Macedoniae acta archaeologica 15 (1999) · стр. 309–323
Трпчева Црква
На локалитетот Трпчева Црква кај село Дуње веќе неколку години се вршат археолошки истражувања на средновековна словенска некропола, која се простира на просторот од едно зарамнето плато, каде што централно место зафаќа мала сакрална градба од доцноантичкиот и рановизантискиот период.1 Констатирано е дека поголемиот дел од некрополата е формиран во и околу срушените зидови од споменатиов постар објект. Истражувањата досега беа насочени кон утврдување на границите на протегање на некрополата во источниот, северниот и северозападниот дел од локалитетот. На тој простор се констатирани 73 гробни целини, од кои 33 се истражени оваа година. Бидејќи резул-татите од поранешните истражувања се познати,2 овде ќе ги презентираме резултатите добиени со најновите археолошки ископувања, со кои е опфатен северозападниот и дел од западниот простор на кој се протега некрополата (Сл. 1).
Некрополата е еднослојна, од типот некрополи на редови, со ориентација з/и, со мали отстапувања кај некои вкопувања кон север или југ, со длабочина на гробовите од 0,45 до 0,93 м и вообичаена положба на испружените скелети. Вкопувањето на гробните конструкции е вршено во земја или во всечената карпеста подлога, што е условено од дебелината на земјениот слој над карпестата подлога - здравица и падот на теренот на благата височинка од зарамнетото плато. Во зависност од формирањето на гробовите во земјата или всечената карпеста подлога, се издвојуваат неколку типови гробни конструкции:
= Гробни конструкции од типот цисти, покриени и оградени со големи и масивни монолитни камени плочи:
- Гробни конструкции оградени со помали камења:
- Гробни конструкции делумно оградени со помали камења:
= Гробни конструкции без никакво оградување. кои се вкопани директно во земја или всечени во карпестата подлога, кои сеи најма-
лобројни.
Гробовите од типот цисти, кои се и најмногубројни во однос на другите типови, главно се јавуваат во западниот дел од некрополата. Имајќи го предвид изнесеното, како и досегашните резултати од истражувањата, може да се констатира дека во западниот дел на некрополата гробните конструкции се многу солидно изведени и создаваат впечаток на една издвоена целина (Сл. 2). Големиот број солидно изведени гробни конструкции од типот цисти нѐ упатува на размислата дека условите И времето кога се вршело погребувањето пружале можност за посветување поголемо внимание при формирањето на гробовите, или пак тоа можеби било поврзано со определен статус и место што поединецот го заземал во општествената заедница.
Посебно е интересна гробната конструкција од гроб бр.62, каде што при формирањето на гробната камара се употребени мермерни блокови од фрагментирани парапетни плочи, најверојатно дел од ентериерот на сакралната градба (Сл. 3). Во формирањето на гробните конструкции. во повеќе случаи за оградување се користени помали изделкани блокови од бигор. како и фрагменти од тегули, исто така дел од градежниот материјал од срушена постара сакрална градба. Камарите имаат издолжена правоаголна, трапезоидна или овална форма. Погребувањето е поединечно. со исклучок на гроб бр. 45 каде што е констатирана трикратна употреба на гробната камара. Не се констатирани знаци на никакво надгробно обележување на гробовите, но неколкуте појави на повторна употреба на еден гроб, констатирани во минатите истражувања и истражувањата од оваа година, упатуваат на фактот дека гробовите веројатно имале некакво обележување во времето кога била користена некрополата.
Некрополи од ваков тип и со вакви гробни конструкции се по3- нати на поширокиот балкански простор што го населувала словенската популација, односно нив ги среќаваме како во Македонија, така и во Србија, Бугарија, Хрватска, Босна.3 Во гробовите скелетите беа релативно добро зачувани, без видливи знаци на некакви патолошки промени или деформации од каков било вид, освен кај скелетот од гроб бр. 66, каде што на черепот беа констатирани два поголеми кружни отвора, најверојатно направени при интервенција за лекување на некакви болки во главата или телото (Сл. 4).
Во две третини од истражените гробови беа најдени гробни наоди. Гробниот инвентар го сочинуваат предмети за украсување кои покојниците ги поседувале за време на животот, како што се наушници, Glasnik Zemaljskog muzeja и Sarajevu ns. XXXIV, Sarajevo, 1981; Ж. Bexapona, Славяни и прабългари, София, 1976, 267. обетки, прстени, белегзии, мониста од ѓердани и крстови, изработени од сребро, бронза и стаклена паста.
По богатството и број-НИ: носта на наодите, се издвојува-ат гробовите: бр. 53 со 8 белегзии, 3 обетки и мониста од ѓердан; бр. 54 со 1 белегзија, 7 прстени и мониста од ѓердан; бр. 55 со 2 обетки и 2 прстена; бр. 71 со 5 прстени, 2 обетки и мониста од гердан; бр. 72 со 4 белегзии, 4 прстени и мониста од ѓердан.
Од предметите за китење на главата се застапени обетки од типот обични алки, од типот гроздолики обетки и обетки, односно наушници од типовите со една и со четири јаготки, повеќето изработени во сребро.
Обичните алки, кои се среќаваат и како обетки и како прстени - бурми, се најдени скоро во сите гробови во кои се констатирани наоди и се претежно во функција на обетки. Тие се со различна големина и пресек на телот, а се изработени повеќето од сребро (Т. 1/6,7), но ги има и од бронза. Алките, како дел од накитот што има своја традиција од антиката, присутни се на средновековните некрополи во подолг временски период, а на балканскиот простор можат да се следат континуирано од X до XIV век.4
Типот обетки со една топчеста јаготка на нашата некропола е евидентиран со еден примерок изработен во сребро, ( Т. 1/5). Овој тип не е многу присутен во накитот од средновековните некрополи што досега се истражени на територијата на Македонија. Познати ни се неколку примероци, претежно изработени во бронза, од некрополите Маркови Кули, Радолишта и Демир Капија, кои се датирани во X - XI век.5
Типот обетки односно наушници со четири јаготки6 е застапен со три примероци изработени во сребро, од кои две се фрагментирани и биле со мазни шупливи јаготки. Третата. најдобро зачувана, е изработена во техника на филигран и гранулација, а четирите јаготки се ажурирани, (Т. 1/1). Најблиски аналогии за варијантите на овај тип обетки, односно наушници на подрачјето на Македонија, наоѓаме кај неколкуте примероци што потекнуваат од растурени гробови или пак затворени гробни целина на локалитетите Дулица, Голем Град, Крњево и Крстеви.7 Тие се застапени и во репертоарот на накитот од локалитетите на пошироката територија на Балканот и во Средна и Источна Европа.8 Примероците од Македонија рамковно се датирани во X век, со можност нивното јавување да е пред и по тоа. но не подоцна од половината на XI век.
Следниот тип - гроздолики обетки е застапен со три примероци во сребро, (Т. 1/2, 3, 4), од кои посебно се издвојува малата обетка со оштетена алка, работена во прецизна техника на филигран и гранулација. Аналогии за нашите обетки наоѓаме кај примероците од. лок. Градиште кај с. Дебреште. датирани во IX - X век.9 На неколку лока-
локалитети од подрачјето на Македонија се среќаваат некои од ва-ријантите на овај тип обетки, односно наушници, но не во некој поголем број.10 Гроздоликите обетки, чии луксузни примероци во сребро имаат византиско потекло, се еден од широко прифатените типови накит омилен кај Словените во времето од IX до XI век.11 Нивната застапеност се следи во повеќе видови и варијанти на типот низ поширокиот простор на Балканот и Панонската Низина, а особено во Моравија, каде што и наоѓаме најблиски аналогии за нашите примероци што таму се датираат кон крајот на IX и средината на X Вех."
. Кај прстените од оваа некропола се застапени повеќе типови, почнувајќи од обични алки и алки бурми (Т. П/1), па прстени со ребрести задебелувања на рамената и конусна рамно засечена глава (Т. П/2, 3, 4), прстени со налемена шуплива калотеста глава (Т. П/8, 9, 10), прстени со круна во која е сместен камен (Т. II /5, 6, 7), и сл.. изработени од бронза и сребро.
По својата луксузност, во поглед на изработката се издвојуваат бронзените прстени со мазна шуплива или ажурирана калотеста глава, чии алки се изведени од 4 до 5 танки филигрански жици, а и главите им се богато украсени со филигран и гранулација, (Т. П/8, 9, 10). Во Македонија овој тип прстени во поголем број се најдени во Демир Капија, но ги има и на некои други локалитети од пораниот словенски период.12
Сите типови прстени што се најдени на оваа некропола се среќаваат во репертоарот накит на локалитетите од соседните земји и на поширокиот простор од Балканот, на некрополите датирани во IX - X, односно X - XI век.13
Од накитот што служел за украсување на рацете, покрај бројните прстени, најдени се и белегзии од бронза и стаклена паста.
Бронзените белегзии се застапени со типот белегзии со одвоени И расковани краишта и типот белегзии со еден шарнир, украсени со врежани и втиснати геометриски орнаменти (T. Ш/1, 2, 3, 4; Т. ГУ/5, 6). И едниот и другиот тип повеќе или помалку се присутни во накитот од некрополите од времето на X - XI век како во Македонија, така и пошироко.14
Белегзии од стакло се најдени само во гроб бр. 53, и тоа шест примероци, кои имаат кружен или правоаголно-конкавен пресек, изработени од црна стаклена паста (Т. ГУ/7, 8, 9, 10). Пет од нив се најдени на десната подлактица, во комбинација со две бронзени белегзии со отворени краишта, а една на левата надлактица. Овој факт ни укажува дека тие биле носени, освен на подлактиците, и на надлактиците и може да претпоставиме дека имале и некоја друга функција, најверојатно поврзана со начинот на облеќување. Стаклените белегзии со разни варијанти и големини се дел од накитит што се среќава во подолг временски период на средновековните некрополи во Македонија, Србија, Бугарија, Албанија, Грција, Романија и Русија, при што во зависност од варијантата на типот, која во определени периоди може да претрпуваи извесни измени во изведбата и украсот, се следат континуирано од X - XIV век, а некои од видовите типови, иако не во голем број, се следат и подоцна. Од изнесеново произлегува дека стаклените белегзии - како накит преземен од антиката, а многу омилен и во византискиот период - се доминантни во областите каде што византиското влијание е силно И каде допираат византиските импорти.15
Покрај досега спомнатите предмети за украсување и китење на главата и рацете, најдени се и мониста од ѓердани кои што се дел од накитот за украсување на вратот. Се работи за ситни мониста со разни форми изработени од стакло и стаклена паста.
Во богатиот репертоар наоди од оваа некропола се вбројуваат и трите бронзени крстови приврзоци (два најдени на градите на покојниците во гробовите 41 и 52, а еден од десната страна во непосредна близина на черепот во гроб 73), кои секако, покрај украсната, имале и заштитна - апотропејска улога (Т. V/1,2,3).
Наодите од некрополата Трпчева Црква добиени со досегашните истражувања, како што се гледа од гореизнесеното, покажуваат најблиски аналогии со наодите од неколкуте истражени словенски некрополи од пораниот словенски период (X - XI век) во Македонија, Србија и Бугарија.
Кај поголем дел од накитот, според начинот на обликување и изведба. очигледни се античките и византиските традиции, кои во времето од крајот на IX и почетокот на X до XI век, кога и ги датираме овие наоди, имале силно влијание врз продукцијата на предметите за китење и украсување.
Евтините, едноставни и секојдневни форми на накит за широка употреба, присутни во содржината од гробовите на повеќето средновековни некрополи, во нашиов случај се занемарливи во однос на бројноста на примероците со фина и луксузна изработка, што се манифестира особено кај сребрените и бронзените примероци на прстени и обеткинаушници. Ова наедно укажува дека еден дел од продукцијата на накитот од оваа некропола е производ на локални мајстори, а дел од него е секако изработен во центрите со кои локалното население имало трговски врски и чие влијание е евидентно.
Во содржината на истражените гробови, покрај украсните предмети што покојниците ги поседувале за време на својот живот, не се најдени други предмети што би имале некаква функција во погребниот ритуал и погребните обичаи, освен остатоците од СИТНИ ЖИВОоТИНСКИ коски во три гроба. Поврзувајќи го ова со наодите на трите крстовиприврзоци, може да се каже дека населението што ја формирало и користело некрополата било христијанизирано, при што во прифатените христијански норми од погребниот ритуал задржало и вклопило некои пагански елементи16 !“ Резимирајќи ги досегашните резултати од археолошките истражувања на овој локалитет, можеме да констатираме дека популацијата што се погребувала во оваа некропола имала релативно стабилни економски услови и припаѓала на населба чии остатоци секако дека треба да се бараат во нејзина непосредна близина, но досега се уште не сме наишле на какви било индиции за нејзино лоцирање.
Истражувањата се уште не се завршени и се предвидува да продолжат и во наредните години. Резултатите од нив ќе ја докомплетираат сликата за времето и условите во кои живеело населението во пораниот средновековен период на дел од просторите од Мариовската Висорамнина, на која досега се регистрирани, а многу малку истражени, бројни остатоци.17 Тие зборуваат за еден, условно кажано, динамичен и континуиран живот во времето кога била користена оваа некропола. Liljana Kepeska Institute and Museum, Prilep
TRPCEVA CRKVA
- excavations in 1997 -
Белешки
- Археолошките истражувања се почнати во 1991, а продолжени во 1993 и 1997 год. Раководител Л. Кепеска, соработник К. Кепески, документатор В. Боцсска. ↩
- ЈІ. Кепеска, Словенска некропола кај с. Дуње - Мариово, Масеԁ. acta archaeol. 13, Скопје, 1993, 245; ЈІ. Кепеска, Резултати од најновите истражувања на средновековната некропола Трпчева Црква кај с. Дуње, Мариово, Зборник на Музеј на Македонија н.с. 1 археологија, Скопје, 1995, 181; ЈІ. Кепеска, Нови наоди од Трпчева Црква, Масеԁ. acta archaeol. 14, Скопје, 1996, 213. ↩
- ЈІ. Кепеска. Задна Река - Грмајте. Прилеп. 1995. 46: В. Aleksova, Demir Каріја, Ѕкорје — Beograd, 1956, 24; E. Манева, Средновековна некропола кај Базиликата Де во Хераклеја, Историја ХХІІ/1, Скопје. 1986, 182; Е. Манева. Средновековна некропола ↩
- Крстеви", Масеԁ. acta archaeol. 14. Скопје, 1996, 187: С. Ерцеговињ - Павловиќ. Средновековна некропола у Нишу, Старинар н.с. XXVII, 1977, 83; D. Jelovina, Starohrvatske nekropole, Split, 1976, 69; N. Миенс, Slovenska nekropola и Mahovljanima, ↩
- П. Гатев, Накит от погребения от XI-XII в., Археология 1, София, 1977, 33; J. Korošec, Staroslovensko grobiš e na Ptujskem Gradu, Dela 1, Ljubljana, 1950, 53. ↩
- Културно богатство на Прилеп, каталог на изложба, Београд - Прилеп, 1976, 28 кат. 6p.5.8; В. Aleksova, Demir Каріја, 54, Т. ХХІІІ/7; В. Маленко, Охрид и Охридско низ историјата, Охрид. 1986, 335, Т. ХІХ/8. ↩
- Пар такви наушници со мазни шупливи јаготки изработени во сребро се најдени во гроб бр. 16 од оваа некропола при археолошките ископувања во 1991 год. ЈІ. Kenecxa, Словенска некропола кај с. Дуње. Масеԁ. acta archaeol. 13, Скопје, 1993, 249, Сл. 5. 7 I. Mikučić - A. Keramitčiev, Neki novi oblici ranog slovenskog nakita u Makedoniji, Materijali IX, Beograd, 1972, 162, 163, T. I, Сл. 2 a и 6; B. Битракова - Грозданова, Ископувања на Голем Град од 1981 - 1986, Масеԁ. acta archacol. 10, Скопје, 1989, 106, 107; Б. Алексова. Наоди од средновековната некропола во c. Крњево, Кавадаречко, гзфф.. Скопје, 1978, 34, 39 Сл. 2,3; E. Манева. Средновековна некропола Крстеви. Maced. acta. archaeol 14, Скопје, 1996, 190. ↩
- М. Јанковић, Неки податци о изради предмета од обојених метала на Кључу Дунава у IX-XI веку. Зборник Народног музеја XI - 1, археологија, Београд, 1983, 103: Накит на рау Србије. каталог, Београд, 1982, 41 кат. бр. 53; V. Jovanovic - Lj Vuksanovié, Маибапе nekropolé sud-Slave De X“ et ХГ siécle, Inventaria Archaeologica fas. 25, 1981, Y 243, Y 248; D. Jelovina, op. cit., 102, T. XXII, T. XL/10,11; Ж. Въжарова, op. cit., 358, 359; B. ChropovskG, Словенско na буце dejin, Bratislava, 1970, 160. ↩
- B. Babić, The report on the old slavic findspots in Macedonia, Balcanoslavica 4, Prilep-Beograd 1975, 130, fig 3; Културно богатство на Прилеп. каталог. Београд - Прилеп, 1976, 28, кат. бр. 4; Е. Манева, Средновековен накит од Македонија. Скопје 1992, 210. Т. 9 В. Aleksova, Demir Каріја, 94, Т. ХІІІ/92; B. Битракова - Грозданова, Ископувањата на ↩
- Голем Град 1980, Maced. acta archaeol. 9, 208, сл. 11; E. Манева, op. cit., 52, T. XV, И. Микулчиќ, Средновековни градови и тврдини во Македонија, Скопје, 1996, 170, 202, 326. Ч М. Јанковиќ, ор. cit., 102, Т. П2, T. B/11; Д. Мини, Најновија проучавања етничка припадности носилаца белобрдске културе, Старинар XIX, Београд, 1968, 168; Д. Јеловина, op. cit., 104, T. XXIII/7-11, T. LXXI/14; Ж. Въжарова, op.cit., 358, 363, obr. 215/ 21, 22; P. ↩
- Diaconu-D. Vilceanu, Pacuiul lui Soare, cetatea Bizantina, Vol. I, Bucuresti, 1972, 139, 140; ↩
- Kalousek, Breclav Pohansko, Velkomoravské pohrebisté и kostela, Brno, 1971, 54, 59, 63, ↩
- , T. 27; B. Chropovsky, Slovanské pohrebisko v Nitre na Lupke, Slovenska archeologia ↩
- X-1, Nitra, 1962, 192, 239, T. XVII/ 2, 4. ↩
- В. Aleksova, Demir Каріја, 59, T. XVIII/175-187; Б. Алексова, Наоди од средновековната некропола во с.Крњево, Кавадарско, ГЗФФ5 4, Скопје, 1978, 37, T. 11/15; B. Маленко, ор. си., Т. XX; Е. Манева, Средновековна некропола кај базиликата Де во Хераклеја, Историја ХХІІ/1, Скопје, 1986, 194, сл. 26; Е. Манева, Средновековна некропола ↩
- Крстеви". Maced. acta archaeol. 14, Скопје 1996, 190, Сл. 6. ↩
- ДЛ. Кепеска, Нови наоди од Трпчева Црква, Maced. acta archacol. 14, 213-223, co2 наведената литература. ‘SB. Aleksova, Demir Kapija, 58, T. XV/121, 123, 128, 129, 130, T. XVI/131-138, T. XVII/149, ↩
- ; Е. Манева, Крстеви, Масеԁ. acta. Archaeol. 14, 196, Сл.12; Б.Алексова, Наоди од средновековната некропола во с. Крњево, гзфф 4, Скопје, 1978, 36, Т. П/6, 7, 8; II. ↩
- Гатев, op. cit., 39, обр. 5 П/1.2, V; B. Borisov, Djadovo, Tokai University Pres, 1989, p 280- 285, Fig 335 c, d, е: Г. Шеилева, Раскопки на средновековно селише, крепост и некрополи край село Искрица. Пльбовско през 1989-1994, Марица Изток, Археологически Проучвании, том 3, Раднево, 1995, 252, обр. 25 д. ж. обр. 26 6; G. Davidson, ↩
- Corinth XII, Prinseton-New Jersy USA, 1952, 262, pl. 112, fig. 2131, 2133; M. Bajanosuh ↩
- Хаџи-Пешић, Накит VIII-XVII века, Београд, 1984, 41. ↩
- kat. br. 213 - 219, T. XXXVI. ↩
- Е. Манева. Средновековен накит од Македонија. Скопје. 1992, 75-78; М. Бајаловии ↩
- Хаџи-Пешиќ, ор. cit., 42, Т. XXXVIII; Д. Минив. Појава и распрострањеност наруквица ↩
- стаклена паста на средњевековним налазиштима у Југославији, Средњевековно стакло на Балкану У-ХУ B., сану, посебна издања књ.), Београд, 1975, 74-78; G. Davidson, op. си., 264-265; B. Borisov, op. cit., 285, 298, fig. 339-344. 16 При археолошките ископувања во 1993 год.. во гроб бр. 40 од оваа некропола, покрај накитот беше најден и еден мал керамички сад, поставен од десната страна во гробната камара непосредно крај черепот, кој исто така го поврзуваме со13 остатоците на пагански елементи во погребниот ритуал. "7 При рекогносцирањето на теренот од прилепскиот дел од Мариово се регистрирани 63 локалитети, од кои 20 се од средновековниот период. Досега археолошки истражувања се вршени на лок. Задна Река-Грмајте, с. Витолиште, лок. Маркови Кули - Градок, с. Манастир и и лок. Трпчева Црква, с. Дуње. На трите истражувани локалитети средновековните објекти и некрополи се настанати во, над или околу остатоците од профани и сакрални градби од доцноантичкиот и рановизантискиот период. ↩
- Цртежи: В. Боцеска, дипл. археолог, фотографии: Д. Димески. ↩
Summary
Trpčeva Crkva
For several years in range researches have been carried out at the medieval necropolis at the site of Trpéeva Crkva. The necropolis had been formed inside and around the walls of a ruined sacral structure from the Late Roman and Early Byzantine Periods.
As it is already known, the necropolis is of the type with graves arranged in rows, usual forms of grave pits dug in the ground or cut in rock, the ones of cist type taking prevalence.
Rich inventory of grave goods includes articles of decorative function made of silver, bronze and glass paste. Among grave goods attention is attracted by the ear-rings worn over the ear shaping four embossed strawberries, a small grapelike earring, bracelets with one hinge, calotte-topped rings, bracelets with one hinge, necklace beads and cross-pendants. According to the form and execution, a great deal of them show apparent ancient and Byzantine traditions, which exerted strong influence upon production of articles of decoration and adornment in these areas in the span from the close of the 9th and the turn of the 10th century until the 11th century. The abundance of luxurious and finely executed articles, manifested especially with silver and bronze finds of rings and earrings, point out that in addition to the local production, there are articles manufactured in some big centres with which population had maintained trading connections.
Finds discovered so far at the necropolis Trpéeva Crkva intended for embellishment and adornment of individuals show closest analogies with finds from the several researched Slavic necropolis from the early medieval period in Macedonia, Serbia and Bulgaria.
Researches of this necropolis have not been completed yet. The presented material shows merely a part of the spiritual culture of the Slavic population. It is also a contribution to shaping up the picture of the time and conditions of living in Mariovo highland in the Lower Middle Ages.