Macedoniae acta archaeologica 14 (1995) · стр. 113–122
Стоби 1992 - тркалезна пластика
Содржина
голем простор од Западната некропола на Стоби, при што беше откриен голем комплекс на доцноантички станбен сектор надвор од зидиштата на градот. Истовремено е работено на расчистување и заштита на дел од јужниот бедем, каде што лежеа големи наслаги разурнат градежен камен. На двата пункта се најдени неколку парчиња, односно делови од камена тркалезна пластика, која заслужува да и се посвети посебен труд.
1. ГЛАВА НА МЛАДА ЖЕНА
Најдена во урнатините на јужниот бедем. Mus. бр. C-92-6. Зачувана височина 15 см. Оштетени се истурените делови на лицето - двете веѓи, носот, устата и брадата. Другите делови наполно зачувани. Изработена од бел ситнозрнест доломитски мермер (Сл. 1, 2).
Ликот прикажува млада жена со овално лице. На високото чело се надоврзува носот во иста линија. Издолжените очи без зеници, незначително повдлабнато всадени на внатрешните агли, се врамени со благо нагласени очни капаци. Ниско поставените веѓи ја следат лачната линија на очите. Усните се стиснати, при што долната значително поиспакната. Брадата е овално обликувана. Косата е исчешлана на патец и моделирана во ситни прамења со додатни врежувања, што треба да создадат илузија на влакна. Врз челото е обликувана триаголно со нагласени лимби, со цел од страните, во линија на слепоочниците, да биде помасивно издадена, при што ушите остануваат видливи. На темето се гледа панделка која потоа се губи под косата собрана на тилот во ниско поставен кок. Задниот дел на косата е нешто понебрежно обработен. Главата е слабо наклонета надесно.
2. ГЛАВА НА МЛАДА ЖЕНА
Најдена на исто место, како и претходната. Инв. бр. С-92-8. Зачувана височина 15,7 см. Оштетени веѓите, носот, усната и брадата. Изработена од ист мермер (Сл. 3). :
Описот на оваа глава е идентичен со оној на претходната. Разликата с само во тоа што на темето има јазол - кробилос (сега значително оштетен) и што нејзината положба е скоро фронтална.
3. ГЛАВА НА МЛАДА ЖЕНА
Најдена наедно со претходните две глави. Инв. 6p. C-92-9. Зачувана височина 15 см. Мошне оштетени сите истурени делови на лицето. Изработена од ист доломитски мермер (Сл. 4). Главата е незначително свртена налево. Идентична на претходните две.1
Веднаш паѓа в очи дека сите три глави се изработени од еден ист уметник и во исто време. Тоа го потврдуваат истата големина, фризурата и третманот на косата, начинот и моделирањето на деталите од лицето. Пос- . тојните разлики се резултат на оштетувањата, кои создаваат илузија на разни физиономии, па дури и полови.
Ваквата несекојдневна појава, пред се, го наметнува прашањето - што претставуваат овие глави? Се разбира, значајно би било и установувањето на времето кога се изработени.
Ликовите на млади жени без особени портретни особености, како по некое правило, секогаш се идентификуваат со божици. Кај нашите глави е најмаркантна фризурата, која навистина навестува дека се работи за женски божества. Класичната грчка уметност, која во прикажувањето на женската убавина достигнала совршенство, често го користи овој начин на чешлање. Иако строга во својата основна концепција, таа на жената и дава посебна сензуалност. Кон овој тип припаѓа фризурата на Книдска Афродита и на бројни адаптации од хеленистичкото време кои како образец го користеле знаменитото дело на Праксител. Но не само Афродита. Божици како Apremuga, Музите и други се прикажувани со ваква фризура.2 И Атена од Еубулид, со која нашите глави имаат сродности, € исчешлана на овој начин. Па и прочуената Мидоска Венера има ваква фризура. Овој начин на чешлање бил општо прифатен во античкиот свет, така што многу често го среќаваме Кај фигурите на млади девојки во игра изведени во теракота, прикази од жанрот на хеленистичкото време.3
И во римско време со ваква фризура се прикажувани божиците, меѓу кои Афродита најчесто. Таква е статуата на Венера со Марс и Купидон од Вила Боргезе.4 И кај познатиот, мошне често копиран тип на Венера Генетрикс, ваква фризура е најчесто применувана.5 Притоа, покрај кокот на тилот, често се среќава и кробилос. Таков е случајот со копијата на Афродита од Сиракуза.6 Но, и Дијана носи мошне често ваква фризура. Како добра илустрација би можеле да се посочат статуата на божицата од Оксфорд"7 и статуетата од Ватиканскиот музеј, каде што божицата на темето ја има врзано косата во голем јазол.8 Па и Аполон, како божество со женски особини, е често прикажуван со кробилос.
Сите наши три глави се идентични. Разликата е само во положбата на главата. Токму овој момент не наведува на помисла дека можеби треба да сметаме на една композиција што ги претставувала трите грации, односно харити - Еуфросина, Аглаја и Галија. Една мошне добро зачувана римска копија на групата Харити од Кирена може добро да послужи како аналогија.9 Положбата на нивните глави во значителна мера одговара на нашите. Едната е свртена налево, другата надесно, третата има скоро фронтална положба. Едната има кробилос, другата кок на врвот од темето, третата низок кок (Сл. 5). Во овој момент, вакво решение ни се чини мошне прифатливо, дотолку повеќе
Најдобар преглед на божици со ваква фризура кај M. Bieber, Sculpture of the Hellenistic Age, New York 1967, Figs.: Глава од кое, Fig. 3, две глави во Париз, Fig. 92,293; што нашите глави не оддаваат ликови на божицата на убавината, туку напротив - содржат извесна меланхолија, која не е карактеристична за Афродита.
Но, на ваквата идентификација се спротивставува околноста што задната страна на главите е значително понегрижливо изработена, особено во пределот на кокот, а кај трите харити композицијата е замислена тие да бидат гледани од задната страна. Се чини дека трите статуи на кои им припаѓале овие глави биле замислени да бидат гледани од предната страна, појава често среќавана во римската провинциска уметност, а композицијата на трите харити е замислена тие да бидат набљудувани од задната страна. Во тој случај, треба да се свртиме кон друга можност и во овие глави да гледаме портрети на млади девојки. Оваа идеја произлегува од обликот на фризурата моделирана врз челото. Во грчката уметност фризура обликувана врз челото во вид на полукружни лимби нема да сретнеме. Овој детаљ се јавува на портретите од Јулио-клавдиевската династија и, како мода диктирана од центарот, распространета е во сите римски провинции. Со ваква фризура се прикажувани портрети на Ливија, Антонија, Агрипина и на многу други безимени римски дами.
Можеби нашите глави исто така претставувале портрети на млади девојки, сериски произведувани, со намена да послужат како надгробни споменици. На ваква можност не И се спротивставува околноста што тие не содржат посебни портеретни особености. Познато е дека женските портрети на македонскиот простор, особено во раноцарскиот период, не се одликуваат со особени индивидуални физиономии, туку претставуваат анонимни ликови, чија припадност кон портретите може често да биде доведена под сомневање. Сакаме да обрнеме внимание на околноста што сите три глави се најдени во урнатините на јужниот бедем, во кој биле своевремено взидани, а во неговото непосредно соседство се протега Западната некропола. Во времето кога се покажала потребата од подигање на бедем, како градежен материјал е употребено се што им дошло на градителите под рака. Ова секако не е доказ дека се тоа надгробни статуи, но на овој момент треба сепак да се смета.
Односниве глави се работени во духот на грчката класична уметност. Како да претставуваат далечно ехо на главата интерпретирана како Аријадна, најдена во театарот на Дионис во Атина, чија копија од римско време се наоѓа во Берлин, а му се припишува на Скопас.10 Извесни сличности се забележуваат и со главата на Хигија од храмот на Атена Алеја во Тегеја, која пак му се припишува на Скопас.11 Меѓутоа, уметникот што ги изработил нашите глави од Стоби како да црпел инспирации од ликот на ‘© АТиНСКИОТ оригинал kaj 5. Karouzou, op. си. 165, No. 182, Pl. 53.
Tpa. No. 3062, Pl. 54. Атена од Еубулид, со која се совпаѓа во стилот и обликувањето на деталите од лицето, а донекаде и целокупниот израз.
Изнесениве особености навестуваат на I век, кога би можеле да ги датираме.
Најдена на Западната некропола. Инв. бр. С-92-1. Зачувана висина 122 см! > Мермер зрнест, доломитски
Фрагментот претставува горен дел од статуета на жена облечена во хитон, чии брчки складно ги следат облините на градите, при што е формиран У - израз. Над хитонот е наметка префрлена преку левото рамо. Задната страна с сосем сувопарно моделирана.
ДЕЛ ОД СТАТУЕТА НА
СРАМЕЖЛИВА ВЕНЕРА
Откриена на Западната нек-
ое Инв. бр. C-92-2. Висина 15.2.
Зачуван е дел од торзото на гола Венера, на долниот дел е обвиткана со химатион. Припаѓа кон типот Афродита Анадиомена, чиј прототип се врзува за Праксителовиот круг и често копиран во хеленистичко 4 римско време како неисцрпна тема на срамежлива Венера.
ДЕЛ ОД СТАТУЕТА НА АСКЛЕПИЈ
Најден во доцноантички објект на Западната некропола. Инв. бр. С-92-10. Зачувана височина 21,5 см Всушност, зачувано е торзото од коренот на вратот до над стопалото. Недостига десната Wena. Од змијата се зачувани траги прилепени за бедрото на Асклепиј. Мермер бел, ситнозрнест, калцитски, скоро прозирен. Статуетата е гладена до висок сјај со мазна мека површина. Задната страна е обликувана нешто поедноставно, но гладењето е исто како на предната (Сл. 8, 9).
Асклепиј стои на левата нога, со десната значително истурена напред и свиткана во коленото. Градите и десното рамо се голи. Богот е прикажан во химатион обвиткан околу телото и префрлен преку левото рамо, оставајќи ги десното рамо и градите голи. Брчките на облеката се линеарно третирани, длабоки и остри, по рабовите заоблени. Во поглед на техниката, ова е мошне убаво изведена работа, но во извесна смисла сувопарна. Според стилот и обработката, може да се датира во средината на П век.
Статуетата припаѓа кон типот Neugebauer, за кој се смета дека ro има својот прототип во статуетата на Асклепиј, изработена од Алкаменес. Бројни копии на Асклепиј од истиов тип се откриени во медитеранските зем- 'S Craryerata с објавена од 7. Јанакиевски, Ибид, Каталог бр. 378, со фотографија. ји. Од Стоби потекнува уште една статуета на Асклепиј откриена во палатата на Полихармос, според стилоти изведбата датирана кон крајот на Ил и почетокот на III век. Примерокот откриен во 1992 година можеме да го сметаме за нешто постар. Според квалитетот на мермерот, се чини дека се работи за импорт.
СТАТУА НА АПОЛОН КИТАРОДОС
Најдена на Западната некропола на длабочина од 1.70 м. Mus. бр. С-92-14. Зачувана висина 80 ем.
Статуата е мошне оштетена. Зачувани се торзото и левата нога до под коленото, а од десната нога - само почетокот на бедрото. Од десната рака е зачуван дел под рамото. Главата сосем недостига (Сл. 10, 11). Мошне интересна комбинација на атрибути: китара (со горниот дел откршена) на која Аполон се потпира со левата рака. Густ џбун од ловорови гранки и лисја соединети во маса што истовремено служи како потпирач на статуата, по која се искачува голем питон.
Голото тело на Аполон е убаво моделирано со нагласена мускулатура, на задната страна незначително послабо третирано. Од неговата долга коса се зачувани свиткани прамења што паѓаат напред врз рамениците. Според стилот на изведбата, статуава можеме да ја датираме на крајот на II век. Претставата на Аполон со китара во тркалезна пластика е исклучително ретка појава кај нас, па дотолку е позначајно неговото откривање во Стоби. Атрибутите што го следат - китара што му ја има подарено неговиот татко Зевс, и питонот кој Аполон го убива, со што станува господар на Делфиското светилиште - го навестуваат неговиот пророчки карактер.
Тркалезната пластика. откриена во 1992 година, уште еднаш го потврдува Стоби како голем вајарски центар во Повардарјето, каде што работеле локални мајстори и ги користеле домашните мермери. Бројни статуи и статуети се изработувани за потребите на дародавците. Покрај култот на Афродита, Артемида, Асклепциј и други божества, сега знаеме дека и Аполон е почитуван во својството на пророк.
VIKTORIJA SOKOLOVSKA - Skopje SUMMARY
Белешки
- Сите три глави се објавени од Е. Пейрова во каталогот од изложбата Municipium Stobensium. Западна некропола 1992, Скопје 1994, под бр. 372 со фотографии. ↩
- Karouzou, National Archaeological Museum, Collection of Sculpture, Athens 1968, Pl. 54. M. Bieber, 1967, Fig. 551. ↩
- Bieber, Ancient Copies, New York 1977, Fig. 106. ↩
- Ibid. Fig. 127-129. ↩
- Ibid. Fig. 236, 237. ↩
- Ibid. Fig. 256, 257. [bid. Fig. 260. ↩
- M. Bieber, 1967, Fig. 669. - 13 Е. Петрова, ор. cit. бр.375, без фотографија. ↩
- ња, бр. 374, без фотографија. "5 3a типовите на Асклепиј кај В. Соколовска, Античка скулптура во ср Македонија. Скопје 1987, 199. : ↩
- ШЕТА 183, Табла 70, Сл. 4-6. ↩
- Статуата е објавена од Д. Здравковски и М. Шурбаноска во Municipium Stobensium, Каталог, бр. 373, без фотографија. ↩
- За култот на Аполон кај Пајоните во предримско време, кај: Е. Петрова, Култовите и симболизмот кај пајонските племиња, компарирани со илирските и тракиските, Масеԁ. acta archaeol. 13, Скопје 1993, 129 и натаму. ↩
Summary
Stobi 1992 - Sculptures
The excavations carried out at the West Necropolis in Stobi in 1992 revealed several pieces of marble sculpture.
In the ruins of the West Rampart, three heads (Figs. 1-5) were discovered representing presumably the group of Three Graces, Eufrosine, Aglaia and Talia. The style of the execution points to the Ist century AD.
The parts of a statue of woman (Fig. 6) and a part of the statue of shy Venus (Fig. 7) belong to the Roman Times, as well as the statuette of Asclepius (Figs. 8 and 9) of the Neugebauer type, the prototype of which is ascribed to Alcomenes. An interesting discovery is the statue of Apolon Kitarodos (Figs. 10 and 11), whose attributes designate him as a prophet.