Macedoniae acta archaeologica 15 (1999) · стр. 339–356

Сондажни ископувања на локацијата Копанец с.Корешница, Демиркаписко

Содржина
  1. Според кажувањата на месното население, некои од овие гро-
  2. Каталог на гробовите и гробниот инвентар
  3. Белегзија
  4. Бронза, леење. врежување, пунцирање
Илустрација, стр. 339

На атарот на село Корешница, западно од селскиот пат што од мостот на река Вардар води кон селото, егзистираат две археолошки наоѓалишта со видливи површински остатоци од расфрлени гробни плочи што припаѓаат на средновековни некрополи.

Првата е Крстеви, на стотина метри западно од селскиот пат, 1 км јужно од селото и 2,5 км од Демиркаписката Клисура и градот Просек. Таа е ископана во периодот 1992-1994 година и позната и е на стручната јавност.1 На околу 300 м западно од оваа некропола и на околу 1,5 км југозападно од с. Корешница, на низок, рамен терен, исто така на левиот брег од Вардар, се протега месноста Копанец.

На парцелите 1123, 1124, 1154/1, 1154/2 итн. се гледаат остатоци од средновековни гробови. Месната патека што води меѓу нивите и лозјата до реката го пресекува овој локалитет, така што на површината се видливи не само дислоцирани камени плочи од гробните камари, туку се назираат и целосно зачувани гробови - цисти од делкан камен.

Според кажувањата на месното население, некои од овие гро-

бови биле раскопувани во 50-тите години, кога се преземани поголеми

Илустрација, стр. 340
Илустрација, стр. 341

земјени и мелиоративни зафати на теренот, а некои се отворани подоцна, но во нив немало никакви наоди освен скелетите (во еден гроб биле најдени двајца покојници положени во спротивна ориентација 3-H и и-3).

Во организација на Музејот на град Неготино, екипа од Институтот за историја на уметноста со археологија: при Филозовскиот факултет-Скопје, есента 1992 година изврши сондажни ископувања на овој локалитет.

Илустрација, стр. 341

Пробната сонда, во вид на ров ориентиран јз-си со ширина од околу 2-3 м и должина од речиси 20 м, беше отворена на парцелата 1154/2, сопственост на ЈІ. Доматов, во меѓата покрај патеката.

Всушност тоа беше и единствениот достапен простор за непречена работа и без имотноправни забрани (План 1). Меѓутоа, лозите засадени на овој простор, без сомнение, скоро на-полно ги уништиле гробовите, со исклучок на просторот во приодите и меѓите.

И покрај претпоставката дека овие гробови би можеле да припаѓаат на некрополата Крстеви (каде што, патем речено, е констатирана хоризонтална стратиграфија и ширење кон запад и југозапад). сепак дистанцата од 300 м воздушна линија се чинеше доволна откриените гробови да бидат засебно нумерирани.

Со овие ископувања се откриени 11 гробови, од коишто Сл. 1 Гроб1

Во работата зедоа учество: В. Боцеска-Спиркоска, која ја изготви и техничката документација, потоа С. Ацески, Р. Ристески, Е. Стојанова и В. Цветановски.

3 Манева Е., Средновековна некропола "Крстеви" - ископувања 1992 - 1994, Масеԁ. acta гробовите 5 и 6 се скоро натполно уништени. Дел од гробовите се назираа на површината било целосно, било парцијално, а другите се појавуваа по првиот или вториот ископ.

Илустрација, стр. 342

Гробовите се ориентирани 3-H, со дозволени отстапувања кон сзји и јз-си - кои, главно, зависат од дневната сончева енклиптика. Меѓутоа, отстапувањата на овој локалитет, се чини, делумно произлегуваат и од нагласеното семејно групирање на гробовите. Најевидентен е примерот со гробовите 10 и 11 каде што и антропометриските и патолошките карактеристики на покојниците покажуваат блиски роднински врски (види: Каталог на гробови). Ништо помалку евидентни не се ниту групациите од гробовите Зи 417, 8 и 9 (види План I, Сл. 10).

Сите гробови се поединечни, така што е можна претпоставката дека постоело и надгробно одбележување. Сепак, во основа, организацијата на гробовите припаѓа кон типот врамниг некрополи со гробови распоредени "во редови".

Од зачуваните 9 гробови, 6 се во вид на цисти од плочи од сиво-зеленикав песочник, делкани и носени од мајданите во околината на Криволак. Обликот на гробните камари е трапезоиден или правоаголен, основата им е земјена, со исклучок на гробовите 3 и 7, каде што се сре-Кара зелен слоевит шкрилец, а во ниеден случај не е откриен гробен покривач.

Три гробови претпоставуваат слободни закони со јами оградени со камења (гробови 10 и 11), односно со камења и откршени плочи (гроб 8, План I).

Покојниците се инхумирани според христијанските канони: ориентирани со главата на запад, спроти изгревот, положени на грб со испружени нозе и прекрстени раце.

Механичките оштетувања и киселоста на земјиштето направиле видливи оштетувања на остеолошкиот материјал.2 така што антрополошка анализа можеше да се изврши само делумно.3

Трагите од зачуваните скелети припаѓаат на возрасни индивидуи, од кои пет се машки и четири женски. Машките скелети се робустни, а меѓу5 женските се јавуваат и грацилни, но и со поснажна конституција (види Каталог гробови 8 u 11).

Сл. 2 Гроб 2
Сл. 2 Гроб 2
Илустрација, стр. 344

Со исклучок на гроб 10 во кој е најдено железно ножче, (Сл. 8), другите машки гробови не содржат археолошки наоди. Од друга страна, во сите женски гробови има понекој наод од накит што се состои од наушници, мониста, белегзии и прстени.

Меѓу7 наушниците се среќаваат вообичаените, хронолошки неосетливи алчиња од бронзена жица. Така, во гробот 8 тие се употребени како пар налево и надесно од главата, покрај ушите (Сл. 6), додека во гробот 11 е откриена асиметрично само една алка носена од десната страна. (Сл. 9)

Сл. 3 Гроб 3
Сл. 3 Гроб 3

Од засега најбогатиот гроб, бр. 4, потекнуваат чифт наушници со нееднаква големина, од типот со една ажурирана јаготка (Сл. 4).

И по материјалот (сребро) и по изработката (груб филигран и гранулација) тие претставуваат најлуксузен наод меѓу примероците ископани на локацијата Копанец во 1992 година. Истовремено, тие сеи релативно погодни за датирање. Аналогиите за нив се среќаваат меѓу материјалите од XII и XIII Вех.

Наушницата со цилиндрично стаклено монисто украсено со светли, брановидни линии врз темна подлога и нанижа-НО на бронзена жица. потекнува од гроб 2 (Сл. 2). Нејзиниот облик е необичен, во вид на кука, а се чини како алката да била дополнително деформирана. Оваа претпоставка е дотолку пооправдана, што примерокот е најден дислоциран, во пределот на карлицата.

Инаку, наушници - алки со нанижани мониста се вообичаени меѓу средновековниот накит особено од XII век, кога е омилена конструктивната шема на кружна алка со нанижан додаток.8 Монистото само за себе може да се датира во периодот од X до XII век.9

Илустрација, стр. 345

Во гроб 2 се најдени и стаклени мониста од двете страни на черепот. Оддесно, над увото, е откриено поголемото монисто од тиркизна стаклена паста ук-расено со вочињаг, додека помалото од белузлава трошна паста е најдено под левиот образ (Сл. 2). Бидејќи е исклучена можноста тие да припаѓале на Ѓердан, можно е да биле нанижани на врвки од органска материја (текстил, кожа и сл.) или да биле зацврстени на шамијата, во косата или во некој друг аранжман за украсување на

Монистата со "очиња10 се застапени во времето од IX до XI, додека ситните зрна од X па се до XIII Вех.11

Четирите бронзени белегзии од гробовите 2 и 4 припаѓаат на четири различни типови. Тоа се белегзиите од четирикатен, впреден бронзен жица, лентестите или оние од шипка со правоаголен или триаголен пресек со отворени или различно оформени краеви (Сл. 2, 4). Меѓутоа, сите тие му припаѓаат на вообичаениот репертоар за широка употреба, застапен особено во периодот од XI до ХШ Век.12

Прстените се застапени со два примерока. Примерокот од гроб 8 има карактеристики присутни меѓу наодите од XII век (Сл. 6), додека прстенот од гроб 2, од типот со нагласени рамена и глава (Сл. 7), мошне омилен од крајот на X до почетокот на XII век, во случајов може да се датира и подоцна“13 поради евидентната излижаност од долготрајна употреба.

Со оглед на реткото присуство на предмети со утилитарна намена меѓу наодите од средновековните некрополи од Македонија, наодот железно ноже од гроб 10 заслужува посебно внимание (Сл. 8). Тоа е најдено од десната страна, на половината и, веројатно, било носено в појас. По својот облик (едносеко со трн за дршката) и по малата димензија, тоа е хронолошки атипичен примерок за секојдневна употреба. Не се зачувани ниту остатоци од држалка (веројатно дрвена) ниту траги од торбичка или ношница каде што било чувано. Според досегашните согледувања, датирањето на истражениот сегмент од некрополата Копанец се движи во периодот од XII до XIII век, со нагласок на XII.

Што се однесува до прашањето дали овие гробови претставуваат одделна целина или е тоа микролокација на соседната некропола Крстеви, останува да се разреши со натамошните ископувања.

Тие би одговориле и на тоа колкави се ареалите на овие наоѓалишта и дали се допираат, потоа - дали припаѓаат на одделни населбински комплекси, на различни социјални, сталешки, етнички или некои други групации или се само подоцнежно проширување и поместување на некрополата Крстеви.

Анализите на неколкуте ископани гробови од Копанец навестуваат нешто поинаков популациски состав (поголемо присуство на робустни скелети)., поизедначена, но и поскромна економска припадност на покојниците и позабележително присуство на локални (рурални) продукти меѓу накитот.

Временски, гробовите од Копанец имаат паралели со фазата Крстеви II од XII век, но се чини и нешто подоцнежни етапи.

Сл. 10 Семејна парцела со гробовите 3 u 4
Сл. 10 Семејна парцела со гробовите 3 u 4
Илустрација, стр. 347
Илустрација, стр. 348
Сл. 4a Гроб 4
Сл. 4a Гроб 4
Илустрација, стр. 348

Каталог на гробовите и гробниот инвентар

Гроб 1

Сл. 1,

План!

Машки; возрасен; 3-и (отклон кон ј3-СН).

На околу 0, 10 м под површината во западниот дел и видлив над земја - во источниот.

Трапезоидна циста од грубо делкан сив песочник. Недостига покривната и источната челна плоча.

Основата е земјена. Длабочината на цистата до 0,40 mM. Од скелетот се откриени само фрагменти од долните екстремитети.

Наоди нема.

Гроб 2

Сл. 2, План!

Женски; возрасен; 3-и (отклон од 5 степени кон си-ј3).

Гробната циста со правоаголен облик на која И недостига покривната плоча, се назира на површината.

Околу средината е пресечена со современа плитка бразда за наводнување.

На длабочина од 0,30 м е откриен скелетот положен на жолтеникава здравица, релативно зачуван, положен на грб со раце на половината.

Гробен инвентар:

Белегзија

Тер. инв. К-Ко./ 1

Бронза

Најдена на десната подлактица. Изработена од четирикатна, свиена бронзена жица со отворени краеви во вид на клучки што се расковани како и внатрешната површина.

D (BH.) = 50 - 54 MM; пресек = 5 - 6 MM

Tep. инв. K-Ko. / 2

Бронза, стаклена паста

Наодот е дислоциран. Алката е оформена како кука (деформирана). D = 2,7 см; пресек = 2 мм

Нанижаното монисто е цилиндрично (7x6 мм), насликано со светли брановидни линии врз темна основа. "Прстен Тер. инв. К-Ко. /3 Бронза, леење Прстен од типот со нагласени рамена и глава. Скршен, излижан од долга употреба. D = 18 - 20 мм.

Монисто

ОД Тер. инв. К-Ко. / 4

Сл. 3, Сл. 10, План! Машки; возрасен; 3-И (со пого-Сл. 5 Гроб 7
Сл. 3, Сл. 10, План! Машки; возрасен; 3-И (со пого-Сл. 5 Гроб 7

Стаклена паста

Надесно, над ушите, залепено до черепот, откриено е монисто од тиркизна паста. На површината се видливи остатоци од темнотиркизни "окца".

Монистото е излижано, обликот бочвест.

Дим.: = 11 x 12 мм; R (отвор) =

Монисто

Тер. инв. К-Ко. /5

Стаклена паста

Покрај левиот образ е најдено трошно монисто со неправилна, излижана, цилиндрична форма од белузлава стаклена паста.

Дим.: = 5 x 5 мм; R (отвор) = 3 мм

Гроб 3

лем отклон кон јз-си).

Гробот е во вид на издолжена трапезоидна циста, од сивозеленикав песочник со оштетен зап. дел. Источните делови се видливи на површината.

Покривната плоча е разбиена и расфрлена наоколу. Основата на цистата е од зеленикав шкрилец со мека, слоевита структура. Скелетот е многу оштетен. Припаѓал на робустна индивидуа. Наоди нема.

Гроб 4

Сл. 4, Сл. 10, План!

Женски (35-40 години); з-и (со поголем отклон кон сз-ји).

Гробната конструкција е на 0,10 - 045 м под површината. Тоа е солидно градена трапезоидна циста од монолитни плочи (од сивозелен песочник) со дебелина од 4 - 11 см. Длабочина на цистата 0,35 м.

Основата е од две плочи од зелен шкрилец.

Коските се нешто подобро зачувани.

Скелетот е положен на грб со раце на карлицата.

Гробен инвентар:

Пар наушници

Тер. инв. К-Ко. / 9 а. 6

Сребро. филигран, гранулација

Во пределот на ушите, лево и десно, откриени се наушници со по една ажурирана јаготка од ист тип, но со различни димензии.

D = 31 мм; h=35 мм

D = 31 мм; h=35 мм

Белегзија

Тер. инв. К-Ко. / 8

Бронза, леење, гравирање, пунцирање

На десната подлактица е откриена белегзија со полн, правоаголен пресек и отворени, благо расковани краеви. Украсот се едноставен од пунцирани точки и снопови од напречни линии околу краевите.

D (вн.) = 55 - 60 мм; пресек = 6 x 4 мм

Белегзија

Тер. инв. К-Ко. / 6

Бронза, леење, пунцирање

На левата подлактица е откриена белегзија со полн (триаголен) пресек и проширени, расковани краеви. На краевите е изведена едноставна декорација од прави и брановидни низи. а на местото каде што почнува проширувањето се врежани и снопови напречни линии.

D (вн.) = 54 - 59 мм; пресек = 4 х 3 мм

Сл. 6 Гроб 8
Сл. 6 Гроб 8
Илустрација, стр. 352
Илустрација, стр. 352
Илустрација, стр. 352

Белегзија

Tep. инв. K-Ko. / 7

Бронза, леење. врежување, пунцирање

Лентеста, масивна белегзија со отворени завршоци. откриена на левата подлактица. Надворешната површина е украсена со четири полиња со по пет длабоко втиснати полукружни вдлабнатинки порабени со пунцирани низи меѓу кои три површини се украсени со мрежи од врежани и пунцирани линии.

D (вн.) = 57 мм; пресек = 14 х 3 мм

Гроб 5

уништен гроб. Зачуван е само еден агол од сивозелен песочник. а наоколу се забележани и белузлави траги од распаднати коски.

План! На 025 м под површинското ниво е откриен скоро наполно План! На 025 м под површинското ниво е откриена една од челните плочи од делкан песочник. Никакви други траги нема. Сл. 5, План I Машки (35-40 години); 3-и (со Сл. 6, План! Женски (35-40 го
План! На 025 м под површинското ниво е откриен скоро наполно План! На 025 м под површинското ниво е откриена една од челните плочи од делкан песочник. Никакви други траги нема. Сл. 5, План I Машки (35-40 години); 3-и (со Сл. 6, План! Женски (35-40 години); 3-И (со Сл. 7 Гроб 9

Гроб 6

Гроб 7

отклон кон сз-ји).

На 5-6 см под површинското ниво е откриена одлично зачувана трапезоидна циста од сивозелен песо- 4ННК. Покривната плоча недостига.

Гробот е исполнет со жолтеникав мил - каква што с и основата.

Покојникот е положен на грб со испружени нозе и глава свртена кон север. десната рака свиткана на половината, а левата испружена.

Забележани се траги од тешка спондилоза, како и од кариес на забите.

Наоди нема.

Гроб 8

отклон од 8 степени кон сз-ји). На 0.30 - 0.50 м под површината е откриена гробна јама оформена од кршени плочи и крупни камења.

Скелетот е робустен (висина 161-162 см), положен на грб, со глава надесно, со испружени нозе и раце на половината.

Гробен инвентар: Пар наушници Тер. инв. К-Ко./10а, 6 Бронза Налево и надесно од образите се откриени наушници - алки од свиена жица.

Сл. 7, План I Машки; возрасен; 3-u (со отклон од Cn. 8, План I Машки (55-60 години); 3-и Гробот е најден на 0,38 м (во запад-Сл. 8 Гроб 10 нозете.
Сл. 7, План I Машки; возрасен; 3-u (со отклон од Си. 8, План I Машки (55-60 години); 3-и Гробот е најден на 0,38 м (во запад-Сл. 8 Гроб 10 нозете.

D (вн.) = 23 x 20 мм; пресек = 1,5 мм D (вн.) = 23 x 20 мм; пресек = 1,5 мм

Тер. инв. К-Ко./ 11

Бронза, леење. врежување

Во пределот на шаките е најден прстен со триаголен пресек на обрачот, рамна глава со врежани. мрежасто шрафирани орнаменти.

D (вн.)- 18 мм.

10 степени кон сз-ји).

Раскопан и делумно растурен, гробот е на околу 0,15 M под површинското ниво. Тоа е трапезоидна циста од плочи.

Коските се искршени и дислоцирани.

Наоди нема.

ниот) и 010 м (во источниот дел) - под површинското ниво.

Гробната јама е оградена со камења и со една плоча OF сивозелен песочник кај Скелетот е робустен. Краниум - нагласено висок и тесен, курвоокципитален со низок и испакнат окципут (види гроб 11).

Илустрација, стр. 355

Зглобовите и колената се со артритис деформанс. Висина околу 165 см. Испружен, со глава налево и раце прекрстени на половината.

Сл. 9, План I Женски (35-40 години); з-и (со Сл.9 Гроб5 11
Сл. 9, План I Женски (35-40 години); з-и (со Сл.9 Гроб5 11

Гробен инвентар:

Нож

Тер. инв. К-Ко. / 12

Железо, ковање

На појасот од десната страна е најдено едносеко ноже. Трнот е откршен, грбот благо повиен и проширен, пресекот триаголен.

Дим. : Сечило - 58 мм

Долж. (зачувана) 65 мм

Ширина до 11 мм

Деб. 1-3 мм

Гроб 1

ОТКЈІОН кон сз-ји).

Гробот е откриен под насипот на селскиот пат на околу 0.60 м (во зап.) и околу 0.15 м (во ист. дел) под површин-

Јамата е оградена со 5-6 камења од северната и 2 од јужната страна.

Покојникот е легнат, со глава на- Еј лево и со раце на половината. Скелетот е

рвоокципитален, со низок и испакнат окципут. Зглобовите и колената се заболени од артритис деформанс (види гроб 10).

Гробен инвентар

Наушница-алка

Тер. инв. К-Ко. / 13

Бронза

Надесно од главата, кај увото, е најдена наушница со елипсовидна форма и преклопени краеви.

D (вн.) = 18 - 23 мм; пресек = 1,5 мм Elica Maneva Faculty of philosophy, Skopje

Илустрација, стр. 356

TRIAL EXCAVATIONS AT THE LOCALITY KOPANEC

NEAR V. KORESNICA, DEMIRHISAR

Белешки

  1. Е. Манева, Дамите од "Крстеви", Културен живот XXXVIII, 1/93, Скопје, 1993; Іԁ., Гробот бр. 4 од некрополата "Крстеви" кај Демир Капија, Светите Климент и Наум Охридски, ману, Скопје (1995), 223-243; Іԁ., Археолошки траги од култот на мртвите на средновековната некропола "Крстеви" - Демир Капија, гзфф, Скопје (1996) 271-280: 14., Средновековна некропола "Крстеви" - ископувања 1992 - 1994, Масеԁ acta archaeol. 14, Скопје, 1996, 185-200; 14., Археолошки траги за средновековната облека од Македонија. МАНУ, Македонска литература и култура во контекстот на медитеранската културна сфера, Скопје, 1998, 315-372. archaeol. 14, Скопје, 1996, 186. ↩
  2. Анализата на остеолошкиот материјал ја изврши антропологот Фаница Вељановска од Музеј на Македонија. ↩
  3. Најстариот е на возраст од 55-60 год., што не е забележано на некрополата Крстеви, каде не с помината старосната граница од 50-55 год. ↩
  4. Интересно е дека на соседната некропола Крстеви женските скелети се по правило грацилни. ↩
  5. Георгиев, Една словенска некропола од Кочани, Историја ХП, 1-2, Скопје, 1976, 230, 231, Сл. 2; Е. Манева, Средновековен накит од Македонија, Скопје, 1992, 48, кат. бр. 21/13; 61/24; М. Јанковиќ, Две средњовековне некрополе у источној Србији, Старинар XXIV-XXV, 1973-1974, 227-240; М. Бајаловић - Хаџи-Пешић, Накит од VIII-XVIII века у музеју града Београда, Београд, 1984, Т. VI/1, T. XX V/3, кат. Ор. 179 etc. ↩
  6. Е. Манева, Средновековен накит, ор. cit., 46-48. ↩
  7. Ж. Въжарова, Славяни и Прабългари, София, 1976, 366, 369, 421. ↩
  8. Чифт прапорчиња како додаток на свилена марама се откриени во гроб 1 на соседниот локалитет Крстеви. Е. Манева, Средновековната, ор. си.. 196, Сл. 12. ↩
  9. Ж. Въжарова, Славяни и Прабългари, ор. cit., 366, 369, 421. ↩
  10. Е. Манева, Средновековен накит, ор. cit., 71-75. ↩
  11. Ibid., 84-85. ↩

Summary

Trial Excavations at the Locality Kopanec near v. Koresnica, Demirhisar

The locality of Kopanec stretches on the left bank of the Vardar, at 1,5 km. southwest of the village of KoreSnica and 3 km. west of the Demir Kapija Gorge.

In 1992 a trial trench was excavated uncovering 11 graves, two of which (nos. 5 and 6) had been almost completely devastated.

The deceased had been inhumed according to Christian norms (W/E oriented, supine and hands folded).

The jewellery discovered in female graves was of the customarily found kind. Its most convincing chronological analogies are with the 12th-13th century material, with special point to the 12th century. The male grave no. 10 yielded an one-edged knife at the waist to right.

Further researches would show whether the graves from the locality of

Kopanec are a part of different necropolis, or separate micro-location of the adjacent medieval necropolis Krstevi.