Macedoniae acta archaeologica 14 (1995) · стр. 77–89
Ископување во с. Корешница - Демир Капија
Содржина
Во рамките на заштитната програма за 1991 година, рззск, под раководство на д-р Ж. Винчиќ, презеде заштитни археолошки ископувања на локалитетот "Камен", с. Корѕшница, Демир Капија, којшто беше загрозен со дневните ископи на варовник за потребите на претпријатието "Гра- нит" - I] градилиште од Неготино.
Локалитетот се наоѓа на крајниот југозападен дел од атарот на с. Корешница, под доцноримскиот рефугиум Марков Град". на левиот брег од Вардар, т. е. на терасестите зарамнувања под демиркапискиот карпест масив, широко отворени кон север. Тој зафаќа простор од околу 1.5 км во должина и ширина од 100 м на југ, односно 450 м на: север. По пат на рекогносцирање и со сондажни ископувања, тука се евидентирани неколку фази во користењето на овој простор од раноантичкиот и доцноримскиот период.
РАНОАНТИЧКИ ПЕРИОД
Раноантичките елементи се зачувани на јужната половина од истражуваниот простор. При експлоатацијата на варовник во зоната на каменоломот пресечен бил еден раноантички објект (Цртеж 3, 1), граден во техника на сувовидица. со зачувани зидни партии до висина од околу 0,50 ми со минимално присуство на раноантичка фрагментирана керамика. Населбинскиот карактер на овој простор го потврдуваат и резултатите од двете сонди; сонда | - со димензии 2 х 5 M, и ориентација си-јз; сонда 2 - со димензии 1,5 x | ми ориентација с-ј, направени на првата тераса под каменоломот (Цртеж |).
Слични карактеристики беа забележани и кај двете сонди. Под тенкиот хумусен слој се појави културен слој од растресита земја со темнокафеава боја. кој имаше длабочина од (.20-0.30 м кај првата. односно. 0,30-0,50 м ги. Микулчиќ, Топографија на Стенае - Просек - Демир Капија. Год. збор. на Фил. фак. 15-16, Скопје 1988-1989, 70. Би сакале да нагласиме дека локалитетот што е и предмет на нашиот труд се споменува како "Црквиште": J. Вучковни-Тодоровии, Античка Демир Капија, Старинар н. с. 12, Београд 1961, 273. феава боја, кој имаше длабочина од 0,20-0,30 м кај првата, односно, 0,30-0,50 м кај втората сонда. Во него, измешани со поситен камен, беа пронајдени фрагменти од груби рачно работени садови, керамика работена на колце и, поретко, фрагменти од градежна керамика.
а) Рачно работена керамика - Тоа беа, пред се, фрагменти од поголеми садови со конусни и бовчеста-кесеста форма. Декорирани се со карактеристичен утилитарно-декоративен елемент "крагна", кој се јавува под работ, потоа со пластично изведена гирланда на која бил втиснат отисок од прст или пак орнаментот е изведен со втиснување на некој зашилен предмет. Изработени биле од недоволно пречистена глина со примеси на зрна од кварцен песок и голем процент лискун. Печењето било релативно добро, со неуедначена боја што одела од темнокафеаво-црвена до сива и црна. Овој манир на рачно обликување на садовите за секојдневна употреба влече корени од праисторискиот начин на нивно правење и украсување. Посебно е уочлива силната бронзеновременска традиција, врз која се потпираат подоцнежните варијанти. Помалку или повеќе еволуираните форми и начини на украсување на рачно работената садова продукција паралелно егзистирала со керамиката работена на грнчарско колце. Оттаму и нејзиното присуство во античкиот хоризонт на живеење на повеќе локалитети во Македонија.2
> Б. се забележуваше убава фактура на глината, мазнење на зидовите, како и премачкување со помалку или повеќе разреден графитен раствор (Т. I, а-д). Со оглед на масовното присуство на сивата керамика на наоѓалиштата во нашата република. почнувајќи некаде од VI век пр. H. е., за нејзините специфичности се забележани многу информации. Од сите нив се наметнува ист заклучок. Првично, нејзината појава во локалните работилници се должела на тенденциите да се копираат или во мал процент да се видоизменат карактеристиките на постарата мат-босна керамика. Подоцна, сивата керамика добива нов карактер, односно ги користи хеленските форми како кај луксузните импорти боени со црн фирнајс.3 Слична појава има и кај црвено и окер печената керамика. Во нашиов случај имаме пример на плитка чинија со црвено печење (Т. Ш, 2 е), премачкана со посен лак, која ги копира постарите примери на античка ихтија.4
За директниот импорт на хеленската стока зборуваат пронајдените
1986, 79; И. Микулчил, М. Josanoouh, Хеленистички oppidum из Кршевице код Врања. Врањски гласник 4. Врање 1968. 369-370. Културен слој со артефакти
За директниот импорт на хеленската стока зборуваат пронајдените фрагменти од амфори, вообичаен наод на нашите локалитети. Фрагментот од дно со облик на чеп (Т. 1, ж), бледоцрвената боја на печење и бледожолтата боја на енгобата - ја определуваат неговата припадност кон некоја од родоските работилници.5
Нагласената ерозивност, како и рецентната испретуреност предизвикана со механизација, посебно во секторот на каменоломот, го оневозможи прецизното лоцирање, како и определувањето на обемот на оваа населба. Скромниот материјал што произлезе од овој сектор не наведува, се уште со резерви, да го определиме времето на нејзиното траење во ГУ, односно првата половина на Ш век пр. H. e.6
На истиот овој сектор, посебно внимание предизвикаа 66-Те камени грамади што се наоѓаат распоредени по неговите изохипси, камуфлирани со средновисоката флора (Цртеж 1). Тие во просек имаа пречник 5-10 м, големина што често варираше, исто како и висината, која во просек изнесуваше 1,5-2,5 м. На дното бил конструиран "зид" - основа со кружна до елипсовидна форма направена од крупни камења, врз која биле нафрлени поситни камења. Нивната конструкција најдобро ја илустрира целосно истражената грамада I. Кај грамадите II - У, VII, претходно оштетени со механизација, беа направени контролни сонди.
I pamagal, (Цртеж 2, 1), беше во целост зачувана. Имаше пречник од 5 м и зачувана висина од 1,35 м. По расчистувањето на основата од нафрлени камења, до длабочина од 0,30 M, се следеше слој темнокафеава земја, археолошки стерилен. Под него се појави жолта глина-здравица. Пронајден с само еден фрагмент од помал сивопечен сад, помеѓу нафрлените камења од грамадата.
Грамада УШ, (Цртеж 2, 2). - Со контролниот ров, со димензии 1.50 x 4,10 м, направен покрај нејзината зачувана источна половина, наидовме на материјал од гробна содржина. На длабочина од 0,10-0,30 м, под нафрлените камења од грамадата се појави слој кафеаво растресита земја. Под него следеше слој со потемна боја на земјата, во кој наидувавме на ситен камен измешан со керамички фрагменти од груби рачно работени садови; сивопечена керамика (Т. II, 1-4); антрополошки материјал од инхумација без антаомска положба - разнесен; фрагменти од црвенофигурални, како и садови боени со црн фирнајс; бронзена фибула; бронзен предмет со нејасна намена (Т. II, 5). На западната страна од контролниот ров, на длабочина од 0,80 м, забележавме појава на обработен камен, зелен песочник, над и под кој се појавуваше споменатиот материјал.
Анализата на антрополошкиот материјал покажа дека се работи за машка индивидуа, на возраст од 25-30 години.7
Црвенофигуралните, како и боените со црн фирнајс фрагменти, се карактеризираат со добро пречистена и обработена глина со квалитетно црвено печење, со тенки зидови премачкани со густ црн, понекогаш нееднакво нанесен фирнајс, до темно и црвеникава боја. Споредувајќи ги со досега познатиот материјал од наоѓалиштата во Р Македонија и надвор од неа, тие И припаѓаат на керамиката наменета за широка потрошувачка, од олинтскиот керамичарски производен круг; карактеристични примери: фрагменти од хидрија (Т. Ил, 5), ихтија (Т. Ill, 4), фрагменти од скифоси, арибалоси (Т. II, 6- 13; Сл. 1), фрагменти од чинии8 (Т. III, 1-3)“, два фрагмента од италско-грчкиот керамички круг (Т. III, 6, 7).
Најпрецизно датирање на целиот материјал дава кантаросот со теренски инв. бр. 158/91 од групата St. Valentin (Сл. 1). Садот е изработен од фина пречистена, окер печена глина, работена на колце, со тенки зидови. Јазичестите рачки се прилепени, благо нанадвор завратениот раб преминува во висок врат, чиј премин во стомак е со мало прекршување, додека ногата е со прстенеста стапка. Недостига мал фрагмент од едната рачка и работ.9 Од внатрешната страна е премачкан со црн фирнајс, додека од надворешната е богато декориран со различна комбинација на растителни и геометриски мотиви, изведени со аплицирана бела пастозна боја и разблажен фирнајс со златеста боја, употребени наизменично на темни и светли полиња, со што е постигната разноликост и сликовитост. Садот е од кругот на атичката сликана керамика од втората половина на У и почетокот на IV век пр. H. е., од групата St. Valentin. Основната карактеристика на оваа група со чисто типизирана форма на садови - најчести се кантаросите, а поретки скифосите,10 -е чисто орнаменталниот карактер на сликаната декорација со широка употреба на аплицирана бела боја врз премачкан фирнајс, како и декоративната шема со распоред на орнаментите на фризови.
Според примероците од најпознатите светски музеи, а врз основа на распоредот на мотиви во хоризонтални зони, 5. Howard и Е. R. Johnson ј Податоците се добиени од извршената антрополошака анализа изведена од страна на м-р Фаница Вељановска. B. Соколовска, Исар - Марвинци., 79; Г. Микулчиќ, н. д..100-101; 1. Mikulcig Pelagonija., 49, T. XII, Sl. 2b; И. Muxyauuh, M. Јованови?, x. д., 366, T. УП и - 494; J. Вучxoeuh-Todopoeuh, Античка., 245, 246, Сл. 30; исто, Une hudrie du pientre attique Meidias, Archacologia Jugoslavica 2, Beograd MCMLVI, Fig. 3.
МИ. Muxyauuh, М. Јовановив, н. д.., 364, Т. УШ и - 71; група автори, Hvar - Vis - Palagruža 1992-1993, A preliminary report of the Adriatic island project (contact, comerce and colonisation 6000 BC - 600 AC), 25, Fig. 8.
Конзервацијата ја изврши M. Винчиќ.
95. Howard i F.R. Johnson, The Saint Valentin Vases, AJA, Vol 58/3, 1954, 191-196. издвоиле 9 подгрупи, прецизно хронолошки определени. Нашиот примерок припаѓа кон осмата група, а со тоа хронолошки припаѓа кон раниот IV век пр. u. е.11 На територијата на P Македонија до 1992 година се објавени 17 фрагменти од St. Valentin - групата вази, кои потекнуваат како од случајни наоди така и од некрополи.12 Дванаесет од нив потекнуваат од Демир Капија",13 еден фрагмент од гроб 26 од некрополата "Сува Чешма", Требениште,14 еден фрагмент од гроб 4 од некрополата "Горно Село", с. Стар Караорман“15 и два фрагмента од гробницата кај Бразда.16 Засега новопрезентираниот сад претставува единствен примерок на целосно зачувана ваза од оваа група, од подрачјето на Македонија, па и пошироко на Балканот со исклучок на примерокот од Перлат во Албанија" и оној од Истрија, крај утоката на Дунав“.
Бронзената фибула припаѓа кон т. н. малоазиски тип. Нашиот примерок го карактеризираат ненагласена глава, 5 задебелувања на лакот со по 6 5вездести краци и развиена Нога, (Т. II, 14). Според поделбата направена од Благоја Китановски, овој тип фибули припаѓа кон групата 5 Б“, односно нашиот примерок временски соодветствува на погоре споменатиот керамички материјал.
Дефинирањето на гробната конструкција кон која припаѓа погоре опишаниот археолошки материјал, останува неразрешен момент, бидејќи поради временските услови и ограниченоста на нашиот престој, оваа ситуација остана нецелосно истражена. Отворено е и прашањето за тоа дали овој гроб под грамада VIII може да и се припише на постарата традиција на погребување под тумули е со оглед дека археолошкиот материјал пронајден под другите грамади нема контекст со ситуацијата под грамада VIII, се поставува прашање - дали појавата на грамади на овој простор е предизвикана од сосема други причини?
ДОЦНОАНТИЧКИ ПЕРИОД
Сознанијата и резултатите за доцноантичките елементи што се застапени на северната половина на истражениот простор главно се надоврзуваат на претходно искажаните мислења за Демир Капија низ римскиот период.
На северниот раб од претходно споменатото плато, како и на следната тераса закосена кон југ, наидовме на архитектура што му припаѓала на овој доцноантички хоризонт на живеење, од кој се евидентирани остатоци од куќите 2 и 3, зачувани во темелните партии. Тие биле градени од кршен камен врзуван со малтер (Цртеж 1; Цртеж 3, 2).
Големиот степен на уништување, било со механизација или пак со зем-- јоделски работи, на околното земјиште, а особено со акциите на дивите копачи по кои е познат овој крај, особено е согледлив во состојбите кај гроб и 2.
Гроб 1 - Од типот циста е евидентиран на благо закосена тераса, 20 м западно од куќа 2 и 3, а целата негова содржина, односно целиот остеолошки материјал, беше разнесена по теренот.
Гроб 2 - Од типот циста со димензии 2,20 x 1.05 м, со ориентација ји -c3, се наоѓа на 200 м северозападно од куќа 2 и 3, на потегот кај месното население познат како "Лаките" (Цртеж 3, 3). Направен бил од масивни плочи од сиво-зелен песочник чиишто рабови биле споени со хидростатен малтер. Плочата на југоисточната страна од дното беше издигната - "перниче". На јужната странична плоча, од горната страна бил направен жлеб во кој навлегувала горната монолитна покривна плоча. Гробот од порано бил отворен и целата гробна содржина била исфрлена надвор од него. Во испретурената земја покрај гробот беше пронајдена монета од времето на императорот Аврелијан (270-275).
Овие гробови, како и фрагментите од тегули и камени плочи видливи на површината, посочуваат постоење на поголема некропола за чија целина ќе укажат идните истражувања.
На оддалеченост од 150, односно 300 м североисточно од гроб 2, наидовме на остатоци од две печки за печење керамика, односно - "индустриската зона" на доцноримскиот хоризонт. Истражена беше една од нив.
Печка 1 (Цртеж 4) - Била градена од керпич, со димензии 1,40 x 1,80 м. Поради високата температура на зидовите се формирала глазура со дебелина 0,01 - 0,02 м. Во траги се следеа нишата за ложење, системот за вентилација, додека решетка не беше пронајдена. Наоколу имаше фрагменти од градежна керамика и керамичка згура. Според својата типологија, големината и едноставниот систем, веројатно припаѓале кон T. H. полски тип печки, кој веројатно се засводувал - затворал пред самото печење, а по печењето таквата засводена конструкција се рушела. Овој пример го зголемува бројот на веќе познатите откриени печки во нашата Република.
На крајниот североисток на комплексот, веднаш над крстопатот каде што патот каменолом - сепарација се двои со новопробиениот пат, кој, според добиените информации, би водел кон новото окно за експлоатација на варовник, на потегот "Црквиште"- се наоѓа ранохристијански сакрален објект, во литературата евидентиран од порано, околу кој биле вршени
Во уводниот дел од текстот веќе беше опишан карактерот на ова ископување и оттаму произлегува фактот за скромниот извор на информации што произлегоа од него. Сметаме дека и во толкава мерка тие отвораат простор за проучување на неколку проблеми. Притоа посебно би го нагласиле оној што се однесува на раноантичкиот сегмент засегнат со ова ископување.
и Здравковски, М. Шурбаноска, Извештај од заштитното ископување на ха "Мавровица" во с. Немањици - Светиниколско, 3АМ X-XI, Скопје 1983, 114-116; I. Гагиќ, Извештај од археолошките рекогносцирања на подрачјето на Демир Хисар, ЗТ 2-3, Битола 1980/81, 95-96; И. Микулчиќ, Доцноримски гробови од Скупи, Год. збор. на Фил. фак. 26, Скопје 1974, 117; - за печката од Охридско беше соопштено на XIV симпозиум на манд од B. Маленко, Античка фурна кај Св. Стефан кај Охрид за информациите на пронајдените печки кај Десово, Прилеп и „Крива Паланка му се заблагодарувам на м-р Виктор Лилчиќ.
И. Микулчиќ, Топографија.., 70. SARITA KARPUZOVA - Titov Veles SUMMARY NIVES PETROV PECOVSKA - Skopje
Белешки
- Б. Ѓорѓиевски, Праисториски градишта од Кумановско, Maced. acta archaeol. 13. Скопје 1992, Т. VII, Сл. 3. Т. IX, Сл. 6; Д. Митревски, Дедели - некропола од железното време од Долното Повардарје, Скопје 1991, 47-48; В. Соколовска, Раноантичка рачно работена керамика од Македонија, Maced. acta archaeol. 12, Скопје 1986, 79; И. Микулчиќ, М. Јовановиќ, Хеленистички oppidum из Кршевице код Врања, Врањски гласник 4, Врање 1968, 369-370. ↩
- И. Микулчиќ, Убикација на Билазора, Скопје 1976, 171; В. Битракова-Грозданова, Спомениците од хеленистичкиот период во ср Македонија, Скопје 1987, 56-57; I. Mikulčić, Pelagonija u svetlosti arheoloških nalaza, Beograd 1966, 30; З. Георгиев, Елементите од раната антика во Долното Повардарје, Год. збор. на Фил. фак. 2, Скопје 1982, 59; Д. Митревски, н. д., 52; Г. Микулчиќ, Кантароси и скифоси од гробницата во Бравда, Maced. acta archaeol. 11, Скопје 1990, 97; В. Соколовска, Раноантичка сива керамика во Македонија, Maced. acta archaeol. 13, Скопје 1993, 142. ↩
- И. Микулчиќ, М. Јовановиќ, Хеленистички oppidum., 367, Т. ХИ, Сл. 384; В. Соколовска, Исар - Марвинци. 82, Т. 28. Сл. 5-8, Т. 72, Сл. 1, 2; I. Mikulčić, Pelagonija, 52- 53, T. XVII. SI. 25 a. ↩
- В. Бишракова-Грозданова, н. д., 49; М. Шурбаноска, Исар - Марвинци, прилог кон проучувањето на хеленистичките амфори во Македонија, Масеԁ. acta archaeol. 7-8, Скопје 1987, Сл. 3, 4; аналогија за продорот и развојот на хеленистичките амфори на црноморските наоѓалишта, види Jan Bouzek, Greek Potery in the black sea area, Prague 1990, Fig. 37, 38. ↩
- До ваквото временско ограничување дојдовме поради фактот што во нашиот случај немавме појава на керамички форми карактеристични за развиениот хеленизам, на пр. калапена керамика. ↩
- Ор. си. 206. ↩
- Нивни каталошки приказ и класирање во групи: М. Паровив-Пешикан, Једна мање позната група импортоване грчке керамике код нас, Годишњак Београдског музеја, Београд 1992, 337-346. ↩
- Сите се сместени во Музеј на Македонија, Скопје; од нив 6 се набавени по пат на откуп, а 6 со ископувањата на J. Вучковит-Тодоровит, Старинар XI, Београд 1961, 246, Сл. 32. ↩
- фрагментот е сместен во Народниот музеј-Охрид, инв. бр. п-324, објавено од В. Лахтов и J. Кастелиц, Нова истраживања, Лихнид 1, Охрид 1957, 36, Т. XII. 5 фрагментот е сместен во Музеј-Завод-Штип, а објавен од И. Микулчии, Илирскоархајски гробови из околине Штипа, Старинар XIII-XIV, Београд 1963, 206. Сл. 34. '6 Микулчиќ, н. д. 94, инв. бр. 86-29; 86-40. ↩
- Islami et H. Ceka, Nouvelles donnees sur L’antiquitée, illyrienne en Albania, Studia albanika I, 1964, 104. ↩
- Alexandresku, La céramique archaique de VII - IV s., Histria, Vol. 4, Bucarest 1978, 80-81, Pl. 58, п. 493. ↩
- Б. Kuitianocxu, Фибули од У-Ш век од старата ера во Народниот музеј во Прилеп, 3АМ IV-V, Скопје 1966, 5-10, како и литературата спомената во овој труд. ↩
- u Д. Гарашанин, Археолошка ископавања у селу Радању на локалитету "Криви Дол", Зборник на Штипскиот Народен музеј I, Штип 1959, 9-51: И. Микулчиќ, Илирски-архајски гробови из околине Штипа, Старинар XIII-XIV, Београд 1966, 19209; Душанка Вучковит-Тодоровипи, Грчки гроб из Демир Капије, Старинар IX-X, Београд 1959, 281-286. ↩
- I. Вучковив-Тодоровиќ, Античка ..., 231-237; В. Соколовска, Археолошки истражувања во Демир Капија, Масеԁ. acta archaeol. 4, Прилеп 1978, 93-111: И. Микулчиќ, Топографија.., 70. ↩
- НА. Машкин, Историја Старог Рата, Београд 1951, 479-480. ↩
Summary
Excavations in the Village of Koreshnica - Demir Kapija
In the furthest southwest part of the village KoreSnica district near Demir Kapija, the archaeological site of "Kamen" is located at the foot of the Late Classical fortification Markov Grad. Protective excavations were carried out at this site in 1991. The reconnaissance activities and the dug sondes resulted in a discovery that points to several phases in use of this area in the Classical Period. Characteristic phenomena in the field were 66 heaps of stone, the function of which is, for the time being, remaining a matter of dispute. The trial trench below Heap VIII revealed grave contents of a burial with inhumation including gray baked pottery, as well as red-figured one from the Olynthian pottery circle dated to the end of the Sth and the 4th century BC. Among the finds, attention is attracted by the completely preserved kantharos of the St. Valentine curtural group. Another settlement also existed in the same area, dated to the 4th and the first half of the Sth century BC according to the material. The Late Classical horizon starts in the north area, presumably a suburb of the fortification Markov Grad. Traces of architecture have been confirmed. To this horizon also belong two graves of cist kind, which indicate existence of a larger necropolis, as well as of an "industrial zone" confirmed by the discovery of two clay furnaces.