Macedoniae acta archaeologica 14 (1995) · стр. 91–112

Римски гробови од Западната некропола во Стоби

Содржина
  1. КЕРАМИКА
  2. СВЕТИЛКИ
  3. ТЕРАКОТНИ ПРЕТСТАВИ
  4. НАКИТ
  5. СТАКЛЕНИ САДОВИ

Во рамките на заштитните археолошки истражувања на западното предградие на Стоби, во 1992, во предметниов простор се откриени 444 гробови. Овде се презентираат најосновните научни информации добиени со анализата на гробовите и на подвижните наоди. Во рамките на истражувањата на севкупниот зафатен простор од некрополата, во оваа кампања се откриени и истражени вкупно 444 гробови.

Во 1994 година, во Музејот на Македонија беше организирана голема изложба со најрепрезентативните археолошки наоди откриени на целиот простор и, во ТНе рамки, дел од наодите од нашите истражувања на просторот SLY, 12"2 Вкупната истражена површина во двата блока изнесува 200 мѓ , a најголемата длабочина на гробовите - 3,80 м. На ова место се презентирани 45 скелетни и кремирани гробови. Некои гробови се обична јама. некои се зидани со малтер и тегули, други со тегули на две води, цисти, покриени со големи плочи или со нафрлан камен. Неколку гробови се со долиум (гроб 883 и др.).Хронолошкото детерминирање на презентираните гробови се по пат на компаративни истражувања на гробните наоди, какои податоците од монетите - оние што можат да се употребат заради лошата зачуваност.

Гроб 596. - коритеста јама изградена од камења во источниот и тегули во западниот дел. Ориентација с-ј. Јамата е запечатена со интензивна кремација. извршена in situ, за што зборуваат големите јагленисани гранки и слојот пепел под нив со мали остеолошки остатоци. Гробните прилочи се наоѓаат главно во северниот дел: керамичка чаша, тип ола, од кафеава земја, инв. К-92-131, датирана во П-Ш век; чаша со една држалка изработена од светлокафеава земја со неуедначен премаз, висок извиен венец и со прстенесто дно, датирана во П-Ш век, инв. K-92-130; мало сатче, инв. K-92-131; грне, инв. K-92-133; железен стригилис, инв. РН-92-192, доста кородиран; бронзена монета; стаклено сатче, инв. СТ-92-8.; една целосно зачувана светилка од фина сива земја со издолжена форма и долг клун. На дискот има релјефна претстава на трагична маска. Држалката е канелирана и продупчена, дно рамно. Датирана во II-III век (Сл. 1, 2).

Сл. 1 Сл. 2
Сл. 1 Сл. 2
Сл.
Сл.

Гроб 616. - Тип циста, граден од тегули врзани со малтер. Гробот е добро иззидан и малтерисан on внатрешната страна. Бил покриен со тегули од кои се најдени фрагменти. Покривот бил уништен со изградбата на сидот од еден објект во доцноримскиот период. Од изградбата во гробот има паднато доста градежен материјал. а под него

Cn. 4

се кремирани остатоци на покојникот, кои се слабо зачувани. Димензии: 0,25 x 0,56 x 0,58 м, ориентација с-ј. Наоди: 2 стаклени мониста, инв. СТ-92-74-75: една бронзена обетка, инв. РН-92-96; бронзена игла, инв. РН-92-187; коскена свирка, инв. РН-92-106; една бронзена монета и керамички сад, инв. К-92-90 (Сл. 3). Садот е изработен од сива земја, венецот е хоризонтално зарамнет и извиен со благо нагласена устинка, широк врат. Телото е со топчеста форма, украсено со плитки канелури, една мала вертикална држалка, подигнато дно. Датиран е.во I век. Друг поинтересен наод е коскен амулет, инв. РН-92-223, со цилиндрична форма и продупчен во горниот дел (Сл. 4).

Гроб 608. - Тип на две води врз кој е изградена правоаголна камена конструкција со димензии: 1,80 x 0,50 x 0,32 м. Ориентација и-з. Гробот е вкопан во жолта набиена земја, малку нагорен од кремацијата која е ставена секундарно. Покојникот бил кремиран во дрвен сандак, од кој се најдени железни клинци. На покојникот му биле ставени повеќе гробни прилози: бронзени обетки, инв. РН-92-79; две коскени игли, инв. РН. 92-81, 82; бронзена монета, инв. M-92-232; две керамички паници, инв. К-92- 92,93 (Сл. 22, 5). Првата е изработена од бледоцрвена земја со потемен премаз. Телото се стеснува во долниот дел, широк отвор, венецот е профилиран, вдлабнато дно. Другата паница е исто така изработена од црвена земја премачкана со потемен премаз, траги од горење. Телото е топчесто, хоризонтално зарамнет и Н3ВНСН венец, дно рамно. Неколку керамички унгвентариуми со топчесто тело т. н. "булбус" со широк врат и извиен венец (Сл. 6). Како позна-

Илустрација, стр. 93
Илустрација, стр. 93

чаен наод ќе ја споменеме светилката, инв. Л-92-60. Изработена е од црвена земја и премачкана со потемен премаз. Форма тркалез-На, со кус клун. Дискот с благо вдлабнат и украсен со релјефна прстстава на був и растителни орнаменти. На рамото оволо орнамент, а на клунот има волути и крст. На дното натпис УТОВЛОУ ZEKOYNAOY. Светилката упатува : Гроб 619. - Гробот е плитка јама, покриена со камења и фрагменти од тегули. Димензии: 1,60 x 0,58. м Гробот е скелетен, покојникот е положен на грб, дислоциран. Гробни прилози нема.

Сл. 7 левата рака. Со левата рака ја придржува наметката која
Сл. 7 левата рака. Со левата рака ја придржува наметката која

Гроб 615. - Тип циста, граден од тегули врзани со малтер во осум реда. Над главата и нозете зидот е од камен. Скелетот е најден на длабочина од 1,15 м a погребувањето е секундарно и без прилози. Примарното погребување било уништено. Зачувани се остатоци од кремација. Во гробот е најдена теракота на божицата Афродита, инв. ТФ-92-14. Изработена е од црвена земја. Божицата с претставена гола, а на главата носи дијадема. Десната нога ќе подигната и ја придржува со паѓа на амфора. Датирана во I век. Светилка, инв. Л-92-58, изработена од црвена земја со потемен премаз, тркалезна форма, со кус клун. Дно рамно. Гробот се датира во I век. Помладиот гроб сосема го има уништено постариот, од кој при симнувањето на тегулите се најдени уште четири теракоти на Афродита, и тоа на две од нив, инв. ТФ-92-63,63, е прикажана како се мие, на третиот примерок, инв. ТФ-92-65, е претставена во игра, а на четвртиот, инв. ТФ-92-66, таа е гола со префрлена наметка. Сите теракоти се датирани во I век (Сл. 7). _ = а и

Гроб 621. - Тип тегули на две води, исполнет со земја секундарно : - навлезена поради искршените тули. Слојот гареж од кремирањето е тенок со слабо зачувани остеолошки остатоци. Димензии: 1,10 x 0,35 м, ориентација с-ј. Од гробни прилози најбројни се теракотите, вкупно 9, со претстави на божества. Три примероци на Леда, изработени од сива земја. На една од нив, инв. ТФ-92-9 е прикажана Леда седната на лебед. Со десната рака се потпира на опашката, а со левата го држи лебедот околу врат. Облечена е

Илустрација, стр. 95
Илустрација, стр. 95

Гроб 621

92-7, божицата седи на па-ун. Со десната рака ја придржува наметката, а со левата се потпира на вратот. На третиот примерок, инв. ТФ-92-8, Леда е претста-вена исправена, гола. Со левата рака го држи лебедот на телото. Десната нога и е свиткана во коленото, а од левата страна е амфора.

Илустрација, стр. 95

Два идентични примешани рока на Кибела, инв. ТФ-92- 4,12, од сива земја. Божицата е претставена фронтално, седната на масивен престол. Главата И с благо наведната. Со десната рака ја придржува наметката на градите, а левата И е спуштена на колената. Два примерока на Афродита Анадиомена, инв. ТФ-92-105, изработени од сива земја. Божицата е претставена гола, со дијадема на главата, благо наведната и свртена на десно. Десната нога И е свиткана во коленото, а со десната рака се потпира на столпче, со левата ја придржува наметката, а до неа стои делфин. Еден примерок на Телесфор со дете, инв. ТФ-92-6, од темносива земја. Прикажан е фронтално, покриен со наметка со ќулавка. Со десната рака го придржува детето кое е покриено со наметка. Еден примерок на Ерос, инв. T®-92-13, од сива земја. Претставен е гол, свртен полулево. Со левата рака ја придржува наметката. Сите се датирани во I век. Во гробот е најден и пар златни обетки, инв. РН-92-93,94. Алката е од тенка жица со спирално навиткани краишта. На мал тордиран висулец с закачено монисто (Сл. 8). Датирани во I век. Мал керамички предмет во форма на фалус, инв. РН-92-92; фрагменти од стаклени лакримариуми; железни клинци; монисто од стакло.

Гроб 611. - Зачувани се два скелета, еден возрасен и еден детски. Гробот с со димензии: 1 x 0,95 м, дриентиција на возрасниот скелет е с-ј, а на : : ; детето од неговата источна страна ј-с. Скелетите се добро зачувани. Биле покриени со камена плоча од зелен песочник, со димензии: 1,85 x 0, 85 x 0,18 м. Под плочата, врз скелетите е нафрлан шут од камења и тегули, така што гробната јама тешко се дефинира. Гробни прилози: две бронзени монети, инв. М-92-171, 336; бронзен стригилис: керамичен унгвентариум, инв. К-92-129, со крушковидна форма и долг врат. Две светилки, инв. ЈІ-92-34, 62. Првата е изработена од сива земја со сјаен премаз. Дискот с со кружна форма, благо вдлабнат и украсен со релјефна еротска претстава. Рамото е украса-НО со плетенка, од двете страни има брадавици. Кус клун. Дното е рамно со натпис: AKEPZOY, датирана е во П-Ш век. Најверојатно е импорт.

Илустрација, стр. 96
Илустрација, стр. 96

Гроб 639. - Скелетен гроб со димензии: 1,70 х 0.68. м Ориентација сз-ји. Скелетот е добро зачуван. Од гробните при-Гроб 597 лози се зачувани: две бронзени монети, инв. М-92- 268,276; бронзена тока, инв. РН-92-104; две бронзени крстести фибули, инв. РН-92-102,103.

Илустрација, стр. 97

Гроб 597. - Скелетен. Гробната јама е покриена со искршени тегули, а врз нив платформа од камења, долга 2 м. Гробот е вкопан во постар гроб со кремиран покојник, кој е слабо зачуван. Кај нозете имаше мала керамичка чаша и две фрагментирани сатчиња, а на платформата две бронзени монети. Садот е целосно зачуван, инв. К-92-88, изработен од жолтеникава земја со темен премаз, биконусно тело, едноставен венец, една вертикална држалка. Дно рамно, малку подигнато. Датиран во П век (Сл. 9).

Гроб 61/4. - Камена циста, градена од камења врзани со малтер, покриена со монолитна плоча од зелен песочник. Во гробот секундарно се ставени кремираните остатоци од покојникот и гробните прилози. Димензии: 1,50 х 0,60 х 0,60 м. Прилози: два целосно зачувани бронзени стригила и еден железен (фрагментиран), инв. РН-92-161, 182, 192: светилка, инв. Л-92- 73, од сива земја, тркалезна форма со два клупа, диск одвоен со плетенка помеѓу две канелури. Во средината има претстава на орел со полураширени крилја. На рамото оволо орнамент, кругови и розети. Дното рамно, поделено на сегменти со крукчиња. Датирана во П век. Скоро идентичен примерок е најден на Источната некропола во Скупи. Три примероци керамички унгвентариуми, инв. K-92-123,133,155, со топчесто тело, извиен венец и рамно дно. Датирани во П век. Една плитка паница, инв. K-92-285, од бледокафеава земја, премачкана со потемен премаз во горниот дел. Едноставен вовлечен венец, рамно дно. Датирана во II век. Една златна обетка, инв. РН -92-207, изработена од тенка жица со испреплетени краишта. На три места има врежани линии. Датирана во П-Ш век. Интересен наод е комплетот составен од бронзена мастилница со цилиндрична форма, инв. РН-92-162, железен стилос, инв. РН-92 -189, и бронзен печат, инв. РН-92-163. Идентична мастилница е најдена во гроб 698 од истата некропола. Датиран во П-Ш век (Сл. 10). Едно сиво грне со две држалки и натпис со бели букви, 13 ашици, железни клинци, остатоци од семки, шишарки. Остатоците

Илустрација, стр. 97

од кремацијата, прилозите и гробната конструкција се подигнати врз два скелета, еден возрасен и еден детски. Скелетот од возрасниот покојник е со ориентација с-ј, а детскиот е поставен обратно.

Сл.11
Сл.11

Гроб 707. - Граден од тегули на две води, оштетен. Димензии: 1.10 х 0,50 х 0,38 м. Кремираните остатоци се ставени во плитка јама, фланкирана со неколку тули. Од гробните прилози е зачувана една светилка, инв. ЈІ-92-81. Таа е со кружна форма и кус клун. Дискот е вдлабнат со релјефна претстава на маска. На рамото оволо орнамент. Држалката е продупчена и канелирана. Дно рамно со нечитлив натпис. Датирана во Џ-Ш век.

Гроб 625.- Двоен скелетен гроб. Западниот гроб е од тип тегули на две води, од кои левата недостига. Двата гроба се со ориентација ји-сз. Главите им се доближени. Од гробни прилози се најдени

еден прстен, инв. РН-92-147, и една бронзена монета, инв.

Гроб 609. - Од типот тегули на две води. Димензии 1 х 040 м. Ориентација js-си. Во гарежот се најдени железни клинци од кои два поголеми, инв. РН-92-221, фрагментирано сатче, инв. К-92-174, изработено од светлокафеава земја со темносив премаз, неуедначено нанесен. Топчесто тело, во горниот дел се стеснува. Едноставен, благо закосен венец. Две вертикални држалки, рамно дно, малку подигнато. Датиран во Ш век (Сл. 11). Гроб 623. - Граден од тегули на две води, фланкирани со камења. На јужниот дел е долиум направен of имбрекси. Димензии: 1,40 х 0,80 х 0,55 м. Во длабока јама се ставени кремираните остатоци од покојникот и гробните прилози: две керамички светилки, инв. ЈІ-92- 71,72, две коскени игли за шиење, една украсна игла, инв. РН-92-209, железна алка со игла, пиксида, инв. К-92- 270, чиниче, инв. К-92-264, брон- Сл. 12 зена монета, инв. M-92-398, фрагменти од различни садови, железни клинци, фрагменти од бронзени садови. Најзначајни наоди се светилките. Првата, инв. ЈІ-92-72, е изработена од црвена земја и премачкана со потемен премаз. Со кружна форма и кус клун. Дискот е благо вдлабнат со претстава на лав. Дното е рамно, со печат про.ЈОУ. Датирана во II век. Втората светилка, инв. ЈІ-92-71, е со кружна форма и кус клун. На рамото има плитки канелури, дно рамно. Датирана во хеленистичкиот период, како и наодите од керамика и бронза (Сл. 12). Ова најверојатно се должи на големата длабочина на гробната јама. Помладиот гроб сигурно бил вкопан во постариот од хеленистичко време.

Илустрација, стр. 99

Гроб 766. - Изграден е од тегули на две води, доста оштетен. Димензии: 0,85 х 0,57 м. Во плитка јама се ставени кремираните остатоци и гробните прилози: светилка, инв. Л-92-88, бронзена монета, инв. М-92-638, коскена игла, инв. РН-92-213, плочка од керамика, инв. РН-92-202. Светилката е изработена од кафеава земја, тркалезна форма со кус зарамнет клун. Дискот е вдлабнат со релјефна претстава на школка. Датирана во П-Ш Вех.

Гроб 767. - Од тип тегули на две води, покусите страни се затворени со камени плочи. Една тегула е поставена хоризонтално врз гробната јама. ОД северната страна е ставен вертикален тубулус, како долиум. Под овој гроб се наоѓа друг гроб со инхумиран покојник со ориентација с-ј. Гробни прилози: керамичка чаша, инв. K-92-266, грне, инв. K-92-267, железни клинци, инв. РН-92-226, и светилка, инв. Л-92-89. Светилката е изработена од кафеава земја со црвен премаз. Дискот е вдлабнат во средината, со нејасна претстава. Широк клун. Држалката е продупчена и канелирана. Дно рамно и одвоено од телото со канелури. Датирана во Ш век.

Гро 6 801. - Изграден од тегули на две води. Димензии: 0,91 x 0,45 x 0,45 mM. Ориентација јз-си. Кај главата и нозете затворен со камени плочи. Остеолошките остатоци се добро зачувани. Врз тегулата од гробот е најдено бронзено огледало, инв. РН-92-210, датирано во ГУ век. Стаклен лакримариум, инв. СТ-92-22. Во земјата се најдени две бронзени монети, инв. М-92-641.

Сл. 13 лошките остатоци се добро за-
Сл. 13 лошките остатоци се добро за-

Гроб 802. - Изграден од тегули на две води, до гроб 801, со иста ориентација - j3-си. Димензии: 1,50 х 0,36 м, дното е пониско од гроб 801. Остеочувани. Богати гробни прилози: коскена украсна игла најдена на темето, инв. РН-92-232. Чаша, инв. К-92-287, од светлокафеава земја со благо закосен извиен венец и рамно, малку подигнато дно. По телото има плитки жлебови. Мало сатче, инв. К-92-286 (Сл. 13). Фрагментиран стаклен унгвентариум. Светилка, инв. Л-92-87, изработена од црвена земја со потемен премаз. Кружна форма, кус срцевиден клун. Дискот е благо вдлабнат со претстава на Викторија. На рамото оволо орнамент. Дно рамно, украсено со канелури и крукчиња. Во средината има натпис CEKOYNAOY. Датирана во I-II век.

Гроб 618. - Подигнат од големи камења. Димензии: 1,40 x 0,85 м. Ориентација и-з. Под камењата се најдени три унгвентариуми. Кремираните ос-теолошки остатоци се ставени во плитка дупка со диинв. К-92-273, масивно коскено шило, инв. РН-92-173. Две слични светилки. Едната, со инв. Л-92-84 е изработена од кафеава земја, диск вдлабнат со низок вертикален раб, што продолжува и на клунот. На рамото две брадавици. Дно рамно, одвоено со прстен. Во средината врежан натпис РЕТАРУХ. Датирана во I век. Втората светилка, инв. Л-92-85 е слична на претходната. На дното врежан натпис APRIO. Датирана исто така во I век

Сл. 14 мензии 1 х 0,40 м. Од гробни прилози имаше унгвентариум,
Сл. 14 мензии 1 х 0,40 м. Од гробни прилози имаше унгвентариум,

Гроб 754. - Изграден од тегули на две води, многу оштетен. Димензии: 1,15 х 0,50 м. Потесните страни се од камени плочи и фрагменти од тегули, фланкирани со камења и кршени тегули. Јужниот дел од гробот е положен врз постар гроб, покриен со камени плочи и малтер. Гробот беше исполнет со земја, а во него и на покривот од стариот гроб се најдени кремирани остатоци и гробни прилози: железен нож, инв. РН-92-228, унгвентариум, инв. СТ-92-13, изработен од зелено стакло. Телото е со конусна форма, дното благо вдлабнато. Датиран во I-II век. Гутус, инв. СТ-92- 14, од бело стакло со топчесто тело со долг изливник, рамно дно. Датиран во I-II век (Сл. 15).

Сл. 15
Сл. 15

Гроб 620. - Од тип тегули на две води. Димензии: 1,20 x 0,65 . Ориентација ји-сз. Со интензивна кремација и богат со прилози: паница, инв. К- 92-137, од црвеникава земја, премачкана со темносив премаз, вовлечен венец, рамно дно. Датиран во Ш век. Фрагмент од венец - од црвена паница, со врежани канелури, инв. K-92- 239; дел од паница, инв. K-92- 238; дно од сад, инв. К-92-237; три керамички фрагменти, инв. K-92-234-236, бронзена монета, инв. М-92-404; паниче, инв. К-92- 138, изработено од црвена земја, премачкано со сив премаз, хоринец, украсен со канелури. Датиран во Ш век. Паниче, инв. К-92-139, изработено од црвена земја, со топчесто тело што се стеснува на дното. Едноставен вовлечен венец (Сл. 16). Светилка, инв. ЈІ-92-83, изработена од црвена земја. Тркалезна форма, кус клун, дискот благо вдлабнат со релјефна претстава на Асклепиј, Хигија и Телесфор. На рамото оволо орнамент, без држалка. Дното рамно. Датирана во Ш век.

Сл. 16 зонтално зарамнет и извиен ве-
Сл. 16 зонтално зарамнет и извиен ве-

Гроб 669. - Од тип тегули на две води. Тегулите се оштетени при поставувањето на гробот 617, кој го сече во јужниот дел во должина од 0,35 м. Димензии: 1,30 x 0,35 x 0, 36 м. Ориентација ји-сз. Тегулите се поставени врз плитка јама, во која се ставени кремираните остатоци. Од гробните прилози најбројни се теракотите, инв. ТФ-92-15, 19, 22, 26, 27. Подобро е зачувана теракотата со претстава на Леда, изработена од сива земја. Божицата е претставена фронтално, седната на лебед. Со десната рака се потпира на опашката, а левата е спуштена на коленото. Главата е благо наведната. Преку неа има префрлена наметка. Потоа, две претстави на Афродита ДАнадоимена, од сива земја. Божицата е претставена гола со префрлена наметка, главата благо свиткана и носи дијадема. Со десната рака се потпира на столб, а со левата ја придржува наметката. Десната нога е свиткана во коленото. Од левата страна е делфин. Теракотите се датирани во 1 век. Стаклен унгвентариум, инв. СТ-92-12, со луковичесто тело, долг врат и зарамнет извлечен венец (Сл. 17). Датиран во I век. Најдени се фрагменти од бронзена белезица, инв. РН-92-220; фрагментиран сад, инв. К-92-161. Бронзен лим со нитна.

Сл. 18
Сл. 18
Илустрација, стр. 102

Гроб 800.- Од тип тегули на две води, многу оштетен, подобро зачуван во северниот дел. Димензии: 1,20 x 045 м. Ориентација c3-ји. Гробната јама со многу пепел и гар. Богат со гробни прилози: коскен амулет РН-92- 223: бронзена монета, инв. М- 689. Најбројни се теракотите. Зачувани се 14 теракоти со различни претстави: теракота на петел, инв. ТФ-92-51. Претставен во стоечка положба на кружна подлога. Изработен од црвеникава земја. Пет примероци на бик, инв. T®-92-52-56. Изработени од црвена земја, со траги од бел премаз. Животното е претставено во стоечка положба, со нагласени детали на главата. Кај некои примероци има траги од црвена боја на челото. Три примероци на Телесфор, инв. ТФ-92-48, 50, 57, изработени од црвена земја. На еден примерок се зачувани траги од црвен премаз. Прикажан е фронтално, покриен со наметка со ќулавка, се гледаат само нозете. Два примерока на Телесфор со дете, инв. ТФ-92-49.,59, изработени од црвена земја. Телесфор е покриен со наметка со ќулавка. Со десната рака го прегрнува детето, кое исто така е покриено со наметка. Два примерока од црвена земја, инв. ТФ-92-59,60, на кои е прикажано молзење на коза. Козата стои со раширени задни нози, помеѓу кои стои ведро. Зад неа седи жена, која ја молзе. Еден примерок на Леда, инв. ТФ-92-47, од сива земја. Божицата седи на гуска, недостигаат главата и вратот. Теракотите се датирани во Г век (Сл. 18).

Гроб 685. - Од тип тегули и имбрекси на две води. На северозападниот агол на гробот е направен долиум. Димензии: 1,50 x 0,40 x 0,40 см. Ориентација ји-сз. Јамата е плитка, остеолошките остатоци се малку горени. Од гробните прилози најбројни се керамичките садови: унгвентариум. инв. К-92-172, изработен од сива земја. Тело - топчесто, масивно со широк и долг врат. Венецот е хоризонтално зарамнет и извиен, дно рамно. Датиран во Ш век. Бокал, инв. К-92-171, од жолтеникава земја, премачкан со сив премаз. Крушковидна форма на телото со една канелирана вертикална држалка и зарамнет, профилиран венец, прстенесто дно. Датиран во Ш век. Мало сатче, инв. К-92-140, изработено од кафеава земја и премачкано со сив премаз (Сл. 19). Биконусна форма на телото, закосен и извиен венец. Дно рамно и малку подигнато. Паница од црвена земја со топчесто тело, венецот зарамнет и задебелен, прстенесто дно. Датирана во Ш век. Мала паница, инв. К-92-170, изработена од црвена земја со вовлечен венец и прстенесто дно. Датирана во Ш век. Паница, инв. К-92-168, со широк отвор, телото се стеснува во долниот дел, рамно дно и траги од горење. Датирана во Ш век. Паница, инв. К-92-169, од црвена земја, слична на претходната. Датирана во Ш век. Паница, инв. K-92-166, со широк извиен BCHCLH, од надворешната страна украсен со канелури, дно прсетенесто (Сл. 21). Железни клинци, инв. РН-92-21, светилка, инв. ЈІ-92-28. Покрај наведениве прилози имаи еден пршлен за вретено.

Сл. 19
Сл. 19
Илустрација, стр. 103

Гроб 617. - Масивна плоча од зелен песочник, грубо замазнета, со нерамни страни. Димензии: 1,50 х 1,10 х 0,25 м. Поставена врз плитка гробна јама, вкопана во тврда земја. Остеолошкиот материјал е лошо зачуван. ОД гробните прилози: еден стаклен унгвентариум, стопено и искршено монисто од стакло, инв. СТ-92-19, керамички фрагменти.

Гроб 660. - Тип - тегули на две води. Димензии: 1,50 x 0,40 x 0,40 м. Ориентација с-ј. Во плитка гробна јама се ставени кремираните остеолошки остатоци и гробните прилози, од кои се најбројни керамичките унгвентариуми, инв. К-92-141.151, сместени во јужниот дел од гробот. Гроб 668. - Тип - тегули на две води, многу оштетен. Подигнат врз плитка јама. Зачувани се малку rap и пепел. Од наоди: еден вретенест балсамариј со оштетен врат, инв. К-92-136.

Гроб 825. - Тип - тегули на две води, многу оштетен. Димензии: 1,05 x 0,50 м. Ориентација j3-си. Гробната јама е многу плитка, полна со пепел, гар и лошо зачувани остеолошки остатоци. Гробни прилози: унгвентариум, инв. К-92-38, керамички фрагменти, искршен и нагорен стаклен унгвентариум и фрагмент од стомак и дно на сад, инв. K-92-384.

Гроб 824. - Тип - тегули на две води. Димензии: 1,45 x 0,45 м, на скелетот, а на зачуваниот дел со тегули: 0,90 х 0,45 м. Ориентација сз-ји, директно на земја, на ниво на тегулите е положен покојникот. При вкопувањето е уништен постар гроб од кој е најдена теракота на бик. Прилози: фрагмент од сиво сатче, украсен со хоризонтални канелури, инв. К-92-353, керамички фрагменти.

Гроб 610. - Граден од кршени тегули и камени плочи на две води. Врз нив платформа од камен и тегули, многу оштетена. Ориентација c3-ји. Доста гробни прилози: керамички унгвентариуми, инв. K-92-176, 170, 191, 193. Неколку фрагментирани сатчиња, инв. К-92-175, 184, 185, 265, фрагмент од амфора, дел од светилка, инв. Л-92-86.

Гроб 66]. - Правоаголна платформа со димензии: 2 x 1.20 м. Изградена од груби камења и тегули, ориентација с-ј, под неа се најдени два гроба од тип тегули на две води. Првиот, 661/А, е искршен. Димензии: 1 х 0,50 м; гробната јама е длабока. Зачувани се кремирани остеолошки остатоци, како и гробни прилози: една бронзена монета, фрагменти од керамички садови, железни клинци и една златна обетка, инв. РН-92-172. Другиот гроб 661/Б е добро зачуван, со димензии: 0,90 x 0,44 м. Гробната јама е на повисоко ниво од гробот 661/А. Највисоко во гробот се остатоците од нагорени коски, а под нив гар и јагленисани гранки; светилка, инв. ЈІ-92-75, дел од друга светилка, инв. Л-92-76 и обетка со звонче, инв. РН-92-219.

Гроб 672. Изграден од тегули. Од јужната страна е фланкиран со камени плочи, а потоа со плитка гробна јама, добро зачуван. Покојникот бил ставен во дрвен сандак, од кој се зачувани големи железни клинци од страните и помали од капакот. Без наоди.

Гроб 673. - Тип - тегули на две води. Големите тегули се под- 5идани со камени плочи и парчиња од тегули. Димензии: 1,60 x 0,55 м. При чистењето се најдени малку кремирани остеолошки остатоци и неколку керамички фрагменти. Гроб 675. - Гробната јама е доста плитка, покриена со тегули со димензии: 0,29 x 0,13 x 0,14 м. На една тегула е поставена урна-грне, во која се зачувани остеолошки остатоци од кремиран покојник. Надвор од урната се зачувани гареж и коски. Наоди: урна-грне со капак, инв. К-92-151/157А, фалусоиден предмет со инв. РН-92-125, фрагменти од керамика и од стакло.

Гроб 681. - Плитка гробна јама, покриена со платформа од каме-НИ плочи од зелен песочник. Зачувани се малку остатоци од кремација и една држалка од амфора.

Гроб 682. - Етажен гроб од тегули и цевки за либација од два имбрекса. Од страните граден со камени плочи и камења. ОД j-3 страна е притиснат со платформа од гроб 683. Димензии: 0,85 х 0,50 м. Во јамата се ставени кремираните остеолошки остатоци. Гробни прилози: фрагменти од теракоти, керамика и една бронзена монета, инв. М-92-431.

Гроб 708. - Од тип тегули на две води. оштетени во долниот дел. Фланкиран со камени плочи од зелен песочник. Димензии: 1,05 х 020 м. Ориентација сз-ји. Во јамата се најдени кремирани остеолошки остатоци, една бронзена монета и дно од сив керамички сад.

Гроб 712. - Од тип тегули на две води. Тегулите се вкопани вземи. Од северната страна е ставен долиум од имбрекси. Во гробната јама се положени кремираните остатоци од покојникот, кои не се добро изгорени. Гробни наоди: две бронзени монети, инв. М-92-512, 513, лакримариуми, од кои едниот е целосно зачуван, и железни клинци.

Гроб 684. - Од тип тегули на две води, растурен. Димензии: 0,64 x 0,40 м. Ориентација: ja-си. Под тегулите е мала гробна јама со кремиран остеолошки материјал. Гробни прилози; фрагментирано грне и еден железен клинец.

Гроб 683. - Од тип тегули на две води. Тегулите во јужниот дел се оштетени и во гробот има навлезено многу камења и земја. Врз гробот е подигната правоаголна платформа од камења и малтер, но само до првиот ред. Во јужниот дел гробот е оштетен од други гробови. Малку остатоци од покојникот и еден наод - шарка од бронза, инв. РН-92-194.

МОНЕТИ.

Гроб 755, - Платформа со неправилна форма, подигната врз камен со многу малтер. Поставена на гроб со тегули на две води, и тоа по две во ред од страна. Под притисок краиштата се подигнати, средината се пропадната. Димензии: 1,40 x 0,60 м. Ориентација з-и. Инхумиран покојник, добро зачувани остеолошки остатоци. Скелетот е положен на левата страна во згрчена положба. На платформата се најдени две бронзени Гроб3 768. - Се наоѓа на пониска кота од гроб 755. Тегулите се добро зачувани, освен во северниот дел. На северната страна се наоѓа друг гроб што овој делумно го оштетил. Димензии; 0,85 x 0,42 м. Ориентација с-Ј. Најдена е една бронзена монета, железни игли. инв. РН-92-218, 219, фрагменти од керамика.

Гроб 803. - Изграден од тегули на две води, со по две тегули од страните. Кај главата и нозете се поставени камени плочи. Тегулите се растурени кај главата; димензии: 1.60 x 0.45 x 0.35 м. Ориентација ји-сз. Во плитка гробна јама е положен инхумиран покојник, без гробни наоди.

Гроб 703. - Без гробна конструкција, слободно вкопан во земја. Поставени пет инхумирани покојници, три возрасни и два детски. Два од возрасните скелети се поставени во правец ј-и, како и двата детски. Третиот е поставен во обратен правец. На гробното дно е најдена бронзена монета, инв. М-92-457.

КЕРАМИКА

Сл. 20 93 (Сл. 20). Слични форми среќаваме на Јужната некропола на локалитетот "Исар" - Марвинци. Датирани Во И век.3
Сл. 20 93 (Сл. 20). Слични форми среќаваме на Јужната некропола на локалитетот "Исар" - Марвинци. Датирани во И век.3

Во најголем број се застапени керамички садови, зачувани целосно или фрагментирани. Најчести се паниците, изработени главно од црвеникава земја, како што се

; ; паниците од гроб 608 инв. K-92-92 И

Потоа, паницата од гроб 620, со инв. K-92-139 ( Сл. 17). Слична среќаваме на некрополата од локалитетот "Јокуш" кај с. Немањици.4 Паницата од гроб 685, инв. K-92-167, како форма ја среќаваме на локалитетот "Исар" кај с. Марвинци.5 Садовите бокали со една држалка се зачувани во мал број. Од нив ќе издвоиме позначајни примероци, како што е садот од гроб 616, инв. К-92-90. Изработен е од сива земја, хоризонтално зарамнет и извиен венец, и благо нагласена устинка, како и една мала вертикална држалка. Датиран е во П-Ш век. Потоа, застапени се и чаши со ребресто тело од тип "ола", кои ги сеќаваме и во други гробови - 954 и 1005 од истата . 2.

Сл.21
Сл.21
Илустрација, стр. 107
Сл. 22
Сл. 22

некропола,6 "Исар" - Марвинци",7 чаши со една или две држалки, итн. Временски, керамичките садови од овој дел на некрополата се датирани од Т до Ш век.

Како интересна и доста застапена форма, од керамичките садови ќе ги споменеме и унгвентариумите. Најстар примерок е еден мал унгвентариум со инв. К-92-164. Изработен е од сива земја со вретенеста форма и долг врат. Потекнува од хеленистичкото време (Сл. 21). Слични унгвентариуми среќаваме во Стоби“,8 Демир Капија".9 Унгвентариумите од гроб 614, инв. К- 92-122 и К-92-133 (Сл. 6) т. н. "булбус", со луковичесто тело, изработени од фина црвена земја. Датирани се во Т-П век. Доста често се среќаваат и во другите гробови од оваа некропола. Неколку унгвентариуми од гроб 608 се помали и со топчесто тело, изработени од жолтеникава земја, а во горниот дел премачкани со потемен премаз (Сл. 22). Слични унгвентариуми се наоѓани на поранешните ископувања во Стоби.10 Ке го издвоиме уште и унгвентариумот со инв. бр. K-92-172 од гроб 685, карактеристичен со својата големина. Изработен е од сива глина. Според другите наоди со слично временско определување, датиран е во Ш век.

ВИ. Anderson-Stojanovié Stobi, The Hellenistic and Roman pottery, Princeton University press,

Pl. 67, 557.

TO y. Anderson-Stojanovié Stobi..., Pl. 179, 583, 585, 607.

СВЕТИЛКИ

Значајна група наоди се и светилките (Сл. 23). На овој дел од некрополата се пронајдени околу 20 примероци, главно целосно зачувани. Сите се изработени од глина со добра фактура. Хронолошки и типолошки се делат на повеќе групи. По форма главно се тркалезни, а дисковите се украсени со различни релјефни претстави. Најчесто среќаваме растителни и животински претстави: був, лав, винова лоза и др.

На светилката од гроб 608, на благо вдлабнатиот диск има релјефна претстава на був и растителни орнаменти. Клунот на светилката е украсен со волути и крст, а с датиран во ГП век. На дното има натпис ZEKOYNAOY ХТОВАІОУ, кој укажува на потеклото на мајсторот. Потоа, светилката од гроб 614, која има два клупа. На дискот е претставен орел со полураширени крилја. Скоро идентичен примерок е најден на Источната некропола во Скупи.11 Датиран е во П век. На светилката со инв. Л-92-88 е претставена школка. Датирана е во П-Ш век. На дискот на светилката од гроб 623 е претставен лав. Слична претстава има и на светилката од гроб 154 од оваа некропола.12 Најстар примерок е светилката со инв. Л-92-71, со кружна форма и кус клун. Потекнува од хеленистичкиот период.

Потоа, има два примерока со претстава на маска. Поинтересен примерок е светилката, со инв. Л-92-21, од гроб 596, со издолжена форма и долг клун. Целиот диск е исполнет со релјефна претстава на маска, датирана во ГП век. На еден примерок од гроб 611 има претстава на симплегма - еротска сцена. Датиран во I век. Најверојатно од импорт. Идентичен примерок е " ,

Сл. 23
Сл. 23

најден на Источната некропола во Скупи.13 3 Слични примероци наѓаме во Атинска Агора.14 На светилката од гроб 802 е претставена Викторија. Клунот од оваа светилка € со срцевидна форма. Како интересни примероци ќе ги издвоиме двете светилки од гроб 618, датирани во | век. Од гроб 620 е светилката со интересна претстава на тријадата Асклепиј, Хигија и Телесфор.

Како што веќе споменавме, сите светилки се изработени од фина земја. Многу често на дното се наоѓа натпис. Датирани се од хеленистичкиот период до Ш век.

ТЕРАКОТНИ ПРЕТСТАВИ

Исто така бројна група наоди се теракотите. Главно се целосно зачувани, изработени од фина земја со сива или црвена боја. Кај некои примероци се зачувани траги од друга боја. Во некои гробови (како во гроб бр. 621, Сл. 8, или 800, Сл. 18) се најдени и по десетина примероци со различни претстави. Во најголем број случаи се претставени божествата Афродита, Леда, Кибела, Teneccbop, потоа - на животни, една претстава на Ерос итни.

Афродита е доста застапена во гробовите од овој дел на некрополата. Ваквите типови припаѓаат кон широко распространетите претстави на Афродита застапени во целиот антички свет. Обично е претставена во стоечка положба, гола, со префрлена наметка. На главата носи дијадема. Десната нога и е главно свиткана и ја придржува со десната рака или пак ја соблекува сандалата. На некои претстави се потпира врз столпче. Од левата страна обично стои делфин или амфора. Со левата рака си ја придржува намсетката.

На неколкуте примероци на Кибела, божицата е претставена фронтално, седната на масивен престол и покриена со наметка. Оваа претстава на Кибела е распространета во земјите на Медитеранот.

Божицата Леда е претставена во неколку варијанти - седната на паун или лебед, покриена со наметка. На еден примерок е претставена во стоечка положба, гола, на градите држи лебед (Зевс) што ја оплодува. Многу чести се и претставите на Телесфор, прикажан фронтално и завиткан во наметка со ќулавка. На некои претстави од неговата десна страна стои дете, кое Телесфор го прегрнува со раката и е покриен со наметка.

Од животинските претстави најчест е бик, потоа неколку претстави на молзачи и една на петел. Ваков тип теракоти се присутни и во другите гробови од овој дел на некрополата, како во бр. 736, 810 и др15 5 Пронајдени се и при поранешните ископувања во Стоби. Слични теракотни претстави на бик среќаваме и на Исар - Марвинци.16 !“

a pium Stobensium ..., стр. 30, кат. бр. 84 (J. A.), стр. 28, кат. бр. 67-73 .

НАКИТ

Сл. 24 жица, на две места спирално навиткани,
Сл. 24 жица, на две места спирално навиткани,

Од накит се пронајдени неколку пара златни обетки, бронзени прстени, една гема, делови од белезици, доста коскени украсни игли, како и игли за шиење, итн.

Од гроб 621, во кој се најдени бројни теракоти, потекнува парот златни обетки со паста. Направени се од тенка украсени со монисто од паста. Според другите наоди, датирани се во | век. Во гроб 614 е најдена само една златна обетка (Сл. 2). Тоа е мала алка, на која на три места има врежани линии. Слични обетки среќаваме на Јужната некропола на локалитетот "Исар" кај с. Марвинци.17 Датирани се во П-Ш век. Од гроб 608 потекнуваат пар златни обетки, од кои едната целосно зачувана (Сл. 25). Изработени се од злато и паста. На алката за закачување е прицврстен квадрат од лимена жичка со вметнато монисто од бледожолта паста. Под неа има два висулци со монисто од истата паста. Датирани, според другите наоди, во П-Ш век. Во Кв. С- 1 е најдена гема со кружна форма од црвен јаспис (Сл. 24), украсена со релјефна претстава на митолошка фигура, најверојатно прет- > става на богот Каирос, датирана во | Вех. ји Чести наоди се и коскените игли,

Илустрација, стр. 110

пред се украсни (Сл. 27). Иглите се вретенести или со четириаголен пресек и разно- 1 видни глави: топчести, крушковидни, во форма на шишарка итн. Главно се датирани во П-Ш век. Вакви игли се често застапени и во другите гробови од некрополата. Ги | ј среќаваме и во Атинска Агора!“,18 Коринт"“.19 , во гроб 801 е најдено бронзено кружно огледало. Слично е најдено во гробовите 643 и

Сл. 27 698 од истата некропола20 „во Коринт“.21 идр.
Сл. 27 698 од истата некропола20 „во Коринт“.21 идр.

'7 Op. си. T. 47, Cu. 7.

СТАКЛЕНИ САДОВИ

На овој дел од некрополата се најдени доста примероци од стаклени садови, унгвентариуми, еден гутус, чаши, лакримариуми и др. Ќе издвоиме само неколку добро зачувани и поубави примероци како гутусот од гроб 754, направен од прозирно стакло со многу тенки зидови. Недостига мал дел од вратот. Датиран е во ги век. Во истиов гроб е најден дел од унгвентариум со масивно конусно тело и благо вдлабнато дно. Недостига горниот дел. Од гроб 801 потекнува сосем мал лакримариум од млечнобело стакло со долго, цевчесто тело. Венецот е рамен и благо извиткан. Датиран е во I-II век. Целосно е зачуван унгвентариумот од гроб 669. Телото е со луковичеста форма, дното рамно и благо вдлабнато. Датиран е во I век (Сл. 18). Според формата и датирањето, стаклените садови можеме да ги споредиме со стаклените садови од Источната некропола во Скупи.22

Во текот на кампањата од 1992 година на овој дел од некрополата, т. е. на просторот 5С-1,2, истражената површина од двата блока изнесуваше 200 м“. Проучени се 45 скелетни и кремирани гробови. Некои покојници се погребани во обична гробна јама, некои во гробови зидани со малтер и тегули, потоа со тегули поставени на две води, цисти покриени со големи камени плочи или од нафрлани камења. Во презентираните гробови и предмети анализите и компарациите покажуваат сличности со предметите од некрополите во Скупи и Исар - Марвинци. Најголем број од предметите се најверојатно од локално производство. При истражувањето е водена грижа за остеолошкиот материјал, кој е грижливо собран и предаден за проучување. За жал, најдените монети се скоро сосем уништени, со исклучок на неколку примероци од слојот над гробовите. Овде се откриени остатоци од градби од ГУ век, потврдени со подвижен материјал и неколку монети од Константин I и Констанциј Ил. Датирањето на гробовите е извршено врз основа на гробните прилози. Севкупната анализа на гробовите и подвижниот материјал покажува хронолошка рамка од I до II Вех, а културно ќ припаѓа на римската провинциска култура, освен неколку предмети од поран период.

MILA SURBANOSKA - Skopje SUMMARY DRAGISA ZDRAVKOVSKI - Skopje

Белешки

  1. Окупиран од меѓународниот пат Е-75, под раководство на В. Санев од Музејот на Македонија, д-р Ж Винчиќ и М. Ивановски од Републичкиот завод за заштита на Faas сии на културата - Скопје. ↩
  2. Каталог. Municipium Stobensium, Скопје 1994. во прозирна облека. На главата има дијадема. На вториот пример, инв. ТФ- ↩
  3. В. Соколовска, Исар - Марвинци и Повардарјето во античко време, Скопје 1986, Т. 43, Сл. 2. ↩
  4. Д. Здравковски, М. Шурбаноска, Извештај од заштитните археолошки ископувања на X. А. Мавровица во с. Немањици, Светиниколско, Зборник на трудови на Археолошкиот музеј на Македонија, X-XI, Скопје 1983, 115. ↩
  5. В. Соколовска, Исар - Марвинци ..., Т. 80. ↩
  6. Каталог, Municipium Stobensium ..., стр. 51, кат. бр. 245-247 (J.A.). ↩
  7. В. Соколовска, Исар-Марвинци ..., Т. 42, Сл. 13. ↩
  8. V. Anderson-Stojanović, Stobi, The Hellenistic and Roman pottery, Princeton University press, Pl. 67, 557. ↩
  9. В. Соколовска, Хеленистичка керамика во Повардарјето, жа, посебни изданија 9, Скопје 1982, Т.I, Сл.2. ↩
  10. V. Anderson-Stojanović, Stobi..., Pl. 179, 583, 585, 607. ↩
  11. И. Микулчиќ, Римски луцерни од Скупи, Год. збор. на Фил. фак., I, Скопје 1975, Т. I. ↩
  12. Каталог, Municipium Stobensium .., стр. 54, кат. бр. 264 (П. К.). ↩
  13. И. Микулчиќ, Римски луцерни од Скупи ..., Т. VI. ↩
  14. J. Perlzweig, Lamps of the roman period, Agora VII, Princeton New Jersey, 1961, Pl. 18, 823. ↩
  15. Каталог, Municipium Stobensium ..., стр. 30, кат. бр. 84 (J. А.), стр. 28, кат. бр. 67-73 (ЉЦ.). ↩
  16. В. Соколовска, Исар-Марвинци ..., Т. 42, Сл. 13. ↩
  17. Op. cit. T. 47, Сл. 7. ↩
  18. H. Robinson, Pottery of the Roman period, Agora V, Princeton New Jersey, 1959, Pl. 56. ↩
  19. G. Davidson, The minor objects, Corinth XII, Princeton New Jersey, 1952, Pl. 118. ↩
  20. Каталог, Municipium Stobensium ..., стр. 61, кат. бр. 341 (Г. С. Д.). ↩
  21. G. Davidson, The minor objects ..., Corinth XII, Pl. 81. ↩
  22. И. Микулчиќ, Раноримски скелетни гробови из Скупа, Старинар XXIV-XXV, Београд 1973, 1974, Т. IX. ↩

Summary

Roman Graves from the West Necropolis in Stobi

- Excavations '92 -

In the frames of the protective archaeological research carried out in the west suburb at the site of Stobi in 1992, a number 444 graves were discovered. The article deals with the graves researched in section 5C 1-2.

The total excavated surface amounts 200 square meters including 45 researched graves with skeletons and cremated deceased. The graves are of different construction, starting from the ones of tegulae with two ridges, through cists covered either with large stone slabs or with scattered stones, the ones built of tegulae and mortar, to the plain unmarked grave pits. Some of the deceased were buried in graves with dolium. The graves are differently oriented and very rich with grave goods. Pottery was most frequently found, including plates, cups and unguentariums, dated mainly to the Ist-3rd centuries AD. About 20 completely preserved lamps made of fine clay also constitute a significant group of finds. They are mainly triangular in form, the discs having been decorated with relief.

They most frequently bear decorations with animal and floral patterns: an owl, lion, a depiction of Victory, and masks, one of them bearing depiction of Asclepius, Hygioa and Telesphorus. They are mostly dated to the Ist-3rd centuries. Another important category of finds are the figurines made of fine clay in gray or red colour. In some graves, such as Grave 621 and Grave 800, a dozen of specimens bearing diverse depictions have been found. Figures of deities are the most frequent: Aphrodite, Cybele, Leda, Telesphorus, as well as a depiction of cock, bull, etc.. They are mainly dated to the Ist century AD. Several pairs of gold ear-rings have been discovered of yewellery, as well as bronze rings, red jasper, parts of bracelets, bone pins, etc.. The glass vessels are not so frequent. Several glass unguentariums, cups, a guttus, etc. are dated to the Ist-3rd centuries AD. The graves and finds considered in the article show analogies and close associations with the necropolises at Scupi and Isar-Marvinci. The overall analysis of the moveable material, including the coins, point to chronological borders of the graves within the Ist-3rd centuries AD.