Macedoniae acta archaeologica 13 (1993) · стр. 81–96
Басараби стилот и Македонија
Од времето кога А. Вулпе ја објави својата студија за железнодобната Басараби култура во Романија,1 а особено по натамошното откривање на идентични манифестации во материјалната култура од развиеното железно време на повеќе наоѓалишта во југословенското Подунавје, Србија и на поширокиот Карпатско-подунавски и источно-балкански потег, културниот феномен наречен Басараби стана еден од крупните проблеми на балканската праисториска археолошка наука. Тоа го покажуват повеќето изнесени мислења за низа отворени прашања, почнувајќи од тоа дали се работи за широко распространет стил, единствена култура или пак комплекс од повеќе регионални култури-врзани за различни етно-културни единици, но со некои заеднички манифестации во керамографијата - па се до проблемот за потеклото, носителите, правецот на ширење, хронологијата и друго.2
Со оглед на линијата Западна Морава-Нишава, која се смета за јужна централнобалканска граница на зоната со Басараби керамика,3 како и со оглед на распространетите Басараби наоди во поголемиот дел од Бугарија, вклучувајќи ги и Родопите, нам ни се наметнува прашањето дали и колку овој широко присутен и. очигледно. многу продорен „номадски“ стил имал удел во формирњето на физиономијата на соседните појужни културни групи, конкретно кај нас, а поради околноста што железнодобната керамичка продукција од североисточна Македонија (Скопско-кумановски и Овчеполско-брегалнички регион) покажува, во најопшти црти, евидентна сродност со продукцијата на Басараби комплексот. При тоа, како дополнителни релевантни" моменти ги имаме предвид, од една страна, природната комуникациска врска со моравската долина, во која е регистриран голем број Басараби наоѓалишта,4 а од друга страна врските на североистиочна Македонија со струмската област и Родопите, дотолку повеќе што нашите Осоговски планини се нивен составен дел, што значи дека североисточниот простор од Републиката бил од две страни отворен кон културите кои го сочинуват Басараби комплексот. Инаку, поставеното прашање завлегува во сферата на дополнителни проблеми, со кои проучувачите на феноменот Басараби се уште не се позабавиле, па овој наш прилог повеќе би имал карактер на обид за иницирање на размислувања во таа насока.
Нагласени манифестации на Басараби стилот во Македонија до денес не беа очекувани"5 и тоа од две основни причини: прво, поради јужната геопозицијата на Македонија, а второ, поради тоа што при истражувањата на железнодобните некрополи - во педесетите и раните шеесетти години: кога всушност за првпат се оформени поодредени сознанија за железнодобната култура во овој дел од Балканот - Басараби елементи не беа забележани. Ако првото претставува само своевремено предубедувања. кое незаслужува коментар, второто е сосема разбирливо, имајќи предвид дека Басараби - како археолошка категорија со денешно значење - во тоа време не беше позната. Токму поради овие околности, за мнозинството керамички наоди од некрополите во Радање, Ст. Караорман, кочанско Оризари и други. тогаш (а по инерција и долго потоа) беа барани аналогии во керамичката продукција од Егејска Македонија. Но, денес, веќе е сосема јасно дека вистински паралели помеѓу железнодобната керамика од северно-македонското и егејското подрачје (вклучувајќи го Долноповардарското во целост) неможат да се повлечат. Оттаму, прашањето за стилска атрибуција на материјалот од североисточна Македонија - како блок кој е интерполиран помеѓу7 познатите категории од балканската внатрешност на една и од егејското подрачје на друга страна - сега се актуелизира самото од себе.
Во посочениот дел од Републиката денес се познати неколку десетини железнодобни наоѓалишта, а од околу 40, главно населбински локалитети, располагаме со поголемо или помало количество керамика. Благодарејќи на поволната дисперзираност на наоѓалиштата, овој керамичен фонд дава можност добро да се согледа хоризонталната стратиграфија на подрачјето, додека присутните неколку видови различно украсувана грнчарија, кои сукцесивно се нижат во временски континуитет од IX до УГ-У век п. н. е., во основни потези ја оцртуват и вертикалната стратиграфија.
Одделни украсни мотиви (на пример шрафирани триаголници, врежувани линии, втиснати низи и др.), вообичаени во репертоарот на Басараби стилот (независно и без оглед на нивното постаро потекло), како и основните техники на нивното изведување — по пат на врежување и печатење, обилно се застапени кај керамиката од североисточна Македонија низ целото развиено
железно време (VIII—VI век) значи во истите временски рамки во кои ваквиот начин на украсување опстојува во културите на Басараби комплексот. Меѓутоа, најизразени манифестации на Басараби стилот кај нас среќаваме во материјалот од самиот почеток на развиеното железно време, односно од неговата постара фаза. Таа фаза, која до денес всушност беше непозната, поради недоволната истраженост на теренот во овој момент е се уште најслабо документирана - преку наоди собрани последниве години, но и со поранешни, кои сега мораме да ги гледаме од нов агол.
Во прв ред, треба да го истакнеме откривањето на класична Басараби керамика, украсена со печатени „5“ мотиви, каква што на македонската почва не беше позната, ниту очекувана. Засега се работи за смо два фрагменти (Т. 1, 1-2), површински најдени при рекогносцирање на две населбински наоѓалишта во долината на Крива Река (Руѓинце, Вражогрице).8 Но, иако малаубројни, тие говорат дека најмаркантниот Басараби орнамент не му бил туѓ и непознат на северномакедонскиот простор, а, од друга страна, неминовно имплицираат дека дел од погоре спомнатите мотиви кај „вообичаената“ железнодобна керамика не претставуваат случаен избор. Последново го потврдуват и други наоди, за кои ќе стане збор понатаму.
Со оглед на малубројноста, а особено поради евидентната оддалеченост од спомнатата јужна граница на зоната со „5“ керамика (линијата 3. Морава- –Нишава), наодите од Руѓинце и Вражогрице лесно би можеле да бидат оценети и како периферни, залутани Басараби претставници, кои во Македонија стигнале по пат на некакви, се уште нејасни контакти, или слично како што се третирани расеаните примероци од Славонија, Словенија и Штајерска.9 Ваквата алтернатива, меѓутоа, апсолутно отпаѓа во светлината на другите факти што ни стојат на располагање. Имено, фрагментот од Руѓинце е дел од сосема мала група наоди кои го означуват последниот момент од животот на една постара населба, т. е. од раното железно време. Бројната керамика од постариот хоризонт на населбата, има во целост одлики на предбасараби хоризонтот во Подунавјето: сроден е, и без сомневање истовремен, со материјалот од типот Калакача-Инсула Банулуи-Бабадаг II, a, по своето време (најдоцна IX—VIII век) и заедно со присутните мегалити на истиот локалитет, укажува на етно-културен продор главно од источна - североистична страна, во текот на вториот миграционен бран од т. н. Егејски селидби.10 Кај сите три наброени културни групи од раното железно време во Подунавјето, во следната развојна етапа, се јавува Басараби „5“ керамика, па оттаму и нашите наоди не се случајна појава туку логична последица.
Втор момент во таа смисла е исто така околноста дека нашите фрагменти дури и неможе да се сметаат за сосема осамени, бидејќи територијално многу блиски наоди на „5“ керамика имаме во источното соседство - во Перник (лок. „Кракра“) и неговата поширока околина (Филиповци, Врапча, Червена Могила),""11 како и во околината на Благоевград.12 Значи, не е слу-
? . 12. чајно дури ни тоа што првите вакви наоди кај нас потекнуваат токму од долината на Крива Река, која преку Драговиштица комуницира со горнострумската област. Затоа, цврсто сме убедени дека во многу блиска иднина „S“ керамика ќе сретнеме и во долината на Брегалница, односно во меѓупросторот северно од неа, што не значи дека треба да ја очекуваме во големо количество, бидејќи, се чини, таа е присутна првенствено на постари населби кои го доживеала почетокот на развиеното железно време.
На околу една четвртина од познатите наоѓалишта во североисточна Македонија се среќава керамика украсена со врпчест орнамент (т.н. „лажен шнур“), кој исто така претставува еден од основните мотиви на Басараби стилот, ако не и најчестиот (Т. I-IV). Со оглед дека е бројна како површински материјал, слободно може да се претпостави дека истата веројатно лежи во подлабоките слоеви и на еден дел од оние локалитети на кои не е регистрирана. Оваа керамика делува мошне стереотипно: врпчестите еднократни или повеќекратни линии, хоризонтално и косо диспонирани, главно ја потенцираат тектониката на садовите. Тие се речиси единствениот украс. Како дополнителни орнаметни за комбинирање, кои во никој случај не ја загрозуваат доминацијата на врпчестиот, кај одделни садови се користат само шрафирани триаголници, врежани линии, канелури и фасети (T. 1 6-8; Т. НІ, 4;T. TV, 1 3), значи пак мотиви и техники на нивно изведување кои се содржани во декоративниот репертоар на Басараби стилот. Карактеристични за тој стил се и врежувани мрежасти и косо шрафирани ленти, што ги регистрираме и кај нас (Т. I, 3-5). Наспроти сите наброени, ue се сретнува ниту еден украсен елемент кој не му припаѓа на тој стил. Според тоа, она што привидно донекаде ја дистанцира ваквата керамика од северноисточна Македонија од Басараби продукцијата во другите подрачја е пред се мошне редуцираниот избор и меѓусебно комбинирање на Басараби мотивите, кој, уште сега се гледа, многу ne ќе го збогатат идните наоди, меѓу кои очекуваме и цели садови. Друго прашање се типолошките карактеристики на садовите, кои, и во групите на Басараби комплексот покажуваат локално обоени разлики.
Територијално, оваа керамика е рамномерно застапена на просторот помеѓу Горен Вардар и Брегалница, ширејќи се на север во Врањско-прешевската котлина (каде има сосема исти форми, мотиви и комбинации и исти декоративни шаблони), а и во Косово.14
За нејзините глобални временски рамки постојат неколку показатели. Тука ќе истакнеме три најрелевантни. Пред се, со археолошки сондирања во Врањско-прешевската котлина е утврдено дека хоризонтот со врпчеста керамика стратиграфски претходи на т.н. „керамика од Радањски тип“, која е особено добро позната од некрополите и населбисте во Скопско-кумановскиот и Овчеполско-брегалничкиот регион, а која датира од VII-VI век п.н.е. Второ, карактеристичните орнаменти изведени со т.н. „радла“ и низите полумесечести отпечатоци, кои се вообичаени кај материјалот од „Радањски“ тип, никогаш и никаде не се појавиле во взаемно комбинирање со врпчестиот мотив, а тоа говори за хронолошки условена подвоеност. Третиот
M. Vukmanović-P. Popović, Sondažna iskopavanja gradinskih naselja na području Vranjskopresevske kotline, Godignjak CBI, XX/18, Sarajevo 1982, T. IV; T. V; T. VII; T. УШ, 1.
M. Vukmanovic-P. Popovic, op. си., 203-204. факт е можеби најубедлив: додека садовите со врпчести орнаменти се чести и бројни на населбите, тие во истражуваните некрополи (со „Радањски“ материјал) се појавуваат сосема инцидентно, обично со по еден или два примероци, речиси без исклучок само како одделни фрагменти и (освен во два случаи) редовно надвор од затворените гробни целини.16 На некои некрополи дури и наполно отсуствуваат, така што е повеќе од очигледно дека врпчестата керамика припаѓа на една постара фаза од развиеното железно време, од која на некрополите досега беа сретнувани само бедни остатоци. Сето ова, а со оглед на горниот временски лимит за Басараби стилот на балканскиот простор, нас не исправа пред единствената можност врпчестата керамика да ја датираме помеѓу истекот на VIII и средината или третата четвртина од VII век п.н.е. Тоа воедно би било времето и на нашите наоди со „5“ декорација, оти и нив не ги наоѓаме во гробовите од крајот на УП и од VI век.
Кон ваквото датирање на постариот хоризонт од развиеното железно време упатуваат и одделни бронзени предмети, чија декорација досега не била подложена на стилска анализа. Во прв ред, ја истакнуваме лачната фибула од некрополата во Радање (T.V, 1), одамна објавен и многу пати експлоатиран наод, како од домашната така и од странската стручна литература, но, токму затоа, чудно запоставен од стилско-аналитички аспект. Имено, целокупниот декоративен аранжман на фибулата се состои од Басараби мотиви: во горниот крај од ногата врежани се две паралелни, косо шрафирани ленти, на какви веќе укажавме кај разгледуваната керамика (спореди Т. I, 4-5); во долниот крај на ногата распнат е фриз од шрафирани триаголници; а во средината, како главен мотив, пласиран е малтешки крст со шрафирани краци. Последниот претставува еден од најатрактивните и најпознатите геометриски орнаменти на Басараби стилот.17 Фибулата е еден од најстарите предмети од радањската некропола; датирана е најнапред во VIII,18 a подоцна редатирана во првата половина на VII век.19 што апсолутно се совпаѓа со времето на разгледуваната керамика со Басараби одлики. Секако не е случајно тоа што од сите истражувани некрополи токму радањската даде најмногу фрагменти од врпчеста керамика, без оглед што тие можат да се избројат на прсти.
Истиот ограничен избор на Басараби мотиви-косо шрафирани ленти и триаголници ги наоѓаме на бронзените „макари“ од Бразда кај Cxonje” И ОД околината на Куманово?! овојпат во облик на фриз кој тече во круг (T.V, 2- 3). Не ќе биде одвишно да потсетиме дека овој редок предмет со нејасна функција досега е откриван само во северна Македонија, Косово?“ и Врањско-
® K. Kilian, Trachtzubehor der Eisenzeit zwischen Agais und Adria, Praehistorische Zeitschrift 50, 1975, 129; Р. Bacuh, Нови елементи за проучување гвозденог доба Вардарски долине, Старинар Н. с. XXVII, Београд 1977, 13–14.
Д. Kopayesuh, Наод од халштатско време од Бразда кај Скопје, Macedoniae acta archaelogica - 3, Прилеп 1977, 57-65.
713, Георгиев, Нов халштатски наод од околината на Куманово, Macedoniae acta archaelogica 4, Прилеп 1978, 71.
N. Slavković–Djurić, Ilirski tumuli kod Suve Reke, Glasnik MKM-IX, Priština 1965, 537–538, T. Il, 7; — R. Vasié, 1987, 679, T. LXXI, 12. T. II — Наоди од Пелинце - Куманово 1; Младо Нагоричино — Куманово 2-3; Пчиња - Куманово 4; Open - Свети Николе 5.
T. IV - Гробни наоди од Волково - Скопје 1. Crap Караорман - Штип 2; Оризари - Кочани 3; Радање - Штип 4-7.
Stip 4-7
култура од таа фаза, пред нас се исправаат низа нови прашања. Просторот ни допушта во оваа прилика да се ограничиме само на најсуштествените.
Најнапред се наметнува прашањето дали присуството на Басараби мотиви е резултат на силно стилско влијание од северен и источен правец или пак тоа треба да се толкува на друг начин. По логиката на нештата, во принцип, елементите кои значат туѓо влијание во една средина може да се забележат и издвојат како такви само доколку се евидентно аплицирани врз автохтоната основа или пак ако тие егзистираат независно но паралелно со неа. Тоа би значело дека ако Басараби мотивите на нашиот керамичен материјал се туѓо влијание (металот го апстрахираме поради подложноста на размена, иако имаме форми со неспорна локална провениенција), тогаш во С/ И Македонија треба да постојат и други, „небасараби“ мотиви кои би имале автохтон карактер. Но, такво двојство ни најмалку не се забележува. Дури напротив: побргу може да се рече дека станува збор за локална, автохтона и оригинална варијанта на Басараби стилот, која има свои специфичности, изразени во општиот и целосно скромен вид. Како таква, по наше мислење, таа го вклучува просторот на С/И Македонија во културниот круг што се нарекува Басараби комплекс.
Далеку поделикатно е прашањето како дошло до појавата на Басараби стилот на овој простор и кои се носителите на материјалната култура од постарата фаза на развиеното железно време. Значаен појдовен индикатор во тој поглед претставува присуството на веќе спомнатиот постар материјал од Руѓинце (IX—VIII век), според кој во текот на т.н. втор миграционен бран на нашиот простор продрела една или неколку подунавски популации, инаку археолошки потврдени и на долноповардарската населба кај Kacranac. Нашите наоди се уште не дозволуваат сосема точно да ги лоцираме областите од кои тие дошле, но сигурно е дека значајна компонента меѓу нив чинат дојденци од долноподунавските и до нив јужните простори, кои ја познавале керамиката од типот Бабадаг и на кои мегалитското творештво не им било туѓо. Дали истите тие, во еден продолжен тек на доселување во втората половина од VIII век или по пат на континуиран контакт со својата матица, го донеле и Басараби стилот? Евентуалниот позитивен одговор би го имплицирал опстојувањето на тој етнички елемент во С/И Македонија, како и во дел од нејзиното окружување, барем до средината на VII век п.н.е.
Ова е всушност мошне важно до еден друг аспект. Имено, постариот хоризонт од развиеното железно време, со опишаните стилски карактеристики, го зафаќа токму оној простор за кој во науката постојат поделени ставови во врска со неговиот палео-етнички профил. Кон досегашните колебања, ако така може да се каже, помеѓу Дарданците, Пајоните и Трибалите, во најново време се придружи мислењето на В. Соколовска, која, реинтерпретирајќи ги во прв ред познатите и многу експлоатирани податоци од Страбон, со право на овој простор ги лоцира Агријаните. Притоа, Соколовска се определува за пајонската припадност на Агријаните, наспроти други постари и современи автори, кои, исто така врз основа на античките извори, не застапуваат такво мислење. Нам ни се чини оти за ова прашање архе- Т. У- Гробни наоди од Радање - Штип 1, Бразда - Скопје 2, 4-5, Куманово 3; Оризари - Кочани 6.
прешевската КОТІІМНа, значи токму на просторот на кој се ограничува напред разгледуваната врпчеста керамика.
Наодот од Бразда“24 содржи и лак од фибула, ефектно украсен со цизелирани појаси од вклештени шрафирани триаголници (Т.У, 4). Овој мотив, во широка палета на изведби, го среќаваме на Басараби керамиката и далеку на Север.25 а во сосема иста организација како на фибулата од Бразда чест е кај керамиката од доцното бронзено време во Родопите. 26 Последново го истакнуваме поради познатиот факт дека Басараби стилот во себе интегрира и повторно враќа во „мода“ дел од д декоративните мотиви на доцното бронзено време на соодветното подрачје.27
Подрачјето на североисточна Македонија, Косово и Врањско-прешевската котлина дава и една група фалери, кои, по специфичните украсни мотиви, се разликуваат од своите сродници во други региони. Ќе се задржиме врз два најилустративни примери. Фалерата од Бразда (T.V, 5) има сложен фриз од спротивставени триаголници, организиран на начин каков е чест кај Басараби керамиката од балканската внатрешност.28 Фризот е од внатрешната страна омеѓан со врпца, кружно диспонирана и во пластична изведба. Посебно вредна аналогија за ова наоѓаме околу отворот на еден разгрлен сад од Басараби хоризонтот на босутската градина во Срем, на кој идентичниот фриз е исто така омеѓан од внатрешната страна, но не со врпца туку со „5“ орнамент.29 Истоветноста на заедничкиот шаблон за кружна декорација вчудоневидува. особено поради просторната одалеченост, а алтернацијата врпца - „5“ мотив неспорно претставува прилог повеќе кон стилската определеност на фалерата.
Групите од по три шрафирани триаголници, крстесто распоредени кај една фалера до кочанско Оризари (T.V, 6),~°30 својствени и на косовските примероци,31 исто така мошне често се сретнуваат на Басараби керамиката,32 “2 а водат потекло од бронзенодобните култури ширум Карпатско-подунавската област, на чија почва подоцна се развива Басараби стилот.
Издвојувајќи ја постарата фаза од развиеното железно време во С/И Македонија и определувајќи ги стилските карактеристики на материјалната олошките наоди не допуштаат тврди генерализации, особено заради тоа што се работи за долг, динамичен период од најмалку половина милениум, во кој многу нешта се менувале. Сметаме дека недоволната прецизност, на моменти дури и контроверзност во известувњата од античките историографи и хроничари, која по наше мислење е само привидна, како и суптилните но забележливи мени во карактерот на археолошкиот материјал од овој простор, во времето од IX до Ill век, се должат не само на културни туку првенствено на сукцесивни етнички наслојувања, а секако и на државно-политичките односи и состојби, кои се менувале пред и во текот на раноантичкиот (историски) период.
Напред споменатите показатели за доселувања од источен-североисточен правец во текот на преодниот период (канелирана предбасараби керамика, керамика од типот Бабадаг, мегалитско творештво аналогно на она од Централните и Источните Родопи), кои, веќе е извесно, до средината на VIII век сосема ја пресекле претходната културна традиција на ова подрачје, а кои завршила со продорот на носителите на Басараби стилот, чија керамика ја наоѓаме на повеќе тогаш засновани населби, како и континуираниот натамошен живот на тие населби се до Ш век пред н. е., би говореле дека Агријаните (ако тие се жителите на овие населби, што е повеќе од веројатно) не ќе може да се доведат во врска со пајонскиот етнос. Керамиката од постарата фаза на развиеното железно време, со својата декорација како уметнички а всушност фолкорен израз, културно, т. е. по духовни вредности, го врзува ова подрачје за светот и сваќањата на Басараби комплексот, чија главна етничка компонента јужно од Дунав е трако-трибалскиот елемент. Па и керамичката продукција која непосредно уследува (истекот на УП - истекот на VI век), на истите населби и на истовремените некрополи, а која е. евидентно сродна со претходната (сосем исти форми, исти декоративни шаблони, па и добар дел мотиви)“,36 исто така му припаѓа на тој свет. Некои карактеристики на последната („радла“ орнамент и подоцнежната „тремолирна“ Басараби техника), се манифестираат во долината на Велика Морава како мошне интересен и значаен етно-културен процес во тоа подрачје, во УП и VI век.37 Од друга страна, кај нашите наоди од ова фаза се заблежани и елементи што се присутни кај материјалот од Цепина групата во Byrapuja.38 Во овој контекст, посебно обрнуваме внимание и на еден факт кој досега исто така не бил согледан, а тоа е дека еден од најкарактеристичните и најчести орнаменти кај керамиката од VII-VI век во С/И Македонија - низите со полумесечести втиснатини, опстојува (несомнено како секундарно влијание од источен правец) во долината на В. Морава многу порано, во втората фаза од преодниот период.39 Многу индикативно е тоа што керамика со ваков орнамент, сосема иста како нашата, е откриена со ископување и далеку на исток од нашето подрачје — на Малкото Kane кај Варна.40
399M. Stojié. Gvozdeno doba и basenu Velike Morave, Beograd-Svetozarevo 1986, 50, T. 14, Aj 14; T. 15, 8, 1. 17,1.
“е И. Венедиков - A. Pon, Мегалитите в Тракии, Тракииски паметници, Том 1, Софии, Сето тоа е во длабока спротивност со карактерот на материјалната и духовната култура на она појужно географско пдорачје кое cè до времето на Херодот и до сеќавањето на Тукидид словело како пајонско. На тоа подрачје Басараби стилот никогаш не заживеал, бидејќи неговите носители не стигнале до таму, ниту пак нивните следбеници. Ова мериторно го покажуваат истражуваните населби кај Кастанас и Асирос“ „ во егејскиот дел на Македонија, каде од автохтоната културна основа, со традиционални обележја, јасно се издвојуваат протагонистите на миграциските бранови во преодниот период, кои, слевајќи се од карпатско-подунавска Романија и од Бугарија кон југ и југозапад, оставиле видни траги во долноповардарскиот(пајонски) простор до VIII век пред н. е. Но, Басараби стилот, односно несовије носители, таму ги нема. Ги нема ни во Гевгелиско-валандовската котлина, а ни посеверно, се до линијата Прилеп-Градско- Радовиш.
Дури и во втората фаза од развиеното железно време (МП-УТ век), кога во керамичката продукција од С/И Македонија најтипичните Басараби мотиви се заменуват со други. ова линија не само јасно туку и прилично остро разграничува две култури, со диференцирани манифестации. Имено, тогаш актуелната керамика во С/И Македонија (со „радла“ орнамент или со полумесечести отпечатоци) исто така не се јавува јужно од таа линија, како што и северно од неа, истовремено, отсуствува керамика од долноповардарско-пелагониски тип. Исклучок се само неколку садови, на обете страни од пошироката гранична зона, чие присуство во недомородна средина веднаш паѓа во очи. "Таква подвоеност е видлива и преку различните основни погребни форми во регионите од обете страни на истата линија. А кога ќе се тргнат на страна секаде распространетите халштатски облици со северно потекло, како и присутните само три-четири најрепрезентативни форми од т. н. „македонски бронзи“ во С/И Македонија, подвоеноста станува изразена и преку забележливо диференцираниот преостанат репертоар на бронзен накит. зашто речиси сите други типови имаат бројни паралели на север и исток (во Косово, во Злотската културна група од Источна Србија, во С/З Бугарија, па и во Родопско-маричкиот басен), а јужно од линијата Прилеп- Градско-Радовиш сосема отсуствуваат. Сето тоа не оди во прилог на доволно изразена адекватна кореспонденција помеѓу поларизираните две културни подрачја во Македонија, до степен што би се очекувал или би бил нормален во услови на еден ист етнички носител. Оттаму, и толкувањето на Р. Васиќ за развиените јужни Пајони и нивните попримитивни ридски сонародници на север“ нема реална поткрепа во археолошкиот материјал.
Кога говориме за поврзаноста на С/И Македонија со внатрешноста на Балканот во железно време, не можеме да го заобиколиме географското посредување на горнострумската (агријанска) област. во која се составуват две многу важни балкански комуникации. Едната, од Дунав преку западниот дел од Софиското поле водела на југ по Струма и кон неа гравитирале подрачјата од поширокиот појас долж денешната српско-бугарска граница. Другата, поаѓајќи од Понт, односно од западноцрноморскиот брег, се одвивала по долината на Марица, за преку Софиското поле и појужните планински раседлини да се врзе со Струма. Можеби периферни. но составни и
" K. A. Wardle, Excavations at Assiros 1975 - 9, BSA - 75, 1980, 248.
42 3. Георгиев, Рачно изработената керамика. 75-78.
BR. Vasié, op. cit., 700. блиски делови од овој важен комуникациски јазол биле патните правци Драговиштица- (Крива Река - Пчиња, до Вардар, односно Благоевградско-Брегалница- Вардар, од една страна, и правците кон J. Србија преку Босилеградско, Власина и Нишава, од друга. Културно-историското значење на Маричката трансверзала, во општ поглед, а посебно за нашиот регион, во домашната стручна литература долго време е неоправдано запоставувано, за сметка на Вардарско-моравскиот пат (чија улога е инаку неспорна, но не и неприкосновено единствена). Имајќи го предвид миграцискиот карактер на преодниот период, во кој начелно лежат корените на низа појави што се манифестирале во развиеното железно време, како и улогата на споменатите патни правци во одвивањето на тој процес, а потпирајќи се првенствено врз идентитетот на главнината од железнодобните наоди во С/И Македонија, се повеќе заокружуваме слика во која долноповардарскиот и пелагонискиот (пајонски) простор не се вклопува. Наспроти некои панпајонски тези што се пласираат последниве години, кои тежнеат да ги помират или заобиколат спротивностите помеѓу „јужнопајонската“ и „севернопајонската“ културна група, па дури и со уште помала основаност да вклучат и некои уште посеверни територии во заедничка гео-етно-културна рамка, со временски опсег од бронзеното до елинистичкото време, ние, во наведените правци кон осведочените трибалски и трачки територии гледаме паралели за најголемиот број форми и културни појави од железното време во С/И Македонија, меѓу кои тука издвоените претставници на Басраби стилот се само еден дел.
ZORAN GEORGIEV - Skopje
Белешки
- A. Vulpe, Zur mittleren Hallstattzeit in Rumanien (Basarabi Kultur), Dacia, 1965, 105 sqq. ↩
- Ibid., op. cit.; - Zur Definition und Verbreitung der Basarabi - Kultur), Die Altere Eisenzeit, Materijali ADJ XIX, Novi Sad 1981; - V. Dimitrescu, La necropole tumulaire du Premier age du fer de Basarabi, Dacia, 1968, 177 sqq; - N. Tasi¢é, The Вози! Group of the Basarabi Complex and the ,,Thracocimerian“ finds in Yugoslav regions along the Danube and in the central Balkans, Balcanica II, 1971, 27 sqq; – истиот, Југословенско Подунавље од индоевропске сеобе до продора Скита, Нови Сад – Београд 1983 121-134; - Р. Васиќ, Културе старијег гвозденог доба у Југославији, Београд 1973, 97-99, - P. Medovic, Naselja starijeg gvozdenog doba u Jugoslovenskom Podunavlju, Beogradd 1978. ↩
- Н. Tacuh, 1983, Карта 6. ↩
- М. Crojuh, Налазишта Басараби културе у околини Светозарева, Старинар Н.с. XXX, Београд 1979, 97-107. ↩
- p. Bacuh (1973, 97, ф. ни. 36 и 42; истиот, Praistorija jugoslavenskih zemalja Y - Oblast istitnog Kosova, juzne Srbije i severne Makedonije — Sarajevo 1987, 676), забележува4 Басараби елементи на еден сад од Волково, но истиот го третира како периферен јужен пример. Инаку, садот од Волково (види Т. I, 4) има толку блиска паралела во еден сад од с. Рибаре13 кај Светозареѕо, што небаре обата ги изработила и украсила иста рака (спореди М. Crojuh, 1979, Сл. 11). ↩
- З. Георгиев, Рачно изработената керамика од долноповардарските некрополи. Macedoniae acta archaeologica 9, Скопје 1988, 65-78 (особено коментарот на стр. 75-78). Сл. 1-4. ↩
- За овие локалитети и наодите види З. Георгиев, Две железнодобни населби кај Страцин, Годишен зборник на Филозофскиот факултет, кн. 19 (1992), 105–118, Пл.I-III, Сл. 1–5. ↩
- Р. Васић, 1973, 98; истиот, 1987, 553; Н. Тасић, 1983, 125. ↩
- З. Георгиев, op. cit., 112–113, 116 ↩
- V. Ljubenova, Einige Charakterzüge der thrakischen Kultur während des ersten Jahrtausend v.u.Z. im Gebiet der oberen Struma, Dritter internationaler thrakoloischer Kongress, Bd. II, Sofija 1984, 150–151, Abb. 3 a.c; Abb. 8. ↩
- М. Домарадски, Раннотракийска керманка от култов обект в. м. Скалето при Црнча, Благоевградски окрьг, Археология XXVIII/2, София 1986, Обр. 4-з; Обр. 12. ↩
- 'N. Djurié, Grdina kod Belaéevca, Glasnik MKM X, Pristina 1970, T. I, 1, 6; D. Srejovié, Karagat and the problem of the ethnogenezis of the dardanisans, Balcanica IV, 1973, 52, Fig. 2,5. ↩
- Види T. IV7 во овој труд. ↩
- H. Tacuh, 1983, Сл. 78-a; Сл. 82, 18-19, 25. ↩
- М. и Д. Гарашанин, ор. cit., 74. ↩
- М. иД. Гарашанин, Археолошка ископавања у селу Радању на локалитету7 „Криви Дол“, Зборник на штипскиот Народен музеј I, 1959, 27-39, 50-51; В. Санев, Могилите од Куново - Чуки кај с. Оризари, Кочанско, Зборник на Археолошкиот музеј на Македонија VIII-IX, Скопје 1978, 12. Инаку, во серија свои подоцнежни осврти врз оваа керамика М. Гарашанин прави паралели со материјалот од суворечката група на Косово. па; Георгиев,Рачно5 изработената керамика од долноповардарските некрополи, Масеԁопјае acta archaeologica 9, Скопје 1988, 65-78 (особено коментарот на стр. 75-78). Сл. 1-4, in inte тона Prihistorische arch4ologie in Sudosteuropa, Berlin 1982, 99 sqq. ↩
- М. Јовановит, Неколико железнодобних налаза из околине Врања, Врањски гласниќ 11, Врање 1966, 248, Сл. 2. ↩
- Д. Корачевиќ, ор. cit., 57 594. ↩
- A, Vulpe, 1965, 126; - 5. Morintz—P. Roman, Un nou grup Hallstattian timpuriu in sud-vestul Romaniei-insula Banului, Studii si cercetari de istorie veche - 20, Bucuresti 1969, 393 sqq; - M. Garaganin, Bronzanodobske osnove gvozdenog doba и Srbiji i Makedoniji, Materijali ADJ7 VII, 91; - P. Васиќ, 1973, 98. ↩
- P. Medović, op. cit., T. LXIII, 8. К. Лещаков, Украса на къснобронзовата керамика от връх Алада в Източните13 Родопи, Археологич ХХХІІ/1, Софии 1990, Обр. 7-а; Обр. 8-8; Обр. 17 r-n; Обр. 18-к; Обр. 20. ↩
- Ibid., T. LVII, 5. ↩
- Д. Митревски, Куново-Чуки кај Оризари, Могила II, Macedoniae acta archaelogica 11, 1990, T. IV, 3. ↩
- K. Kilian, op. cit., Taf. 71, 12-13. ↩
- P. Medović, op. cit., T. LVII, 2; T. LX, 6; T. LXI, 4; M. Jevtić, Keramika starijeg gvozdenog doba na centralnobalkanskom podruéju, Beograd 1983, T. XXII, 3; T. XXXV, 3. ↩
- A. Hochstetter, Spätbronzezeitliches und Früheisenzeitliches formengut in Makedonien und in Balkanraum, Prähistorische archäologie in Sudosteuropa, Berlin 1982, 99 sqq. ↩
- В. Соколовска, Пајонското племе Агријани и врските со Дамастион, Macedonia acta archaclogica 11, Скопје 1990, 17-19, 27. ↩
- Преглед на искажаните различни мислења по ова прашање кај A. Фол - Т. Спиридонов, Историческа географија на тракииските племена до III в. пред н.е., Софии 1983, 23, 115. ↩
- 3. Георгиев, Три предримски населби крај Пчиња. Годишен зборник на Филозофскиот факултет 17-18, Скопје 1990-91, сл 1 и 2. Исто така, спореди М. Vukmanovié—P. Popovic, ор. cit., T. XII-XV. ↩
- М. Стојић, Старије гвоздено доба у Поморављу, Господари сребра, Народни музеј – Београд, 1990, 42–44. ↩
- R. Vasić, Srednja i istočna Makedonija, Praistorija jugoslavenskh zemalja V, 699. ↩
- M. Stojić, Gvozdeno doba u basenu Velike Morave, Beograd–Svetozarevo 1986, 50, T. 14, I. 14; T. 15, 8; t. 17, I. ↩
- И. Венедиков – А. Фол, Мегалитите в Тракия, Тракийски паметници, Том I, София, 1976, 154–155, Обр. 217 и 220. ↩
Summary
Тие bаѕаrаbi style and Macedonia
(SUMMARY)
The new archaeological finds from the north-east part of the Republic of Macedonia (the Skopje - Kumanovo and Ovée Pole - Bragalnica Basins) have enabled us to identify an unknown, older phase of the Iron Age, which is, in regard to the style, apparently associated with the Balkan Basarabi style. The local pottery of this phase is characterized by typical decorative patterns: impressed ,,S“ ornaments, impressed pseudo-cords, incised triangles, grids and slanting stripes, cannelures, facets, etc.. This type of pottery has been recorded in several sites settlements, but in the researched necropolises (from the 7th and 6th century BC), it appears only ooccassionally, as rare chance finds, mainly outside the graves. On that ground, we date it to the mic-8th and the middle or the third quarter od the 7th century BC. A group of bronze artefacts discovered in the earlier excavations and dated to the first half of the 7th century BC speak in favour of this, showing the same repertory of Basarabi patterns.
A part of the material which is chronologically immediately precedent to this phase (9th-8th century BC) and points to ethno-cultural intrusions from the Lower Danube Basin and from Bulgaria in the so-called ,,transitional“ period, as well as the closest neighbouring finds of Basarabi „5“ pottery in the valley of Upper Struma, show that the Basarabi style intruded in our lands from the east and northeast side. Thereby, it seems, the principal role was played by the communication line Pont-Marica-Sophia Plain-Upper Struma, but the influences coming from the north, from the V. Morava Valley, should also be taken into consideration.
These features of the material culture place the north-east part of Macedonia in the Iron Age within the circle of the Basarabi complex, the basic component of which is the Tribalo-Thracian ethnic element. According to the aesthetic aspirations and the spirit of the population, this area is to a great extent distinct from the remainder of the area south of the Gradsko-RadoviS line, where the material is stylistically and typologically associated with the manifestations in Aegean Macedona, i.e., to the paleo-Balkan Paeonians.