Macedoniae acta archaeologica 15 (1999) · стр. 33–45

Енеолитска населба Крушеанска Чука

Содржина
  1. Подвижни наоди
  2. Керамика
  3. Пластика
  4. Енеолитска населба Крушеанска Чука
  5. THE ENEOLITHIC SETTLEMENT KRUSEANSKA CUKA

Крушеанска Чука е последното наоѓалиште на кое се вршени археолошки истражувања во рамките на заедничкиот проект на музеите од Прилеп и Битола, под име "Зачетокот и развојот на првите земјоделски заедници во неолитскиот период и нивниот премин во металното време на подрачјето на Пелагонија".1 Се наоѓа на 1 км јужно од с. Врбјани и на околу 2 км северно од с. Крушеани. покрај новото корито на реката Блато. Од современиот пат Прилеп - Крушево е оддалечена 1.5 км. Населбата претставува тумба со неправилна кружна основа и пречник од околу 80 м при што ја надвисувала околината за 1.80 м.

Со работите во месец септември 1979 година е отворена сонда со димензии 4,0 x 3,0 M, поставена на централниот односно највисок дел од TyMOaTa, во правец H-3. Според трагите од куќен лепеж и карактерот на археолошките наоди, констатирани се остатоци од енеолитска населба со четири станбени хоризонти. Првиот - најстар хоризонт е на длабочина од 2,29 м на која се забележани помали парчиња од дислоциран куќен лепеж и ситен гареж во западната половина на сондата. Вториот хоризонт, кој е на длабочина од 1.79 м, се манифестира со компактен слој од црвеникав куќен лепеж во југозападниот агол на сондата. Третиот хоризонт е на длабочина од 0.93 м, издвојувајќи се како слој од куќен лепеж со интензивна црвено - портокалова боја во североисточниот дел на сондата и со многу пепел и гареж веднаш до него. Четвртиот хоризонт започнува речиси од денешната површина на чуката, односно на длабочина од 0,31 м. На таа длабочина, покрај северниот профил на сондата. е забележан тенок слој жолтеникав слабо печен куќен лепеж кој благо се спушта кон југ, при што навлегува во западниот профил. Според истражувачите, културниот слој продолжувал. меѓутоа, поради подземни води. неговото натамошно истражување било оневозможено.

Што се однесува до објектите за живеење, добиени се скудни податоци. Отпечатоците на лепежот покажуваат дека биле надземни и градени во вообичаената техника, од гранки, обли и цепени гредички со помали или поголеми пречници облепени со кал. Димензиите и обликот на куќите се непознати.

Подвижни наоди

Движниот археолошки материјал покажува во основа единствен карактер во целиот културен слој, па според тоа може да се рече дека постои населбински и културен континуитет. Како и на другите енеолитски локалитети, и овде најбројна е садовата продукција од печена земја, додека орудијата. оружјето и пластиката се поретки.2

Керамика

Крушеанска Чука е богата со керамичка садова продукција. наполно идентична со онаа од населбите што и припаѓаат на регионалната енеолитска група Шуплевец - Бакарно Гумно. Одделни облици имаат континуитет во целиот културен слој, додека други се појавуваат во еден, а нивното присуство завршува во друг хоризонт. Генерално, садовите се изработени од добро пречистена глина, имаат сива или кафеавкава боја, а поретко се среќава и сивокафеава комбинација. Горната површина е убаво мазнета, додека садовите со погруба фактура процентуално се мошне слабо застапени. За подобар преглед ги даваме облиците што најчесто се јавуваат, нивните варијанти по хоризонти, како и соодветните техники на украсување:

Тип I - Конусните чинии со вовлечен заоблен венец се присутни во сите четири хоризонти (Сл. 1). Се јавуваат со брадавици симетрично поставени на најширокиот дел или со вертикални продупчени мали држалки под самото рамо (Т. 1/1). Во подоцнежните фази овие два вида држалки се среќаваат во заемна комбинација (Сл. 2). Што се однесува до украсувањето, за овој тип садови е карактеристичен мотивот вертикален сноп под венецот или на најширокиот дел. Во I хоризонт е пронајден само еден фрагмент украсен со овој мотив, изведен со графитно сликање, меѓутоа, од П хоризонт како орнаментални техники се појавуваат врежувањето и канелирањето. Мошне често сноповите се поставуваат од двете страни на брадавичестите апликации (Т. 1/2) така што се составуваат под агол над самата брадавица (Сл. 2). Од III хоризонт украсувањето е вршено и со бела мат боја. Конусните чинии со вовлечен венец се присутни, без исклучок на сите енеолитски локалитети што му припаѓаат на културниот комплекс Бубањ Хум - Салкуца - Криводол.3 додека наведените варијанти најблиски аналогии наоѓаат на населбите од енеолитската културна група Шуплевец - Бакарно Гумно во Пелагонија.4

Илустрација, стр. 35

Tun II - Конусните чинии со заоблен и поретко рамен или косо засечен венец егзистираат во сите четири хоризонти. Во П хоризонт се јавува варијантата со задебелен венец од внатрешната страна и со две спротивни вертикални продупчени мали држалки (Т. 1/3). Оваа варијанта е застапена во Шуплевец. Бакарно Гумно и Црнобуки во Пелагони-5 ја, како и во населбите од соседната Бубањ - Хум енеолитска културна група.6 Украсувањето на конусните

чинии започнува од Ш хоризонт при. Сл.2 Чинија со вовлечен обод - видови држалки и украсување

“ , 1. што за садовите со помали димензии е карактеристично комбинирањето на врежани линеарни мотиви и кружни убоди. додека оние со поголеми димензии на внатрешната страна имаат подлабоки врежани линии, честопати преплетени (Сл. 3). Во ТУ хоризонт се јавува сликањето со бела мат боја со украсни мотиви од хоризонтални цикцак паралелни линии и хоризонтални аглести снопови.

Tun Ш - Кантаровидните садови со цилиндричен врат и две спротивни држалки кои поаѓаат од венецот при што не го надвишуваат и завршуваат на најширокиот дел, се среќаваат уште во најстариот хоризонт. Во Ш хоризонт рамото, а честопати и венецот се украсувани со низа кружни убоди. Во IV хоризонт на стомакот се појавуваат две паралелни врежани цикцак линии (Т. ПЛ) или вертикални плитки паралелни канелури. Честеи мотивот од вкосени канелури што се составуваат под агол во висина на рамото, веднаш над долниот

Сл. 3 Врежани линии од внатрешната на корен од држалката (Т. IL 72). Овие конусните чинии садови се присутни на поголемиот
Сл. 3 Врежани линии од внатрешната на корен од држалката (Т. ИЛ 72). Овие конусните чинии садови се присутни на поголемиот

број енеолитски населби.7 Вертикалните лентести држалки често се украсувани со паралелни канелури или врежани линии (Т. ІІ/3). Вака украсени држалки се забележани во Шуплевец и Црнобуки.8

Сл. 4 Убоди организирани во четвртести малку7 поизвиен нанадвор и со ап-
Сл. 4 Убоди организирани во четвртести малку7 поизвиен нанадвор и со ап-

Tun IV - Топчестите садови се присутни во сите хоризонти, и тоа како две варијанти. Првата има цилиндричен врат и вертикални продупчени држалки, додека втората е затворена со венец

полиња лицирана брадавица. Садовите од првата варијанта со поголеми димензии и погруба фактура, од | до Ш хоризонт се украсувани со паралелни хоризонтални редови од поплитки или подлабоки убоди од нокти, поставени на стомакот. Во најстариот хоризонт овие убоди често се организирани во четвртести полиња (Сл. 4), така што потсеќаат на украсувањето кај амфорестите садови од населбите на истовремената културна група Бубањ - Xym.9

Кај садовите со помали димензии се јавува орнаментот "лажен шнур". Во Џ хоризонт вратот е украсен со три хоризонтални паралелни линии, а стомакот - со два концетрични круга (Т. ШЛ). Во Ш хоризонт рамото е издвоено со хоризонтална линија, а на стомакот има снопови од по три линии што аглесто се спојуваат (T. Ш/2). Овој орнамент се среќава и на венците од садовите од Ш и ГУ хоризонт. Орнаментот "лажен шнур" особено е карактеристичен за енеолитските населби во Пелагонија!",10 а неговото присуство е уште една потврда за припадноста на Крушеанска Чука кон културната група Шуплевец - Бакарно Гумно.

Сл. 5 Мотиви изведени со бела
Сл. 5 Мотиви изведени со бела

Што се однесува до втората варијанта на топчести затворени са-

инкрустација

дови со аплицирана брадавица, во IV хоризонт имаат украсена површина со аглести снопови изведени со бела мат - боја.

Сл. 6 Цедилка со вертикална продупчена лентеста
Сл. 6 Цедилка со вертикална продупчена лентеста

Тип V - Биконусните чинии во различни димензии се присутни во сите хоризонти. Од II хоризонт, како варијанта. се јавуваат поголемите чинии со хоризонтална продупчена лентеста држалка на најширокиот дел од стомакот. Поретки се нешто позатворените чинии држалка во горниот конус. Впечаток е дека во постарите хориознти овие чинии имаат поблага, а во помладите - поостра профилација.

Тип VI - Садовите со цилиндричен врат и биконусна профилација се јавуваат во последните два хоризонта. Можат да имаат лентеста држалка, брадавичеста апликација на рамото или држалка во облик на јадец. Што се однесува до украсувањето, се јавуваат коси снопови на вратот изведени со бела боја, коси паралелни канелури на рамото и комбинација на коси паралелни врежани линии И НИЗИ ОД убоди под рамото исполнети со бела боја (Сл. 5). Техниката на инкрустрација со бела боја е застапена во II фаза на Бубањ - Xym.11

Тип VII - Во овој тип се сместени минијатурните садчиња со конусен или биконусен облик. позатворени или поплитки и отворени. Нивното присуство е поретко иако се јавуваат во сите хоризонти.

Тип УШ - Пехар на висока шуплива конусна нога. Се јавува во последните два хоризонта. Присутен е во подоцнежните енеолитски фази на населбите Бакарно Гумно, Шуплевец. Црнобуки и Карамани во Пелагонија, како и на локалитетите од групата Бубањ - Xym.12

Сл. 8 шок (Сл. 8). Варијанти претста-
Сл. 8 шок (Сл. 8). Варијанти претста-

Тип IX - Садот цедилка со конусен облик, зашилено дно И перфорирани зидови со помали или поголеми кружни отвори, освен во I хоризонт е присутен во сите други хоризонти (Сл. 6). Се јавува на истовремените населби во Пелагонија, на Бакарно Гумно, Шуплевец и во енеолитските стратуми на Црнобуки.13

Тип X - Капаците за садови ги има во повеќе варијанти. Најчести се конусните, однатре празни, со петличест (Сл. 7) или чепест заврвуваат масивниот конусен капак со заоблена горна површина украсена со врежани линеарни мотиви, како и конусниот капак со вертикална продупчена држалка седлесто обликувана (Т. Ш/3). Конусни капаци во набројаните варијанти се присутни на Шуплевец и Црнобуки.14 Посебно се издвојува капакот "корпа" со долен масивен дел украсен со засеци, а горе - со лентеста држалка во средината подигната (Сл. 9), мошне сличен на примерокот од Шуплевец.15

Сл. 9 Капак од типот "корпа"
Сл. 9 Капак од типот "корпа"
Сл. 10 Женска статуетка со отвор за средината кружно продупчени и со горна всадување на главата
Сл. 10 Женска статуетка со отвор за средината кружно продупчени и со горна всадување на главата

Орудијата и оружјето низ сите хоризонти на домување се сосем ретко застапени. Откриени се помал број кремени ножиња, ретуширани од обете страни. Од мазнет камен биле изработувани разни алатки и секири. Пронајдени се неколку коскени шила и игли. како и оштетени еленски рогови.

Земјените кугли за праќа ги има во сите хоризонти во различни димензии. Главно се јајцевидни, издолжени со зашилени или заоблени краеви, но се јавуваат

и во биконусен и неправилен топчест облик. Најдени се и неколку топчести кугли

од белузлав камен погрубо обликувани, како и една кугла доста фино обработена, кружно продупчена.

Кон производите од печена земја припаѓаат и прешлените, исто така присутни во сите хоризонти. По облик. можат да бидат плоснати или конусни, во површина често украсувана со врежани мотиви (Т. Ш/4). Конусните можат да имаат рамна долна површина или пак да бидат вдлабени. Прешлените се чести на енеолитските населби. ги има на Бакарно Гумно, Шуплевец и Црнобуки во Пелагонија, како и на Кутлина во

Овде треба да се спомне и единствената минијатурна пинтадера најдена во последниот хоризонт. Во горниот дел е оштетена, а на долната рамна, кружно обликувана површина има врежан крст (T. Ш/5).

Пластика

Пластиката е застапена со неколку примероци од последниот хоризонт, главно како фрагментирани нозе од антропоморфни статуетки што стојат. Интересна е една десна нога, зачувана од под коленото и со оштетено стапало. Под коленото има две плитки канелури, а по должината на ниската се спуштаат две паралелни вертикални низи од кружни убоди. Глуждот од надворешната страна е назначен со мала брадавица. Мошне интересена е и женската статуетка случајно најдена непосредно пред ископувањето (Сл. 10).17 Телото е плоснато. градите. “ стомакот и колената се пластично претставени, додека пубичниот деле назначен со врежан триаголник. Рацете недостигаат. Во горниот дел има отвор за всадување на главата. Целата површина на статуетката е украсена со врежани линии. косо и хоризонтално поставени. Типолошки, оваа статуетка е речиси идентична на статуетките од Бакарно Гумно и Шуплевец,18 кои во рамките на културниот комплекс Бубањ - Салкуца - Криводол се поместени во вториот тип статуетки од јужната група.19

Од IV хоризонт потекнува единствената оштетена фигуринка на животно, најверојатно овца. Главно, енеолитските населби од спомнатиот културен круг се сиромашни со зооморфна пластика.20

Илустрација, стр. 41

Заклучок

Според карактерот на археолошкиот материјал, особено на движните наоди, Крушеанска Чука временски се сместува во енеолитскиот период во Пелагонија, манифестиран преку регионалната културна група Шуплевец - Бакарно Гумно. Ова посебно се однесува за облиците на садови: конусната чинија со вовлечен венец, конусната чинија со задебелен венец од внатрешната страна и кантаровидните садови со две спротивни вертикални држалки што не го надвишуваат венецот, какои орнаменталните аналогии на другите локалитети од оваа група.

Илустрација, стр. 42
Илустрација, стр. 42

Ако ја прифатиме интерната поделба на енеолитот на ран. среден и доцен, според досегашните археолошки истражувања единствено | фазата во Бакарно Гумно му припаѓа на раниот енеолит. Ова го поткрепува обилното присуство на црна керамика со интензивен сјај И графитното сликање како доминантна орнаментална техника, карактеристични за оваа фаза.21 Црната керамика со интензивен сјај отсуствува во другите насел-ОН, додека графитот се јавува инцидентно во најстарите хори-

Илустрација, стр. 42
Илустрација, стр. 43

зонти.22 На Крушеанска Чука, во I хоризонт, е најден само еден фрагмент од конусна чинија со вовлечен венец украсен со графитно сликање што дава можност да се претпостави постоење на постар хоризонт, истовремен со I фаза во Бакарно Гумно. Во уводниот дел спомнавме дека истражувањето на овој културен слој било спречено поради подземни води.

Посочените сличности укажуваат на тоа дека Крушеанска Чука, со своите четири хоризонти, во целост му припаѓа на средниот енеолит во Пелагонија, односно, дека животот на населбата се одвивал паралелно со фаза П на Бакарно Гумно, фазите ги ІІ23 на Шуплевец, слојот 1 на Висок Рид. Карамани па и Црнобуки ги ІІ. Присуството на орнаментот "лажен шнур". како и женската статуетка со отвор за всадување на главата, се основна потврда за нејзиното вклучување во групата Шуплевец - Бакарно Гумно.

Фактот што на Крушеанска Чука не се пронајдени облици на садови кои го најавуваат бронзеното време. како што се садовите со две држалки што ја надвишуваат устата присутни во Ш фаза во Бакарно Гумно, во Карамани ІІ6 и Црнобуки ІІІ,24 упатува на тоа дека населбата подоцна. во раното бронзено време, не била населена. archaeol.

Енеолитска населба Крушеанска Чука

acta Maced. Duško Temelkoski Institute and Museum, Prilep

THE ENEOLITHIC SETTLEMENT KRUSEANSKA CUKA

Белешки

  1. J. Тодоровиќ. Д. Симоска. Б. Китаноски. Осврт врз резултатите од археолошките истражувања на праисторијата во Пелагонија. Зборник на трудови 6-7-8, Завод. Музеј и Галерија Битола. 1985/86/87, 12; Б. Китаноски. Крушеанска Чука, Археолошка карта на Република Македонија II, Скопје. 1996, 292. ↩
  2. My се заблагодарувам на господин Благоја Китаноски што ми го отстапи целокупниот материјал од Крушеанска Чука за обработка. ↩
  3. B. Kitanoski, Bakarno Gumno, Chepigovo pres de Prilep, Epoque préhistorique et protohistorique en Yugoslavie, Beograd, 1971, 139; М. Гарашанин, Д. Симоска, Контролни ископувања на Шуплевец и некои проблеми на групата Шуплевец - Бакарно Гумно, Maced. acta archaeol. 2, Прилеп, 1976, 13; Д. Симоска, Б. Китаноски, J. Тодоровић, Населбата Црнобуки и проблемот на истоимената култура во светлината на новите археолошки истражувања, Maced. acta archaeol. 2, Прилеп, 1976, 46; П. Кузман, Кутлина, Maced. acta archaeol. 14, Скопје, 1993-95, 14; В. Санев, Д. Симоска, Б. Китаноски, С. Саржоски, Праисторија во Македонија, каталог, Скопје, 1976, 49, сл. 370; М. Гарашанин, Праисторија на тлу ср Србије I, Београд, 1973, 176; N. Tasić, Bubanj - Salkuca - Krivodol kompleks, Praistorija Jugoslavenskih zemalja III, Sarajevo, 1979, 102. ↩
  4. Б. Китаноски, Бакарно Гумно, 139; B. Kitanoski, Some data on the eneolithic of Pelagonia, Balcanica XXIII, Belgrade, 1992, 233; М. Гарашанин, Д. Симоска, Maced. acta archaeol. 2, 13, Сл. 1; Д. Симоска, Б. Китаноски, J. Тодоровић, Maced. acta archaeol. 2, 46, T.IV, 4 и 8; T. X, 1. ↩
  5. Б. Китаноски ..., 232; М. Гарашанин, Д. Симоска, Maced. acta archaeol. 2, 15, сл. 20; Д. Симоска, Б.Китаноски, J. Тодоровић, Праисториска населба Тумба во село Карамани кај Битола, Maced. acta. archaeol. 3, Прилеп, 1977, 15; ↩
  6. М. Гарашанин. Праисторија .... 177. ↩
  7. B. Kitanoski, Balcanica XXIII, 233; M. Гарашанин. J]. Симоска, Maced. acta. archaeol. 2, 14, сл. 16, 21; Д.Симоска. Б. Китаноски, J. Тодоровиќ. Масеԁ. acta. archaeol. 2, 48, T. НІ, Ти T. X, 2; П. Кузман, Масеԁ. acta. archaeol. 14, 15, сл. 11-35 и 12-36; M. Гарашанин, Праисторија ..., 177. B. Kitanoski, Balcanica XXIII, 233: Д. Симоска. Б. Китаноски, J. Тодоровиќ, Maced. acta archaeol. 2, 51; Д. Симоска. Б. Китаноски. J. Тодоровиќ, Масеԁ. acta archaeol. 3, 19; М. ↩
  8. М.Г арашанин, J]. Симоска, Масеԁ. acta archaeol. 2, 14, сл. 4; Д. Симоска. B. Китаноски, J. Тодоровиќ. Maced. acta archaeol. 2, T. X, 6. ↩
  9. М. Гарашанин, Праисторија..., 180, Т. 30. ↩
  10. М. Гарашанин, Д. Симоска, Масеԁ. acta archaeol. 2, 21, Т. II, 7. Т. УП. 24 и 25, T. IX, 30, T. X, 32: Д. Симоска, Б. Китаноски, J. Тодоровиќ, Масеԁ. acta. archaeol. 2 2, 61, 'T. II, 1,4 5; Д. Симоска. Висок Рид. Праисториска повеќеслојна населба, Зборник на трудови 4-5, Завод. Музеј Галерија Битола. 1983-84, 6: В. Санев и други... 50. сл. 304 и 51 сл. 434. " М. Гарашанин, Праисторија. 183, Т. 33. ↩
  11. Гарашанин, Праисторија... 183. Т 33; В. Санев и други... 51, Сл. 427. ↩
  12. Kitanoski, Balcanica XXIII, 233: M. Гарашанин, Д. Симоска, Maced. acta archaeol. 2, ↩
  13. ; Д.Симоска, Б. Китаноски, J. Тодоровиќ. Масеԁ. acta archaeol. 2, 48. "е М. Гарашанин, Д. Симоска, Масеԁ. acta archaeol. 2, 17, T. VIII си. 26 и 27; Д. Симоска. Б. ↩
  14. М. Гарашанин. ЈІ. Симоска. Масеԁ. acta archaeol. 2, 15, сл. 21a: ЈІ. Симоска. Б. Китанос-Ku, J. Тодоровиќ, Maced, acta archaeol. 2, 53. ↩
  15. M. Гарашанин. Д. Симоска. Масеԁ. acta archaeol. 2. 17: В. Санев и други... 51, сл. 422. ↩
  16. Китаноски, J. Тодоровиќ. Масеԁ. acta archaeol.-2, 53; B. Санев и други ..., 49, сл. 367 u ↩
  17. сл. 424; П. Кузман. Maced acta archaeol. 14, 18, сл. 30. Arheoloski pregled 28, Ljubljana 1987/1989, 57; И. Колиштркоска - Настева, Енеолитско наоѓалиште на Костоперска Карпа, Масеԁ. acta archaeol. 13, Скопје. 1992, 49; M. Гарашанин, Праисторија .... 191. 32 М. Гарашанин, Д. Симоска, Масеԁ. acta archaeol. 2, 13; Д. Симоска. Б. Китаноски, J. Тодоровиќ, Maced. acta archaeol. 2, 62. ↩
  18. Во месец мај 1979 година непосредно пред археолошките ископувања на локалитетот. ученикот Зоран Колчакоски од село Врбјани ја донел оваа статуетка заедно со уште неколку фрагменти, а кои потекнуваат од површината на чуката, во Народниот Музеј, денешен Завод и Музеј во Прилеп. вв. Kitanoski, Bakarno Gumno, 140; B. Санев и други ..., 49 сл. 388 и 52 сл. 441. ↩
  19. N. Таче, PJZ III, 106. ↩
  20. Исто, 105. “" Б. Китаноски. Бакарно Гумно ..., 139-140; И. Настева. Бурилчево. Arheoloski pregled ↩
  21. Ljubljana 1987/1989. 49: Б. Георгиевски. Жеглиговски Камен/Костоперска Kapna, ↩
  22. B. Kitanoski, Balcanica XXIII, 233; M. Гарашанин, Д. Симоска, Maced. acta archaeol. 2, 20-21: ↩
  23. Д.Симоска. Зборник на трудови 4-5. 7; Д. Симоска. Б. Китаноски. J. Тодоровиќ. Масеԁ. acta archaeol. 2, 62: Д. Симоска. Б. Китаноски, J. Тодоровиќ. Maced. acta archaeol. 3, 12. “4 B. Kitanoski, Bakarno Gumno..., 140; B. Kitanoski, Balcanica XXIII, 233; Д. Симоска, B. ↩
  24. Китаноски. J. Тодоровиќ. Масеԁ. acta archaeol. 2, 62; Д. Симоска. Б. Китаноски, J. ↩
  25. Тодоровиќ. Maced. acta archaeol. 3, 19. of figurines have been found in considerable numbers in Bakarno Gumno II-III, Suplevec and Crnobuki. ↩

Summary

The Eneolithic Settlement Krušeanska Čuka

Archaeological researches of Eneolithic sites in Pelagonia that commenced after the Second World War have been intensified in the past 20 years.

The settlement KruSeanska Cuka is located near the village of Vrbjani by the new river bed of the Blato. It is a mound of medium size forming irregular circle at the foot. Research activities were undertaken in September 1979, when a trial trench was dug measuring 4 x 3 m. Four occupation layers were recognized belonging to the Eneolithic. Dwelling structures had been built in a technique usual for the time.

The pottery production basically shows unique nature. Conical and biconical forms are prevailing. Plates with everted (Fig. 1) or thickened rim are the most frequent (Plate 1.3). Other forms are vessels with round body and shorter or longer cylindrical neck, with or without stripe-like handles, as well as kantharosshaped vessels with handles that do not supersede the rim (Plate I. 1, 2). There are also strainers (Fig. 6), conical lids (Figs. 7, 8 and 9), as well as cups on hollow stand.

The decoration applied is abundant and diverse. A rather frequent motif is a vertical or oblique bundle of incised parallel lines or cannelures, applied either below the rim, or on the widest part of plates with everted rim. Conical vessels are distinctive for combining impressed ornaments or cannelures and circular pierces. The "false cord25 ornament appeared in II - IV layers (Plate Ш. 1, 2). Graphite and painting with white colour are rare. A great deal of the pottery forms and techniques of decorating find close analogies in other Eneolithic settlements in Pelagonia, particularly in Bakarno Gumno, Suplevec and Crnobuki.

The number of discovered flint-stone tools, stone axes and bone awls is smaller. The standing female figurine from the last horizon, with a hollow neck for inserting head (Fig. 10) is also distinctive for the Eneolithic in Pelagonia. This kind