Macedoniae acta archaeologica 14 (1995) · стр. 155–172

Споменик од култот на Дунавските Коњаници

Постоечките сознанија за религиозниот и духовниот живот на жителите на римската Colonia Flavia Scupi, во 1992 година се збогатени со еден нов случаен наод од с. Радишани. Пронајдена е вотивна мермерна плоча со релјефна претстава чија иконографска содржина може да се атрибуира кон култот на т. н. "Дунавски коњаници1. Плочата е изработена од ситнозрнест квалитетен бел мермер, со правоаголна форма и димензии 21,5 х 14,5 х 2,5 см. Релјефот е со високи естетски и уметнички квалитети, за разлика од поголемиот број споменици од овој култ. Делумно е оштетен долниот десен агол. Претставената иконографска композиција просторно е органи-зирана во четири 3ОНН, меѓусебно раздвоени со релјефно моделирани рамки. Според обликот, припаѓа на типот правоаголни2 плочи со релјефна претстава на забат со акротерии во рамките на правоаголникот. (Сл. 1)

Во централниот дел на горната зона во релјефно моделираниот забат е претставен орел во исправена положба, фланкиран од двете страни со хералдички поставени змии. Главата на орелот е свртена налево, со нагласено предимензиониран клун, спуштени крила и нагласено релјефно моделирани нозе и канџи. Змиите имаат спирално извиткани тела со подигнати

Местото на наод е кат. парцела 781, К. О. Радишани, сопственост на Ратомир Радовановиќ од с. Радишани. Со увидот направен од екипа на Музејот на град Скопје с утврдена интервенција на сопственикот за нивелирање на земјиштето,

Илустрација, стр. 156

глави кон главата на орелот. Со примена на едноставни, длабоко врежани линии е постигнат ефект на длабок релјеф со издиференцирани детали и нагласени контури на фигурите. Од надворешната страна на забатот во аглите на фризот се претставени акротерии во облик на стилизирани волути од ефектно спирално извиткани ластарки. Надесно од забатот, во горниот агол на фризот, се наоѓа биста на Сол со осмокрака радијална круна, а во десната рака држи глоб - модел на светот, чијшто творец е самиот. Налево од забатот се наоѓа бистата на Луна со полумесечина. зад рамениците. Лево од Сол е претставен факел, а надесно од Луна - факел и стилизирана розета. Бистите на Сол и на Луна се моделирани со посебно внимание, прецизно, со нагласени детали на лицето, косата и облеката, при што доминираат складниот облики пропорциите.

Во втората зона централната претстава е фланкирана со два столба, истовремено и носачи на забатот од горниот фриз, а левиот е со препознатлив коринтски капител. Централно, во оваа сцена е прикажана божица, облечена во долг хитон со полукружен отвор околу вратот, подврзан под градите, кој паѓа во богати вертикални набори до нозете. Косата е поделена на патец, покриена со шамија што слободно паѓа на рамениците. Во рацете држи краишта од некоја ткаенина или шамија исполнета со плодови. Налево и надесно од божицата се наоѓа по еден жртвеник - олтар со разгорен оган. Вообичаено за централната сцена, божицата е придружена од двете страни со по еден коњаник. Коњаниците се облечени во ориентална облека, куси туники со развиорени хламиди зад грбовите и со фригиски капи на главите. Левиот коњаник, во подигнатата десна рака, држи копје (двојна секирад). Левиот коњаник, со десната, а десниот со левата нога се потпираат врз предимензионирано претставени чаши-пехари. Главите на божицата и на јавачите се истакнуваат со внимателно и прецизно моделирани детали на лицето. Фигурите на коњите се истакнуваат со особено квалитетна изведба во однос на поголемиот број мермерни релјефи од овој култ. Присутно е прецизно моделирање на контурите, со нагласена перспектива и пропорција при претставувањето на нозете, а посебно естетско внимание е посветено при релјефното обликување на деталите на главата, гривата и опашката.3 Под копитата на коњите се наоѓаат претстави на по една гола машка фигура, левата лежи на стомак, а десната настрана. Зад коњаниците е претставена по една женска фигура, облечена во долг хитон со карактеристично движење на раката подигната кон ли-

Во третата зона одлево надесно се претставени: три олтари со разгорен оган, а над нив три стилизирани ламби и бодеж со врв свртен надолу. Централно во сцената е поместен масивен троножник со риба положена на него. Надесно од него се претставени кантарос и три пехари (чаши) со лебови (цветови) врз нив. Нејасна е претставата на крајниот десен агол поради оштетеност на плочата, што се однесува и за четвртата зона.

Во четвртата зона одлево надесно се наоѓаат: олтар со разгорен оган, покрај него женска фигура облечена во хитон и химатион. Свртена е налево кон олтарот, а во подигнатите раце држи нејасен предмет (стомна). Следи канделабар на кој стои ламба или можеби птица (петел). Покрај него женска фигура облечена во хитон и химатион, свртена надесно, која со десната рака се потпира врз канделаброт, а во левата подигната рака држи нејасен предмет со кој врши некој ритуал над олтар со разгорен оган. Пред неа се наоѓа претстава на животно, веројатно лав. Од другата страна на олтарот е претставена уште една женска фигура облечена во хитон и химатион, со подигнати раце во кои држи стомна и истовремено со фигурата од левата страна врши некој обред над олтарот. Потоа следи уште еден канделабар со ламба (петел) на него, пред кој се наоѓа претстава на овен. Надесно од нив е претставена уште една женска фигура свртена надесно. Облечена е во долг хитон со спуштена десна рака, а во подигнатата лева рака држи нејасен предмет (сад?), над олтар со разгорен пламен што се наоѓа пред неа. Сцената завршува со претстава на храм, од типот тетрастил.5

Дескрипцијата на иконографската содржина на релјефот јасно ја определува неговата припадност кон релјефните плочи на кои е илустрирана содржината на еден мистичен култ во науката идентификуван како култ на "Дунавските коњаници". Интересот за овој тип споменици датира уште од крајот на минатиот век6 .

е исклучително прецизното моделирање и обработка на коњската грива и опаш-

ката, што е претставено на најразлични начини.

бидејќи се само делумно видливи од опашките на коњите, па атрибутирањето е

извршено врз основа на карактеристичното движење на раката. Со проблемот за .

идентификација на овој тип претстави на релјефите од овој култ најстудиозно се

занимавал Тудор и ги определил како претстави на Немеза; види: 0. Tudor,

CMRED II, 130-136.

© лициран како во поглед на иконографските мотиви и симболизмот, така и во поглед на содржината и значењето на култот. Досега не се пронајдени плочи со вотивни натписи или со имињата на претставените божества7 или дедикантите, врз основа на што би можело со сигурност да се утврди атрибуцијата или природата на божествата.

Дакија. Долна Мезија и двете Панонии. Врз основа на таквата територијална распространетост "Тудор го изведува терминот Дунавски коњаници (аргументирано ги отфрла термините тракиски, трако-митриски, Кабиро-Диоскури), кој денес е прифатен во научната јавност повеќе како термин за распознавање на типот споменици одошто за иконографска идентификација И атрибуција на култната содржина на споменицитс.

Релјефните плочи од овој култ се среќаваат во провинциите: Панонија Супериор и Инфериор, Дакија, Долна и Горна Мезија,8 Тракија, Далмација и Норик. Најбројни се во дунавските провинции на Римската империја, Панонија, Дакија и Долна Мезија Ѓ При анализата на овие споменици треба да се одвојат два момента, иконографскиот и култниот. Врз основа на иконографската анализа на застапените мотиви и материјалот од кој се изработени плочите, Тудор ја промовира хипотезата за потеклото на култот од територијата на Дакија. Притоа, како најстари ги определува мермерните плочи со претстава на еден јавач кои потекнуваат од оваа провинција и ги датира во П век од н. е.,9 додека оние со претстава на двајца јавачи ги датира од крајот на II до почетокот на IV век од H. е. Како иконографски прототип ги предлага плочите од Разград (Мезија Инфериор)"“;10 што многумина му го оспоруваат.11 Тој го прифаќа иконографското влијание од спомениците посветени на Тракискиот коњаник,12 во почетната фаза при оформувањето, од локален аниконичен кон релјефно илустриран култ. Плочите со претстава на еден јавач (тип A) не треба да се третираат како варијанта на Тракискиот коњаник", бидејќи религиозните содржини на овие два култа во основа се разликуваат. Уште во оваа, рана фаза евидентно е влијанието на ориенталните култови, посебно на MUTpaH3MoT13 (бистите на Сол и на Луна, лав, змија, кратер и др.). Тудор смета дека во оваа стапа од развојот на култот вториот јавач егзистира во една секундарна аниконична форма и "С .

G. Kazarow, PW RE sv. Heros (trakischer), Spomenik. 1148, го одрекува влијанието на култот на "Тракискиот коњаник врз овие споменици.

13

Меѓутоа. покрај едниот, односно двајцата коњаника - во централната и секогаш присутна сцена - е претставена и една женска фигура, божица, чии име и функции се исто така непознати. Иконографската еволуција на култот ја афирмира оваа Божица како централна личност на која и се подредени коњаниците и нивните асистенти. Таа е "Големата Божица14 - божество на плодноста и вегетацијата, која постојано умира и се раѓа. Во себе ги обединува небесните, земните и хтонските карактеристики, господарка е на трите света, со многу атрибути. Бројот на последниве значително се зголемува под иконографските и религиозни влијанија на слични женски божества, што е особено карактеристично за арата на син-

Во Ш век од н.е., во времето на доминација на религиозниот синкретизам, освен директните и индиректни влијанија од другите култови (митраизам, Кибела, Диоскури, Тракиски коњаник и др.), во формирањето на ликовната и иконографската презентација на култот голема улога одиграле и грчките и римските мајстори што ги изработувале релјефните плочи. При изработката на плочите и илустрирањето на култната и религиозната содржина, тие аплицирале симболи со слично или идентично значење од другите религии. Овие, во тој период, биле широко прифатени бидејќи тоа е време15 то на локална разновидност во новиот свет на сличност и универзалност.16 На релјефните плочи се препознатливи иконографските влијанија на Диоскурите и Тракискиот коњаник врз формирањето на ликовната презентација на коњаниците, но треба да се прави разлика меѓу нивната религиозна содржина. Основна разлика меѓу спомнативе култови и овој е присуството на легнат човек под копитата на коњите (понекогаш заменет со зооморфни * . .

и), што од друга страна укажува дека во илустрацијата на коњаниците најважен момент е победата на силите на доброто над силите на злото.

Ваквиот аспект на култот воопшто не е необичен ако се набљудува во контекст на времето, кога масовно се афирмираат и се прифатени дуалистичките теолошки начела на постојана борба меѓу силите на доброто и силите на злото. На тој начин само е нагласена подредената улога на боговите-коњаници во однос на централната божица, па се поставува прашањето - дали во науката прифатениот термин Дунавски коњаници е оправдан и адекватен? Со оглед на тоа што религиозната суштина на култот е се уште непозната, веројатно ќе се причека и на промената на терминологијата, можеби додека се пронајде некој вотивен споменик.

3a да се разбере религиозната суштина на култот, потребно е да се нагласи дека обврзни иконографски елементи со точно утврдено место се божицата фланкирана со парот коњаници, придружени со асистенти и со фигурите на победените под нозете на коњаниците. На второ место е соларниот симболизам изразен на различни начини. Сите други елементи, мотиви и симболи се прикажани на различни начини и места, а понекогаш се и изоставени. Бидејќи елементите на култот немаат канонизирана иконографија, јасно е дека не постојат канонизирани религиски обрасци и контрола на икононографската интерпретација од страна на култната заедница.17

Иконографската анализа на плочата од Радишани ќе ја почнеме од обликот и организацијата на просторот и поделбата на зони, што е условено и од материјалот од кој е изработена. Според обликот, припаѓа кон типот правоаголни18 плочи со релјефна претстава на забат со акротерии во рамките на правоаголникот.

Религиозната содржина е распоредена во четири зони. Горната го симболизира небесниот свод, втората централна зона ја илустрира мистичната содржина на култот,19 во третата и четвртата зона сс претставени карактеристичните симболи и мистичните ритуали поврзани со култот... При иконографската анализа ќе се задржиме само на симболите илустрирани на нашата плоча, како и нив. те меѓусебни односи.

Небеската сфера симболично е претставена со бистите на Сол и на Луна во горните агли на плочата. Соларниот симболизам секогаш е илустриран во најгорната зона, која го претставува небескиот свод и доминира над другите сцени. Скоро на сите споменици со претстава на двајца коњаници (тип В според Тудор) се присутен тој хиерархиски поредок, што укажува на соларната теологија како основа на религиската концепција на култот. 29 Во нашиов случај е присутна инверзија од вообичаената местоположба на бистите на Сол и на Луна - Сол е претставен на левата наместо на десната страна од плочата.21 Соларниот симболизам е нагласен со претставата на Земјината топка во десната рака на Сол, како и претставите на факли покрај Сол и Луна. Претставата на моделот на светот во рацете на Сол е карактеристична за оловните икони, кои се најбројни во Панонија, при што Сол е претставен во четирипрег како креатор и господар на светот, односно Космократор....22 Иконографијата на овие релјефи се фор-. мира во периодот на афирмација на соларната теологија со тенденција во "себе да ги асимилира сите други религии.

Факелот е симбол на светлината, на прочистување и просветлување, ја симболизира светлоста, која го осветлува патот во подземјето; со тоа го овозможува процесот на иницијација на nocsetenute.23 Факелот во рацете на Сол, кој се среќава на некои релјефи, ги симболизира позитивната топлина и неопходната светлина што сонцето ја распростира врз светот. Сончевата светлина, која секоја вечер умира а секое утро повторно се раѓа, ги уништува темнината и лошите демони, будејќи ги мртвите, им овозможува бесмртност на небото, што во основа е есхатолошко верување. На оловните икони покрај бистите на Сол и на Луна се среќаваат две звезди, симболични претстави на утринската и вечерната звезда (симболизам што има директни паралели со Диоскурите, како дел од митот за нивното постојано умирање и повторно раѓање).“24 Не треба да се исклучи можноста на плочата од Радишани факлите да ја имаат истата функција и симболично значење како 5вездите на оловните плочи.

Во зоната на небесниот свет, издвоена во тимпанонско поле, претставена е тријада на орел фланкиран со две змии. Претставите на орел во овој култ25 се карактеристични за плочите со двајца коњаници, а не се среќаваат на поскарите со ССН коњаник, што еа Доби дека оваа појава е иницирана под влијание на некој сроден култ... Орелот е чест симбол во култовите на Митра, Јупитер Долихен, Јупитер, а и кај војничките споменици од тој период. На спомениците поврзани со култот на Дунавските .

сем е отсутен кај тие од Панонија. коњаници без исклучок се јавува во горната небеска зона и е во релација со Сол26 и Луна, како и другите небески симболи. Во митраизмот орелот е небеска и соларна птица и гласник на Сол. Во култот на J упитер, Долихен има пошироко значење и најчесто се изедначува со самиот бог, формирајќи со Сол и Луна небеска и космичка тријада. Во римската религија е небеска птица атрибуирана на Јупитер, а во фунерарните верувања - преносник на душите на умрените во небесните сфери.27 На спомениците од овој култ треба да се прифати како гласник и посредник, меѓу небеските божества - соларните звезди Сол и Луна, и божествената тријада (божицата со коњаниците), со акцент врз есхатолошките верувања, како преносник на душите на умрените на небо.

На нашиот споменик орелот не смее да се посматра како изолиран симбол, туку во констелација со двете змии што се хералдички поставени, но сепак во подредена положба во однос на него.28 Сцените на кои се претставени змиите со подигнати извиткани тела, конфронтирани меѓусебно во зоната на небесните симболи, се толкуваат како симболични прикази на двете хемисфери што го формираа небесниот свод. Овој астрален карактер на змиите е истакнат најмногу на плочите, каде што тие се придружени со бистите на Соли Луна.29 Од друга страна, змијата во повеќето пагански религии е хтонски симбол и атрибут на хтонските божества (на плочите на Дунавските коњаници, таа улога најчесто ја има кога е претставена во зоната на култни симболи).

Од горново јасно произлегува значењето на сцената орел фланкиран со две змии. Целата сцена е претставена во зоната на небески симболи. Меѓутоа, со тоа што с издвоена во забат, сепак е нагласена посебната улога на орелот и на змиите во однос на другите симболи од оваа зона. Наше мислење е дека тис ја симболизираат врската меѓу небеските божества Сол и Луна и божествената тријада божицата со коњаниците. Не треба да се исклучи ни можноста преку овие симболи со двојно значење, орелот и Змиите, да е означена двојноста меѓу небото и земјата, односно нивниот меѓусебен однос и хиерархија.30

Сл. 2 Централна сцена со божествената тријада Fig. 2 Central scene with the Triad of Gods Fig. 2 Central scene with the Triad of Gods
Сл. 2 Централна сцена со божествената тријада Fig. 2 Central scene with the Triad of Gods Fig. 2 Central scene with the Triad of Gods

Централното место на плочата е резервирано за божествената тријада - божицата, придружена од двајца богови-коњаници. За историскиот развој на иконографската слика на култот и можните влијанија и синкретизми со други култови говоревме претходно, затоа сега акцентот го ставаме врз религиозната содржина.

Врховната божица, со неопределено име, атрибути и симболи, заедно со коњаниците, кои се исто така анонимни, а кои, според положбата, И се подредени и со понизок ранг - се главни божества во култот. Коњаниците се придружени со свои помошници, во случајов - претставите на Немеза, која им асистира, а победените се претставени со телата на човечки фигури под и

Iconography and Ideology, 1968, и E. Ochsenschlager, Sirmium II, 51-66 - ce обидуваат сцените, симболите и механизмот на нивното меѓусебно функционирање да ги интерпретираат врз основа на грчко-римските теозофски системи, кои во основа ги имаат есхатолошко-сотериолошките учења на орфизмот и неоплатонизмот. Меѓутоа, прашање е колку обичните верници, восприемачи на овој култ, би можеле да ги разберат тие сложени филозофски пораки. Многу посигурни се објаснувањата дека секој симболизам с приспособен кон нивото и степенот на интелектуален развој на примачот. нозете на коњите. И покрај големиот број студии и расправи, религиозната суштина на иконографската соджина на култот се уште е неразјаснета.“.31 Таквата суштина на божествата треба да се бара во сложениот спој од широк дијапазон овластувања и атрибути, кои ги идентификуваат истовремено како небески, земни и хтонски, со нагласени есхатолошки и сотериолошки особини. Секако, оваа сложена содржина на култот се оформува, со текот на времето, во развој од локален кон синкретистички, а под влијание на други сродни култови, пред се ориенталните (Митра, Кибела, Јупитер Долихен и др.), што е вообичаено за периодот на Ш век од н. е., наречен ера на синкретизмот. Во секој случај, присуството на некои симболи, како овен, бик, риба, лав, петел, кратер, триножник и сл. во зоните каде што се илустрирани мистичните ритуали. асоцира и на религиозни врски и влијанија од култовите на сродни женски божества. Тоа се: Луна, Бендида-Артемида, Кибела, Немеза, Хеката, Анаитис, Атаргатис, Деа Сирија и др.

Иконографската слика на коњаниците е оформена под ликовно влијание на Тракискиот коњаник и на Диоскурите. Меѓутоа, нивните функции треба да се бараат во доменот на соларни и хтонски овластувања, што е карактеристика и за најголемиот број богови-коњаници и за коњот, како симбол на бесмртноста.32

Еден од суштинските елементи на култот е претставата на победените под нозете на коњот. Од симболизмот на оваа сцена € јасна пораката за победата на силите на доброто над силите на злото; но, сфатено во поширока смисла, како победа на демоните на доброто над демоните на злото за време на животот, како можност за живот по смртта. Во таа смисла с јасно и присуството и помошта на Немеза како божица на правдата и одмаздата, која истовремено е и чувар на таинственоста на мистериите.33

Присуството на жртвениците со разгорен оган пред нозете на коњите веројатно е резултат на иконографското влијание од култот на Тракискиот коњаник, каде што овој мотив е редовно претставен во слична позиција.34 Претставите на пехарите под нозете на коњаниците, а врз победените - треба да се сфатат како дел од божествената гозба. Односно, пехарите се полни со светата напивка наменета боговите да ја испијат по успешната победа над силите на злото.35

хипотези и теории за ова прашање.

ЗА G. Kazarow, Die Denkmiiler des trakischen Reitergottes, Diss. Pann. Budapest 1938. - Сметаме дека во случајов е евидентно влијанието од ликовната слика на Тракискиот коњаник, а дека треба да се исклучи влијанието од митраизмот, каде што . претставите на седум олтари имаат сосем =e астролошко значење.

“ap. Tudor, CMRED П, 268-269. Третата и четвртата зона треба да се посматраат како една целина, бидејќи тука се претставени симболите и ритуалите практикувани во мистериите на култот. Според претставената сценографија, неоспорно е дека и овој мистичен култ, како и поголемиот број сродни култови (култовите на Митра, Кибела и др.), има добро разработена иницијациска содржина (определен период на пост и страдања, по што неофитот е подложуван на обреди на пурификација и лустрација). Потоа верникот може да биде упатен во тајната суштина на култот. Целата таа мистична литургија во суштина има длабок есхатолошко-сотериолошки карактер, а по ритуалите на симболична смрт и повторно раѓање - на посветениот му се ветуваат бесмртност во небесните сфери и еднаквост со божеството.

На нашиот споменик овие мистични ритуали се претставени на еден мошне редуциран начин. Застапени се сцените на жртвување (criobolium), симболична смрт (occultatio) и симболична гозба.

Во претставите на трите жртвеници и камата (culter sacrificialis) ѕе сублимирани сцените на ритуалното жртвување на овен (criobolium), пурификација на неофитот со крвта на светото животно и симболичната смрт (occultatio), по што иницијантот е симболично повторно роден и може да биде упатен во првиот степен на посветените мисти-Аце5. Оваа сцена е илустрирана со седната човечка фигура со маска на овен на главата, во положба на адорација покрај триножник. Претставата на трите ламби над жртвениците асоцира на a. хтонски карактер и славењето на мистериите на тајни и темни места.36 Следната сцена е мистична гозба илустрирана со претставата на триножник на кој се наоѓа светата храна (риба),37 кратер, три пехари и три леба. Кратерот и пехарите очигледно служат за чување, мешање и пиење напивки, како што се вода, вино, масло, млеко и мед. Лебовите на нашиот споменик се претставени во облик на розета. што се среќава и на релјефот од Алмус бр. 71 во корпусот на Тудор (слични се и лебовите пронајдени во Помпеја).38 8 Дури по јадењето и пиењето на храната резервирана за боговите, мистот може да смета дека е физички и духовно регенериран. Во оваа сцена очигледно е инсистирањето на број 3, што укажува на директна врска со божествената тријада. Очигледно с дека во сцената на мистичната гозба39 на иницијантите е сублимирана и сцената на божествената гозба... Четвртата зона е продолжение на претходните сцени. Имено, претставена е процесија од четири жени (веројатно биле пет фигури, но поради оштетеност на плочата, тоа ќе остане на ниво на претпоставка), во придружба на овен и лав. Во заднина се наоѓаат претставени два канделабра со ламби (петли) на нив. Верниците в раце држат различни садови со кои вршат жртвувања над три олтари со разгорен пламен. Целиот овој ритуал се врши пред храм, па наше мислење е дека на овој начин е илустриран јавниот дел од мистериите на култот, односно обредите кои верниците по посветувањето-иницијацијата ги изведуваат пред очите на јавноста. Поради присуство на канделабрите, кои ја имаат истата симболична улога како и ламбите (мистичност, окултизам, практикување на ритуалот на тајни и темни места), сепак треба да се зачува една доза сомневање дека таа јавност ја сочинувале само неофитите. Претставите на лавот и овенот се чести на овие споменици, а во оваа конетелација веројатно асоцираат на степените на посветеност на мистите во култот...40 Петелот (доколку е претставен на канделабрите) е соларна птица, а има и хтонски и апотропејски

Сл. 3 Култни ритуали и симболи од третата и четвртата зона Fig. 3 Cult rituals and symbols from the third and fourth zone Fig. 3 Cult rituals and symbols from the third and fourth zone
Сл. 3 Култни ритуали и симболи од третата и четвртата зона Fig. 3 Cult rituals and symbols from the third and fourth zone Fig. 3 Cult rituals and symbols from the third and fourth zone

коњаник, Кибела, Хеката, Атаргатис и др. карактер. Со својот глас ги повикува силите на доброто, а ги растерува силите на злото.41

Интересно е дека процесијата ја сочинуваат само жени.42 Со оглед на тоа што врховно божество е божицата претставена во централната сцена, не треба да се сомнева дека голем број од верниците на култот биле жени...

Јасно е дека сите погоре претставени ритуали се вршат пред храм, и тоа од типот reTpacrun.43 Тудор ја забележал појавата на претстави во облик на храм (ги идентификува како ста mystica - кутии во форма на храм за чување на светите предмети), но сепак се сомнева дека се тоа вистински храмови, бидејќи пред нив не се прикажани верници што вршат жртвување над олтар...44 Со оваа сцена, која нема аналогии на досега познатите споме-НИЦИ, конечно е разрешена енигмата околу веројатното постоење на храмови во кои самостојно би се вршеле мистериите на култот. Сепак, се до моментот додека и археолошки не се потврди постоење на светилиштехрам посветен на овој култ, ќе постои извесна доза сомневање во врска со овој проблем.45 “8 Не би требало да се исклучи можноста некои од иконите да се поставувани во светилишта на сродни божества (Митра, Тракиски коњаник и др.), што е вообичаено за периодот на синкретизмот. Бидејќи само за мал број споменици се познати местото и условите на наод, постојат противставени мислења за нивната функција. Cumont”46 сите споменици од овој култ ги определува како амулети. Тудор47 “" само најмалите и лесни оловни плочи ги определува како амулети со профилактички карактер, а камените и потешките метални плочи смета дека биле употребувани како вотивни во јавните или приватните објекти посветени на култот. Плочата од Радишани може слободно да се определи како вотивен објект-икона, на me Byxanoeuh, Neolithic Terra-cotta cock of48 Kosovo, Врањански гласник VII, 1971. > D. Tudor, CMRED Ил, 1975, 178 - претпоставува дека бројот на верничките во култот бил голем поради тоа што митраизмот ги исклучува жените од култот, но исто така смета дека со тоа култот не претставува дел и дополна на митраизмот. Во таа насока треба да се наспомне и мислењето на Jb. Зошовии, Старинар, XXIV-XXV, 1975, 41. Имено, таа ја идентификува Божицата со соларната божица Луна, чија иконографија е формирана како противтежа и дополна на митраистичката религија.

43

Б. Нестровил, Архитектура старог века, Београд 1974, 313.

* D. Tudor, CMRED И, 267; D. Tudor, Dacia V, 1961. - Со анализа на сите познати споменици, докажува дека на нив е илустриран култот на посебна И теолошки добро организирана религија.

а има слој or сивокафеава мрсна патина, веројатно од мрсните испарувања на ламбите што гореле во непосредна близина, од ШТО ЛОГИЧНО произлегува дека била поставена како вотивен предмет во некој објект посветен на култот.

Нашиот споменик, според местото на наодот, претставува најјужна точка на територијално простирање на култот... Сепак, оваа појава не треба да не чуди ако се има предвид дека е тоа III век од н. е., во случајов најверојатно втората половина од векот. Тоа е ера на синкретизмот и доминација на религиите од Исток, кои во основа имаат соларни и дуалистички теолошки начела, култовите полека го губат својот етнички карактер прокламирајќи универзални сотериолошки идеи.49

Споменикот од Радишани, според илустрираната содржина, не претставува новина во науката бидејќи припаѓа кон еден од добро познатите и проучени култови, но за жал се уште неидентификувани и неразјаснети. Сепактреба да се нагласат неколку значајни моменти што го одвојуваат од другите досега познати споменици. Пред се, естетските и уметничките квалитети на моделираниот релјеф асоцираат на локална каменорезачка работилница; сценографијата на претставените мотиви и симболи укажува на мајстор или нарачател што е добар познавач на култот; четвртата зона со процесијата на верници што вршат разни обреди над олтари пред исклучително јасно претставениот храм; местото на наод, како најјужна точка на простирање на култот позната досега.

Кои биле верниците, односно членовите на религиозната заедница на овој мистичен и се уште загадочен култ, во регионот на Скупи, тешко с “д а се каже врз основа само на една пронајдена плоча, без епиграфски податоци и без сигурен археолошки контекст.50

Овој труд нема претензии дека со анализата на седна релјефна плоча ќе го реши проблемот на идентитетот, содржината и патиштата на дисперзија на односниов култ. Целта беше да се истакнат некои посебни елементи кои првпат се среќаваат и кои можеби ќе придонесат за натамошно проучување на култот.51 LENCHE JOVANOVA - Skopje SUMMARY

Белешки

  1. што е оштетен некој помал градежен објект. На местото на наодот с видливо поголемо количество градежен материјал (необработени камења. цели и фрагментирани тегули), а пронајдени се и неколку2 фрагменти од римска садова керамика. Функцијата на објектот е нејасна и не може попрецизно да се определи без натамошни истражувања. ↩
  2. Janosic, Rimske yotivne plocice od olova u Jugoslaviji, Opyscula Archaeologica VI, Zagreb, 1966, 57 tip V1; D. Tudor, Corpus Monumentorum Religionis Eqvitum Danuvinorum Il, 14-15; И. Поповии, Споменици култа подунавских коњаника из Народног музеја у Београду, Зборник Народног музеја у Београду ХІ/1, 1983, 58. 3 Стилски, претставите на коњаниците се блиски со претставите на Тракискиот коњаник на релјефните плочи пронајдени во Македонија, посебно на плочите од ↩
  3. Семениште и Прилеп, в: A. Цермановии - Кузмановит, Споменици Трачког коњаника у нашој земљи, Старинар XIII-XIV/1962-63, Београд 1965; Стилски и иконографски аналогни на овие се релјефите посветени на Тракискиот коњаник, пронајдени во голем број на просторот меѓу западната граница на Тракија и линијата Никополис - Ад Иструм - Чирпан, од кои најголем број (околу 40) се пронајдени во светилиштата во Глава Панега и Баткун: в: M. Оперман, за оброчните плочи на ловуващия Тракийски конник од римската епоха в България, Археология 2, София 1970, 20 - 31; За нас од посебен интерес кај овие плочи ↩
  4. Претставите на овие две фигури не може со сигурност да се идентификуваат, бидејќи се само делумно видливи од опашките на коњите, па атрибутирањето е извршено врз основа на карактеристичното движење на раката. Со проблемот за идентификација на овој тип претстави на релјефите од овој култ најстудиозно се занимавал Тудор и ги определил како претстави на Немеза; види: D. Tudor, CMRED II, 130-136. ↩
  5. M. Vitruvius, Deset knjiga o arhitekturi, Sarajevo 1990, knj. III, 57-58; Б. Несторовиќ, Архитектура старог века, Београд 1974, 313. , 409-425; XXXII, 1912 330-352; A. Buday, Dolg Szeged, IV7 1928, 146; D. Tudor, , 318-343; исто, Corpus monumentorum religionis eqvitum danuvinorum (CMRED) I-II, 1969-1976; во последното дело Тудор успеал да ги собере сите релјефни плочи од овој култ познати до 1975 год, да ги класифицира, а се обидел да ја протолкува и нивната иконографска содржина. Во ова капитално дело Тудор дава и детален преглед на постоечката литература во која се третира овој мистичен култ. И по ↩
  6. T. Antonescu, Cultur Cabirilor in Dacia, 1889, IX 260; E. Nowotny, WMBH IV, 1896, 206; J. Hampel, Archeologiai Ertesito XXIII, 1903, 305-365; XXV 1905, 1-16 и 116-126; XXXI, 1911, 409-425; XXXII, 1912 330-352; A. Buday, Dolg Szeged, IV 1928, 146; D. Tudor, ↩
  7. год. се пронајдени нови споменици, а проучувањето и толкувањето на овој се уште енигматичен култ и натаму продолжува. Во повеќето нови трудови се прифаќаат заклучоците на Тудор, но не се навлегува во постудиозни иконографски анализи, само во неколку случаи се предлагаат нови објаснувања за иконографската содржина и симболите што се среќаваат на овие споменици. ↩
  8. Ср. Tudor, ED VII, 228; исто во CMRED И, 1976, 147-161. - Меѓутоа. во поново време е изнесена уште една хипотеза, односно можност плочите со претстава на еден или двајца јавачи да се истовремени, така што оние со претстава на еден јавач би илустрирале само дел од иконографската содржина на култот. За ова кај Lj. Zotovié, Homages a Maarten J. Vermaseren, II, 1978, 1377; исто, Три оловне иконе из5 збирке Музеја града Београда, Старинар XXIV-XXV, 1973-74, 41. ↩
  9. Tudor, Discussioni intorno al culto dei cavalieri danubiani, Dacia V, 1960, 327, fig. 2; исто во CMRED Ил, 52-70. - Според статистичката анализа на Тудор, од вкупниот број 232 плочи познати до 1975 г. 166 се пронајдени во дунавските провинции ↩
  10. D. Tudor, CMRED II, 1976, 147-161 - Од вкупно пронајдените 31 камена плоча со претстава на еден јавач, 17 се од Дакија, 8 од двете Мезии и 4 од Далмација. Поради тоа, тој ја предлага Дакија за изворишна територија. Смета дека плочите од Разград се прототип, но не и единствен модел врз основа на кој е формирана иконографијата на неговиот најстар тип - тип А (камени плочи со еден јавач), бидејќи во себе сѐ уште ја немаат инкорпорирано религиозната содржина на култот во комплетен облик, поради отсуството на една од основните сцени на лежечка фигура под копитата на коњот. ↩
  11. Я. Младенова, Бележки върху изображенията на Дунавските конници, Изследвания в чест на акад. Д. Дечев, София 1958, 545. - Плочите од Разград (Abrittus) се објавени од G. Kazarow, Neue Denkmäler zur Religiongeschichte Trakiens, Jarbuch des DAI, AA, 37, 1922, 184. - Младенова смета дека плочите од Разград не може да се датираат во крајот на I, туку во II-III в., поради што тие не се прототип, туку обратно - на нив се видливи влијанија од култот на т. н. Дунавски коњаници. Релјефите на Тракискиот коњаник, кои послужиле како ликовен модел за оформување на иконографската слика на култот на дунавските коњаници, се најбројни на југ од Дунав. Организацијата и распоредот на религиозната содржина во хоризонтални зони се карактеристични за митраистичките споменици од територијата на Долна Мезија. Тоа се аргументите врз основа на кои се формира тезата дека ликовното оформување на култот треба да се помести на југ од Дунав, како и фактот што во случајов квантитативната анализа е само резултат од поголемиот степен на истраженост во Дакија . ↩
  12. G. Kazarow, PW RE sv. Heros (trakischer), Spomenik. 1148, го одрекува влијанието на култот на Тракискиот коњаник врз овие споменици. ↩
  13. E. Will, Le relief culturel gréco-romain, Paris, 1955, 90, го оспорува големото влијание на митраизмот и смета дека овој култ е само локална манифестација на култот на Диоскурите. - Меѓутоа, доколку се прифати оваа хипотеза, се наметнува и прашањето за отсуството на култот на Дунавските коњаници токму во областите што се под најголемо и директно влијание на хеленизмот, како црноморското и егејското крајбрежје. Во тој контекст треба да се спомне присуството на поголем број споменици посветени на Диоскурите или Диоскурите со божица меѓу нив (Артемида) од подрачјето на Прилеп, Битола (Н. Вулиќ, Споменик ска, 71, 1931, 158, 183, 18; истиот, во Споменик ска, 75, 1933, 13;) и Демир Капија (В. Соколовска, Светилиште на Диоскурите кај Демир Капија, жа, XXIV, 1974, 267-278), а отсуството на култот - на Дунавските коњаници. ↩
  14. D. Tudor, CMRED II, 161-172 - го прифаќа влијанието на Диоскурите, но само како ликовен модел, така што култовите си ги зачувуваат сопствените иконографски карактеристики; F. Chapouthier, Les Dioscures au service d'une déesse, Paris 1935, успеал прецизно да ги дефинира разликите меѓу спомениците на овие два култа. ↩
  15. D. Tudor, CMRED II, 170-173, и 277-289 - таа е локално божество на природните феномени, паредра на врховниот бог од Дако-гетскиот пантеон. Во определена фаза од развојот на култот доаѓа до поврзување на овие две божества; меѓутоа, ликовното обликување се формира по освојувањето на Дакија од Римјаните и претставува всушност interpretatio romana. Заради комплементарноста на некои елементи со слични женски божества од Грчко-римскиот пантеон, култот еволуира и станува сè покомплексен. Божицата прима елементи од Бендис - Дијана, Луна, Хеката, Немеза и сл. Конечно, ориенталните култови и божества (митраизмот, Кибела, Анатис, Деа Сирија и др.) ја прават завршната фаза на влијанија. Вака оформениот комплексен култ е далеку од своите првобитни аспекти и содржина. ↩
  16. E. Ochsenschlager, Lead plaques of the Danubian horsemen type at Sirmium, Sirmium II, 1973, 58 ↩
  17. Љ. Зотовиһ, Старинар XXIV-XXV, 1973-74, 39. ↩
  18. I. Janošić, OA VI, 57; D. Tudor, CMRED II, 1976, 69 и 14-15, забат со акротерии, во рамките на правоаголникот, се јавува на плочите бр. 210, 228, 73, изработени од олово. Појавата на столбови - носачи на забатот е карактеристична за т. н. архитектонски тип надгробни стели. ↩
  19. Lj. Zotović, Homages a Maarten Vermaseren III, Leiden 1978, 1354. ↩
  20. D. Tudor, CMRED II, 1976, 181-191. ↩
  21. Ibid, 182. ↩
  22. p. Tudor, CMRED Il, 183; Lj. Zotovic, pak. cit. 19, 1354; E. Ochsenschlager, pak. cit. 16, 59-63. - ваквите претстави на Сол се посебно карактеристични во Ш B., посебно во времето на Аурелијан и Проб, кога култот на Сол станува доминантен во целата Империја. Во прилог на оваа хронологија, треба да се спомне дека на истиот локалитет е пронајдена и една бронзена монета на Проб, според читањето на д-р Елеонора Петрова, за што љубезно ѝ се заблагодарувам. ↩
  23. Факелот како симбол е поврзан со соларните и хтонските божества: Деметра, Хеката, Диоскури, а го имаат и дадофорите на Митра. ↩
  24. D. Tudor, CMRED II, 1976, 181-194. ↩
  25. D. Tudor, CMRED II, 1976, 200, најчесто се јавува на споменицит�� од Дакија, а сосем е отсутен кај тие од Панонија. ↩
  26. Tudor, Ibid, 219-224. - Змијата се јавува скоро на сите споменици од овој култ, во различни сцени и ситуации. Сцената на хералдички поставени змии со орел е регистрирана на спомениците 56a и 106a. ↩
  27. Will, Le relief cultuel gréco-romain, Paris 1955, 322 - тргнувајќи од хипотезата дека спомениците на овој култ се во тесна врска со култот на Диоскурите, односно ↩
  28. Кабирите, Will ги толкува како астрална ознака на двете хемисфери над кои управуваат Диоскурите; D, Tudor, CMRED II, 222. Во грчко-римската религија змијата е интерпретирана како како симбол на креативните сили во природата. ↩
  29. Змијата, како Agathos Daimon, е чувар и заштитник на душите на покојниците и, како таква, има значајна улога во култовите на хтонските божества Деметра, ↩
  30. Треба да се истакне дека некои истражувачи, како L. Campbell, Mithraic Iconography and Ideology, 1968, и E. Ochsenschlager, Sirmium II, 51-66 - се обидуваат сцените, симболите и механизмот на нивното меѓусебно функционирање да ги интерпретираат врз основа на грчко-римските теозофски системи, кои во основа ги имаат есхатолошко-сотериолошките учења на орфизмот и неоплатонизмот. Меѓутоа, прашање е колку обичните верници, восприемачи на овој култ, би можеле да ги разберат тие сложени филозофски пораки. Многу посигурни се објаснувањата дека секој симболизам е приспособен кон нивото и степенот на интелектуален развој на примачот. ↩
  31. D. Tudor, CMRED II, 142-180 - дава преглед и критичка анализа на сите познати хипотези и теории за ова прашање. ↩
  32. Ibid, 143. - Овие влијанија треба да се посматраат само во доменот на офор- „. Мувањето на ликовната слика, а никако како целосна идентификација. ↩
  33. Ibid,130-137. ↩
  34. G. Kazarow, Die Denkmäler des trakischen Reitergottes, Diss. Pann. Budapest 1938. - Сметаме дека во случајов е евидентно влијанието од ликовната слика на Тракискиот коњаник, а дека треба да се исклучи влијанието од митраизмот, каде што претставите на седум олтари имаат сосем подруго, астролошко значење. ↩
  35. D. Tudor, CMRED II, 268-269. ↩
  36. Ibid, 232-276 - дава детален опис на ритуалите поврзани со овој култ. Кибела, Xexata, Сабазиј, Хермес и др: E. Ochsenschlager, Sirmium II, 59, 64 - базирајќи се врз грчките теозофски учења, змијата ја толкува како еден од основните принципи на животот, односно бипартитна енергија, небеска и земјена. а Ибид, 232-276 - дава детален опис на ритуалите поврзани со овој култ. ↩
  37. Овенот, како симбол, најчесто се поврзува со коњаниците, а рибата - со божицата. За симболичната улога на рибата во овој култ, кај D. Tudor, CMRED II, 208-212, а за симболичната улога на рибата во ориенталните култови кај E. Ochsenschlager, Sirmium II, 59-63; Љ. Зотовић, Старинар XXIV-XXV, 1975, 41. ↩
  38. D. Tudor, CMRED II, 1975, 272. ↩
  39. Ibid, 255-262. ↩
  40. Ibid, 224-231 - изнесува претпоставка дека Leo е вториот степен на посветеност на мистите. Како симбол е карактеристичен за култовите на Митра, Тракискиот коњаник, Кибела, Хеката, Атаргатис и др. ↩
  41. Т. Вукановић, Neolithic Terra-cotta соск of Kosovo, Врањански гласник VII, 1971. ↩
  42. D. Tudor, CMRED II, 1975, 178 - претпоставува дека бројот на верничките во култот бил голем поради тоа што митраизмот ги исклучува жените од култот, но исто така смета дека со тоа култот не претставува дел и дополна на митраизмот. Во таа насока треба да се наспомне и мислењето на Љ. Зотовић, Старинар, XXIV-XXV, 1975, 41. Имено, таа ја идентификува Божицата со соларната божица Луна, чија иконографија е формирана како противтежа и дополна на митраистичката религија. ↩
  43. Б. Несторовић, Архитектура старог века, Београд 1974, 313. ↩
  44. D. Tudor, CMRED II, 267; D. Tudor, Dacia V, 1961. - Со анализа на сите познати споменици, докажува дека на нив е илустриран култот на посебна и теолошки добро организирана религија. ↩
  45. D. Tudor, Dacia V, 1961, 318-343 - спомнува дваесетина плочи пронајдени во археолошки контекст - гробови, урнатини на објекти и сл. Во таа смисла треба да се нагласи дека и иконата од Радишани е пронајдена во урнатините на помал градежен објект (приватен или култен), чија функција не може да се утврди без археолошки истражувања. Исто така не може да се утврди дали плочата од овој објект била во примарна или секундарна употреба. ↩
  46. F. Cumont, Revue Archeologique, 1938, 69. ↩
  47. D. Tudor, CMRED II, 1976, 75. ↩
  48. D. Tudor, Dacia V, 1961, 327 - дава картографски приказ на сите дотогаш пронајдени споменици. Географски, најблиски се спомениците од Белчин и Германија (пров. Тракија) и Студеничани - Сува Река, Медијана–Брзи Брод (пров. Горна Мезија). Постојат сознанија дека на територијата на Скопје е пронајдена уште една оловна плоча. За оваа информација му се заблагодарувам на м-р Зоран Георгиев. На скулптуралната група од Куманово, со претстава на Тракиски коњаник а посветена на Аполон, прикажан е мотивот на поразена човечка фигура под копитата на коњот, редок на овие споменици и веројатно преземен од култот на Дунавските коњаници (А. Цермановић-Кузмановић, Зборник ФФБ, 1962, 79). ↩
  49. B. Josifovska, IMS, Vol. VI Scupi et la region de Kumanovo, 1982, 37. Во регионот на Скопје и Куманово, освен култовите на божествата од официјален пантеон, потврдени се и култовите на Јупитер Долихен, Митра, Деа Сирија, Збелтиурд, Тракискиот коњаник и др. Постои потврда и за еден чуден спој на божества од официјален пантеон, локални божества и еден ориентален херој, (Iuppiter et Iuno et Draccο et Draccena et Alexander ). ↩
  50. Скопје и Куманово, освен култовите на божествата од официјален пантеон, потврдени се и култовите на Јупитер Долихен, Митра, Деа Сирија, Збелтиурд, "Тракискиот коњаник и др. Постои потврда и за еден чуден спој на божества од официјален пантеон, локални божества и еден ориентален херој, (Iuppiter et Iuno et Dracco et Draccena et Alexander ). 50 D. Tudor, CMRED II, 61, 126-127 - ликовното обликување на култот го поврзува со освојувањето на Дакија од Римјаните, кога локалниот култ се оформува како interpretatio romana. Смета дека најголемиот број верници се војници. Во периодот на доминација на соларните теолошки начела со тенденција кон соларен монотеизам (посебно во времето на Аурелијан и Проб), веројатно го прифаќаат и голем број ориенталци. ↩
  51. Со Решение бр. 0904-425 од 7. X. 1992 год., издадено од Заводот за заштита на спомениците на културата на град Скопје, утврдено е својството на споменик на културата. ↩

Summary

Monument to the Cult of the Danubian Horsemen

In 1992 a votive marble plaque was discovered in the village of RadiSani near Skopje bearing a relief with iconography that could be attributed to the cult of the so called Danubian Horsemen. It is rectangular in form measuring 21,5 x 14,5 x 2,5 cm and made of white marble. The religious depiction is rendered in four zones. The busts of Luna and Sol are presented in the upper zone that symbolizes the heaven, whereas the separated tympana area renders a triad of an eagle flanked with snakes. The second, central zone illustrates the mystic content of the cult with the Goddess accompanied by horsemen and their assistants. The third and fourth zone depict the characteristic symbols and rituals (from the left to the right: three altars with burning flames, and three lamps and a dagger above them, a tripod with fish on it, kantharos and three cups with a loaf of bread on each). The fourth zone also shows a procession of four women performing certain ritual above the three altars, accompanied by a ram and lion (bull) in front of an imposing temple. The complex religious content of the cult has been formed in the course of time, evolving from a local to a syncretic and being exposed to the influence of other related cults, above all, the oriental ones. The religious essence of the deities (the Supreme Goddess and the horsemen) should be sought in the complex unity of a whole range of competencies that identify them as heavenly, earthly and chthonian at the same time, with pronounced eschatological and soteriological features. According to the scenography, the third and fourth zone illustrate in a reduced manner the initiative rituals of the symbolic dearth and rebirth of the person to which it is dedicated, after which the believer can be revealed the secret of the cult. This is the first confirmation of this syncretic cult in the territory of Colonia Flavia Scupi and also the southernmost point of its spread known to us so far. The aesthetic and artistic qualities of the relief poini to a local stone-cutter’s workshop, whereas the iconography and scenography associate it with the middle, i.e., the second half of the 3rd century AD. An interesting novelty that distinguishes this monument from the others known so far is the depiction of the temple with procession of believers, which is another confirmation of the opinion shared by more than one scholar about the existence of shrines dedicated to a highly developed and well organized cult.