Macedoniae acta archaeologica 15 (1999) · стр. 195–202

Ара од Мажучишта

Содржина
  1. Kostadin Kepeski
  2. Institute and Museum, Prilep
  3. ARA FROM THE VILLAGE OF MAZUGISTA

Пролетта 1996 година, при поставување телефонски кабли со механизација. во с. Мажучишта беа ископани неколку споменици изработени од мермер. По известувањето и излегувањето на терен, стручните лица од Заводот и Музеј Прилеп констатираа дека спомениците се откопани на регистрираниот локалитет Тумба среде с. Мажучишта. На овај локалитет до 1948 година имало остатоци од разрушена гробјанска црква. просторија за задушница и гробови. Но во 1948 година на оваа локација бил изграден Задружен дом, а при расчистувањето на теренот старите градби биле срушени, дел од мермерните споменици турнати во долот, а дел однесени крај селската црква. Оваа локација била повторно зарамнувана во 1974 година и подготвувана да се направи фудбалско игралиште, па и во таа прилика настрадале неколку мермерни сполии. Во 1996 година, при погоре споменатата интервенција за поставување кабли, механизацијата на изведувачот била искористена за чистење на селскиот дол и притоа биле извадени три споменици од мермер: една ара, еден поголем фрагмент од мермерно скалило и едно помало парче од мермерна греда. На овај локалитет досега не се откриени никакви остатоци од постара архитектура, освен траги и делови од локални шкрилести плочи од гробови од поново време. Никој од мештаните не знае од каде се донесени ниту трите горе споменати мермерни сполии, ниту пак разнесените сполии од овој локалитет во 1948 и 1974 година. Во документацијата во Музејот во Прилеп нема податоци за постоење населба од римскиот период или пак за евидентирани споменици од мермер од римско време од атарот на селото, освен ретки наоди на монети најдени северно од селото, во правец на манастирскиот комплекс Трескавец, каде што е откриена некропола од хеленистичко-римскиот период.1 Останува во иднина да се посвети поголемо внимание и детално да се рекогносцира теренот североисточно од с. Мажучишта, за да се лоцира местото од кое биле донесени спомениците на селските гробишта на локалитетот “ Тумба", каде што биле употребени како сполии.

Мермерната ара извадена од долот страдала во два наврата, првиот при пренесувањето од првобитната локација од светилиштето и вториот при вадењето со ровокопач од долот. При тоа настрадале сите осум агли, кои се откршени, како и челната страна на која преку десната страна на ликот на богот и текстот испишан во тој дел е направен длабок рез со забот од ровокопачот.

Арата е изработена од ситнозрнест бел мермер, од рудникот Сивец кај Прилеп, има двојна профилација на основата и горниот дел, со следниве димензии: висина 0,90 м, ширина 0,75 м. Четирите украсни полиња, кои исто така имаат двојна профилација, се со димензии: висина 0,40 м и ширина 0,50 м. (Сл. 1). Украсена е од сите четири страни. Челната во средината го носи ликот на богот Хермес, односно Меркур. Богот е исправен, стабилно застанат на двете нозе, прекриен со куса хламида што му паѓа зад телото, во висина на левото колено. Во левата рака држи керикеион што завршува со две преплетени змии, а десната рака му е скоро цела однесена од

Сл. 1 то изведена и не можеме да се ОСІІО-
Сл. 1 то изведена и не можеме да се ОСІІО-

забот на ровокопачот, па нс CMC во состојба да тврдиме дали во неа држел кожно тагарче, кое му е и најчест атрибут. Главата на богот е доста оштетена, па не е можно со сигурност да се каже како биле обработени деталите на неа (усните, ушите, веѓите, па дури и косата). Целата композиција е доста невешбодиме од впечатокот дека мајсторот-каменорезец бил доста невешт и несмасен. Во прилог на оваа констатација зборува и податокот што авторот, односно мајсторот, се изгубил во просторот, па така главата и нозете на Хермес ги пробиваат горната и долната профилација на украсното поле и целиот приказ не изгледа ни малку складен и хармоничен. Десно и лево од ликот на Хермес следи текст на дедикантот во четири реда:

Фиуллло [сѕ] Kore ...

Илустрација, стр. 197

оаіоѕ лаќеотла [tt]

wtvc [&] véOnK [ev]

Текстот од десната страна е доста оштетен од забот на ровокопачот, буквите се со нееднаква големина и доста невешто и плитко врежани, што задава тешкотии при читањето.

Лево од централниот приказ, во украсното поле е претставено говедо во движење налево. Релјефот е доста плиток, говедото е прикажано со танки и прави нозе, нешто подобро обработени задни нозе и опаш, тело скоро правоаголно, со плитко нагласена глава и траги од рогови на Неа, како и слабо Сл.2 нагласени гениталии пред спојот на задните нозе со стомакот (Сл. 2).

Во наредното украсно поле на арата имаме приказ на желка во движење налево, со истегнати и малку предимензионирани нозе, глава и опаш. Оклопот на желката е многу малку конкавно изведен, а стргунките на него се крајно шематизирани, изведени со хоризонтални и вертикални резови, па изгледаат како шаховско поле (Сл. 3).

Наредното украсно поле, во средината, носи приказ на петел во од надесно, нешто попластично изведен за разлика од претходните две фигури. Петелот изгледа доста робусно, со јаки нозе на кои се прикажани и прстите со Нокти. ВИСОК И богато украсен опаш со долги пердуви, складно тело и нешто помала глава, доста оштетена, на која не се видливи делови од кикиришката, клунот, очите и др. (Сл. 4). По сумарниот опис на релјефите на украсните полиња, за жал уште еднаш мораме да кон- ја статираме дека се работи за нев- ј ешт мајстор-каменорезец, кој не бил во состојба реално да ги пренесе во камен вака убавите и сли-КОВИТИ животни. па и човекот.

Сл.3
Сл.3

Apata му била посветена на богот Хермес и веројатно поставена во неговото светилиште. Каде било тоа светилиште во овај момент. многу е тешко да се одговори, а секако било во непосредна близина на с. Мажучишта, зашто волку голем мермерен блок е тешко да се пренесе од

Сл. 4 тник на стадата, од една страна, и
Сл. 4 тник на стадата, од една страна, и

голема далечина. Недостигот од вакви или слични на него споменици, посветени на богот Хермес во нашата непосредна и подалечна околина, ни задава мали тешкотии околу толкувањето на придружните симболи на богот, па ќе мораме да се послужиме толувајќи ја симболиката со помошта на митолошки преданија.2

Од митологијата е познато дека главните атрибути на богот Хермес се: гласничкиот стап - керикеион. капата петасос со крилца, тагарчето, ситната и крупна стока, петелот, желката, кучето и др. Тој е познат како голем зашти- " Д. Cpejosuh, A. Цермановив, Речник грчке и римске митологије. Београд, 1987, 473. како нивни ограбувач, од друга, за што ни зборува случајот со кражбата на Аполоновите говеда, која ја извел наредниот ден по своето раѓање.3 Хермес, како заштитник на стадата крупна стока, често е прикажуван со младо теле на рамењата, како Москофорос.4

Петелот е негов често користен атрибут, тој е присутен при раѓањето на Аполон и Артемида од страна на мајка им Лета, секако во присуство и на Хермес, кој прв ја објавил радосната вест.5 Петелот, како гласник на раѓањето на денот, се поистоветува со улогата на Хермес како гласник на боговите.

Желката, како поретко користен атрибут на Хермес, се јавува во улога на персонификација на преданоста кон домот, односно сопственикот на стадата. Зашто, желката ја симболизира преданоста, односно приврзаноста кон сопствениот дом и средина, таа е единственото суштество кое и по смртта не го напушта својот дом. Од митологијата ни е позната случката со одбивањето на Хелона да присуствува на свадбата на Зевс и Хера, за што разлутениот Хермес ја фрлил заедно со нејзината куќа во река, каде што таа се претворила во желка, не сакајќи да ја напушти куќата.

Ова е, ни се чини, прв споменик откриен на нашето подрачје посветен на богот Хермес, со вака богат приказ на ликови што се негови можеби не најчести атрибути, а недостигот на вакви или слични споме-НИЦИ, во моментов, не ни дава можност за подетални толкувања на атрибутите и нивната примена. Во Прилепско, па и пошироко на подрачјето на Пелагонија, откриени се доста статуетки на богот Хермес, односно Меркур, изработени во бронза, во литературата познати како меркурчиња. Тоа се мали статуетки на богот Хермес, со голо тело, петасос на главата и крилца на нозете и задолжителното тагарче во десната рака и керикеионот во левата. Ваквите мали фигури ги има со стотици, но тие му се посветени на Меркур, како заштитник на трговците, а нивната бројност зборува во прилог на тоа дека скоро секој трговец носел со себе и статуетка на својот заштитник. Бројноста на ваквите статуетки на Меркур, со разни димензии и повеќе варијанти на решенија на петасосот и керикеионот. зборува во прилог на мислењето дека повеќето од нив се производ на локални работилници.

Ibid. 473. Thid. 475. Ibid. 38, 475. ОД посветениот натпис дознаваме дека дедикантот бил ветеран на римската војска, како и тоа дека тој стекнал граѓанско право за времевладеењето на фамилијата Елиевци. Со добивањето на граѓанско право и прогласувањето за ветеран, секако добил и поголем посед на земјата во - атарот на с. Мажучишта. Големиот посед најверојатно му овозможил да биде и голем сточар, зашто на ова подрачје завршува пелагониската рамнина и започнува ридскиот дел, кој пак потоа прераснува во планински масив. Теренот погодува за интензивно сточарење и релативно брзо богатење, па е можно дедикантот, задоволен од својот економски напредок, да му подарил ваков споменик на својот заштитник.

Арата секако имала централна диспозиција во светилиштето, за да биде видлива и достапна од сите четири страни. Но, проблем засега претставува локацијата на светилиштето. Веќе споменавме дека релативно блиску до с. Мажучишта се наоѓа манастирскиот комплекс Трескавец, каде што од поодамна, на црковниот покрив е откриена натписна плоча, која жителите на местото Колобаиса ја посветиле на Артемида Ефеска. Со сигурност не се знае дали оваа плоча, односно светилиштето на Артемида, била на Трескавец или пак е тука донесена од местото Колобаиса, кое до денес не е сигурно лоцирано. Да ја допуштиме можноста и светилиштето на Хермес да било во Колобаиса и да се наоѓало на падините од масивот Трескавец, во правец на с. Мажучишта. За локацијата на местото Колобаиса наоѓаме скудни податоци кај д-р Ф. Папазоглу, каде што е дозволена можноста оваа населба да се наоѓала на Трескавец или пак во неговата непосредна околина.

Од натписот дознаваме дека дедикантот на оваа ара е Публиј Елиј Филип, ветеран на римската војска, но, оштетувањата на третиот ред од натписот, од десната страна на споменикот, не ни дозволуваат со сигурност да кажеме дали дедикантот бил жител на Колобаиса. М. Рицл - при читањето на посветениот текст - е склона да ја прифати можноста зборот КоԁАо....са100 да е погрешно врежан, па може да се чита како Коԁо [Ват] болоб. Ако го прифатиме ваквото читање на текстот, а во прилог на тоа зборува и неукоста на мајсторот, тогаш би можеле со мала резерва да кажеме дека оваа ара му ја посветува на својот заштитник Хермес Публиј Елиј Филип од Колобаиса. Дали односниов ветеран, колонист на ова подрачје, е домородец или е тука доселен по отпуштањето од војска, со сигурност не знаеме. Меѓутоа, склони сме да веруваме дека е тој тука доселен некаде од исток, на што не наведуваат атрибутите на богот прикажани на оваа ара, кои не се баш најкарактеристични за нашето пошироко подрачје.

Во кое време му била посветена нашата ара на богот Хермес - исто така е тешко да се каже, бидејќи од одликите на изработката на ликовите, а особено на деталите од Хермесовиот лик, немаме никаква помош. Кај ликот, кој е толку лошо изработен а од друга страна и доста оштетен, не можеме да видиме никакви карактеристики на обработката на косата, очите, веѓите, носот и други што ја карактеризираат камената пластика на определени периоди од Римското Царство, па и порано. И тука единствена помош, односно сигурен временски термин при утврдувањето на времето кога е изработена оваа ара, ни е дародавниот натпис, односно ономастичката формула на дедикантот, од која дознаваме дека тој добил граѓанско право при владеењето на династијата Елиевци. Со други зборови, нашата ара најрано можела да биде изработена за време на Хадријан. Но, поради напред наведените недостатоци, кои не ни даваат некои типични и карактеристични стилски детали, склони сме нашата ара да ја датираме во средината на П век од н. е. односно во времето на големата благосостојба и процут на животот на Римското Царство, особено на почвата на Македонија.

Kostadin Kepeski

Institute and Museum, Prilep

ARA FROM THE VILLAGE OF MAZUGISTA

Белешки

  1. На околу2 500 м ЈУКНО ОД манастирот Трескавец е откриена некропола од хеленистичко-римскиот период. Наодите не се публикувани. ↩
  2. кна. 457. ↩
  3. Каталог, Antitka bronza и Jugoslaviji, Beograd, 1969, 89, Сл. 91; Во збирката на Заводот и Музеј Прилеп се чуваат повеќе од 20 мали статуетки на Меркур. непубликувани. * фотографии: Д. Димески ↩
  4. Н. Вулић, Споменик LXXVII, Антички споменици наше земље, Београд, 1934, 28. УФ. Папазоглу, Македонски градови у римско доба, Жива Антика I, Скопје, 1957, 223. " Во оваа прилика и изразувам голема благодарност на г-Ѓа д-р М. Рицл. 34 укажаната ↩
  5. NOMOI! при читањето на текстот на арата. ↩

Summary

Ara from the Village of Mažučišta

In spring 1996 three marble objects were dug out with machinery form a ditch in the village of MazuciSta. One of them was ara - an alter, while the two others were fragments of architectural plastic decoration.

The alter measuring 0.90 x 0.75 m. was considerably damaged while digging with machinery. All the corners were destroyed, as well as the god's right hand and the inscription tothe right of the figure. It has been devoted to god Hermes, i.e., Mercure, whose depiction is in the front central field.

Hermes is depicted standing upright on two feet, wearing short chlamus and holding kerikeion in his left hand. His right hand has almost completely been damaged by diggers. The considerably damaged engraved inscription in four lines informs that this was a monument devoted to Hermes by the veteran of the Roman army Publius Elius Philip.

The other fields show depictions of ox, turtle and cock. Each of the animals is rendered in separate field in rather crude and clumsy way. We know from mythology that these were favourite attributes of Hermes Although they are not the most frequent ones, we find them rendered on stone votive reliefs.

It is known with certainty that the shrine of Hermes was not at he site of Tumba in the village of MazuCiSta, but in its vicinity in the direction of the cult site Treskavec.

The master that cut this relief must have had scanty knowledge and skill, since all the reliefs are low and executed inexpertly, particularly the figure of Hermes, which overlaps with the lower and upper decorative border of the field.

The inscription informs that the dedication was given by P-E. Philip, veteran of the Roman Army, who was entitled to the citizen's right during the rule of the Elievci family. This alter is, consequently, dated to the 2nd century AD.