Macedoniae acta archaeologica 15 (1999) · стр. 157–182
Вардарски Рид - Гевгелија
Содржина
Со лоцирањето на неколкуте современи објекти во изминативе неколку децениии1 локалитетот2 Вардарски рид трајно изгуби дел од својата северна и јужна периферија.
При една од тие градежни акции беше преземено заштитно археолошко ископување на с/и - периферија на локалитетот. Резултатите од ова ископување ја потврдија констатацијата претходно изнесена во текстот на Археолошката карата на Гевгелија,3 " дека двете возвишенија на Вардарски рид треба да се определат како една населба која би можела да се идентификува со една од античките-македонски населби по Долен Вардар, познати во античките пишани извори, а најмногу од описите на Тукидид при Ситалковиот поход на Македонија.
Земајќи ги предвид резултатите од споменатово заштитно ископување , Викторија Соколовска ги изнесе општите карактеристики на локалитетот како населба сродна со другите антички населби по долината на Вардар, како: Исар - Марвинци, Градиште - Неготино, Градиште - Тремник и Демир Капија.4
Првиот публикуван наод од Вардарски Рид претставува една бронзена лачна фибула, откриена уште на почетокот на овој век, која денес се чува во Археолошкиот музеј во Софија како наод од локалитетот Рита од Гевгелија.5
Овој наод регистрира траги од живот на Вардарски Рид во текот на железното време, а на уште постаро живеење упатува случајно откриениот наод на неолитска камена секира6 (T. 1/ 1).
Покрај наведените случајни наоди во прилог на значењето на населбата секако може да послужи и каталогот на монетите на македонските кралеви од Н. Шелдаров и В. Лилчиќ.7 Регистрираното монетоковање од Пердика II (452-413) до Персеј (179-168) г. пред н.е. и ковањето на Амфиполис, Тесалоника и Пела по 187 г. пред н.е. ги афирмираат местото и улогата на населбата во експанзијата на македонската воена супремација и општоприфатената хеленизирана култура.
Евидентираните движни и недвижни наоди во населбинските културни слоеви секако најмногу му должат на поволниот географски фактор за организирање населба на локлитетот.
Местоположбата на ридот од десната страна на реката Вардар, централната стратегиска локација во однос на рамницата што го опкружува од три страни, благопријатната клима, близината, отвореноста и комуникациите со развиениот југ, секако биле едни од значајните претпоставки за организирање населба во односниве историски периоди.
Површинските остатоци на движниот археолошки материјал и архитектурата, ги евидентираме на двата рида кои се поврзани со благ превој. Анализата на површинскиот керамички материјал покажува остра хронололошка граница помеѓу материјалот од северниот рид, каде што главно се среќаваме со праисториска продукција, за разлика од материјалот на јужното плато, кое е исклучиво со доцнохеленистички белези .
Со реализираните археолошки истражувања на блиските нек-
рополи од железното време - Милци, Сува Река, Парагон8 веќе е дефи-
нирана и валоризирана нивната културна, етничка и хронолошка рамка. Со ова истражување се обидовме да пронајдеме и адекватен показател за или против идентичноста на носителите на културните манифестации на железновременските некрополи со некој од носителите на Вардарски Рид. Пајонскиот карактер на некрополите, географската позиција на локалитетот во историски препознатливата територија на Пајоните спомената кај Полибиј,9 " Страбон,10 “ Херодот"!11 и во литерарните податоци кај Хомер во "Илијада" е несомнено потврдена. Тоа ни дава можност за согледување на континуираниот живот на населбата од праисторијата до доцниотхеленизам, кога и дефинитивно завршува нејзиниот организиран живот.
Имајќи ги предвид дотогаш познатите вредности и резултати добиени од споменатите истражувања, екипа на Народниот музеј од Гевгелија и музеј на Западна Македонија во нов од Кичево"?12 почна со систематско археолошко истражување на југоисточниот дел од локалитетот.
На локалитетот - Вардарски рид, во текот на заштитните археолошки истражувања во 1979 година, при трасирањето на автопатот Е-75 од с. Богородица до с. Мрзенци, на северозападната периферија од локалитетот беа поставени 5 пробни сонди. Надоврзувајќи се на низата, ние поставивме уште три пробни сонди на југоисточниот дел од локалитетот.
Пробна сонда У1
Беше поставена покрај самиот северен раб (Сонда У -1979), со надеж дека откриениот зид, кој се простираше во правец с/ј и беше хронолошки определен како дел од објект од римски период, ќе можеме во целост да го откриеме. За жал, утврдивме дека зидот припаѓа кон темелните партии на објектот кој се шири на север и кој во турскиот период, се користел како болница. Сондата во почетокот беше со димензии (5x5 м), а подоцна, поради неопходните проширувања кон исток и север, доби неправилна форма (План 1).
Од изложениот план може да се забележи дека беа откриени темелни партии на 5идови-остатоци од две градби во две хронолошки фази. Нумерираните зидови VI, УП и IX припаѓаат кон првата, постара фаза, а зидовите од I до У и VIII кон втората. помлада фаза. Начинот на зидање, употербата на истороден материјал (речен камен поврзан со кал - сувоѕид), ширината на ѕидовите од 40 до 45 см, укажуваат дека помеѓу фазите не постои голем временски распон, а тоа го потврди и подвижниот материјал. Двете градби можеме да ги дефинираме како архитек-- ТОНСКИ остатоци од хеленистичкиот период. Аналогна ситуација во опусот на 5идањето, димензионирањето, употребениот материјал, како и во хронолошката детерминација, најдовме во дел од евидентираните архитектонски остатоци на Исар - Марвинци.13 ""
Културниот слој во сондата беше со дебелина од 205 см.
На 40 см длабочина се сретнавме со густо концентриран слој покривни керамиди - тегули и имбрекси (План П), кламфи, клинци, бронзени апликации од клучалници (T. V /1-7). Тие секако и припаѓале на дрвената покривна конструкција, а откриените остатоци од плетер биле фундирани врз откриените камени темелни партии. Овие основни податоци за материјалот, начинот на зидање и димензиите, не доближуваат до можниот изглед на куќа од хеленистичкиот период.
Со слична ситуација се сретнавме на длабочина од 0.80 M, при откривањето на постарата градба. Остатоците од градежна керамика беа во помал број, што е логично ако се земе предвид дека слојот во кој е лоциран имал повеќе упади од помладите градежни интервенции. Покрај точката A на сондата VI евидентиравме траги од подна конструкција што му припаѓала на зид VI, а се состои од мазнета нивелирана набиена земја што содржи примеси на ситен и крупен речен песок. Уште еден редок архитектонски елемент што го врзуваме за постарата градба претставува фрагментирана покривна тегула за разлика од стандардните, оваа во средината има отвор со форма на затворена парабола, чии внатрешни рабови се нагласени и извлечени, со цел да не дозволи атмосферските врнежи директно да навлезат во внатрешноста на куќата. Примарната функција и била да обезбеди доволно проветрување и осветлување на внатрешноста на куќата. Надворешната површина на тегулата е премачкана со заситена кафеаво-црвена боја, која всушност ја намалувала нејзината порозност.
. На северната проширена страна од сондата, откривме магацински простор поврзан со помладиот објект, а во него неколку фундирани дна од питоси.
На јужниот дел од сондата на 205 цм се појави здравица, а на северниот, на 80 сМ, а како последица од природниот клон на земјиштето (План П).
Пробна сонда VII
Всушност се работи за контролен ров со димензија 4x1 м и ориентација и/3, со мал отклон кон север.
Дебелината на културниот слој во сонадата изнесува одвај 40 см како последица од нивелирање и ерозија на теренот. И тука регистриравме карпеста здравица, како во преттходната сонда.
Поради сите наведени фактори, пронајдениот подвижен материјал не можеме да го третираме како откриен во - ин ситу ситуација. Без логички стратиграфски ред, регистрираме фрагменти на скифос со квалитетен црн лак, окерести ихтии, тегови во форма на пирамида и тип астрагал, како и друг доцнохеленистички материјал од домашна и увозна продукција. Нарушениот културен слој не е во можност да ни обезбеди адекватна презентација на културните манифестации поврзани со него.
Единствен наод вреден за внимание е откриената алка, изработена од сребрена жица со кружен пресек (Т. I/2), на чија една страна симетрично се распоредени три гранули. Нејзина поблиска функција, соодветна културна и хронолошка детерминација не забележавме во достапната литература.
Пробна сонда УШ
Како и претходната, има форма на правоаголник со димензии 5x1 м, со ориентација и/3. Интактноста на културниот слој и тука е нарушена со бројни градежни интервенции.
Еден типичен фрагмент на црно фирнирана керамика, (од зачуваниот дел формата не може да се утврди), со орнамент на - "јонска кима" (Т. П/2), претставува фрагмент со најстара датација откриен во сондата. Аналогии на фрагментот најдовме во зачуваните керамички форми од Исар - Марвинци“,14 датирани при крајот на У и почетокот на IV век пред н.е.
Типични средновековни фрагменти на керамика откриени во содржината на оваа и на Сонда УТ, како материјал со најдоцна датација подетално ќе биде опишан во наредното заглавје.
Во северниот дел од сондата откривме дел од 5ид со ориентација с/ј, ширина од 1. 20 м, зидан од делкан камен поврзан со кал - сувозид. 5идот е фундиран и вкопан од западната страна, директно врз карпата. Зачуваната висина на зидот изнесува околу 50 см. Ширината на овој 5ид и употребениот материјал за зидање не одговараат на претходно опишаните и нумерирани зидови, кои припаѓале на станбени објекти, па затоа претпоставуваме дека се работи за зачуван дел од бедем што за првпат се регистрира на локалитетот. Отсуството на осетлив керамички и друг движен материјал, кој би бил секундарно употребен во текот на зидањето на бедемот не ни дозволува попрецизна хронолошка датација за неговото подигање.
Источно од откриениот бедем во неговото подножје на длабочина од 1M, откривме покривни плочи од гробна конструкција. Во внатрешнос-та на гробот евидентиравме само остеолошки материјал расфрлан по целата површина на комората (План III). Археолошки подвижен материјал (прилози) не констатиравме.
Ориентацијата на гробот е 3/и, со димензии 190x60 см. Конструкцијата од јужната, западната и делумно од северната страна беше вкопана во карпата. Бочните страни на конструкцијата беа нивелирани до висината на покривните плочи со зидани кршени камења поврзани со кал. Недостатокот на гробни прилози не ни овозможи соодветно хронолошко и културно вреднување на гробот.
Појавата на неколку фрагменти од средновековна керамика (надвор од гробот), секако дава можност да се претпостави дека се работи за погреб од тоа време.
Меѓутоа во стратиграфскиот пресек на сондите никаде не е издвоен посебен културен слој што би содржел средновековен материјал. Дали на одредени делови од локалитетот треба да се бараат трги од можна средновековна населба или некропол. засега не може да се потврди.
Хронологија и типологија на материјалот
За најстариот страт ум -1 Скелезно и доцноархајско време VII-V век пред н.е.) карактеристично е дека се откриени фрагменти на керамика исклучиво работена на рака и материјал работен на колце, кој припаѓа на мат-боената керамика.
Појавата на фрагмент од куќен лепеж, директно фундиран врз карпестата здравица. укажува на можноста првите и најстари траги од населбинско живеење треба да ги бараме по нејзината површина.
Еден фрагмент на керамика бара посебно одбележување. Се работи за дел од вертикална држалка (која веројатно припаѓала на некаква мешеста шолја), со нагласено пластично ребро во средината и траги на орнамент изведен со радло (Т. 1/3). Директни аналогии со нашиот примерок регистрираме на локалитетите Криви Дол кај с. Радање,15 Орлова Чука кај с. Стар Караорман"“16 датирани во VII век пред н.е. како и идентичната орнаментика кај дел од наодите во Могила - II Куново Чуки кај Оризари,17 '’ датирани во УП-УТ век пред н.е. како и кај повеќе градишта во Кумановско.18
Појавата на орнамент кој е карактеристичен за украсувањето на Централно-Балканската керамика,19 "" засега е осамен регистриран примерок откриен јужно од Брегалничката железнодопска културна група.
Според наведените аналогии и контекстот во кој е откриен нашиот фрагмент, можеме да го сместиме во крајот на УП и почетокот на VI век пред н.е.
Кон истиот стратум припаѓаат и бројни керамички фрагменти на мат-боената керамика. Тие главно се делови од добро познатите форми на бокал со засечена задна страна од вратот, (T. I/4-6) и длабоки шолји со една или две вертикални држалки.
Овие форми најчесто ги среќаваме како униформиран гробен
прилог во гробовите од железновременските некрополи на валандовско-гевглиската културна група.
Фрагментите од мат-боената керамика припаѓаат на садови работени на вител, добро печени и најчесто обоени со три хоризонтални линии околу вратот или стомакот на садот (Т. 1/4, 5). Квалитетот на фактурата и бојата е поизразен на откриените фрагменти од населбата
во однос на регистрираните во некрополите. Земајќи ја предвид различ-
ната намена на садовите, нееднаквиот квалитетот е логичен. Фрагмент од бокал со засечен врат (Т. 1/6), претставува примерок на сиво-боената продукција. Нивната присутност во однос на мат-боената е далеку поскромна. Во одсуство на боените хоризонтални прстени тука се појавуваат хоризонтални снопови пластични ребра. Еден бокал со зачувани траги од мат-боењето при што е употербен орнамнет на синусоидна лента(Т. ПЛ), укажува на доцноархајско обележје во керамиката, која се датира со крајот на VI и почетокот на V век пред н.е. Идентичен примерок на бокал е откриен во гроб 74 од Сува Реха.20
Со најмладите примероци на мат-боената керамика, среќаваме и ретки примероци на импортирана црно-лакирана керамика (Т. П/7), која ја потврдува констатацијата за животот на мат-боената керамика до длабоко во У век пред н.е.
Во овој слој сосем се ретки фрагменти на рачно работена керамика. Таа се одликува со груба фактура, дебели зидови и заситена примеса на кварцен песок. Стилско-уметничките обележја сосем ја дистанцираат од мат-боената.
Наброените карактеристики и изобилие на мат-босената керамика аргуметирано ја потврдува претпоставаката за неоспорните историски, етнички и културни врски помеѓу носителите на овие населбински остатоци со носителите на гевгелиските железновременски некрополи Сува Река, Милци и Парагон.
По овој, релативно уедначен репертоар на керамички садови, регистрираме продукција на садови што упатуваат на грчкиот импорт, домашните имитации на импортираните форми и форми на локална керамика со елементи на постарата керамичка традиција.
Појавата на фрагменти од импортирана црвено-фигурална керамика се совпаѓа со зајакнатите трговско-културни врски со југот и со военото и политичко присуство на Македонците на освоените територии при крајот на V век пред не.21
Импортирана керамика
Констратум - П (класичен период) припаѓа фрагмент со траги од црвено-фигуралното сликарство на кој е зачуван дел од човечка фигура облечена во химатион (Т-ІІ/3). Рафинираниот цртеж упатува на дело на потврден сликар од познатите атички работилници. °K, Ристов, Сува Река - Гевгелија. Масеԁ. acta archaeol. 13, 1992, Скопје, 1993, T. ІІ/6, 7. *| E. Петрова, Пајонските племиња и Пајонското кралство во П и Г милениум пред н.е. Maced acta archacol. 12, 1990-91, Скопје, 1991, Карта III-IV. Малата димензија на фрагментот не ни овозможува да ја препознаеме формата на садот. Најблиски паралели на нашиот примерок откривме меѓу материјалот на Исар - Марвинци“22 во Кв. 1д, кој е датиран во втората половина на У век пред н.е. Такви примероци се во Демир Капија“23 и во Кршевица кај Врање“24 со слична хронолошка детерминација.
Примерок на фрагмент од скифос (Т. ІІ/4), со стилизирана претстава на дел од човечка фигура изработена во црвено-фигурален стил своите аналогии ги наоѓа во примероците откриени на Исар-Марвинци, ДемирКапија“25 и гробницата во Бразда.26 Забележливата стилизација во ликовната претстава се смета за помлада продукција на овој Вид
сликарство и е датирана во средината на IV век пред н.е. Кон овој фонд садови припаѓаат неколкуте примероци на скифоси (Т. П/4, 5), кои по површината имаат траги на кафеаво жолт фирнајс, елегантна крушколика форма со извиен венец и тенка нога. Дналогни на нив се бројните примероци од гробницата во Бразда, датирани во IV век пред н.е. па и подоцна.
Заедно со овие наод среќаваме и фрагменти на локална керамика работена на рака. Главно се работи за масивни садови - грнци со груба фактура и примеси на кварцен песок, слабо печени, со темносива до кафеава боја. Украсувањето е изведено на пластични ленти со отпечатоци на прсти, а потковичестите држалки се најприсатни меѓу откриените форми (Т. ШЛ, 2). Наведената типична керамика од локална продукција присатна е на повеќе локалитети, почнувајќи од север во Скопската Котлина па се на југ до Вардарски Рид: Градиште - Нерези, Исар - Студеничани, Градиште - Кнежје, Стоби, Градиште - Неготино, Исар - Марвинци.27 Демир Капија“28 како и во материјалот од лок. Кршевица кај Врање.29 Датацијата во крајот на У и почетокот на IV век пред н.е. сосем одговара на контекстот во кој се откриени нашите фрагменти. Кон оваа група керамички форми припаѓа еден примерок хитра - сад за огнишна употреба (Т. Ш/3), по чија црна површина се забележливи траги од линеарно мазнење.
Откриениот фонд керамика од т.н. сива продукција во населбински слој што припаѓа на овој стратум, секако го приближува кон регистрираниот материјал на локалитетот Градиште - Неготино“30 и наоѓалиштата на Пелагонија.31
Од зачуваните фрагменти воглавно регистрираме паници со хоризонтален и профилисан венец (Т. ГУЛ-4), на кој доминираат пирамидални или купести израстоци на ободот, мевот или рачките на садот. Овие форми ги задржале во себе постарите керамографски традиции“32 Следниве два фрагмента (Т. ГУ/5-6) на хидрија и длабока паница припаѓаат кон увезените форми.
Предложеното датирање на овие примероци од сива продукција од погоре споменатите локалитети во средината на IV век пред Н.е., е валидна и за опишаните примероци од Вардарски Рид.
3a стратум - Ш (Хеленистичко време IV-II век пред н. е), со најинтензивни остатоци на живеење, карактеристични се двете регистрирани фази на градежните објекти, чија стратиграфија изобилува со хеленистичка керамика. Најразновидниот репертоар на садови: унгвента-риуми, панички со релејефна декорација, т.н. мегарски чаши, ихтии, ламби, амфори, теракоти, тегови и др. - ги потврдуваат интензивните трговски и културни врски со центрите на хеленистичката културна експанзија.
Од керамика работена во West 5Јоре-стил откривме само еден фрагмент на кантарос (Т. VI/1), премачкан со средно квалитетен црн фирнајс со траги на декорација на бршленова лозица нанесена со врежување и бела боја. Идентични примероци датирани во втората половина на Ш век пред не. откриени се на локалитетите Исар - Марвинци,33 Олбија,34 Демир Капија“35 и Едеса.36
Карактеристична рачка на кантарос (Т. VI/2), со премаз од разреден црн фирнајс, има стилизирана волута извлечена на рачката. Најблиски хронолошки и уметнички паралели откривме меѓу материјалот од Олбија, Хераклеја и Чепигово.37 Во Олбија е датиран при крајот на III век пред н.е., а кај локалитетите во Пелагонија подоцна во II - 1 век пред н.е.
Унгвентариумите (Т. VI/3-5), како една од честите хеленистички форми на садови од нашите локалитети, кај нас се застапени со повеќе примероци, меѓу кој издвојуваме три .
Двата примерока (Т. VI/4-5), се изработени од добро пречистена црвенкава глина со крушковидна форма, облик кој е најзастапен во средината на Ш век пред н.е. Третиот примерок (Т. VI/3), со нешто поелегантна што се стреми кон вретенест облик е нешто помлад и се датира кон крајот на Ш и почеток на П век пред н.е. Слични примероци пронајдени се во Олбија“38 (тип-4), Требенишко Kane,39 Хераклеја“40 и Едеса.41
Релјефните калапени чаши (мегарски пехари) ги бележиме низ Целиот хеленистички стратум. Откриените делови се разликуваат по квалитетот на продукцијата во зависност дали потеклото е увозно или локално.
Во Република Македонија се регистрирани на голем број локалитети и тоа: Хераклеја.42 Требенишко Кале, Голем Град - Преспа, Стоби,43 Исар - Марвинци“44 и Демир Капија.45 “Нашите примероци главно можеме да ги припишеме кон атичкиот тип, со надвор извлечен обод. Според застапената декорација, постојат неколку типови вакви чаши.
Чаши со вегетабилна декорација се најприсутни меѓу откриените фрагменти (T. VII/1, 2, 4-8). Листови на лотос, папрат, акантус, палма, винова лозица и др. најчесто се движат од дното кон ободот на садот. Самото дно на садот надворешно е најчесто орнаментирано со медалјон.
Еден примерок (Т. УП/3) е со поинаков репертоар на украсување, на чија површина бележиме претстава на човечка фигура облечена во хитон, а во рацете држи копје. Сцената на оваа "Хомеровска" чаша М. Парович-Пешикан, Некропол Олбвии ..., Сл.77, 79 (1-3), 80 (1-5); Е. Манева, Неколку типови и форми на елинистичката и римска керамика од Хераклеја, Битола, 1979, “8 М. Парович-Пешикан, Некропол ..., Сл. 94-95.
“2 В. Битракова Грозданова, Споменици од хеленистичкиот период во ср Македонија, Скопје, 1987, Т. IV/5.
“а Е. Манева, Неколку типови и ..., Т. VIII/86. ‘| A.U.T. Hellenistic pottery from Macedonia, Thessaloniki, 1991, Edessa, 130 “FE. Манева, Неколку типови и ..., T. I-IV.
* B. Битракова Грозданова, Споменици од хеленистичкиот..., Т. ГХ/4, Т. ХІ/1, 5-7, Т. ХП/ 44 В. Соколовска, Исар-Марвинции ..., T. 25/1-15. Т. 26/1-10, T. 27/1-10.
* Д. ВучковиБ - ТодоровиБ. Античка Демир Капија ..., Сл. 91. вероватно оживува некој момент од бројните сцени на, Илијада. Овој примерок веројатно можеме да и го припишеме на Беотската продукција карактеристична за II век пред н.е., за разлика од претходно опишаните примероци кои се нешто постари и се врзуваат за втората половина на Ш век пред н.е.
Еден реконструиран примерок на ихтија (Т. VIII/1) и неколку фрагменти слични примероци, всушност претставуваат плитка чинија за риба. Изработени се од бледоцрвена до окер пречистена глина. На дното има блага прстенеста база, лентесто извлечен раб нанадвор и кружен вдлабен прстен на внатрешната страна на чинијата. Идентичните примероци од Хераклеја, Голем град - Преспа. Олбија и Eopnaja,46 датирани се во почеток на П век пред н.е. што е прифатлива датација и за нашите примероци. Кон овие наоди хронолошки и културно се врзува и еден примерок на ехинус-паничка (T. VIII/2).
Во овој одбран фонд чинии спаѓа и еден примерок со втисната палмета на дното од чинијата (T. VIII/3). Таа е благо конкавна, со слабо вовлечен венец и прстенесто профилирана база. Слични примероци пронајдени на Исар - Марвинци, Хераклеја и Вергина,47 датирани во пошироки рамки од Ш - I век пред н.е. Нашиот примерок, поради евидентните стратиграфски показатели го датираме во почетокот на П век пред н.е.
Два фрагментирани примерока на лампи (Т. ІХ/1, 2) припаѓаат на "ефескиот" тип. Површината е премачкана со разреден окерест фирнајс со метализиран сјај. Ова се карактеристични примероци за почетокот и средината на II век пред Н.е., кога се датирани ваквите примероци од соседната Демир Капија, Исар - Марвинци.48
Откриениот примерок гутус (Т. [X/3) во фрагментирана состојба е со биконично тело. На него бележиме остатоци од прстенеста нога, цицалка поставена бочно, цилиндрично извлечено грло, најверојатно лентеста вертикална рачка поставена бочно од грлото кон стомакот на садот. Изработен е од сиво печена керамика која по површината зачувала траги од разреден црн фирнајс. Откриените слични примероци во Охрид и наодот од Олбија“ датирани се во првата половина на II век пред н.е. Од теракоти бележиме само два фрагмента. Едниот претставува портрет на жена (Т. X/1) всушност дел од цела теракотна фигура. Прикажано е смирено женско лице со собрана коса во мелонен стил, преку неа претстава на плитко стилизиран венец и слабо нагласени обетки. Овие атрибути и начин на изведба е карактеристичен за средината на ІІТ век пред н.е. кога е датиран и идентичниот примерок од Исар - Мар-
Вториот фрагмент (Т. Х/2) е калап за леење теракоти. ОД зачуваниот дел се препознава предната страна од женска фигура, која била облечена во длабоко наборана драперија. Поблиска идентификација со можната претстава, поради големината на фрагментот, е невозможна. На сонова паралелите од Исар-Марвинци, Граешница - Битола и Дрен - Демир Капија“. можеме слободно да го датираме во почеток на II век пред н.е. Постоењето на овој фрагмент секако укажува можност за постоење локална керамичарска работилница во склопот на населбата.
Од амбалажна керамика издвоивме два фрагмента амфори (Т. X /3, 4) од печена црвеникава глина. Со нагласен задебелен обод можат да и се припишат на тасоската продукција, инаку типична за средината на ГУ век пред н.е. Сличните примероци од Исар - Марвинци и од југоисточната некропола од Верија, само ја потврдуваат предложената датација. Малата по димензии амфора (Т. Х/5) с во рамките на доцнохеленистичката керамика од првата половина на Ил век пред н.е. каде што е сместен и примерокот од Еордаја и Исар-Марвинци.
Специфичен наод во откриениот хеленистички фонд керамика претставува еден каратеристичен сад за вода - декантер (Т. ХІ/1). Неговото присуство во рамките на горе споменативе локалитети во Р. Македонија или недостасува или е сосем ретко.
Оваа форма и се припишува на коринтската керамичка продукција.
Изработен е од пречистена окерасто-жолта глина со примеси на лискун, која е добро печена. Појавата на мат-боената орнаментика на површината од садот типична за познатата железновременската керамика од блиските некрополи, ја доведува во прашање неговата хронолошка и културна определба. Апсолутната идентичност во однос на мат-боењето уште повеќе ги акцентира постарите керамички традиции презентирани врз чисто хеленистичка форма од садот. Оваа прикажана синтеза помеѓу формата и боењето на две различни културно-уметнички епохи, може да се идентификува како свесна намера за зачувување на постарите керамички белези покрај увезените распростанети хеленистички керамички форми.
Ретките формални аналогии на овој сад се откриени подрачјето на Требенишко Кале и во Охрид“ каде што се датирани во IV - Ш век пред н.е., како и во еден примерок откриен во гробницата во карпа на лок. Дибек во с. Суводол - Битола, датиран во втората половина на II век пред н.е.
Најброен наод секако претставуваат откриените над педесетина керамички тегови, остатоци од ткаачките разбои во овој дел од населбата.
Калапените пирамидални тегови изработени од добро пречистена црвеникава глина (Т. ХІ/1), идентичните со примероците од соседниот Исар - Марвинци, датирани се во средината на IV век п. н.е.
Истата временска и културна определба важи и за втората група тегови, од типот т.н. астрагали (Т. ХІ/Ѕ, 6).
Кон групата најдоцнежни тегови припаѓаат оние со неправилна конусна и пирамидална форма, слабо печени, со примеси на лискун и песок, работени на слободна рака или со импровизирани калапи (Т. ХП/ 2-4). Нив ги среќаваме во најмладите слоеви од средината на П век пред н.е.
Последниот Стратум- IV, е од средниот век (XI-XIV), на што упатуваат неколкуте фрагменти типична керамика за тоа време и еден фрагмент на стаклена тордирана белезица.
Фрагментите од керамички садови воглавно припаѓаат кон формата грне за огнишна употреба (Т. ХІ/8). Изработени се од слабо прочистена сиво-темна глина, заситена со примеси на лискун. Присутната брановидна орнаментика ги сместува во постарата словенска керамика од XI - XIV век. Нејзините најблиски аналогии се наоѓаат меѓу средновековниот материјал од некрополата на Исар - Штип.
Фрагментот на тордирана белезица од еднобојна стаклена паста е чест наод на некрполите од средниот век Македонија и Бугарија и се датираат во истите хронолошки рамки XI - XIV век.
Откриениот средновековен материјал на Вардарски Рид претставува втор групен наод, откриен во рамките на градот Гевгелија. Пок- “4 В. Битракова Грозданова, Споменици од хеленистичкиот ..., Т. VIII/4.
“5 Т. Јанакиевски, Три доцнохеленистички гробници во стена од лок. Дибек, с. Суводол - Битола. Maced. acta archaeol. 13, Скопје, 1993, 157/12.
56 3. Шурбаноски, Исар-Марвинци, прилог кон проучувањето на типологијата и хронологијата на хеленистичките тегови во Македонија, Масеԁ acta archaeol 7-8, Скопје, 1987, 71-76.
57 3. Белдедовски. Исар-Штип, Средновековна некропола, Масеԁ. acta archaeol. 3, Прилеп. 1977, 207.
“Е. Манева, Средновековен накит од Македонија, Скопје, 1992, стр. 75-78, Т. 68. рај него документирани се наодите од средновековната некропола на лок. Бела mpc, во самиот центар на градот, кои се датираат во ХП-ХШ век.
Овие истражувања на Вардарски Рид, иако скромни по обем и по откриениот материјал, понудија значајни стратиграфски податоци за овој дел од теренот. Наедно тие претставуваат и дргоцени прилози во оформувањето на сликата за целосен развиток и валоризирање на населбата. Сепак од нив не е можно во целост да се согледаат сите особености и културно-хронолошки карактеристики на живеењето на Вардарски Рид. Само со систематско истражување на поголеми површини, тоа би можело да се постигне и така да се согледаат вистинското место улогата на оваа населба, која очигледно егзистирала низ повеќе различни периоди, а во континуитет. во текот на | милениум пред Н.е., се до потпаѓањето на античка Македонија под римска власт.
T. III 1-3. Фрагменти од раноантичка рачно работена керамика
4
I. VII. Фрагмент на сад со West Slope сликање. 2. Дел од рачка со стилизирана волута на 3-5. Унгвентариуми
Т. VIL 1-8. фрагмети на мегарски чаши
T. XI 1. Декантер; 2-6. Керамички тегови; 7. Фрагменти од грне, XI-XIV век 1994 СОНДА VI СО ПРОШИРУВАЊАТА OCHOBA
ВАРДАРСКИ РИД — ГЕВГЕЛИЈА 1994 СОНДА УІН ОСНОВА НА ГРОБ 1.
Boban Husenovski
Museum of Gevgelija, Gevgelija Gordana Spasovska Dimitrioska Museum of West Macedonia, Kicevo
VARDARSKI RID - GEVGELIJA
- Achievements from the 1994 researches -
Белешки
- Изградбата на мотелот Вардар и автокампот на ј/и дел од локалиетот, поставувањето на мостовите преку реката Вардар и трасирањето на влезноизлезните траси кон и од Р. Грција на автопатот E-75, поставувањето на акрополата споменик на Револуцијата со други придружни амбиентални елементи, како и бројните хортикултурни интервенции во површината на целиот локалитет. ↩
- Ж. Винчиќ. М. Ивановски. Вардарски Рид. Гевгелија - праисториска и античка населба, Археолошки преглед 22, Београд, 1981, 49 - 51. ↩
- Ж. Винчиќ, М. Ивановски, Археолошка карта на со Гевгелија, Скопје, 1986. ↩
- В. Соколовска, Исар - Марвинци и Повардарјето во античко време, Скопје, 1986. 5 Р. Попов, Гробни нахотки от халшатска епоха, сбан 16, София, 1918, 112. ↩
- Камената неолитска секира е откриена до самата јужна ивица на Сонда VI. ↩
- Шелдаров, В. Лилчиќ, Кралевите во античка Македонија и нивните монети во Република Македонија, Скопје. 1994. ↩
- Р. Пашиќ, Археолошки истражувања на локалитетот Сува Река во Гевгелија. Масеԁ. acta archaeol. 3, Прилеп, 1977, 45-57; Исто. Повардарије у старијем гвозденом добу - магистарски рад, Београд, 1981, 26-43; Р. Пашиќ, ХК. Винчиќ, М. Ивановски, Милци, Гевгелија - железнодопска некропола, Археолошки преглед 22, Београд, 1981, 35-37: Р. ↩
- Пашиќ, Ж. Винчиќ, М. Ивановски, 3. Георгиев, Некрополата Милци кај Гевгелија, Културно наследство 10-11, Скопје. 1987, 75-102; К. Ристов, Сува Река - Гевгелија, Maced. acta archaeol. 13, Скопје. 1993, 97-113. ↩
- Pol. 10, 4. ↩
- Strabon, VII, fr. 38-41. ↩
- Herodot, V, 15. ↩
- Археолошкото истражување беше организирано и изведено од 15. VI. до 15. VII. 1994 година од страна на Народниот музеј - Гевгелија: Бобан Хусеновски, кустос-археолог како раководител на истражувањето. Емил Сламков, кустос-археолог, Горѓи Гушев, кустос-документатор и Гордана Спасовска димитриоска. виш-кустос археолог, како стручен соработник од Музеј на Западна Македонија во нов од Кичево. ↩
- В. Соколовска, Исар- Марвинци и .... 59-67. ↩
- Исто, Табла 7, Сл. 4. ↩
- Дол, Зборник на Штипскиот народен музеј I, Штип. 1959. ↩
- Рр. Пашиќ - ХК. Винчиќ, Археолошка ископавања на лок. Орлова Чука код с. Стар ↩
- Караорман, Н.С. књ. XXI, Београд. 1970. ↩
- Д. Митревски, Куново Чуки кај Оризари. Могила II, Масеԁ. acta archaeol. 11, 1987-89, ↩
- Скопје, 1990. ↩
- Б. Ѓеорѓиески. Праисториски градишта во Куманово. Масеԁ. acta archaeol. 13, 1992, ↩
- Скопје, 1993. ↩
- Д. Митервски, Протоисториски заедници во Македонија, Скопје, 1997, 122. ↩
- В. Соколовска, Исар-Марвинци и ..., Т. УП/12. ↩
- Вучковиќ - Тодоровиќ, Античка Демир Капија, Старинар XII. Београд, 1961, Сл. 29a-6. ↩
- И. Микулчиќ. М. Јовановиќ. Хеленистички Oppidum из Кршевице код Врања, ↩
- Врањски гласник. Kw. IV, Врање. 1968, Т. ПЛ. ↩
- В. Соколовска. Исар-Марвинци и ..., 78, T-7/2, 6: Вучковин - Тодоровиќ. Античка ↩
- Демир Капија ..., Сл. 50a. ѓе Г. Микулчиќ, Кантароси и скифоси од Гробницата во Бразда, Масеԁ acta archaeol. 11, ↩
- -89, Скопје, 1990, Т. 11/86-30. ↩
- B. Соколовска, Исар-Марвинци и .., 35-50; В. Соколовска, Раноантичка рачно работена крамика од Македонија, Масеԁ acta archaeol. 12, Скопје. 1991, T. IV, V. 28 В. Соколовска, Раноантичка рачно... Т. IV, V. ↩
- Микулчин - М. Јовановиќ. Хеленистички Oppidum из Кршевице код Врања, ↩
- Врањски гласник, Kr. ГУ, Врање, 1968. 30 B. Соколовска, Исар-Марвинци и .... Сл. 15. ↩
- Mikluléié, Pelagonija и svetlosti arheoloskih nalaza, Skopje-Beograd, 1966, 53, 76. “ В. Соколовска, Раноантичка сива керамика во Македонија, Масеԁ acta archaeol. 13, ↩
- Скопје, 1993, 141-147. ↩
- B. Соколовска. Исар-Марвинци и ..., T-22. ↩
- Парович-Пешикан, Некропол Олбии еллинистического времени, Киев, 1974, ↩
- Сл.77. ↩
- Вучковиќ - Тодоровив. Античка Демир Капија. Старинар XII, Београд, 1961, Сл. 88, 36 AULT. Hellenistic pottery from Macedonia, Thessaloniki, 1991, Edessa, 129. “8 Е. Манева, Неколку7 типови на ..., Т. V/50, 51, 53-55, 58-59, 63-67; В. Битракова Грозданова, Споменици од хеленистичкиот ..., T. XV/2: M. Парович - Пешикан, Некропол ..., ↩
- /10; A.U.T. Hellenistic pottery ..., 157. ↩
- В. Соколовска, Исар-Марвинци и .... T. 24/1-9; Е. Манева, Неколку2 типови на ..., T. IX ↩
- /46; A.U.T. hellenistic pottery ..., 61. ↩
- Byukosnh - Togoposuh, Античка Демир Капија ..., Сл. 83-85; В. Соколовска, Исар-Марвинци и ..., Т. 31/6, 7, 9-11. ↩
- му. Bitrakova Grozdanova, Les caracteristiques de la ceramique hellenistique dela region d’Ohrid et ԁе Prespa, ПРАКТКА, 1989, AQHNA, 34; М. Парович-Пешикан, Некропол ..., ↩
- /1. 50 В. Соколовска, Исар-Марвинци и ..., Т. 33/7-8. ↩
- Исто: Исар-Марвинци .... Т. 19/1-4, Т. 33/1, 2, 5; В. Битракова-Грозданова, Споменици од хеленистичкиот ..., 1987, Т. ГХ/1, 3. ↩
- В. Соколовска, Исар-Марвинци..., T. 30/2, 15; A.U.T. Hellenistic ..., 90. ↩
- A.U.T. Hellenistic ..., 154; В. Соколовска, Исар-Марвинци и ..., T. 18/5. “К. Ристов - Б. Хусеновски, Средновековна некропола Бела Пре во Гевгелија, ↩
- Културно наследство 19-20-21, Скопје, 1996, 37-52. ↩
Summary
Vardarski Rid - Gevgelija
The archaeological researches at the site of Vardarski Rid in 1994 marked the beginning of systematic archaeological excavations of the remains of the ancient settlemant recorded within it. The documented movable archaeological finds point to the following conclusions:
There is no doubt that the oldest traces of organized life in this site should be saught early in the prehistory. The sole fact of the discovered Neolithic stone axe near trench VI confirms the conslusion that the lower chronological border of life in the settlement is in the Neolithic. The data obtained from stratigraphic analysis of trenches lead to a conclusion that in those sections of the site there was continuity of life in the settlement from the 7th to the mid-2nd century BC. Numerous fragments of matt-painted pottery in the oldest occupation lawer confirm with confidence the assumption concerning the close ethnic, historical and cultural links between the residents of this settlement with the carriers of the Iron Age necropoles Suva Reka, Milci and Paragon near Gevgelija.
The recorded imported pottery indicates strong trading and cultural relations with the advanced south in the course of a longer span from the end of the Sth to the 2nd century BC. The abundance of locally produced pottery influenced either by the imported examples or by the earlier local tradition points to existence of significant pottery workshop in this part of the settlement. Architectural traces of two structures show the spatial and material expansion of the population of this settlement throughout the Hellenistic Period. The sudden cease of life in the settlement occurred in the second half of the 2nd century BC, which could have been related to subordination of Macedonia to Roman rule in 168, that is, to its achieving a status of province within the Roman Empire inl148 C. The discovered fragments of medieval pottery and yewellery from the 11th-14th centuries indicate cultural existence at the site in this period, as well. The territorial borders, as well as the historical, cultural, ethnic and commercial importance of the settlement situated at Vardarski Rid and the role it played in the prehistory and ancient times are some of the major problems to solved in further systematic researches.