Macedoniae acta archaeologica 14 (1995) · стр. 213–224
Нови наоди од Трпчева Црква
Содржина
боки долови и речни корита од малите рекички и брзаци што се влеваат во Црна Река. Наизглед непристапна, оваа област од дамнина била привлечна за живеење, на што укажуваат големиот број археолошки локалитети од праисторијата до доцниот среден век. На едно благо зарамнето плато близу до сливот на р. Лесничка во Црна Река, во атарот на c. Дуње, се наоѓа локалитетот "Tpnucsa Црква". На овој локалитет сс отпочнати археолошки истражувања, при што с констатирана средновековна некропола, која се формирала непосредно покрај остатоците од зидовите на мал доцноантички, односно раносредновековен сакрален објект.
Со досегашните ископувања на овој објект се истражени 40 затворени гробни целини од средновековната некропола.1 Покрај релативно добро зачуваниот остеолошки, односно антрополошки материјал, и инвентарот во гробовите е богат и доста значаен. Тој, пред се, се состои од предмети за лично украсување, како што се прстени, белезици, обетки и наушници. Прстените и обетките се изработени од бронза и сребро, а белезиците од бронза и стакло.
Посебно се издвојуваат наодите од гробовите 16, 33 и 40, во кои се најдени: во едниот - пар сребрени обетки со четири јагоди и еден сребрен прстен со калотеста глава украсена со филигран и гранулација“,2 во другиот - пар наушници со конусовидни приврзоци и една стаклена белезица, а во третиот - една бронзена обетка со голем конусовиден приврзок, три бронзени прстени, една бронзена белезица и еден мал керамички сад.3
A Дел од резултатите се и објавени во Масеԁ. acta archaeol. 13, а дел во Зборникот Наодите од овие три гроба се дотолку позначајни, бидејќи ни презентираат материјал карактеристичен за пораниот средновековен период (крајот на IX и почеток на X до крајот на XI век), кој во досегашните истражувања на средновековните локалитети е малку застапен. Со оглед на фактот дека од предметите за лично украсување на оваа некропола прстените се еден од позастапените наоди, во овој труд ќе се обидеме да дадеме приказ на типот прстени со нагласени украси на главата и рамењата, кои условно се јавуваат како позастапени во однос на другите типови. Велиме - условно затоа што некрополата не е целосно истражена и непредвидлив е односот на наодите во неистражениот простор и нивниот број.
Во истажените гробови на оваа некропола се најдени 15 прстени, од кои еден е обична бронзена алка, а од еден е најдена само малата плочеста глава. Од вкупно најдените прстени, 10 припаѓаат кон типот прстени со нагласени и украсени глава и рамења.
Каталог
1. Прстен, гроб 26, кв. 22, инв. бр. 105/У (Сл. 1). Бронза леење.
Прстен со широка лентеста алка која преку ребресто нагласените рамења преминува во конусна глава. Димензии: вис. 2,3 см, шир. 2 см, тежина
2. Прстен, гроб 21, кв. 18, инв. бр. 99/V (Сл. 2). Бронза, леење, врежување.
Прстен чија алка е со правоаголен пресек и преку ребресто нагласените рамења преминува во ко-X нусна глава. Високо на рамењата, над peOpecrure
Сл.2 испупчувања, изведен е орнамент со врежани линии, а на бочните страни од главата-триаглести задебелувања. Димензии:
3. Прстен, гроб 8, кв. 4, инв. бр. 84/V (Сл. 3).
Бронза, леење, врежување, пунктирање.
Масивната алка на прстенот преку нагласените ребрести задебелувања преминува во ниска конусна плочесто зарамнета глава, украсена со врежани кругови пунктирани насреде. На бочните страни од главата брадавичести задебелувања. Димензии: 4. Претен, гроб 40, кв. 22, инв. бр. 110/V (Сл. 4).
Бронза, леење, пунктирање. Масивна алка на прстенот, која има правоаголно конвексен пресек, преку ребресто задебелените и нагласени рамења преминува во конусна зарамнета глава украсена со пунктирани точки. На бочните страни од главата триаглести задебелувања. cu4 Димензии: вис. 2,3 см, шир. 2,1 см, тежина 3,65 гр. | 5. Прстен, гроб 36, кв. 22, инв. бр. 107/V (Сл. 5).
Бронза, леење, пунктирање.
Алката на прстенот, која има правоаголно конвексен пресек, преку ребрестите задебелувања на рамењата, преминува во ниска конусна плочесто зарамнета глава украсена со пунктирани точки. На бочните страни од главата брадавичести задебелувања. Димензии: вис. 2,2 см, шир. 2,1 см, тежина
6. Прстен, гроб 40, кв. 22, инв. бр. 108/V. (Сл. 6)
Бронза, леење, пунктирање.
Алката на претенот, која има правоаголно конвексен пресек, преку нагласените рамења преминува во ниска конусна плочесто зарамнета глава, на која само се насетува украсот од пунктирањето. На бочните страни од главата брадавичести задебелувања. Прстенот е многу источен, при што се изгубени одделни елементи од формата и украсот. Димензии: вис. 2,4 см, шир. 2,3 см, тежина 4,75 гр.
7. Прстен, гроб 7, кв. Зи 4, инв. бр. 83/V (Сл. 7).
Бронза, леење, пунктирање.
тирани точки. Димензии: вис. 2,4 см, шир. 2.4 см,
тежина 5,75 гр.
8. Прстен, гроб 40, кв. 22, инв. бр. 112/У (Сл. 8).
Бронза, леење, врежување, пунктирање. Алката на прстенот, која е релативно тесна, во пределот на рамењата нагло се шири и преминува во масивна конусна глава со елипсовидно лежиште. Во теност, не може да се дефинира приказот на претставата, на рамењатаи бочните страни од главата има по едно триаглесто, односно брадавичесто задебелување. Горниот дел од прстенот е украсен со втиснати кругови од точки. Димензии: вис. 2,5 см, шир. 2,1 см, тежина 8,20 гр.
9. Прстен, гроб 16, кв. 8, инв. бр. 91/У (Сл. 9).
Сребро, леење, гранулација.
На танката лентеста алка е залемена шуплива
калотеста глава, богато украсена со гранули
распоредени во симетрично поставени триаголни
полиња. Димензии: вис. 2,6 см, шир. 2 см, тежина
10. Прстен, гроб 29, кв. 23, инв. бр. 98/V (Сл. 10).
Бронза, леење. филигран, гранулација. На танката профилирана лентеста алка с залемена шуплива калотеста глава, украсена со двојни кругови од филигранска и обична жица, поставени симетрично во горниот дел од калотата. Во горниот централен дел од калотата е сместена голема гранула. Димензии: вис. 2.8 см, шир. 2 см, тежина
Според третманот на украсувањето кај овој тип прстени со нагласени и украсени глава и рамења, овде можеме да издвоиме неколку варијанти:
- Прстени со нагласени рамења и ниска конусна, заоблена глава
- Прстени со ребрести задебелувања на рамењата и ниска конусна рамно засечена глава (Сл. 3,4, 5 и б);
- Прстени со нагласени рамења кои преминуваат во елипсовидна глава (Сл. 7);
- Прстени со нагласени рамења и висока конусна глава со лежиште за камен (Сл. 8):
- Прстени со намалена шуплива калотеста глава (Сл. 9, 10).
За сите овис варијанти на прстени од овој тип заедничко е тоа што му се посветува посебно внимание на украсувањето на горниот дел од прстенот, односно главата и рамењата. Кај еден дел од нив тоа се постигнува со самото леење, а потоа со доработка со врежување и пунктирање; кај други, пак, по леењето украсот и формата се дооформуваат со филигран и гранулација. Првата варијанта на прстени овде е застапена со два примерока леани во бронза, при што кај едниот примерок се забележува збогатување на украсните елементи од главата и рамењата со врежување (Сл. 1, 2). Овие прстени свои аналогии имаат кај прстените од прекопаните и растурени гробови од лок. Црвени Брегови, с. Крњево“,4 кај еден од прстените од гроб 181 од лок. Црквиште, Д. Капија",5 потоа кај наодите од гробовите 34 и 41 од лок. Крушарски Рид, с. Оризари. Кочанско“,6 кај еден прстен од гробовите од лок. Каваклија, Штип",7 како и кај три прстени од гробовите 1, 18 и 22 од лок. Брег-Матичане кај Приштина“8 и Дјадово во Бугарија“. Сите гореспоменати наоди на прстени од оваа варијанта, како што се гледа, потекнуваат од некрополи, при што може да се констатира дека се најдени главно како инвентар на затворени гробни целости или растурени гробови чии некрополи се датирани во времето од X до XI век.
Од втората варијанта на прстени од некрополата Трпчева Црква се најдени четири примероци, сите леани во бронза, од кои едниот е доста источен, при што одделни елементи на формата и украсот само благо се насетуваат (Сл. б). Другите три примероци се релативно добро зачувани (Сл. 3, 4, 5).
Во Македонија се познати следниве прстени со вака обликувана форма: еден примерок од гроб 78 од некрополата Св. Недела, Варош, Прилеп,9 еден примерок од непознато наоѓалиште во Прилеп,10 Неколку примероци од некрополата Цигански Гробишта, с. Радолишта, Струга,11 Два примерока од лок. Лабино, Охрид,12 еден примерок од гроб 2 од некрополата на Паликурската базилика кај Стоби...13 како и неколку примероци од еден гроб од лок. Виничко Кале.14 Тие се регистрирани и на неколку локалитети во долно Подунавје и Јужна Србија, и тоа по еден примерок како случаен наод на локалитетите Прахово15 и Курвинград16 и еден примерок од локалитетот Ристовац,17 " и во Коринт. Прстените од оваа варијанта од локалитетите на подрачјето на Македонија, како и на поширокиот балкански простор, се датирани во ГХ-Х, односно X-X] век.
Третата варијанта на прстени се со нагласени рамења и елипсовидна плочеста глава, овде застапена со еден примерок (Сл. 7). Најблиски аналогии на оваа варијанта наоѓаме кај двата примерока прстени од гроб 8, некропола Гропче - Кочани, која, според материјалот и гробните наоди, е датирана во втората половина на XI до преминот на XIII Во XIV век.18 По начинот на обликување и формата, овие прстени се доста блиски со неколкуте примероци прстени од некрополата Бресто- Бурлатица, с. Виничани, која врз основа на материјалот с датирана во IX-X век.19 Прстените од Виничани, според типолошката класификација на Е. Манева, се сместени во групата лентести прстени со проширена глава и линеарна декорација, кои наедно ги смета и за најстари пратени on Македонија кај кои ња појавува мотивот крукчиња со точки и временски се сместени во X-XI век...20 Од досега изнессново се гледа дека начинот на третирање на формата и украсот се повторува и поддржува кај повеќе типови и нивни варијанти.
Во полуксузните примероци од типот со нагласени и украсени глава и рамења спаѓаат прстените од четвртата варијанта. Кај нив, покрај посебно посветеното внимание на украсувањето на рамењата, на висока конусна, односно конусна рамно засечена глава е оформено правоаголно или елипсовидно лежиште во кос с сместен камен, паста или гема. По правило, овие прстени се помасивни од досега наведените. Од оваа варијанта на лок. Трпчева Црква, во гроб 40 е најден еден примерок, прстен во чие лежиште на главата е сместена гема (Сл. 8), заедно со два примерока
М. Ивановски, Средновековна некропола во реонот на Паликурската базилика кај Стоби, Зборник посветен на Б, Бабиќ, Прилеп 1986, 101, Сл. 7. ШЕ Балабанов, Ц. Крстевски, Теракотни икони од Виница, Каталог, Скопје 1991, М. Јовановић, Неки подаци о изради предмета од обојених метала на Кључу Дунава у IX-XI sexy, Зборник Народног музеја XI, Београд 1983, 107, Т. VI, 2. © B.C. Joeanosuh, op. cit., 78, T. IV, Сл. 4. "8 Corint, Vol. XII,-Princeton, New Jersey 1952, Pl. 104, 1891. 8 M. Мандиќ, Прилог кон проучувањето на средновековните некрополи во ср „ Македонија - Гропче, Кочани, Масеԁ. acta archaeol. 10, Скопје 1989, 237, T. IV, 2. М. Ќоровиќ Љубинковиќ, Виничани, Зборник посветен на Б. Бабиќ, Прилеп 1986, 136, Сл. 1. ’ Е. Манева, Средновековен накит од Македонија, Скопје 1992. 88. многу поретко се застапени на средновековните населби и некрополи во Македонија, па и пошироко, како во однос на спомнативе варијанти, така и во однос на прстените со ниска или висока цилиндрична глава. Последниве исто така имаа лежиште за стакло, полускапоцен камен или гема, а се среќаваат на средновековните некрополи од VI-VII до X-XI век и нивната работа е мошне инспирирана од доцноантичките примероци. Средновековните форми на прстени кај нас сместени во четвртата варијанта само ги . имитираат донекаде античките форми, при што украсните елементи се дополнуваат и толкуваат на поинаков начин. Кога станува збор за прстените кај кои како украсен елемент е користена темата, треба да се каже дека на територијата на Македонија засега ни се познати многу мал број вакви примероци. Еден прстен со гема е најден во гроб на средновековната некропола на лок. Сланец, с. Суводол кај Битола.21 На поширокиот балкански простор вакви прстени со геми се среќаваат дури и во подоцниот среден век. Така на територијата на Србија се познати повеќе примероци луксузни прстени изработени претежно од благородни метали, со богата декорација, кои се датирани од ХШ до почетокот на ХУ век, кај кои античката гема го дополнува и збогатува нивниот раскошен изглед.22
Од досега нам познатиот материјал при истражувањата на средновековните населби и некрополи во Македонија од оваа, четврта варијанта на прстени се најдени слични или идентични примероци на неколку локалитети. Еден примерок е најден во гроб 31 од некрополата Задна Река - Грмајте, кој, заедно со другиот материјал се сместува во временските рамки меѓу X и XII век,23 со посебна нагласеност на XI век. Неколку примероци се познати од еден гроб од средновековната некропола на лок. Виничко Kane,24 која истражувачите ја сместуваат во временските рамки меѓу X и XII век. Еден примерок е познат од гроб 9 од средновековната некропола на лок. Трнче, с. Пепелиште, Неготино.25 Покрај овие, познати се уште два примерока од непознати наоѓалишта - еден од Охрид,26 датиран во X-XI век, и еден од пошироката околина на Белград,27 датиран во ХГХП век. Прстените од оваа варијанта, според наведените наоди од сите гореспоменати наоѓалишта, биле користени како украсен предмет на рацете од X до XII век.
Петтата варијанта на прстени се прстените со налемена шуплива калотеста глава, украсена во техника на филигран и гранулација, каде што калотата е богато украсена со симетрично распоредени полиња со гранули или украсот е изведен со филигранска жица во комбинација со гранули. На некрополата Трпчева Црква се најдени два примерока од оваа варијанта. Едниот, кој е најден во гроб 16 заедно со пар сребрени обетки со четири јагоди, е полуксузен и, како и обетките, изработен е од сребро“28 8 (Сл. 9). Другиот, најден во гроб 20, е од бронза, но се одликува со фина обработка, иако декорацијата на калотестата глава не е многу богата и е изведена од симетрични апликации на поголем круг од филигранска жица. во кој е сместен помал круг од танка жица (Сл. 10).
Досегашните истражувања покажуваат дека оваа варијанта на прстени е доста присутна на просторот на Македонија. Досега најголем број се најдени на некрополата на лок. Црквиште - Демир Капија, вкупно 16 примероци, и тоа по еден од гробовите29 бр. 7, 95, 97, 153, 168, 345, 368, два од гроб 14, три од гроб Ф и четири надвор од гробовите. Потоа, еден примерок е најден на лок. Хераклеја, Базилика де во Сина 56,”30 и еден во гроб од лок. Цигански Гробишта, с. Радолишта, Струга.31 "On растурени, односно прекопани гробови од средновековните некрополи по еден примерок е најден на лок. Градиште, с. Дреново, Кавадарци,32 и лок. Црвени -Брегови, с. Крњево, Кавадарци. Исто така, еден примерок е најден надвор од гроб на средновековната некропола на лок. Крушарски Рид, с. Оризари, Кочани.
Прстени со калотеста глава, украсени со филигран и гранулација или нивна имитација, се среќаваат на поширокиот балкански простор. Нив ги има на некрополите во да лмација“ “ и Босна.36 Во Словенија, на некрополата Птујски Град, во гроб 355 е најден раскошен примерок на прстен со калотетста глава, на чии рамења има по две помали калоти, заедно со два пара наушници со четири јагоди, богато украсени со гранули.37 Со инвентарот на наодите од овој гроб сличности покажуваат и наодите од гроб 16 од нашата некропола, каде што - како што погоре споменавме - покрај сребрениот прстен со калотеста глава, се најдени и пар сребрени обетки со четири јагоди. Наодите од овие два гроба укажуваат дека овис два, пред cé украсни елементи, односно предмети 3a глава и раце, се едновремено во употреба еден подолг временски период, со тоа што сметаме дека наодите од некрополата Трпчева Црка, кои сеи поскромни во однос на украсувањето и материјалот, се и помлади од оние од некрополата Птујски Град, кои авторот ги датира во IX век.38
Но бројноста на наоди од прстени со калотеста глава е поголема во источните и јужните делови од Балканот. Тие се среќаваат како во Бугарија, така и во Србија. Од некроплата Ловеч во Бугарија се познати два примерока од овие прстени што се датирани во крајот на X до XII век. На територијата на Србија овие прстени се најдени на неколку локалитети, од кои ќе споменеме некои. Еден примерок е најден на некрополата Јазово во гроб 9, датиран во X век, еден примерок на некрополата Трњане, гроб 318,” еден на некрополата Бока кај Прчево, гроб 13, датирана во Х-ХИ век... шест примероци на некрополата Брег-Матичане, и тоа по два во гробовите 3 и 46 и по еден во гробовите 16 и 41, датирани во X-XI Bex.
Резимирајќи ги досегашните согледувања и наодите од теренот, доаѓаме до констатација, барем во сегашниов момент, дека овие прстени со калотеста, односно конусна глава претежно ги наоѓаме во јужниот дел од Балканот, а нивната концентрација (споредена со бројноста на наодите) е најголема на територијата на Македонија. Главно на сите досега споменати некрополи овие прстени се сместени во временските рамки меѓу X-X! век, аналогно на преостанатиот придружен материјал и аналогиите од другите наоѓалишта.
Во врска со датирањето на прстените со калотеста глава, значаен
е и наодот на византиска монета од Јован Цимискиј (969-976), од гроб 345, “7 P. Korosec, La nécropole de Ptujski Grad - Ptuj, Inventaria archaeologica 1971, fasc. 13, Y "иа аіԁеѕ, Накит од погребении or Х-ХИ в., Археологии 1, Софии, 1977, 41-43, обр. УП - 3, 4.
Накит на try Србије. Каталог, Београд 1982, 46, кат. бр. 130.
V. 5. Jovanovic, Lj. Vuksanovic, Mati¢ane nécropole sud-Slave de X“ et XI° siecle, Inventaria
archaeologica 1981, fasc. 25, Y 239/4,5 Y 240/11, Y 244/3, Y 245/7, 9. некропола Црквиште, Демир Капија, најдена заедно со бронзен прстен. Проучувајќи дел од средновековните прстени во Србија и Македонија, во кои се опфатени и некои прстени од Демир Капија, В. Јовановиќ за наодот на бронзениот прстен од гроб 345 смета дека е прстен со конусна, односно калотеста глава, а за византиската монета - дека не е од Јован Цисмискиј, туку е кована нешто подоцна, за време на Василиј П и неговите наследници (976 - 1030/35). Во секој случај, овој наод го потврдува времето од X до XI век, кога и се датирани прстените со калотеста глава како од некрополите на територијата на Македонија, така и пошироко.
Во основа, скоро на сите досега истражени средновековни некропли и населби на поширокиот балкански простор прстените се еден од позастапените и побројни наоди во однос на другиот накит. Тоа, покрај другото, се должи на множеството симболични значења што тие ги имаат освен основната украсна функција. Нив ги наоѓаме во женските, машките и детските гробови, што значи дека како накит биле општо прифатени од целата популација, од сите социјални слоеви во градските и селските населени места, а нивните форми се најразлични и се движат од обични алки од бронзена жица до масивни и раскошни форми со префинета уметничка изработка и обликување. Се случува една индивидуа да носи и по повеќе примероци прстени на едната или двете раце. Бројноста на накитот, па со тоа и на прстените, кај една индивидуа укажува на определена економска МОК, а НСКОН ТИПОВИ ОД Hero ја определуваат сталешката припадност и статусот на поединецот.
Типот прстени со нагласени и украсени глава и рамења се инспирирани од античките, односно византиските традиции и главно се поевидентни до XII век, а одделни елементи во модифицирани форми се задржуваат кај некои примероци и во подоцнежниот средновековен период.
Во Македонија, Србија и Долно Подунавје се наоѓани на локалитетите од градските населби и нивните некрополи... но нашите примероци го покажуваат нивното присуство и на помалите селски населби и некрополи. Последново зборува за една општа распространетост на ваквиот тип прстени на поширок простор, без оглед на типот на населбата, односно некрополата. Сите досега наведени примероци прстени од овој ТНІ Il0- кажуваат свои определени особености по начинот на решавање на одделни елементи од формата и украсувањето, што секако се должи на местото и времето на настанување и на работилниците што ги произведувале. Но, во Б. Алексова, Демир Капија 44; Е. Манева, Средновековен накит од Македонија, „ Скопје 1992, 86, 158. * В. С. Јовановип, Запажања о средновекој некрополи у Демир Капији. Зборник , Филозофског факултета Х!-1, Београд 1970, 129. В. С. Јовановиќ, Прилог проучавању средњовековног прстења у ср Србији и ср Македонији, гмгб XXV, Београд 1978, 81.
M. Јовановив. ор. cit., 107 и забелешки 62 до 64. основа тие следат една определена форма која се повторува кај сите примероци. Нашите десет прстени од овој тип од средновековната некропола на лок. Трпчева Црква, кои се датирани во X-X! век, претставуваат само скромен прилог кон проучувањето на еден сегмент од пораниот средновековен накит на теренот на Македонија. LILJANA KEPESKA - Prilep SUMMARY
FINDS FROM TRPCEVA CRKVA
The site of Trpčeva Crkva is located on a flat plateau at the confluence of the Lesni¢ka and the Crna Reka, in the area of the village Dunje in a Mariovo. The archaeological excavations carried out at this site resulted in a discovery of a mediaeval necropolis, of which 40 undisturbed grave units have been researched. The grave inventory includes mainly articles of adornment, such as, rings, bracelets, earrings and ear-rings worn over the ear. The most numerous among these pieces of jewellery are the rings.
Белешки
- Музејот на Македонија, н. с. бр. | Археологија, Скопје 1995. 181-188. ↩
- Кепеска, Словенска некропола кај с. Дуње - Мариово, Масеԁ. acta archaeol. 13, , Скопје 1993, 245-251. 4 ↩
- Л. Кейеска, Резултати од најновите истражувања на средновековната некропола ↩
- Трпчева Црква кај с. Дуње, Мариово, Зборник на Музејот бр. ! Археологија, ↩
- Скопје 1995, 181-188, “ Б. Алексова, Наоди од средновековната словенска некропола во с. Крњево, ↩
- Кавадарско, Год. Збор. на Фил. фак. 4, Скопје 1978, 41, Т. ШИ, 9, 11, 14, 16, 18. ↩
- Aleksova, Demir Kapija, Dissertationes I, Skopje-Beograd 1966, 59, T. XVII, 165. ↩
- Алексова, Археолошки ископувања во с. Оризари. Кочанско. Зборник на штипскиот Народен музеј Ш, Штип 1964, 90, Т. Ш/4, 6, 7. ↩
- Белдедовски, Брегалничкиот басен во римскиот и раниот средновековен период, Зборник VI, Штип 1990, 50, T. 1X/3. ↩
- Jovanovié Lj. Vuksanovie, Breg, Matiéane, Pristina - slovenska nekropola, Arheoloski pregled 12, Beograd 1970, 158, T. XLIX/4; B. С. Јовановиќ, Прилог проучавању2 средњовековног прстења у СР2 Србији и ср Македонији, Годишњак Музеја града ↩
- Београда, XXV, Београд 1978, 77, Т. ІІ/5, 6. ↩
- Borisov, Diadovo, Tokai University Pres, 1989, p. 279, Fig. 328 b; Fig. 329 4. ↩
- Бабиќ, Материјалната култура на Македонските Словени во светлината на археолошките истражувања во Прилеп, Прилеп 1986, 280, Сл. 88/ 1. ↩
- Културно богатство на Прилеп, Каталог, Прилеп-Београд 1976, 34, кат. Ор. 24.. ↩
- Маленко, Раносредновековна материјална култура во Охрид и Охридско 1, ↩
- Скопје 1985, 336, Т. XX. ↩
- Jlaxitios, Раносредновековен накит во средновековната збирка на Народниот музеј во Охрид, Лихнид 1, Охрид 1957, 71, 72, T. Ш, 23, 24. “a, op. cit., 87, 120. ↩
- Радојковиќ, Накит код Ср6а, Београд 1969, 173-176. ↩
- Кецеска, Задна Рска - Грмајте, средновековна некропола, Прилеп 1995, 29, 52. ↩
- Балабанов, Ц. Крстевски, ор., си., 34, 35. ОД односнава некропола се истражени само неколку гроба, а наодите се делумно каталошки обработени во овој каталог. Каталошките единици 1 - 25 потекнуваат од еден гроб. Податоците ги добив од Ц. Крстевски, за што љубезно му благодарам. ↩
- EF. Манева, ор. си, 167, 168, Сл. 14. Наодите од оваа некропола не се публикувани, па е користен прилогот што го дава Е. Манева. a6; Fy. Лахтов, op. cit., 86, T. МИ2 57. ↩
- Bajanoeuh Xayu-Tlewuk, Накит УШ-ХУШ века у Музеју7 града Београда, ↩
- Београд 1984, 89, кат. бр. 294, Т. Х/2; В. С. Јовановиќ, ор. си., 78, Т. VI, Сл. 2. “АЛ. Кедеска, Словенска некропола кај с. Дуње - Мариово, Масеԁ. acta archaeol, 13, ↩
- Скопје 1993, 249, Сл. 5, 6. ↩
- B. Aleksova, Demir Kapija, T. XVIII, 175-187, 189, 190: E. Манева, op. cit. 81. ↩
- СЕ. Манева, Средновековна некропола кај Базиликата де во Хераклеја, Историја ХХІІ/1, Скопје 1986, 177, 194, Сл. 26. ↩
- Маленко, ор. си. 336, Т. XX. ↩
- Микулчиќ, Нови старословенски наоди во Македонија, Зборник на Археолошкиот музеј на Македонија, кн. X-X!, Скопје 1983, 144, Сл. 2. ↩
- Б. Алексова, Наоди од средновековната словенска некропола во с. Крњево, ↩
- Кавадарско, Год. збор. на Фил. фак., Скопје 1978, 37, Т. 3, Сл. 15: ↩
- Алексова, Археолошки ископувања во с. Оризари - Кочанско, Зборник на штипскиот Народен музеј II, Штип 1964, 90, Т. Ш, 8. ↩
- Jelovina, Starohrvatske nekropole, Split 1976, 109. T. XXIV, 10. ↩
- N. Miletić, Slovenska nekropola u Gomljenici kod Prijedora, Glasnik Zemaljskog muzeja u Sarajevu, Sarajevo 1967, sv. XXI/XXII, T. XXIV-154, T. XXXII-11. ↩
- H. Станојев, Некрополе Х-ХУ7 века у Војводини, Нови Сад 1989, 47, кат. бр. 251. “9 Г. Mapjanoeuh Byjoeuh, Трњане, српска некропола (крај XI почетак XIII века), Београд 1984, 93, Сл. 207, Т. XXIII, 4, Т. XXXVI, 3. ↩
- Sarajevu, Sarajevo 1967, sv. XXI/XXII, T. XXIV-154, T. XXXII-11. of Macedonia. ↩
Summary
Finds from Trpcheva Crkva
Fifteen rings have been discovered in the already researched graves of this necropolis, one of which is in a form of plain ring, whereas only the plate of the head was found of another. Among these rings, ten belong to the type with pronounced and decorated head and shoulders. According to the treatment in the decoration of these rings, several variants can be distinguished. Nevertheless, their common feature is that special attention is paid to the decoration of the top part, i.e., head and shoulders. Some of them have been made by casting and subsequent engraving, whereas on the others the decoration and from is executed in filigree and granulation. These rings have analogies with the identical or related specimens discovered in several mediaeval necropolises in Macedonia and more widely in the Balkans dating from the 9th-10th century, i.e., the 10th-11th century. This type of rings with pronounced decoration on the head must have been inspired by the ancient, i.e., Byzantine traditions. They have mainly been found at the sites of towns and their necropolises, but our specimens show indications of their presence in the smaller villages and necropolises too. All the considered specimens of this type show some peculiarities in the way some elements of the form and decorations have been solved, which is certainly due to the place and time of their creation, and to the workshop in which they have been produced. Nevertheless, they basically follow certain common form repeated within all the samples,
The ten rings of this type from the mediaeval necropolis at the site of Trptéeva Crkva, which are dated to the 10th-1 1th century. constitute merely a minor contribution to the research of one segment of the mediaeval jewellery in the territory