Macedoniae acta archaeologica 15 (1999) · стр. 401–414

Палеодемографски карактеристикинанаселението на Македонија од бронзено време до средниот век

Илустрација, стр. 401

НА МАКЕДОНИЈА ОД БРОНЗЕНО ВРЕМЕ ДО СРЕДНИОТ ВЕК

Демографските карактеристики се значаен дел од биологијата на секоја популација. Должината на животот, смртноста, очекуванато траење на животот во моментот на раѓањето се генетски условени, но врз нив имаат силно влијание и животните услови. Високата смртност на новороденчиња и деца, младите од двата пола, краткиот просечен век укажуваат на низок здраствено-хигиенски статус на популацијата, слаби економски услови, војни, природни катастрофи итн.

Следени низ време, палеодемографските карактеристики можат да укажат на подобрувања или влошувања на животните услови во определени периоди.

1. Материјал и методологија

1.1. На сегашниот степен на истраженост, основните палеодеморафски карактеристики можат да се следат континуирано од крајот на П мил.пр.н.е. до доцниот среден век, преку дваесетина скелетни серии групирани во четири хронолошки групи (Т. 1). Од крајот на П мил. пред н.е. © една серија, од наредниот милениум се три, од римскиот период се четири, девет се средновековни. Избрани се серии што се побројни и во кои се застапени сите возрасти и двата пола.

Вкупниот број скелети од сите возрасти е околу 2200, од тоа околу 700 мажи и 660 жени.

Следните серии се користени за следење на движењето на процентуално изразена смртност: праисториски Уланци - Велес (ХШ-ХТ век пред н. e.),1 Варвара - Скопје (VIII-IV век пред н. e.)’,2 Дедели - Валандово (VII-VI век пред н.е.)3 и Сува Река - Гевгелија (VII-VI век пред н.е.)4

Од античкиот (римскиот) период се Дебој - Охрид (1 век5 пред н.е.- III/IV век),6 Опила - Крива Паланка (IV-VI век),7 Западна некропола - Скупи (I-IV век),8 и Западна некропола - Стоби (II век9 пред н.е. -V/VI Вех).

Средновековни се Дуње - Прилеп (IX-XI век).10 Корешница - Демир Капија (Х-ХИ век),11 “ Опила - Крива Паланка (X-XI век), Пепелиште ' .

“ Istra‘uvawa па ekipa па Muzejot па grad Skopje (1995 god.) род раководство па K. Ristov. Hronolo{ката opredelba e па rakovoditelot na istra‘uvawata. Usmeno soop{tenie, neobjaveno.

" pologie spatromischer bis spatmittelalterlischer bevolkerung Jugoslawiens., Godišnjak XXII, CBI, 20, ANUBiH, Sarajevo, 1984, 5-109.

"" но (VII/VIII-IX век),13 Радолишта-Струга (IX-XI век),14 двете серии од Свети Еразмо - Охрид (УП-УШ, [X-XI век),“15 Бистренци - Неготино (XI/XII-XIV век)16 и Црквиште-Демир Капија (IX/XII-XIV/ XV век).

Просечниот животен век е17 пресметан и за Водоврати - Велес (XIII -XII век пред н. e.)'’18 и Требеништа - Охрид (УП-ГУЛИ век пред н.е.).“ Антрополошката анализа на скелетните серии од Сува Река - Гевгелија.19 Дебој - Охрид“20 и Радолишта - Струга"!21 е извршена од Ж. Мики (СР Југославија) а на наодите од Требениште“22 и Свети Еразмо - Охрид“23 " .

бработени од авторот на овој текст.24

Илустрација, стр. 404

1.2. Во палеодемографската анализа се користени следниве методи:

Индивидуалната старост на скелетите е определена во зависност од старосната група: 1. кај деца - според растењето на млечните и постојаните заби, 2. кај јувенилите според степенот на закостувањето на епифизите на долгите коски, 3. кај возрасните според степенот на атриција на моларите, облитерација на кранијалните сутури, изгледот на препонската симфиза (кај мажите) и компактноста на спонгиозата во цапут феморис ет хумери.25

Полот е определен со категоризација на 21 полно-морфолошки елемент на краниумот и посткранијалниот скелет: 1. tubera frontalia et parietalia, 2. glabela-arcus superciliares, 3. protuberantia occipitalis externa, 4. sqama occipitalis, 5. processus mastoideus, 6. lineae orbitae-margo supraorbitalis, 7. facies malaris, 8. arcus zygomaticus, 9. corpus mandibulae, 10. capitulum mandibulae, 11. angulus mandibulae, 12. trigonum mentale, 13. pelvis maior, 14. pelvis minor, 15. angulus pubis, 16. incisura ischiadica maior, 17. foramen obturatum, 18. Sacrum, 19. lineae asperae на фемурот, 20. caput femo-ris, 21. clavicula.

Секој од елеметите е оценуван по скала: + 2 (робустен маж), +1 (умерен маж), 0 (преоден облик), -1 (умерена жена)26 и -2 (грацилна

Скелетите се поделени во осум старосни групи: 0-6, 7-14, 15-20, 21- 30, 31-40, 41-50, 51-60 и над 60 години. Помали старосни категории за возрасни што се препорачуваат (по 5 години) не се користени поради малобројноста и слабата зачуваност на праисториските скелетни наоди, во кои голем процент скелети се со неопределен пол, при што многу категории би останале празни.

3M. Stefandié, 1988, op. cit. .

Илустрација, стр. 405
Илустрација, стр. 405

Од основните палеодемографски карактеристики се избрани:

1. процентуално изразена смртност (ԁх-6рој на умрени во определена старосна категорија изразен процентуално) за вкупна популација и одделено за мажи и жени (јувенили и возрасни);27

2. процентуална застапеност на деца и возрасни во скелетните популации;

3. процентуална застапеност на машки и женски скелети, и

4. просечен животен век за вкупната група скелети (кај кои е определена индивидуалната старост) и одделено по полови.

2. Резултати

2.1. Движење на процентуално изразена смртност (ԁх)

Споредувањето на движењето на процентуално изразената смртност (ԁх) е отежнато поради различни проценти во скелетните серии од некои периоди, особено во средниот век. Поради тоа е направен обид да се спореди движењето на смртноста во различни периоди на тој начин што се формирани збирни серии од различни периоди, т.е. направен е збир од скелети од повеќе скелетни серии од определен период. Процентот на застапеност на определена старосна група е пресметан врз основа на вкупниот број скелети од сите споредувани скелетни серии од тој период (Т. 2).

Во групата од П мил. пред н.е. се вбројани скелети од една серија: (вкупно 55, 26 мажи и 19 жени), од Г мил. пред н.е. од три (вкупно 69, 19 мажи и 23 жени), од римскиот период од четири (вкупно 926, 301 маж и 242 жени) и од средниот век од девет (вкупно 1128, 352 мажи и 377 жени). На ист начин е пресметана и процентуално изразената смртност одделено за мажи и жени (Т. 3, 4).

2.1.1. Вкупна популација

Споредбата на смртноста на помалите деца (до 6 години) во збирните серии покажува висока смртност во сите периоди освен во II мил. пред не. (2%). Во другите периоди се движи помеѓу 14 - 21%. Највисока е во римскиот период (Графикон 1).

. Т.2 Движење на смртноста кај вкупната популација од крајот на П мил. пред н.е. до доцниот среден век во збирни серии од различни хронолошки периоди (број на скелети и процент во определена старосна група)

Илустрација, стр. 407

Малиот број скелети во серијата од Уланци (П мил. пред u.e.), како и во одделни серии од сите други периоди во кои постои многу ниска смртност на помалите деца (од неколку проценти), веројатно е последица од погребување на малите деца на други или посебни делови од некрополите кои не се истражени или од вршење селекција при подигањето на скелетите за антрополошка анализа, за што има повеќе примери.

Смртноста на повозрасните деца (до 14 години) во сите периоди бележи опаѓање и има многу слични вредности од 10 до 12%, освен во II мил. пред н.е. кога има пониска вредност - 6%.

Т.3: Движење на смртноста кај мажите од крајот на П мил. пред н.е. до доцниот среден век во збирни серии од различни хронолошки периоди (број на скелети и процент во определена старосна група)

Илустрација, стр. 407
Илустрација, стр. 408

Смртноста на јувенилите (15-20 години) бележи натамошно опаѓање во сите периоди, освен во I мил. пред н.е. кога има покачување во споредба со претходната старосна група.

Смртноста на возрасните, почнувајќи од младите адулти (20-30 години), бележи значително зголемување во споредба со јувенилното време, во сите серии освен во П мил. пред н.е. Највисока вредност има во римско време (15%). Во сите други периоди е под 10%.

Во периодот помеѓу 30-40 години постои натамошно покачување на смртноста. Највисока е во II мил. пред н.е. (26%) а во другите периоди има слични вредности од 17 до 1896.

Петтата деценија од животот (40-50 години) е време кога смртноста има највисока вредност за групата возрасни во сите периоди. Највисока е во II мил. пред н.е. (44%), а во другите периоди се движи помеѓу 19-25%.

Табела 4. Движење на смртноста кај жените од крајот на П мил. пред не. до доцниот среден век во збирни серии од различни хронолошки периоди (број на скелети и процент во определена старосна група)
Табела 4. Движење на смртноста кај жените од крајот на П мил. пред не. до доцниот среден век во збирни серии од различни хронолошки периоди (број на скелети и процент во определена старосна група)

Во шестата деценија од животот (50-60 години) смртноста бележи големо намалување. Се движи помеѓу 6 - 15%.

Над 60 години смртноста има многу ниски вредности (најчесто неколку проценти).

Со ретки исклучоци, смртноста има многу слично движење и извесна закономерност во сите следени периоди: висока смртност кај помалите деца (највисока во римско време), опаѓање на смртноста кај повозрасните деца, натамошно опаѓање во јувенилниот период (со исклучок на I мил. пред н.е. кога постои зголемување), зголемување на смртноста во третата деценија (освен во | мил. пред Н.е.), големо зголемување во четвртата деценија, највисока смртност во петтата деценија, големо опаѓање во шестата деценија и многу ниски вредности во седмата деценија од животот.

Илустрација, стр. 409

2.1.2. СМрТНОСТа на мажите, споредена низ време, покажува сличности во најголемиот дел од следените периоди (Т. 3, Графикон 2).

Во римско време и во средниот век постои смртност на мажите во јувенилниот период од 2 до 396 која не е забележана во претходните периоди.

Смртноста кај младите адулти (20-30 години) се движи помеѓу 4- 19%. Највисока е во римскиот период (19%). Во сите други периоди е многу пониска (4-690).

Во следната животна деценија (30-40 години) смртноста бележи покачување во сите периоди (19-32%). Највисока смртност во оваа старосна група е забележана во I мил. пред н.е. и во римскиот период со слични вредности (30-32%).

Највисока смртност на мажите во сите следени периоди била во петтата деценија од животот (40-50 години): 32-50%.

2.1.3. Споредбата на смртноста кај жените покажува висока јувенилна смртност во I мил. пред н.е. - 18% (Т. 4, Графикон 3).

Смртноста на жените во третата деценија од животот (20-30 години) бележи големо зголемување во сите следени периоди освен во И мил. пред н.е. кога е под високата јувенилна смртност. Највисока вредност има во римскиот период (30%).

Во наредната животна деценија (30-40 години) смртноста расте во сите збирни серии освен од римскиот период, каде КТО постои намалување. Најголема вредност има за жените од Уланци, а во збирните серии од другите периоди има слични вредности (26-28%).

Натамошен пораст и највисоки вредности смртноста на жените имала во следната, петта деценија (40-50 години, 32-47%). Највисока вредност е повторно забележана кај жените од Уланци - 47%, а во преостанатите периоди има слични, пониски вредности (32-36%)

Во шестата деценија смртноста нагло опаѓа (4-13%), а по шеесеттата година има многу ниски вредности (2-4%). Во II мил. пред н.е. не се откриени женски скелети во оваа старосна категорија.

2.1.4. Споредувањето на смртноста кај мажите и жените во различни периоди покажува постоење на сличности помеѓу половите. Во сите периоди кај двата пола постои постојан пораст на смртноста во третата и четвртата, а највисоки вредности се во петтата деценија од животот.

Основната разлика на смртноста помеѓу половите најдобро се гледа на графиконот за средниот век (Графикон 4).

Жените имале повисока смртност од мажите во адултниот период (20-40 години), а мажите во периодот матурус (40-60 години).

Единствени исклучоци се во И мил. пред н.е. и во римско време, кога постои повисока смртност на мажите отколку на жените во четвртата деценија од животот (Графикон 5).

2.2. Односот меѓу деца и возрасни во скелетните групи

Споредбата на односот меѓу деца и млади (0-20 години ) и возрасни во збирните серии покажува разлики во различни периоди (Табела 2).

Најмалку деца и млади (јувенили) има во II мил. пред не. (1096), најмногу во I мил. пред н.е. (42%), незначително помалку во римскиот период (41%), а во средниот век околу една третина од групата се деца (3496).

Доколку се спореди учеството на деца, млади и млади адулти (до 30 години), резултатите се слични, но највисок процент е во римско време, кога се качува на 56%. Значи, повеќе од половина на вкупната популација воопшто не ја доживеало триесеттата година од животот.

2.3. Односот меѓу машки и женски скелети во скелетните групи

Односот меѓу машки и женски скелети во збирните скелетни групи се менува во различни периоди.

Во серијата од П мил. пред н.е. има поголем број на мажи со однос 1.4 :1 (14 мажи : 10 жени)““.28

Во збирната серија од I мил. пред н.е. поголем е бројот на жените (10 мажи : 12 жени). И во скелетните групи од одделни локалитети од овој период се почести женските скелети, со единствен исклучок - Варвара, Скопје, каде што е бројот изедначен. Во римско време, според збирната серија, поголем е бројот на мажи со однос 12 мажи : 10 жени. Тоа го потврдуваат и поединечните скелетни серии, со еден исклучок - тумулот од Отошница, Крива Паланка.

Во збирната средновековна серија бројот на жени е малку29 поголем (10 мажи : 11 жени). Сличен однос се среќава и во поголемиот број на средновековни серии. Незначително поголем број мажи (11 : 10) е во постарата серија од Свети Еразмо - Охрид. На две некрополи бројот е ист или приближно ист (Опила - Крива Паланка и помладата серија од Свети Еразмо - Охрид).

2.4. Движење на просечниот животен век

Споредбата на просечниот животен век, пресметан како просек на просечниот животен век на скелетните групи од определени периоди, покажува промени низ време (T. 5, Графикон 6).

Најдолг просечен век на вкупната популација од 40 години е во П мил. пред н.е. Најверојатно е нереален поради малиот број на детски ске-

Најголемо опаѓање од седум години е забележано кај населението од I мил. пред н. е (33 години). Намалувањето е предизвикано од порастот на смртноста кај децата и високата смртноста кај јувенилните жени.

Натамошно опаѓање од пет години и најниска вредност просечниот век има во римскиот период, кога изнесува 28 години. Ниските вредности се условени со високата смртност на деца и млади но дополнително и со високата адултна смртност.

Во средниот век постои покачување за пет години. Покрај високата смртност на децата забележана и во овој период, порастот е предизвикан со зголемувањето на индивидуите од двата пола во категоријата матурус.

Просечниот животен век на мажите има доста високи вредности (над 40 години) во сите следени периоди (Графикон 6). Највисока, многу30 слична вредност има во двата праисториски периода (47 години). Влошувањето на животните услови во римскиот период повеќе се одразило врз машкиот пол. Во ова време постои опаѓање од три години и најкраток век на мажите (44 години). Мало растење од една година постои во сред-ниот век.

Просечниот век на жените се движи околу 40 години (Графикон 6). Највисок е во II мил. пред н.е. (42 години). а најтешки услови за жените биле во наредниот милениум, кога е забележано најголемо опаѓање од четири години и најниска вредност во сите периоди (38 години). Во римско време постои покачување од три години а минимално покачување од блиску една година постои и во средниот век. Најголема разлика во просечниот век помеѓу половите е во I мил. пред н. е., кога изнесува девет години, а најмала е во историските периоди, околу 3 години).

Табела 5: Просечен животен век на вкупната популација и одделно по полови за скелетните серии од крајот на П мил. пред н.е. до доцниот среден век.
Табела 5: Просечен животен век на вкупната популација и одделно по полови за скелетните серии од крајот на П мил. пред н.е. до доцниот среден век.

3. Зак УЧоци

Следењето на движењето на основните палеодемографски карактеристики низ времето покажува сличности и закономерности, но и значителни промени во некои периоди.

Сличностите се: висока смртност на помалите деца, намалување кај повозрасните деца и натамошно опаѓање до 21 година, пораст во третатаи четвртата, највисока смртност во петтата деценија од ЖИВОТОТ.

Во сите периоди смртноста на жените е повисока во периодот адултус (20 - 40 години), а на мажите во периодот матурус (40 - 60 години).

Најголем број исклучоци постојат во римско време: највисока смртност на помали деца и млади адулти од двата пола, појава на исчезнување на повеќе од половина од вкупната популација пред триесеттата година од животот, најкраток просечен век на вкупната популација и мажите, како и повисока смртност на мажите отколку на жените во четвртата деценија од живототот.

Сето ова упатува на заклучок дека животните услови значително се влошиле во римскиот период.

Немирните и несигурни времиња - војни. варварски пустошења, природни катастрофи, климатски промени, епидемии, политички и верски судири документирани во историските извори и со археолошките истражувања многу јасно се одразуваат во сите следени палеофемографски карак-теристики.

За сето ова постојат докази и во палеопатолошките траги на скелетните наоди од односниов период, што не е предмет на овој труд. но сепак впечатливо сведочи за радикално влошување на животните услови. Голем број бојни повреди предизвикани од оружје. како и честите фрактури на долгите коски откриени во Западните некрополи на Скупи и Стоби. појаснуваат зошто дошло до намалување на просечниот животен век на мажите и зголемување на смртноста во периодот до четириесеттата година. Масовните гробови од Стоби. во кои се присутни сите возрастии од двата пола а во кои се откриени траги на насилна смрт, покажуваат дека не биле поштедени ниту жените и децата.

Определени сличности помеѓу I мил. пред н.е. и римскиот период, на сегашниот степен на истраженост, не би смеело да се објаснат со слични причини пред се поради многу слабата зачуваност на антрополошкиот материјал од праисториските периоди. Кај голем број скелети воопшто не се одредени пол и старост, а податоците за П мил. пред н.е. се врз основа на само една скелетна серија.

Некои палеодемографски карактеристики - извесно намалување на смртноста кај децата, порастот на просечниот животен век, како и зголемувањето на бројот индивидуи што живееле подолго од четириесет Fanica Veljanovska Museum of Macedonia, Skopje

PALEODEMOGRAPHIC CHARACTERISTICS OF THE POPULATION IN MACEDONIA FROM THE BRONZE AGE TO THE MIDDLE AGES

Белешки

  1. Истражувања на Музејот на Македонија, Скопје (1992-1994), под раководство на д-р Д. Митревски. Хронолошката определба е на раководителот на истражувањата. Усно соопштение, необјавено. ↩
  2. Istra`uvawa na ekipa na Muzejot na grad Skopje (1995 god.) pod rakovodstvo na K. Ristov. Hronolo{kata opredelba e na rakovoditelot na istra`uvawata. Usmeno soop{tenie, neobjaveno. ↩
  3. Истражувања на Музејот на Македонија, Скопје (1977 - 82, 1984 - 86), под раководство на м-р Р. Пашиќ. Хронологијата е според Д. Митревски, Дедели, некропола од железното време во Долно Повардарие. Посебно издание III, Музеј на Македонија, Скопје, 1991, 84. ↩
  4. Континуираните археолошки ископувања во периодот 1975-1980 година се извршени од рззск - Скопје и Археолошкиот музеј на Македонија - Скопје, под раководство на м-р Р. Пашиќ. Истражувањата во 1988-1989 година се од страна на Народниот музеј од Гевгелија под раководство на К. Ристов; Р. Пашиќ, Археолошко испитување на локалитетот Сува Река во Гевгелија, Зборник 8-9, 1975-1978, Археолошки музеј на Македонија, Скопје, 21-34. ↩
  5. Истражувања на Музејот од Охрид (1978-1979), под раководство на В. Маленко. Хронолошката определба е на раководителот на истражувањата. Во: Ž. Mikić, Beitrag zur anthropologie spatromischer bis spatmittelalterlischer bevolkerung Jugoslawiens., Godišnjak XXII, CBI, 20, ANUBiH, Sarajevo, 1984, 5-109. ↩
  6. Истражувањата на некрополата во 1987-88 година се извршени од екипа на Музејот на Македонија - Скопје, под раководство на Ц. Крстевски. Заштитните ископувања во 1995-96 година се изведени од рззск - Скопје, под раководство на М. Ивановски. Ц. Крстевски - М. Ивановски, Билибајци - Бабунци, рановизантиска некропола, Arheološki pregled, Ljubljana, 1987, 129-130. ↩
  7. Истражувања на Музејот на град Скопје (1990, 1992-1994), под раководство на Л. Јованова. Л. Јованова, Скупи - Западна некропола, Maced. acta archaeol. 13, Скопје, 1993, 191-200. ↩
  8. Серијата од Западната некропола на Стоби е оформена од скелетните наоди откриени со археолошките ископувања на локалитетот во периодот 1970 - 1992 година, од кога тој континуирано се собира и чува. A. Wesolowsky, Burial customs in the West Cemetery, Studies in the antiquities of Stobi I, Beograd, 1973, 97-137; Извештаи за извршени заштитни ископувања (Архива на рззск - Скопје): Ж. Винчиќ - М. Ивановски: Стоби - заштитни ископувања на Западната некропола и во реонот на Паликурската базилика (1978); Ж. Винчиќ - М. Ивановски - В. Санев, Заштитни ископувања на Западната некропола во 1992 година. ↩
  9. Истражувања на Заводот за заштита на спомениците на културата, природните реткости и Музејот од Прилеп (1991, 1993), под раководство на Л. Кепеска; Л. Кепеска, Резултатите од најновите истражувања на средновековната некропола Трпчева Црква кај c. Дуе, Мариово. Зборник. нс. 1, Археологија. Музеј на Македонија. Скопје. 1995, 181-188. ↩
  10. Истражувања (1992-1994) под раководство на проф д-р Е. Манева; Е. Манева, Средновековната некропола Крстеви, ископувања 1992-1994, Maced. acta archaeol. 14, Скопје, 1996, 185-200. ↩
  11. Заштитни истражувања извршени од екипа на рззск - Скопје и Музејот на Македонија од Скопје (1995-1996), под раководство на М. Ивановски. Хронолошката определба е на раководителот на истражувањата. Усно соопштение, необјавено. ↩
  12. Истражувања на Институтот за старословенска култура од Прилеп во рамките на научниот проект Ранословенски некрополи од VI/VII до IX век во ср Македонија (1989-1990 год.), под раководство на д-р Б. Бабиќ. Според Извештајот за извршените истражувања на раководителот на ископувањата, доставен до рззск. Скопје. ↩
  13. Истражувања на Народниот музеј од Охрид (1977, 1980), под раководство на В. Маленко. во: Ž. Mikić., 1984, op. cit. ↩
  14. Истражувања на Музејот и Завод од Охрид, под раководство на В. Маленко; во: М. Štefančič, Ranosrednjovekovni skeleti nekropole Sv.Erazmo kod Ohrida, Etnoantropološki problemi-monografije 5. Beograd. 1988. 80. ↩
  15. Истражувања на Музејот на Македонија - Скопје (1990-1991, 1994), под раководство на ЈІ. Блажевска; ЈІ. Блажевска, Средновековна некропола Ограда - c. Бистренци, Неготино, ископување 1990-91 година. Зборник, н.с.1, Археологија. Музеј на Македонија, Скопје, 1995, 189-205. ↩
  16. Истражувања на Археолошкиот музеј. Скопје (1952-1954, 1956), под раководство на проф д-р Б. Алексова; Б. Алексова, Просек-Демир Капија, Dissertationes I, Ѕкорје-Beograd, 1966, 102. ↩
  17. Истражувања на Музејот на Македонија - Скопје (1992), под раководство на д-р Д. Митревски. Хронолошката определба е на раководителот на истражувањата. Усно соопштение, необјавено. ↩
  18. Заштитни ископувања на Заводот за заштита на спомениците на културата - Охрид, во соработка со Републичкиот и Скопскиот завод за заштита на спомениците на културата и Народниот музеј од Охрид во 1972 година, под раководство на В. Маленко: П. Кузман, Три Чељусти и Вртуљка. Требеништа 1972, Охрид, 1985. 142. ↩
  19. Ž. Mikić, Stanje i problemi fizičke antropologije u Jugoslaviji - praistoriski periodi, Posebna izdanja LIII, CBI 9, Akademija ANUBiH, Sarajevo, 1981, 195: Скелетниот материјал откриен до 1977 година (гробови бр.9 - 47, вкупно 33 индивидуални скелети) е антрополошки обработен и објавен од Ž. Mikić, 1981, op. cit., а од последните две археолошки кампањи (1988-89), вкупно 9 индивидуални скелети од Ф. Вељановска. При пресметување на палеодемографските карактеристики на оваа скелетна серија е користен и Антро-полошкиот извештај на проф д-р Ж. Микиќ од 1977 година, доставен до Археолошкиот Музеј, Скопје. ↩
  20. Ž. Mikić, 1984, op. cit. ↩
  21. Ž. Mikić, 1984, op. cit. ↩
  22. М. Штефанчич (1985): Илирските скелети од гробовите Три Чељусти кај Требеништа во П. Кузман, Три Чељусти и Вртуљка, Требеништа 1972, Охрид, 1985, 142. ↩
  23. M. Štefančič, 1988, op. cit. ↩
  24. Им се заблагодарувам на сите колеги, истражувачи на некрополите од кои потекнуваат скелетните наоди за оствартената соработка. ↩
  25. D. Ferembach - I. Schwidetzky - M. Stloukal, Empfehlungen fur die Alters-und Geschlechtsdiagnose am Skelett, HOMO XXX-2. Gottingen-Mainz, 1979; G. Acsadi - J. Nemeskeri, History of Human Life Span and Mortality, Akademia Kiado, Budapest, 1970, 346; D.R. Brothwell, Digging up Bones, Oxford University Press, Oxford, 1981. ↩
  26. G. Acsadi - J. Nemeskeri, 1970, op. cit. П. Кузман. Три Чељусти и Вртуљка. Требеништа 1972. Охрид. 1985. 142. автор на антрополошката анализа ↩
  27. G. Acsadi - J. Nemeskeri, 1970, op. cit. ↩
  28. Во двата праисториски периода, поради слабата зачуваност на скелетите, голем с процентот на возрасни индивидуи кај кои не се зачувани елементите за определување на пол (од 10 - 4096 од вкупниот број на возрасни). ↩
  29. Скелетниот материјал од римскиот период е подобро сочуван. Процентот на возрасни индивидуи со неопределен пол е 3-4%. Највисок е во скелетната серија од Стоби (18%), поради големиот број кремирани скелети кај кои не е определен пол. ↩
  30. Средновековните скелети се најдобро зачувани во споредба со сите претходни периоди. Процентот на скелетите на возрасни со неопределен пол се движи до 6%. години, упатуваат на извесно подобрување на животните услови во сред-ниот век. ↩

Summary

Paleodemographic Characteristics of the Population in Macedonia from the Bronze Age to the Middle Ages

The article deals with the basic paleo-demographic features of the population in Macedonia from the Bronze Age to the Middle Ages. Mortality shown in percentage, average age of life, the ratios of children's to adult's, as well as male to female skeletons have been researched through 17 skeletal series including 2200 skeletons of all ages. They have been grouped in four cumulative series: from the second millennium BC, the first millennium BC, the Roman Times and the Middle Ages.

The fluctuation of basic paleo-demographic characteristics throughout ages has shown similarities and regularities, though there are considerable changes in certain periods. High death rate of younger children, lower within older children and further decrease up to 21 years of age, then its increasing in the third and fourth decade, as well as the highest mortality at the age of fifties are the common features of all the researched skeletal material.

In all the periods, mortality of women is higher in the adult age (20 to 40 years) and of men in mature age (40 to 60 years).

The number of exceptions is highest in the Roman times: the highest mortality of smaller children and younger adults of both sexes, death of over one third of the entire population before reaching thirty years of age, shortest average age of life of the entire population and men, as well as higher death rate of men then the one of women in the fourth decade of life.

All this leads to a conclusion that life conditions became considerably worse, for which there is also evidence in the peleo-patological traces on skeletal finds dating from this period.

At this stage of research, the common features of the first millennium BC and the Roman times should not be explained with similar reasons, above all, due to the poorly preserved anthropological material from the prehistory. A large number of skeletons have not been identified concerning the sex and age, the data from the second millennium BC having been based merely on one skeletal series.

Certain paleo-demographic characteristics, including decrease of mortality of children, increasing of the average age of life, as well as the increased number of individuals that lived over forty years point to slight improvement of life conditions in the Middle Ages.