалитите: Kane, с. Варвара, случаен наод при рекогносцирање, во Музеј на град Скопје, необјавен: Градиште, с. Макреш. Кумановско, види: 3. Георгиев, Три предримски населби кај Пчиња, гзфф 17, Скопје, 1990-1991, 97. Сл. 6/10; и Кале-Скопје. види: И. Микулчиќ, Скопје со околните тврдини, Скопје, 1982, 32, Сл.9/5; Во Србија се откриени три примероци на локалитетите: Саpuna Меѓа kaj Светозарево, види: M. Stoi¢, Gvozdeno doba и basenu Velike Morave, Beograd-Svetozarevo, 1986, 87, T. 38/12: Jby6nuerau-Octporo kaj Белград. види: П. Попо-Buh, Mnabe гвоздено доба Бердапа, Старинар Н.С. XL-XLI, Београд, 1991, 168, Сл. 2/6-7; За Грција види: D. M. Robinson, Excavations at Olynthus, Part X, Baltimor, 1941, 104-105. 8 Р. Поповъ, Халщатски и ла-тенски фибули отъ разни находица въ България. СБАН ↩
  7. Софич, 1913, 159-162, Сл. 17-20. ↩
  8. Р. Поповъ, Периодически изследвания въ Врачанско поле. ИАИ II. София, 1924, 133. 10 В. Миковъ. Тракийски типъ фибули. ИАИ VI. София, 1931, 171-181, 150, Обр. 149. " B. Filov, I. Welkov, Y. Mikov, Die Grabhugelnekropole bei Duvanlij in Sudbulgarien, Sofia, ↩
  9. , 199, Abb. 107. ? Г. Тончева, Тракииското вличние в Ogecoc, иад кн. X, Варна, 1955, 51, Т. II, 34; Ц. ↩
  10. Дремсизова-Нелчинова, Тракийски могилни погребения край с. Кьолман, Шуменски oxptr, ИДИ XXXII, Софии, 1970, 219, Т. Ш. 1; П. ерес, Праисторически накити B ↩
  11. Пловдивскии народен археологически музеи, ГНАМ, кн. V, Пловдив. 1963. 54-55, Обр. 11. И. Венедиков, Светилището при с.Лиляче, или кн. XVIII, София, 1952. ↩
  12. К. Ристов, Повеќеслојна некропола Село кај с. Орешани, скопско, Културно наследство 22-23, Скопје, 1997, 160, Т. П/8. ↩
  13. Л. Бобчева, Тракийски некрополи при селата Кръгулево и Черна, Толбухински Окpr. ИНМ ки. XI. Варна. 1975. 123. Т. TV/6. " Б. Китановски. Фибули од V - IV7 век од старата ера во Народниот музеј во Прилеп. ↩
  14. ЗАМ, Скопје, 1966, 1 - 17. ↩
  15. R. Vasić, Prilog proučavanju Šarnirskih fibula u Jugoslaviji, GCBI knj. 21, Sarajevo, 1985, и R. Vasié, Boad-schaped earings in the Central Balkan area, Старинар H.C. XL-XVI, ↩
  16. Beorpag, 1991, 135-140. ↩
  17. И. Микулчиħ, Хеленистичка некропола код Битоља, Старинар Н.С. XV-XVI, Београд, ↩
  18. , 131. Сл. 32 а-ц.. Исти, Једна античка некропола из околине Битола, Старинар ↩
  19. H.C. XXI, Београд, 1972, 140, T. I, i-409. ↩
  20. И. Микулчив, Накит класичног доба из Демир Капије, Старинар Н.С. XXI, Београд. ↩
  21. , 136, Т. I, 1-181. ↩
  22. B. Соколовска. P. Пашиќ, ор. cit., 236-238, T. ІІІ/1,2. ↩
  23. Георгиев. Елементи на раната антика во Долно Повардарје. ГЗФФ3 кн. 11 (37). ↩
  24. Скопје. 1984, 79, Сл. 11, B. ↩
  25. Jb. Поповиќ. Радолиште.прилог проучавању илирско-грчке културе у Македонији, ↩
  26. PHM I, Београд, 1958, 85, T. IX, X. ↩
  27. B. Китановски. Некрополата Калдрма кај Прилеп. Масеԁ. acta archaeol. 1, Прилеп, ↩
  28. , 106, T. IX, 239, 312; Од археолошкото богатство на ср Македонија, Каталог, ↩
  29. Скопје. 1980. 61. Вр. 325. ↩
  30. Vasi¢, Старинар H.C. XL-XLI, op. cit., 138. ↩
  31. Мис. Pelagonija и svetlosti arheoloskih nalaza, Beograd-Skopje. 1966, 33. ↩
  32. Б. Китановски. Maced. acta archaeol. 1, op. cit., 124. ↩

Summary

Two Graves from the Katlanovo Spa

In the central part of the site of Kockova Naselba, two graves of the cist type have been discovered dating from the Classical period. The site is situated some 500 meters to the north-east of the Katlanovo Spa, in the yard of a house in Str. 10 no. 80, possession of Dobroslav Рапе from Skopje.

In Grave 1 was buried a child, while in Grave 2 there were two adult individuals in supine position and grave goods including mainly jewellery, as well as two clay vessels, lekythos aryballos and amphorisc.

According to the typological features and way of33 production, the two vessels were imported, presumably produced in a Tasos workshop (the amphorisc) and the workshops at the Thracian-Macedonian coast (lekythos aryballos) towards the end of the 5th and the beginning of the 4th century BC. Among the jewellery, the most numerous are fibulae represented with 13 specimens, 11 of which are of the Thracian type and 2 of the Asia Minor - Macedonian type. According to the typological classification of V. Mikov and the analogous specimens discovered in Bulgaria, the Thacian fibulae belong to the third and fourth variety of this classification, dating from the close of the Sth - the beginning of the 4th century BC. Asia Minor - Macedonian fibulae were produced in local workshops, among others, in the Skopje Gorge, towards the end of the 5th-4th century. Our specimens are considered to have been local products from the turn of the 4th century BC.

The jewellery included two pairs of earrings. The first pair discovered in Grave 1. are of the lunular type manufactured of thin sheet-silver. According to the typological features, they are dated to the first half of the 4th century BC. The second pair of earrings from Grave 2 represent, for the time being, unique form discovered in Macedonia and more widely. They are probably products of the archaic conical earrings. They are considered to have been manufactured in local workshops. The graves also yielded three rings with ellipsoid plate and a necklace of beads made of glass paste.

Concerning the basic typological characteristics, the graves have chronologically been attributed to the first decades of the 4th century BC. That was the time of intense production of artifacts imported from the Thracian-Macedonian coast-line and the islands in the north, as well as organized manufacture of local pottery and jewellery following the forms imported from the south. Nevertheless, the small number of researched sites in the Skopje Gorge from that period do not offer complete answers to many questions. Elucidating of these issues would need carrying out more intense further researches,