Macedoniae acta archaeologica 14 (1995) · стр. 45–55

Локалитет "Орлова Чука" - тумул III

Југоисточно од с. Стар Караорман, на 3 км источно од Штип, на низок гребен што се спушта од последните расклони на планината Плачковица кон коритото на р. Брегалница, се наоѓа група од 10 тумули распоредени во низа, на меѓусебна оддалеченост од 20 - 40 м. Најголемиот меѓу нив, поради својата доминантност над околниот терен наречен Орлова Чука, му го дал името на целиот локалитет. Оваа маркантна група тумули била цел на археолошки истражувања во повеќе наврати, а според добиените резултати е1 вреднувана во периодот на полното железно време во Македонија, односно кон крајот на уши во текот на УП век пр. н. е.

Со цел да се добие покомплетна слика за погребувањата под тумули на овој простор, како и попрецизно временско детерминирање од локалитетот, во летото 1994 година беше изведено археолошко ископување на најголемиот во групата, тумулот бр. Ш.2 Тумулот има правилна кружна форма со пречник од 18 м во основата и височина од 2 м (Сл.-.1). Првобитната височина на тумулот веројатно била нешто поголема, но под дејство на ерозивните сили земјениот покривач се истенчил, така што на неколку места беа видливи камењата од кругот во чија внатрешност се поставени гробовите. Овој круг во најголем дел е формиран од тенки камени плочи, а наместа се употребени покрупни, делумно обработени блокови, поставени најмногу во три реда еден врз друг. Вака формираниот прстен значително се разликува од оние порано истражените тумули, кои биле опкружени со големи парчиња кршен камен, а околу тумулот VI бил по- " .

корисните сугестии, искрена благодарност до д-р Драги Митревски. дигнат вистински зид висок и до 0,80 mM.3 Со ископувањето беа констатирани 10 гробни конструкции, радијално распоредени околу еден поголем, централно поставен гроб (Цртеж 1). Централниот гроб, означен како гроб 11, со своите димензии и конструкција, значително се издвојува од другите. Во средишниот дел на просторот предвиден за подигање на тумулот била насипана платформа од глина со димензии 4 х 4 м и височина од 0,5 м. Врз неа, во сувозидица од кршени камења и делумно обработени правоаголни блокови, била формирана гробната комора со димензии 3,80 x 3.20 м, со правец на протегање u-3. Западната страна на гробот има апсидална форма, .

Сл.1 Изглед на тумулот Ш (пред ископување) Fig. 1 View of the tumulus III (be fore the excavations) Fig. 1 View of the tumulus III (be fore the excavations)
Сл.1 Изглед на тумулот Ш (пред ископување) Fig. 1 View of the tumulus III (be fore the excavations) Fig. 1 View of the tumulus III (be fore the excavations)
Сл. 2 Гроб 11 (отворен) и Гроб 11a (пред отворање) Fig. 2 Grave 11 (opened) and Grave 11a (prior to its opening) Fig. 2 Grave 11 (opened) and Grave 11a (prior to its opening)
Сл. 2 Гроб 11 (отворен) и Гроб 11a (пред отворање) Fig. 2 Grave 11 (opened) and Grave 11a (prior to its opening) Fig. 2 Grave 11 (opened) and Grave 11a (prior to its opening)
Цртеж 1. Основа и пресек на тумул Ш Drawing 1. Base and section of3 Tumulus II] Drawing 1. Base and section of3 Tumulus II]
Цртеж 1. Основа и пресек на тумул Ш Drawing 1. Base and section of3 Tumulus II] Drawing 1. Base and section of3 Tumulus II]

додека источната и северната страна биле доста оштетени со подоцнежно вкопување на уште еден гроб означен како 11 а (Сл. 2). Дното на централниот гроб било поплочено со тенки камени плочи, а за покривање биле употребени исти такви плочи врз кои потоа се нафрлани поситни аморфни камења.

Другите гробови, според конструкцијата, можеме да ги поделиме во две групи. Во едната група спаѓаат гробовите ги 9, кој бил целосно уништен со прокопување војнички ров од понов датум. И двата гроба се градени од крупни парчиња кршен камен, а се со димензии 3,60 х 1,30 х 0,40 м. Кај гроб 1 целото дно било поплочено со тенки плочи, а покојникот бил засипан со земја врз која потоа биле нафрлани помали аморфни камења. Кај гроб 9 изостанува поплочувањето на дното, но покривањето било изведено со неколку плочи врз кои биле нафрлани ситни камења.

Според сличностите во конструкцијата и димензиите, во другата група спаѓаат гробовите 3, 4, 5, 6, 7, 8 и 10. Нивните димензии варираат помеѓу 1,60 и 1,80 м должина и 0,40 до 0,50 м ширина. Длабочината на гробовите изнесува 0,35 - 0,40 м. Сите се формирани од тенки плочи поставени во 3-4 слоја, една покрај друга. На страната свртена кон камениот прстен сите гробови се затворени со поголема правоаголна плоча, додека на спротивниот крај, свртен кон централниот гроб, се јавуваат една или повеќе поголеми плочи што немаат никаква врска со самата гробна комора, туку претставуваат надгробни обележја. Најдобра потврда за ваквото толкување е надгробниот камен на гроб 4, кој беше откриен во речиси интактна, вертикална положба, додека пред гроб 6 била подигната вистинска могила од аморфни камења и плочи високи 0,60 м. Сите, со исклучок на гроб 10, имаат целосно или делумно поплочено дно, а покривањето било изведено со повеќе тенки плочи со потоа нафрлани ситни камења. Само кај гроб 3, над вака формираната покривка, била положена масивна плоча со квадратна форма.

Од самиот опис на гробните конструкции и нивните димензии веќе е јасно дека се работи за скелетни погребувања. Покојниците најверојатно биле положени во испружена положба со глави свртени кон централниот гроб. Велиме - најверојатно, затоа што остеолошки материјал отсуствуваше во поголем број од гробовите, но, според откриените заби и остатоци од долги коски во гробовите 1, 3 и 9, можеме со голема доза ма сигурност да претпоставиме дека во ваква положба биле погребани и другите покојници. Обратна ориентација на покојникот можеме да претпоставиме кај гроб 7, на што упатува само распоредот на наодите, бидејќи не беа зачувани никакви скелетни остатоци. Двете обетки изработени од тенка бронзена жица, кои беа откриени во делот од гробот поблизок до камениот прстен, сосем јасно ја откриваат местоположбата на главата на покојникот, додека керамичкиот сад поставен на спротивниот крај од гробот е во спротивност со местоположбата на садовите во гробовите 1, 8 и 9. Ширината на централниот гроб секако остава можност и за погребување во згрчена положба, но поради отсуство на остеолошки материјал, и ова прашање останува отворено. Единствено неколкуте заби пронајдени во западниот (апсидален) дел од гробот укажуваат на местоположбата на покојниковата глава.

Споредено со порано истражените тумули од овој локалитет, слободно може да се каже дека количеството подвижен археолошки материјал, како гробен, така и вонгробен, е изненадувачки мало. Од вкупно 12 гроба, само во 4 беа откриени керамички садови (во гробовите 1, 7, ви 9), остатоци од железни предмети содржеа гробовите 1, 4, 8, Оди 11, а делови од накит само гробовите 4 и 7. Ништо поголемо не е ни количеството керамички фрагменти откриени надвор од гробовите (главно концентрирани на просторот околу гробовите 4, 5 и 6, но под нивото на нивното погребување.

Т. Га-г. Садовиод гробовите 1,9, 8, и 7
Т. Га-г. Садовиод гробовите 1,9, 8, и 7

Она што веќе на прв поглед паѓа в очи е различноста помеѓу гробната и вонгробната керамика. Садовите од гробовите | и 9 се бокали со рамен раб, цилиндричен врат и топчест стомак кој завршува со рамно дно. И двата сада имаат по една рачка со елипсовиден пресек која го надвишува работ. Изработени се од глина и примеси на кварц, а печењето е нерамномерно, црвенокафеаво (Т. Іа и 6). Кон истиот тип садови припаѓа и бокалот од гроб 8, кој е со нешто помали димензии, подобра фактура, а печењето е сиво-црно. (Т. I в). Од гроб 7 потекнува плитката конусовидна шолја со рамен раб и рачка која го надвишува. Садот е со сиво-црна боја, груба фактура и делумно мазнета површина (T. Ir).

Гробен прилог веројатно претставувале и фрагментите од двете шолји пронајдени на просторот на уништениот гроб 2. По формата и фактурата се многу блиски до претходно споменативе бокали, но со помали димензии, а на стомакот се декорирани со плитки, косо поставени канелури. И двете шолји се сиво-црно печени, со груба фактура и делумно мазнета површина (Т. II а и б).

Керамичкиот материјал пронајден надвор од гробовите го сочинуваат фрагменти од десетина различни садови чие присуство во тумулот може да се поврзе единствено со погребувањето во централниот гроб, односно со посмртната гозба приредена во чест на T. П. фрагменти од садови најдени надвор од гробовите -P1. II. Fragments of pottery discovered outside graves

Илустрација, стр. 50
Pl. II. a. Ear-rings and a braceled (Grave 7); 6-д. razors, tweereps and needle (Grave 1); ѓ. blade (Grave 4); e. needle (Gravel1)
Pl. II. a. Ear-rings and a braceled (Grave 7); 6-д. razors, tweereps and needle (Grave 1); ѓ. blade (Grave 4); e. needle (Gravel1)

T. III. a. Обетки и белезица (гроб бр. 7); 6-7. бричеви, пинцета и игла (гроб бр. 1); ѓ. нож (гроб 6p. 4); е. игла (гроб бр. 11)

родоначалникот. До ваква констатација не води фактот што сите овие фрагменти се пронајдени под нивото на вкопување на другите гробови, односно на нивото на протохумусот. Со поквалитетна изработка се издвојува фрагментот од длабока чинија со вовлечен раб, декориран со плитки, косо поставени канелури. На самиот раб биле хоризонтално поставени најмалку две рачки (Т. II в). Кон ваков или сличен тип чинии припаѓале и полукружните лентести рачки, хоризонтално поставени на работ од садот. Рачките се декорирани со плитки канелури, кои се надоврзуваат на исто така канелираниот раб (T. П ги д). Кон групата канелирани садови припаѓа и фрагментот од стомак од шолја украсен со одвај забележливи вертикални канелури над кој се наоѓа низа убоди во вид на триаголници. (T. II Ѓ).

Од другите форми се издвојува плитка чинија со рамен раб (Т. П е), какои фрагмент од поголем сад со рамен, нанадвор извлечен раб И висок конусен врат (Т. П ж).

Според начинот на изработка, сите садови се доста слични, т. е. имаат темнокафеава до црна боја, груба фактура и делумно мазнета површина.

МЕТАЛ:

Изработки од метал содржеа 6 од вкупно 12 гробови:

- во гроб 7 се пронајдени две обетки и нараквица изработени од тенка бронзена жица чии краишта се преклопуваат. Накитот е со димензии што би одговарале на дете од 1 до 2-годишна возраст (Т. Ш а). Другите наоди се изработени од железо што е во мошне кородирана состојба.

- од гроб 1 потекнуваат два брича, од кои поголемиот - целосно зачуван - е со должина од 11,5 см, а зачуваниот фрагмент од помалиот е со должина од 8,6 см. Обата се прилично кородирани, но сепак е сосем јасно дека острицата се наоѓа на конкавната страна (Т. Ш б и в). Од истиот гроб е и железна пинцета, долга 9,4 см (Т. Ш г), како и фрагментираната железна игла зачувана во должина од 15,2 см (Т. Шд).

- во средишниот дел на гроб 4 се наоѓаше солидно зачуван HOW, од кој недостига врвот, а зачуваниот дел е со должина од 13,5 см. Ножот завршува со три на кој била насадена коскена или дрвена рачка, за чие прицврстување била употребена мала нитна (Т. Ш f).

- во централниот гроб беше пронајдена железна игла долга 12,5 см. Од неа недостигаат главата и врвот (T. Ш е). Мали фрагменти од игла беа присутни и во гроб 9, додека во гроб 8 се наоѓаа остатоци од поголем железен предмет, веројатно нож, за жал целосно распаднат.

Надвор од гробовите беше пронајден само еден метален предмет, т. е. мал железен обрач откриен помеѓу покривните камења на гроб 3.

АНАЛОГИИ И ДАТИРАЊЕ:

Тумулот број Ш по својата архитектура, начин на погребување и гробните прилози, покажува значително Cre Тлу nae: не само од претходно истражуваните тумули од овој локалитет4 , туку и од другите досега истражени тумули по текот на реките Брегалница"5 и Вардар".6 Според внатреш- “ Види заб. 1.

ата структура и начинот на погребување, се чини дека овој тумул е најблизок до големиот родовски тумул во Беранци",7 а преку него - и со тумулите од раното железно време во Вергина8 .

Иако гробните конструкции покажуваат отстапување од камените ковчези-цисти кои се јавуваат во тумулите во Пелагонија и Вергина, сепак во основа ја спазуваат идејата за погребување во правоаголни цисти, користејќи го за нивно формирање најдостапниот материјал - кршениот камен и тенките плочи, со кои изобилува околниот терен. Правоаголни конструкции од кршен камен се јавуваат и кај поголемиот број гробови од тумулот VI, како и двата гроба од тумулот I од Орлови Чуки“.9 Најверојатно на овој тип гробови припаѓаат и оние од соседната некропола од могилите на локалитетот "Криви Дол" кај Радање".10 "а мошне слични се и гробовите од могилите на локалитетот "Дабици" кај Cenc”11

Што се однесува до подвижниот археолошки материјал, меѓу откриените предмети отсуствуваат хронолошки поосетливи, така што временската определба ја вршиме не само врз основа на овде пронајдените артефакти, туку уште повеќе - врз основа на материјалот кој овде не се јавува, а е во поголема мера присутен во другите тумули од Орлови Чуки и на поширокиот простор по текот на Брегалница и среден Вардар:12

- Бокалите со една рачка што го надвишува работ, без никаква декорација, секако се продолжение на бронзеновременските традиционални домашни форми, а нивната еволуција може да се следи и во текот на целото железно време во Македонија. Ваквите садови од Варош кај Прилеп долго време биле третирани како ранобронзеновременски13 ", а во непосредната близина е откриено и керамичко депо во чиј состав влегуваат повторно бокали, по форма и начин на изработка мошне слични со овие од Орлови Чуки“.14 Споредени со истите вакви садови од Кастанас, благодарение на прецизната стратиграфска и хронолошка определеност на овој локалитет!“15 керамичките гробни прилози од тумулот Ш би можеле да ги сместиме во © O опје 1994, 116. 7 1 Mikulcié, Pelagonija и svetlosti arheoloSkih nalaza, Skopje - Beograd 1966, 13. eu Mutapeecxu, Протоисториските заедници. 131; Hammond N. OC. L., 1982 - Illiris, „ Epirus and Macedonia in the early Iron Age, CAH vol Ш-1. “ .

Ht Al. Muitipescxu, Протоисториските заедници, 116.

Ibid. 141-175.

“С време во Македонија, односново втората половина на IX, а најдоцна до почетокот на VIII век пр. н.е.

- Во прилог на ваквото датирање оди и вонгробниот керамички материјал. Чиниите со вовлечен канелиран раб на територијата на Македонија, за првпат ќе се јават кон крајот на XII век пр. н. е. на неколку локалитети по долината на Вардар и на најдобар начин ги илустрираат продорите од Централен и Северен Балкан кон југ, познати како Егејски селидби.16 Канелираната керамика во текот на железното време ќе се одомаќини на почвата на Македонија, но нејзиното ТУРО потекло е веројатно причината што во раното железно време ја среќаваме надвор од гробовите, додека во точно утврдениот, канонизиран погребен ритус се користат садови чии форми припаѓаат кон повеќевековната домашна традиција.

- Малобројните предмети од железо, како и накитот од тенка бронзена жица, се производи што се јавуваат во голем временски интервал, така што не можат многу да придонесат за попрецизно датирање на овој тумул. Бричевите, пинцетата и иглите се дел од тоалетниот прибор присутен во машките гробови уште од преодниот период",17 а на територијата на Македонија се присутни се до средината на V век пр. н. е.18

Според погоре изнесениве податоци, на мислење сме дека тумулот Ш од Орлови Чуки претставува најстар од досега истражените тумули на овој локалитет, а според досегашните сознанија за тумуларните погребувања во Македонија временски би уследил по најстарото погребување во тумулот од Висои - Беранци, односно во почетокот на железното време во Македонија, период на голема културна стагнација предизвикана од т. н. Големи Егејски селидби. ТКАЈСЕ NACEV - ир MARIAN JOVANOV - Skopje SUMMARY

THE SITE OF "ORLOVA ČUKA" - TUMULUS III

Tumulus III is the largest one in the group of 10 tumuli at the site of Orlova Cuka near Stip.

The excavations in 1994 yielded 10 graves radially arranged around a larger central grave. The graves are surrounded by a circle of stones measuring 18 m in diameter. The central grave has been raised on clay platform at 0,5 m elevation and built of stone blocks and amorphous stones. The other graves are built of crushed stone or stone slabs forming rectangular grave pits of cist type. These graves were dug into the already existing barrow heaped in honor of the tribe father, i.e., the deceased buried in the central grave.

Белешки

  1. И. Микулчиќ, Могили од Орлова Чука кај село Караорман, Зборник на Штипскиот народен музеј II, Штип 1961, 47-64; Р. Пашић - Винчић, Археолошка испитивања на локалитету Орлова Чука код села Стар Караорман. Старинар XXI, Београд 1972, 129-134; Р. Пашић, Орлови Чуки, некропола под тумулима, Археолошки преглед 1987, Љубљана 1989, 78-79. ↩
  2. Ископувањето го изведе Заводот за заштита на спомениците и Народен музеј - Штип, под раководство на кустосот Трајче Нацев. За повременото учество и корисните сугестии, искрена благодарност до д-р Драги Митревски. ↩
  3. И. Микулчиќ, Могили од Орлова Чука, 49. ↩
  4. Види заб. 1. ↩
  5. М. и Д. Гарашанин, Археолошка ископавања у селу Радању на локалитету Криви Дол, Зборник на Штипскиот народен музеј I, Штип 1959, 24-27; В. Санев, Могилите од Куново-Чуки кај село Оризари - Кочанско, Зборник на Археолошкиот музеј VIII - IX, Скопје 1978, 7-20; Д. Митревски, Кунови Чуки кај Оризари - Могила II, Maced. acta archaeol. 11, Скопје 1990, 59-77. ↩
  6. Д. Митревски, Протоисториските заедници во Македонија преку погребните ритуали, форми и обичаи (докторска дисертација), Скопје 1994, 116. ↩
  7. I. Mikulčić, Pelagonija u svetlosti arheoloških nalaza, Skopje - Beograd 1966, 13. ↩
  8. Д. Митревски, Протоисториските заедници, 131; Hammond N. G. L., 1982 - Illiris, Epirus and Macedonia in the early Iron Age, CAH vol III-1. ↩
  9. И. Микулчиќ, Могили од Орлова Чука, 49. ↩
  10. Д. и М. Гарашанин, op. cit. 24-27. ↩
  11. Д. Митревски, Протоисториските заедници, 116. ↩
  12. Ibid. 141-175. L a-e. Pottery from graves 1, 9, 8 апа 7 archaeol. 4, Прилеп 1978, 33-55. ↩
  13. Б. Китановски, Раноброзенодопски гробови од Варош кај Прилеп, Maced. acta archaeol. 4, Прилеп 1978, 33-55. ↩
  14. Китановски, Праисториско керамичко депо од Варош кај Прилеп, Масеԁ. acta archaeol. 6, Скопје 1983, 21-35. ↩
  15. B. Hansel und A. Hochstetter, Die Stratigraphie von Kastanas, nomas Thessaloniki als Datierungshilfe für aus dem, Crna Reka Einzugsgebiet, Зборник посветен на Б. Бабиќ, Прилеп, 1986, 258-259. ↩
  16. Thid. 65. оа Георгиев, Архајски тоалетни реквизити од долното Повардарје, Год. збор. на ↩
  17. Фил. фак. 8, Скопје 1982, 97-104. ↩
  18. Д. Митревски, ор. cit. 140. ↩

Summary

Тне site of "Орлова сhuка" - tumulus III

Clay pottery has been discovered in four of the graves including jars with flat rim, cylindrical neck, ball-shaped body and a handle surmounting the rim. Fragments of a dozen of vessels have been found outside the graves, most frequently decorated with low cannelures. Several iron objects have also been discovered in the graves: a blade, two razors, tweezers and three fragmentary needles, as well as two earrings and a bracelet made of thin bronze wire.

The dimensions, form and structure of the actual tumulus, as well as the grave finds and the moveable archaeological material point out that the inhumations are earlier in date then the ones in the formerly researched tumuli from the same site and they can be attributed to the Early Iron Age in Macedonia, i.e., the second half of the 9th century BC.