Macedoniae acta archaeologica 15 (1999) · стр. 91–113

Лисичин Дол - Марвинци

Содржина
  1. Zlatko Videski
  2. Museum of Macedonija, Skopje
  3. LISICIN DOL - MARVINCI

Во месец јули 1997 год. Музејот на Македонија презеде археолошки истражувања на лок. Исар. с. Марвинци - Валандовско, со цел да се дефинира и што поцелосно да се вреднува просторот за погребување, посебно простирањето и границите на т.н. Јужна некропола. Во рамките на овие археолошки истражувања се испита и просторот оддалечен околу 500 м. ј-и од Исарот, во месноста Лисичин Дол, каде што беа регистрирани неколку гробови уништени од дивите копачи.1

На постоењето некропола од железното време кај с. Марвинци упатуваат и откриените наоди од германскиот археолог Драгендорф за време на Првата светска војна секако и археолошките истражувања извршени во осумдесеттите преку научниот проект "Долината на Вардар во првиот милениум." Но резултатите од овие истражувања не се објавени во целост, освен неколку предмети што се споменати во некои тематски трудови.2 Со преземените археолошки истражувања во Лисичин Дол се открија 24 гроба од железното време, меѓу кои 6 беа уништени од диви копачи, а се нумерирани и се внесени во ситуациониот план. Така всушност, интактни се открија 18 гробни целини (од гроб 7 до гроб 24, па. 1, Сл. 1). Уништените гробови од 1 до 6 нема посебно да се разгледуваат поради тоа што беа зачувани само делови од нивните конструкции од камени плочи.

Со овие истражувања во Лисичин Дол за првпат со сигурност може да се лоцира просторот за погребување во железно време од населбата на Исарот во Марвинци и да се даде слика за карактерот и

Илустрација, стр. 92
Илустрација, стр. 93

Каталог на гробовите:

Гроб 7 (1.1): Конструкција - циста од камени плочи (растурена), зачувани само делови, со дим.152/046/038 см и ориентација си/ј3. Остеолошки остатоци во траги. Археолошки наоди нема.

Гроб 8(Т. I): Конструкција - циста од 6 камени плочи и

"покривна плоча од 4 дела, со дим. 223/071/032 см и ориентација c3/ји. Остеолошки остатоци во. траги, погребан еден покојник. Археолошки наоди: во пределот на главата две бронзени обетки од спирално намотана жица (Т. 1/3,4), гердан од четириесет мали мониста од бронза (Т. 1/9) и гердан од кружни килибарни мониста (Т. 145). На рацете се наоѓаат две големи спирални белегзии, чиишто последни три навои (од двата краја) се пошироки и декорирани со врежани геометриски мотиви, коси цртички во вид на гранчиња од елка (Т. 1/6,7). Во пределот на карлицата бронзена двојна игла со триаголна глава (Т. 1/8) и фрагментиран керамичен сад-чаша декорирана со снопови врежани линии. рачно работена (Т. I/11). Во пределот на стапалата два бронзени приврзока - бопци (Т. 11.2) и керамичен сад - бокал со косо засечена задна страна на вратот, работен на грнчарско колце (T. 1/10).

Гроб 9(Т. П): Конструкција - циста од 6 камени плочи и покривна плоча од 5 дела. со дим. 151х054х041 см и ориентација c3/ји. Остеолошки остатоци во траги, погребан еден покојник. Археолошки наоди: во пределот на главата бронзена дијадема од тенок лим, декорирана со точкесто исчукување (Т. П/20), два бронзени прстена со глава во форма на навиена осумка (Т. ІІ/13, 14) и 17 биконични и плочести килибарни мониста (Т. П/12). Во пределот на стомакот и карлицата: четири еднопетлести лачни фибули со правоаголна нога, кај една од фибулите, на лакот, има закачено еден прстен со глава осумка (Т. ПЛ, 3, 4, 6), една двопетлеста лачна фибула со нога во форма на беотски штит (T. Ц/2) и фибула со лак во форма на повеќе навиени осумки (Т. П/5), две бронзени двојни игли со триаголна глава (Т. П/9, 10), три бронзени прстени со глава во форма на навиени осмици (Т. П/5, 16, 17), два поголеми фрагмента салталеон споени со тролисно копче (Т. ПЛ1, 18), едно тролисно копче (Т. П/19), бронзено копче во форма на розета со шест краци (T. П/8) и два фрагмента од железна игла (Т. П/22). Во пределот на стапалата. фрагменти од салталеон (Т. П/21), едно бронзено копче во форма на розета со седум краци (Т. П/7), керамичен сад - длабока чаша со една вертикална држалка која го надвиснува устието, рачно работена (Т. П/24) и бокал со косо засечена задна страна на вратот, декориран со врежувања на рамото, работен на грнчарско колце (Т. П/23).

Cn. 3
Сл. 3

Гроб 10(Т. III): Конструкција - циста од осум камени плочи без покривна плоча, со дим. 091/045/030 см и ориентација си/јз. Остеолошки остатоци во траги, погребан еден покојник. Археолошки наоди: два фрагмента од салталеон откриени во средината на гробот (Т. ШЛ, 2). Гроб 11(Т. Ul): Конструкција - циста од пет камени плочи и покривна плоча од два дела, со дим. 112/056/031 см и ориентација c3/ји. Остеолошки остатоци во траги. погребан еден покојник. Археолошки наоди: во пределот на главата ѓердан од 32 неправилни биконични плочести килибарни мониста (T. ІІІ/11) и една еднопетлеста лачна фибула со правоаголна нога (Т. ІІІ/3). На градите, од десната страна на покојникот три еднопетлести лачни фибули со правоаголна нога (T. Ш/ 4, 5, 6), една двојна игла со триаголна глава (T. Ш/9) и фрагменти од три железни игли (Т. ШЛО). Од левата страна една бронзена спирална белегзија со два навоја (Т. Ш/7) и три фрагменти од салталеон (Т. Ш/). Кај стапалата два керамички сада - чаша на која недостастига држалка, рачно работена (Т. ШЛ2) и мало бокалче со рамна устинка - олпа. работени на грнчарско колце (T. ШЛЗ).

Илустрација, стр. 95

Гроб 12(T. It): Конструкција - циста од осум камени плочи И покривна плоча од два дела, со дим. 157/052/040 см и ориентација сз/ји. Остеолошки остатоци нема. Без археолошки

Илустрација, стр. 96

Гроб 13 (T. IV): Конструкција - циста од девет камени плочи и покривна плоча од четири дела, со дим. 212/060/025 см и ориентација сз/ји. Остеолошки остатоци во траги, погребан еден покојник. Археолошки наоди: во пределот на главата две бронзени обетки од спирално намотана жица (Т. ГУ/9,10), едно плочесто килибарно монисто (Т. ГУ/5), мал бронзен приврзок со биконична глава и извлечена мала држалка што завршува со алка за закачување (Т. ГУ/4), една бронзена алка (Т. IV/6). Во пределот на стомакот две бронзени тројни копчиња (Т. ГУ/7.8) и два бронзени приврзока - бопци (Т. IV/1,2), до десниот фемур едно бронзено биконусно монисто (Т. ГУ/3) и керамичен сад со кантаровидна форма.работен на грнчарско колце (T. TV/11), кај стапалата керамичен сад - бокал со косо исечена задна страна на вратот, работен на грнчарско колце (T. ГУ/12).

Гроб 14(T. IV): Конструкција- циста од десет камени плочи и покривна плоча од шест дела, со дим. 240/063/038 см и ориентација сз/ји. Карактеристично за оваа конструкција е тоа што, заедно со гроб 3, претставува единствена конструкција. која со една плоча на средината е разделена на два дела (гроб 3 и 14). Остеолошки остатоци во траги, погребан еден покојник. Археолошки наоди: во пределот на стомакот бронзена двојна игла со триаголна глава (Т. ГУ/15) и фрагментирано железно копје (Т. IV/14). На нозете фрагментиран железен нож (T. [V/13), керамичен сад - чаша со топчест облик со една вертикална држалка. декорирана со снопови од врежани линии, рачно работен (Т. ГУ/17), и керамичен сад - бокал со косо засечена задна страна на вратот, работен на грнчарско колце (Т. ГУ/16).

Гроб 15(Т. V): Конструкција - правоаголна јама, вкопана во земја, со дим. 178/065/011 см и ориентација си/ј3. Остеолошки остатоци зачувани во траги, погребан еден покојник. Археолошки наоди: во пределот на главата една биконична и една елипсовидна бронзена перла (T. VII/7. 8). На рамењата и на градите три очилести фибули со благо купесто извлечени дискови (ГТ. VII/1, 2, 3). На левата страна од градите кружен бронзен копец со четири пробиени кругови и декориран со втиснати мотиви на концетрични крукчиња (Т. УП/4). На надлактиците има две (на секоја рака по една) белегзија со префрлени краеви (Т. VI/S, 6), на подлактиците (на секоја рака по една) спирална белегзија со пет навоја (T. VI/3, 4). Во десната шепа, која е свиткана на левата страна од градите, се наоѓа бронзен приврзок - 5вонец со три висулци (Т. УП/5) и два фрагмента салталеон (T. УП/9). Во пределот на стомакот, појас од бронзени калотести копчиња, кои биле пришиени од двете страни на евентуалната текстилна или кожна основа. со по осум реда по шест копчиња. Копчињата се во пар, свртени со внатрешноста, каде што се забележуваат остатоци од органска материја (T. VI/1). Појасот започнува со кружна бронзена алка (T. VI/10), по должина на најдолните копчиња од

Илустрација, стр. 98

двете страни на појасот се наоќаат 64 неправилно пробиени кружни приврзоци, со извлечени држалки за закачување, декорирани со врежување, познати како тип - Чидици (T. VI/2). Во средината на појасот од копчиња и кружни приврзоци се наоѓа кружна бронзена плоча, во средишниот дел пробиена со шест триаголни отвори и декорирана со врежувања на концентрични кругови. и четири врежани линии насочени кон средишниот дел на плочата. Центарот на плочата е во форма на извлечен шилец, а на задната страна под шилецот се наоѓа мала ушка за прикачување (Т. УЛ). Почнувајќи од десниот колк и протегајќи се кон левиот фемур се наоѓа ремен што е составен од 15 (поголеми) и 32 (помали) правоаголни плочки, декорирани со врежување, и кој завршува со тока за закопчување (Т. У/3). На левата страна од ременот до левиот фемур се наогаат три бронзени приврзоци, од нив два лунулесто свиткани приврзоци (Т. VI/8,9), при што на едниот се изведени пластични претстави на говедо и куче и едно бронзено монисто со макароидна форма. (Т. МП/11). Под ременот, помеѓу двата фемура, се наоѓа композитен приврзок. Приврзокот е составен од еден централен висулец со долен дел во триаголна форма, на чиишто краеви се закачени два система на висулци во форма на синџир составен од по три цилиндрично издолжени висулци и еден лунулесто свиткан висулец со инчесто ажуриран завршок. Приврзокот налегнува врз левиот фемур (T. У/2). На самата карлица се наоѓа приврзок сатче со тело во форма на афионова чушка декорирана со снопови врежани линии и капаче чии краеви завршуваат со птичји протоми (Т. VII/7), на капачето е насадено тркалезно монисто, декорирано со кружни исчукувања Т. VII/10 ). До десниот фемур се наоѓа керамичен кантаровиден сад, работен на грнчарско колце (Т. УП/12). Кај стапалата се наоѓа керамичен сад - бокал со косо засечена задна страна на вратот. работен на грнчарско колце (Т. УП/13).

Гроб 16(T. VII): Конструкција - циста од осум камени плочи и покривна плоча од три дела. со дим. 193/049/028 см и ориентација c3/ји. Остеолошки остатоци во траги, погребан еден покојник. Археолошки наоди: во пределот на градите бронзена двојна игла со две петелки (Т. VII/14) и многу фрагментиран железен нож. Во пределот на стапалата керамичен сад - бокал со косо засечена задна страна на вратот, работен на грнчарско колце (Т. УП/15).

Гроб 17(Т. VII): Конструкција - циста од шест камени плочи и без покривна плоча, со дим. 106/054/027 см и ориентација си/з. Без остеолошки остатоци. Археолошки наоди: во средината на гробот бронзено копче - розета со шест листовидни додатоци (T. VIII/1) и фрагменти од салталеон (Т. VIII/2). Во југозападниот дел на гробот два керамички сада - длабока чаша, работена на грнчарско колце (T. УП/3) и бокал со косо засечена задна страна на вратот, работен на грнчарско колце (T. VIA).

Илустрација, стр. 100

Гроб 18 (T. VIII): Конструкција - правоаголна јама, вкопан во земја, со дим. 196/060/011 см и ориетација c3/ји. Остеолошки остатоци во траги, погребан еден покојник. Археолошки наоди:во пределот на главата две бронзени обетки од спирално намотана жица (Т. УШ/10,11), една мониста од стаклена паста (T. VIII/12), едно бронзено монисто со макароидна форма (Т. VIII/13). Кон средината на гроб 3 бронзени белегзии со префлени краеви, декорирани со врежувања во форма на гранчиња од елка (Т. VIII/6,7,9), една бронзена спирална белегзија со седум навои (Т. VIII/8), бронзено монисто со макароидна форма (Т. VIII/14) и приврзок -сатче во форма на афионова чушка, декорирана со снопови од врежани линии, со капаче чии краеви се извлечени нагоре и завршуваат со птичји протоми (Т. VIII/5). Во пределот на стапалата два керамички сада - фрагментиран бокал, на кој му недостига горниот дел (Т. УШ/Л6) и чинија со една хоризонтална држалка, работена на грнчарско колце (T. VIII/15).

Гроб 19 (T. IX): Конструкција - циста од осум камени плочи и покривна плоча од четири дела (целата дислоцирана), со дим. 203/048 /033 см и ориентација си/ј3. Без остеолошки остатоци. Без археолошки наоди.

Гроб 20(T. IX): Конструкција - циста од десет камени плочи и покривна плоча од пет дела, со дим. 208/048/033 см и ориентација си/j3. Остеолошки остатоци во траги, погребан еден покојник. Археолошки наоди: во пределот на стомакот бронзена двојна игла со петелки (Т. ГХ/1), во пределот на нозете фрагменти од железно копје и керамичен сад - чаша, рачно работена (Т. ТХ/2). Во пределот на стапалата керамичен сад - бокал со косо засечена задна страна на вратот, работен на грнчарско колце (T. ГХ/3).

Гроб 21 (T. IX): Конструкција - Циста од шест камени плочи и покривна плоча од три дела, со дим. 100/052/027 см и ориентација си/ј3. Остеолошки остатоци во траги, погребан еден покојник. Археолошки наоди: во пределот на главата два фрагмента салталеон (T. ІХ/6,7). На рацете две бронзени бегелегзии со прекрстени краеви (Т. [X/4,5), а кај нозете керамичен сад - бокал со рамна устинка - олпе, декориран со три врежани линии на вратот. работен на грнчарско колце (T. 1 Х/8).

I ро 6 22 (T. IX): Конструкција - керамичен сад Питос, многу оштетен, зачуван во должина од 090 см, ориентација с/ј. Без остеолошки остатоци. Од археолошки наоди, само ситни фрагменти од керамичка чинија.

Гроб 23 (T. IX): Конструкција - циста. многу оштетена, со дим. 060/036/010 см и ориентација с/ј. Веѕ остеолошки остатоци. ОД археолошки наоди фрагментирана керамичка чаша, рачно работена (T. ГХ/9).

Гроб 24 (T. IX): Конструкција - циста од шест камени плочи и покривна плоча од три дела, со дим. 110/040/023 см и ориентација сз/ји. Остеолошки остатоци во траги, погребан еден покојник. Археолошки наоди: во пределот на главата керамичен сад - чаша, декориран со снопови од врежани линии во две зони околу устинката и рамото и врежани триаголници што се спуштаат од рамото кон дното на садот, рачно работен (Т. ІХ/10). Кај стопалата керамичен сад - бокал со рамна устинка и изливник на стомакот - гутус работен на грнчарско колце (Т. ГХ/11).

Илустрација, стр. 102

Поради малата испитана површина и малиот број откриени гробови, не сме во можност да добиеме појасна слика за организацијата на некрополата Лисичин Дол. Меѓутоа споредувајќи ги резултатите добиени од Лисичин Дол. како што се ориентацијата и групирањето на гробовите и сликата од теренот со гробовите откриени од диви копачи, откриени на поширок простор, со добро истражените и документирани некрополи од Долно Повардарје. како што се Дедели.3 Милци.4 Сува Река.5 можат да произлезат определени заклучоци. Некрополата во Лисичин Дол, може да се предпостави, спаѓа во големи некрополи со гробови организирани во родовско - фамилијарни групации.

Поради исклучително лошата зачуваност на остеолошкиот материјал, антрополошката анализа е сведена на утврдување на староста на погребаните според зачуваните заби.6

Откриените гробови од некрополата Лисичин Дол ја потврдуваат, а со определени новини и ја надополнуваат, веќе постоечката слика за начинот на погребување и погребните обичаи присутни во Долно Повардарје во развиено железно време.7 Најзастапена гробна форма во некрополата е конструкција - циста од камени плочи, присутна со 15 гробови. Посебно интересна варијанта на ваква конструкција претставуваат гробовите 3 и 14, заедно вклопени во една голема заедничка циста, која со една камена плоча е поделена на два дела. т. е. два гробови (Сл. 2). Покрај оваа гробна форма. присутен е и гроб питос (гроб 22). Новина во гробните форми е правоаголна јама, вкопана во земја (гроб 15 и 18), која се поврзува со постариот хоризонт на погребувања во железно време, посебно со некрополата во Чаушица.:8 Во Македонија вакви гробни форми се присутни но не се доволно добро документирани (гроб 33 во Сува Реха,9 гроб 48 во Милци,10 гроб 55 во Дедели!!),11 така што сега може јасно да се издвои и дефинира како посебна гробна форма.

Илустрација, стр. 104

Според погребните обичаи. погребувањата се скелетни. покојниците се во испружена положба, полагани на грб, не е регистрирано ниту едно повеќекратно погребување, сите погребувања се поединечни. Поради ненарушеноста на погребувањата, сите гробни прилози се во интактна положба, така што може да се добие јасна претстава за покојникот во моментот на погребувањето.

Гробни наоди се пронајдоа кај 13 од вкупно 18 откриени гробови, додека гробовите 7, 12, 19, 22 и 23 се сотребени и уништени. Според материјалот и функцијата, гробните наоди можат да се поделат на три групи: Керамика, Накит и Оружје.

Керамиката, според фактурата може да се подели на керамика работена на грнчарско колце и на керамика рачно работена. Керамика работена на грнчарско колце: се открија вкупно 16 садови со стандарден начин на изработка. форми и декорирање, веќе добро познати како вообичаена продукција од железновременските некрополи од Долно Повардарје. Застапени се форми: бокал со косо засечена задна страна на вратот (Т. I/10; Т. ІІ/23; Т. IV/12, 16; Т. VII/13, 15; Т. VII/4, 16 и Т. ІХ/3), длабока чаша со една вертикална држалка (Т. VIII/3) или со две држалки во кантаровидна верзија (T. ГУ/11: Т. УПЛ2), мало бокалче со рамно устинка како олпа (1. ШЛ2; Т. ІХ/8) или со изливник на стомакот како гутус (T. ІХ/11), и чинија со една хоризонталана држалка (Т. УШ/15). Садовите се со окерпортокалова до црвена боја и со карактеристично сиво јадро во пресекот. Боената декорација е стандардна. изведена со мат црвена боја. во форма на лентести обрачи на определени делови од садот.12 Поради лошата зачуваност на керамиката, декорацијата е останата (видлива) само на неколку садови (T. 1/10; Т. УП/Л2, 13; Т. ТХ/11). На еден бокал со косо засечена задна страна на вратот од гроб 9 (Т. П/23) е изведена декорација со врежување на хоризонтални линии на стомакот и рамото на садот.

Керамиката работена рачно е застапена со 7 садови, сите чаши, со фактура од темносива до црна боја. Според нејзините културни вредности, може да се подели на две групи. Првата група ја сочинуваат формите чести во некрополите од Долно Повардарје,. како што се: длабока чаша со конусно тело (Т. ІІ/24), полутопчесто тело (Т. ІІІ/13) и чаши со топчесто тело и цилиндричен врат (Т. [X/2, 9), сите чаши се со една вертикална држалка што го надвиснува устието.13 Втората група рачно работени садови ретко се откриваат во некрополите од Долно Повардарје, било по формата или по декорацијата. Се работи за чаши

Илустрација, стр. 106

archaeal

Лисичин Дол - Марвинци, некропола од железното време, (истражувања 1997)

acta со крушковидно или кесесто тело со една вертикална држалка која го

Maced. надвисува устието, декорирана со снопови врежани хоризонтални или вертикални линии (Т. 1//11; Т. ГУ/17) и снопови врежани линии и шрафирани висечки триаголници (Т. ГХ/10). Оваа керамика ги проширува сознанијата за нејзиното место и улога во некрополите од долен Вардар. а истовремено покажува цврста поврзаност со рачно работена керамика од некрополите од среден и горен Вардар и долината на Брегалница.14

Накитот откриен во некрополата Лисичин Дол е главно изработен од бронза, но присутни се и други материјали како килибар и стаклена паста. Според својата функција и стилски особености, накитот може да се подели на три групи: украсен, утилитарен и култен. Во хронолошка смисла целокупниот накит може да се подели на две групи: постари форми накит, карактеристични за гробовите од постарата фаза на полното железно време, главно за УП век пр. н.е., и помлади форми накит, карактеристични за гробовите од помладата фаза на полното железно време од VI век пр. н. е. Во првата група спаѓаат големите спирални белегзии со повеќе навои (Т. 1/6, 7; Т. VI/3, 4; Т. VIII/8), белегзии со префлени краеви (T. У1/5, 6; Т. УП, 7, 9; T. ГХ/4, 5), очилести фибули (T. VII/1, 2, 3), како и постарите форми на Македонски или Пајонски бронзи. во кои влегуваат: приврзок сатче со капаче (Т. VI/7; Т. УШ/5), кружна плоча (Т. У/1), композитен приврзок (T. V/2), долгнавести лунулести приврзоци со и без пластични анимални претстави (додатоци) (Т. VI/8, 9), приврзок со пробиени кругови (Т. УП/4), 5вонест висулец (Т. VII/5), висулец тип-Чидици (T. VI/2), појас (Т. V/3). Карактеристични помлади форми накит се: двопетлеста лачна фибула со нога во форма на беотски штит (T. П/2), еднопетлеста лачна фибула со правоаголна нога (Т. ПЛ, 3, 4, 6; T. Ш-6), двојни игли со две петелки (T. УП/14: Т. VIII/1), двојни игли со проста триаголна глава (Т. 18: T. Ц/Л10: T. Ш/9; T. ГУ/15), приврзок-бобец (Т. 1/1, 2; Т. ГУЛ, 2), обетки од спирално намотана жица (T. 1/3, 4; T. ГУ/9, 10; Т. МИЛО, 11), трикалотни копчиња (T. ГУ/7. 8), копчиња-розети (Т. ІІ/7, 8; Т. VIII/1), фибула со лак од навиена осумка (Т. II/ 5), прстен со глава навиена осумка (T. П/13, 14, 15, 16, 17), тролисни копчиња (T. П/18,19), гердан од килибарни мониста (Т. 1/5; Т. П/15; Т. ШИ11), Ѓердан од кружни бронзени мониста (Т. 1/9), дијадема (Т. П/20), макаровидни мониста (Т. УПЛ1: T. VITI/13, 14; T. ГУ/3), бронзени мониста

Илустрација, стр. 108

archaeol.

Лисичин Дол - Марвинци, некропола од железното време, (истражувања 1997)

acta15 "Maced.

(T. IV/4; Т. VII/7, 8), салталеон (Т. ІІ/21; T. ШЛ, 2, 8; Т. УП /9; T. VIII/2; T. [X/6.7), калотни копчиња (T. VI/1), железни игли (Т. II /22; Т. 11/10), монисто од стаклена паста (T. VITI/12).

Ексклузивен наод на култен накит, кој треба посебно да се истак-Не, претставуваат наодите од гроб 15. Култниот накит откриен во гроб 15 дава доста форми на култни бронзи во интактна позиција на покој-НИКОТ, особено од групата постари македонско-пајонски бронзи. Покојникот погребан во гроб 15 е најверојатно свештеничка. во полна одора, која може да се поврзе со култот на сонцето, Кај Пајоните."“(Сл.16 3-5 )

Оружје е откриено во три гробови (14.17 16, 20) и е застапено со четири парчиња. Изработувано е од железо, многу е кородирано и фрагментирано. Сите оружја се откриени во машки гробови, а застапени се две копја и два ножа (Т. ГУ/13, 14 )."

Некрополата Лисичин Дол и покрај малиот број истражени гробови, не само што ја збогатува и потврдува веќе постојната слика за погребувањето во полното железно време. туку и дава некои нови моменти во развојот на материјалната и духовната култура на железното време во Долно Повардарје.

Со извршената анализа на погребувањата и наодите, можат да се издвојат две хронолошки фази (два хорзонти на погребувања) во развитокот на некрополата во Лисичин Дол. и тоа - постара фаза во која спаѓаат гробовите јами (гроб 15 и 18), кои одговараат на УП век пр. н. е. (или Дедели 1, според хронолошката класификација за некрополите од Долно Повардарје на Д. Митревски), и помлад хоризонт каде што спаѓаат сите други гробови што се поврзуваат со времето од крајот на УПи почетокот на VI век пр. н. е. (или Дедели П).18

Појавата на рачно работена керамика, декорирана со снопови врежани линии и висечки триаголници. покажува многу блиски релации на некрополите од Долно Повардарје со некрополите од среден и горен Вардар и долината на Брегалница. Покрај накитот на култни бронзи дава уште една потврда за единството на еден поширок пајонски културен круг.

сликата за верувањето на жителите на Долно Повардарје, а во исто време ги утврдува и местото и улогата на некои од Т.Н. постари Македонско-пајонски бронзи во тие верувања.
сликата за верувањето на жителите на Долно Повардарје, а во исто време ги утврдува и местото и улогата на некои од Т.Н. постари Македонско-пајонски бронзи во тие верувања.
Илустрација, стр. 111

И. накрај, треба да се спомне и откриениот железновременски хоризонт на лок. Исар. с. Марвинци, кој ја открива населбата на погребувањата во Лисичин Дол.19

Овој широк хронолошки простор. во малиот број испитани гробови, само го зголемува интересот за оваа некропола и секако го оп-

Zlatko Videski

Museum of Macedonija, Skopje

LISICIN DOL - MARVINCI

- оп Age Necropolis -

(Researches in 1997)

Белешки

  1. На ова место сакам да И искажам голема благодост на екипата која учествуваше и повремено помагаше во истражувања: д-р. Д. Мтревски, д-р. Ф. Вељановска, С. Темов, М. Јованов, Г. Kapanerkos, М. Видеска и Т. Манчева. ↩
  2. V. Pigel., Eisenzeitliche Graber von Dedeli und Mravinaca Jugoslavich/Makedonicen, Marb. W. Pr., Berlin, 1970; R. Vasi¢ Eisenzeitlische Funde von Udovo in Makedonien, Acta Praehist. et Arch. 5/6, Berlin, 1975; K. Kilian, Trachzubehor der Eisenzeit zvischen Agais und Adria, Prahistorisce Zeitchrift 50, Berlin, 1975; 3. Георгиев, Гробот 31/35 од некрополата Милци кај Гевгелија, Збоник на аммс 10-11, 1979-82, Скопје. 1983; R. Vasic, Gevgeliska grupa, PJZ, V (Zelezno doba), Sarajevo, 1987, 701; Д. Митревски. Дедели. Cxonje, 1991, 9-17. вредноста на оваа некропола. ↩
  3. Наоди. “ Д. Митревски. Дедели..., 43-45. ↩
  4. Р. Пашиќ и други, Археолошките ископувања на лок.Милци кај Гевгелија, Културно Наследство 10/11. Скопје. 1987, 78-79. ↩
  5. Р. Пашиќ, Археолошки испитувања на лок. Сува Река во Гевгелија, Масеԁ. acta archaeol. 3, Прилеп. 1977, 48; Р. Пашиќ, Археолошки испитувања на лок. Сува Река во Гевѓелија, Зборник на аммс, 8-9, Скопје, 1978, 28; К. Ристов, Сува Река - Гевѓелија, Maced. acta archaeol. 13, Скопје.1992. 105-106. ↩
  6. Анализата ја изврши антропологот д-р. Фаница Вељановска. ↩
  7. В. Vasi¢, Gevgeliska grupa..., 706-708: Д. Митревски. Дедели.... 40-43: J]. Митревски, Протоисториски заедници во Македонија. Скопје. 1997. 82-86. ↩
  8. Casson, Macedonia, Thrace and Illyria, Groningen, 1968, 143-154. ↩
  9. Р. Пашиќ. Археолошки испитувања.... Зборник на аммс 8/9, 25. Сл. 12. ↩
  10. Д. Митревски. Карактеристични форми на "Македонски Бронзи" од наоѓалиштата по долината на Вардар, Масеԁ. acta archaeol. 9, Скопје, 1983/84, 86. ↩
  11. Д. Митревски. Дедели.... 31, 40, Сл. 39. 2 В. Vasié, Gevgeliska grupa..., 703: Д. Митревски. Дедели.... 48-52; 3. Георгиев, Елементи од раната антика во долно Повардарје. ГЗФФ 10, Скопје. 1984, 52-59. ↩
  12. R. Vasi¢c, Gevgeliska grupa..., 703; Д. Митревски, Дедели.... 46-48; 3. Георгиев, Рачно изработената керамика од долновардарскитсе некрополи, Массԁ. acta archacol. 9, Скопје, ↩
  13. /84, 65-81. 8 B. Маче, Srednja i Istoéna Makedonija, PJZ Y (Zelezno Дора), Sarajevo, 1987, 690-700; M. ↩
  14. Гарашанин. Д. Гарашанин. Apxeonomka ископавања у селу Радању на лок. Криви Дол, зншм 1, Штип, 1959, 9-61; И. Микулчиќ, Могили од Орлова Чука кај с. Стар Караорман, зншм 2, Штип, 1960; В. Санев, Могилите од Куново Чуки кај с. Оризари - Кочанско. Зборник на аммс 8/9, Скопје. 1978. 7-20, Сл. 2. 3. 5; 3. Георгиев, Праисториски наоди од Кочани и прашање на равните некрополи по Брегалница. ГЗФФ 7. Скопје. ↩
  15. , 65-78: J]. Митревски. Протоисториски заедници... 121-123. 'S J. Bouzek, Graeco /Macedonian Bronzes, Acta Univ. Caroline phil. et.hist., Monogr. 49, ↩
  16. Praha, 1971; R. Vasié, Gevgeliska grupa...,703-706; Д. Митревски. Дедели.... 52-65.; Д. ↩
  17. Митревски, Карактеристични форми... 83-103; Д. Митревски. Протоисториски заедници.... 125-131. ↩
  18. В. Vasi¢, Gevgeliska grupa..., 708; Е. Петрова, Култовите и симболизмот кај пајонските племиња компарирани со илирските и тракиските. Масеԁ. acta archacol. 13, Скопје, ↩
  19. , 125-140; види Д. Митревски. Гробот на пајонската свештеничка од Марвинци, во овој број на Maced. acta archacol. ↩
  20. ТВ. Маче, Gevgeliska grupa..., 706; J]. Митревски. Дедели.... 65-66. ↩
  21. Д. Митревски, Дедели.... 68-71. равдува натамошното нејзино истражување. ↩
  22. В. Соколовска. Исар - Марвинци, Скопје, 1986, 59-69; С. Темов, Д. Митревски, Нови наоди од Марвинци, Масеԁ. acta archaeol. 15, Скопје, 1999. ↩

Summary

Lisičin Dol - Marvinci

For the purpose evaluating as completely as possible the burial ground at the site of Isar in v. Marvinci near Valandovo, particularly the disposition of the sc. South Necropolis, the Museum of Macedonia carried out researches in July 1997. In the scope of these explorations, excavations were undertaken at the area of "Lisi¢in Dol20 located at 500 m. southeast of Isar, where several destroyed Iron Age graves were recognized. Existence of a necropolis near v. Marvinci was indicated by the finds of the German archaeologist Dragendorf, discovered during the First World War and the reconnaissance activities carried out in 1980s. The archaeological researches yielded 18 undisturbed graves (graves 7-24). (Plan 1, Plates I-IX)

Despite the small number of researched graves, the necropolis "Lisi¢in Dol21 not only confirms and enhances the already existing picture of burials in mature Iron Age, but also reveals new details concerning the material and spiritual culture of the Iron Age in the Lower Vardar Valley.The analysis of burials and grave goods resulted in distinguishing two chronological stages (two burial horizons) in the development of the necropolis at "Lisi¢in Dol22. The earlier stage includes grave pits (nos. 15 and 18) coinciding with the 7th century BC (or Dedeli I according to the chronological classification of the Lower Vardar Valley necropolises D-r Dragi Mitrevski), whereas all other graves belong to the later horizon associated with the time at the end of the 7th and the beginning 6th century BC (or Dedeli П) (18)

The hand made pottery decorated with bundles of incised lines manifest close relations with Lower Vardar Valley necropolises, as well with the ones from the Middle and Upper Vardar and the Bregalnica Valleys. Apart from the jewellery of cult bronzes, the pottery provides another evidence for the unity of wider Paeonian cultural circle.

Grave 15 comprising excceptional finds defines more precisely the picture of beliefs within the population of the Lower Vardar Valley, identifying also the significance and role of some of the sc. older Macedonian-Paeonian in those beliefs. The discovery of the Iron Age horizon at the site of Isar in v. Marvinci also deserves mentioning, since it points out the settlement to which burials in Lisi¢in Dol belong.