Macedoniae acta archaeologica 14 (1995) · стр. 137–148

Објекти издлабени во карпа од Прилепско

Објекти издлабени или изделкани во карпа се среќаваат кај голем број локалитети на територијата на Македонија. Се јавуваат во повеќе облици, типови и варијанти и припаѓаат кон различни временски периоди.1 Меѓутоа до ден-денес тие останале слабо истражени, па и сосем се ретки извештаите за вакви случаи. Посебни студии од оваа проблематика речиси

Таква е состојбата и со подрачјето што е предмет на нашево разгледување, прилепскиот дел на Пелагонија. На ова подрачје се среќаваат гробници или пак гробови издлабени во карпа, а многу поретко и објекти од сакралната архитектура. Покрај ова, на теренот е голем бројот и на: двојни корита за цедење сок од грозје, дибеци, мелници, јами, корита за месење тесто и друго. Истовремено, се наоѓаат и објекти издлабени или изделкани во карпа на кои, поради неиспитаност, не им е позната временската припадност ниту пак нивната вистинска намена.

Меѓутоа, без разлика каква била намената или пак кон кој временски период припаѓаат, тие обично имаат скромни димензии и многу едноставна изработка. Покрај тоа, најголем број од нив биле отворени уште от порано и ограбени, а кај некои тоа е сторено во поново време.

е Padojuuh, Црква у Коњуху, Зборник радова. Kw. XXI, Византолошки институт, 1, Београд 1952, 148,151, Сл. 2, 3, 4; А. Керамидчиев, Археолошки наоѓалишта во Кратовско, Зборник на Археолошкиот музеј, IV-V (1961-66), Скопје 1966, 118, точ. 3; И. Микулчиќ, Два безимени доцноантички града во Источна Македонија, Зборник посветен на Димче Коцо, Кн. VI-VII, Скопје 1975, 120,121; В. Лилчиќ, Доцноантичка утврдена населба кај Горно Нерези. Скопско, Масеԁ. acta archaeol. 4, Прилеп 1978, 230 и бр. 1 на планот; Bb. Георгиевски, Подземниот објект кај Куманово, Лихнид, Зборник на трудови 7, Охрид 1985, 95- 96, Сл. 1-3 и 4 Цртеж; I. Mikulčić, Kasnoantička utvrđenja u SR Makedoniji, pokušaj klasifikacije, Materijali XXII, Novi Sad 1986, 107: B. Соколовска, Исар-Марвинци и Повардарјето во античко време, Скопје 1986, 71-73, Сл. 52-55; В. Битракова-

Грозданова, Дупка - Кратово, Arheoloski pregled 28, Ljubljana 1989, 81-82, Сл. 1, 2. Таков е случајот со гробниците2 откриени на лок. "Дибек", с. Суводол, како и со оние од лок. "Сурун", потег Тумба, кај с. Горно Село, каде што селаните отвориле четири такви гробници.

Во 1959 година, Народниот музеј од Прилеп извршил археолошко ископување на две гробници од овој тип на лок. "Крклари", а подоцна и на една од лок. "Испраена Плоча" кај Горно Село. Меѓутоа, по тие ископувања е издаден само еден сумарен извештај.3 Во односново време такви гробници се констатирани и на месноста "Гумење", која се наоѓа под манастирот Трескавец.4 Слична е состојбата и со гробовите издлабени во карпа. Најчесто отворени во подалечно или поблиско минато, овие објекти се евидентирани без прилози или други елементи што временски би ги определиле поблиску.

Галериј Максимус. Теодосиј. Јустин и др.

На лок. "Баба", Прилеп, југозападно под акрополата на ова утврдување, врз монолитна карпа се наоѓа гроб со трапезоидна основа, со димензии 1,82 (1,73) x 0,53 (0,40) m.5 Гробот бил започнат, но не било завршено длабењето така што на убав начин може да се види како биле изработувани овие гробови. Најпрво се обележувала основата на објектот. Потоа се вршело самото длабење (овде со шир. 8-10 и длаб. 5-7 см) покрај работ, следејќи ја линијата на неговата основа. Откако тоа ќе се направело од сите страни, се одело кон отстранување на средниот непотребен дел од карпата. Ваквиот начин на длабење се повторувал повеќе пати, се додека не се добиела саканата форма и длабочина на објектот (Сл. 1). На лок. "Надарница", на потегот Тетабуле, пак, на една приземна карпа се наоѓа исцртана основата на едно двојно корито за цедење сок од грозје. Обележувањето е извршено со тесна плитко врежана вдлабнатина што се движи по линијата на основата на самиот објект. Тука големото корито има обележана основа со димензии 2,76 x 0,70 м6 додека преградниот зид требало да биде широк

Cn. 1 Локалитет "Баба", Прилеп, гроб со трапезоидна основа Fig. | The site of Baba, Prilep, grave of trapezoidal base
Сл. 1 Локалитет "Баба", Прилеп, гроб со трапезоидна основа Fig. | The site of Baba, Prilep, grave of trapezoidal base

Целосна слика на типовите, формата, намената и времетраењето на нашето подрачје едноставно имаме само за објектите во карпа од локалитетот "Маркови Кули", Прилеп. Имено, благодарение на повеќегодишните археолошки испитувања на овој локалитет, претпоставено е дека едноставните архитектонски објекти издлабени или изделкани во карпите на горната платформа околу врвовите и на стрмните страни на Маркови Кули, според Б. Бабиќ, потекнуваат од X до К! век.7

На крај да кажеме и дека во овој прилог се опфатени сите досега познати објекти изделкани во карпа, на нашето подрачје. дополнети со новите сознанија за нив, со што се комплетира сликата за нив. Покрај ова, опфатени се и новооткриените објекти, со кои се зголеми бројот како и распространетоста на некои од нив на поширок простор. Сето ова е резултат на повеќегодишни рекогносцирања извршени кај голем број локалитети од ова подрачје. Притоа, на теренот беше изработувана техничка и фото-документација, дел од која даваме и во овој прилог.

Сл.2 Локалитет "Суран", потег Тумба, Горно Село, гробница Fig. 2 The site of “Surun", area Tumba, Gorno Selo, Grave 2
Сл.2 Локалитет "Суран", потег Тумба, Горно Село, гробница Fig. 2 The site of “Surun", area Tumba, Gorno Selo, Grave 2

Гробници издлабени во карпа

Гробниците издлабени во карпа, т. н. "Македонски гробници8, се појавуваат релативно доцна во однос на хеленистичките гробници од Долна Македонија и на овие простори егзистираат од доцниот Ш до втората половина на II век од ст. е. Нивниот ограничен број (околу 20 досега познати), како и концепцијата на таков гробен тип, укажува на тоа дека биле наменети 3a потесен општествен слој.9 Сконцентрирани се на источниот раб на пелагониската рамница - во нејзиниот среден и северен дел, кај Горно Село ("Сурун", - потег Тумба,10 "Испраена Плоча", "Големи Камења", "Tym6a")'? (Сл. 2), на лок. "Дабоиќ" и "Крклари", Прилеп,11 на месноста Гумење под манастирот Трескавец, како и кај Суводол лок

Во поново време вакви гробници констатиравме и на локалитстиве: "Испраена Плоча12 (гробница 2) и "Грло" кај Горно Село, на лок. "Кале" кај Алданци (познат како Разбојна Дупка) и на лок. "Караташ". северно ол Прилеп.

Гробница бр. 2 од лок. "Испраена Плоча" кај Горно Село. св наоѓа само на 5-6 м јужно од гробница 1, откопана во 1959 година. Составена е од дромос, преткомора и комора. Ја откопавме во 1992, при што с ископан само дел од дромосот, поради што не ни е позната неговата должина, додека ширината изнесува 1,66 м. Откако бил завршен погребниот ритуал. влезот во преткомората бил затворен со сувозидица од поголеми камења. Преткомората има правоаголна основа со дим. 1,24 (1.26) x 1,67 м. Нејзиниот свод е срушен.

Горните делови од довратниците и надвратникот на влезот од комората се срушени. Комората има правоаголна основа, со дим. 2,07 х 2,12 (2,31) и височина мерена од работ на каменото корито 1,87 м. На подот, во средината на комората, издлабено е камено корито со правоаголна основа и дим. 0,82 x 0,67 x 0,21 м, во кое има скаличка за слегување 0,80 x 0,21 x 0,07 м. На подот, по крајот, од сите четири страни комората е опшиена со тесна плитко издлабена бордура (0,11 х 0,02 м), која во своите рамки ги опфаќа и сите четири страни на правоаголното камено корито. Во внатрешноста на комората има траги од хидростатичен малтер.

Гробницата "Разбојна Дупка" се наоѓа на 500-600 м југоисточно од лок. "Кале", Алдинци. Составена с од дромос, долг 1,35 м и комора, голема 2,10 (2,30) x 1,70 м и висока 1,08 м. На подот, во средината е издлабено корито големо 1,75 (1,68) x 0,50 (0,80) x 0,60 м.

Гробницата на лок. "Караташ", Прилеп се состои од една засводена просторија - комора со вертикални (закосени) зидови, со димензии 2,06 x 2,10 м. Поради големата ронливост на карпата во која е издлабена, влезот во гробницата е уништен.13

" K. Кепески, Прилеп ..., 49 Крклари, 50 Добоиќ

Т. Јанакиевски, Три доцнохеленистички гробници во стена од лок. "Дибек" с. Суводол - Битола, Масеԁ. acta archacol., -13 (1992), Скопје 1993, 149-160, Сл.1, Ск. 1, Сл. 6, Ск. 2, Сл. 7 , Ск. 3. Во поново време ваква гробница е откриена и во Марвинци - Г. Микулчиќ, Хеленистичка гробница од Марвинци, Културно наследство ХІІ-ХІІІ (1985-86), Скопје 1988, 71-73, Т. 1.

8A. Мицкоски, Гробници од македонски тип, Народен глас 6, ноември 1987, 6-7; североисточно од гробницата на неколку потези се откриени монети - К. Кецески, Автономни монети на македонските градови од збирката на Прилепскиот музеј, Масеԁ. acta archaeol. 9, Скопје 1988, бр. 56, Дамнички пат - Тесалоника, како и монети од Амфиполис и Пела. На потегот на Дамнички завој - тетрадрахма од новиот стил (186-86); И. Микулчиќ, Една нова остава на тетрадрахми и преглед на монетните наоди од У до П век ст. е. во Македонија, Год. збор. на фил. фак. 24-25, Скопје 1973, 167.

Сл. 3 Локалитет "Сурун". Горно Село, гробница 2 (основа и пресек) Fig. 3 the site of "Surun", Gorno Selo, Grave 2 (base and section) Заедничко за сите гробници е следново: имаат гробна комора, помала преткомора и ходник (дромос). Меѓутоа, има и гробн
Сл. 3 Локалитет "Сурун". Горно Село, гробница 2 (основа и пресек) Fig. 3 the site of "Surun", Gorno Selo, Grave 2 (base and section) Заедничко за сите гробници е следново: имаат гробна комора, помала преткомора и ходник (дромос). Меѓутоа, има и гробници само со комора и дромос ("Дабоиќ", "Разбојна Дупка"), а во некој случај и без него ("Караташ") (Сл. 3). Комората и преткомората најчесто имаат правоаголна Fig. 3 the site of "Surun", Gorno Selo, Grave 2 (base and section) Заедничко за сите гробници е следново: имаат гробна комора, помала преткомора и ходник (дромос). Меѓутоа, има и гробници само со комора и дромос ("Дабоиќ", "Разбојна Дупка"), а во некој случај и без него ("Караташ") (Сл. 3). Комората и преткомората најчесто имаат правоаголна
Cu. 4 Локалитет "Испраена плоча" Горно Село, Гробница 2, комора Fig. 4 The site of "Ispraena Poca, Gorno Selo, Grave2, The chamber Fig. 4 The site of "Ispraena Poca, Gorno Selo, Grave2, The chamber
Сл. 4 Локалитет "Испраена плоча" Горно Село, Гробница 2, комора Fig. 4 The site of "Ispraena Poca, Gorno Selo, Grave2, The chamber Fig. 4 The site of "Ispraena Poca, Gorno Selo, Grave2, The chamber

основа - вертикални (обично закосени зидови), и лежат во права линија со ходникот. Таванот е просто засводен, а многу поретко е рамен.14 “ Должината и длабочината на ходникот зависат од конфигурацијата на теренот. Гробниците се ориентирани главно во правец u-3, си-ја има "Караташ", додека "Разбојна Дупка" во правец /з-си.

За разлика од монументалната гробница кај с. Бонче, сите други имаат едноставна изработка, скромни димензии и без архитектонска или боена декорација. Единствено кај трите гробници во Суводол има означување (со вдлабена линија) на архитрави и довратници на влезовите.15

Покојниците биле главно спалувани, а нивната пепел заедно со гробните прилози биле ставани во гробната комора. Во Горно Село, Алданци, Суводол и Прилеп ("Крклари") умрените со даровите биле ставани во правоаголни корита издлабени во дното. Жлебовите на горните рабови од овие корита зборуваат дека тие биле затворани со капаци!“16 (Сл. 4). По “1 микшае, 1966, 80. “СТ. Јанакиевски, ор. си, 159, Сл. 1, 6, 7. погребот, влезот во преткомората бил затворен со сувозидица, а ходникот исполнет со земја.

Прилозите од гробниците се скромни и главно се состојат од керамички садови.17 Покрај ова, во една од гробниците од лок. "Крклари", откриени се уште и: бронзена фибула, теракота, неколку перли од зеленикаво стакло, железни клинци и друго. Фибулата претставува локален облик на среднолатенските фибули од копјест тип.18 Теракотата веројатно ја претставува божицата Артемида.19

Во гробница 2 на "Испраена Плоча", кај Горно Село, е најдена теракотна кутија со размери 11,4 x 6,5 x 3,2 см. Лежеше на подот од влезот во преткомората. Слични теракотни кутии се најдени во гроб 1085 во Стоби.20

На крај, да кажеме нешто и за населбите кон кои припаѓале овие гробници. Гробницата од лок. "Дабоиќ", како и гробниците од лок "Крклари", припаѓале на населбата што е регистрирана на поголема површина под јужната падина, како и во самото седло на лок. "Маркови Кули", Прилеп.21 На местото од денешниот манастир Трескавец, на платото што лежи во подножјето на Златоврв, видливи се делови од одбранбениот 5ид на населба што постоела во хеленистичко време и кон која припаѓале гробниците од месноста "Гумење". Од еден епиграфски споменик, најден во кругот на манастирот, го дознавме името на населбата - Koso6auca.22 Погоре спомнавме дека во подрачјето на Горно Село - на неколку потези - се откриени гробници издлабени во карпа. Меѓутоа, поради слабата испитаност на ова подрачје тешко е да се каже нешто поопределено 3a населбата или населбите кон кои припаѓале овие гробници.

На лок. "Громаѓе", кој се наоѓа на 1,5 км југозападно од Горно Село, низ целиот хеленистички период егзистирала една населба. Потврда за долгиот живот на населбава се бројни монети најдени на овој локалитет: од Филип I, Антигон Гонат, Филип V, тетрадрахма на Персеј. монети на град Тесалоника и на Август. Наоѓани се и фибули од малоазиски тип, без или со прстенести задебелувања на лакот. од бронза и сребро. Во поново време, тука с ископана и керамика од ПОЛНО хеленистичко време: ехинус-паници, кантароси со водорамно извлечени "рокчиња", кантарос премачкан со црн фирнајс и друго.

Гробниците од локалитетите "Грло", "Големи Камења" и "Тумба" најверојатно припаѓале кон оваа населба, бидејќи се наоѓаат во нејзина непосредна близина. Повеќето локалитети, со множество наоди откриени на тој потег (Громаѓе, Асаница, Големи Камсња, Ризоец, Белуток, Горно Село), укажуваат дека на ова подрачје имало живот низ целиот хеленистички период. Засега можеме да претпоставиме дека гробниците од лок. "Испраена Плоча" и "Сурун" (потег Тумба) припаѓале кон населбата "Мал Сурун", поради тоа што се наоѓаат во нејзина непосредна близина.

Локалитетот "Кале" се наоѓа северно од Алданци, на 909 м надморска височина. На највисокиот негов дел, на убаво зарамнето плато, се наоѓала акропола, кај која, во диво раскопан дел, на северозападната страна, може да се види дека таа била оградена со зид во техника на сувозидица составена од огроми камени блокови. Локалитетот бил користен во долг временски период, а потврда за тоа се бројни монети пронајдени таму: од Александар III, Касандар, сребрениот трибол од Хистија, Антигон Гонат, Персеј, Пела, автономни македонски монети, Нерон и се до Хостилијан.

Ќе ги наведеме и фибулите од малоазиски тип од бронза, како и бројните јајцевидни куглички за праќа од олово, со натпис на едната страна - МЕР, а на другата - МА. Кон населбата од овој локалитет припаѓала гробницата "Разбојна Дупка".

Гробови издлабени во карпа

Гробовите издлабени во карпа на нашето подрачје се појавуваат како:

А - Гробови со правоаголна основа

Б - Гробови со трапезоидна основа, и

B - Антропоморфни гробови.

3 K. Кепески, Монети на македонските кралеви од збирката на Прилепскиот музеј, Масеԁ. acta archaeol. 7-8, Скопје 1987, бр. Ј и Т. 1, 4; бр. 5и Т. 1, 5 и бр. 35; Истиот, Автономни .., бр. 8 и Сл. 8, бр. 47. Ќе ги спомнеме уште и монстите од лок. "Асаница" - Филип V, лок. "Ризоец" - Амфиполис, а од лок. "Белуток" - Филип II, Касандар, како и фибулите од малоазиски тип од сребро и бронза со по 3, 4, 5 звездести задебелувања на лакот, како и две копја од истиот локалитет. A - Гробовите со правоаголна основа се утврдени на истото ограничено подрачје како и претходните гробници издлабени во карпа: во Варош, Трескавец, Бонче, Прилепец, Кален и др. Тоа се правоаголни јами, доста плитки, со изжлебан горен раб за подобро вклопување на капакот. Во гробот откопан во дворот на селското училиште (до црквата Св. Харалампие) во Витолиште, покрај трите черепи на умрените и траги од горење, пронајдена е и една белезица со несоставени краишта.25

Сл. 5 Лок. "Баба", гробови со трапезоидна основа Fig. 5 the site of "Baba", Graves of trapezoidal base Fig. 5 the site of "Baba", Graves of trapezoidal base
Сл. 5 Лок. "Баба", гробови со трапезоидна основа Fig. 5 the site of "Baba", Graves of trapezoidal base Fig. 5 the site of "Baba", Graves of trapezoidal base

Б - Гробовите издлабени во карпа со трапезоидна основа и со заоблени страни, имаат изжлебан горен раб за подобро вклопување на капакот со кој се затворал гробот; многу често тој елемент е изоставен.“е26 Најчесто имаат ориентација з-и, но се среќаваат и такви што се ориентирани и во правец с-ј, ја-си или ји-са. Регистрирани се во помали групи или како поединечни гробови на локалитетиве: "Маркови Кули", "Прилеп",27 манастир Трескавец, "Баба", Upunen” (Сл. 5), "Богданова Нива", Чаниште - хи Byauh, ори. 193-194; I. Mikulti¢é, 1966, 81; K. и ЈІ. Кепески, Б. Китаноски, Мариово-рекогносцирање, Arheoloski pregled-25, Ljubljana 1986, 116.

Илустрација, стр. 146

И. Микулчиќ, Crapo рударство кај Витолиште, Crpemex 7, год. XIII, Прилеп повеќе гробови со ориентација з-и и с-ј, "Висока". Крушевица - 15-16 гробови со изжлебан горен раб и ориентација и-з, ју-сз, "Падиште". Крушевица - гроб со ориентација јз-си, "Тричева Црква". Дуње и др.28 Б. Бабиќ смета дека тоа се гробови на ви“ стиски службеници на овие простори.29

В - Кај антропоморфните гробови со алвеола за главата на покојникот, издлабени во карпа, гробната јама има тенденција да го следи обли-КОТ на покојниковото тело.30 Овој тип гробови претставува византиска традиција. Во Прилеп вакви гробови се од времето на раното турско владеење на овие краишта.31 Гробови од антропоморфен тип издлабени во карпа се откриени и во источниот дел на јужниот крак на надворешната припрата на манастирот Трескавец.32

Се претпоставува дека во овис гробови се закопувале свештеници и ктитори на цркви.33

Другите објекти, издлабени или изделкани во карпа, од овие простори се во фаза на обработка и ќе бидат презентирани во неколку наредни прилози. ALEKSANDAR MITKOSKI - Prilep SUMMARY

Белешки

  1. Лилчиќ, K. Спасеска-Маркоска, Неколку7 доцноантички градишта во Пелагонија, Масеԁ. acta archaeol. 13, Скопје 1993, 236, 240, Пл. 8, Т.10; В. Лилчиќ, A. Миткоски, "Баба" - Прилеп, Зборник на амм, н. с., бр. 1, 1995 (A), Скопје 1995, 147- 149, Пл. 1). Од бројните монети пронајдени на овој локалитет ќе ги спомнеме и оние на Антигон Гонат, Касандар, Пела, Амфиполис, сребрен римски денар, ↩
  2. ©. Mececnea, Једна гробница код села Суводола, Гласник Скопског научног друштва, XIV, Скопље 1935, 201; Н. Вулић, Гробнице и гробови у стени, Споменик , XL 1941-48, Београд 1949, 190. ↩
  3. B. Aleksova, Iskopavanja па Krklarima i kod Gornog Sela, ArheoloSki pregled 1, Beograd ↩
  4. , 67. ↩
  5. Бабиќ, Манастирот Трескавец, Crpemex 5-6, Прилеп 1959, 52. ↩
  6. I. Mikulčić, Kasnoantička utvrdjenja ..., 227; K. Кепески, Рановизантиска остава на бронзени монети на местото Баба кај Прилеп, Масеԁ. acta archaeol. 3, Прилеп ↩
  7. , 181-193, Сл. 1; J. Kovacevié Babas, Зборник посветен на Бошко Бабиќ, ↩
  8. Прилеп 1986, 119-121; A. Миткоски, Рановизантиски кастел на Баба, - 1 Народен глас, Прилеп 26. УШ. 1988, 5; Истиот, 2, Народен глас, Прилеп 2. 1X. 1988, 5; ↩
  9. I. Mikulčić, 1966, 52. ↩
  10. Истиот, 80, Т. XXIV, 33б; Н. Вулић Н, н.д. 190-193. ↩
  11. Од теренските опсервации. ↩
  12. Бабиќ, Материјалната култура на Македонските Словени во светлината на археолошките истражувања во Прилеп, Прилеп 1986, 204-222. BA Мишете, Pelagonija и svetlosti arheoloSkih nalaza od egejske seobe do Augusta, DISS. ШТ, ↩
  13. Skopje-Beograd 1966, 63; K. Keiiecku, Прилеп и Прилепско низ историјата, Елинистички период. дел 2, гл. I], Прилеп 1971, 50. Миша 1966, 52. ↩
  14. I. Mikulčić, 1966, 80. ↩
  15. Т. Јанакиевски, op. cit, 159, Сл. 1, 6, 7. ↩
  16. Н. Вулић, op. cit., 193. ↩
  17. Н. Вулић, н.д. 196; I. Mikulčić, 75, 77, T. XXIV, 34d; Т. Јанакиевски, op. cit., Сл. 3, 4, 5, 8, 9, 11, 12, 13, 14. ↩
  18. I. Mikulčić, 1966, 78, T. XXVI, 36 a. ↩
  19. Биџракова-Грозданова, Споменици од хеленистичкиот период од ср Македонија, Скопје 1987, 137, T. XII, 4. | ↩
  20. MUNICIPIUM STOBENSIUM, Западна некропола 1992, Скопје 1994; каталог, к. бр. 172, 173, 174. И во овој случај се работи за тропалка од теракота, во форма на саркофаг. Составена е од два дела, при што во внатрешниот празен простор се наоѓаат три теракотни куглички. На горната страна, и овде, најверојатно се работи за претстава на мумија. ↩
  21. B. Babić, Prilep, Varoš, crkva sv. Atanasa-srednjovekovno naselje, Arheološki pregled 7, Beograd 1965, 172. ↩
  22. I. Mikulčić, 1996, 51-52. ↩
  23. микшас 1996, 51-52. ↩
  24. Во еден од гробовите е пронајден ѓердан од 208 перли од стакло и стаклена паста, со различен облик, боја и големина. ОВС посебно сс издвојуваат неколкуте повеќечлени со различна дебелина, моделирани од стакло со зеленикава боја и дополнително прекриени со сребренеста лушпа. Според аналогии, се датира во ↩
  25. ЈХ-ХТ век. ↩
  26. ЈІ. Кепеска, Словенска некропола кај с. Дуње - Мариово, Масеԁ. acta archaeol. 13 (1992). Скопје 1993, 247, 251, Сл. 2, 3. ↩
  27. Babic, Arheoloski tragovi iz anti¢kog i srednjovekovnog perioda и Prilepskom kraju, ↩
  28. Materijali IX, Prilep 1970, 29. ↩
  29. Истиот, Материјал ..., 267, цртеж 47; Истиот, Grobista-srednjovekovna nekropola, ↩
  30. Arheoloski pregled 7, Beograd 1965, 174. ↩
  31. Истиот, 268. ↩
  32. Истиот, на маргинама историје манастира "Трескавца, Зборник за ликовна уметност 3, Нови Сад, 1965, 24, Сл. 1. ↩
  33. Истиот, Материјали .. 268. ↩

Summary

Rock-Cut Structures from the Prilep Region

Rock-cut and chiseled structures can be seen at a number of sites in the area of the Prilep part of the Pelagonia plain.

Cemeteries and graves are most frequently in question, whereas sacral structures are rather rare. In addition, there is a significant number of double grapesqueezing troughs, mortars, hand-meals, pits, etc.. There are also rock-cut structures that have not been researched and their dating and function are not known to us so far. They are usually34 of minor dimensions and of rather simple execution, most of them, especially35 the cemeteries, having already been opened and plundered.

The state is about the same with the rock-cut graves, appearing in these areas as graves of rectangular and trapezoidal base, as well as anthropomorphic graves with alveole for the head of the deceased. The various types and variants, as well as the different extent of their elaboration, point to a rather long period in their evolution, or to existence of several workshops or groups of masters that have worked on these structures.

An overall view of the types, forms, intentions and the time of use in our areas has been obtained only for the rock-cut structures from the site of Markovi Kuli.