Macedoniae acta archaeologica 15 (1999) · стр. 25–32

Антропоморфни и зооморфни фигурини од енеолитскиот период

Содржина
  1. Антропоморфни фигурини
  2. Зооморфни фигурини
  3. - site of Pilavo near Buriléevo -

наоѓалиштето Пилаво кај с. Бурилчево, Кочанско. констатирана е двослојна населба.2 Поставена е на извишено плато во непосредна близина до р. Брегалница, каде што доминира со својата стратешка позиција.3

Откриени се објекти за живеење - куќи со сите придружни елементи и содржини што ги имала речиси секоја од нив: печки, огништа, јами, преградни зидови и др.

Бројниот керамички материјал говори за релативно стабилно живеење со неопходните услови за тоа, како плодна почва, погодна клима и доста вода. Очигледно, жителите што го населувале тој простор го надополнувале секојдневието со богат духовен живот, создавајќи разно-BAHU идоли, изведени минијатурно, изработени од глина, а потоа печени. Најчесто се пронаоѓани во просторт на куќите. Така, од откриениот материјал не е занемарлив бројот на фигурини и фрагменти со женски претстави, поретко машки. и зооморфна пластика. Во оваа прилика ќе ТН анализираме оние што можат да ни дадат доволни податоци 3a нивното стилско и хронолошко дефинирање.

Антропоморфни фигурини

Врз основа на условите во кои се откриваат антропоморфните фигурини, дали близу до огништа, ритуални маси и сл, или нивната честа фрагментираност, пол и другите елементи, постојат интересни толкувања за нивната појава и намена. Р анотриполските стратусетки, кои често се откриваат во фрагменти, С. Н. Бибиков,4 базирајќи се врз етнографски паралели, ова го толкува како кратковремено исползување и намерно кршење во врска со определни обреди. И на повеќето фигурини во Бурилчево им недостига горната половина на телото. Долната с речиси секогаш преставена со нагласена волуминозност, што може да се поврзе со испитувањата на Т. С. Пасек, кој ваквите женски статуетки ги врзува за култот на плодородието. Археолозите З. Маер и Г. Шмит гледаат во нив преобразба на божества токму во таа функција, а Г. Обермаер едноставно ги нарекува идоли.5

Два фрагмента од женски статуетки со зачувана долна половина се декорирани со кружни, елипсовидни и триаглести линеарни мотиви, во техника на украсување со врежани линии. Веројатно шарите се нанесувани според некое шематизирано правило, што може да се насети на нашите примери (Сл. 1 - 4; вис: 4; 5; 10 и 5 см). Наликуваат во пластиката на Триполската културна група, откриена на локалитетите Дргужен, Александровка, Берново Лука и др.6 При обликувањето се обрнувало посебно внимание тоа да биде изведено со нагласена стеатопигија и минуциозна обработка на врежаните линии. Споредувајќи ги нашите антропоморфни фигурини со оние од културната група Cucuteni’,7 повторно се среќаваат неоспорни блискости. Кај нив таквиот распоред на украсните врежани линии е наречен "chevron design".8 Нашите повеќе наликуваат на оние од типот "double eggs", од класичната Cucuteni група во Молдавија.

Чувството за реалност во претставувањето на женските идоли е посебно изразено на еден зачуван фрагмент од долна половина на статуетка (Сл. 5, вис. 6,2 см). Каков детаљ да бил додаден, се чини дека ќе ги нарушел убавината и складноста на уникатниот артефакт.

5 ЈБа. 34.

“рид. 25, 57.

Илустрација, стр. 27
Илустрација, стр. 27
Сл. 4
Сл. 4
Сл. 3
Сл. 3

Истовремено со претходната € делумно стилизираната претстава на жена, каде што - за разлика од другите фигурини - е зачувана само горната половина, додека долната е откршена и недостига (Сл. 6, вис. 7 см). Ликот е стилизиран, без очи и уста. со нагласен двогрб нос. Оваа

Сл. 5
Сл. 5

необична физономија во пределот кај ушите е развлечена, при што во вертикала еденоподдруго се пробиени два отвора, низ кои најверојатно бил протнат коноп или кожа, за да се користи како висулец. Горниот дел од телото е изведен несразмерно. во збиен простор се нанесени градите и вулвата, која е нагласена со врежан триаголник, и тие се премачкани со сува црвена боја. Овие детали говорат дека фигурината веројатно била поврзана со култот на плодородието. Аналогии се среќаваат во соседна Бугарија, во енеолитската населба во с. Слатино, близу до Ќустендил. Археологот С. Чохаџжиев слична претстава со нашата ја нарекува глинена антропоморфна фигурина со маска на овен.9 M. Гимбутас, во своите истражувања. прави обид да ги разјасни декорациите по телата на овие фигурини како ритуални костими.10

Сл. 6 кувана. со добро познавање на
Сл. 6 кувана. со добро познавање на

Еден необичен наод, кој не се осамен пример - такви се јавуваат во културата Марица во Бугарија. претставува идол со биполарни тенденции, што може да се протолкува како истовремено почитување на двата пола. Откриена е само долната половина на телото, сразмерно обли- " . " . пропорциите. Изработена е од сива глина (Сл. 7, вис. 8, 5 см).

Сл.7 еден осамен наод од Бурилчево е пронајден
Сл.7 еден осамен наод од Бурилчево е пронајден

Три други наоди претставуваат максимално стилизирани антропоморфни фигурини кои по форма мошне наликуваат една на друга. Едната од нив е целосно зачувана, со пробиени три отвори на задниот раб од главата, поради што можела да се служи како висулец. Фигурините се изведени брзо и рутински. без да се обрне внимание на детали. Формата на главата е триаглеста. По боја се светло сиви. а едната од нив е изработена од непречистена глина (Сл. 8, вис. 4; 42 и 4,5 см). Слични на нив се среќаваат во културата Усое!!11 и пошироко.

Небаре желбата за претставување човечки лик или тело постоела како потреба и порив, така што не е ни чудо дека во фрагмент од мев на антропоморфен сад со

претстава на човечки лик релјефно изведен (Сл. 9, вис. 6 см); со врежување се нанесени уста и речиси замижани очи, а носот е пластично извлечен. Видливи се траги од премачкување со сува црвена боја. Сличен на нашиот пример. J. Корошец за винчанските садови вели дека изведените ликови имале првенствено декоративен карактер.12

Појавата на антрополошките претстави веројатно е резултат на желбата на луѓето за осознавање моменти од животот за кои постоеле

Сл. 9
Сл. 9
Сл. 8
Сл. 8

нејаснотии или пак можеби преку ритуални обреди се обидувале да добијат одговори за непознатите нешта со кои се среќавале и биле опкружени. Претпоставките на повеќе истражувачи на оваа проблематика се дека ваквите идоли биле користени при сеанси, изведувани со цел за полесно породување, а понекогаш со нивна помош успевале да на влезат и во разни епифаниски манифестации, повикувајќи се на определено божество.

Сл. 10
Сл. 10

Зооморфни фигурини

Сл. 11
Сл. 11

Во споредба со претходните, помал е бројот на пронајдени фигурини што се со зооморфни претстави. Тие ни соопштуваат за познавање и доместикација на даден вид животни. На лок. Пилаво е откриена претстава на обликувана глава што потсетува на теле, но откршена од телото, така што со самото тоа го отежнува препознавањето на видот на животното (Сл. 10, вис. 4,7 см.).

На други два фрагмента, каде што повторно се зачувани само главите што се мошне слични меѓу себе и наликуваат на овнешки, имаат интересна декорација изведена на вратовите. Насликани се коси паралелни линии со црвена боја кои со темната подлога од глината даваат интересен контраст. Ликовите се изведени со подотворени муцки, а роговите се стилизирани, со пробиени отвори низ нив (Сл. Ши 12, вис. 4,8 и 4,7 см). Овие артефакти веројатно се продукт на култово однесување и благодарност кон стоката, за благосостојбата и добрата што таа им ги давала. Во своите истражувања, X. Тодорова зооморфните фигурини ги карактеризира како творби во кои се претпочита orределен вид животни.13

Сл. 12 познавањето на животните секојдневија овие
Сл. 12 познавањето на животните секојдневија овие

Веројатно недоволното искуство и ненаши древни предци ги врзувале со религиозно-магиски обреди. при што можеби ги принесувале антропоморфните и зооморфните фигурини во "култните катчиња". Во нив е содржана извесна информација за религиозните сваќања и замисли, претставени со елементи, детали и материјализирани идеи.

Засега стилските, а во едно и хронолошките определби на откриените антропоморфни и зооморфни фигурини во населбата на лок. Пилаво кај с. Бурилчево се приклонуваат кон културниот комполекс Бубањ - Салкуца - Криводол, додека нишката за блискост или сличност со културната група Шуплевац - Бакарно гумно во Пелагонија, е помалку впечатлива.

Сите наоди откриени овде споредувајќи ги со оние од претходните периоди, посебно со неолитските антропоморфни и зооморфни фигурини откриени на територијата на Р Македонија, се забележува дека меѓу нив, со исклучок на култната содржина и намена, постојат значителни ликовни, типолошки и иконографски разлики. Се смета дека тоа произлегува од демографските и опшествените промени настанати кон крајот на доцниот неолит, што во науката се врзуваат за првите преселнички бранови на индоевропските сточарски зедници, а чии влијанија преку Долното Подунавие и Јужна Мора стигнале и до наепа Kolištrkoska Nasteva Museum of Macedonia, Skopje

ANTHROPOMORPIC AND ZOOMORPHIC FIGURINES

FROM THE ENEOLITHIC

- site of Pilavo near Buriléevo -

Белешки

  1. Археолошките ископувања беа изведени од страна на Музеј на Македонија и Одделот за археологија при Матичната библиотека "Искра" од Кочани, раководени од И. Колиштркоска Настева во годините: 1988, 1989, 1994, а почетната 1987 од Д. Здравковски. Во истражувањата беа вклучени: С. Карпузова, J]. Митревски, 3. Видевски, Jb. Шаламанов Коробар, М. Србијанко Коруновска, М. Катмерова, И. Атанасова, М. Јованов и И. К. Настева. Презентираниот археолошки материјал во овој текст се чува во Музеј на Македонија, Скопје. Фотографиите ги изработи М. Димовски, а предметите ги конзервираше и реконструираше С. Петковска. ↩
  2. Пилаво е регистриран како праисториски локалитет со рекогносцирањата извршени од B. Санев, Зборник 2, Штип. 1961. ↩
  3. И. Настева, Arheoloski Pregled 28, Ljubljana, 1959, 49. ↩
  4. А. П. Погожева, Антропоморфная пластика Триполья, Новосибирск, 1983, 8. ↩
  5. Ibid. 34. ↩
  6. Ibid. 25, 57. ↩
  7. G. Zahlhaas, H. J. Kellner, W. Torbrügge, J. Garbsch, N. Gockerell, Idoli-Katalog, Ljubljana, 1986, 42. ↩
  8. M. Gimbutas, The Goddesses and Gods of Old Europe 6500-3500 BC, London, 1974s, 141, 167. ↩
  9. С. Чохаджиев, Енеолитно селище, село Слатино, каталог, София, 1983. ↩
  10. M. Gimbutas, The Goddesses and Gods of Old Europe 6500 – 3500 BC, London, 1974, 44, 47. ↩
  11. Х. Тодорова, И. Вайсов, Ново каменната епоха в България, София, 1993, 92, 196, 209. ↩
  12. J. Korošec, Arheološki radovi i rasprave, JAZU, Prethistoriska glinena plastika u Jugosla viji, ГУ dio, Zagreb, 1968, 214. ↩
  13. X. Тодорова, И. Ваіісоѕ, ос. 211, 212. шиов простор. ↩

Summary

Anthropomorpic and Zoomorphic Figurines from the Eneolithic

Archaeological excavations carried out at the site of Pilavo near the village of Buril€evo in the Ko€ani district (1987, 1989, 1994) have resulted in uncovering of a two-layer settlement from the Eneolithic. It is located on a high plateau close to the Bregalnica river having a dominant strategic position.

Besides the discovered houses and abundant pottery, it has been revealed that thse residents of the settlement cherished rich spiritual culture, which is the subject of this article. Evidence for this are numerous zoomorphic and anthropomorphic figurines. The anthropomorphic ones are usually with emphasized female attributes, whereas male figurines are rather rare. The most outstanding are exceedingly stylized human figurines. They probably comprise certain information on the religious concept of the prehistoric residents of the area represented with elements, details and materialized ideas.

Zoomorphic small figurines show certain cult and adoration of domestic animals, presumably as a kind of gratitude for the goods they gave.