Macedoniae acta archaeologica 15 (1999) · стр. 9–14
Пештера во Матка
Самиот наслов на овој прилог е редуциран на два збора кои, на одреден начин, претставуваат метафора на оваа прологема за досега непознатиот палеолит во Скопско. На крајот од септември и во текот на октомври 1997 година, спелеолошкото друштво Пеони од Скопје го организира уредувањето на кањонот Матка како спортско-рекреативен реон, при што, меѓу другото, се преземени шумско-градежни зафати за уредување на пристапните патеки и влезовите во двете пештери што се наоѓаат на 5 км угорно од браната, на десниот брег од езерото Матка (р 41° 49°; 2 21? 16"). Овие активности се преземени поради исклучителните пештерски украси, атрактивни за туристичка презентација.
На покана од спелеолошкото друштво Пеони како претставник на Музејот на град Скопје учествувавме во уредувањето на влезот во Михаилова Пештера. Како што веќе се истакна, таа се наоѓа на околу 200 м од нивото на езерото, на стрмни, речиси вертикални, едвај пристапни карпи. Овие карпи го сочинуваат Ивански Осој. а кој е завршно плато на североисточниот гребен од некогаш ледничката планина Караџица.
Влезот во оваа сложена пештера лежи во подножјето на вертикална, 15 м висока карпа. Ориентирана е кон север - насока која ја задржува во должина од 5 м, а понатаму стрмно се издига на височина од 4 М каде се разгранува во повеќе канали и ходници. Првобитната височина на влезот изнесуваше едвај | м, а широчината 4.8 м, додека сводот се извисуваше од 4 до 12 м. Во предворието на пештерата, на сводот, се забележуваат помали сталактити, додека подлабоко во салите тие зачестуваат (од минијатурни до гигантски сталактити). Притоа, на подот се наоѓаат непроодни стебла од сталагмити. На страничните зидови од внатрешните сали се наоѓаат впечатливи драперии и блескави слапови. Масивот во кои е создадена пештерата, од геолошки аспект, претставува исечок од единствена морфолошка целина создадена од доломити и варовници од мезозојско-младоалпската генеза. Скалестите слоеви на овие доломитно-варовни структури се превлечени преку могу постари метаморфни мермери. Преку тектонските поместувања е формиран планарен карст кој што го означува денешниот орографски релјеф на овој простор. Додека во длабочината се создадени големи раседи, како што е раседот во кој е вдлабен канјонот на р. Треска, или пукнатини и дробини во варовните масици кои биле предиспозиција за. - со помош на механичкото и хемиското дејство на подземните води од атмосферско потекло и мраз -, да се формира нашата пештера.1 Моделирањето на оваа пештера е започнато во далечната терциерна епоха,а трае и ден денес.
Сега ќе ја разгледаме пештерата од археолошки аспект. На самиот влез беа преземени зафати за негово проширување, при што е симнат слој од триесетина сантиметри. Неговата структура ја сочинуваат хумус. чакал и крупен камен, исклучително многу пепел и понекое парче јаглен како и многу рецентни животински коски, главно од коза. Присобрани се триесетина фрагменти на рецентна керамика, главно со зелена глеѓ, како и една рачка и дно од грне. за кои поради типолошката неосетливост не е можно хронолошки и културно да се детерминираат. така што нивната доцноантичка провениенција или панаѓурски артикл од 19 век имаат подеднаков третман.
Понатаму, со цел да се согледа другата стратиграфија на влезот во пештерата, отворена е пробна сонда со димензии 1.бх2.5 M, во насока и-3 во источната половина од пештерата (T. I). Сондата е ископана до длабочина од 1.5 м. На тоа ниво се наоѓа основната карпа.
Изгледот на профилот на сондата е ваков (T. II):
Стратум A): горе веќе опишан.
Стратум Б): темна земја со сиви слоеви, со многу чакал, без наоди.
Стратум В): крупен кородиран камен, жолтеникава иловица. Слојот е археолошки стерилен.
Стратум Г): жолтеникава иловица измешана со поситен кородиран камен и окерест гранулат, многу животински коски измешани во состав од жолтеникава до темно окереста глинаста земја наталожена на основните карпи. Профили og сондачја Бо Михајлова деш Шера во Машка (1997t.)
Источен профил M=1:20
Пештера во Матка
acta Maced. Со сигурност може да се претпостави дека падот на карпата од југ кон север, оди уште најмалку 3 м, така што презентираниот профил е само една третина од можната стратиграфска слика за влезот во пештерата. Но и таквата скратена верзија на овој профил дава можност за првично коментирање: наодите од Стратум A: се многубројни коски од домашна коза и керамика од 17 до 19 век. Некои фрагменти упатуваат кон доцноантичка провиниенција. Наодите покажуваат дека оваа пештера била користена од страна на козари во сезонските периоди низ неколкуве последни векови. Стратум Б: не се регистрирани никакви наоди, а натслојувањата од прашинеста сива земја зборуваат за еолски наноси карактеристични за пребореал и бореал"2 Стратум B: со крупен камен изгравиран со глацијација, со наслаги од дриаска иловица. но без конкретни археолошки наоди. Страт ум Г:е со издробен кородиран камен, измешан со окераст гранулат и излепен со окереста глина во која се вградени многубројни животински коски.3
Во оваа прилика ќе апострофираме две коски од пештерска мечка (Ursus speleus), т.е. фрагмент од фемур и зглобно јаболко, чијашто фрактура не е случјна туку е намерна. Имено, коските се искршени од страна на човек поради вадење на коскената срж. На овој начин откриваме дека палеолитскиот ловец ја посетувал оваа4 пештера (Сл. 1).
Врз основа на горе изнесе ново, можеме да констатираме дека постојат јасни индикации за присуството на палеолитскиот човек во Скопскиот регион и дека понатамошните истражувања на оваа пештера, и не само на оваа5. ќе ги надополнат нашите сознанија за овој проблем и ќе го исполнат палеолитскиот хијатус на овие простори. Miloš Bilbija Museum of the city Skopje
THE MATKA CAVE
Белешки
- Ја користам оваа прилика за да им се заблагодарам на господата геолози Стево Ракиќ и Гуте Младеновски. кои ги консултирав при геолошките анализи на Михаилова пештера. “ M. Malez: Paleolitsko doba и Makedoniji, во: Praistorija jugoslavenskih zemalja I, ↩
- Paleolitsko i mezolitsko doba, Sarajevo, 1979, 407-414. ↩
- Целокупниот остеолошки материјал собран од овие истражувања е предаден во ↩
- Природно-научниот музеј во Скопје поради натамошна стручна обработка. ↩
- Во регионот на канјонот Матка и реката Треска се регистрирани над 10 пештери. ↩
Summary
The Matka Cave
In this supplement we refer to the Paleolithic age in Skopje district.
Basic data are given on the geographical location and geological foundation or the Mihail Cave in Matka - Skopje district.
Stratographic picture of the pilot probe, as well as a review on the collected archeological and osteplogic findings are also exposed here.It is worth pointing out the characteristics of the layer (g) where, among other things, carnivorous animal fossil bones have been registered representing a part of the Paleolithic fauna in Skopje district.
A partcular accent is put on a femur of ursus spe/eus that has been deliberately broken, so that the bone marrow could be extracted.
This data is the first knowledge about the presence of the Paleolithic human being in Skopje district.
Превод на англиски Негослава Гласновиќ