Macedoniae acta archaeologica 15 (1999) · стр. 385–399

Појава на импактирани заби кај античкото население на Стоби

Илустрација, стр. 385

заостанување на заби во забните алвеоли по вообичаеното време на нивното растење. За разлика од агенеза кога сосем недостасува зародишот на забот, во случајот на импактација забот е формиран, но останува во близина на своето лежиште или на кое било друго место во

Импактацијата им е добро позната на денешните стоматолози. Се среќава кај сите раси во различен процент. Присутна е и на скелетниот материјал од археолошките локалитети, најчесто како поединечни случаи. При антрополошката анализа на скелетната серија од Западната некропола на Стоби (Градско)?,2 хронолошки датирана П век3 пр.н.е. - V/VI Вех’, забележана е честа појава на импактирани заби, што услови повнимателно проучување на оваа пој ава. 1.1. Скелетната група од овој локалитет се состои од вкупно 1.045 скелети: 700 инхумирани и 345 кремирани“.4

Илустрација, стр. 386

Бидејќи е следена импактација на постојани заби (втора дентиција), избрани се само инхумирани скелети, јувенили и возрасни индивидуи од двата пола. Кремираните скелети се исклучени поради некомплетност и фрагментираност, што оневозможува систематско следење на појавата.

Инхумираната скелетна група на јувенили и возрасни се состои од вкупно 500 индивидуални скелети: 57 јувенили со неопределен пол, 234 мажи и 209 жени. ОД овој број со зачувани вилици се 285 индивидуални скелети, што е малку повеке од половина (5770). Од тоа се 138 мажи (134 возрасни, 4 јувенили), 132 жени (129 возрасни и 3 јувенили) и 15 јувенили со неопределен пол (26.3%). Можноста за следење на оваа појава е приближно еднаква кај двата пола (60% мажи, 63% жени) но процентот на зачувани вилици кај јувенилите е значително понизок

Кај 181 скелет се зачувани двете вилици (60 комплетни, добро зачувани), кај 19 се зачувани само максилите (горните вилици), а кај 85 само мандибулите (долните вилици).

1.2. Импактираните заби се доста ретка појава (освен тратите катници) така што не постои методолошко правило на кој начин треба да се следат систематски.

Индивидуална старост на скелетите е определена кај јувенилите според степенот на закостување на епифизите на долгите коски, кај возрасните според степенот на атриција на моларите, облитерација на кранијалните сутури, изгледот на препонската симфиза и компактноста на спонгиозата во главите на хумерусот и фемурот".5 Полот е утврден со категоризација на 21 полно-морфолошки елемент на краниумот и посткранијалниот скелет“.6

Определен е бројот на индивидуални скелети и вилици (комплетни, фрагментирани или поединечно зачувани максили-мандибули) зачувани за следење на оваа појава. Потоа, пресметан е бројот-процент на индивидуи со импактирани заби во вкупната популација (јувенили и возрасни) и одвоено по пол.

За да се утврди кај кои заби е присутна импактација определен е и бројот на зачувани заби (во кој е пресметан и бројот на празни забни алвеоли и, во текот на животот, екстрахирани заби).

Импактацијата на тратите молари (катници) е многу почеста појава отколку импактација на другите заби / фронтални: инцизиви (11, 12), канини (С) и странични или букални: премолари (P1, P2), први молари (M1, М2)/. Затоа се следени одвоено, како импактација на П-М2 и импактација на тратите молари (M3).

Во истражувањето не е користено рендгенско снимање на

вилиците.

а. Зачестеност на импактирани заби во скелетната серија од Стоби

2.1. Импактација на фронталните и страничните заби (П-М2) е откриена кај 14 скелети: 5 мажи, 8 жени и еден јувенил со неопределен пол (Табела 1). Појавата е присутна кај 4.9% од вкупниот број индивидуални скелети.

Од пет машки скелети, четири се возрасни, еден е јувенил (19-21 година). Кај тројца возрасни мажи се присутни импактирани канини во максилата, кај еден во мандибулата. Кај јувенилниот машки скелет, освен импактирани заби во двете вилици, постојат и заостанати млечни заби.

Табела 1: Западна некропола. Стоби - зачестеност на појава на

импактирани заби (број-процент на индивидуални скелети, поделени по пол и старост)

Илустрација, стр. 387

Од осум возрасни жени. две имаат импактирани заби во двете вилици, три само во максилата, една само во мандибулата и две во мандибулата но максилата не е зачувана. Во два случаја постојат и заостанати млечни заби.

Илустрација, стр. 388

Кај еден јувенил се присутна импактирани заби во двете вилици, како и заостанати млечни заби.

Импактираните заби се почести кај жените. Утврдени се кај 3.696 машки и 6.196 женски скелети.

Од вкупниот број возрасни индивидуи со импактирани (фронтални и букални) заби, само кај еден машки скелет се израснати сите трети молари. Кај сите други е присутна импактација на барем еден умник, а кај жените често и сите четири.

2.2. Импактирани трети молари (МЗ) се следени кај 270 индивидуални скелети (возрасни и постари јувенили).

Најмалку еден импактиран умник е откриен кај 63 индивидуи, што е близу една четвртина од вкупниот број (Табела 1).

Појавата е почеста кај жените. Извесна разлика помеѓу половите постои и во тоа што се кај мажите почесто импактирани умниците во максилата отколку во мандибулата, а кај жените обратно.

2.3. Според типот на забите. на прво место по зачестеност се тратите молари. Импактирани се околу една патина од вкупниот број на следени молари. Следат канините. Откриени се вкупно 16 импактирани канини, многу почесто во максилата. По нив се вторите премолари (10), вторите молари (4), првите молари (2) и, најретко, првите премолари (1).

Помеѓу половите постои евидентна разлика во типот импактирани заби. Освен тратите молари, кај мажите се импактирани исклучиво канините. Кај жените се подеднакво често импактирани вторите премолари и канините, а постои и ретка импактација на втори молари.

Сл. 1 на импактирани Импа 6 (број ктација на зави рој-процент мандибуларен на сочувани и канин со импактирани заби) перзистенција на млечен
Сл. 1 на импактирани Импа 6 (број ктација на зави рој-процент мандибуларен на сочувани и канин со импактирани заби) перзистенција на млечен

"Табела 2: Запад на некропола, Стоби - зачестеност на појава на определени видови

Илустрација, стр. 389
Илустрација, стр. 389

Во споредба со современото население, редоследот донекаде се

разликува".7 И денес се најчесто импактирани тратите молари, потоа максиларните канини, но по нив се првите инцисиви - што не © откриено

во Стоби.

3. Дискусија

3.1 Причината за појава на импактирани заби не е со сигурност утврдена. Се смета дека има генетска, наследна основа“.8 ,

Една група автори како причина го спомнуваат заостанувањето на млечните заби кои, според нив, го попречуваат растењето на

7J. Kallay, 1974, op. си. постојаните заби. Во Стоби повеке од половина вилици со импактирани заби имаат и заостанати млечни заби (Сл. 1).

Илустрација, стр. 390

Други автори, спротивно, сметаат дека млечните заби заостануваат затоа што не се стимулирани да испаднат со растењето на постојаните заби. Како причина зошто одделни заби остануваат во своите лежишта најчесто се спомнува лошата примарна положба на зародишот на забот. Во Стоби за тоа постојат повеке примери. Најочигледен е примерот кај еден машки скелет кај кој канините стигнале пред инцизивите (Сл. 2). Оваа причина е честа и кај импактираните умници.

Во Стоби се откриени и три детски вилици кај кои постои поретка причина за импактација - предвремено испаѓање на млечните заби. Поради тоа настанало затворање, сраснување на забните алвеоли, со што се формирала цврста коскена пречка за растење на постојаните заби (Сл 3).

Полуимпактација или делумно израснати заби се чести во Стоби. На Сл. 4 е еден редок пример откриен на кремиран скелет.

Уште поретка е т.н. ектопија или аберација, кога забот нормално расте, но погрешно ориентиран во вилицата. Таков случај е откриен кај

Илустрација, стр. 390

Сл2 Импактација на максиларните канинии мандибуларниот канин од десната страна - Западна некропола, Стоби (скелет бр. 945, маж, 19-21 годишен)

Сл. 3 Сраснати забни на мандибулата поради предвремено испаѓање на млечни заби - Западна некропола, Стоби (скелет бр. 773c, дете, 8-10 години) Сл. 44 Полуимпактиран максиларен канин - Западна некропола, Стоби (кремиран скелет бр. 608а, жена стара пре
Сл. 3 Сраснати забни на мандибулата поради предвремено испаѓање на млечни заби - Западна некропола, Стоби (скелет бр. 773c, дете, 8-10 години) Сл. 44 Полуимпактиран максиларен канин - Западна некропола, Стоби (кремиран скелет бр. 608а, жена стара преку 40 години)
Илустрација, стр. 392

Сл5 Ектопија

(аберација) на максиларен

: канин - Западна некропола,

а. предна страна на 6. задна странана Стоби (скелет бр. 688, максилата максилата маж, 45-50 години) еден машки скелет (Сл. 5). Максиларниот канин е сосем израснат, но покрај носот, ротиран и насочен нагоре. Делумно го пробил синусот.

Од други причини за импактација, наведени од некои автори, треба да се спомнат аномалии на коските на вилиците, Конституционални аномалии, несоодветна големина на забите и вилиците, прекратко тело на долната вилица, стеснување на лакот на вилиците, како и низа болести: општа остеосклероза, фиброзна дисплазија, ендокрини растројства, пред се на хипофизата и тимусот, итни.

Поголем дел од овие заболувања оставаат траги на коските но не се откриени кај скелетите со импактирани заби во Стоби. Сепак треба да се спомне појавата на отворен крсен канал (spina бифида), несраснати пршленски лации сакрализација на петтиот лумбален пршлен откриени кај 4 од 14 скелети со импактирани заби. Спаѓаат во вродени аномалии и можеби немаат директна врска со појавата на импактација но сепак укажуваат на некое поопшто растројство.

3.2. - Последици од импактирани заби Ни за денешните стоматолози импактираните заби не се едноставен проблем. Поради можност да се формираат цисти, бенигни и малигни тумори на вилиците препорака е да се вадат, што подразбира хируршка интервенција. Никакви обиди за интервенции не се откриени на скелетниот материјал од Стоби. Но кај повеке скелети се утврдени последици од импактирани заби - неправилна низа на заби, дијастема, лошо (неправилно) преклопување на вилиците итн.

Пример за можни компликации како последица од импактација, се откриени кај еден женски скелет (Сл. 6). Покрај десниот максиларен канин постои остаток од корен на млечен заб а околу првиот премолар голема циста, последица од подолготраен инфламаторен процес, иако на самиот заб не постојат траги од кариес. Канинот во оваа вилица с Западна некропола, Стоби а. предна страна на 6. палатална страна (скелет бр. 787a, жена, намаксилата максилата 35-40 години)

Илустрација, стр. 393
Сл.б6 Остаток од корен На млечен заб, подоцна (спонтано) израснат импактиран канин, циста на првиот премолар во десната
Сл.б6 Остаток од корен на млечен заб, подоцна (спонтано) израснат импактиран канин, циста на првиот премолар во десната

пример за спонтано растење на импактиран заб, многу по вообичаеното време на растење.

Такви примери се веројатно и неправилно израстени канини и премолари, кога се под нивото на другите заби или израстени надвор од низата заби било нанадвор (букално) или навнатре (лингвално, Сл. 7).

3.3. Појава кај различни антрополошки типови. - Од вкупно 110 измерени черепи од Западната некропола на Стоби кај 91 се зачувани и вилиците. Од вкупно 14 скелети кај кои постојат импактирани заби, 10 се доволно добро зачувани за да може да се определи основниот ширинско-должински кранијален индекс.

Илустрација, стр. 393
Сл. 7 Неправилно израснати премолари во а. скелет бр. 945 (маж, 19-21 год.) максилата - Западна
Сл. 7 Неправилно израснати премолари во а. скелет бр. 945 (маж, 19-21 год.) максилата - Западна

6. скелет бр. 1067 (жена, 35-40 год.)

некропола, Стоби

Табела 3: Распределба на краниуми со импактирани заби (І1-М2) според вредноста на ширинско-должинскиот кранијален индекс (број и процент)
Табела 3: Распределба на краниуми со импактирани заби (І1-М2) според вредноста на ширинско-должинскиот кранијален индекс (број и процент)

За да се одбегне опасноста од случајност поради малиот број долихокрани черепи, поделбата во две категории покажува дека, всушност, не постои разлика бидејќи со 10.5% се присутни кај мезодолихокраните, а со 11.1% кај брахикраните.

Други резултати се добиени за импактирани умници (Табела 4). Тие се подеднакво често импактирани кај долихокраните и мезокраните (25.0), значително почесто кај брахикраните (42.6%). При поделба во две категории, резултатите се сосема исти. Следената појава е присутна кај една четвртина (25.0%) од мезодолихокраните, а кај брахикраните - близу половина (42.6%).

3.4. Социјален статус на носителите на импактирани заби. - Скоро половина од скелетите со импактирани заби се откриени во гробови под тегули. една третина е слободно вкопана, еден бил покриен со камени плочи и тегули, а еден скелет е откриен во камена циста. Два скелета се откриени во згрчена положба, положени настрана, три потекнуваат од масовни гробови. Од наоди само во два случаја се откриени една игла и еден прстен.

Доколку типот на гробната конструкција и гробните наоди се земат како мерка, за социјалниот статус општ впечаток е дека носителите на импактирани заби припаѓале кон посиромашните слоеви на стобското општество. Исклучок е само машкиот скелет од презбитериумот на базиликата.

3.5. Хронолошки рамки на појавата на импактирани заби. - Попрецизна хронолошка определба на појаваа на импактација не е возможна бидејќи најголем дел од скелетите немаа прилози.

Според извештајот за археолошките истражувања во 1992 година“, од каде што е преземена хронолошката детерминација на гробовите, се совпаѓа со користењето на Западната некропола од I до почетокот на V век од н. е. Кај постарите скелети од оваа некропола, кои се освен тоа и послабо зачувани, не е откриена.

Распоредени на планот на некрополата (делот истражен во 1992 година)9 скелетите со импактирани заби покажуваат извесно групирање (особено во неколку10 сонди со теренски ознаки 5С-3, 5С-2, 6C-2 и 6С-5). Но, со оглед на само делумната истраженост на некрополата, никакви дефинитивни заклучоци не можат да се донесат.

Илустрација, стр. 396

3.6. Споредба со истовремени скелетни групи од Македонија. - Од римскиот период постојат уште три скелетни серии што можат да послужат за споредување на појавата на импактирани заби (Табела 5). Тоа се наодите од две локации: на Скупи - Источната (I-IV век)11 и Западната некропола (П-ГУ век)12 и рановизантискиот слој на погребувања од Опила - Крива Паланка (IV-VI век).

На Источната некропола на Скупи се откриени импактирани канини кај еден инхумиран скелет и еден кремиран скелет. Импактирани умници се значително поретки отколку кај населението на Стоби.

И на Западната некропола на Скупи е откриен само еден (инхумиран) скелет со импактирани канини и заостанати млечни заби, но импактираните трети молари се овде почести отколку во Стоби.

Табела 5: Споредба на појава на импактирани заби на четири антички (римски) локалитети од Македонија
Табела 5: Споредба на појава на импактирани заби на четири антички (римски) локалитети од Македонија

На рановизантиската некропола во Опила, Крива Паланка, воопшто не е откриена појава на импактација на фронталните и страничните заби, а импактираните умници се со најмала зачестеност, слична како на Источната некропола на Скупи.

4. Заклучоци

Импактираните (ретинирани) заби претставуваат значаен дел во дентално-патолошката слика на населението од Стоби.

Најчесто се импактирани, како и кај современото население, тратите молари (умниците) и канините (кучешките заби).

Утврдени се случаи на импактација, полуимпактација и ектопија (аберација) со и без заостанување на млечни заби, како и низа последици и неправилности на забите.

Појавата е почеста кај жените. Исто така, постои полова разлика во типот импактирани заби. Кај мажите се импактирани исклучиво умниците и канините. Кај жените се подеднакво често импактирани канините и вторите премолари, а постои и ретка импактација на вторите молари.

Импактацијата на фронталните и страничните (букални) заби се јавува со слична зачестеност кај мезодолихокраното и брахикраното население на Стоби. Спротивно импактацијата на тратите молари е значително почеста кај брахикраните.

Споредбата со истовремени скелетни групи од три локалитети од Македонија покажува значително почеста појава на импактирани заби кај населението од Стоби. Исклучок е Западната некропола на Скупи, каде што се јавува почеста импактација на тратите молари.

. Според досегашните сознанија, импактацијата била раширена помеѓу I и V век, веројатно кај посиромашните слоеви на стопското Fanica Veljanovska Museum of Macedonia, Skopje

IMPACTION OF TEETH WITHIN THE ANCIENT

POPULATION OF STOBI

Белешки

  1. Kallay, Dentalna antropologija, Zagreb, 1974, 162-165 . ↩
  2. Со антрополошка анализа е опфатен скелетниот материјал кој е откриен со археолошките ископувања на Западната некропола на Стоби во периодот од 1970 до 1992 година. Тоа се скелетните наоди откриени со: југословенско-американскиот научен проект (1970-1974 година) под раководство на Ѓ. Мано Зиси и Џ. Вајсман, заштитните истражувања 1973 година под раководство на С. Саржоски, 1978 година под раководство на д-р Ж. Винчиќ и М. Ивановски и 1992 година под раководство на В. Санев, д-р Ж. Винчиќ и М. Ивановски. ↩
  3. A. Wesolowsky, Burial customs in the West Cemetery, Studies in the antiquities of Stobi I, Beograd, 1973, 97-137. Извештаи за извршени истражувања доставени до Републички завод за заштита на спомениците на културата, Скопје: Ж. Винчиќ - М. Ивановски, Стоби-заштитни ископувања на Западната некропола и во реонот на Паликурската Базилика (1978 година) и Ж. Винчиќ. - М. Ивановски - В. Санев, Заштитни ископувања на Западната некропола во 1992 година. ↩
  4. Антрополошката анализа на скелетната серија е на авторот на овој текст, необјавено. 5 ↩
  5. D. Ferembach - I. Schwidetzky - M. Stloukal, Empfehlungen fur die Alters - und Geschlechtsdiagnose am Skelett, HOMO XXX-2, Gottingen-Mainz, 1979; G. Acsadi - J. Nemeskeri, History of Human Life Span and Mortality, Akademia Kiado, Budapest, 1970, 346; D. R. Brothwell, Digging up Bones, Oxford University Press, Oxford, 1981. ↩
  6. D. Ferembach - I. Schwidetzky - M. Stloukal, 1979, op. cit.; G. Acsadi - J. Nemeskeri, 1970, op. cit. ↩
  7. J. Kallay, 1974, op. cit. ↩
  8. J. Kallay, 1974, op. cit. ↩
  9. Ж. Винчиќ - М. Ивановски - В. Санев, Заштитни ископувања на Западната некропола во 1992 година.10 ↩
  10. Според теренската документација од архивата на рззск-Скопје. Благодарам за можноста за користењето на документацијата. " Истражувања на Градскиот и Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата од Скопје и Музејот на град Скопје 1994, 1996 година) под раководство на Д. ↩
  11. Михаилова и Л. Јованова. Хронолошката определба с на раководителите на истражувањето. Усмено соопштение, необјавено. ↩
  12. ЈІ. Јованова, Скупи-Западна некропола, Масеԁ. acta Archacol. 13, Скопје, 1993, 191-200. “ I. Крстевски - М. Ивановски, Билибајци - Бабунци, рановизантиска некропола, Arheoloski pregled 1987, Qubqana, 1989, 129-130. општество. ↩

Summary

Impaction of Teeth within the Ancient Population of Stobi

Anthropological analysis of the skeletal series from the West Necropolis of Stoboi (Gradsko) dated chronologically to the span from the 2nd century BC to the Sth/6th century AD have shown frequent appearance of impacted teeth thus impelling more attentive research of this phenomenon.

Impaction has been followed of permanent teeth (second decade of age) at 285 inhumed skeletons, juvenile and adult individuals of both sexes. Cremated skeletons have not beey taken into consideration, due to their fragmentariness, which does not allow systematic following of this phenomenon.

Impaction of the third molar tooth was much more frequent then impaction of other teeth (frontal and buccal). For that reason, they have been followed separately as impaction of I1-M2 and impaction of third molars (M3).

Researches have shown that impacted teeth constitute significant feature in the dental-pathological aspect of the Stoboi population. Impaction of frontal and buccal teeth (11-M2) has been recorded at 14 skeletons, which is 4.9% of the entire number. At least one impacted wisdom tooth has been recorded at 63 individuals, that is, almost one fourth 23.3% of the total number of individual skeletons.

Similarly as within the modern population, most frequent impactions were the ones of the third molars (wisdom teeth) and canines. There were cases of impaction, semi-impaction and aberration of milk teeth, and other deformations of teeth.

This phenomenon is more frequent within women. There is also difference between sexes concerning the type of impacted teeth. Within men impaction of only wisdom teeth and canines has been recorded. Impaction of canines and second pre-molars is equally frequent within women, whereas impaction of second molars is rare.

The frequency of impaction of frontal and buccal teeth was similar within the mezo-dolichocranial and brachy-cranial population of Stobi, whereas impaction of third molars was more frequent within brachy-cranial people. Comparisons with coinciding skeleton groups from three other sites in Macedonia (the West and East Necropolis of Skupi and Opila near Kriva Palanka) have shown considerably higher frequency of impaction within the population from Stobi. The only exception concerns the West Necropolis of Skupi, where more frequent impaction of third molars has been recorded.

Based on observations attained to so far, impaction was widely spread in the span between the Ist and Sth centuries AD, presumably within the poor classes of society in Stoboi.