Macedoniae acta archaeologica 14 (1995) · стр. 9–23
Кутлина
археолошка покраина според бројот на досега евидентираните археолошки локалитети, но исто така важи за недоволно истражена област во оваа смисла, особено кога станува збор за праисториските култури. Во тие рамки, ова уште повеќе се однесува на микрорегијата Дебрца, релативно затворен предел на географската релација помеѓу Охрид и Кичево, каде што се евидентирани осумдесетина археолошки локалитети, меѓу кои дванаесетина со припадност на праисториските времиња. Дебрца географски е поделена на Горна и Долна, а поврзана е со Струшко-охридското Поле преку теснецот меѓу Мешеишта и beorvi. Низ долината и рамничарските предели на Горна Дебрца, од север кон југ тече реката Сатеска, а низ слични предели на Долна Дебрца од исток кон запад тече Велмешка (Голема) Река која се влева во Сатеска кај с. Ботун, релевантна географска ситуација кога се во прашање околностите за живеење на овие простори во минатото.
Во источниот дел на Долна Дебрца, во атарите на селата Средорече, Лешани и Велмеј, на растојание од само неколку километри, евидентирани се три населби од постарите праисториски периоди: Зластрана кај Горно Средорече (стар неолит),1 Думејнчка Горица кај Лешани (Тумба, неолит. неистражуван локалитет. јужно од Зластрана)2 и Кутлина кај с. Велмеј, комплексен локалитет источно од претходниве-3 Последниов е, поради што стои во насловот, предмет на интересирање во овој наш прилог.
Археолошко рекогносцирање во 1953 год. (В. Лахтов, Археолошки записник заштита на Законот од страна на Централниот завод за заштитување на културните споменици и природни реткости во Македонија. “ Во Археолошката збирка на Завод и Музеј - Охрид, необјавени: онаа главно од Давид Танасковски, с. Велмеј. 3 B. Лахтов, Раносредновековен накит во Средновековната збирка на Народниот музеј во Охрид, Лихнид, Охрид 1957, 82; Истиот, Накитот на раносред-
новековните наоѓалишта во Охридско, Зборник на трудови, посебно издание, Охрид 1961, 39. заштитни археолошки ископувања (со СІІОНЅОРСКН средства) на просторот од највисокиот дел на тумбата каде што не беа уништени праисториските културни слоеви. При увидот на локалитетот што беше направен непосредно пред почетокот на планираните микроистражувачки потфати, беше констатиран културен слој со лепежни и керамички содржини на еден присилно формиран профил во југоисточниот простор од највисокиот дел на тумбата. Тој бил формиран при акција со механизација од страна на некое од "експлоататорските" претпријатија, заради оформување комуникација -макадам преку најосетливиот дел од тумбата на кој биле стационирани објекти од праисториска населба. Поради тоа беше решено да се изведе заштитна интервенција на тој дел со ископ на мали стратиграфски6 сонди, т. е. една сонда ако станува збор за вертикална стратиграфија (повеќе хоризонти на живеење) или повеќе такви сонди ако станува збор за хоризонтална стратиграфија.
Така, во октомври-ноември 1990 година беше изведен ископ на три сонди со димензии: сонда 1 - 3,0 х 3,0 м; сонда П - 2,0 х 2,0 м (северно од претходната); сонда Ш - 2,0 х 1,0 м (источно од претходната). На длабочина од 0.30 до 0,60 м од површината на теренот е констатиран куќен лепеж кој индицираше рушевина од куќа, нејзиниот западен дел. Лепежот, со сите други одлики и карактеристични наоди, лежеше на стерилна основа од пресушени бигорни камења со наместа меѓу нив црвеникава стерилна земја. Камењата беа природно и неправилно распоредени и најверојатно искористени како фундамент за градбата на архитектонскиот објект. Ископувањата се изведуваа по ископи и со чисти основи, при што се водеше сметка за исцрпно документирање. Беше констатирано дека архитектонскиот објект се протега кон исток, поради што во истите месеци од 1991 година се поставија сондите IV, V, VI и УП. Зависно од протегањето на лепежните површини беа одредувани димензиите, но исто така и проширувањата на некои од сондите. Во октомври 1992 година беа изведени завршните а Заштитните археолошки ископувања - микроистражувачки археолошки потфат беа преземени од страна на праисторискиот ресор при Одделот за археологија во Охрид, на сопствена одговорност и со сопствени финансиски вложувања. Теренската работа со сите придружни активности ја изведоа авторот на овој труд и г-дин Трајан Мартиноски, писател. Работите се изведуваа во три кампањи: 1. од 13. X. до 17. XI. 1990 r., 2. од 17. X до 21. XI. 1991 г.и 3. од 1. X до 31. X. 1992 г. Првиот заштитно-истражувачки потфат во 1990 год. комплетно го финансираше фондот "Ѓурѓа", основан од независниот издавач Никола Костески од Охрид, за што му искажуваме голема благодарност и му изразуваме длабока почит. Благодарност за моралната поддршка упатуваме до Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата - Скопје, а за големото разбирање и финансиска поддршка благодарност упатуваме и до автотранспортното претпријатие "Галеб" - Охрид, како и до ПП "Сонгем" и "Фото-Љубе"- Охрид. Горепотпишаниот чувствува неотповиклива потреба во оваа пригода јавно да му се заблагодари на писателот "Трајан Мартиноски за несебичната помош и за големата пожртвуваност во работата. археолошки интервенции на откриениот објект, при што беа констатирани контурите од основата на праисториската станбена градба која, во источниот дел, делумно беше разнесена во времето на споменатата акција со механизација. Но тоа не беше пречка да се востанови формата на основата, од што произлезе дека градбата имала правоаголна форма и ориентација на поставеноста ји -сз со должина од 10 и ширина 4,5 м (Сл. 43).
При раскопувањето на лепежните површини е констатирана следната ситуација: во југозападниот и североисточниот дел од станбената градба забележливо беше присуството на поголеми фрагменти куќен лепеж со изразито црвена боја и со отпечатоци од дрвени греди и потенки прачки. Во другите делови, особено во сондите У и VII, лепежот беше иситнет и помешан со земја. Наместа, лепежните фрагменти имаа сосем сива боја, речиси црна. Дебелината на лепежниот слој варира од 0.10 до 0,30 м, со тоа што речиси на целиот простор, веднаш под лепежот, се откривани дислоцирани камења со средни и помали димензии, меѓу кои има и бели или сиви, трошни - боја што можеле да ја добијат само од силно опожарување. Наместа пак, во самиот лепежен слој, откриени се камења со мали димензии. Ова укажува на фактот дека овие бигори во внатрешноста на објектот најверојатно биле во функција на подница. Во сонда I, југозападен дел од објектот, како и сонда IV, североисточен дел од објектот, забележани се поголеми бигорни камења зарамнети на површината, природно закатанети во стерилната длабочина, кои сигурно биле искористени како основи-фундаменти над кои била подигната градбата, за што сведочат и издлабените дупки кај некои од нив. Ова со дупките за колци е недоволно јасно, бидејќи такви не се соодветно констатирани и на други места на просторот од објектот.
Во текот на истражувачкиот зафат во 1992 година се ископани контролните сонди УШ-ХТ, западно од објектот, на делумно зачуваните простори од тумбата, во кои главно не толку дебелиот културен слој даде движен археолошки материјал со карактеристики што не се издвојуваат особено од оние на материјалот од сондите I-VI. Овие контролни сонди покажаа дека на овој простор не биле изградени станбени згради.
Истражувањата во Кутлина 1990-1992 година, во оваа прилика со акцент врз просторот каде што беа откриени остатоци од станбен објект, дадоа движен археолошки материјал, особено во рамките на керамичката продукција, различен од материјалот на другите два истражувани праисториски локалитета од камената епоха во Охридската регија: Зластрана кај Средорече и Долно Трново кај Охрид. Во керамиката од Кутлина нема ниту еден примерок сличен по орнаментика со оние од Зластрана, па дури ни фактурата и формите не кореспондираат, што веднаш упатува на заклучок дека овие соседни праисториски населби егзистирале во две различни праисториски хронолошки димензии. Керамиката од Кутлина нема посебни сличности ни со Долно Трново кај Охрид - во смисла на некаква реминисценција, така што, на пример, нема ниеден фрагмент на барботинирана, ниту пак сликана керамика со бела боја. Последново не значи дека во Кутлина не се чувствуваат подоцнежни неолитски традиции, особено од подоцнежните фази на неолитскиот период. '
Анализата на керамичкиот материјал овде укажува на овие особености: во Кутлина преовладува темносивата мат-керамика, Tloретко и со сјајна црна превлака, а во помали количества с присутна бледоцрвеникавата, кафеава или комбинација со сиви тонови керамика, како резултат од нееднаквост во печењето. Фактурата е главно меѓу фина и средна, често со присуство на поситни бели камени зрнца или, поретко, покрупни камчиња. ОД формите на садовите преовладуваат главно сатчиња со не толку големи димензии со биконусни или заоблени биконусни реципиенти и со поголеми или помали Цилиндрични вратови, некои од нив благо седлесто свиени, редовно со вертикални, поретко и хоризонтални држалки, лентести и често со еден благо оформен жлеб по средината, кои формираат мали кружни или тунелести отвори (Сл. 7, 9, 10). Венците на овие садови се главно заоблени или благо извиени кон надворешната страна. Присутни се особено чинии со конусни стомаци, рамни или задебелени венци, чинии со конусни стомаци и цилиндрични вратови (Сл. 3, 8), покуси и свиени или издолжени, како и паници со конусна форма или конусно заоблена форма со вовлечени венци (Сл. 4). Откриен е и еден целосно зачуван филџан изработен од печена земја со погруба фактура, со една вертикално поставена држалка што не го надвишува венецот, кој е зарамнет и задебелен (Сл. 5).
Покрај спомнативе држалки, поставувани главно врз биконусната профилација, како и некои лентести со тунелест отвор кои го поврзуваат венецот со рамото не надвишувајќи го венецот (Сл. 15, 16, 18), некои од садовите во Кутлина имаат вертикално или хоризонтално поставени полукружни или аглести држалки што не се продупчени (Сл. 17), јазичести (Сл. 14), како и типично брадавичести и конусни форми во функција на држалки (Сл. 13,19). : Што се однесува до скромниот репертоар на украсените или орнаментирани керамички садови, овде се присутни вертикалните, поретко и хоризонталните благо нагласени канелури на рамењата или стомаците од биконусните или конусните садови со цилиндрични вратови (Сл. 11 и 35, 12, 36), потоа точкестиот орнамент со поситни убоди (Сл. 13 и 37) или покрупни кружни длабнатини во хоризонтални или комбинирани редови (Сл. 20 и 39, 21 и 38), како и врежувањето тенки линии на црна основа од сјајно премачканите или мат-садовите со формирање на т. н. мрежест орнамент (Сл. 22 и 41, 23 и 40).
Кон овој репертоар треба да се додаде и ребресто украсениот венец на еден фрагмент од поголема конусна чинија чиј раб е изведен во вид на синџир со длабнатинки (Сл. 24), како и еден фрагмент од керамичен сад со погруба фактура, на вратот украсен со лента од елипсовидни длабнатинки (Сл. 25 и 42).
Познавачите на праисториските култури веднаш ќе забележат дека досега презентираните форми со нивните одлики и орнаментални карактеристики припаѓаат кон преодниот енеолитски период, кого што главно на балканските простори го претставуваат локалитетите од културниот комплекс Бубањ-Хум - Салкуца - Криводол. Како што е познато, во рамките на овој комплекс егзистира македонската енеолитска културна група Шуплевец - Бакарно Гумно - Црнобуки, кон која ние нашиот материјал го посочуваме заради препознавање и хронолошка идентификација. Така, во основа нашите наоди можат да се паралелизираат со наоди од Шуплевец во двата хоризонта, особено кога се во прашање сите горенаведени форми на керамички садови, јазичестите, брадавичестите и другите облици на држалки, како и украсните елементи: канелури, жлебови и вдлабнати крукчиња.7 За одбележување е можеби фактот дека кај нашата керамика отсуствува Wickelschnur - орнаментика (врвчест орнамент), која е една од особеностите на керамиката од Шуплевец, а и на целата група Бубањ-Хум - Салкуца - Криводол. Заеднички елементи со одликите на нашата керамика има и во првите три стратуми на Црнобуки-културата во Пелагонија,8 како и во стратумите П-А и ІІ-В од Тумба Карамани, исто така во Пелагонија.9 Во врска со овие споредби, потребно е да се каже дека кај кутлинската керамика недостига боена орнаментика, за разлика од таквата појава во Црнобуки и другите култури или културни групи од енеолитскиот период.
Што се однесува до присуството на керамичките фрагменти со врежани мрежести мотиви меѓу материјалот од Кутлина, потребно е да потсетиме дека нив особено ги има на керамичките садови од среднонеолитските култури како уметнички производи на културите Какањ — Цакран - Мала Трнска Тумба во сферите на влијанијата од јадранскиот културен комплекс, НО исто така се познати во Бубањ- Хуми во некои други енеолитски културни средишта.
Во керамичката продукција на Кутлина има и фрагменти релевантни за натамошниот третман на оваа населба (како на пример: конусна поклопка со искосена и високо издигната држалка пробиена со мал кружен отвор, неколку10 нозе од жртвеници и друго.), но тие би останале за некоја поопширна интегрална презентација на овој локалитет.
Овде би ги спомнале и неколкуте откриени биконусни, благоконусни и конусни прешлени за вретено (Сл. 30), откриени во лепежните површини во источниот дел од станбениот објект, како и особено четирите двоушни тегови (познати уште и како полумесечести со отвори на краевите, седлести со отвори на краевите, чунести итн.) за ткаење со вертикален разбој, откриени речиси едно до друго во лепежниот слој од југозападниот дел на објектот, сондата I (Сл. 26 и 29). Овис тегови не се чести на археолошките локалитети, а нивното присуство е забележано главно меѓу енеолитските материјали, исклучително и во доцнонеолитските фази од праисторијата. Така, нивната појава е регистрирана во доцнонеолитскиот хоризонт и во енеолитскиот Ман Ил Б во Корчанската Долина (Албанија); еден примерок потекнува од Црквени Ливади кај Враништа, близу до Струга, уште еден од Шуплевец (Пелагонија), потоа - Тесалија (Диминикултура) и, во рамките на енеолитската култура, Салкуца во Романија.11 Нашите
тегови се разликуваат од сите други само по погрубата изработка on материјал со погруба фактура и по стеснетиот, речиси триаголен простор на седлестиот дел (кај трите при-мероци).
Камената и кремената индустрија во Кутлина нема исклучителни примероци. Најдени се главно фрагменти од камени орудија: камени секири, печуркави камени тегови, рачна мелница за жито, сите изработени on молар или зеленикав камен што е присутен во околината (Сл. 31); потоа, многубројни кремени предмети, аморфни, фрагментирани кремени ножиња со триаголен пресек, четириаголен, некои еднострано ретуширани, а други подолги и со бифацијален ретуш (Сл. 32, 33).
На крај, како "капак" за хронолошката припадност на кутлинскиот материјал од просторот истражен во 1990-1992 година, еве уште два предмета од бакар, кои се, во нашиов случај, не толку скромна потврда за временската припадност на архитектонската градба. Едниот е шило со четвртест пресек во средината со црвена боја на металот под остатоците од kompleks, Praistorija Jugoslavenskih zemalja III. Sarajevo 1979, 103, Сл. 3 (16), T. XII, 7; за Тесалија (Димини култура) и Салкуца (Романија): Е. Prendi, ibid. 34 зелената патина (Сл. 34 6). Откриен е во четвртиот откоп, во земја помешана со ситен лепеж, јужен дел на сондата VI. Другиот предмет е исто така бакарна алатка со облик на сечиво од ноже и со остатоци од зелена патина лесно ронлива (Сл. 34 а). Откриен е во средишниот дел од станбениот објект, во слој од кафеава земја помешана со ситен лепеж (сонда VII, отк. 3).
Ова беше сумарен приказ на заштитната интервенција, истражувањата и резултатите во Кутлина 1990-1992 година. Натамошната анализа на движниот материјал од овој локалитет, како и сите други документирани релевантни поединости, само ќе ја збогатат потврдата за комплексноста на живеењето низ милениумите на Кутлина, која првично секако била населба од бакарното време, која егзистирала со традициите од средниот и доцнонеолитскиот период и која сигурно го пречекорувала прагот на идното ново метално време. Фото: П. Кузман
Цртежи: Н. Почуча Кузман
PASKO KUZMAN - Ohrid SUMMARY
KUTLINA
The site of Kutlina is located one kilometer southeast of the village of Velmej and 36 km north of Ohrid (21 km air distance). It encompasses an elongated hilltop mound "tumba12 extending from east to west at the altitude of 867 m.
Due to a number of specific features and particularly to the peculiar natural and geographic dominance over the close environment, Kutlina is a complex archaeological site, having been occupied and used at different times in the prehistory, Classical Period and Middle Ages.
The unique destiny of this archaeological complex is also due to the fact that thick layers of travertine have been discovered together with the site and it has mercilessly been exploited by different commercial companies and individuals. On those occasions, the culture layers from the Middle Ages and the Classical Period have completely been destroyed, as well as some parts of the.prehistorical layer.
In the span of 1990-1992, the Department of Archaeology at the Bureau and Museum - Ohrid carried out micro-research and protective archaeological excavations in the area of the highest point of the mound (southeast position) in which the prehistoricae culture layers have not been destroyed. On that ocasion, the contours have been recognized of the SE-NW oriented rectangular base of a prehistorical habitation structure measuring 10 x 4,5 m.
On the ground of features of the movable material discovered in the excavations, it has been confirmed that the remains of the house belong to the Copper Age - Eneolithic, which has in the Balkans been confirmed mainly in the sites of the culture complex Bubanj-Hum - Salcuca - Krivodol. In these frames is also the Macedonian Eneolithic culture group of Suplevec - Bakarno Gumno - Crnobuki (Pelagonia plain), to which I would add the site of Kutlina. This has been confirmed by the shapes of the discovered pottery, the tongue-shaped, wairt-like and other forms of handles and the decorative patterns: cannelures, engraving, the impressed ornament with small pierces or larger holes in horizcatal or combined rows, as well as the hatched ornament. In this sense, a point should be made to the four double-hoop weights (known also with crescent openings in the ends and boat-like ones) of upright weaving-loom discovered close to each other in the mud-plaster layer in the southwest part of the architectural structure. Two copper artefacts have also been discovered in the excavations close to each other: an awl and a knife blade, which confirm the time attribution of the researched part of the site.
Белешки
- ; Археолошко рекогносцирање во 1983 год. (В. Маленко - II. Кузман); ↩
- Пашиќ, Неолитски наоѓалишта во Охридско, Лихнид 1, Охрид 1957, 115; ↩
- Кузман, Зластрана - неолитска населба во Охридско, Масеԁ. acta archaeol. 11, ↩
- Скопје 1990, 35-50. ↩
- СИОТ рекогносцирање во 1957 год. (В. Лахтов, Археолошки записници бр. 63, 469): Археолошко рекогносцирање во 1983 год. (В. Маленко - П. Кузман). ↩
- Археолошко рекогносцирање во 1953 год.(В. Лахтов, Археолошки записници бр. 8, 71, 79 и 236); Р. Пашиќ, н. д., 115; Археолошко рекогносцирање во 1983 год. (В. Маленко - П. Кузман): Со Решение бр. 2 од 13. 01. 1953 год. с ставен под ↩
- M. Гарашанин - J. Симоска, Контролни ископувања на шуплевец и некои проблеми на групата Шуплевец-Бакарно Гумно, Масеԁ. acta archaeol. 2, Прилеп ↩
- , 19, сл. 1, 2, 5, 6, 17, 19, 20. * J. Симоска - Б. Китаноски - J. Тодоровиќ, Населбата Црнобуки и проблемот на истоимената култура во светлината на новите археолошки истражувања, Масеԁ. acta archaeol. 2, Прилеп 1976, 46-57, T. VI, 3, 4; T. УП, 4. ↩
- Л. Симоска - Б. Китаноски - Ј. Тодоровиќ, Праисториската населба Тумба во село Карамани кај Битола, Maced. acta. archaeol. 3, Прилеп 1977, Сл. 5 - керамички садови (18), Сл. 3 - стратум II - А, Сл. 6 - стратум II - В. ↩
- А., Бенац, Неки проблеми односа Македоније и западног Балкана у неолитском добу, Maced. acta archaeol. 10, Скопје 1990, 18, Сл. 1, 2. ↩
- За Малич (Албанија): E. Prendi, Zwei Webgewichte (13), ALBANIEN Schatze aus dem Land der Skipetaren, Philipp von Zabern, Mainz am Rhein 1988 (Каталог), 185; за Црквени Ливади (Струга): во Музејот "Куќата на Робевци" - Охрид; за Шуплевец (Пелагонија) : М. Гарашанин - Д. Симоска, н. д.; N. Tasić; Bubanj - Salcuca - Krivodol ↩
- On the basis of the aforesaid, we infer that Kutlina must have originally been a Copper Age settlement, existing on the traditions of the Early and Late Neolithic and certainly crossing the threshold of the forthcoming new Metal Age. ↩