Macedoniae acta archaeologica 15 (1999) · стр. 357–372

Историски и материјални фрагменти од средновековен Штип

Илустрација, стр. 357

Во доцната антика во Брегалничкиот регион е создадена рлативно голема мрежа утврдени поголеми и помали градски населби, како пример: Баргала, населбите кај Крупиште, Мородвиз, Виничко кале, Кадата кај М. Каменица, населбата кај Црешка и многу други.

Овој период се каракеризира со големи етнички промени и прегрупирања на населението на целиот Балкански Полуостров. Непобитен е фактот за непрекинато влијание на големиот број варварски племиња со различен етнички состав. Особено длабоки и неповратни промени настануваат кон крајот на VI и УП век. Тој период е јасно поврзан со појавата и населувањето на Словените на Балканот. Просторот по текот на р. Брегалница го населува едно од словенските племиња, веројатно Струмјаните. Инвазијата на Словените врз Византиското Царство се карактеризира со пустошење и уривање на градовите и населбите. Таков е случајот и со населбите од Брегалничкиот регион. На местото и околу разурнатите доцноантички градови и населби Словените формираат свои живеалишта и мали населби, а на некои од нив, нешто подоцна, никнуваат утврдени средновековни градови како на пример градот Штип.

Раносредновековната словенска населба, која поминува во организиран и утврден средновековен град Штип, се наоѓала на доминантниот рид помеѓу реките Брегалница и Отиња, со правец на простирање север-југ во должина од околу 350 м, а од коритото на Брегалница се издига на околу 100-150 м. Ерозивната сила на спомнативе реки го одделила ридот со длабоки клисури: од север и запад Брегалница, а од југ суводолицата Отиња. Крстопатот што се наоѓа во подножјето на ридот. кој го носи турското име Исар. ја зголемува важноста на оваа местоположба. Со досегашните проучувања на материјалните остатоци од античкиот период на овој простор скоро со сигурност е констатирано опстојувањето на античкиот Астибо!1 и Византискиот Стипеон. врз чии урнатини никнува словенската населба. Како што е веќе наведено?2 во времето на феудализмот, кога потребите од сигурна заштита и одбрана е неопходна, таквата природна положба е искористена и на највисокиот дел од ридот е подигнат средновековен град од типот Маркови Кули (Прилеп), Самоилова тврдина (Охрид), Кале (Скопје), Цареви Кули (Струмица) и др.

Средновековната историја на градот, која започнува со населувањето на Словените на ова подрачје. е преполна со бурни историски настани. Во првата половина на IX век, за време на бугарскиот хан Пресијан, поголем дел од Македонија потпаѓа под бугарска власт, Брегалничката област дефинитивно ја потчинува неговиот наследник Борис

Од 976 до 1014 година Штип се наоѓа во составот на првата држава на македонските Словени, во историјата позната како Самоилова држава. Периодот од пропаста на Самоиловото Царство, па се до големото проширување на српската феудална држава под династијата на Немања на југ кон Македонија, кога Штип за подолго време останува под српска власт. се карактеризира со чести менувања на господарите: до 1197 година Византија, па Бугарија до 1207 година, потоа господарот на Просек - осамостоениот властелин Стрез до 1214 година, Епирското деспотство до 1216. повторно Бугарија до1246. па Никејското царство до 1254 година итн. Во овој период во Македонија се чести навлегувањата на Печенезите, Куманите и Норманите.4

За време на крал Милутин (1282-1321) Штип потпаѓа под српска власт и претставува гранично попдрачје меѓу српската и византиската држава. Потоа, за кратко време, повторно паѓа под византиска власт. Конечно, српските феудалци при владеењето на Стефан Дечански (1321-1331) го присоединуваат Штип кон српската држава. Феудален господар и управител на Штип во тоа време е протосевастот Хрења. По повлекувањето на Хрења, во градот управува Јован Оливер: Од 1355 па се до доаѓањето на Турците во Источна Македонија управуваат браќата Константин и Драгаш Дејановци.5

Ја користам оваа прилика да истакнам дека досегашните археолошки активности на просторот што го опфаќа средновековниот Штип се минимални и инцидентни, па според тоа прибраниот и регистриран материјал од теренот е малоброен и не дава можност за подлабока студиска обработка, но сепак доволен за еден хронолошки пресек на периодот од крајот на VI до крајот на XIV век.

Времето на раното средновековие, крај на VI до крајот на VIII век. кое истовремено го регистрираме како време на доселување и стабилизирање на Словените на Балканот, се уште е загадочно и недоволно проучено. Од овој период во Брегалничкиот басен засега се регистрирани мал број локалитети со поединечни наоди, меѓу кои спаѓа и локацијата на градот Штип. На ул. Борис Кидрич бр. 3 во Казанџиско маало, при ископ на темели за станбен објект, регистрирани се фрагменти од поголем керамички сад со груба фактура, изработен без грнчарско колце, веројатно урна, потоа нагорени човечки коски и јагленисано дрво. Изнесено е мислењето дека се работи за ранословенски погребен обред - кремација (спалување) на покојниците.6 обред својествен кај Словените пред примањето на христијанството, што сам по себе ги иницира првите никулци на најраната словенска населба во овој простор.

Првите словенски живеалишта претставуваат земјанки и полуземјанки со земјени набои и лесни надземни покривни конструкции, што е главна причина за нивното исчезнување од теренот и тие претставуваат голем проблем при проучувањето на древната словенска материјална култура.

Средновековниот Штип, како и другите средновековни градови, се состоеле од утврден дел - внатрешен град (фрурион) и надворешен град - подградие (амборија).

Највисоките делови од ридот Исар се опколени со идни платна, кои всушност, ја следат конфигурацијата на теренот простирајќи се скоро по една иста изохипса, со висинска разлика помеѓу западната и источната страна од околу 15 м. Јужната и северната половина на тврдината се разликуваат по концепцијата на утврденоста. Јужниот дел е изграден од широки и цврсти зидови кои на југозападниот дел се вовлекуваат еден во друг сливајќи се во целината на тврдината.7 Средишниот дел на западниот одбранбен бедем е најдобро зачуван, а дел од него се одликува и со најголема масивност (широк до 2,70 м.). Издадениот северен дел од тврдината во вид на клин исто така имал континуален зид, денес зачуван само на неколку пункта. На неговиот најистурен и најтесен дел кон север најверојатно бил лоциран споредниот влез во тврдината. За постоење на влез во овој дел од тврдината индиции дава и самиот терен. Пристапот кон тврдината по тесниот срт е најлесен. а во неговото подножје била лоцирани црквата Св. Власие и северозападниот дел од подградието.

Главниот влез се наоѓал на источната страна, спрема источното подградие. Тука се наоѓала масивна кула, во голема мера и денес зачувана (Сл. 1). Целосната површина во рамките на градските зидишта изнесува 16.600 м (ІІа. I, Сл. 2).

Најутврдениот и најбезбеден дел од тврдината се наоѓал на највисокиот - акрополен дел од возвишението со површина 1.705 м. На тоа место е поставена главната кула - донжон. Донжонот во голема мерка е руиниран со најдобро зачуван источен ѕид во висина од 12,50 м.

Сл. 1. Главен влез во тврдината
Сл. 1. Главен влез во тврдината
Сл. 2. Панорама на тврдината, авионска снимка
Сл. 2. Панорама на тврдината, авионска снимка

Оваа маркантна кула, вековниот симбол на градот Штип, ги одбројува последните денови од своето постоење. Според нашите согледувања, поради голема руинираност и зголемената ерозија на темелната основа, објектот е подложен на целосно рушење (Сл. 3)“.8 Во донжонот се влегувало од посебно ограден простор, всушност уште една мала тврдина - феудален дворец. со палата и помошни градби.9 Постојат индиции дека - наспроти главната кула,10 во продолжение на надворешниот зид од тврдината се наоѓала уште една кула.11 Во внатрешноста на малата тврдина, во нејзината северна и јужна половина. во карпестата почва, се вкопани две простории зидани со камен и малтер, со првобитна намена за акомулација на атмосферска вода (цистерни, Пл. Г)“. Што се однесува до времето на изградбата на тврдината, без обемни систематски археолошки истражувања тоа не може со сигурност да се утврди. Очигледно е дена тврдината имала повеќе фази на градење и доградувања. Меѓу другото. тоа го потврдуваат и малите сондажни истражувања во 1979 година. Во сондата поставена на акрополниот дел од тврдината, на зарамнетото плато до западниот одбранбен зид, под неговите темели се констатирани остатоци од постар зид.12 Горниот дел на денес зачуваните остатоци од зидните платна во најголем дел се градени во XIV век.

Сл. 3. Главна кула - донжон
Сл. 3. Главна кула - донжон
План 1
План 1

Во времето на егзистенцијата на македонската држава (969-1014) интензивно се утврдуваат градовите и тврдините. Во тој период била изградена или можеби само доградена штипската тврдина. Тоа го потарду“ ваат и изворните податоци (oponav -.тор Утоолебоо Утолебом) .

Дека во времето на Самоила и неговите наследници Штип веќе израснал во поголема градска населба зборуваат и податоците на Јован Скилица, кој го спомнува градот во 1018 година кога Василиј II бил пречекан од жителите на Штип (Στυπάου)13 со молитви и химни.14

Штипската тврдина, како и многу други тврдини и утврдени градови, при нејзиното освојување од страна на Византијците повеќе или помалку страдала и била руинирана со цел таа да не биде упориште за отпор против византиската власт. Подградието на градот продолжува да егзистира како градска населба.

Како средновековен град, Штип својот највисок економски, културен и духовен подем го постигнува во XIV век, под власта на српската феудална држава. Тврдината се зајакнува и обновува,15 подградието - варошката населба - се шири и обновува. Овој период се карактеризира и со големи и значајни сакрални градежни активности. Изградени се бројни сакрални објекти. како на пример: црква Св. Архангел (Фитијата, Сл. 4). Сифиевата црква посветена на св. Никола, црквата Св. Јован Крстител, црквата Св. Власие, црквата Св. Вознесение (Св. Спас) и црквата Св. Архангел Главатов. Скоро за сите наведени цркви се познати нивните ктитори и градители.16

Самиот факт за постоење голем број квалитетни сакрални градби од XIV век, сконцентрирани под штипската тврдина, укажува на големината, моќта и значењето на Штип во XIV век. Неспорен е фактот дека со градот управувале моќни феудалци на тоагашната српска држава, како на пример протосевастот Хрења, деспотот Јован Оливер,17 во својство на еден од најмоќните феудалци на царот Душан и на Константин Дејанов. Хрења и Оливер се појавуваат како ктитори на две значајни сакрални градби. Хрења е ктитор на црквата Св. Архангел Михаил, а Оливер - на црквата во Лесново. Во рамките на градската тврдина тие имале и своја резиденција (дворец со палата). Според И. Микулunk, градител на дворецот бил деспотот Оливер. " Подградието на средновековниот утврден град Штип се наоѓало по падините на источното, југоисточното и северозападното подножје на Исарот. На мало зарамнето плато во северниот дел од источната падина на Исарот, лево од денешниот пат што води до главниот влез во тврдината, лоцирана е манастирската црква Св. Архангел Михаил. Теренот околу црквата претставува јадро на подградието,. а подоцна и на стариот дел на денешниот град Штип. На потегот северно од црквата, при заштитното ископување во 1974 год., условено со изградбата на патот што води до Споменикот на Револуцијата, регистрирани се остатоци од профана архитектура-куќи градени од камени кал.18 Од тереот е прибран определен керамички материјал датиран во периодот од XII до XIV ѕех.19 Како покрактеристични ги издвојуваме: црепните, грнињата со една држалка и амфороидните стомни (Сл. 4-6).

Сл. 6 Амфоровидна стомна Сл. 5 Грне со една држалка
Сл. 6 Амфоровидна стомна Сл. 5 Грне со една држалка

Северниот срт на Исарот е најблаг и најпристапен дел до тврдината. На него, во горниот дел пред споредниот влез во тврдината, и денес јасно се забележуваат траги од стариот пат издлабуван и прошируван во гранитните карпи. Во подножјето на сртот кон Брегалница, кај што се констатирани темелните остатоци од црквата Св. Власие, видли-би се квадратни и правоаголни вдлабнатини во карпестата падина - остатоци од средновековни живеалишта.

Како позначајни регистрирани нумизматички наоди што го одбележуваат X век ги наведуваме двете бронзени монети од Јован Цимиск (969-976 година),20 најдени случајно во источното подградие, близу до црквата Св. Архангел Михаил. Од другите нумизматички материјали ги бележиме сребрените денари од Стефан ТУ Душан, ковани 1346 година во царскиот период од неговото владение (Сл. 7).21 Меѓу другите наоди регистрирани на акрополниот дел од тврдината, како карактеристични ги бележиме железните наоди (струшки, ножица, клинови, и разни типови железни клинци, Т. I).

Сл. 7 Сребрен денар на Стефан IV7 Душан
Сл. 7 Сребрен денар на Стефан IV7 Душан

Дека средновековниот Штип, како утврден град со големо подградие, не бил осамен и имал свои приградски населби зборува новооткриената населба и некропола во најблискиот приградски простор на 1200 м источно од Исарот, во месноста Каваклија. Евидентираниот гробен инвентар - накит од бронза и сребро (белегзии, прстени обетки) ги датира некрополата и населбата во периодот од X до XIII век (Т. ІІ).”22 Нашиов краток приказ на дел од историските податоци и материјалните остатоци на средновековниот Штип хронолошки го заокружуваме со осумдесетите години на XIV век, кога моќната османлиска војска, по пат на опсади и долготрајни изолирања, ги освојува добро утврдените градови и тврдини. Градот Штип, заедно со Прилеп и Битола, најверојатно паднал под турска власт некаде околу 1385 година.

Дека силно утврдените градови и тврдини не биле лесно освојливи и дека околу нивното освојување се водени жестоки и крвави битки зборуваат и некои од народните преданија. Едно такво предание наоѓаме кај познатиот турски патописец од XVII век Евлија Челебија, кое ес конкретно врзано за градот Штип.

Според Евлија Челебија, за време на владеењето на султанот Мурат 1 (1360-1389) градот бил опседнат од многубројна турска војска, но опсадата била безуспешна. По безуспешните обиди за освојување на градот, војниците што се наоѓале во рововите покрај Брегалница од западната страна на градот забележале дека под тврдината од речното корито излегуваат шатки. а потоа и луге од посадата на градот. Заробените бранители на градот ја откриле тајната. Турските војници, со влегување низ тунелот, на препад ја освоиле тврдината.

Иако вакви и слични преданија се многу експлоатирани и изгледаат неоригинални и неверодостојни, во случајот на легендата при освојувањето на штипската тврдина се дојде до извесна коинциденција на народното предание со случајното откритие во западното подножје на Исарот кај Чекичан Скала, во нивото на речното корито. Имено во 1986 година, при изградбата на градскиот колектор, во пресекот на гранитните карпи беше откриен дел од тунел со димензии од 160-170 сМ, и широчина од околу 70 см, со забележителни две-три скалила. Тунелот беше исполнет со растресита сива земја, измешана со ситни фрагменти од средновековна керамика, животиски коски, гареж и јаглен. Очигледно беше дека тунелот под кос агол оди кон тврдината. Поради напукнатоста на гранитната карпа низ која е пробиен тунелот и опасноста од нејзино рушење, не беа преземени соответни археолошки истражувања. Денес тунелот е затворен со поставувањето на колекторската мрежа (Сл. 8).

Според наше мислење, доколку не се работи за стари антички рударски галерии какви што на овој потесен простор, на лок. Клисура кај Ново Село, се регистрирани во поголем број, и тоа на различни висински нивоа... со голема сигурност можеме да го изнесеме мислењето дека 28. Томоски, Штип во периодот од XII - XIV век ..., 187. 24 Evlija Celebi, Putopisi, Sarajevo, 1967, 339-340. “3. Белдедовски. Брегалничкиот басен ..., 26.

Сл. 9 Мермерна плоча со арапско писмо
Сл. 9 Мермерна плоча со арапско писмо
Илустрација, стр. 369
Илустрација, стр. 370

T. IL. Гробен инвентар, накит “ Фотографии: К. Спасов. фотограф.Заводот и Народен музеј во Штип.: План и цртежи: Љ. Кљонкова, архитект, Заводот и Народен музеј во Штип. Zvonko Beldedovski Institute and Museum, Stip

HISTORIC AND MATERIAL EVIDENCE ON MEDIEVAL STIP

Белешки

  1. Белдедовски, Прилог кон убикацијата на античкиот Астибо, Масеԁ. acta archaeol. 11,Скопје, 1990, 151-160; Брегалничкиот басен во римскиот и раниот средновековен период, 1. Астибо, 11-16, Завод и Народен музеј Штип. Штип, 1990: Проблемот на релацијата и убикацијата на античките Астибо и Транупара, Зборник VII, Завод и Народен музеј Штип, Штип, 1996, 9-21. ↩
  2. З. Белдедовски, Исар, Штип - средновековна населба, Maced. acta archaeol. 3, Прилеп, 1977, 195-213, 196; The archaeology and history of Štip, Macedonian newsmagazine No. 4-5, Skopje May-Juni, 1992, 26-27. ↩
  3. Историја на македонскиот народ, книга 1, Скопје, 1969. ↩
  4. Tbid.; Б. Панов. Штип и Брегалничката област од VI-XII век. Штип низ вековите, книга прва, дел II, глава I, Штип. 1986, 135-174: Т. Томоски, Штип во периодот од XII-XIV7 век, Штип низ вековите, книга прва, дел II], глава II, Штип, 1986, 175-187. ↩
  5. Т. Томоски, н. д. ↩
  6. Белдедовски, Словенски материјални елементи од Брегалничкиот Басен, Масеԁ. acta archaeol. 14, Скопје, 1996, 173-183, 180. ↩
  7. М. Јовановиќ. Две средновековни тврдини во Источна Македонија, Хисар, “Маркови Кули" во Штип, Зборник на Штипскиот народен музеј I, Штип, 1960-1961, 103-105. Авторот, во својот труд, на едноставен И СЛИКОВИТ начин ги собрал позначајните историски податоци за тврдината со краток и прегледен опис на тврдината во целина. ↩
  8. Поради критичната состојба на објектот, Заводот и Народен музеј изготви проект за конзарвација со делумна реконструција на донжонот. но поради необезбедени финансиски средства проектот не е реализиран. ↩
  9. И. Микулчиќ. Штип, фурион Стипеон. град Штип со подградие. Средновековни градови и тврдини во Македонија, Скопје, 1996, 151-356. ↩
  10. М. Јовановиќ. н. д..105. ↩
  11. Вакви водоснабдителни објекти-цистерни за акомулација на дождовница се користени како во доцната антика, така и во средниот век. ↩
  12. Резултатите од истражувањата не се објавени. ↩
  13. Гръцки извори за българската история VI. София. 1965. 286. 291; Византијски извори за историју Југославије III, Београд, 1966, 112 и бел. 3; сп. и Т. Томоски, Средновековни градови во Македонија меѓу реките Вардар, Брегалница и Лакавица, гзфф 4 (30), Скопје, 1978, 279. ↩
  14. Гръцки извори ...,VI, 191. ↩
  15. Т. Томоски. Штип во периодот од XII-XIV7 век. Штип низ вековите ....175-187 ↩
  16. K. Балабанов, Галерија на икони, второ издание, Завод и Народен музеј, Штип, 1988. Авторот ги дава основните податоци за сите сакрални објекти од XIV7 век во градот Штип. ↩
  17. И. Микулчиќ, н. д., 154. ↩
  18. Белдедовски. Исар. Штип - средновековна населба .... 198, Сл. 1. 199, Сл. 2. ↩
  19. Ibid., 201-211. ↩
  20. Белдедовски. Сребрени монети на Стефан IV7 Душан од нумизматичката збирка на ↩
  21. Народниот музеј во Штип, Масеԁ. acta archaeol. 4, Прилеп, 1978, 217-226. ↩
  22. З. Белдедовски, Ранословенски наоди од Штип и неговата најблиска околина, Maced. acta archaeol. 10, Скопје, 1986, 225-230. ↩

Summary

Historic and Material Evidence on Medieval Štip

In the Late Antiquity there were numerous settlements in the Breganlica region showing urban features, including Bargala, the settlements near Krupiste, Morodvis, Viniéko Kale, CreSka, etc. From the end of the 4th until the 6th century life died out in these settlements. On top of the ruined settlements and around them Slavs formed their own small settlements, some of them growing into fortified medieval towns later. The town of Stip was established on the ruins of the ancient Astibo and the Byzantine Stipeon.

The archaeological site of Isar - the fortified medieval town of Stip stretches on a hilltop between the Bregalnica and the Otinja rivers. The medieval history of the town started with settling of the Slavs at this locality. In the 9th century the Bregalnica ect was a part of the First Byzantine State. From 976 to 1014 the town of Stip was included in the Samuil’s state. Throughout the 11th, 12th and the 13th centuries the states ruling Stip changed frequently: Byzantium 1197, Bulgaria until 1200. The ruler of the Prosek county dominated it until 1214, then Bulgaria ruld it once more until 1246, etc. In the 14th century during Stefan of Deéani (1321-1331) Stip was annexed to the Serbian, state remaining under its dominance until the beginning of the Turkish rule.

The earliest Slavic material evidence from the 7th century has been recorded at the site of KazandZisko Maalo. It included fragments of clay urn.

The medieval town of Stip consisted of two parts: inner town (phrurion) and town (amboria). The top of Isar was surrounded by high defense walls. The main entrance to the fortress was in the east. Entire surface within city walls measures 16.600 m? (PI. I, fig 2). The acropolis of 1.705 m² is another small fortress - a feudal castle with main tower - dinjon (fig. 3). It is not certain when the fortress was built. By the time of the Samuel’s Empire Stip had already grown into a fortified town. The biggest economic, cultural and spiritual rise the town has reached in the 14th century were built during that period, including the Churches of St. Archangel Michael, the Holy Savior, St. John the Baptist, etc.

Илустрација, стр. 372

Among the recorded archaeological material we would point to the following finds: numerous fragmented and entire clay vessels (figs. 5, 6 and 7), iron objects (grinders, scissors, nails) (PI. I), ete.

As a large medieval town, Stip also had a suburb. At the site of Kavaklija east of the town, a considerably big settlement was located with a necropolis that yielded significant grave finds, that is, bronze and silver jewellery (rings, earrings and bracelets) (Pl. II).

The town of Stip was under Turkish rule until about 1385.