Macedoniae acta archaeologica 14 (1995) · стр. 173–183
Словенски материјални елементи во брегалничкиот басен
Содржина
Со населувањето на Словените на Балканот, во голем дел пропаѓа државно-административната и црковна организација, како и поголем дел од градските центри на византиското царство. Големите маси на словенските племиња, регистрирани северно од Дунав уште во првите децении на У век и во текот на целиот VI век, постепено продираат на Балканот. Со големите инвазии во периодот од 578 до 586 година, словенските племиња ја преплавиле Македонија во сите нејзини делови, освојувајќи ги и уништувајќи постојните градови и тврдини.
Словено-аварската инвазија на крајот од VI век не ги поштедила ни најјужните предели на континентална Грција. Според Монемвасиската хроника, околу 587-588 година биле освоени и Алада и Стар Епир.1 Останал неосвоен градот Солун, како еден од најзначајните византиски државноадминистративни и трговски центри. ‘
Во текот на VII век е завршена eTallaTa На доселувањето на Словените, со што е започнат процесот на стабилизација и трајно населување, како и формирање на првите македонски склавинии. Историските извори ги спомнуваат и имињата на словенските племиња населени во Македонија и околните области. Се смета дека Драговитите се населиле северно од Солун и Воден, јужно од нив биле Сагудатите. Ринхините биле на Халкидик - меѓу Солун и Стримон, Струмјаните околу Струма и, веројатно, Брегалничкиот басен, Смолјаните по Места, Велегзитите во Тесалија, Војунитите во Епир и Берзитите во западниот дел на Македонија, познати подоцна и под името Брсјаци.
Периодот на VI, УП и VIII век го означуваме како најран словенски период, односно време на доселување и стабилизирање на Словените на Балканот. Културата на Словените во таа бурна епоха на немири, уривања и војни е многу малку позната. Во тој контекст, овој период и за Брегалнич- ' ,
САНУ XXXIX, Одењ. историских наука књ. 10, Београд 1988, 228. киот басен претставува најзагадочна етапа од културно-историското минато на Словените.
Во смисла на етничка идентификација за присуството на словенскиот етнос во бурните настани на крајот од VI до VII век и подоцна во VIII век, на просторот по текот на р. Брегалница, кога згаснува животот на големите, претежно утврдени доцноантички градови и населби, засега значаен придонес за проширување на нашите знаења за словенското најрано минато ни даваат мал број локалитети со поединечни наоди кои заслужуваат подстаљна интерпретација.
Во средниот тек на Брегалница ќе ги наведеме локалитетиве: маркантната Баргала2 со нејзината околина, Караорман и Штип. Во долниот тек лок. "Црешка", а во горниот лок. "манастирски комплекс Св. Архангел Михаил во Берово".
Лок. "Баргала", црква Св. Горги, средновековна nexpotioaa
До југоисточната кула на тврдината од рановизантискиот град Баргала“, во раниот среден век, подигнат е сакрален објект со план на впишан крст во квадратна основа.3 Околу црквата Св. Ѓорѓи се простира голема средновековна некропола која, според десегашните сознанија засновани врз анализата на гробниот инвентар, била во употреба во еден многу долг временски период од VII па cè до XVII-XVIII век.
Од оваа некропола потекнува бронзената матрица за втиснувањепренесување (пресмодел), најдена како гробен инвентар. Датирана с во раниот УП век.5 Предметот е со кружна форма и шематизирана претстава на машки портрет. Од задната страна на матрицата дополнително е прилепена бакарна лента, која во горниот дел завршува со кука за прикачување. а во долниот со алка за приврзок (Сл. 1).
Првобитната намена на овој предмет е веќе утврдена. Во прашање е аваро-словенска матрица за втиснување-пресување во сребрен или златен лим за производство на накит или украсни делови на коњски орми. Најброј- > За градот Баргала постои богата археолошка литература: b. Алексова, Баргала - Брегалница во светлината на новите археолошки ископувања, Гласник Инст. Нац. Историја 3, Скопје 1967; Баргала, археолошки ископувања 1966-1970, Зборник VII-IX, Археолошки музеј Скопје 1979, 75-84; Епископијата на Брегалница, Институт за истражување на старословенската култура, Прилеп 1989, 41-49 и др.
Maced. acta archaeol. 10, Скопје 1985-1986, 225-230, 226, Сл. 2.
ниот наод на матрици е откриен во бискупијата Плис-
ско депо.6
Помеѓу матриците од Бискупија се среќава еден примерок со скоро идентична претстава.7 Искажано е мислењето дека оваа матрица била употребувана за производство на украсни делови на коњски орми. Врз основа на наведеново, можеме да претпоставиме дека и нашиот предмет служел за иста или слична функција. Со посребрување и аплицирање на аверсот на матрицата бакарна лента со кука и алка, се менува и првобитната функција8 на предметот. Во второстепената намена предметот добива функција на амулет.
Дека овој многу значаен наод од раниот УП век не е единствен и не е дојден случајно на овие наши простори, докажува новооткрисниот идентиччен предмет со иста функција" (Сл. 2). Овој вид предмет употребен во второстепена намена како амулет со истоветен машки портрет е констатиран и во Војводина кај Червенци, Нови Сланкамен, датиран во УШ(Х век.9
Од локалитетот Баргала потекнува уште еден интересен амулет со претстава на машки портрет, но сега на помлад човек".10 (Сл. 3).
"Во поглед на етничката припадност на вакви и слични наоди во подунавските и балкан-Payot) арии како одлика на аварската етските земји, каде што тие се среќаваат, претежно ничка припадност. Меѓутоа, наше мислење е дека не треба да се исклучи и словенскиот елемент. Најреално с да го изнесеме предлогот наведените нао-
ди да се прифатат како аваро-словенска продукција и дека како културно добро на Аварите и на
8 J. Korosec, Ostava bronéanih matrica za otiskivanje u Biskupiji kod Knina, SHP ser. III, sv.
6, Zagreb 1958, 29-44.
подручју izmedu rijeka Zrmanje i Cetine, Starohrvatska prosvjeta, 16, Split 1987, 25-50, 33.
дарно како приврзок на ѓердан. Околностите под кои е најден се непознати. повеќебројните Словени се пренесени во нивната словенска татковина.
Појавата на самостојно претставени човечки глави без труп или, поточно речено, "кадрирање на човечки глави", кон крајот на т. н. епоха на селидбата на народите од VII до IX век, инаку позната од многу порано во претходните епохи кај повеќе народи во облик на кефалија или монокефалија, укажува на блиската поврзаност на хтонските богови со соларните.11 Оваа кефална или поликефална пракса, најавена уште во предисториско време, ја прифаќаат, и тоа можеби во најголема мера, токму Словените, за кои историските извори велат дека тие своите богови ги претставувале со една, три или повеќе глави.12
Што се однесува до идентификацијата на божествата што се претставени кефално (едноглаво), како што е случајот кај нас, и поликефално (со повеќе глави) - искажано е мислење дека се работи за боговите на војната13, кои исто така се поврзуваат со соларните богови, а кои пак истовремено се изедначуваат со хтонските богови.
Регистрираниот келтски материјал од времето на предисторијата, а подоцна германскиот, грчкиот, римскиот, скандинавскиот и, на крајот, словенскиот, укажуваат на тоа дека претставените богови ги зачувале своите шаманистички својства, раздвојување и повторно спојување на сопственото тело14 па дури и физичка преобразба во разни видови животни...15 Во таа смисла, вреден за одбележување е | раѕ еден примерок на амулет од Баргала!16 од раниот среден век чија единствена аналогија ја наоѓаме во материјалите од Tpecnas.17 Amyne-ТОТ е со елипсовидно-конкавна форма со претставен, како и во претходните примероци, машки портрет, но сега со маска на лавовска глава? Од задната страна на амулетот постоела игла или кука за прикачување на облеката или капата на сопственикот (Сл. 4).
Шаманистичките својства на раздвојување и повторно спојување на сопственото тело кај германскиот народ го имал богот Тиваз“,18 Сл. 5 кај Грците Зевс“.19 кај Римјаните Марс“.20 кај Скандинавците Один“,21 a кај Словените - богот Волос или Велес.22
Јужно од параклисот на црквата Св. Ѓорѓи, во квадратот D5, со истражувањата во 1991 и 1994 година под гробовите и новооткриениот зид од разурнат објект во поставената сонда со приближно кружен облик и пречник од 2,20 м, а во длабочина од 2,25 м, регистриран е депониран слој земја, шут, јагленисано дрво, гареж и ситна фрагментирана керамика - делови од керамички садови. По извршеното празнење на овој простор, регистрирана е длабока јама која во долниот дел со редење камени плочи врзани со кал во круг со испуштање на редовите навнатре, формира простор во вид на звоно. Намената на овој објект засега останува неопределена (Сл. 5).
Просторот јужно, западно и источно од јамата во длабочина не е истражен и истиот претставува културен слој на растресита некомпактна земја. Според наше мислење, овој простор веројатно во првостепената намена претставувал куќа земјанка или полуземјанка употребувана од страна на словенскиот етнос за време на неговото населување и стабилизација на овие простори во УП - VIII век. За ваква можност, покрај самата јама, како објект и недоистражениот простор околу неа, индиции дава и дел од керамичкиот материјал најден во јамата и наоколу. Во прашање се фрагменти од керамички садови кои, според своите одлики, припаѓаат кон малобројните наоди од најраната словенска керамика од УП до VIII век. Фрагмент од долен дел на сад, рачна изработка, со можна употреба на примитивно колце. Глина со примес на крупен песок и лискун. Боја бледокафеава. Од надворешната страна е забележливо грубо рачно моделирање на садот. Фрагментот во голема мера е обгорен. Грнето било украсено со широка паралелна хоризонтална лента составена од плитко врежани линии (Т. I, 1).
фрагмент од долен дел на сад, рачна изработка, со можна употреба на примитивно колце. Боја бледокафеава. Од надворешната и внатрешната страна се забележливи отисоци од прсти при рачното моделирање на садот. Фрагментот во голема мера е обгорен (Т. I, 2).
Оваа, засега малобројна, а според тоа и недоволно проучена керамика на овие наши простори, с веќе констатирана на локалитетите: "Варница-Крушка" кај с. Стар Караорман, на улица "Казанџиско Маало" во Штип и "манастирски комплекс Св. Архангел Михаил" во Берово.
Како трет, многу значаен елемент 3a најраното словенско присуство на локалитетот Баргала, го одбележуваме гробот бр. 67, каде што - наместо вообичаеното скелетно погребување - констатиравме кремирање на покојникот. Во гробната јама се најдени нецелосно изгорени коски, големо количество пепел, гареж и јаглен. Во и околу гробната јама се најдени извесни фрагменти од керамички садови, рачно работени или пак со можна употреба на несовршено грнчарско колце. Иако с најден во деструктивна состојба - гробот бил во секундарна употреба, постојат доволно елементи наведениве фрагменти од керамички садови да ги евидентираме како остатоци од словенски урни.
Како значајна појава на некрополата, ќе ги споменеме и паганските обичаи при погребувањето на покојниците. Кај извесен број гробови се забележани траги од палење оган над гробот, што се толкува како ритуален чин на ослободување од лошите духови. Во друг случај, како на пример во гроб 68, констатирано е грне во кое се најдени коски од птица. Поставувањето прилози од храна кај покојникот претставува пагански обичај веројатно прифатен кај Словените од автохтоното романизирано население и се објаснува како попатнина за надгробниот живот. Ваков случај се јавува и на лок. "Кале", с. Крупиште...23
Лок. "Варница-Крушка", с. Стар Караорман
Во вистинската смисла за етничка идентификација на присуството на словенскиот етнос во бурните настани кон крајот на VI u VII век на просторот по текот на р. Брегалница, кога згаснува животот на поголемите претежно утврдени доцноантички-рановизантиски градови и населби, како што се Баргала, населбите во Крупиште, Виница, Мородвиз и други, од особено значење е керамичкиот сад-грне најден кај месноста Варница-Крушка кај с. Стар Караорман.24
Се работи за сад-грие, инв.бр. Ш-178, димензии: висина 21 см, пречник на отворот 14,5 см, на дното 9,5-10 сми Сл. 6 дебелина на зидот 1 см (Сл. 6). Садот е со груба фактура, рачно изработен и со јајцевиден облик, рамно дно, нагласени раменици и благо свиткан раб нанадвор, сивкавокафеава боја, на одделни места нагорен. По начинот на изработка, составот на земјата, .
на ад претставува значаен наод за проучување на најраниот словенски период во Македонија, а особено за брегалничкиот регион. Припаѓа кон малубројните наоди од групата најрана словенска керамика од VII век, време кога таа се изработува на начин како во старата словенска прататковина, кој со текот на времето се менува под влијание на новото поднебје и новите услови на живеење. Овој тип керамика е познат од пошироките европски простори населени со Словени и претставува прв весник на нивното присуство на нашата почва. Во Чешка и Словачка е познат под името "Прашки", а во Русија - "Корчак".
Типолошки, а и според другите свои карактеристики, најблизок на нашиот наод е наодот од лок. "Кула" кај Михајловац, на утоката на Слатинска Реха во Дунав, ср Југославија. Кај нас во Македонија, според добиените податоци, слични наоди се констатирани на археолошкиот локалитет Скупи кај Скопје и Дебрешге кај Прилеп.
Лок. "Казанииско Маало", Ilitiuii
Значајни податоци за најраното словенско присуство во Брегалничкиот регион ни пружаат и наодите од лок. "Казанџиско Маало" во Штип.27 Регистрирани се фрагменти од поголем словенски керамички сад, рачно работен, веројатно урна и нагорени човечки коски (Т. 1. 4). И во овој случај. на мислење сме дека е регистриран уште еден ранословенски погребен обред - спалување-кремација на покојниците.
Во долниот тек на р. Брегалница, на околу 25 км југозападно од Штип, се издига карпестата грамада Исар, на која, според И. Микулчиќ. с лоциран еден од најголемите доцноантички опидуми во Македонија, со вкупна површина од околу 7 хектари.28
* C. Toiiuh - М. Миленковив, Yuthe Слатинске реке - Средњовековно налазиште VI-X века, Археолошки преглед 27%, Београд 1982, 122-123: Д. Kpcitiuh - М. Веauyxoeuh - Г. Милановиа, Архео ошко благо Србије, Народни музеј Београд, Београд 1983, кат. бр. 95 и 96.
За наодите од Скупи податоцит. : добиени од Ќ. Трајковски, виш кустос во Музејот на Македонија, Скопје и ранословенските наоди од Дебреште изво тување од д-р Б. Бабиќ.
Средновековното гратче Чрешче е изградено врз урнатините на
доцноантичкиот опидум.
Од овој локалитет потекнува еден значаен аваро-словенски наод, јазичест оков - украс за појасен ремен. Излеан е во бронза со траги од посребрување и украсен со вегетабилни мотиви - a криноки. и лилјани. (Сл. 7). Според техниката на изработката и стилските особености, овој наод е карактеристичен за времето на вториот аварски каганат, од-НОСНО on завршна фаза, крајот на VIII век.
Лок. "Манастирски комплекс Св. Архангел Михаил", Берово
Во 1980 и 1982 година, Заводот за заштита на спомениците на културата и Народен музеј - Штип, во дворното место на манастирскиот комплекс "Св. Архангел Михаил" во Берово, изведе заштитно археолошко ископување, кое резултираше со откривање средновековни словенски јами со стопански карактер кои имале функција на складишта-амбари за чување храна (Сл. 8). Познато е дека старите Словени биле мајстори за чување жито и други продукти во подземни јами. Датирани се во XII-XIV век. со
Исто, стр. 153, 159, Цртеж 3.
3. Белдедовски, Резултати од истражувањето на средновековните словенски јами во Берово, Зборник посветен на Б. Бабиќ, Институт за истражување на
старословенската култура, Прилеп, Прилеп 1986, 45-49, Словенски средно-Јамите биле во секундарна употреба. Тие не се во целост истражени, а дел од нив во првобитната намена имале сосем друга функција и веројатно претставувале ранословенски живеалишта - земјанки или полуземјанки за кои се констатирани и материјални артефакти, како на пример: јагленисана слама и дрво, остатоци од огништа и сл. А како најкарактеристичен ранословенски елемент е фрагментот од керамички сад (T. I, 3), рачно работен, кој ги има сите одлики на најраната словенска керамика. Со последново се потврдува присуството на словенскиот етнос и во горниот тек на р. Брегалница во УП-УШ век.
Целта на овој прилог е да се даде извесен импулс за зголемување на интересот за подетатно идентификување и проучување на материјалните остатоци од времето на големата преселба на народите. Во склоп на тоа, и поцелосна и посигурна идентификација на материјалните остатоци од словенскиот етнос, кој, иако етнички доминантен на нашите простори, за жал се уште е недоволно проучен.
фотографии: К. Спасов, фотограф при Заводот и музеј во Штип
-вековни јами од Берово, ископување 1982 година, Масеԁ. acta агнасо!. 9, 1983-1984,
Скопје 1988, 225-234; Брегалничкиот басен..., 48-49, Сл. 37, 38. BELDEDOVSKI ZVONKO - Stip SUMMARY
Белешки
- Е. Манева, Средновековен накит од Македонија, Скопје 1992, 12, забелешка 6, со наведена литература; В. Поповић, Албанија у касној антици, Научни скупови, сану XXXIX, Одељ. историских наука књ. 10, Београд 1988, 228. Ljubljana 1990, 244; Брегалничкиот басен во римскиот и раниот средновековен период. Зборник VI, посебно издание, Завод - Музеј Штип, Штип 1990, 45, 50. ↩
- Расолкоска-Николовска, Археолошки истражувања на црквата Св. Горѓи во Горен Козјак, Зборник на штипскиот Народен музеј ГУ-У (1964-1974), Штип 1975, 125-139 и таму7 наведена литература. ↩
- Белдедовски, Баргала, некропола од среден век. Arheolo&ki pregled 29 (1988), Ljubljana 1990, 244; Брегалничкиот басен во римскиот и раниот средновековен период, Зборник VI, посебно издание, Завод - Музеј Штип, Штип 1990, 45, 50. ↩
- З. Белдедовски, Ранословенски наоди од Штип и неговата најблиска околина. Maced. acta archaeol. 10, Скопје 1985-1986, 225-230, 226, Сл. 2. ↩
- J. Korošec, Ostava bronćanih matrica za otiskivanje u Biskupiji kod Knina, SHP ser. III, sv. 6, Zagreb 1958, 29-44. ↩
- D. Jelovina, Glavne značajke starohrvatske materijalne kulture od 7 do 12 stoljeća na području između rijeka Zrmanje i Cetine, Starohrvatska prosvjeta, 16, Split 1987, 25-50, 33. Sl. 2. ↩
- Предметот е откупен од Тана Велинова од с. Таринци. Употребуван е секундарно како приврзок на ѓердан. Околностите под кои е најден се непознати. ↩
- Р. Петровић, Кефалија и поликефалија, Зборник Народног музеја XIV-1, Археологија, Београд 1992, 439-449, 439 забелешка 1, 442 цртеж 1. ↩
- Исто, стр. 439, забелешка 2, Т. I, цртеж 2. ↩
- Исто, таму наведената литература. ↩
- Исто, 440; M. Gimbutas, The Slaves, London 1971, стр. 161. ↩
- Исто, стр. 441, забелешка 22 - M. Todd, Everyday life of the Barbarians/Goths. Franks and Vandals/, London 1972, стр. 125. ↩
- Р. Петровиќ, Кефалија и поликефалија..., таму наведената литература. ↩
- Исто, забелешка 24 - New Larousse Encyclopedia of3 Mythology, London 1969, 380. ↩
- Предметот е најден под непознати околности. ↩
- С. Ваклинов, Формиране на старобългарската култура, София, 1977, 186. ↩
- P. Петровиќ, нав. дело, забелешка 25 - М. Тоԁԁ, нав. дело 125. ↩
- Исто; B. Yajxanosuh, Мит и религија код Срба, Београд 1973, 380. ↩
- М. Тоԁԁ, нав. дело, 125. ↩
- Donar, Thor или Thunar (според: M. Todd, нав. дело 127). ↩
- M. Gimbutas, нав. дело, 168; B. Yajxanoeuh, нав. дело, 323, 327-328, 585. ↩
- Б. Алексова, Епископијата на Брегалница, Институт за истражување на старо-словенската култура, Прилеп 1989, 86-88. ↩
- З. Белдедовски, Ранословенски наоди..., Maced. acta achaeol. 10, Скопје 1985-1986, 225-230, 226, Сл.1. тување од д-р Б. Бабиќ. ↩
- З. Белдедовски, Брегалничкиот басен ..., 48, Сл. 35. ↩
- И. Микулчиќ, Градот Чрешче, Год. збор.на Фил. фак. 14/40, Скопје 1987, 149-160. ↩
Summary
Slavic Elements of the Material Culture in the Bregalnica Basin
BREGALNICA BASIN
The span from the end of the 6th to the end of the 8th century has been designated a5 the Early Slavic Period, i.e., the time of occupation and permanent settling of the Slavs in the Balkans. The culture of Slavs in that turbulent epoch pervaded with plundering and wars is hardly known to us. In that sense, this period is for the Bregalnica Basin the most mysterious stage of the cultural history of the Slavs. In the sense of identification of the ethnic aspect of the Slavs in the turbulent events in the time of Big Migrations, some initial information has been attained from few sites yielding isolated finds that deserve some more detailed scientific interpretation. The article considers the following sites: Bargala and its closest environs, Karaorman and Štip in the middle course of the Bregalnica river, Creška in the lower course, and the monastery complex of St. Archangel Michael in Berovo in the upper course of Bregalnica.
The mediaeval necropolis by the church of St. George at the site of Bargala has yielded a 7th century bronze cliche depicting a male portrait, which has secondarily been used as an amulet (PI. I, Fig. 1), as well as several fragments of Early Slavic pottery (PI. Il, Figs. | and 2). Another almost identical artifact bearing the same depiction of a male portrait has been recorded in the village of Tarinci (PI. I, Fig. 2)
Two more amulets also come from Bargala, one of which depicts a portrait of a young man, the other also bearing a portrait with a mask of a lion head (PI. I, Figs. 3 and 4). By its features, the way of production, content of the clay and the baking, the hand-made egg-shaped clay pot from the village of Karaorman shows all the traits of the earliest 7th century Slavic pottery, known in the Czech as "Prague" and in Russia as "Korchac" type.
A significant Slavic-Avaric bronze-plating for waist belt has appeared in the site of CreSée. This find is distinctive for the time of the second Avaric Khanate, i.e., its final stage in the 8th century (Fig. 3)
In the upper course of the Bregalnica, more precisely in yard of the monastery complex of St. Archangel Michael in Berovo, mediaeval Slavic pit of economic nature has been discovered used for storing food (Fig. 4). Among the other finds, a pottery fragment is rather outstanding (PI. II, Fig. 3).
The article is aimed at giving impetus to an increased interest for research and identification of the material evidence from the time of Big Migrations within the scope of more definite and complete identification of the material traits of the Slavic ethos, which has not sufficiently been explored, although ethnically dominant in these areas.