Macedoniae acta archaeologica (None) · стр. –

Ѓорѓе Мано-Зиси

На 2. 12. 1995 година згасна благородното срце на еден од најомилените и најзаслужните археолози на поранешниот југословенски простор - Ѓорѓе Mano - Зиси. И покрај тоа што проф. Г. Мано-Зиси веќе долго се бореше со нарушеното здравје, во длабока старост, неговото заминување ги возбуди бројните пријатели и соработници, колеги и ученици, бидејќи тој остави зад себе значајно научно дело и спомен на несебична, срдечна личност, отворена за контакти, помош и совети на младите генерации.

Проф. Ѓорѓе Мано-Зиси е роден 1901 година во Будимпешта, а студирал на Универзитетот во Будимпешта и Белград каде што и дипломирал. Долги години го водел античкото одделение на Народниот музеј во Белград, предавајќи паралелно и музеологија на Филозофскиот факултет. Од најраните професионални години истражувал со угледни европски археолози во Стоби, а подоцна во Царичин Град, Гамзиград, Ниш, Нови Пазар и други значајни локалитети. Во исто време, проф. I’. Мано-Зиси пишувал и за средновековниот живопис во Македонија и од таа област познати му се прилозите за Света Софија во Охрид. Полошко, како и за црквите во Србија - Дечани, Нова Павлина и друго. Неговиот интерес се пројавува во многу широк хронолошки распон, од раната архајска епоха (Нови Пазар), урбанизацијата во хеленистичкиот период во Илирикот и старохристијанската култура, па се до византиската уметност. Тој го проучуваше и средновековниот текстил, метали и делата на применетата уметност.

Ерудита со широки погледи, со истанчен естетски критериум проф. Ѓ. Мано-Зиси влегуваше со интуиција и широчина на познавањата во проблематиката што ја обработуваше. Во последните активни творечки години тој го даде својот придонес во поновите истражувања на Стоби.

Неконвенционален, со многу човечка топлина и отвореност тој привлече голем број ученици и почитувачи во својата средина и во светот. Во Македонија беше окружен со почитување на археолозите што соработуваа со него. Затоа сите сочувал респект и JbyOOB за неговиот придонес и за неговиот благороден човечки лик.

ЦВЕТАН ГРОЗДАНОВ