Macedoniae acta archaeologica 13 (1993) · стр. 69–80

Некрополата од железно време кај с. Рапеш

Во југозападниот дел од Мариовската висорамнина сместен е археолошкиот локалитет „Сламите“ со остатоци од железното време, хеленизмот, и доцноримскиот период. Се издига наспроти селото (1,5 км североисточно), на сртот од ридот што го оградува левиот брег на Маковска река која одовде свивајќи на исток на неколку километри се влева во Црна. Некрополата од железното време е препознатлива по камените цисти кои се назираат по површината во две локации меѓусебно оддалечени за 400 м: на местото наречено „Каменот“ со малата група гробови концентрирани на простор од 20 x 10 м, и западно, на локацијата „Возишта“ каде гробовите се збиени на површина од 70 х 20 м. Луѓето кои овде ги покопувале своите блиски биле населени 150 м јужно до групата гробови на „Каменот“, на зарамнетиот дел од падината, до источната страна заштитен со стрмната клисура на Маковска. река, а од јужната со природниот засек на карпите.

Локалитетот е откриен 1963 г. од еден мештанин кој донел гробен инвентар во битолскиот музеј.1 Во 1989 г. беа изведени пробни археолошки ископувања од екипа на Заводот за заштита на спомениците на културата и природните реткости, музеј и галерија - Битола. На двете локации се отворени сонди (4X4 м), а на „Возишта“ е откриен и еден тумулус. при што се покажа дека некрополата е воглавно уништена со обработката на земјата и од секундарните погребувања во доцноримскиот период (Сл. 8,9).

Оштетениот тумулус имал калота од нафрлени камења чија висина не можеше со сигурност да се одреди. Ограден бил со елипсовиден зид од наредени крупни, аморфни камења во пречник од 10,2 х 8,6 м. Во внатрешноста беа откриени повеќе гробови концентрирани во северната половина од кои само погребувањата - камените цисти со броевите 8, 12, 14 се примарни; додека останатите (гробовите бр. 10, 11, 13, 15) се доцноримски (Сл. 8, 5, 6). Откопани се и неколку антропоморфни стели: камени правоаголни плочи со изделкана контура на врат и глава (Сл. 7), кои биле вертикално поставувани до челната страна на камената циста (гроб 7: Сл. 8).

Во гроб 7 се најдени: бронзена нога во облик на песочен часовник од двонавојна лачна фибула, и две фино изработени мониста од килибар (Сл. 8: 1, 2, 3). Кај овие фибули лакот може да биде украсен со биконусни ребра во облик на гасеница, тордиран или со топчести задебелувања, каков што е примерокот откриен во површинскиот слој на тумулусот (Сл. 8:11). Раширени се во континенталниот дел на Балканот: во Трансилванија во депоите на

'T. Mikul&ié, Pelagonija и svetlosti arheoloskih nalaza, Skopje - Beograd, 1966, 28, sl. 17. На С,ѓ во Бугарија кон крајот на VIII век, во Србија се поврзуваат со т.н. втор хоризонт на трако-кимерски наоди од постарата фаза на железното време II по системот на Гарашанин (УШ-УИ век),“4 а на територијата на Гласинечката култура во фазата IV 6 (725-625).5 Во Македонија фибули со ваков тип нога и наребрен лак се најдени во локалитетите од УП век: во камените тумули од „Куново Чуки“ кај Оризари и „Кршлански Гумења“ кај Виница, во гробовите од тумулите во Дабици-Сопот и Дубиче-Волково (во придружба на фибула со нога во облик на беотски штит и перфориран појас),6 а во гробот 68 од Дедели датиран во фазата 650-625 год., фибулата е со поголеми димензии и има тордиран лак.7

Сл. 1 Локацијата „Каменот“ ЕЦ. 1 The section "Kamenot”
Сл. 1 Локацијата „Каменот“ ЕЦ. 1 The section "Kamenot”
Сл. 2 Локацијата „Возишта“ Fig. 2 The section ”Vozi8ta” Fig. 2 The section ”Vozi8ta”
Сл. 2 Локацијата „Возишта“ Fig. 2 The section ”Vozi8ta” Fig. 2 The section ”Vozi8ta”

Гроб 12: железен нож и брич, бронзена појасна тока украсена со споп од паралелни хоризонтално врежани линии, бронзени салталеони, фрагментиfe 2 D. Berciu, E. Comsa, Sapaturile de la Valta Verde si Gogosu, Mat. Сеге. Arh. 2, Busarest 1965.

=D: Gergova, Fruh - und alteneisenzeitlicshe Fibeln in Vulgarien, Prehis, Bronzefunde XIV. Band 7, Munchen 1987, 44, Tf. 13.

. рана бронзена цевка со ромбовиден пресек украсена со по два реда на триаголни отвори на секоја страна и една белезица од тенка бронзена жица во фрагментирана состојба (Сл. 10:4-9). Карактеристичниот цевчест предмет најден до токата, што го определува како украсен дел од појас, најбликса аналогија има во гробот 1/I од Висои- Петилеп, датиран во преодот од УП во VI век.8 Идентичен е најден во некрополата од Требенишката културна група „Три Чељусти“ кај Охрид,9 чија горна хронолошка граница е крајот на VII век. Овие ретки примероци засега се најдени и во Балта Верде, Амфиполис, Кожани, Фере и Олимпија.10 Килиан стилски ги поврзува со бронзените перфорирани појаси датирајќи ги во фазата П В од железното време на Македонија (625-575 год.).11 Белезицата од тенка бронзена жица со префрлени краеви, украсена со врежани снопови на паралелни линии во алтернација со коси и х-мотиви, освен во гроб 12 е најдена и до уништениот гроб 5

Сл. 4 Гроб 3 од „Каменот“ Fig. 4 Grave 3 from "Kamenot” Fig. 4 Grave 3 from "Kamenot”
Сл. 4 Гроб 3 од „Каменот“ Fig. 4 Grave 3 from "Kamenot” Fig. 4 Grave 3 from "Kamenot”

: I. Mikuléié Pelagonija, T. V, 10-b.

сна Кузман, Три Челусти и Вртулка - Требеништа 1972, Охрид, 1985, Т. XII, 6, Т. A, .

“ . (Сл. 10:7, 10). Овој тип на белезица се најдува кон крајот на VII и живее низ целиот МТ век во гробовите со доцноархајски материјал, во Пелагонија е позната од некрополите во Сарај-Брод (гробовите 8, 13, 19), Прогон - Букри, од гробот 2 во Живојно и од помладите гробови во тумулусот од „Висои“.12 Керамиката е главно работена на колце, од фино пречистена глина, сиво и светлопортокалово печена, а може да има темносив или темнокафеав

Сл. 5, 6 „Возишта“, тумулус, гробови 8 и 12 Figs. 5,6 "Vozišta", tumulus, graves 8 and 12
Сл. 5, 6 „Возишта“, тумулус, гробови 8 и 12 Figs. 5,6 "Vozišta", tumulus, graves 8 and 12

277. Мачкиќ, ЈІ. Симоска, B. Трбуховиќ, Ранохалштатска некропола на локалитсету Сарај у Броду, Старинар Н.С. xm. XI, Београд 1960, 202, 204, сл. 26, 30; B. Јосифовска, Извештај на заштитните ископувања на една халштатска некропола од с. Живојно, Год. 300рН. на филозоф. фак. во Скопје, ки. 15, 1963, 287-310: I. Mikuléié, Pelagonija, 33, 37. премаз. Најчести се грнињата со две лентести држалки кои го надвисуваат венецот (Сл. 12:1, 2, 3) и двоушните чинии со кус врат (Сл. 12:4), а застапени се и типови на длабоки садови со извлечено устие и врат украсен со хоризонтални канелури (Сл. 12:5), како и вазите украсени со пластично ребро околу вратот (Сл. 12:6). Тоа се форми познати од постарата фаза на погребувањата во тумулот од „Висои“ кај Беранци, со таа разлика што тамошните се рачно работени. Погрубите, рачно работени садови, украсувани се во халштатски манир со врежување на линеарни и геометриски мотиви или со пластични, хоризонтално или меандресто поставувани ленти, на кои најчесто се изведувани втиснувања со прсти (Сл. 12:8 - 11). :

Сл. 7 „Возишта“, антровоморфна crena Fig 7. "Vozista”, anthropomorphic stele
Сл. 7 „Возишта“, антровоморфна crena Fig 7. "Vozista”, anthropomorphic stele

На местото „Каменот“ се откриени вкупно 6 гробови од кои: гробовите 2,5 и 6 беа сосема уништени, гробот 1 отворен, а гробот 4 оштетен. Остатоци од тумулус не се забележани, што може да се должи на големата оштетеност на просторот (Сл. 9). Меѓутоа, концентрацијата на камењата во културниот слој (особено до зачуваниот гроб 1) и поставеноста на гробовите 1, 2, 5 и 6 наведуваат на мисла за негово постоење. Можеби се работи за покопување под мали могилки со по неколку гробови, при што гробовите 3 и 4 би биле под друга могилка.

Како затворен наод е откриено само железното копје во гробот 4 (Сл. 11:4). Од останатите предмети би ги споменале фрагментите садови работени на колце, меѓу кои е присутна старата популарна форма на длабока двоушна чинија со печуркасти додатоци на држалките, позната преку наодите од Вергина или од поблиските наоѓалишта во Сарај-Брод и Марта-Зовиќ“13 (Сл. 11:1, 2). Но, за врменското вреднување на гробовите најмногу податоци наоѓаме во материјалот од 1963 год.: белезиците од типот „Прилеп“ (или т.н. јањевски белезици), бронзените привезоци во облик на минијатурно бокалче, животинче (жаба?) и малиот глинен бокал со косо засечена страна на вратот, кесесто тело, работен на колце, сиво печен (Сл. 11:4-7). Масивните богато украсени белезици од типот „Прилеп“ се позанти на територијата на Јужна

51. Mikuléié, Pelagonija, sl. 14, d; П. Мачкиќ, Д. Симоска, В. Трбуховиќ. сл. 10. Албанија (Тумул I од Кучи Зи), Пелагонија (Прилеп, Висои - гр. VI, Byкрички Вис) и Долно Повардарие (Чаушица, Бохемица, Сува Река, Милци — гр. 48 и Дедели - гр. 1). На исток се среќаваат на устието на Стримон (Халкидик, Амфиполис), а на север до Косово (депото од Јањево). Примероците до светилиштата во Додона, Делфи и Олимпија се сметаат за донесени заветни подароци. Нивното време на носење зазема еден цел век:14 Андреа примероците од тумулусот во Кучи Зи, врз основа на грчките геометриски фибули, ги датира во преодот од VIII Во VII Вех; примероците од Повардарието, преку гробовите од Милци"15 и „Дедели (1), Митревски ги датира во втората половина на VII век18 (650-625).!° За наодите од Пелагонија Микулчиќ се определува за преодот од VII во VI век, а Килиан за железното време па (700-625):!7 Боузек, обработувајќи ги типолошкиот развиток на „македонските“ бронзи, почетоците на овој тип белезици ги наоѓа во доцните гробови на Чаушица, а развиените облици (меѓу кои спаѓа и белезицата од Рапеш) најдени во комплекси со маниристички стил, ги датира во доцниот VII и раниот VI век.

Сл. 8 „Возишта“, - гробови од железно време — доцноримски гробови Fig. 8 "Vozišta" - Iron Age graves - Late Roman graves Fig. 8 "Vozišta" - Iron Age graves - Late Roman graves
Сл. 8 „Возишта“, - гробови од железно време — доцноримски гробови Fig. 8 "Vozišta" - Iron Age graves - Late Roman graves Fig. 8 "Vozišta" - Iron Age graves - Late Roman graves
Сл. 9 „Каменот“ Fig. 9 "Kamenot” Fig. 9 "Kamenot”
Сл. 9 „Каменот“ Fig. 9 "Kamenot” Fig. 9 "Kamenot”

Гробовите од двете локации според големината и квалитетот на градбата можат да се поделат во две групи и тоа: масивни цисти налик на гробници, со димензии: 220х 140Х 80 см, градени од монолитни плочи со дебелина од 20 см (гробовите 8 и 12 од тумулусот во „Возиштата“ и гробот 1 од „Каменот“: Сл. 3); и цисти со поскромен изглед и помали димензии: 180 x. 90 х 50 см, со дводелни страници и непоплочено дно, покриени со по неколку19 плочи (гробовите 6 и 7 од тумулусот во „Возиштата“ и гробот 3 во „Каменот“: Сл. 4). Биле организирани во тумулус или најверојатно под помали могилки од нафрлени камења. Погребување под могилки од камења овде следиме од раното железно време преку некрополата од локалитетот „Каранка“, оддалечена неколку километри кон запад. Кај тумулусот од Висои- Петилеп среќаваме зрел облик на родовски погребни обичаи насочени кон култот на предокот: околу централниот гроб ограден со кружен зид радијално се погребувани потомците на основателот на родот, во пречник од 23 м.20 На „Сламите“ овој обичај е во изумирање, што покажуваат малите димензии на

21 . 20 1, Mikuléié, Pelagonija, 14.

Сл. 10 „Возишта“, 2, 3 килибар; 1, 4-6, 10-13: бронза, 8,9: железо.30 Fig. 10 "Vozišta", 2,3: amber; 1,4-6, 10-13: bronze; 8,9: iron Fig. 10 "Vozišta", 2,3: amber; 1,4-6, 10-13: bronze; 8,9: iron
Сл. 10 „Возишта“, 2, 3 килибар; 1, 4-6, 10-13: бронза, 8,9: железо.30 Fig. 10 "Vozišta", 2,3: amber; 1,4-6, 10-13: bronze; 8,9: iron Fig. 10 "Vozišta", 2,3: amber; 1,4-6, 10-13: bronze; 8,9: iron
Сл. 11 „Каменот“, 3: железо; 5-7: бронза. Fig. 11 "Катепог", 3: iron; 5-7 bronze
Сл. 11 „Каменот“, 3: железо; 5-7: бронза. Fig. 11 "Катепог", 3: iron; 5-7 bronze
Илустрација, стр. 77
Fig. 11 "Катепог", 3: iron; 5-7 bronze
Fig. 11 "Катепог", 3: iron; 5-7 bronze
Fig. 12 "VoziSta”, 1, 3-7: wheel made pottery
Fig. 12 "VoziSta”, 1, 3-7: wheel made pottery

тумулусот, нејасната концепција на внатрешните погребувања, и постоењето на самостојни гробови надвор од семејната поврзаност.

Значајна појава во сферата на погребните обичаи е користењето на камените антропоморфни стели. Аналогии се познати од лок. „Пешта“ кај с. Градешница и од гробот 1/I во тумулусот од Висои- Петилеп. ! Потеклото се уште не им е разјаснето. Слични се најдени во бронзеновременските тумулуси кај Јамнија-народот од црноморскиот брег.22 Во Егеја, по микенската епоха надгробните стели повторно се јавуваат во доцногеометрискиот и раноархајскиот период во Елеузина, на Тера, а од VI век и на Кикладите.23 Микулчиќ како типолошки слични со нашите ги наведува архајските примероци од Неандрија на малоазијското крајбрежје.24 4 Гробот 1/ од Висои, кој припаѓа на помладата фаза на покопувања во тумулусот, одбележана со прифаќање на доцноархајскиот стил, е единствен со антропоморфна стела, а преку гробните прилози директно се врзува со некрополата од с. Рапеш.

Од информациите добиени при овие истражувања можат да се резимираат следните заклучоци: и двете групации се поставени на сртот од висот, односно местото за погребување е избрано врз исти правила, градбата на гробовите е идентична, а со материјалот најден во нив и хронолошки се поврзуваат. Сето тоа ги одредува како делови од иста некропола. Од друга страна, кај групацијата од „Каменот“ не се најдени антропоморфни стели, а не е ни констатирана конструкција на родовски тумулус како кај „Возишта“, иако поставеноста на гробовите и површината што ја заземаат покажуваат можност за постоење на истиот, сега развлечен и пресечен од селскиот пат. Антропоморфните стели, како важна содржина на погребните обичаи, можеби се показател за една културно (етнички) диференцирана групација. Констатациите за непостоењето на истите кај „Каменот“, оддалеченоста меѓу двете групи на гробови, и нивната едновремена археолошка содржина, можеби укажуваат за две по род различни групи населени во иста населба. Вакви и родовски групирања се познати од истовремената некропола во Дедели.25

Предметите најдени во некрополата ја датираат истата во периодот од средината на VII и во текот на VI век пред н.е. Археолошките податоци од ова време прибрани во јужна Пелагонија покажуваат крупни измени во материјалната култура: пробив на архајскиот стил во локална изработка, што би можело да подразбира миграција на популација од македонското културно милја во халштатската територија на Пелагонија. Жителите од овој локалитет веројатно биле староседелци, констатација што главно ја докажува традиционалната изработка на керамиката при што новини забележуваме во употребата на гричарското колце и изработката на т.н. сива македонска керамика. Разликите во квалитетот на градбите на гробовите се знак за општествено раслојување како последица на јакнењето на индивидуата во борба за економски и политички престиж. Тоа веројатно бил и условот за исчезнувањето на строгиот родовски систем познат од некрополата „Висои“ каде поединецот е потчинет на крутите традиционални закони кои ја одредуваат неговата улога во заедницата. Ваква постепена измена на општествените односи следиме од „Висои“ преку „Сламите“ до рамнината некропола „Сарај Брод. На лок. „Пена“ кај с. Градешница гробовите-цисти имаат антропоморфни стели, материјалот хронолошки се надоврзува на овој од Рапеш, а обичајот на погребување во тумулуси е потполно напуштен. Со новиот начин на стопанисување, трговијата, се проширува видикот на единката и нејзината потреба за социјален престиж. Старешината — pater, веќе не е меродавен при функционирањето на заедницата. Визијата за еден покомфорен и поинтересен живот ја менува и претставата за светот, боговите, култот, конкретизирано и преку погребните обичаи.

MARIJA VASILEVA - Bitola

IRON AGE NECROPLIS NEAR THE VILLAGE RAPES

(SUMMARY)

In summer 1989, minor archaeological excavations were carried out at the site Slamite, at some 20 kilometres east of Bitola, in the south-west part of the Mariovo

Plateau, near the village Rapes.

The site yields an Iron Age necropolis, wherefrom comes a group of finds brought to the Museum in Bitola in 1963 (Fig. 11).

In the two sections, ”Vozista” and "Катепог", located at some 400 metres distance from eaach other, a total number of 11 graves were discovered, to be dated, on the grounds of the grave goods (Figs. 10, 11, 12), to the timespan from the mid-7th to the 6th century BC.

In the section ”Vozista”, three graves were found arranged in a tribal tumulus, which was considerably damaged by the Late Roman burials (Figs. 5, 6). As far as the graves from ”Kamenot” are concerned, the existence of a mound in a from of low barrows over the graves is merely a presumption.

Белешки

  1. I. Mikulčić, Pelagonija u svetlosti arheoloških nalaza, Skopje – Beograd, 1966, 28. sl. 17. D. Gergova, Früh- und älteneisenzeitliche Fibeln in Bulgarien, Prehis. Bronzefunde XIV, Band 7, München 1987, 44, Tf. 13. ↩
  2. М. Гарашанин, Праисторија на тлу Србије, Београд 1973, 461. ↩
  3. A. Benac, B. Čović, Glasinac 2, 1957, 26, 31. ↩
  4. D. Mitrevski, Bow fibulae from iron age sites in the Vadar valley, Archeologia Jugoslavica, 24 Ljubljana 1987, 36, fig. 33. ↩
  5. Д. Митревски, Дедели, Скопје 1991, Т. X. II, 8. ↩
  6. I. Mikulčić Pelagonija, T. V, 10-b. ↩
  7. П. Кузман, Три Чељусти и Вртујлка – Требеништа 1972, Охрид, 1985, T. XII, 6, T. A, 17. ↩
  8. K. Kilian, Fibeln in Tesalien von der Mykenischen bis zur archaishen Zeit, PFB XIV-2, Munchen 1975, 178, T.75, 4; Berciu 1956, 77, Abb. 55, 4, 5; RGZM. Mainz Inv. nr. 038643; Olimpia Mus. arch., inv. nr. 956. ↩
  9. K. Kilian, Trachzubehor der Eisenzeit Zwischen Agais und Adria, Praehistorishe Zeitschrift, Berlin 1975, 87. ↩
  10. П. Мачкић, Д. Симоска, В. Трбуховић, Ранохалштатска некропола на локалитету Сарај у Броду, Старинар Н.С. књ. XI, Београд 1960, 202, 204, сл. 26, 30; Б. Јосифовска, Извештај на заштитните ископувања на една халштатска некропола од с. Живојно, Год. зборн. на филозоф. фак. во Скопје, кн. 15, 1963, 287-310; I. Mikulčić, Pelagonija, 33, 37. ↩
  11. I. Mikulčić, Pelagonija, sl. 14, d; П. Мачкић, Д. Симоска, В. Трбуховић, сл. 10. ↩
  12. Andrea, Tumat e Kucit te Zi, Ilirija VI, Tirana 1976. ↩
  13. J]. Митревски, Карактеристични бронзи од наоѓалиштата по долината на Вардар. Maced. acta archaeol. Скопје. 1988. 91. сл. 2 ↩
  14. Д. Митревски, Дедели, 61, Т. I, 1. ↩
  15. I. Mikulčić, Pelagonija, 33; K. Kilian, Trachzubehor ..., 87, T. 86. ↩
  16. J. Bouzek, Greco–Macedonien Bronzes, Praha 1973. ↩
  17. Д. Симоска, В. Санев, Праисторија во централна Пелагонија, Битола 1976, 54. ↩
  18. I. Mikulčić, Pelagonija, 14. ↩
  19. Архајске некрополе јужне Пелагонија, Старинар Н. С. кљ. XV–XVI / 1964-1965, Београд 1966, 209-226, сл. 3. ↩
  20. R. F. Hoddinott, The Thracians, New York 1981, I2. ↩
  21. K. E. Johansen, The Attic Gravereliefs, Copenhagen 1951, 66. ↩
  22. I. Mikulčić, Pelagonija, 34. ↩
  23. Д. Митревски, Дедели, 70-71. ↩

Summary

Iron Age Necropolis near the Village Rapeš

Skeletal burials are in question, appearing merely in one grave from, cysts built of stone slabs. According to dimensions and constructions of the graves, we differ larger cysts of massive monolithic slabs construction and cysts of mainor dimensions, built of morepartite slabs (Figs. 3, 4)

A specific feature of some graves from the section ’Vozi8ta”, are the stone amorphous steles used as markers (Fig. 7) :