Macedoniae acta archaeologica 15 (1999) · стр. 293–308
Два средновековни наоди од Средна Брегалница
Во македонската археологија од микро регионот на средна Брегалница меѓу Виница и с. Оризари, потекнуваат два ретки, добро познати наоди: теракотните икони од Виница и богатото депо од Оризари“. Нивните датирања и евентуална врска се предмет на овој текст. Иако се работи за различни предмети и материјали-иконите се од керамика, а пехарот, реликвијарот и обетките се од сребро со позлата, двата наоди имаат заеднички и слични елементи. Сличноста исклучиво се однесува за иконите и реликвијарот.
Теракотните икони!1 или релјефи?2 од археолошкиот локалитет Кале во Виница Македонска, како раритет во христијанската археологија и уметност, во последната деценија предизвикаа исклучителен научен и културен интерес. За нивниот феномен е пишувано многу, тие се претставени во неколку исклучителни светски научни и културни центри.3 На ова место ќе се осврнеме на овој загадочен научен, културолошки, социолошки и друг феномен од аспект на прашањата за наоѓалиштето и кој ги изработил, за да дојдеме до времето на изработката. ОД овие два аспекта се наметнуваат и други на кои попат ќе им посветиме внимание. Во микрогеографскиот контекст на Средна Брегалница е и еден друг добро познат раритетен археолошки наод. Тоа се пехарот, реликвијарот и обетките од локалитетот Крушарски рид во с. Оризари, Кочанско. Двата наода попатно ќе се обидеме да ги доведеме во заедничка врска.4
На прашањето што само се наметнува, кој ги конципирал и изработил иконите, проучувачите му посветиле соодветно внимание, но без прифатлив одговор. Само констатирале дека "... речито зборува за високата наобразба на непознатиот мајстор,5 како и нарачувачите на овие икони". односно се работи за едуциран и учен мајстор. Второто прашање што се наметнува е времето на настанувањето и изработката на иконите. Во досегашните проучувања, сосем е оправдано колебањето на проучувачот К. Балабанов во рамките на скоро триста години: ГУ-У век,6 V-VI и последното, во VI-VII век“.Во најголем случај V — VI век7 е прифатено како време на настанување на овие артефакти. Е. Димитрова, врз база на историско - црковните прилики, карактеристиките на локалитетот. иконографските, стилските и палеографските карактеристики, текстуалните извори и аналогиите за функцијата на иконите (истите анализи и размисли ги прави и К. Балабанов, плус археолошките информации од ископувањата што ги врши), ги датира во крајот на У и почетокот на VI Вех.’ Датирањето на Б. Алексова во IX век се уште е осамено, но 3aслужува внимание.8
На последното прашање што не интересира, со каква цел се направени иконите, проучувачите му посветиле големо внимание и сметаме дека го нашле вистинскиот одговор. Тие сметаат дека иконите служеле за заштита на градот, односно имале апотропејска функција и стоеле на некој јавен сакрален објект. За успешноста на ова решение одговор ќе дадат натамошните истражувања, иако во овој момент предложеното е сосем коректно и прифатливо, (тој јавен објект проучувачите сметаат дека е базилика или мавзолеј).“9 Овие неколку прашања се дел од загадочниот феномен на овој исклучителен интернационален музеолошки квалитет, научен раритет и комерцијален екслузивитет. Разгледувани во контекст со археолошките податоци добиени на теренот и историските што денес ни стојат на располагање, феноменот добива и други вредности. Имено, во времето на раниот христијански период во долината на р. Брегалница и Македонија се изградени многу сакрални објекти!“10 (Карта 1). Исто така, во целата христијанска екумена се изградени голем број, од кои некои и до денес се активни споменици и храмови.
Во периодот од IV до VII век никаде во светот нема соодветни и идентични икони- релјефи како виничките. Она што е познато од тој период од Тунис е сосем нешто друго. (Сл. 1) Тоа се, всушност, керамички плочки со плиток релјеф и мали димензии во однос на длабокиот релјеф и големина на виничките. Исто така, добро познати се керамичките плочи од Шпанија. (Сл. 2) Тие се со различни димензии: квадратни 25,5 x 28 х 2,2 украсени со релјефна розета од базиликата во Сон Перето (Малорка), датирана во VI век;11 потоа правоаголни со димензии: помалите 33 x 22 см и поголемите 60 x 40. Датирани се во V-VI век. Репертоарот на украсите е различен: елени, птици, делфини, розети, цветови, цибори-УМИ со арки во вид на палмети, кантароси И многу често со Христовиот монограм. Исто така, познати се неколку примероци со композицијата Даниел меѓу лавовите. Придружени се со соодветни натписи на латински јазик (на пример BRACARI VIVAS CUM TUIS и др.). (Сл. 3)
Во Македонија, од Баргала се познати неколку керамички плочи - тули. На една, со димензии 35.5 х 27 х 4 см, е врежан цибориум со тордирани столбови и натпис: Hriste boethe sthe Mousoniou. (Сл. 3) Втората плоча е со димензии 36 х 27 х 4 см и врежано животно, а на трета е врежан паун. Врежувањето е само на основниот цртеж, со остар предмет. Датирани се во У век. Во подот на јужниот кораб од северната базилика во Стоби добро е позната тулата со врежан Орантес. (Сл. 4) Во истражувањата на епископскиот комплекс Моробисдон се откриени неколку подни тули со различни димензии и од различен период украсени со врежан крст од У век. Една тула со релјефно изведен плетен крст е датирана во XI век. Во датирањето на виничките особено како компаративен материјал придо-неле туниските.12 Меѓутоа, евидентна е разликата во ликовната изведба. Затоа сметаме дека се уште нема задоволителни аналогии и одговор зошто ги има само на Кале Виница, и никаде на друго место. Ова ДОТОЛКУ повеќе ако го анализираме археолошкиот материјал од најблиските ранохристијански базилики и објекти по долината на средниот тек на Брегалница, каде што исто така отсуствуваат, иако се оддалечени само неколку километри. Најблиску, на оддалеченост од 1,5 км, е малата базилика на локалитетот Горица“.13 Освен наведениве неколку примероци од Баргала и Стоби кои се евидентно различни, во Македонија од V до VII век нема керамички плочи. Впрочем, и во декоративните ансамбли на подните мозаици во Баргала, Стоби, Хераклеја Линкестис. Лихнид, Филипи и др. се среќаваат сосем различни орнаменти и геолошко-философски сцени и симболи: различни шари, меандри, вегетабилни орнаментни, риби, барски птици, елени, христијански симболи на свети реки, на рајот и сл. Едноставно, за катехумените и за христијаните тоа се лесно сфатливи слики и идеи. Сцени и мотиви со војничка содржина наполно отсуствуваат. Во виничката колекција се застапени особено маркантно. Репертоарот од виничката колекција има сцени и мотиви тешко разбирливи за обичен човек. Проучувачите главно ги делат на неколку групи:
1. Старозаветни: Јошуа и Калеб; Адам им дава имиња на животните (или Тобија); Чудото на пророк Елисеј (или Јавачите на апокалипсата?);
2. Илустрирани псалми: Даниел меѓу лавовите; 41-ви Давидов псалм; Псалм 65; (бик-вол); Плодовите на ветената земја (Псалм 79);
3. Христолошки теми и сцени: Победнички крст (Константинов крст); Лав од племето Јудино и изданок од коренот Давидов (лав);
4. Претстави на христијански светители: св. Архангел Михаил; св. Теодор; св. Христифор и св. Горѓи.
Како што се гледа, наполно отсуствува вообичаената тематика од споменатите мозаички ансамбли. Ѕі duo faciunt idem non est idem ќе укажаме на панцирите на Јошуа и Калеб и св. Теодор од виничките икони со сличноста на панцирите на св. Теодор Тирон и св. Теодор Стратилат, св. Ѓорѓи и св. Евстатиј на триптихот од Харбавил, сега во Лувр, изработен во слонова коскаи
датиран при крајот на X век (Сл. 5, 6). Затоа сметаме дека датирањето на виничките икони во V-VI век е тешко прифатливо. односно предлагаме да се отфрли. На ова место укажуваме и на еден друг наод од средна Брегалница. Имено, на 4-5 км од Кале Виница, на локалитетот Крушарски Рид во с. Оризари, Кочанско, во 1956 година се откриени едно добро познато депо со сребрен пехар, еден позлатен реликвијар и 3 пара златни обетки. Наодот е
со мала претстава на Јошуа и Kane6 науката е прифатено без резерви. Меѓутоа овде ќе укажеме на еден факт што не оди во прилогна тоа. Имено, овие предмети во Етнолошкиот музеј во 1957 година, (значи по една година ?), ги понудил синот на пронаоѓачот Ристо Иванов, Ангела Ристо Иванов. Како што вели Р. Поленаковиќ, "..., уште на длабочина од 20 см, ископал, пред се, добро зачуван, позлатен сад со вита дршка и подлога. Продолжувајќи ги откопувањата на длабочина од 40 см, Ристо наишол на еден земјен сад "грне", покриен со камена плоча.14 Во него се најдени реликвијарот и обетките. На секој археолог сосем му е јасно дека пехарот не припаѓа на овој наод. Понатаму, многу тешко може да се стави во овој контекст и реликвијарот. Ни се чини дека овие два предмета временски треба да се издвојат од обетките. Сосем е уочлива сличноста на Светите воини претставени во техника на исчукување со светите воини кај споменатиот триптих од Харбавил. Исто така евидентна е сличноста на светите воини со претставите на Ј ошуа и Калеб од Виница. Облеките и панцирите се идентични, иако мора да се имаат предвид разликите на медиумот и техниките на изработка на сите три анализирани претстави. Изненадува и идентичноста на WTUTOвите. Во овој миг ни изгледа сосем можно и кочанскиот и харбавилскиот реликвијар да потекнуваат од еден центар. можеби Цариград, и тоа од IX век. Виничкиот мајстор на керамичките плочи можеби дошол во '* P. Поленаковиќ - Стеиќ, ор. си, 6.
контакт со лицето што го имало реликвијарот и според тој модел ги прави претставите на светите воини на калапите. (Сл. 7) Дали таа личност што ги донела реликвијарот и пехарот во средна Брегалница можела да биде Константин? Подоцна, при заминувањето, овие предмети тој им ги подарува на своите домаќини, во знак на благодарност за гостопримството. Така, по неколку векови. семејното богатство е најдено на "едно место". Р. Поленаковиќ, верувајќи во веродостојноста на искажувањата на Ристо Иванов, делумно погрешно заклучува за датирањето на наодот. Според обетките, кои очигледно се од XIV век, целиот наод го става во тој век. Имајќи го предвид значењето на овој наод и неговата атрактивност, на локалитетот Крушарски Рид во 1959 година се извршени археолошки истражувања. Откриените средновековни гробови и малата црквичка со димензии 9,60 x 4,40 mM, се датирани во IX век.15 Слични се димензиите на црквичката "култен објект" на Кале Виница 100 x 6,0 м. За време на рекогносцирањата во 1978 година во овој "култниот објект" се најдени неколку фрагменти од релјефни плочи публикувани од Ц. Крстевски и од 3. Белдедовски.16 На ова место ќе укажам уште на еден реликвијар со претстава на Богородица со Христос и на другата страна св. Димитрија и св. Ѓ орѓија од манастирот Ватопед на Света Гора. (Сл. 8) Сличноста со реликвијарот од Оризари е евидентна. Авторот К. Ловерду - Тсигарида според датирањето на Р. Поленаковиќ, го датира во XIV век, правејќи грешка.17 Сметаме дека хронологијата на реликвијарот и пехарот од Оризари треба да се коригира и помести во IX век.
5 Б. Алексова. Археолошки ископувања...
op. cit., 92.
" Ц. Крстевски, 3. Белдедовски, ор. си., K. Loverdou - Tsigarida, Tresures of
Mount Athos, Thessaloniki, 1997, 296-297. Е. Манева смета дека најстарите средновековни археолошки материјали од некрополата во Оризари се од крајот на X век.18 Кон ова треба да се има во предвид и фактот. како што веќе рековме, дека црквичката од Крушарски Рид е со приближно исти димензии со црквичката од виничкото Кале. Најверојатно, тоа е мемориумот во кој стоеле релјефните плочи.
Во датирањето на виничките плочи-икони, проучувачите особено го компарираат Архангел Михаил од Виница со Архангел Михаил изработен од слонова коска што се чува во Британскиот музеј (Сл. 10, 11). Сметаме дека овој примерок од раниот VI век не е соодветен бидејќи ги има одликите на класичната римска уметност. Од друга страна, за компаративна анализа на вертикалната стратиграфија на Кале- Виница, исклучителна помош нуди епис-КОПСКИОТ комплекс во Моробисдон со 4 цркви хронолошки детерминирани од У до XIV век.19 Нејасно е и чудно како на овој локалитет, инаку во најголем дел е испитан, нема керамички релјефи, иако е несомнено дека и обата егзистирале паралелно. Всушност, како што кажав-Ме, во Моробисдон се најдени теракотни плочи но истражувачите ги датираат во XI век но тие се евидентно различни. Уште повеќе збунува и фактот што ви-
ничките икони се најдени како градежен отпад, значи на некого особено му пречеле и ги фрлил. За нивната изработка на Кале - Виница, треба да се има предвид фактот за постоење богати ле- Британски музеј. детал жишта глинаи развиен грнчарски занает уште многу порано. На локалитетот Горица е пронајдена печка за печење керамика, како и огромен број фрагменти на римска сива печатена керамика. Тоа значи гричарството имало силни традиции што останале до денес. Изработката на калапите и печењето на иконите не претставувало особен техничкотехнолошки проблем. На епископскиот комплекс во Моробисдон разбирливо е отсуството на керамика во поголем обем бидејки таму не се живеело. Проучувачите на виничките икони пак, соочени со феноменот раритет, до денес многу малку се повикуваат, освен определен мал број артефакти, на анализата на сиот движен археолошки материјал што им стои на располагање. Тоа е појдовната база во хронолошкото детерминирање на иконите, која, компарирана со соседните блиски стратиграфски системи, ќе помогне во разрешавањето на проблемите. Споменатото датирање од Б. Алексова, недоволно анализирано и елаборирано, за жал останало скоро незабележано. Со покачувањето на датумот на настанувањето, значењето на иконите не се намалува, напротив- се чини се зголемува. Сметаме дека датирањето на оваа колекција од страна на Б. Алексова е прифатливо и ќе се обидеме да го елаборираме и од феноменолшки аспект. Имено. ваков редок наод во археологијата бара и носи со себе, како феномен, определен lihgt motif и соодветен spiritus movens ОД големи вселенски размери. Единствена таква личност што престојувала на овој географски простор е Константин Философ. Сметаме дека времето на изработката на иконите с поврзано со оваа личност и краткиот престој на овој исклучителен човек на Брегалница. Во тоа светло го гледаме и бараме одговорот на загатката зошто иконите ги има само тука, во Виница, и никаде на друго место. Познато е дека Брегалничката мисија на Светите браќа со добро познатата цел траела кратко време и до денес археологијата нема доволно адекватни артефакти да ја докаже и верификува. Досега познатиот иконографски репертоар на философско-теолошки сцени на виничките икони упатува на вонредно едуциран мајстор упатен во геологијата и философијата, односно личност што оставила длабоко сеќавање кај луѓето во градот на Кале, Виница. Во сите периоди на христијанството, односно она што го нуди стратиграфијата на локалитетот за период од VI до XII век, единствено Константин Философ, свети Кирил престојувал на овој микрорегион под падините на Плачковица. Во неговите напори да ги покрсти и христијански елементарно едуцира и воспита кандидатите, на располагање му стоел само неговиот разум и дух. Далеку од познатите скономски, културни и духовни центри, шансите за успех се особено мали, скоро никакви ако отсуствува харизматичниот дух на учителот. "Приказните" на слушателите им изгледала толку вистинити. што на моменти можеби помислувале дека и самите учествувале во Нив. Репертоарот на досега познатите сцени укажува на грижливо одбрани, селектирано осмислени и ликовно лапидарно претставени сцени и симболи. Тие неми и "грди" слики инспирирани од возвишениот чин на благородната мисија стануваат жива историја и приказна што необразованите пагани ги просветувала и ги воведувала во нов, поинаков свет. Во таков контекст може да се разберат некои сцени од репертоарот на чудата. Тука не треба да буни проблемот на јазикот и писмото, бидејќи тоа е време кога се уште двата јазика се употребуваат паралелно.
Се разбира, во сето досега не се вклопува фактот што за потребите на оваа мисија биле направени глаголските букви. Во размислите за датирањето на овие икони или релјефи. посебно треба да се има предвид ни се чини, сцената атрибуирана како "Чудото на пророк Елисеј". Сметаме дека оваа сцена многу веројатно е илустрација на некоја битка во тоа време, а во контекст со апотропејската функција на иконите е значајна во датирањето. Исто така, и фрагментите од иконите атрибуирани како: Икона со јавач (Апокалипса) и фрагмент св. Ѓорѓи и св. Димитрија? очигледно се сцени од некоја битка.20 Затоа сметаме дека иконите се настанати во доцниот LX век, непосредно по некоја голема битка, кога градот на Кале-Виница, и неговите жители се спасиле само благодарение на моќта наи чудото на свети Константин Кирил, кој можеби кратко време живеел таму, но со силината на духот оставил длабоки и пријатни сеќавања во колективното паметење. Горди на своето познанство со оваа света личност, по неговата смрт, по тешките страдања, граѓаните на ништо не можеле да се заблагодарат за својот опстанок освен на свети Кирил. Затоа, охрабрени од локалните власти, ги направиле иконите и ги поставиле на јавно место (можеби подигнале мемориум!), како духовна профилакса пред големите опасности од разбојничките војнички походи што повремено го погодувале овој регион. Можеби иницијативата за ова дело ја дале епископите Формоза Портуенски и Паоло Популонски, за чија мисија меѓу 866 и 869 г. Б. Алексова го врзува настанувањето на иконите". Тоа и го објаснува ја-
зикот и писмото“? на иконите.21 Од тој период, exempli gratia е еден камен со триаголна форма (12 x 11 x 6, 5 см), (Сл. 14) со врежани букви и нејасни цртежи што проучувачите го датирале во IX-X век22.23 Претставата на свети Христифор (Сл. 13) е првата претстава на овој светител на овие простори. Неговиот култ започнува да се шири од VI век посебно преку Сицилија по целиот Медитеран и Европа. Тој е особено почитуван во средниот век. Најстарите негови претстави во литературата се од УП Вех. Во регионот на средна Брегалница веројатно, тој е донесен во подоцнежните векови. Можеби го донел токму Константин. Веројатно на Кале од ова време има и други артефакти. Во овој миг и на овој степен на истраженост датирањето на иконите во самиот крај на IX век се чини како логично прифатливо и за размислување (впрочем, тоа е и време на "македонската ренесанса"), особено ако се има предвид археолошкиот материјал од Кале- Виница каде што последна фаза на живеење се гробовите од XII век. Меѓу овие два репера треба да се датираат иконите. Предложениот VI век е неприфатлив и поради отсуството на слични во регионот и екумената и, се разбира, на соодветен "дух на времето" на овие простори. Периодот на иконоклазмот исто така отпаѓа поради својот концепт и, што е поважно, заради отсуството на археолошки материјал во регионот и на самото Кале. Единствено остануваат, како spiritus movens само духот и делото на свети Кирил оставени на овој простор за време на Брегалничката мисија. Во годините што следувале, наоѓајќи се пред големи егзистенцијални искушенија, граѓаните се навраќаат и го повикуваат овој особен човечки дух и ги прават иконите како профилакса и спас пред (од) непријатните настани. Можеби преживувајќи случајно некој голем воен поход што се случил, а што ги изминал, спасот му го припишуваат на свети Кирил и на приказните што тој им ги кажувал и на тајните и искушенијата во кој ги упатувал. Тука треба да се бараат одговорите на прашањата што се наметнуваат од феноменот винички теракотни (керамички) икони, за кои нема адекватни и задоволителни одговори. Од друга страна, доколку оваа теза се потврди, тие ќе бидат адекватни артефакти од периодот на покрстувањето на Македонските Словени по Брегалница и нивното културно стабилизирање. од една, и присуството на свети Кирил на овие простори, од друга страна. Проучувачите сепак се должни што побрзо да го презентираат севкупниот археолошки материјал од Кале - Виница, со што ќе се создаде цврста база за донесување релевантни заклучоци.
На крајот, поради отсуство на слични или идентични икони во целиот VI век, поради отсуство на војнички сцени и поради фактот што објектот покрај кој се најдени иконите, најверојатно е од VI век (монетите на Јустин I, Јустинијан I и Јустин II најдени во ископувањата)““. неприфатливо е и нивно датирање во ова време. Од друга страна, бидејки terminus post quem non е XII век од кога се гробовите, исто така се исклучува бидејќи по нивното фрлање животот продолжил. Поради отсуство на археолошки артефакти во УП и VIII век на Кале и на соседните локалитети, и концепцијата на иконоклазмот исто така отпаѓа. Понатаму, најголемиот дел на X и XI век не се прифатливи поради употребата на глаголското писмо и случувањето на шизмата. Останува единствено крајот на IX век, време по "македонската ренесанса" како време на изработка на иконите. Тоа е времето на општ економски и културен просперитет, што овозможува да се изградат или обноват многу цркви на разни локалитети. Во овој микрорегион се наоѓал и градот Равен, каде што престојувал Константин. Во тој сеопшт културен дух на Брегалница се пренесуваат моштите на Петнаесеттемина тивериополски маченици. Причините за еден ваков чин морало да бидат многу силни и благородни, зашто во спротивно, граѓаните на Тивериополис немало да се согласат. Таква силна причина можела да биде или мечот или некоја друга, повозвишена. Со оглед на силниот култ на овие маченици во Македонија, сметаме дека првиот "аргумент" треба да се отфрли. Поверојатно е дека локалните власти и граѓаните се согласиле исправени пред возвишениот чин на верата и црквата. Тоа можело да биде само оддолжување за делото и престојот на учениот и свет Кирил. Таков чин се правел само еднаш. Затоа предлагаме : прво. двата наода, бидејќи потекнуваат од еден микрорегион, да се гледаат со заедничко светло; второ, нивното датирање да се смести во втората половина на IX веки да се поврзе со престојот на св. Кирил на средна Брегалница.
Огадња Zdravkovski
Museum of Macedonia, Skopje
TWO MEDIEVAL FINDS FROM THE MIDDLE
BREGALNICA VALLEY
Белешки
- Археолошкиот материјал од лок. Кале-Виница и Крушарски Рид с. Оризари се наоѓа во Музејот на Македонија. ↩
- Beldedovski, C. Krstevski, Rekognosciranje na području opštine Makedonska Vinica, Arheoloski pregled 20, Beograd, 1979, 153-158, T-LXXXIII; Ц. Крстевски, 3. Белдедовски, Рекогносцирање и наоди околу2 Виница, 1978, Масеԁ. acta archaeol. 7-8, Скопје,1987, 153-166, како релјефни тули ги датираат во доцниот У век; K. Балабанов, Ц. Крстевски, Теракотни икони од Виница, Скопје, 1991. ↩
- Димитрова, Керамичките релјефи од Виничко Кале, Скопје, 1993. ↩
- Овој исклучителен материјал досега е презентиран на изложби во следните градови: во1986 Рим; 1987 Загреб; 1989 Москва и Љубљана; 1990 Охрид; 1991 Скопје; 1992 во Белград; во 1993 - 94 Минхен, Вирцбург, Вајзенбург и Бregenц, во 1995 Линц и Рим; во 1997 во Варшава и Анкара, во 1998 во Лисабон; во 1999 Париз. Бројот на публиката што ги видела е огромен. и во тие рамки, бројот на заинтересираните стручњаци исто така. ↩
- Р. Поленаковиќ-Стеиќ, Еден редок средновековен наод од с. Горно Оризари кај Кочани во Македонија, Гласник на Етнолошкиот музеј 2, Скопје, 1965, 5 - 18; Б. Алексова, Археолошки ископувања во с.Оризари-Кочанско, Зборник 3, Штип, 1964, 81 - 99, Т. 1 - Ш °K. Балабанов, Ц. Крстевски, ор. cit., 13. ↩
- Ibid, op. cit., 17. ↩
- Е. Димитрова, ор. cit., 218. ↩
- Б. Алексова, Епископијата на Брегалница, Прилеп, 1989, 134. ↩
- Балабанов, Ц. Крстевски, ор. cit., 13. ↩
- Б. Алексова, Епископијата ..., ор. cit., дава целосен преглед со карта на сите лока-литети и објекти. ↩
- H. Schlink, T. Hauschild, Die Denkmaler der fruhchristlichen und westgotischen Zeit, Mainz, 1978 , 58. “ Ha изложбата "Die Tonikonen von Vinica" во Munchen 1993/94 во "Prachistorische ↩
- Staatssammlung" беа презентирани и 12 плочки од приватна колекција од Минхен, купени во Тунис. ↩
- Ц. Крстевски, Горица/Виница, Arheoloski pregled 27, Ljubljana, 1988. ↩
- Е. Манева. Средновековен накит од Македонија, Скопје, 1992, 136-138, Т. 86-21/1. УК. Трајковски, Истражувања во Мородвис. 1980, Зборник на Археолошкиот музеј на Македонија X-XI, Скопје, 1983, 133-142. ↩
- K. Balabanov, C. Krstevski, Die Tonikonen ..., op. cit., 64, 66, 67, kat. 83, 86 - 88. ↩
- Б. Алексова, Епископијата ..., ор. cit., 134. 22 N. Proeva, Inscriptions sur les plaques de terre cuite de Vinicko Kale en Macedoine, ↩
- Tranquillitas - Melanges еп l“honneur14 de Tran tam Tinh, 1994, 497-506. ↩
- K. Balabanov, C. Krstevski, Die Tonikonen ..., 0. c. 52, kat. 42. ↩
- Ameisenowa, Animal-Headed Gods, Evangelists, Saints and Righteous men, Journal of the Warburg and Ca.. Justitudes vol. 12, Warburg, 1949, 21 - 45. ↩
- K.Balabanov, C. Krstevski, Die Tonikonen ..., op. cit., 45, 48, kat. 1-24. 26 Thid, op. cit., 51, kat. 37-41. ↩
- К. Трајковски, Брегалничката епископија во светлината на најновите археолошки истражувања, Светите Климент и Наум Охридски. МАНУ. Скопје, 1995. 337-344, смета дека градот се наоѓа меѓу7 селата Карбинци, Крупиште и Бурилчево, во близина на утоката на Злетовска река во Брегалница. ↩
- За значењето на култот на светите Петнаесет тивериополски маченици во Македонија укажува I]. Грозданов, Портрети на светителите од Македонија од IX — XVIII век, ↩
- Скопје, 1983, 127. ↩
Summary
Two Medieval Finds from the Middle Bregalnica Valley
The terra-cotta reliefs from Vinica have been differently attrubuted to the Early Christian period, that is, to the spans of the 4th-Sth, Sth-6th and, finally, to the 6th-7th centuries, whereas some scholars have suggested the 9th century as the date of their production. This article presents some other artifacts that support their dating to the 9th century. Their origin, ke. production is associated with the activities of Constantin Philosopher St. Cyril in the Bregalnica region. After his departure, his strong spirit and wit had resulted in enhancing the spiritual life and flourishing in the Bregalnica region. This pronounced positive spiritual energy in the domain of culture was manifested with building of new churches and reconstruction of the old ones. Parts of the remains of the Fifteen Holly Martyrs from Tiberiopolis used to be transferred on occasions sacralization of many churches. The collective spirit of prosperity was also reflected at "Kale" Vinica with production of clay tablets. Designed and manufactured with strong apothropaic intentions for protection of the town from some military campaigns, these reliefs were kept in a small memorial devoted to the activities and memory of St. Cyril. This is also indicated by the variety of philosophical-theological scenes depicted, particularly the miracles and images of worricrs, presumably told to the residents by St. Cyril. In the literature the earliest reference to cynocephaloi was in the 7th century. In that sense, we believe that St. Cyril must have been the only one that could have told to people about these rare scenes, events and persons. Analogies with other tablets from the Christian ecumene, particularly with the 5th-6th century ones from Tunis and Spain, have shown apparent differences in the Early Christian symbolics and concept, as well as in the aesthetic features. The Vinica reliefs do not manifest any implication of the spirit of Early Christianity.
The closest parallels are the clay tablets from Bargala, although they are from the 5th century showing the spirit of the Early Christianity. On the other hand, associations with other artifacts, as is the 10th century triptych from Harbavil, point to earlier dating. Some other objects discovered in the excavations carried out at "Kale" provide arguments in favour of this assumption. Concerning another chance find from the adjacent village Orizari discovered in 1957 and attributed to the 14th century, I would suggest correction of dating and propose the time coinciding with the terra-cotta reliefs. To this find that includes 3 pairs of golden or gold-plated earrings and a goblet, R. Polenakovié adds the goblet found nearby. According to him, the goblet had been discovered first and then the pot with the objects was found at 0,40 m. below. My opinion is that the goblet should be dated to the time before the 9th century. The reliquary should also be singled out. This kind of objects are being carried with special attention and care. Comparisons of the reliquary with the triptych from Harbavil have shown considerable similarities. This also applies to the terra-cotta reliefs form Vinica, on which the Holy Worriers have been depicted with almost identical clothing, cuirasses and shields. In my opinion, there is certain connection between these two exceptional finds coming from one micro-area. There is a possibility that the goblet and reliquary have been brought in these areas by Constantine and, at some point, served as models for production of terra-cotta reliefs in memory of St. Cyril. They are the earliest archaeological artifacts indicating the presence and activity of this extraordinary mind in the middle course of the Bregalnica river.