Macedoniae acta archaeologica 14 (1995) · стр. 123–135
Гробот на писарот од Стоби
Во летото 1992 година се изведе делумно археолошко заштитно ископување во комплексот на античкиот град Стоби, помеѓу западниот градски бедем со Порта Хераклеја ји Гробјанска базилика, на просторот т. н. Западна некропола и Субурбиум.1 Во Кв. 6, С-4, под хоризонтот на архитектонските остатоци од станбен објект, се појавија гробови со различна архитектура и погребни обичаи: градени од тегули со покрив на две води, зидани, и циста од камени плочи. Погребувањето е биритуално, со кремација и инхумација. Гробните прилози говорат за религиозната и општествената припадност на погребаните стобјани во HUB’.2 Временски детерминирани од хеленистички период, П - | век пр. н. е., - римски период, и од | век до средината на IV век од н. се.
Меѓу испитаните гробови, го издвојуваме гробот 698 со инхумација, наречен во текот на испитувачките работи "гроб на писар", поради откриената "книга за пишување", односно гробниот прилог - 13 дрвени таблички кои за првпат ги откриваме на почвата на Р Македонија. Гробот е направен од масивни камени плочи, поврзани со варов малтер, во форма на циста и херметички затворен. На подот отсуствуваат плочи, тој е земјен, со ис-
: Испитувањето и претходеше на реализацијата на проектот на магистралниот пат
Е-75, делницата што ги поврзува Градско–Луда Мара, а поминува низ овој дел на локалитетот "Стоби". Работите беа изведени во организација на Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата и Музеј на Македонија, под раководството на В. Санев, М. Ивановски и Ж. Винчиќ. Во бројната археолошка екипа учествував и јас, како стручен соработник на Кѕ. 6, C-4.
на, каде што по ширината на гробот е поставена камена плоча (малку искосена). Плочата е камена перница, што се среќава и во конструкцијата на саркофазите. Ориентиран во правец сз-ји. Димензии на покривот: 240 х 160 х 0,20 см, на цистата: 200 х 100 х 0,80 см (Сл. 1, Цртеж 1).
Во конструкцијата на гробот, меѓу другите плочи, секундарно се употребени и надгробни споменици: стела и две надгробни плочи. Стелата е без натпис, поставена со обработената страна кон внатрешноста на цистата (над главите од погребените покојници); надгробната плоча (поставена над нозете на покојниците) е со грчки натпис, но тој не е свртен кон внатрешноста на цистата. Стелата и надгробната плоча се употребени во конструкцијата на покривот. Во конструкцијата на цистата е употребена втората надгробна плоча со грчки натпис, која се поделена на два делаи вградена како напречни страни кај главите и нозете на покојниците, со натписот свртена кон внатрешноста на цистата (Цртеж 1 и 2). Ваков тип гробна архитектура се среќава на истражените римски некрополи во про-По извршената анализа на остеолошкиот материјал, се констатира дека во гробот се погребани 3 покојника - жена и двајца мажи".3
Првопогребаниот покојник е жена. Нејзиниот скелет се поместен кон источната страна на гробот, при вториот погреб, при што е зачуван анатомскиот состав на скелетот. Остеолошкиот материјал на жената се нумериран со бр. 698 с, индивидуална старост 30-35 години. грацилен скелет, висина околу 162 см. Гробни прилози - белезица, темна стаклена паста со траги од жолтеникав премаз, правилно кружно затворена, ил: 7,8 см. Датација: Ш - IV век. Mus. бр. Ст. 92-10 (Цртеж 3); фрагменти од стаклена чаша со бледозелена боја; фрагментирано шише, стакло со бледозелена боја, инчест врат, топчест стомак и малку вовлечено дно, вис. 12 см. Датација: втора половина ua III - IV век. Une. бр. Ст. 92-11. За овие гробни прилози аналогии наоѓаме во откриените наоди на истражените римски некрополи на почвата на Р Македонија и соседните земји. Монетата пронајдена кај второпогребаниот, до неговото десно колено, претпоставуваме
1. 2 и 3 монети
4 и 5 остатоци од обувки
6 метални клинци
7 дрвени плочки
8 метална мастилница
9 метален стилос
10 стаклен сад
11 делови од облека
документирала В. Боцеска дека е обол на жената, бронзен дупониј на Луције Вер. На Ав. глава на Луције Вер во десно со лавров венец, околу легенда [L. VERUS AUG. ARM. PARTH. МАХ.]. Рв.: ЅС. Партија облечена во тијара и долги панталони, седи на штит, свртена налево, однапред, лево, трофеј. ил: 31 см; T.: 20,5 гр. Датација: 161-169 година. Инв бр. М. 92-459: Гроб 698. Кѕ. 6 С-4“4 (Цртеж 2). ри што е водена сметка за целината на скелетот. Нумериран како скелет 698 Б. Индивидуална возраст 45-50 години. Робустен. Телесна височина околу 166 см; скршен хумерус на десната рака. Оваа фрактура е можна причина за смртта на покојникот. Кај стапалата се констатирани остатоци од обувки: парченца изгниена кожа и ситни клинчиња. Гробни прилози: - До покојникот, во просторот до рамето, се наоѓаше "сунѓераста маса" од распаднато дрво со светлокафеава боја. При детаљното испитување на масата, констатиравме агол од дрвена табличка. Во профилот се гледаше составот на табличката, направена од дрво што е обложено од двете страни со кора од дрво, при што се гледаа дрвени влакна. Масата од распаднатото дрво се остатоци од tabulae сегае. Покрај неа беа откриени и неколку фрагменти од железен стилос. Овие остатоци говорат дека покојникот за гробен прилог имал - прибор за пишување5 (Цртеж 4). Обол - сребрена монета на Диоклецијан (284-305), најдена од десната „рани на покојникот, во пределот на карлицата6 . Ободот го определува погребот на покојникот најдоцна при крајот на првата, односно втората деценија на ГУ век (Цртеж 2).
Третопогребениот покојник е маж, поставен на плеќи. Во моментот на откривањето рацете на покојникот беа покрај телото, но постојат индиции дека биле свиткани во лактовите и поставени повисоко на карлицата. Коските од дланката на левата рака беа останати во положба како да држат нешто. Нумериран како скелет бр. 698 а - писар. Ин- а дивидуална возраст 45-50 години; робустен, АЈ телесна височина околу 166 см; скршен и срас- Цртеж 4. а-Фрагмент од стило нат радиус на десната рака. Гробни прилози: б-пресек на дрвена табличка - прибор за пишување, поставен од левата Drawing 4. a-fragment of scriber страна на покојникот близу до главата. При- Б-сего55 section of wooden tablet
Материјалот се чува во депото на локалитетот Стоби.
Теренско читање на монетата, извршено од моја страна. За вадење на табличките од гробот и нивната првична заштита се ангажира колегата Ж. Винчиќ и конзерваторот С. Петковска. Денес табличките се наоѓаат на конзерваторски третман во лабораторијата на Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата. Третманот го раководи конзерваторот Јован Петров.
Мастилницата е конзервирана од хемичарот Пере Тошев во Центарот за нови технологии при ману - Скопје.
А. Мусиќ, Нацрт грчких и римских старина, Загреб 1910, Е37. Му благодарам на колегата Ж. Винчиќ на укажаната книга од Мусиќ, за консултација во врска со приборот за пишување, веднаш по неговото откривање. текот на времето добило светлокафеава боја. И на него се распознаваа нишки. Испитувањето на остатоците од платното на посочените места покажа дека е тоа напластено, а со текот на времето се импрегнирало со кожата на покојникот. Како податок, мало парче платно на кое постоеше раб, покажува дека покојникот имал и некаков вид моделирана облека на себе (Цртеж 5, 3). Сознанијата што ги добивме при испитувањето на остатоците од платното и местата на неговото напластувања даваат можности да претпоставиме дека покојникот бил погребен во химатион. Изнесената претпоставка за облеката на нашиот анонимен писар е можна, бидејќи тој е човек од перо, едуциран и припаѓал кон повисокиот сталеж на Municipium Stobensium, провинција Македонија. Близу до десното стапало беа откриени остатоци од кожни сандали. Гробен прилог е и бронзената монета на Максимилијан (286-305, 307-310) обол, најдена во пределот на градниот кош, од десната страна. Судејќи по ободот, покојникот е погребен во првата половина на ГУ век.
Да се вратиме на конструкцијата на гроб 698 - направен од камени плочи и надгробни споменици. Овој тип на гробови е познат во доцноантичкиот период, поточно - во втората половина на Ши IV век. Откриени се на градските некрополи во Скупи, Стоби, Сингидунум и други како и на повеќето некрополи по богатите имоти: во ареалот на Скупи, во Битолско, Кавадаречко и др. За градбата на покривот, меѓу другите плочи, секундарно се употребени два надгробни споменика:
- 1. Надгробна плоча, оштетена. Поставена на јужната страна, над нозете на покојниците, со натпис од надворешната страна на покривот. Димензии: 0,75 x 105 x 15 см. Натписот на грчки јазик е изведен во три реда, оштетен, гласи: ... ]MENH EPMH [Г]ΛΥΚΥΤΑΤΩ AN[ΛΡΙ МН]EIAC XAPIN. (Цртеж 1, Сл. 3). Сопругата (името оштетено) му подига споменик на својот сакан сопруг. Аналогија за вакво поставување на надгробен споменик, само во примарна функција, наоѓаме во конструкцијата на гробот откриен на некрополата на античката Салона кај Сплит. Таму споменикот се наоѓа среде покривот на гробот, а во натписот се наоѓа зборот писцина, протолкуван со значење на гроб.
- 2. Надгробна стела, напречно поставена на северната страна над главите на покојниците, со обработената страна свртена кон внатрешноста на гробот, без натпис. Направена од локален камен. порозен сивозеленикав песочник. Димензии: 0,70 x 155 x 0.15 см. Предната страна на стелата с хоризонтално поделена во три полиња. Во забатот се изведени флорални орнаменти, а под него е ниша со полустоличиња врз кои има капители. Полустолпчињата се поврзани со архитравна греда. Во нишата е изведена, во кружно поле, повеќелисна розета (оштетена). Од левата и десната страна на нишата е изведен орнамент на млада месечина. Во полето меѓу полустолпчињата нема натпис. Ваков тип стели се наоѓани и во соседството на Стоби, во регионот на Тиквеш. Постои мислење за стелите од Тиквеш дека се работени во некоја Стобска работилница. Мислењето е прифатливо, а како поткрепа за тоа е и местото на нашиот наод - Западна стобска некропола (Сл. 4).
HagrpoOunre споменици: плочите и стелата, се наоѓаат во лапидариумот на
Аналогии за овој тип надгробни стели можеме да најдеме во стелите откриени во Југословенскиот дел на провинцијата Долна Панонија, чиј прототип се наоѓа во надгробните капели во Грција, датирани во I - II век. - 3. Надгробна плоча направена од локален камен, порозен сивозеленикав песочник. Димензии: 170 х 0,73 х 0,18 см. На предната страна се наоѓа грчки натпис, изведен во два реда: PA(ABIQ) AABANQ ТО T[E]KNQ A МИАТАКО5, AABANO[E] МУНМ(НЈУ NAE (Цртеж 2, Сл. 5, Ѕа и 56). На своето дете Флавиј Албанос, Емилијан Албанос за спомен. Тири секундарната употреба за конструкцијата на гробот, плочата е поделена на два дела. Едниот дел се вграден како напречна страна кај нозете, а другиот дел - како напречна страна кај главите на покојниците, со натпис свртен кон внатрешноста на гробот.
Кога човекот научил да пишува, своите мисли почнал да ги бележи на лист, кора од дрво, папирус, пергамент, дрвени таблички обложени со восок. Меѓутоа, со текот на времето голем број од нив се исчезнати, поради непостојаност, неотпорност на материјалот. Постоен материјал на кој се пишувало е печена земја, камен, малтер, метал и слонова коска, но и тоа е често во фрагменти зачувано до денес. Во римскиот период постоеле пет видови писмо: а) монументално писмо; б) писмо на акти; в) писмо на книгата; г) вулгарно или обично писмо и д) писмо на парите.
Гробниот прилог "книгата" на писарот од Стоби е раритетен наод поради бројноста на tabulae и материјалот од кој се направени - дрвото. Дрвото е непостојан материјал, но во овој случај поволните климатски услови ги зачувале табулите (делумно оштетени). Сите 13 таблички на пластичните рамки, од едната страна имаат по 6 вертикални дупчиња низ кои се провирал конецот, со чија помош се поврзувале табличките и на
тој начин се оформувала "книгата"“. (Цртеж 5, Сл. 2). Табличките се
употребувале најмногу во секојдневниот живот. Правени од дрво, со пластични рамки на четирите страни, биле премачкувани со црн восок, со дебелина од 6 мм; димензии: 10 x 15 см. На нив се пишувало со метално стило, односно со гребење во восокот се нанесувале буквите до дрвото. Ги употребувале децата за учење и вежбање во пишување, трговците за сметање, договори, концепти или писма со кратка содржина. При соопштување на поголем текст, табулите се врзувале во кодекс. Соԁісеѕ со помал формат се викаат codicilli - pugillares, а според бројот на споените таблички, нарекувани ce duplices (Sintvya), triplices (tpintvya) и multiplices (noMnTvVXa). Со другата страна на стилото се бришел текстот, односно се рамнел восокот и табличката била готова за повторна употреба. Во форма на диптих, само во метал, биле изработувани војничките дипломи.19 При конзерваторскиот третман на "книгата", на табличките е констатирано отсуство на восок. На нив е нанесена материја со исти компоненти што ги има прашокот од мастилницата.
Во литературата од овој вид, за нас достапна, не ни с познато откритие на tabulae cerae во соседните земји на Р Македонија. Бројни триптиси содржи наодот откриен во Хранентаанија; а голем број е откриен и во Помпеја, во куќата на L. Caecilius Jucundus”.
Во приборот за пишување, покрај табулите, припаѓаат мастилницата и стилосот.
- Мастилницата е цилиндрична, направена од бронзен лим. Затворена е со капак, кој е подвижен. Димензии: P. 0,4 см, В. 6,2 cm. По средината на цилиндерот има лепенка од сребрен лим со остатоци од позлата, на кој има можни траги од монограм. Детално проучување на мастилницата не е извршено, бидејќи истата не ми беше достапна (Цртеж 2 и 5). При откривањето, мастилницата беше исполнета со еластична материја со темноцрна боја, која, по кратко време, се стврдна. Материјата од мастилницата е прашок од кој се правело мастило. Хемиската анализа на прашокот е во тек, но основно што се знае е дека тој е смеса од повеќе компоненти: та Перфорацијата на дупчињата е согледана при посетата на лабораторијата на Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата - Скопје.
П. Петровић, исто, 21, во забелешка 3 авторот ги споменува бројните потврди на табулите во изворите, како и нивната појава на детските надгробни споменици. Авторот, во истото дело, стр. 22, во забелешките 9 и 10, посочува појава на надгробни споменици на кои натписното поле е изработено во форма што потсеќава на диптих.
Усно соопштение на хемичарот С. Павловска, Републички завод за заштита на спомениците на културата - Скопје.
П. Петровић, исто, 22, заб. 8 - од наодот на триптисите 26 се објавени во CIL III, p. 921 зад. Наодот од Помпеја е објавен во минатиот век од С. Zangemeister, „ Табијае ceratae Pompeis repertae annis 1875, 1887, CIL IV, pp. 275-454.
> Каталог од изложбата " ‘Municipium Stobensium" - Западна некропола, 1992, 62, бр. органски, неоргански, преовладува графитно црна боја. При испитувањето на содржината на мастилницата, под стврднатиот прашок е најдено свиткано парченца платно. Погоре во текстот споменавме дека при испитувањето на табличките е констатирано присуство на компонентите од прашокот. Како гробни прилози, мастилниците се наоѓани на повеќе доцноантички некрополи, кај нас, во Р Македонија - лок. "Тумба", Велешко, лок. "Таранеш", Дебарско, во Црна Гора - лок. "Дукља", во Србија - лок. "Јагодин Мала" кај Ниш.
- Метално стило, направено од железо, кородирано. Едниот крај на стилото е зашилен, а другиот проширен (оштетен). Зачувана должина 17,5 см (Цртеж 2 и 5). Со зашилениот крај се пишувал текстот, гребејќи во восокот, а со проширениот се бришел текстот, со рамнење на восокот." Во истиот гроб (бр. 698), покрај второпогребениот покојник, беа најдени фрагменти од две железни стила, делови од распаднатиот прибор за пишување.
Коскено стило е пронајдено при испитувањето на цивилната базилика во Стоби (1971), со подвоено мислење за местото на неговото наоѓање - гроб со кремација од Ш до П век пр. н. е. или обично огниште. “На крај, да го споменеме бронзеното стило од богатиот наод од Таранеш."Е Стила се наоѓани на повеќе антички локалитети, но не им е обрнувано внимание и не се посебно публикувани.
Врз приборот за пишување од гроб 698 ќе се осврнеме уште еднаш, откако ќе бидат завршени конзерваторскиот третман на табличките, хемиската анализа на прашокот во мастилницата и нивната опсервација.
Посебна благодарност на колегите што учествуваа во истражувањето, документирањето на овој наод на стобска јулска горештина, на нивната умешност и брзина: Василка Калеова, Марјан Јованов, Фаница Вељановска, Александар и В. Боцеска, како и на фотографите - Мирослав Димовски и Љупчо Тануровски.
Устен податок соопштен од хемичарот С. Павловска. 4 Ѓ Петачки, Тумба (Чашка), Доцноантичка некропола. АТІ 1988, Jby6mana 1990, 28 М. Ивановски, Еден доцноантичен гроб од Таранеш, жа 1-2 том, Скопје 1984, 244, со наведена литература T. VI, 1.
Каталог од изложбата "Municipium Stobensium" - Западна некропола 1992, 62, бр. 347. Инв.бр. Р.Н. 92-177, гроб 698, Кв. 6 С-4.
И. Микулчиќ, Стоби во предримско време, Год. збор. на Фил. фак. - Скопје, 12 (88 том), Скопје 1985, 112. in M. Ивановски, исто, 219.
IT. [eitipoeuk, исто. 22 co заб. 11. GORDANA SPASOVSKA DIMITRIOSKA - Kičevo SUMMARU
Белешки
- Испитувањето ѝ претходеше на реализацијата на проектот на магистралниот пат Е-75, делницата што ги поврзува Градско–Луда Мара, а поминува низ овој дел на локалитетот "Стоби". Работите беа изведени во организација на Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата и Музеј на Македонија, под раководството на В. Санев, М. Ивановски и Ж. Винчиќ. Во бројната археолошка екипа учествував и јас, како стручен соработник на Кв. 6, С-4. ↩
- Каталог од изложбата "Municipium Stobensium" - Западна некропола 92, Скопје 1994; В. Санев - предговор: првите сознанија за некрополата потекнуваат од 1918 година, во Првата светска војна, при копање војнички ровови се откриени базилика и гробови. Меѓу двете светски војни, на овој простор, интензивно работи Народниот музеј од Белград. Мешовита македонско-американска екипа истражува во 1971 - 1972 година на платото пред Порта Хераклеја. Откриените гробови се со различни конструкции, сепулкрални обичаи, како и гробни прилози, датирани меѓу II и I век од ст. е. до IV век од н. е. Проучувањата на некрополата продолжуваат, според потребите, за изградба на системот за наводнување (1973) и за изградба на пругата Градско - Шивец (1978). Гробовите се датирани во IV, V, VI век. ↩
- Податоците се земени од антрополошкиот записник за гроб 698 - Стоби 92, направен од антропологот Фаница Велјановска. ↩
- Каталог од изложбата Municipium Stobensium. Скопје 1994, 65, бр. 360; монета прочитана од Б. Јовановска. 244, со наведена литература Т. VI, 1. датирани во IV, V, VI век. винциите на Балканскиот Полуостров, во периодот од втората половина на III - IV7 век. 10 Г. Димишриоска, Група доцноримски гробови од Камник, Скопје, Масеԁ. acta archaeol. 5, Прилеп 1979, 131-139, со наведена литература. Прочитан од Н. Проева, проф. на Филозофскиот факултет во Скопје. 12 J. Lokošek, Solin Salona. A.P. 1987, Ljubljana 1989, 106-111, sl. 8. Стоби. Инв. бр. А-92-33, Инв. бр. А-92-120. и Дисертација на Ж. Винчиќ, Тиквешијата во античко време, во ракопис. Му2 благодарам на укажаниот наод. ↩
- Цаутова Рушевљан, Римска камена пластика у Југословенском делу2 провинција доње Панонија, Нови Сад 1983, 39, заб. 13. ‘© VA овој натпис е прочитан од проф. Н. Проева, за што уште еднаш ја искажувам мојата благодарност. ↩
- ТТ. Петровиќ, Палеографија римских натписа у Горњој Мезији. Београд 1975, 21. ↩
- Инв. бр. Р. Н. 92 - 126. ↩
Summary
The Grave of Notary from Stobi
The protective archaeological excavations carried out in 1992 at the complex of the ancient town of Stobi, more precisely in the area between the west town walis with the Негастеа Gate and the Grobjanska Basilica, i.e., the area called West Necropolis, and the Suburbium, were actually activities undertaken prior to the realization of the project of the E - 75 highway, more precisely, the section Gradsko - Luda Mara.
In the course of the excavations, remains of Late Roman profane architecture from the 5th and 6th centuries were discovered. Below them, graves of different architecture were found preserving burial customs and grave goods that date this part of the necropolis to the Hellenistic Period, i.e., the 2nd - ist century BC and Roman Times from the Ist to the mid-4th century AD.
In Square 6, C-4, Grave 698 was discovered. In the course of the excavations it was named as Notary's Grave after the "book", i.e., 13 wooden tablets (Drawing 1, Fig. 2) discovered in it. The grave was constructed of plain stone slabs in a form of cist and tombstones attached with lime mortar. It was hermetically closed. The tombstones include two plaques with epitaphs and a stele without an epitaph.
The burial was carried out with inhumation. Three deceased were buried, one female and two males (Drawings 1 and 2; Figs. 2-5). The skeletons of the woman and the man that was buried first were carefully laid in the east part of the grave for the purpose of leaving space for the third deceased, the notary laid on the back. Remains of dark brown textile were traced at the notary’s skeleton, folded several times on his breasts, pelvis and left arm. Traces of leather sandals were found by his feet.
The grave goods by the woman included a bracelet of glass paste in dark color with traces of yellowish coating; fragments of pale greenish glass cup and a damaged small pale greenish glass bottle; a bronze coin - obol of Lucius Verus (161-169). The grave finds near the deceased that was buried the second consisted of a writing set including wooden tablets and fragments of iron scribers, deteriorated in the course of time, and an obol of Diocletianus (384-305). The grave of the third deceased - the notary, revealed a bronze coin - obol of Maximilian (286-305) (307-310) and the aforesaid writing set including 13 wooden tablets (damaged), an iron scriber and a cylindrical bronze ink-pot, on which a silver label with traces of gold-plating was attached bearing a vague depiction of a monogram or animal (Figs 2 and 6, Drawing 2a). The tablets are rather rare finding, because they are made of wood, which is unsteady material and disintegrates casily. We know from the sources that the tablets used to be coated with 6 mm thick layer of wax, on which it was written by scratching with the scriber. The chemical analysis carried out on the tablets from the grave of the notary have not confirmed traces of wax, but merely componcnts that have also been found in the powder from the ink-pot.
A family must have been buried in the grave, presumably mother, father and son in the span from the end of the 3rd to the mid-4th century AD. A point shouid be made to the fractures of the bones of the right hands, the humerus and radmus, observed on both male skeletons. The writhing sets designate their profession and the fractures pose the question of how the right hands have been broken, accidentally or purposely? Taking into consideration the political and religious events in the course of the 3rd and 4th century AD, we should not be surprised if these men of writing had been punished for some reason exactly in this way. Anyhow, it will remain a mystery for us.
By the discovery of Grave 689 - the Notary’s Grave, the Macedonian archaeology has acquired an exclusively rare find of 13 wooden tablets that provide evidence on the education and literacy of people in the province Macedonia in the period from the end of the 3rd until the mid-4th century AD.