Macedoniae acta archaeologica 13 (1993) · стр. 97–112

Сува Река - Гевгелија, 1988 - 1990

Најновите заштитни археолошки ископувања на локалитетот Сува Река кај Гевгелија извршени се во 1988, 1989 и 1990 год. од страна на Народниот музеј во Гевгелија.1 Во овие три кампањи откриени се 16 гроба лоцирани на два сектора: секторот IV лоциран во самото корито на Сува Река, западно од железничкиот мост (План 1) и секторот У лоциран на улицата „Илија Миов“

Во секторот IV откриени се 6 гроба, уништени или целосно дислоцирани од надојдените води, поради што тешко можеа да им се одредат димензиите, а во нив не се пронајдени никакви археолошки или остеолошки наоди. Тоа се гробовите 64 - 69 (План 1), додека во секторот У откриени се 10 гроба (План 2, Сл. 1). Гроб 70 (Сл. 2) - е циста од 5 обработени камени плочи и едноделна покривна плоча нивелирана со 4 плочки. Димензии: 0,82х0,33х0,16 м; ориентација 3-И. Подот е поплочен. Од остеолошките наоди делумно е зачуван черепот како и дел од вратните пршлени. Покојникот бил дете на возраст од околу 3 години! Од археолошките наоди пронајдени се две белегзии со вкрстени краеви (Т.І, 1, 2).

Гроб 71 - е циста од 4 обработени камени плочи и едиоделна покривна плоча нивелирана со три плочки. Димензии: 0,67х0,24х0,20 м; ориентација С-J. Подот не е поплочен. Остеолошки и археолошки наоди нема.

Гроб 72 (Сл. 1) - е циста од 6 обработени камени плочи и едиоделна покривна плоча нивелирана со 3 плочки. Димензии: 1,80х0,45х0,32 м; ориентација Ј-С. Гробот не е поплочен. Од гробните прилози пронајдени се двојно спирална бронзена обетка со плочесто проширен крај, три железни игли со дискоидни глави украсени со стаклена паста, бронзена игла со глава во вид на осумка и петелка под неа, бронзено копче-розета со 6 листовидни додатоци, 2 бронзени перли со тролисен пресек, мониста од стаклена паста и два керамички сада-скифос и котон, изработени на грнчарско колце (Т.1, 3-10).

Гроб 73 - е циста од 7 обработени камени плочи и покривна плоча од два дела. Димензии: 1,80х0,40х0,31 м; ориентација јз - СИ. Гробот не е поплочен. Остеолошки наоди-слабо зачуван, фрагментиран и некомплетен скелет на жена на возраст од околу 40 години и минимални остатоци од друг скелет,

" Претходните археолошки истражувања на локалитетот Сува Река започнаа во 1975 година од страна на Републичиот завод за заштита на спомениците за културата–Скопје и Археолошкиот музеј на Македонија- Скопје. Овие истражувања со прекини траеја до 1980 година при што на два сектора беа откриени 63 гроба.

Заради континуитетот во истражувањата на некрополата, нумерирањето на секторите и откриените гробови се надоврзува на претходно откриените. веројатно маж. Од гробните прилози пронајдени се бронзена спирална обетка со плочесто проширен крај, железна игла со дискоидна глава украсена со стаклена паста, железен брич-оштетен, бронзено копче-розетка со 5 листовидни додатоци и керамичен сад, веројатно кантарос, изработен на грнчарско колце (Т.П, 1-5).

Гроб 74 (Сл. 3) - е циста од 6 обработени камени плочи и едноделна покривна плоча. Димензии: 1,80х0,55х0,50 м; ориентација сз-ЈИ. Гробот не е поплочен. Остеолошки наоди-слабо зачувани, некомплетен скелет на маж на возраст од 45-50 години. Од гробните прилози пронајдени се железен врв од копје со тулец, железен нож со корица (Т.Ш, 1, 2) и три керамички сада, кантарос, котон и бокал со рамен венец (Т.ІІ, 6, 7, 8), окер печени, изработени на грнчарско колце (Сл. 4 а, б, в).

„СУВА РЕКА

- 5 5 ГЕВГЕЛИЈА 1986-90

Илустрација, стр. 98

| бр. 32 „| ав |

Гроб 75 (Сл. 5) - е циста од три видливи камени плочи и покривна плоча од три дела. Димензии: 1,20х0,50х0,35 м; ориентација сз - ЈМ. гробот не е поплочен. Идентификувани се остатоци на два покојника. Првиот е слабо зачуван скелет на возрасен маж, а вториот собран на крајот од цистата, слабо зачуван и некомплетен скелет на жена на возраст од 40-45 години. Гробните прилози се состојат од една бронзена спирална белегзија и керамичен сад бокал со косо засечена задна страна на вратот (Т.Ш, 3, 4).

. Гроб 76 (Сл. 5) - е циста од 4 обработени камени плочи и триделна покривна плоча нивелирана со две мали плочки. Димензии: 1,50х0,55х0.50 м; ориентација сз - ЈИ. Гробот не е поплочен. Идентификувани се скелети на две индивидуи - слабо зачуван скелет на жена и некомплетен скелет на маж стар од 45-50 години, чии остатоци се собрани на крајот од цистата. Од гробните прилози пронајдени се железен врв од копје со тулец, краток железен нож, железна држалка и врв од нож (Т.Ш, 5-9), три керамички сада - бокали со косо засечена задна страна на вратот, изработени на грнчарско колце и во пределот на собраниот скелет бронзена двојна игла (Т.ГУ, 1, 2, 3).

Гроб 77 - е циста од 6 обработени камени плочи. Покривна плоча нема. Димензии: 1,00х0,40х0,25 м; ориентација сз - ЈМ. Гробот е поплочен. Остеолошки наоди нема. Гробни прилози: бронзено копче-розета со 6 листовидни додатоци (Т.ГУ, 4).

Гроб 78 (Сл. 6) - е циста од 4 обработени камени плочи и покривна плоча во два дела. Димензии: 0,90х0,30х0,25 м; ориентација сз — ЈМ. Гробот не е поплочен. Од скелетот се зачувани само неколку фрагменти од черепот. Гробните прилози се состојат од бронзено копче-розета со 6 листовидни додатоци и железна белегзија (Т.ГУ, 5, 6).

Гроб 79 - е циста од 6 обработени камени плочи и покривна плоча само на јужната половина од гробот. Димензии: 1,90х0,45х0,36 м; ориентација С — Ј. Гробот е поплочен. Гробните прилози се состојат од три керамички сада, две длабоки шолји со по една држалка (Т.|У, 7, 8) и бокал со косо засечена задна страна на вратот (Т. У, 1).

Гробните конструкции на откриените гробови со најновите истражувања во Сува Река се од типот цисти, градени од камени плочи, делкани или кршени од крупнозрнест варовник, типолошки идентични со гробовите на повеќето локалитети од развиеното железно време во Долното Повардарје, какви што се: Милци, Глос, Марвинци, Дедели, Зелениште, Бохемицаи т.н.

За подобра затвореност и стабилност на конструкцијата на спојот на бочните плочи од надворешната страна се поставувале мали делкани камени плочки, а од внатрешната страна споевите на сите плочи на конструкцијата се „Заварувале“ со глина.

Гробните комори кај четири гробови се поплочени (64, 70, 77 и 79),3 додека кај другите гробови покојниците се полагани на замја. Во сите откопани гробови погребувањето е скелетно, а покојниците биле полагани на грб во испружена положба.

Остеолошките остатоци се мининално зачувани, пронајдени се во гробовите 70 72, 73, 74, 75, 76, 78 и 79, а од нив двојни закопувања има во гробовите 72, 73, 75 и 79.3

Во начинот на погребувањето, освен што гробните дарови си имаат свое одредено место - керамичките садови да се ставаат до стопалата или околу нозете на покојникот, а оружјето кон средината на гробот во висина на карлицата, овде се забележува уште еден обичај: различната ориентација на машкиот од женскиот покојник.

Според резултатите од антрополошката анализа и карактерот на гробните и вонгробните наоди, машките покојници се полагани во гробот со главата поставена на северната а нозете на јужната страна, додека женските покојници спротивно, со главата поставена на јужната а нозете на северната страна. Кај Долно вардарските некрополи ваков обичај на погребување среќаваме во Дедели, каде што основната ориентација на некрополата е 3 - И. За разлика од Сува Река. овде машките покојници се полагани во гробот со главата поставена на западната а нозете на источната страна,4 додека женските покојници се полагани во гробот спротивно, со главата на источната а нозете на западната страна.

Сл.2 Гроб6 70 Сл.1 Дел од гробовите во секторот У Fig. 2 Grave 70 Fig. 1 Part of the graves in Section V
Сл.2 Гроб6 70 Сл.1 Дел од гробовите во секторот У Fig. 2 Grave 70 Fig. 1 Part of the graves in Section V

Не е исклучена можноста овој обичај да се применува и во соседните некрополи: Милци, Глос, Зелениште и Марвинци, за кои немаме поцелосни податоци од досегашните ископувања, а етнички и временски припаѓаат на Сува Река и Дедели. :

Кај секундарните погребувања ова е неспорно правило, меѓутоа се забележува, ако се погребани два возрасни покојника тогаш тие се од различен пол, или пак погребувањето е извршено на дете со возрасен покојник од било

Сл.4 а, 6, 8, — Дел од прилозите во гроб 74 Fig. 4 a,b,v, part of the grave goods in grave 74 Fig. 4 a,b,v, part of the grave goods in grave 74
Сл.4 а, 6, 8, — Дел од прилозите во гроб 74 Fig. 4 a,b,v, part of the grave goods in grave 74 Fig. 4 a,b,v, part of the grave goods in grave 74

кој пол. Овој обичај го среќаваме кај секундарните погребувања во Сува Река5 и Дедели“.6

Во последните истражувања на Долновардарските некрополи мошне евидентно е присуството на наоди откриени вон гробовите.

Во нашите истражувања наоди вон гробовите среќаваме помеѓу гробовите 71 и 72 - две фрагментирани животински коски и минимални остатоци на скелет од возрасна индивидуа стара околу 30 години, веројатно маж, додека врз покривната плоча на гроб 72, на неговта северозападна страна откриен е железен врв од копје (Т. I, 13); јужно од гроб 72 три керамички сада, две кантаровидни шолји и бокал со косо засечена задна страна на вратот и две бронзени обетки од свиткан тел; западно од гроб 79 бронзен висулец-бобец (T. V, 2-7). Овој обичај кај Сува Река, го среќаваме и кај другите некрополи од Долното Повардарје, а целосна интерпретација на наодите дава 3. Георгиев.

КЕРАМИКА

Од вкупно 16 истражени гробови, во 6 е8 откриен богат керамичен материјал. Исклучок претставуваат 4 детски и 6 други гробови кај кои конструкцијата во голема мера е оштетена или уништена од поројната вода на реката па не е пронајден никаков археолошки материјал. Пронајдени се вкупно 16 керамички сада различни по формата, начинот на изработката и употребата. Покрај бокалите со косо засечена задна страна на вратот и лончиња со топчесто тело, се јавуваат котон, скифос и кантарос.

. Оваа керамика е од локален карактер, оформена под влијание на Родоско-јонската керамичка продукција. која временски го исполнува целиот VI век п.н.е.,“ а ја среќаваме кај повеќе некрополи од железното време во Долното Повардарје. Кај помладите погребувања во нашите истражувања се јавува со доцноархајски карактеристки, со што припаѓа на периодот од крајот на VI и почетокот на V век.

Сивата керамика застапена е со еден скифос од гроб 72, кој веројатно припаѓа на постариот покојник, а би се датирал во втората половина на VI век п.н.е. Со оглед на појавата на сивата керамика во долномакедонското подрачје во почетокот на VI век п.н.е.,“ овој скифос ја задржал формата која егзистира уште во протогеометрискиот период (наодот од Висои кај Беранци"“),10 за да се развие во една форма на садови поблиска до киликсот позната во Сува Река"!11 и Милци"?12 кај Гевгелија.

73. Георгиев, Карактерот и значењето на вонгробните наоди во Јужновардарските некрополи од железно време, Maced.acta archeol. 6, Скопје 1980, 36-54. d

МЕТАЛ

Како вонгробни или гробни наоди, во 8 гробови, вкупно се пронајдени 30 метални предмети, од кои 22 од нив се накит, додека останатите се оружје или орудија. Од накитот најбројно застапени се иглите со 6 примероци од кои 4 се изработени од железо и 2 од бронза, најдени во женските гробови.

Во гробовите 72 и 73 најдени се една игла со плочеста глава „пелопонески тип“, две игли со купаста глава и една игла во вид на шнола, сите изработени од железо. За разлика од луксузните примероци на овој тип игли, пронајдени во Требениште, 5 Петилеп и Црквиште кај Беранци, Радолиште!“ и Глос-Грчиште,15 кои се од пелопонеско потекло, нашите се веројатно од локален карактер изработени под влијание на гореспоменатите. Досега познатите луксузни примероци кај нас се појавуваат при крајот на Ми почетокот на У век, а К. Килијан ги става во типот Б.17 Иглата од гроб 72 во облик на две петелки кои се завршуваат со спирален навој под нив на вратот (Т. 1,7), изработена од бронза, блиски паралели пред се наоѓа кај идентичната јонска архајска игла од Нови Пазар датирана при крајот на VI] и почетокот на V век,18 , изработена од злато. Јакобстал овие игли ги нарекува ,,knot-headpins“,19 и дава прелгед на повеќе наоди од Грција.20

Двојната игла со петелки (Т. Ш, 8) од гроб 76 најдена до собраниот скелет на јужната страна од гробот припаѓа на постариот покојник. Главата и е изработена од тордирана жица и карактеристични здебелувања под петелките, додека под здебелувањата украсена е се врежани испрекинати прави линии. Иако спаѓа во т.н. „гласиначки тип“ игли, сепак се разликува од досега познатите примероци по неколку елементи.

Игли со глава од „тордирана жица со две петелки без здебелувања Познати се од Сува Река, Осово II на Гласиначкото подрачје и Готовуша во северна Црна Гора,22 сместени во типот Шб (според Р. Васиќ).2323 Игли со здебелувања под петелките досега не се познати, освен еден фрагмент од Дедели.24 = Имајќи предвид дека двојните игли на илирското и македонското подрачје се појавуваат кон крајот на VII и почетокот на VI век, а при крајот на овој век ги заменува требенишкиот тии со омега глава,25 нашиот примерок би можело да се смести до половината на VI век п.н.е.

Н. Вулиќ, Један нов гроб код Требеништа, Гласник снд XI, Скопље 1932, 10, 15, 17, сл. 6, 20; Истиот, Нови гробови код Требеништа, Споменик ска XXVI, Београд 1933, 5, сл. 1. - У. Lahtov, Problem trebeniske kulture, Ohrid 1965, 67, T. V, 1, 2, 3, 7, 8, 9.

I. Mikulčić, Crkvište, Beranci, Bitolj-antička nekropola, Arheološki pregled 6, 100. – Istiot, Pelagonija, 37, 45, T. XI, 19h, T. XI, 21.

16 3, Георгиев, Елементи, ор. cit. 69, ел. 7a.

Р. Пашиќ, ор. cit. сл. 4г.

25 1, Mikulvi¢, Pelagonija, 32.

Fig. 5 Graves 75 and 76 before uncovering Сл.5 Гробовите 75 и 76, пред отоварање Сл.5 Гробовите 75 и 76, пред отоварање
Fig. 5 Graves 75 and 76 before uncovering Сл.5 Гробовите 75 и 76, пред отоварање Сл.5 Гробовите 75 и 76, пред отоварање
Сл.6 Гроб 78 Fig. 6 Grave 78 Fig. 6 Grave 78
Сл.6 Гроб 78 Fig. 6 Grave 78 Fig. 6 Grave 78

Белегзиите со вкрстени краеви (Т. I, 12 - T. ГУ, 6), освен што се познати кај некрополите од Долновардарското подрачје, се јавуваат и пошироко, во Босна, Бугарија, Македонија и грчките светилишта,26 со обележја на архајскиот VI век п.н.е.27 Белегзиите од бронзена лента со повеќе спирални навои (Т. III, 3) се јавуваат доста порано од гореспоменатите. Ги има во старите тумули во Вергина од X век28 и егзистираат до крајот на VII и почетокот на VI век.

Обетките од гробовите 72 (Т. 1, 6) и 73 (Т. Ил, 5), изработени се од тенка бронзена жица со плочести завршетоци на крајот. Кај едната, двојно спирална, плочестиот завршеток и е украсен со исчукани полутопчиња кои оформуваат линии од краевите, а во средината помеѓу нив брановидна линија. Вакви обетки во полуксузна варијанта, изработени од златна жица, откриени се во Нови Пазар.29 во Гласиначкиот културен комплекс на локалитетите во Годљево и Косјериќ,30 а овде би ги споменале и сличните наоди изработени од бронзена и сребрена жица откриени во Требенишкиот комплекс, окарактеризирани како белегзии.?.31

Со оглед на тоа дека во последните децении на VI и првите децении на У век халкидичкото производство и трговија на луксузна роба достигнало најголем подем,32 по чиј углед се развива и локалното производство на накит и на други предмети и оружје.33 нашите обетки би можеле да се датираат во овој период.

Оружјето е застапено со 5 примероци со врвови од копја и ножеви изработени од железо како прилози во машките гробови. Врвовите од копја од гробовите 74 и 76 (T. III, 2, 9) се со долг лист и држач односно тулец, доста кородирани, меѓутоа формата добро се познава. Врвот за копје од гроб 72 (Т. 1, 13) откриен е на покривната плоча, а според обликот и формата веројатно е од задниот т.е. од долниот дел на копјето. Двата ножа од гробовите 74 и 76 (Т. Ш, 1,5) имаат различни типолошки карактеристики. Првиот е со едно сечило што се извива кон надворешната страна на ножот ставен во корица и вториот, краток, со две сечила и остар врв. Железниот брич од гроб 73 (Т. Ил, 4) е доста кородиран и оштетен, припаѓа на постариот покојник, датиран во VI век п.н.е. Истиот спаѓа во групата на т.н. тоалетни реквизити кои подетално ги обработува 3. Георгиев.34

Најновите археолошки ископувања на некрополата Сува Река кај Гевгелија, иако открија помал број гробови со наоди, сепак дадоа значаен археолошки материјал, кој евидентно отрки нови податоци од големо значење за проучување како на самата некропола така и за вредностите на помладите гробови во рамките на Долновардарската група на железното време.

“8 Д. Митревски, Дедели, 61.

77 |. Mikul&ié, Pelagonija, 33.

іԁ. 33 (со наведена литература; М. Зотовиќ, Илирски гробни налаз из Го Зборник ралока Народ. mys. V, 1969, 153-168, Г-ПО. аіі ;ié, Pelagonija, 44,

М. Ѓунѓиќ – Б. Јовановиќ Илирска кнежевска некропола у Атеници, Чачак 1966, 59. 1982, Оа Аркхајски тоалетни реквизити од Долното повардарје, Г.3.ф.ф. 8, Скопје Земајќи ги предвид неколкуте соседни некрополи (Милци, Раул и Ума), густината на гробовите и нивната територијална распространетост, неодамна Д. Митревски изнесе прифатлива можност дека треба да се смета на неколку илјади гробови со употреба во текот на УП и целиот VI век. Од друга страна сето ова индицира постоење на интензивен живот што се одвивал во ОВОЈ период, организиран на неколку локации околу Гевгелија (Кофилак, Вардарски рид, Стари Лозја). Интензивниот живот, барем според наодите во гробовите, се одвивал се до првите децении на У век п.н.е., после кој период: настанува извесен вакуум, посебно на трговските врски со Југот, што е веројатно резултат на последиците од грчко-персиските војни.

Основните причини за егзистирање на голем број население на овој простор се уште не се расветлени во научната јавност, а претпоставките кои се презентираат не даваат целосна слика за состојбата и организирањето на животот на населението. Можеби најдалеку во своите истражувања оди Д. Митревски кој расветлува многу нови моменти од животот на населението од деделската некропола.35

Со оглед на блиските територијални, хронолошки и етнички граници, не е исклучена можноста за блиска и заедничка соработка, претежно за обавување на металургиската дејност на населението од Дедели, Сува Река и населението од околните некрополи Зелениште, Марвинци, Глос-Грчиште. Предуслови за ваква соработка треба да се бараат во тешкиот и примитивен начин на ископување и обработка на рудата од блиските богати рудни наоѓалишта во Гевгелиско-валандовскиот регион и потребата од голем број работ- _ ници за обавување на оваа дејност.

Меѓутоа за целосно дефинирање и заокружување на повеќе прашања кои се наметнуваат, ќе треба да се преземат нови археолошки истражувања, пред се на остатоците од населби. KIRO RISTOV - Gevgelija

Илустрација, стр. 108
Илустрација, стр. 109
Илустрација, стр. 110
Илустрација, стр. 111
Илустрација, стр. 112
ПЛАН 4 ЛЕГЕНДА:
ПЛАН 4 ЛЕГЕНДА:

Белешки

  1. МАЛ ↩
  2. Антрополошката анализа3 на откриените остатоци од скелети во овие истражувања целосно ја изработи Фаница Вељановска. ↩
  3. Д. Митревски, Дедели-некропола од железното време во Долно Повардарје, Скопје 1991, 45, план 1. Паровиќ–М. Пешикан, Неки нови аспекти гр.ке културе на Централном Балкану, , XXXVI, Београд 1985, 37. ↩
  4. р. Пашиќ, Археолошки испитувања на локалитетот Сува Река во Гевгелија, Зборник на Арх. муз. Скопје 8-9, Скопје 1978, 22-27, гроб 26, 36, 39, 42, 45. ↩
  5. Д. Митревски, ор. си. 17-39, гроб 20, 29, 33, 39, 43, 44, 53, 56, 58, 71, 79, 81. ↩
  6. P. Пашиќ, 2K. Виничиќ, М. Ивановски, 3. Георгиев, Некрополата Милци кај Гевгелија, Културно наследство 10-11, Скопје 1987, 79. ↩
  7. I. Mikulčić, op. cit. 16. T. IV, 8a. ↩
  8. Р. Пашиќ, op. cit. 22–27. ↩
  9. Р. Пашиќ и други op. cit. 75–78; З. Георгиев, Гробот 31/35 од некропполата Милци кај Гевгелија, Зборник на Арх. муз. Скопје 10–11, Скопје 1983, 68, Т. II, 2. Б. Ćović, Glasinačka kultura, PJZ V, Sarajevo 1987, 609, c. 93/91. ↩
  10. Jb. Поповиќ, Радолишта, Зборник радова Народног музеја у Београду, Ku. 1 (1958), T VII. ↩
  11. K, Kilian-I. Dirlmeir, Nadeln der frunhelladischen bis archaischen zait von der Peloponnes, PBF XIII, 8, 1984, 219. ↩
  12. ED, Mano-Zisi-Lj. Popovic, Novi Pazar, gréko-ilirski nalaz, Narodni muzej Beograd 1969, 16, T. IVa. ↩
  13. P. Jakobstahl, Greek Pins, Oxford 1953, 133. ↩
  14. Ibid, Cu, 390, 391, 391a, ↩
  15. B. Covié, Glasinatka kultura, PIZ V, Sarajevo 1987, 609, c. 35/31. ↩
  16. Ibid. 609. |. Mikul&ié, Pelagonija и svetlosti arheoloskih nalaza, Skopje—Beograd, 1966, 29-30 и 3. Георгиев, Елементи од раната антика во Долното повардарје, Г.3.Ф.Ф. 2, Скопје 1984, 59. - Паровиќ-М. Пешикан, Неки нови аспекти грчке културе на Централни Балкан, Старинар XXXVI, Београд 1985, 37. ↩
  17. Д. Митревски, Дедели, 59, T. XVIII, 17. ↩
  18. I. Mikulčić, Pelagonija, 32. ↩
  19. Д. Митренски, Дедели, 61. ↩
  20. I. Mikulčić, Pelagonija, 33. ↩
  21. Д. Митревски, Дедели, 60-61. ↩
  22. Đ. Mano-Zisi-Lj. Popović, op. cit. 33, T. XXVI. ↩
  23. Ibid. 33 (со наведена литература: М. Зотовић, Илирски гробни налаз из Годљева, Зборник радова Народ, муз. V, 1969, 153-168, I-III). ↩
  24. V. Lahtov, op. cit. 72, T. IX, 3, 4; П. Кузман, Три Чељусти и Вртуљка-Требеништа 1972, Охрид 1985, 41, T.XI, 12, 13. ↩
  25. I. Mikulčić, Pelagonija, 44. ↩
  26. М. Ђунђић – Б. Јовановић Илирска кнежевска некропола у Атеници, Чачак 1966, 59. ↩
  27. З. Георгиев, Архајски тоалетни реквизити од Долното повардарје, Г.З.Ф.Ф. 8, Скопје 1982, 97-113. ↩
  28. Д. Митревски, Дедели, 70-71. ↩

Summary

Сива Reka near Gevgelija

(SUMMARY)

The most recent archaeological excavations carried out at the site of Suva Reka in 1988, 1989 and 1990, were undertaken in two sections. In the three actions, a total number of 16 graves were disovered, dated to the 6th and the beginning of the Sth century BC. In Sectin IV, 6 graves were discovered, largely destroyed and dislocated by the floodings of the river, wheras 10 well preserved undisturbed graves have been found in Section V. The archeological material is associated wih the finds and phenomena distinctive for the Iron Age in the Lower_Vardar Basin, i.e., for the necropolises реден, Milci, Marvinci, Glos, Zeleni&te, CauSica, Bohemica etc.

In these reserches, a custom has been noticed that has not hitherto been subject of investigations in the aforesaid necropolises, involving differant orientation of the male and female deceased in the burial. The male deceased were laid in the graves with their heads to the north, and the legs to the south, whereas the female ones used to be buried contrary, with the heads to the south and the legs to the north.

The necropolis Suva Reka encompasses a large space around Geyvgelija, which has been confirmed in the course of our research activities, and our estimation is that several thousands of graves have been in use in this area throughout the 7th and 6th century BC.

1988 UL.