Macedoniae acta archaeologica 14 (1995) · стр. 25–36

Гроб - питос од Средно Нерези, Скопје

Неодамна, при изведување на градежни работи, пробивање пат во подножјето на едно мало возвишение наречено Круша до населбата Средно Нерези - Скопје случајно беше откриен локалитет непознат досега во Археолошката карта на Македонија. На локалитетот беа изведени краткотрајни заштитни истражувања, со кои се констатира дека се работи за мала населба од бронзеното време и некропола со гробови од железното време и римскиот период. Малиот достапен простор и ограниченото време за истражување не ни овозможија поцелосно да го проучиме локалитетот. Сепак, добиените резултати зборуваат дека се работи за значаен наод на кој треба да му се посвети посебно внимание во натамошните истражувања. Покрај другите наоди, како целина во овие истражувања се издвои погребување во голем сад-питос, досега непознато во централните и северните делови на Македонија, како и пошироко на Централен Балкан, поради што го земаме за предмет на овој труд.

Локалитетот се протега на југозападната периферија на Скопје, 4,5 км западно од центарот на градот, или околу 500 м во ист правец од Градиштето кај Средно Нерези. Возвишението е мало, зарамнето плато со површина од околу 0,3 хектари кое лежи врз северното подножје на

планината Водно. Неговата западна страна завршува со стрмна падина што се спушта врз десниот брег на реката Вардар, каде што прави голем свиок, а источната страна е моделирана од пороен поток што слегува од падините на Водно и длабоко го засекол теренот на ова место.

Гробот-питос се наоѓа и лежи врз стрмна падина на северното подножје од локалитетот Круша (Сл. 1), веднаш до последните куќи на населбата Средно Нерези.

Гробот-питос лежи на длабочина од 1,30 м од површината и е поставен во хоризонтална положба (Сл. 2). Од неговата горна страна, почнувајќи од работ некаде до средината на мевот, направен е неправилен кружен отвор со димензии 0,70 х 0,80 м (План 1). Отворот на питосот се затворен со фрагментирани делови од друг, поголем сад или питос, а е ориентиран кон југ. Дното недостига, односно правилно е пресечен, а од внатрешната страна е пополнет со слој добро прочистена светло- : сива глина кој изнесува 0,20 м. : Со изведените интерформа на гробна конструкција, за да се потребе во него покојникот. Надворешната должина од работ до дното изнесува 1,56 м, додека неговата внатрешна должина изнесува 1,36 м. Ориентацијата му е ј-с. Питосот е изработен од темноцрвена глинеста земја помешана со доста кварцни зрна и ситни каменчиња. Има нагласен стомак, кој конусно се стеснува кон дното, кусо широко грло украсено со две

Сл. 1 Локалитетот Круша - поглед од северната страна Fot. 1 North foot of the site of KruSa
Сл. 1 Локалитетот Круша - поглед од северната страна Fot. 1 North foot of the site of KruSa
Сл. 2 Гроб - питос венции, питосот веќе добил Fot, 2 Pithos — Grave
Сл. 2 Гроб - питос венции, питосот веќе добил Fot, 2 Pithos — Grave
Сл. 3 Основа и пресек Fig. 3 Baseand section Fig. 3 Baseand section
Сл. 3 Основа и пресек Fig. 3 Baseand section Fig. 3 Baseand section

канелури, а под нив пластично изработен венец со коси остри зарези, не особено нагласен раб и отвор во ширина на грлото. Веднаш под стомакот, на четири места еднакво оддалечени една од друга, поставени се мали печуркави држалки за носење. Во питосот е погребан покојник поставен во испружена положба на плеќи, скоро низ целата должина (Сл. 3). Главата му с одвоена од телото И лежи врз Десната рака, во висина на карлицата. Покојникот е јувенил crap 13-15 години",1 погребан со накит чии форми и големина ни укажуваат дека веројатно се работи за женски пол, чиј ск-лет v целосно зачуван со вкупна должина од 1,10 м.

Од археолошките наоди во пределот на градите се откриени: Ѓердан од 4 тенкоспирални салталеони, 2 од левата и 2 од десната страна. кои : -

новска од Музеј на Македонија. како приврзок во средината ги соединува едно биконусно бронзено монисто (Т. Ш, 1) 3 бронзени мали полукалотести копчиња, од внатрешната страна, имаат петелка за зашивување (Т. Ш, 2), големо полукалотесто бронзено копче-фалера, со профилиран раб издигнат нанадвор, украсен со закосени прави врежани линии, кои формираат круг. Од внатрешната страна има петелка 3a зашивување (Т. I, 1, T. II, 3). Во пределот на черепот, од левата И од десната страна, откриени се по една повеќеспирално намотани обетки, изработени од бронзена жица (T. I. 2; Т. Ш, 3). На десната рака 2 масивно леани бронзени белегзии со прекрстени остри краишта (Т. I. 3, 4; T. I. 1, 2) u 2 прстена со прекрестени краишта, израбо-

Илустрација, стр. 28

Т.1 Гробни наоди

тени од бронзена жица (Т. I. 5;

T. I Grave finds

Т. Ш, 4 6, в). На левата рака масивно леана бронзена белегзија со прекрстени остри краишта (Т. 1, 5; T. ИЛ. 4) и прстен со прекрстени краишта, изработен од бронзена жица (Т. III, 4 а). Помеѓу нозете, близу до стапалата на покојникот, откриен е фрагментиран сад-дно со зачувани делови од стомакот, рачно работен од светлокафена земја (Т. Ш, 5).

Како појава во Македонија, погребувањето во питос е познато единствено на некрополите во нашето Долно Повардарје од УП и VI век пр. н. e., а се карактеризира со мошне сиромашни гробни дарови. На некрополата во Дедели се констатирани најмногу гробови-питоси, од кои само два со најновите истражувања нумерирани како гроб 6A и 6Б.2 За другите погребувања во питоси од оваа некропола добиваме информација од В. Пингел“,3 ,

Скопје 1991, 39, Сл. 49.

носно од Р. Васиќ“4 презентирајќи ги резултатите на германските ископувања, вршени во 1917 година од проф. X. Драгендорф - во Дедели и Марвинци, кога покрај 6 гроба цисти се откриени и неколку гробови-питоси. Меѓутоа, нема подетални податоци за гробните дарови или за односот на гробовите-питоси со оние од цисти. Двата гроба-питоси од Дедели, иако значително оштетени, врз основа на мечот со махароидна форма во питосот ба, ја одбележуваат долната граница на погребување5. Скоро идентична е ситуацијата со гробовите-питоси и кај другите некрополи. На некрополата Сува Река кај Гевгелија се откриени два6 , исто толку кај Мар-ВННІМ и еден во Милци.8 Сите питоси што послужиле како гробна конструкција за погребување од

Илустрација, стр. 29

овие некрополи се значително оштетени и се карактеризираат со мошне сиромашни гробни прилози, со што прашањето за нивно попрецизно хронолошко детерминирање останува отворено. Оваа согледба порано ја констатира 3. Георгиев кој, врз основа на гробните дарови, гробовитепитоси од Сува Река и Марвинци, хронолошки ги определува како оние од Дедели во VI век пр. н. е“.9

“ Р. Bacuh, Нови елементи за проучавање гвозденог доба Вардарске долине, Старинар Н.С. xm. XXVII/1976, Београд 1977, | - 17; исто, Халштатске некрополе у долини Вардара, Сахрањивање код Илира, km. VIII/2, Београд 1979, 219-225. .

° P. Пашиќ, Археолошки исражувања на локалитетот Сува Река во Гевгелија, Масеԁ. acta archaeol. 3, Прилеп 1977, 47 - 48; исто, Археолошки испитувања на локалитетот Сува Река во Гевгелија, Зборник на Арх. муз., Скопје 1978, 26,

Р. Пашиќ, Ж. Винчиќ, М. Ивановски, 3. Георгиев, Некрополата Милци кај Гев-

гелија, Култ. наслед. 10 -11, Скопје 1987, 76.

Фил. фак., Скопје 1984, 73 - 74. на некрополата кај Микена, на која се погребувани инхумирани покојници во јами и монолитни цисти и кај Рутси, на која се погребувани инхумирани покој-

Илустрација, стр. 30
Илустрација, стр. 30

T. UI ници само во цисти". На Пело-

понез, до 900 година пр. н. е. гробовите-питоси веќе ги има и на некрополите кај Аргос, Палаипирго, Дервени, Нихорија и Ларне. Во северна Грција на некрополите на Тасос!11 и кај Вергина, засега се откриени најголем број гробови-питоси“..12

Во копнена Грција овој обичај веројатно се пренесува од Крит и од Мала Азија. На Крит се познати погребувања во питоси уште од раното бронзено време. Како и на Крит, во Мала Азија се констатирани погребувања во питоси или во поголеми кујнски садови на повеќе некрополи уште пред 2000 година пр. н. еВ J. Неуступни смета дека овој обичај се ширел од Месопотамија кон запад...

Пред да се осврнеме врз определување на хронолошкиот момент на нашиот наод, интересно е13 да се одбележат неколку заеднички карактеристики од начинот, појавата и примената на овој обичај на погребување. Во оваа смисла се забележува дека обичајот на погребување во питоси со сите придружни манифестации се применува во ист непроменет облик, без "9 A.M. Snodgrass, The Dark Age of Greece, Edinburgh 1971, 178; J. Neustupni, Praistorija éoveéanstva, Sarajevo 1960, 258, 263.

1 AM. Snodgrass, op. cit., 181; Ph. Bruneau, Tombes d14 Argos, BCH 1970 - II, 466, fig. 60; G. Daux, op. cit., BCH 1956 - I, 270, fig. 19; X. KouxovdAn — XpvoavOavn, op. cit., 451 - . . разлика на неговата хронолошка припадност, територијата каде што се појавува и културно-етничката заедница што го применува. Во овој контекст, можеби треба да се забележи и нагласи дека најголем број погребувања во големи кујнски садови или во питоси се со деца и млади покојници од кој било пол. Погребувањето на возрасни покојници во питоси мошне ретко се применува, а кај некои култури воопшто не се среќава. Дали се работи за случајност условена од веќе однапред ограничениот мал простор на комората за погребување или за верување што произлегува и има подлабоки корени, засега останува отворено прашање. Од друга страна, слободно можеме да констатираме дека сите досега откриени погребувања во питоси се со инхумирани покојници, кои ја задржуваат позицијата на поставување на покојникот во комората - во згрчена или испружена положба, со сите придружни форми на накит и други гробни дарови, во зависност од времето кога се применува едниот или другиот обичај на погребување.

Од хронолошки аспект, како форма на погребување, нашиот наод не ни овозможува доволно податоци освен гробните дарови во него; затоа ќе се осврнеме на блиски територијални и хронолошки паралели, за да може да си го најде местото во културно-историската шема на овие простори.

Гробните дарови се исклучително накит, освен еден фрагментиран дел од сад, кои хронолошки можеби не се многу осетливи, но сепак нивните основни типолошки карактеристики го определуваат овој наод во приближни хронолошки рамки. Множеството од нив се среќаваат на поширок простор и претставуваат форми познати кај повеќе наоѓалишта од железното време на Балканот.

Најпрво ова се однесува на масовно леаните бронзени белегзии со прекрстени краишта. Нашиот наод содржи три примероци (T. I. 3, 4, 6; T. ИЛ, 1, 2, 4). Едната е со скршен крај, но е приспособена за натамошна употреба. Сите се масовно леани од бронза, со кружен, наместа елипсовиден пресек, при што краиштата постепено им се стеснуваат, а некои се украсени со врежани цртички. Нивни директни и најблиски аналогии наоѓаме кај наодот од Бразда крај Скопје, датиран во УП век пр. H. е. и скоро идентичните наоди откриени во тумулите кај Сува Река на Косово, датирани во фаза С на халштатската култура.!е во тумулот 2, на локалитетот "Влаш- "и Кораќевиќ, Наод од халштатско време од Бразда кај Скопје, Масеԁ. acta archaeol. 3, Прилеп 1977, 58, Сл. 3 - 7. 16 N. Slavkovié-Durié, ШЕ tumuli kod Suve Beke, Glasnik MKM IX, Pri&tina 1964, 541, T. 1, тица“ кај Гњилане, белегзиите со прекрстени остри краишта се датирани од VIII до УП век пр. н.е.17

Сродни масовно леани белегзии со прекрстени остри краишта се откриени и на локалитетите кај селата Волково и Бучинци близу до Скопје18, како и од околината на Куманово19. и Криви Дол кај с. Радање,20 датирани во VII век пр. н.е.

Кај долноповардарските некрополи ваквите белегзии се саѕі ретки. Аналогно на крите се откриени во гробовите A и Б од Чаушица,“. гроб 31/35 од Munn22 и гроб 25 од Дедели,23 сите датирани во првата половина од УП век пр. н. е.

Во VI век пр. н. е. белегзиите со прекрстени краишта се издвојуваат од постарите примероци, примајќи рајски елементи24 со поедноставување на формата и на украсните елементи

Копчињата - фалери и доста идентичните познати форми на појасните фалери и токи се присутни скоро на целата територија на Балканот во текот на раното и развиеното железно време, во повеќе форми ажурирани со разни украсни елементи. :

Покрај формата, за нас од посебно значење е и украсот на полукалотата во вид на фриз составен од закосени прави врежани линии што формираат круг (Т. 1. 1; T. I. 3). Ваквиот украсен мотив, комбиниран со косо шрафирани триаголници, досега едниствено го среќаваме кај бронзените макари од Бразда крај Скопје“25 и од околината на Куманово“,26 датирани во УП век пр. н. е. Неодамна, 3. Георгиев овој украсен елемент го означи како мотив на басараби-стилот, во рамките на T. H. басараби- 7 R. Vasié, Oblast isto&nog Kosova, juzZne Srbije i severne Makedonije, PJ7, Y, Sarajevo 1987, 679; Господари сребра, Гвоздено доба на тлу Србије (каталог). Београд 1990, 157, комплекс од втората половина на VII и VI век пр. н. е. Трите мали полукалотести копченца изработени од тенок бронзен лим, со петелка за зашивање во центарот на калотата од внатрешната страна (Т. Ш, 2), претставуваат постара варијанта на овој тип накит. Во непроменет облик живеат на широк територијален простор, а нивна најголема концентрација се забележува на Гласиначкото подрачје, каде што се следат уште од раното бронзено време. Со оглед дека како форма немаат некое поголемо културно значење, овде нема да се задржуваме во анализа на нивните типолошки карактеристики.

Кај долноповардарските некрополи овој тип накит е мошне редок. Тука единствено се откриени во гробот-могилка 55 од Дедели, датиран околу средината на УП век пр. H. e.

Сродни облици на овие копченца, кај кои петелката за зашивање оди преку целиот отвор на калотата, претставуваат помлада варијанта на овој тип накит. Во нешто видоизменет облик, оваа варијанта копченца е присутна низ целото развиено железно време на Балканот. Забележливо е нивното присуство на територијата на централен и северен Балкан (Широко на Косово, Бразда и Орешани кај Скопје, околината на Куманово, Поду-

Ѓерданот од 4 салталеони, два од левата и два од десната страна, кои како приврзок во средината ги соединува едно бронзено биконусно монисто, бил врзан околу вратот со двојно плетен конец (Т. Ш, 1). Салталеонот во непроменет облик е присутен низ целото железно време на многу широка територија. Поради тоа, нема некое поголемо хронолошко или културно значење. Меѓутоа, сам или во комбинација со други украсни предмети, се употребува во разни функции на накит. Употребен во функција на ѓердан аналогно на нашиот, го срекаваме на повеќе локалитети од Вил до VI век пр. н. е. (Вијуга - Кладово ., Црквина- Кремна“: , Милци - Гев-

Простите прстени со прекрстени краишта (Т. 1. 5; T. Ш. 4) изработени од бронзена жица типолошки припаѓаат кон постарите видови и немаат З. Георѓиев, Басараби стилот во Македонија, Масеԁ. acta archaeol. 13, Скопје 1993, 8 A. Benac, M. Covié, Glasinac I, Sarajevo 1956, 25 - 34, T. IV, 8, 14; T.V, 2-20 и натаму. Al. Митревски, op. cit., 31, T. XV, 11.

N. Slavkovic-Duric, op. cit., 538, 539; Д. Кораќевиќ, op. cit., 61, 62, сл. 14-16; P. Пашиќ, Бронзени предмети од околината на Скопје, Масеԁ. acta archaeol. 4, Прилеп 1978, 60, Т. I, 2, 3, 8, 9; 3. Георгиев, Нов халштатски наод ..., ор. cit., 71, сл. 9 - 18; J. То-Ooposuh, op. си., 100 - 107, T. XLVIII, 5-17, T. XLIX, 1-5.

Господари cpe6pa, op. cit., 153, 87/9

M. Zotovic, ArheoloSki i etni¢ki problemi bronzanog i gvozdenog doba zapadne Srbije, Beograd 1985, 79, T. XXIII, 5. “ар. Пашиќ и други, ор. cit. 75, T. 1, 5. поголемо културно значење, додека наушниците од спирално намотана бронзена жица (Т. 1. 2; Т. Ш. 3) во непроменет облик се присутни низ целото железно време и претставуваат еден од најексплоатираните по форма накит.

Фрагментираниот дел од сад претставува дно со зачувани делови од стомакот; работен е на рака од светлокафена земја, а се одликува со груба фактура и дебели зидови (Т. Ш. 5). За жал, формата не може да му се утврди, а без тоа тешко може да се зборува за неговата типолошка и хронолошка припадност.

За определување на хронолошкото место на гробот-питос од Средно Нерези, единствена вредност претставуваат датираните аналогии на металните прилози. Во тој поглед, аналогните датирања на поголемиот број форми на накит се движат од крајот на УШ век пр. н. е. до крајот на првата половина на VII век пр. н. е. Според класификациите на Гарашанин и Килијан, ова датирање одговара на фазата па од железното време за Македони-

Раководени пред се од застапените типови накит, кои хронолошки можеби се движат во нешто пошироки рамки, сепак постои помала можност за корекција на временски горната означена граница. Од друга страна, долната граница е нешто поосетлива, со оглед на фактот дека, по овој датум, веќе не се во употреба определени форми на накит застапени во нашиот наод.

Наведените аналогии за питосот, како гробен облик, ни овозможуваат да констатираме дека како обичај, или во која било друга форма на духовна манифестација, питосот употребен како конструкција за погребување е веројатно пренесен од Егеја, каде што се присутни најголем број погребувања во ова време, а со која доста рано с воспоставен коридор на комуницирање. Доколку, пак, се земат во обѕир аналогиите за гробните дарови, тогаш јасно може да се определи состојбата, во која тие укажуваат на доста сродност со материјалот од внатрешноста на Балканот. Нивните основни типолошки карактеристики упатуваат на сродност со материјалот од локалитети на гласиначкото подрачје, западна и јужна Србија, на Косово, како и на материјалот од соседните наоѓалишта во скопско-кумановскиот и овчеполско-брегалничкиот регион. Односните аналогии со материјалот од скопско-кумановскиот, овчеполско-брегалничкиот регион и од Косово, кои се за нас од посебно значење, во основа наодот од Средно Нерези го определуваат и врзуваат за ист етнички елемент, поточно - за истата популација што живеела таму во текот на УШ, УП, па и во VI век Ам. Гарашанин, Настанак и порекло Илира, Илири и Албанци, сану - Научни скупови XXXIX, Београд 1988, 52; K. Kilian, op. cit., 16 - 20, Tf. 101. За жал, малиот број наоди и истражувани локалитети од овој регион. кои потекнуваат од постарото железно, а посебно од бронзеното време, се чини засега се недоволни да дадат поконкретна слика да се определи генезата на етносот што егзистирал на овие простори, за што во науката се уште се искажуваат различни мислења. Во оваа смила, вистинскиот одговор за заокружување на овие и други прашања што се наметнуваат, во отсуство на пишани историски извори, единствено се очекува од археолошката наука. Поточно - од евентуалните нови ископувања и истражувања на локалитети како што се наоѓалиштето "Круша“ во Средно Нерези кај Скопје. KIRO RISTOV - Skopje SUMMARY

Белешки

  1. Антрополошките истражувања од овој проект ги израби м-р Фаница Велјановска од Музеј на Македонија. ↩
  2. Д. Митревски, Дедели - некропола од железното време во Долно Повардарје, Скопје 1991, 39, Сл. 49. ↩
  3. V. Pingel, Eisenzeitliche Gräber von Dedeli und Mravinca in Jugoslavisch - Makedonien, Marburger, Winckelmanns Programm, Berlin 1970, 7 - 28. ↩
  4. Р. Васић, Нови елементи за проучавање гвозденог доба Вардарске долине, Старинар Н.С. књ. XXVII/1976, Београд 1977, 1 - 17; исто, Халштатске некрополе у долини Вардара, Сахрањивање код Илира, књ. VIII/2, Београд 1979, 219-225. ↩
  5. Д. Митревски, op. cit., 40. ↩
  6. Р. Пашић, Археолошки испражувања на локалитетот Сува Река во Гевгелија, Maced. acta archaeol. 3, Прилеп 1977, 47 - 48; исто, Археолошки испитувања на локалитетот Сува Река во Гевгелија, Зборник на Арх. муз., Скопје 1978, 26, Сл. 14. ↩
  7. Наодите од Марвинци не се објавени. ↩
  8. Р. Пашић, Ж. Винчик, М. Ивановски, З. Георгиев, Некрополата Милци кај Гевгелија, Култ. наслед. 10 -11, Скопје 1987, 76. ↩
  9. З. Георгиев, Елементи на раната антика во Долното Повардарје. Год. збор. на Фил. фак., Скопје 1984, 73 - 74. G. Daux, op. cit., BCH 1956 - I, 270, fig. 19; Χ. Κομκουλη – Χρυσανθανη, op. cit., 451 - 452. ↩
  10. , 68. ↩
  11. G. Daux, op. cit., BCH 1961 - II, 789-794, fig. 1,2,15; A.M. Snodgrass, op. cit., 160-163. ↩
  12. J. Neustupni, op. cit., 182 - 185. ↩
  13. Ibid, 170. ↩
  14. R. Vasić, Oblast istočnog Kosova, južne Srbije i severne Makedonije, PJZ V, Sarajevo 1987, 679; Господари сребра, Гвоздено доба на тлу Србије (каталог), Београд 1990, 157, 91/1, 2, 5. ↩
  15. З. Георгиев, Необјавени и нови наоди од Повардарјето, Год. збор. на Фил. фак. 14 (40), 1987, Скопје 1987, 126, Сл. 2 б, в.; Ć. Truhelka, Arheološke beleške iz južne Srbije, Glasnik SND V, Skoplje 1929, 62; две од Волково во Музејот на град Скопје, необјавени. ↩
  16. З. Георгиев, Нов халштатски наод од околината на Куманово, Maced. acta archaeol. 4, Прилеп 1978, 71, сл. 5 - 6. ↩
  17. М. Гарашанин - Д. Гарашанин, Археолошка ископавања у селу Радању, на локалитету Криви Дол, Зборник на Штипскиот Народен музеј I , Штип 1959, 42, Сл. 67, 68. ↩
  18. K. Kilian, Trachzubehör der Eisenzeit zwischen Agäis und Adria, Praehistorische Zeitshrift 50, Berlin 1975, Tf. 35, 36. ↩
  19. Р. Пашић и други, op. cit., 77, T. XI, 11, 12. ↩
  20. Д. Митревски, op. cit., 23, T. VII, 4. ↩
  21. I. Mikulčić, Pelagonija u svetlosti arheoloških nalaza, Skopje - Beograd 1966, 33. ↩
  22. Д. Кораčевиќ, op. cit., 60 - 61. ↩
  23. З. Георгиев, op. cit., 70, Сл. 2. ↩

Summary

Pithos-Grave from Nerezi near Skopje

In the course of the building activities at the hill KruSa by the village Sredno Nerezi (Middle Nerezi) near Skopje carried out recently, a site was discovered accidentally that was so far unknown in the Archaeological map of Macedonia. In addition to the other finds from this site, a burial unit in a large pithos was also found and it will be considered in this article. A 13-15 years old juvenile was buried in the pithos including bronze jewellery that consisted of three massively cast bracelets, rings, ear-rings, a necklace decorated with twisted wires, a hemispheric button-phalera, and three other hemispheric buttons.

This is the first time that this burial practice has been recorded in the central and the north parts of the Balkans, presumably transferred from Greece, where the largest number of this kind of burials have been discovered, and with which the corridor of communications has been established rather early. As a practice of burial, our find does not provide us with data that would be sufficient for its chronological identification. To that purpose, we would, therefore, turn to the grave goods, designating their close territorial and chronological parallels. In that sense, by the dated analogies of the grave finds, i.¢., the jewellery, we determine the broad chronological borders of the finds that range from the end of the 8th to the mid-7th century BC.