Macedoniae acta archaeologica 15 (1999) · стр. 135–156

Нови наоди од Исар - Марвинци

Содржина
  1. (Пл. 1; цртеж 1)
  2. Драги Митревски - Страхил Темов
  3. Dragi Mitrevski

Исарот во с. Марвинци кај Валандово е еден од најперманентно истражуваните арехеолошки локалитети во Република Македонија во последниве дваесетина години. По првите информации за наоди од овој локалитет, откриени уште во времето на Првата светска војна и по одделните археолошки интервенции во 50-тите и 60-тите години, од 1977 година на овој локалитет Археолошкиот музеј (денес Музеј на Македонија) - Скопје, изведува археолошки ископувања кои, со определени паузи, се уште траат. Меѓутоа, и покрај бројните наоди (најголемиот дел веќе публикувани или изложени во Музејот на Македонија.1 Скопје), се уште се отворени бројни прашања во врска со вреднувањето на овој комплексен археолошки локалитет и исклучителен споменик на античката култура во Македонија. Така на пример. се уште не се сосем јасни хронолошките и територијалните рамки на локалитетот, не постојат задоволителни одговори за етапите во неговиот културен развиток, како ни доволно податоци за белезите и карактерот на населбинското живеење или за поцелосно вреднување на некрополите.

Во меѓувреме Исар - Марвинци, поточно неговата Јужна некропола, претрпе големи оштетувања од нестручни (диви) копања. така што се наложи потребата од итна и што € можно по сеопфатна акција за нејзино истражување. Во оваа смисла. во 1997 година беше организирана истражувачка кампања чија цел беше во секој поглед да се определи просторот на Јужната некропола. Пред се. се работеше за утврдување на нејзините хронолошки и просторни граници, како и собирање што повеќе податоци за археолошките потенцијали. како во неиспитаните делови така и во деловите што беа изложени на т.н. "диви копања".

За реализирање на вака поставените задачи, се наметна потреба од претходни геофизички испитувања на поширокиот простор. Така, десетина дена пред почетокот на ископувањето, експерти од Траколошкиот институт во Софија, со методите на електрична и магнетна резистентенција, го испитаа целиот простор предвиден за испитување. Нивните резултати во голема мера ја појаснија сликата за археолошките потенцијали на Јужната некропола и ги насочија испитувањата кон одделни археолошки најекспонирани партии.2 ?

Предмет на овој труд се резултатите од испитувањата во Сонда I (План 1), што претставува само еден од секторите испитувани во 1997 година".3

ПЛАН 1

Сектор Г2 / кв. 44-45-46, основа на Сонда 1 - 1997

на ниво на гробови

Илустрација, стр. 136

Сондата 1-1997 се простира во правец j3/си, со димензии 10x3 M, и влегува во генералниот план на локалитетот, во Сегментот Г2, поточно во квадратите 44, 45 и 46 (План 1). Поставена е во непосредна близина - во продолжение (кон запад) на испитуваниот простор во 1994 година.4

На овој терен беа откриени вкупно 5 гробови од "класичната" некропола и населбински остатоци од железното време. По многу неш-Та, резултатите од испитувањата во Сонда I-1997 се издвојуваат како посебен прилог кон вреднувањето на локалитетот Исар - Марвинци.

ПЛАН 2

Сектор Г2 / кв. 44-45-46, Сонда I, 1997

Пресек А-А! во основа на План 1

кафеава земјасо " кршен камен чу
кафеава земјасо " кршен камен чу
Формула

СТ) светложолта глинеста земја

црна мрсна земја

Новооткриените гробови ја носат нумерацијата по редот на откривање во рамките на општиот тек на истражувањето на Јужната некропола, така што се јавуваат меѓусебно неповрзани, почнувајќи од бројот 190. Гроб 190

Илустрација, стр. 138

(План 1; T. I-1-4)

Конструкција: Правоаголно-елипсовидна јама со димензии 160х60х30 см. Плитко вкопана во слој кафеава земја помешана со ситен камен.

Начин на погребување: Во јамата извршено било скелетно погребување. Покојникот, на возраст 30 - 35 години, бил положен на грб во испружена положба, со рацете положени на карлицата, во правец с/ј.

Скелетни наоди: Скелетот делумно зачуван.

Гробни прилози: Во десната рака пронајдена е бронзена монета, Филип П (859-336). Аверс: Аполон со тенија на главата, свртен налево // [ΦΙΛΠΠΟΥ]. Реверс: коњаник надесно, долу молња. Тежина: 6,87 гр. (ЅИД Сор. 617) (T.

Илустрација, стр. 138
Илустрација, стр. 138

ГРОБ 206

(Пл. 1; цртеж 1)

(. 0 Конструкција: Правоаголно-елипсовид- 1 C на јама со димензии 125х60х 30 см. Плитко 1” + вкопана во слој кафеава земја помешана со ќ 4 ситен камен.

Hawi на погребување: Во јамата било | \ извршено скелетно погребување. Покојни- \ кот-дете на возраст 3-4 години, бил положен | ), на грб, во правец c3/jn.

Скелетни наоди: Скелетот слабо зачуци ван.

оци за Гробни прилози: Од прилози, пронајдени се 7 ашици во пределот на карлицата — (цртеж 1).

Гроб 211

Илустрација, стр. 139

(Пл. 1; T. 1; Сл. 1, Сл. а-ж)

Конструкција: Правоаголно-елипсовидна јама со димензии 125х55х20 см. Вкопана низ слој на кафеава земја помешана со ситни камења во слојот, на светло жолта компактна земја.

Начин на погребување: Во јамата било извршено скелетно погребување. Покојникот-дете, на возраст 3-4 години. бил положен на грб. во правец с/ј.

Скелетни наоди: Скелетот слабо сочуван.

Гробни прилози: Како прилози, беа пронајдени: бронзена монета во 5 устата (многу оштетена), во пределот "ЕИ на вратот две обетки со чунеста форма и мали задебелувања на средината (Т. ІІ-1; Сл. б), две монисса во форма на минијатурни амфори од прозирна Сл.1

Илустрација, стр. 140

стаклена паста (T. П.2, 3,

Сл. ж)“;5 две бронзени белегзии со краишта во форма на змиски глави што се преклопуваат, откриени на надлактиците (T. П-6, 7; Сл. a, б): две мониста од стаклена паста, изработени од модросина паста, откриени во пределот на стомакот (T. П-4, 5; Сл. д-
Сл. ж)“;5 две бронзени белегзии со краишта во форма на змиски глави што се преклопуваат, откриени на надлактиците (T. П-6, 7; Сл. a, б): две мониста од стаклена паста, изработени од модросина паста, откриени во пределот на стомакот (T. П-4, 5; Сл. д-Ѓ); апликација од коска со издлабен лик на Горгона, (Т. П-10). Две бронзени прстенчиња со елипсовидна зарамнета глава (Т. П- 8: Сл. г), другото со преклопени краишта (Т. П-9; Сл. е). Покрај овие. беа пронајдени и неколку ашици и керамичен сад од типот Jleкит-Арибалос со мрежест орнамент (Т. Џ-11). Има истакнато полусферично тело со цилиндричен врат и проширен отвор, ниска прстенеста нога и една држалка што почнува од вратот, а завршува на рамото. Обоен со црн фирнајс, а телото и ногата се оставени со бојата на глината од која е направен. Телото е прекриено со мрежест орнамент што се сос-TOW ОД долги коси линии (од црн фирнајс), кои се пресекуваат и образуваат ромбоиди. Сл. д-Ѓ); апликација од коска со издлабен лик на Горгона, (Т. П-10). Две бронзени прстенчиња со елипсовидна зарамнета глава (Т. П- 8: Сл. г), другото со преклопени краишта (Т. П-9; Сл. е). Покрај овие. беа пронајдени и неколку ашици и керамичен сад од типот Jleкит-Арибалос со мрежест орнамент (Т. Џ-11). Има истакнато полусферично тело со цилиндричен врат и проширен отвор, ниска прстенеста нога и една држалка што почнува од вратот, а завршува на рамото. Обоен со црн фирнајс, а телото и ногата се оставени со бојата на глината од која е направен. Телото е прекриено со мрежест орнамент што се сос-TOW ОД долги коси линии (од црн фирнајс), кои се пресекуваат и образуваат ромбоиди.

Гроб 216

( План 1; T. III, Ша, Шб и Шв)

Конструкција: Правоаголно-елипсовидна јама со димензии 170х55х 35 см. Вкопана низ слој кафеава земја помешана со ситен камен, во слојот црна мрсна земја.

Начин на погребување: Во јамата било извршено скелетно погребување. Покојникот бил машко лице на возраст 45-50 години, положен на грб во испружена положба, во правец с/ј.

Скелетни наоди: Скелетот делумно зачуван.

Гробни прилози: Во устата бронзена монета на Филип П (359-336). На аверсот претстава на глава на Херакле. налево // [ΦΙΛΙ[ΠΠΟΥ] а на реверсот молња. Тежина: 1.65 гр. (ЅИД Сор. 621). (T. Ша-2, 2a) Околу карлицата беа најдени три керамички садови. Првиот - ојнохое, има слабо нагласена. кружна, профилирана нога, топчест мев, широк врат, тролистен отвор и вертикална држалка. Целата ваза е премачкана со посен црн

Илустрација, стр. 142
Илустрација, стр. 143

Драги Митревски - Страхил Темов

фирнајс без посебен сјај. (Т. Ша-1, Т. Шв-3). Вториот - голем керамички сад, е изработен од жолтеникава глина, работен на колце. Има топчест облик со широк отвор. рамно дно и две релативно мали лентести држалки, вертикално поставени на рамото. Нема траги од боење. (Т. Ша-4.).7 Третиот - сад со кантаровидна форма на телото, но само со една вертикална држалка, изработен од бледожолтеникава глина. со широко профилирано дно, широк мев што преоѓа во цилиндричен врат и завршува со широк отвор. На вратот има траги од боење. (Т. Ша-5; T. Шв-4)." Помеѓу фемурите беше најден сад Стаменос-Пиксида, во црвенофигурален. Садот

Илустрација, стр. 144

T. Ils

Илустрација, стр. 145

има кружна нагласена нога, висок мев, рамно раме со кус врати кружен отвор. Две полукружни, една под друга хоризонтално поставени, држалки на рамото. Вазата е изработена од жолтоцрвеникава глина, премачкана со посебен црн фирнајс, освен партиите со женски ликови на кои со тенки линии и точки од црн фирнајс се интервенирало во пределот на нивните фризури. Сликарството на пиксидата е поделено во три фриза, од кои најгорниот - со дебелина од неколку сантиметри - е декориран со црни долгнавести форми од црн фирнајс во бели полиња. Централниот фриз зазема најголем дел од вазата и на него се претставени два женски лика во профил свртени еден кон друг. Тие се со блага насмевка и карактеристично собрана коса во КОК, додека помеѓу8 нив се претставени големи палмети со по една волута од секоја страна. (T. Ша-3: T. Шб; Шв-1, 2).9

“ Jb. Тодоровиќ, Античка грчка збирка, Београд, 1994. Гроб 224

Илустрација, стр. 146

(План 1; T. IV)

Конструкција: Правоаголна јама со димензии 190х80х60 cm. Вкопана од слој кафеава земја, низ слој светложолта компактна земја во слој црна-мрсна земја.

Начин на погребување: Покојникот бил жена на возраст 40 - 45 години, положен на грб во правец 3/H.

Скелетни наоди: Скелетот делумно зачуван.

Гробни наоди: Прилози нема. Вдолж јужната страна од јамата беа најдени девет железни клинци наредени во линија со широка глава и димензии од 4,5 до 15 см, најверојатно остатоци од погребниот сандак (Т. ГУ-3).

Врз основа најмногу на откриените монети и импортираните садови. кои се најверојатно Олинтски производ или од некоја друга северноегејска работилница, датирањето на гробовите се движи во текот на втората половина на IV век

ГРОБ 224

пред н.е.

Илустрација, стр. 146

Стратиграфијата на просторот на Сонда I - 1997 покажува постоење на два различни културни стратума изразени преку слоевите, под површинскиот - хумусен слој (План 2).

Илустрација, стр. 146
Формула

Слојот веднаш под хумусот претставува кафеава растресита земја помешана со ситен кршен камен. Од културни остатоци, во него се откриени ретки, ситни фрагменти садова керамика. главно од раноантичко-предримско време. Во зависнот од конфигурацијата на теренот, овој слој ги покрива подеднакво постарите слоеви под него. Вкопувањето на опишаните гробови било изведено од овој слој, со пробивање низ подолните-постари слоеви.

Следниот слој претставува компактна светложолта глинеста земја, без културни остатоци (План 2). Овој слој нееднакво се простира вдолж сондата, наместа достига дебелина 20-30 см. а наместа наполно се губи. Некои од гробовите го имаат во целост пробиено (Т. Ши T. IV-1). Врз основа на структурата и диспозицијата на овој слој, лесно може да се констатира дека всушност се работи за слој формиран од разлеан плитар - паднати зидни платна од непечени тули. Наместа можеа јасно да се воочат парчиња од одделни тули.

Најдолниот слој, до кој се стигна со истражувањата во Сондата I- 1997, претставува темна до црна, помрсна земја со бројни културни остатоци, главно ф-нти керамика и ситни парчиња животински коски (Сл. 2) На таблите од ITV до Vie претставен избор на покарактеристичните археолошки наоди од овој слој. Доминантна е рачно изработената, главно кујнска керамика и други придружни манифестации (керамични макари, животински коски).

Илустрација, стр. 147

Содржината и структура- | та на овој слој укажуваат

на поврзаноста со претходниот слој од разлеан плитар, како единствени, ви населбински остатоци од Сл. 2 Слојот темна земја со железнодопски наоди железното време (Сл. 3).

Лимитираноста на истражуваниот простор не дозволи да биде во целост откриена градба од оваа населба. Тоа што беше опфатено со Сонда 1-1997 претставува само мали делови од објект - евентуална куќа градена од плитар. кој бил фундиран на темел од редени камења во еден ред (План 1) и дел од инвентарот во куќата, поточно во слојот на тем-Меѓу наодите доминантни се следниве форми керамика: бокали со засечен врат со тордирани или коленести држалки (Т. VI-1, 2), длабоки чинии со вовлечен венец. грниња и кантаровидни шолји со врежана декорација на висечки триаголници врз рамото или плитки канелури по телото и вратот (Т. VIII), како и парчиња изразито груба огнишна керамика од садови (Pyraunoi) или други длабоки лонци украсени со пластични ленти (Т. V). Сите овие форми претставуваат вообичаени наоди на повардарската населбинска керамографија на железното време. Тие се најдобро познати преку наодите од УП-та населба на Кастанас, како една од ретките и секоко најдобро документирана населба од железното време во Долно Повардарје.10

На територијата на Р. Македонија кадешто не се испитувани населби од железното време, ретки се наодите на населбинска керамика. Така, оваа керамика ја познаваме главно преку ретките и не сосем извесни случајни - површинските наоди на одредени повекеслојни наоѓалишта и најмногу преку наодите од железновременските некрополи,11 и тоа главно од посеверните некрополи. 8

Во Долно Повардарје, во тоа време, била развиена вистинска индустрија за производство на окер печена и лентесто боена керамика моделирана на грнчарско колце, која првенствено била употребувана во погребни цели а многу поретко во населбинска употреба. само неколку ситни и аморфни парчиња на ваква окер керамика беа откриени во железновременскиот слој од Сонда I-1997. Овие фрагменти, иако не се доволни да се извлечат нивните формални карактеристики сепак ја документираат поврзаноста на оваа локација со новооткриената некропола во Лисичин Дол, која се наоѓа на 400 м југоисточно И каде што ваквата керамика донинира во форма Ниво на вкопување на гробовите (Гроб 224) на вообичаените гробни

Илустрација, стр. 148

во железнодопската архитектура Садови.

Илустрација, стр. 149
Илустрација, стр. 150
Илустрација, стр. 151

Од друга страна, во досега истражените гробови на Лисичин Дол, во неколку случаи, најверојатно во недостиг на стандардната окер - керамика на колце, се јавуваат приложени неколку садови работени на рака. Според сите карактеристики, тие одговарат на нашата керамика откриена во железновременскиот слој во Сонда 1-1997.

ТАБЛА УП
ТАБЛА УП

Врз основа на сето ова, можеме лесно да заклучиме дека во железновременскиот слој во Сонда 1-1997 всушност ги имаме остатоците од еден мал дел на железновременската населба Исар - Марвинци, чии гробови се наоѓаат на локацијата "Лисичин Дол". Во текот на VII и VI век пред H. е, покрај платото на Исарот" оваа населба го зафаќала и првите јужни и југоисточни падини, поточно - била раширена на просторот на подоцнежната античка Јужна некропола. Нејзини остатоците се откривани за време на долгогодишните иследувања на Јужната некропола. За жал, на бројните фрагменти железновре-МНСКа керамика не им било посветувано доволно внимание, не била до-

Илустрација, стр. 152
Илустрација, стр. 152

кументирана на задоволителен начин ниту12 вертикалната, ниту хоризонталната стратиграфија на истпитуваниот простор. Така, вреднувањето на овој комплексен локалитет било скратено за податоците за железното време или за периодот кога на овој простор се живеело, се чини, најинтензивно и во најширок обем.

Карта 1
Карта 1
Илустрација, стр. 153

По истражувањата во 1997 година, веќе можеме да кажеме нешто повеќе за основните стапи во просторниот развиток на локалитетот Исар - Марвинци (Карта 1).

Во текот на железното време, поточно во периодот на процутот на т. н. Долновардарска или Гевгелиска група (VII-VI век пред н. е.), на Исарот (на самото плато и на јужните и југоисточни падини) била расположена голема населба, една од долновардарско-пајонските центри на железното време. Основната некропола од оваа населба се наоѓалала на околу 400 м југоисточно, на локацијата Лисичин Дол, иако постојат и други месности околу Исарот каде што се откривани гробови од железното време.

Во доцноархајското или ранокласично време, во периодот што кореспондира со бурните историски настани врзани за персиската инвазија и востановувањето македонска администрација по Долен Вардар, населбата на Исар - Марвинци, очигледно го доживеала крајот на својот дотогашен мирен железновременски развиток. Со тоа, наедно, бил трасиран и новиот пат на сега историскиот развиток како античка населба.

Овој период на премин е најслабо испитаната етапа во развитокот на Исар - Марвинци, со најмалку постојни наоди. Сепак, со испитувањата во 1997 година. на дел од "римската" некропола, во источниот сектор на Јужната некропола беа откриени, надвор од некој археолошки контекст, две сребрени монети на Александар 1 (Сл. 4). Првата монета, лесен тетрабол (476/5-460 пред. н.е.), (Сл. 4-а) на аверсот има претстава на коњ. налево //. На реверсот е глава со шлем и прејаница надесно во вдлабнат квадрат. Тежина: 2,04 гр.14 (SNG Сор. 487 "со коњ надесно";15 BMCG 159,8). Вторта монета, (Сл. 4-б) е исти тип но со претстава надесно. Сребро, тежина 1,88 гр. (ЅИД Сор. 486)

Тие засега се најдобра потврда за активноста на овој простор и во осетливите времиња од првата половина на У век пред н. е.

Населението, по овој период, дефинитивно се повлекло во нова, помала и утврдена населба, ограничена само на највисокото плато на Исарот.16 Своите мртви ги погребувале на првите јужни падини, веднаш под платото, со што просторот на некогашната железновременска населба,17 веќе бил определен како Јужна некропола на новата раноантичка населба. Со постепениот растеж на оваа населба растела и некрополата во правец од самото подножје на Исарот кон југ и коритото на Вардар. Така, во текот на втората половина на IV век пред н. е, во веќе заборавениот простор на некогашната железновременска населба биле вкопани опишаните гробови од Сонда 1-1997.

Во текот на следните векови, населбата била раширена низ целото исарско плато и на првите тераси северно од платото.18 На спротивните - јужни падини се продолжило со погребување, така што веќе биле зафатени и најниските партии на јужната некропола, која досегала до околу 200-300 м јужно од самата населба.

Во римско време, највисокото плато на Исарот најверојатно не било зафатено со градби, меѓутоа, населбата се ширела на крајните северни тераси околу т.н. Исар П и во природното седло на југоисточното подножје. Притоа, за погребување се користеле, како определени нови површини, главно кон југоисток, така и стариот - раноантички сепулкрален простор на источниот дел од Јужната некропола.19

Илустрација, стр. 155
Илустрација, стр. 155

Dragi Mitrevski

Strahil Temov Museum of Macedonia, Skopje

NEW FINDS FROM ISAR - MARVINCI

- 1997 rsearches, Trench | -

Белешки

  1. В. Соколовска. Исар - Марвинци и Повардарието во античко време. Сл. 46-a, 67,Скопје. 1986; Раноантичка сива керамика во Македонија. Масеԁ. acta archaeol. 13, Скопје, 1992; Исар - Марвинци, Археолошки ископувања во 1977 и 1978, Зборник X - XI, Скопје. 1983. Водич низ археолошката поставка, Скопје, 1992, 52. ↩
  2. С. Темов, Геофизички мерења на Исар - Марвинци, Македонско наследство бр. 6, Скопје. 1998, 81-82. ↩
  3. Во истата кампања се работеше и на секторот во источните делови од Јужната некропола (резултатите не се публикувани), како и на југоисток од Јужната некропола, во месноста Лисичин Дол. што е предмет на трудот на 3. Видевски во истиот овој број на Maced. acta archaeol. ↩
  4. Г. Микулчиќ, Марвинци 94 - Некропола, Масеԁ. acta archaeol. 14.Скопје, 1996, 67. ↩
  5. P. Popović. Les preles de verre en forme de vase ou d'ampfore entre la mer Adriatique et le Danube, Starinar XLVII, Beograd, 1997. ↩
  6. В. Соловска, Исар - Марвинци .., ↩
  7. М. Лазаров, Антична рисувана керамика в България, Български художник, София, 1990, ната мрена земја. ↩
  8. A.Hochstetter, Kastanas - Die handgemachte keramik, PAS Band 3-Tafeln, Berlin, 1984, Taf. 153 - 220. ↩
  9. B. Vaci¢, Geveliska grupa starijeg gvozdenog doba, PJZ, Sarajevo. 1987: 3. Георгиев. Басараби стилот во Македонија, Масеԁ. acta archaeol. 13, Скопје. 1992; Д. Митревски. Протоисториски заедници во Македонија, Скопје, 1997, 279-319. ↩
  10. Види 3. Видески во овој број на Масеԁ. acta archaeol. ↩
  11. Соколовска,Исар - Марвинци и Повардарието... 67, Сл. 46 -a. населба од римско време некропола од класично4 време ↩
  12. населба од железно време некропола2 од римско време населба од класично време некропола од хеленистичко врема ↩
  13. ‘THE Roual Collection of coins und medals, Danish National Museum, volume two, nu. 485. ↩
  14. H. Gebler, Die antiken munzen von Makedonija und Paionia, Berlin, 1935, Taf. XXXI. © ↩
  15. В. Соколовска. Исар - Марвинци и Повардарието .... 60, Сл. 27. ↩
  16. Ibid., 70 - 75. ↩
  17. Ibid., 59 - 61. ↩
  18. Ibid., 110 - 118. ↩

Summary

New Finds from Isar - Marvinci

Researches carried out at the South Necropolis in sections 44/45/46 in 1997 brought about new observations in favour of the already confirmed thesis that the town at "Isar” played an important role in the Antiquity.

Excavations carried out so far have enabled us to designate approximately the time when burial practice was altered from cremation to inhumation. It was assumed to have happened at the close of the 4th and the turn of the 3rd century BC. Analyis of the archaeological material from graves 190, 206, 244, 211 and 216 allow shifting the chronological border backwards in the last decades of the 4th century BC. A time when the process of consolidation of Philip II's reign was accomplished. It was a relatively stable period when trading connections with the Aegeus resulted in a discovery in Grave 21b of luxurious pottery from some Olynthian workshop as was the one of Snatamnos - a pyxis painted in red-figured style.

In addition to researches in sections 44/45/46, the discovery of two silver coins of Alexander I as chance finds also deserves mentioning, since they have provided the oldest evidence found at the site of Isar-Marvinci.