Macedoniae acta archaeologica 14 (1995) · стр. 231–240

Истражувања кај Исак џамија-Шехерезада, Битола

Битола е град со богата градителска традиција. Таа се формирала и надградувала за време на неговото повеќевековно постоење, примајќи влијанија од различни култури што се вкрстосувале и напластувале на ова подрачје.

Влегувајќи во периодот на средниот век. градот и неговата околина веќе имале долга историја. Сведоци за ова се секако богатите археолошки наоди откриени длабоко во пазувите на неговата почва. Особено е значајна неговата улога во раниот среден век, кога Македонија ја населиле Словените и кога од пепелта на античката цивилизација малку понасевер од Хераклеја, по долината на реката Драгор, по три столетија основале своја населба, која подоцна во изворите се споменува како Битола. Долгата историја на овој град оставила множество значајни споменици на културата, меѓу кои посебно место зазема Исак-Џамија.

Лоциран на левиот брег на реката Драгор, објектот претстав; Ва споменик на културата on посебен општествен интерес за повеќе научни дисциплини од културното минато на ова подрачје. Според натписот над влезот, џамијата е подигната во 1508/9 година. Задужбина е на Исак Челеби, познат кадија во Солун. По своите димензии, оваа џамија е најголема во градот. Според зачуваната вакафнама, во кругот на џамијата постоеле и медреса, дуќани, амам и други придружни објекти.

Поради се ова погоре наведено, а имајќи ги предвид и традиционалните градителски компоненти“, иницирана е потребата од археолошки Византијски извори, III, Београд 1966; Б. Нетков, България и съседните земи

през XII в. според географиита на Идриси, Софич 1960. 39: Арх. Антонина, Поездка въ Румелю, Санктпетербургъ, 1979, 270, 271.

К. Томовски, Џамиите во Битола, Зборник на техничкиот факултет, Скопје 1956/57, 34, 35; N. Kalesi, Najstariji vakufski dokumenti u Jugoslaviji па arapskom jeziku, PriStina 1972, 148.

К. Томовски, ор. cit. 33; J. Хаџи Васиљевић, Град Битољ из дела кроз стару Србију и Македонију 1897, Београд 1911, 19. истражувања на оваа локација, позната уште под името "Шехерезада", каде што со деталниот урбанистички план - Централно градско подрачје, беше предвидена изградба на деловно-административни и станбени згради.

Илустрација, стр. 232

Имено, уште со првичните археолошки ископувања се потврдија претпоставките за постоење на постари културни слоеви.

Работејќи во еден интактен простор (во калдрмисано дворно Исак-џамија, констатирано е јасно одвојување на слоевите во повеќе фази на живеење, и тоа почнувајќи од XIII и XIV, па cè до втората половина на XX век, т. е. до последната извршена интервенција во 1978 година. Предмет на нашево излагање ќе биде само најстарата фаза.

Најстарата животна фаза на овој простор може да се заклучи дека е од XIII до XIV век. На ова нè наведуваат зачуваните остатоци на под изработен во три слоеви (Сл. 1). Првиот слој е речен покрупен камен, поврзан со кал, кој се протега скоро по целата истражувана површина (југозападен простор). Вториот слој е ситен речен камен поврзан со варов малтер со жолтеникава боја. Третиот слој е малтерна кошулка. Малтерот има жолтеникава боја и е лесно ронлив. Во примерокот на кој € направена експертиза", пронајдено е мозаично камче од мермер, со големина од околу 1,5 см, со неправилна форма. Едната страна на камчето била втисната во малтерот, а другата е мазна, полирана. Врз основа на погоре наведените

со поставувањето на сондите уште во самиот почеток бевме ограничени со просторот на кој, всушност, самото археолошко сондирање беше условено од локацијата на изградбата на споменатиот Деловен центар. Работите се одвиваа според програмата "Раното христијанство. активен фактор во старословенската култура на Битола и Битолско", финансирана од Миттистерството за култура на Република Македонија.

Експертизата на примерокот од малтерната кошулка е извршена во лаборатори-

јата на Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата - Скопје, од

страна на дипл. инж. технолог Тели Станишева. податоци, може да се претпостави дека на ова место постоел објект, најверојатно репрезентативен, кој се простирал кон југозапад и север.

Оваа претпоставка ја поткрепува пронајдениот археолошки материјал, фрагменти од керамички садови што припаѓаат кон трпезната луксузна керамика со локален карактер, изработена во зграфито-техника. Пронајдени се непосредно до подот од малтер. на длабочина од 1,30 м, мерено од површината на теренот.

Сл.4
Сл.4

Паница (Сл. 2)

Скоро целосно зачувана паница со вертикално извлечен венец, со изразито топчесто тело, поставено врз прстенеста нога, во позиција на конус. Украсена е со зеленикава и светлокафеава глеѓ и плитка канелура од внатрешната страна на телото. Бојата на печење е кафеавкаста, глината со примеси на кварцен песок и лискун. (Инв. бр. 49; дим: вис. 9,0 см, Д - на отворот 20 см.)

Паница (Сл. 3)

Фрагменти од дно на сад со прстенеста нога во позиција на конус. Украсена е монохромно со зеленикава глеѓ. Бојата на печење е кафеавкава, глината - средно прочистена, со примеси на кварц. (Инв. бр. 52; дим: зачувана вис. 3,5 см.)

Паница (Сл. 4)

Повеќе фрагменти од длабок сад со прстенеста нога, во позиција на конуси дел од венец што е косо извлечен. Садот е украсен со зеленикава глеѓ, под него е нанесена бела енгоба од надворешната страна, а од внатрешната со жолтозеленикава глеѓ. Бојата на печење е светлокафеава, а глината со примеси на кварцен песок и малку лискун. (Инв. бр. 54; дим: зачувана вис. 4,5 см.)

Истражувањата кон југозапад и север, за жал, не можевме да ги продолжиме поради почнувањето на градежните работи на Г. П. "Маврово". Паница (Сл. 5)

Сл. 5 (Инв. бр. 53; дим: вис. 9,0 см, Д - на отворот 22,0 см.)
Сл. 5 (Инв. бр. 53; дим: вис. 9,0 см, Д - на отворот 22,0 см.)

Садот е длабок со косо извлечен венец. со двапати испакнато тело, кое нагло се стеснува кон прстенестата нога во позиција на конус. Садот е украсен со жолтозеленикава глег, а на некои делови со четка е нанесена кафеава. На дното е плитко врежан орнамент во ВИД На спирала, каде што повеќе е видлива Кафеавата глеѓ. Бојата на печење е светлокафеава, глината - средно прочистена.

Сл. 6 песок. (Инв. бр. 50; дим: 9,0 х 4,7 см, Д - на отворот од чашката 9,0 см.)
Сл. 6 песок. (Инв. бр. 50; дим: 9,0 х 4,7 см, Д - на отворот од чашката 9,0 см.)

Свеќник (Сл. 6)

Фрагментиран горен дел на свеќ-НИК ШТО се состои Of тесно шупливо цилиндрично тело со извлечен венец. Во отворот била поставувана свеќа. На грлото од свеќникот е прилепена чашка, која служела за собирање на восокот, а била украсена со канелури од надворешната страна. Најверојатно свеќникот имал една рачка (видлива е трага од неа). Украсен е со нијансирана зеленикава глеѓ врз бела енгоба. Свеќникот е грижливо обработен. Бојата на печење е црвеникава, глината - со примеси на кварцен

Зграфито керамиката се појавила и се развила во земјите на Блискиот Исток уште во текот на IX век, кога го достигнала своето високо техничко совршенство. Во Византија, пак, зграфитото се појавило, развило и проширило во втората половина на XI и почетокот на XII век. Имала ограничена употреба и е позната под име "рана зграфито керамика". Обично, оваа керамика била достапна за поимашливите слоеви на византиската престолнина и поголемите градови на империјата. Исто така им служеле и како урнек на локалните керамичари, кои со своите производи ги снабдувале градовите и манастирите. Некои типови ги повторувале определените стари форми и нивните варијанти, а некои пак, под влијание на подоцното турско керамичарство, претрпеле измени. Најубава и најелегантна форма на трпезната керамика, која била изработувана и украсувана со посебно внимание, имала паницата. Покрај функционалноста, кај неа била истакната и декоративноста, а служела и како украс на трпезата. Паниците се украсувале во различни техники од специјално подготвени мајстори-уметници, а не обични занаетчии. Мајсторите не работеле според шаблон, туку според урнек, со слободна рака, при што доаѓала до израз нивната креативност, а тоа пак укажува на нивната уникатност. Самата техника води потекло од техниката на гравирање метални садови.

Под влијание на византиската култура, која била доминантна во нашите краишта, почнува масовна употреба на глеѓта, напоредно со прифаќањето на разни сликарски техники. Енгобата и глеѓта биле главно средство со кое се постигнувал ефект во декоративноста и полихромноста.

Нашите примероци припаѓаат кон поскромната монохромна глеѓосана керамика, чии зидови се покриени со жолта, зелена и кафеавкава глеѓ врз бела енгоба. Исклучителен наод претставува паницата (Инв.бр. 53) украсена со геометриски орнамент-спирала, стар византиски мотив. Времето на нејзиното користење во техниката "доцно зграфито" на нашата територија е од крајот на XII или почетокот на XIII век.

Долго време кај нас, но и пошироко, се мислеше, а некои се уште сметаат, дека глеѓосаната керамика припаѓа само кон епохата на турското владеење. Се почестите археолошки истражувања во средновековните културни слоеви даваат богат керамички материјал од овој тип, што ги наведе научниците кон подетално проучување, а со тоа и кон порано временско датирање.7

Археолошки докази за печење глеѓосана трпезна керамика кај нас имаме во наодите од Скопје и Прилеп, датирани од полниот крај на XII или на преодот од XII во XIII век.8

Проучувањата на керамичкиот материјал од локалитетот "Исак Џамија-Шехерезада" даваат можност да се фрли светлина врз еден важен дел од керамичката дејност кај нас. Овие ситно фрагментирани трпезни керамички садови, врз основа на едноставниот начин на изработка и врз основа на бројни аналогии, ги датираме во XIII-XIV вск.9

Посебно внимание привлекува осамен наод - фрагмент од црепна

(Сл. 7). Зачуван с дел од венецот на масивна плитка црепна со груба фактура. Бојата на печење е кафеава, глината - со примеси на кварцен песок. (Инв. бр. 59: дим: 5,4 х 4,0 см.)

134; M. Balajovié - Hadzi-Pesié, keramika и srednjovekovnoj Srbiji, Beograd 1981, 56-59. Со самото откривање на овој фрагмент, добивме делумни податоци за словенскиот елемент на населението што егзистирало во овие краишта.

На длабочина од 1.15 м, мерено од површината на теренот, пронајден е скелет на покојник со ориентација и-3, со главата на исток. Зачувани се потколеница и натколеница, делови од рацете кои биле прекрстени на градите. Дел од градниот кош и главата недостигаат, бидејќи скелетот е пресечен со последователно вкопување на водоводен канал (канал 3), составен од земјени цевки со кружен пресек. Важно е да се нагласи дека овој канал го пресекува и подот со малтер, односно лежи врз него. Најверојатно овој културен слој се формирал откога објектот со варова кошулка престанал да живее.

По местото каде што бил погребан покојникот се откопани повеќе фрагменти од керамички садови, кои временски припаѓаат на керамиката од XIII и XIV век. Меѓутоа, се разликуваат по фактура и украсување и се дел од обичната керамика наменета за секојдневно приготвување храна.

Три фрагменти од керамички садови (Сл. 7)

Сл. 8
Сл. 8

Станува збор за големи садови со широки хоризонтално извлечени венци, украсени со брановидни линии. Најверојатно тоа се грниња или Купови што служеле за чување храна и биле вообичаена форма на садови од тој период. Бојата на печење е окер, глината - средно прочистена, со примеси на кварцен песок. (Инв. бр. 23, дим: 7,1 х 49 см; инв. бр. 24, дим: 7,5 х 5,0 см; инв. бр. 28, дим: 8,3 х 3,1 см.)

Фрагмент од тело на поголем керамички сад (Сл. 8)

Украсот на фрагментот е Врежан аглест орнамент, кој асоцира на старословенската буква " 3 ". Бојата на печење с светлокафеава, глината - средно прочистена. (Инв. бр. 37, дим: 6,0 x © B. Babié, Crepulja, crepna, podnica - posebno znatajan oslonac za atribuciju srednjovekovnih arheoloSkih nalazista Balkanskog Poluostrova Slovenima poreklom sa Istoka, Materijali IX, Prilep 1970, 101-111.

Сл. 9
Сл. 9

грне (Сл. 9)

Од внатрешната страна садот е

украсен со зелена глеѓ и канелури

ОД кафеавкави премачкувања изведени со четка. Од надворешната страна, пак, со светложолта глеѓ. Бојата на печење е светлокафеава, глината - средно прочистена. (Инв. бр. 36, дим: 7,5

Фрагмент од венец на Керамички сад (Сл. 10)

Cu. 11 правилни геометриски орнаменти, сли-
Сл. 11 правилни геометриски орнаменти, сли-

Венецот е благо заоблен и вертикален. Садот е украсен со кафеава глеѓ, а со четка се нанесени паралелни концентрични линии од енгоба од внатрешната страна, додека пак од надворешната страна во погорниот дел е нанесена само кафеава глеѓ10 врз непечена глина. Бојата на печење е кафеава, глината - средно прочистева. (Hus. бр- 31, дим: 8,0 x 4,2 см.)

Овие два фрагмента, чија внатрешна површина е целосно прекриена со кафеава и зелена глеѓ врз непечена површина, а украсот изведен со бела енгоба, ги припојуваме кон садовите од обична керамика во која се приготвувала храна на оган и служела за секојдневна употреба.

Фрагменти од керамички сад

Украсот го претставуваат некани комбинирано со кафеава, жолта и зелена глеѓ на бела енгоба. Бојата на печење е светлокафеава, глината - добро прочистена. Според сложениот начин на обработка, најверојатно се работело за импорт. (Инв. бр. 38, дим: 3,5 x 3,0 см.)

Сл. 12 свеќник (Сл. 12)
Сл. 12 свеќник (Сл. 12)

Фрагмент од венец на чашка од

Чашката имала полутопчеста форма со танки зидови. Украсот с изведен со кремова енгоба врз непечена површина. Бојата на печење е црвеникава, глината - средно прочистена. Овој фрагмент од свеќник, по неговата едноставна изработка, го припојуваме кон обичните свеќници за секојдневна употреба. (Инв. бр. 40, дим: 7,3 х 3,0 см.)

Фрагмент од дно на керамички

Сл. 15 оЅ
Сл. 15 оЅ

Мониста (Сл. 15)

Стаклото е темносино, со топчеста форма.(Инв. бр. 21, дим: 0,6 см.)

Белезица (Сл. 16)

Белезицата е фрагментирана, стаклото е темносино, украсено со бела нишка пто имитира тордирање. (Инв. бр. 47, дим: 4,2 x 0,6 см.)

; Податокот дека Македонија е едно од подрачјата во кое биле омилени овие стаклени белезици уште еднаш се потврдува. Во литературата за нив се претпоставува дека се или византиски импорт или копии на византиски урнеци.

Ако се има предвид дека секојдневната керамика с производ на локални занаетчиски работилници, какои фактот дека на подрачјето на Битола до неодамна постоеле бројни керамичарски работилници чии производи биле во толкав број големи, што се користеле и како средство за изолација на покривните конструкции при градењето дуќани во чаршијата, тоа може да е доказ за непрекинатоста на традициите од овој занает.11

И покрај тоа што беа од мал обем, ископувањата сепак дадоа богат археолошки материјал, а се разбира и визија за натамошното третирање на овој простор, што бара комплетни археолошки истражувања. Меѓутоа, археолошкиот локалитет "Исак Џамија-Шехерезада" се девастира.14 Со еден збор, мудро се премолчи. Извршителот на тоа дело не ни помисли дека со својата "мудрост" го осиромаши својот град за вреден споменик на минатото, а можеби уништи ненадоместлив историски податок. Затоа, на крајот апелираме да не се дозволува археолошките наоди - како културни споменици и како вреден материјал за доказ на историските настани - да бидат жртва на непростудирани, а понекогаш и спекулативни изработки. GORDANA LAZAROVSKA - Bitola ANICA GJORGIEVSKA - Bitola SUMMARY

Белешки

  1. C. Геогиева, Керамиката от двореца на Царевец, Царевград Т-Брнов, Софии 1974, ↩
  2. Бабиќ, Средновековен период во Македонија, каталог, од археолошкото богатство на ср Македонија, Скопје 1980, 106. ↩
  3. Георгиева, ор. cit, 7-165; М. Б. X. Пеник, ор. cit, 56, 73, 84; С. Георгиева, Грнчарство, Средновековнии Червен, том I, Софии 1985, 133-164: С. Горнова, по повод на един вид на керамични светилници от Преслав, Приноси към Българската археология, София 1992, 194-197; З. Белдедовски, Исар, Штип - Средновековна населба, Масеԁ. acta archaeol. 3, Прилеп 1977, 211: J. Munuh, Прилог датовању средњовековне керамике из Крушевца, Старинар XXX, Београд 1980, 43-47. ↩
  4. ©. Георѓиева, ор. cit. Царевград ..., 11. "2 Д. Munuh, ор. си. 74-75. ↩
  5. Ова е констатирано при конзерваторските третмани на Безистенот и бројни дуќа ќани во чаршијата. ↩
  6. ІТ. "Маврово" работеше напоредно на градежните работи додека се одвиваа археолошките истражувања, а и врз самиот археолошки локалитет. ↩

Summary

Archaeological research ат тне ѕiте of Isaak Mosque - Shecherezada in Битола

ISAAK MOSQUE - SHECHEREZADA IN BITOLA

Numerous significant monuments of culture have been preserved in the long history of the city of Bitola, among which an outstanding place is occupied by the Isaak Mosque - Shecherezada located on the left bank of the Dragor river. Its traditional constructive components have brought to the fore the necessity of carrying out archaeological excavations at this location, at which construction of businessadministrative and dwelling buildings has been projected in the Detailed Urbanist Plan of the Central City area. The research of an intact surface has confirmed a distinct separation of layers in several phases of occupation. The earliest phase (the subjectmatter of this article) is dated to the 13th-14th century. This has been indicated by the preserved remains of floor executed in three layers and the numerous fragments of pottery belonging to the luxurious local table ware executed in sgraffito technique, as well as the fragments of plain pottery intended for everyday’s kitchen practice.

Despite the minor scope of the excavations, they have still brought about indications for further adequate treatment of this area in the comprehensive archaeological excavations. Nevertheless, the archaeological site of Isaak Mosque Shecherezada has been devastated, in a word, the facts about it have wisely been suppressed. The executor of this act has not comprehended that his "wisdom" deprived the town of a valuable memorial to the past and probably destroyed some irretrievable historic data,

In that sense, we appeal for not letting the archaeological discoveries of monuments of culture that preserve valuable evidence of the historical events become victims of insufficiently studied анд sometimes speculative undertakings.