Macedoniae acta archaeologica 14 (1995) · стр. 57–65

Ископувања во Кнежје 1994

Селото Кнежје лежи на 3 км западно од Свети Николе. На неговиот југоисточен дел е сместен локалитетот "Градиште", пласиран на повеќе тераси, што се издигаат од 40 до 80 м над околното поле!,1 (Сл. 1). Во целина, претставува големо, терасесто возвишение, прошарано со мошне длабоки поројни бразди, со пад кон іе на кое се наоѓаат Остатоци од бедеми, формирани од глина и камен.2 Всушност, на ова место во раноантичкиот период веројатно егзистирала Билазора, една од поголемите пајонски. населби, позната од античките извори, идентификувана со археолошките истражувања.

Позицијата на оваа населба, односно градот, неговата големина, како и обемот на градителските зафати со фортификационен карактер се показатели за неговиот стопански, административен и, пред се, стратешки карактер во целото Овчеполие. Оттука и И. ,, Микулчиќ со право претиоставил дека се работи за остатоци од Билазора.

Почнувајќи од 1970 година на наваму, ова мошне интересно и големо наоѓалиште беше перманентно загрозувано од гро "Пелагонија" - Св. Николе, која неговиот северен дел го користи како позајмиште на песок (Сл. 2). Со тоа се нанесени сериозни физички оштетувања, особено на еден дел од бедемот на акрополет. Наспроти заштитните интервенции и укажувања од Народниот музеј - Св. Николе и од Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата - Скопје, работите продолжуваа, а со тоа и оштетувањата на културните слоеви.

а 4 Трифуноски, Свети Николе, главна населба во Овчеполската Котлина, Годишен Orie ааа на Природно-математичкиот факултет во Скопје, XII, Скопје 1962, 7. * Ѓ. Трајковски, Ж. Винчиќ, Село Кнежје. Св. Николско - археолошки локалитет

Сл. 1 План на Градиштето; а. хидрорезервоар; 6. сонда Fig. 1 Map of the GradiSte; a. hydroreservoire; 6. trench Во почетокот на 1994 година беа ископани и дислоцирани повеќе камени блокови, со големи димензии, на едната страна обработени во барботин
Сл. 1 План на Градиштето; а. хидрорезервоар; 6. сонда Fig. 1 Map of the GradiSte; a. hydroreservoire; 6. trench Во почетокот на 1994 година беа ископани и дислоцирани повеќе камени блокови, со големи димензии, на едната страна обработени во барботин (Сл. 3), за кои се сметаше дека се остатоци од бедем или пак
Сл.2 некаков монументален објект, и тоа Ј од раноантичката фаза на градиштето. Овие наоди беа повод да се преземат посериозни заштитни постапки, односно да се прекинат работите на ГРО "Пелагонија", а потоа да се извршат археолошки интервенции. Така,
Сл.2 некаков монументален објект, и тоа Ј од раноантичката фаза на градиштето. Овие наоди беа повод да се преземат посериозни заштитни постапки, односно да се прекинат работите на гро "Пелагонија", а потоа да се извршат археолошки интервенции. Така, во организација на на-
планиметриска подлога на локали- Сл.3
планиметриска подлога на локали- Сл.3

родниот музеј - Св. Николе и Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата - Скопје, во текот на април - јуни 1994 година формирана стручна екипа ги изврши потребните ископувања.

Заради воспоставување на соодветната истражувачка методологија во работата, се налагаше раскопаниот простор да се доведе во состојба за поставување метрика и нејзино вклопување во постојната тетот. Оттука се изврши расчистување и дислоцирање на повеќе кубни метри чакал и земја, свлечени од културните слоеви на градиштето. По сите овис активности, кои апсорбираа доста време и напор, се покажа дека преземените заштитни работи целосно ја оправдаа поставената задача. Имено, беше откриена основа од камени блокови поставени еднододруго, индицирајќи остатоци од монументални зидови на некаков правоаголен објект, отворен од југоисточната страна. Ваквата основа, всушност, беше главна насока за спроведување на истражувачките работи.

Сл. 5 делкани и редени во хоризон-
Сл. 5 делкани и редени во хоризон-

По отстранувањето на полнетицата од внатрешниот простор, потоа - на слоевите од чакал и другите наноси, беа утврдени градежните параметри на објектот и се прет-

. постави неговата првобитна

функција. Поточно, се откри монументален објект. резервоар за вода, граден во техни-Ka opus quadratum, организиран

во два дела, и тоа со пристапна скала и бунарски базен

Внатрешните димензии на објектот се 12,04 x 5.45 mM, а заедно со ширината на 5идовите изнесуваат 14 х9 м.

Блоковите се со различни широчини, правилно тални редови. Пет редови блокови на југозападниот зид имаат внатрешно лице обработено во барботин (Сл. 5). Како материјал е користен жолто-зелен песочник, најверојатно донесен од лежиште што се наоѓа кај месноста Пустовалевци и варовник - од мајдан кај c. Немањици. Интересно е дека зидовите од надворешната страна немаат лице, што значи дека објектот бил вкопан.

Сл. 8
Сл. 8

Зачуваната висина на зидовите се движи од 2,70 до 3,76 м. Дали и колку излегувал објектот од нивото на теренот, не се знае. Веројатно, првите оштетувања на зидовите се случиле многу порано, можеби откако замрел животот во градот.

На внатрешните лица на југозападниот и североисточниот зид се врежани правоаголни отвори со димензии 0,07 x 0,08 a 0,07 x 0,10 м, асиметрично распоредени во хоризонтален ред. Тие веројатно служеле за вглавување железни анкери - конзоли, носачи на гредите од дрвената контрукција на покривот

Во зидовите помеѓу блоковите е присутен варов малтер со дебелина од неколку милиметри, кој веројатно служел како филтер за прочистување на водите што странично се слевала во резервоарот.

На лицето од камените блокови вградени во вториот и третиот ред, над нивото на водата на североисточниот ЅНІ, е констатирана и плитко врежана сигнатура КЕР, двапати повторена (Сл. 7).

Бунарскиот базен има квадратна основа со димензии 5,45 x 5,42 M (Сл. 8). Овде, во долните редови на зидовите (стопите), постојат две проширувања. Горното проширување отстапува од површината на лицето на сидовите за 0,08 до 0,09 ми е во висина на најниското (последно) скалило, додека второто е пониско за 0,35 м и излегува нанадвор за 0,24 м.

Длабочината на базенот не е истражена докрај од технички причини, поради појавата на подземна вода. Со извршеното пунктирање, се чини варовник распоредени во 22 реда, поставени еднонаддруго (Сл. 9). Блоковите се доста прецизно обликувани, со ширина и висина што варира. Со таквото редење на скалилата е постигната висинска разлика за совладување од 5,15 м. Во средишниот дел од скалата има големи оштетувања, што се резултат пред се на квалитетот на материјалот. Оштетувања има и на горните редови, меѓутоа - тие се физички. Интересно е дека осум редови од горната партија на скалата ја надвишуваат круната на зидовите на објектот. Тоа нешто упатува на можна претпоставка дека од постоечката висина понатаму зидовите биле градени од дрвена граѓа, и наедно биле носач на покривната конструкција на целиот објект. На каков начин бил решен самиот покрив, засега е тешко да се утврди. Со оглед на димензиите и на внатрешната организација на објектот, се чини дека тој бил рамен и на две нивоа. Првото, повисокото го покривало влезот (скалилата), додека пониското - базенот. Како можна, втора варијанта е дека покривот бил исто така на нивоа, но решен според систем на покрив "на две води". Заедно со ова, останува отворено и прашањето за висината на влезот пред скалилата, како И на кој начин бил организиран. Дали бил отворен по целата ширина или пак имал некакво преградување со дрвени столбови-носачи, не се знас.

Сл. 9 Пресек пред североисточниот зид на хидрорезервоарот Fig. 9 Section of the reservoir by the northeast wall дека таа достигнала длабочина до 2 м под нивото на водата. Исполнета & со мил, чакал, градежен камен паднат од горните партии на зидовите
Сл. 9 Пресек пред североисточниот зид на хидрорезервоарот Fig. 9 Section of the reservoir by the northeast wall дека таа достигнала длабочина до 2 м под нивото на водата. Исполнета & со мил, чакал, градежен камен паднат од горните партии на зидовите и покривот, па и со големо количество керамички материјал. Пристапот до резервоарот-базен е организиран со скалила од Fig. 9 Section of the reservoir by the northeast wall дека таа достигнала длабочина до 2 м под нивото на водата. Исполнета & со мил, чакал, градежен камен паднат од горните партии на зидовите и покривот, па и со големо количество керамички материјал.

Во досегашната археолошка истражувачка практиха, ваков објект или пак сличен, на просторот на Македонија и пошироко, засега, не е откриен. Оттука неговото присуство е посебно значајно, пред се од аспект на сознанијата за комуналната организација и водоснабдувањето во раноантичките градови.

Сл. 10
Сл. 10

Архитектонска сличност со нашиов објект, во Македонија, има кај објектот од локалитетот "Градиште" во с. Бразда, Скопско. идан е со големи камени блокови и во иста техника - ориз quadratum, со лица обработени во барботин, од надворешната страна на градбата. Постојат и други разлики во пристапниот дел. Скалиштето е потесно, решено според принципот на дромос И со влезна врата. Сето тоа, заедно со откриениот материјал на истражувачите во Бразда им дало за повод него да го идентификуваат како Пајонска гробница од VI до ГУ век од ст. е., зидана по пример на гробниците што се среќаваат во јужниот простор на Грција и пошироко.

Проблемот за утврдување на функционалната сличност меѓу хидрорезервоарот во Кнежје и објектот во Бразда, кој се повеќе се актуелизира во нашата археолошка наука, во моментов го оставаме отворен од причини што нашиот резервоар не е целосно истражен. Притоа, и споредбените архитектонски анализи, како и анализите на откриениот археолошки материјал, се уште се во тек.

Паралелно со работите околу откривањето на хидрорезервоарот, извршени се и помали сондажни ископувања на дел од акрополот. Имено, отворена е сонда долга 28 м и широка 1,25 - 2,50 м, поделена на квадрати, со која е зафатен дел од тераса I u тераса И. Со ова, практично беше направен обид да се добијат извесни податоци за внатрешниот бедем, како и за стратиграфскиот и хронолошкиот однос меѓу овие две тераси. Покрај тоа, се очекуваше да се добијат податоци за градбените објекти што евентуално би се откриле.

“ И. Микулчиќ, В. Соколовска, Гробница во Бразда кај Скопје Масеԁ. acta archaeol. 11, Скопје 1990, 89. ѓ . Ибид., 89, со наведената литература. Резултатите од изведените работи се особено итересни од аспект на хронологијата на градот, како и неговата урбана организација. Веднаш под хумусниот слој е откриен дел од темелна партија на внатрешниот бедем, граден во сувозидица од кршени големи камени блокови варовник (Сл. 10). На едната страна од зидот, во просторот на тераса I, се најдени урнатини од градба.

Во делот на сондата што ја зафаќа тераса П се откриени исто така остатоци од градба, потоа јами како и движни археолошки наоди (керамика), од неколку хоризонти на живеење.

Сите овие наоди од едната и од другата страна на внатрешниот бедем временски припаѓаат кон У - Ш век од ст. е. во чии рамки се вклопува и хидрорезервоарот.

Во контекст на сондажните зафати на акрополот треба да се спомене дека сондажни ископувања се вршени и од страна на Археолошкиот музеј на Македонија и Музејската збирка (сега музеј) од Св. Николе, и тоа на делови од односниве тераси.

И, на крај од овој краток прелиминарен извештај би додале дека од "Градиште" потекнуваат многубројни наоди, случајно откриени од месното население, според што хронолошките рамки на населбата, УП - Ш век од ст. е., се воспоставени многу поодамна.

Откривањето на хидрорезервоарот, дел од остатоците од бедемот со неговата стратиграфија се уште еден чекор за поавгажирани натамошни истражувања од интерес на проучувањето на овој пајонски град, како & осветлувањето на градбените и културните традиции на Пајоните во целина.

Appendix: Откако трудов беше предаден во Редакцијата на Масеԁ. acta archacol. за публикување, од печат излезе трудот на почитуваниот колега Зоран Георгиев со наслов "Раноантички стратешки бунари - кули во Бразда кај Скопје и Кнежје кај Св. Николе", во издание на Културно наследство, бр. 19-21, Скопје 1996, од каде се преземени технички цртежи што се однесуваат на темата.

. Микулчиќ, "Градиште" Кнежје 1986, Зборник на Музејот на Македонија 1, „ Археологија, Скопје 1995, 115-122. 7 Наодите се чуваат во Народниот музеј - Свети Николе и во Музејот на

Македонија - Скопје. STEFAN DANEV - Sveti Nikole SUMMARY

Белешки

  1. Градиште" и "Над Бавчи", Историја, год, IX, бр. 2, Скопје 1973, 255. зи. Микулчиќ, Убикација на Билазора, Год. збор. на Фил. фак. 2 (28), Скопје 1976, ↩
  2. Ископувањата се извршени од стручна екипа, во состав: М. Ивановски, раководител - стручен консултатнт, С. Данев теренски раководител, В. Калеова и З. Георгиев, истражувачи. ↩

Summary

Excavations in the Village of Knezhje in 1994

The site of GradiSte is located in the southeast part of the village KneZje. It is Situated on several terraces rising above the adjacent field. It actually comprises a big hill ascending to the north on several terraces intersected with rain grooves. One of the major Paeonian settlements existed here early in the Classical Period.

In the course of time, the site was subject to serious damages, which increased in 1970s. The most recent damages were inflicted to the site in 1994, when several stone blocks with barbotine on one side were dug out and taken away. That was the reason for undertaking comprehensive protective archaeological excavations.

The protective excavations revealed a rectangular structure of wide walls, open to the southeast. A monumental water cistern built in technique of opus quadratum was in question, consisting of two parts, 1. e., an ascending staircase and a basin, measuring 14 x 9m.

The basin is of quadrate base in dimensions of 5,45 x 5,42 m and measuring 2 m. in depth. It is built of limestone and yellow-green sandstone.

The entrance with ascending staircase includes 22 stairs of limestone.

It is hard to suppose in which way the roof of the structure was solved. It seems to have been a flat roof in two levels, the higher one covering the entrance, and the lower level the basin.

A trench has been dug at the acropolis between Terraces I and II, which has resulted in a discovery of internal bulwark built of limestone blocks in dry masonry, as well as walls of structures, pits and pottery production from several horizons of occupation.

The pottery discovered in the trench between Terraces I and II of the acropolis belongs to the span of the Sth-3rd century BC. In these chronological framework is also the discovered hydro-reservoir.