Macedoniae acta archaeologica 13 (1993) · стр. 51–68
Праисториски градишта од Кумановско
Висинските населби или градишта како што овие објекти најчесто се именуваат кај народот и во стручната литература, спаѓаат во редот на најмаркантните и најбројните археолошки наоѓалишта. Ги среќаваме по околните ридови и високите тешко пристапни планински предели или на доминантни позиции во полето и над речните долини. Сите тие настанале во одделни етапи на предисторискиот и историскиот период, а на начин што најповеќе одговорал на потребите, разбирањата, искуствата, економската моќ и општествена организација на популацијата. -
На ова место ќе прикажеме неколку покарактеристични праисториски градишта, на кои повеќепати се навративме последниве неколку години, работејќи на планиметриско снимање и техничко документирање на тврдините од територијата на која што делува Народниот музеј од Куманово. Се работи главно за фортифицирани населби што помалку или повеќе, до денес, го задржале некогашниот изглед, но и за извесен број неутврдени висински населби чии природно доброзаштитени позиции преставувале значајна предност за бранителите. Објавуваме планови на населбите и првични информации, засновани на краткотрајни ископувања, рекогносцирања и топографски забелешки.
Бројот на праисториските градишта во кумановската област, иако не е конечен, е релативно голем но нашите знаења за нив се парцијални, недоволно јасни и археолошки се уште непотврдени. Поради тоа не сме во состојба попрецизно да говориме за нивната хронологија, физиономија и просторна организација, да ги согледаме нивните сволутивни процеси и да ги разгледуваме во континуитет или во рамките на епохите на кои тие припа-Ѓаат. Уште помалку, археолошките материјали со кои денес располагаме, даваат податоци за обичниот, секојдневен живот на луѓето, нивните уметнички разбирања, обичаи, верувања и сл. Сепак и покрај скромните резултати од досегашните истражувања, извесни претпоставки и прелиминарни заклучоци и во овој степен на истраженост се можни. Се разбира дека тие податоци се однесуваат само на одредени аспекти од изградбата и животот на одделни населби-градишта и можат да послужат само како општа ориентација и основа за понатамошни проучувања.
Денес е прилично јасно дека формирањето на висинските населби-градишта започнува во време на општите промени што се случувале на истекот на каменото време и раните стапи на енеолитската епоха. Поттикнувачи нашите промени несомнено биле нови групи на луѓе, претежно номади. чија идеја и цел биле во потполна спротивност со менталитетот на неолитскиот свет. Во тој се уште недоволно јасен период, проследен со војни, убиства, bot
Pax
3 plats hel то
еХ, стара ЦРКВА
Т.1- Карта на предисториски висински населби-градишта во кумановската област разурнувања и грабежи, наполно Ке згасне животот во старите неолитски населби. Речиси едновремено со одумирањето на сите мирни земјоделски живеалишта, најчесто планирани на пристапни речни тераси или на благи падини во близина на потоци и силни извори, се оформуваат првите висински населби-градишта.
Типичен претставник на најстарите висински населби во реонот на Куманово е населбата на локалитетот Жеглиговски Камен - Костоперска Карпа, во близина на селото Младо Нагоричане!1 (Т.П, Сл.1). Се работи 3a стратешки најзначаен пункт во целиот регион, но изразито неповолен во станбен поглед. Поради тоа се чини дека одбраната и безбедноста на енеолитисктие живелишта е основниот предуслов на кој биле подредени сите други
" Б. ачајна фортификација (изградена од траен материјал), иако не ја исклучуваме можноста нејзините жители да ја познавале техниката на градење на палисади.
Според податоците добиени со сондажните истражувања на локалитетот Жеглиговкси Камен се чини дека енеолитските висински населби имале карактер на постојани живеалишта. Архитектонските остатоци откриени на највисоките позиции на карпата покажуваат дека биле градени солидни надземни објекти од трајна природа што биле обновувани повеќе пати. Во начинот на градењето е наследен неолитскиот принцип: подот е масивен од набисена глина со зарамнета горна површина, додека зидовите се од вертикално забодени дрвени столбови и плетар, облепен со кал?
Засега не постојат доволно податоци врз чија основа би можеле да зборуваме за местоположбата и типовите на населбите од бронзеното време. Ова, пред се, поради фактот што се уште располагаме со исклучително мал број (претежно неистражувани) висински населби што индицираат постоење на бронзено времен хоризонт на живеење. Исклучок е локалитетот Градиште кај селото Пелинце, наоѓалиште што досега во стручната литература е повеќе Pla споменувано, главно поради маркантните железно временски оста-
Со сондажни истражувања на Пелинското Градиште, спроведени во текот на 1989 и 1990 година, под културните наслаги настанати во одделни етапи од желеното време, откриен е тенок културен слој, од чија содржина се издвојуваат мал број на фрагменти од глинени садови чии што форми, техника на изработка и украсување покажуваат сличности со рано бронзено времената керамичка продукција4 (T.VIII, Сл.1-4). Меѓутоа, скромниот обем на истражувањата не ни овозможува да го согледаме интензитетот на животот на најстарата населба на Пелинското Градиште, да ја утврдиме нејзината големина и карактер и да извршиме попрецизна хронолошка опредлба. Сепак се чини, иако е прерано да се изведуват конечни заклучоци дека бронзеното време претставува релативно мирен период во кој опаѓа, а можеби и наполно се губи значењето на дефанзивните живеалишта од видот на градишта.
Процентуално гледано, најголемиот број на висински населби во реонот на Куманово настанале во текот на железното време. Меѓу нив нема изразито раножелезно временски живеалишта. Меѓутоа, податокот дека на некои од проучуваните градишта се наоѓаат остатоци од постарото железно време, јасно укажува дека висинските населби и тогаш биле во употреба, иако не така масовно, како во времето што следи. Општ е впечатокот дека висинските населби-градишта, доминантна ролја добиле во текот на развиеното железно време (VII - VI век пред н.е.).
За подигањето на населбите најчесто се користат доминантни позиции на работ од полето, на релативна височина од 400 до 500 метри. поретко на повисоките тешко пристапни планински предели. Станува збор за природно добро заштитени и зарамнети површини во близина на реките, чии долини претставувале значајни праисториски сообраќајници. Галвно се работи за стратешки, мошне поволни позиции, со добра визуелна контрола на околината и можности за визуелна комуникација со другите висински населби во регионот. Изборот пак на поблиската локација несомнено бил условен од конфигурацијата на теренот, односно од можноста со помалку вграден материјал и ангажирана работна сила да се оформи подобра заштита на населбата.
Најчест тип на градишта се оние сместени на сртови и ридови со искосена горна површина, чија една или повеќе страни стрмно паѓаат надолу („Главучица“5 ја „Кулишта“6 кај селото Липково, „Голо Брдо“ - с. Канарево, „Калиште“ - с. Клечовце и „Градиште“ - c. Макреш,7).7 Во такви случаеви долната страна обично нема фортификација, бидејќи е мошне искосена и скоро непристапна. Најчесто овој тип населби имаат форма на неправилен триаголник и силна заштита на повисокиот дел на теренот. По правило фортифицирана е пристапната страна, односно природното седло преку кое населбинското плато е поврзано со матичниот планински масив или околните ридови. На тоа место паралелно со седлото се протега маркантен насип чија височина опаѓа кон пониските делови на теренот. Чести се случаевите, заради поефикасна одбрана на населбата, материјалот за градењето на насипот да се вади по широчината на седлото. На тој начин, ендовремено со насипот, како додатен елемент за одбрана, се оформува длабок ров со коси или вертикални страни.
На населбата на локалитетот Калиште (Т.У) кај селото Клечовце, како додатен елемент на одбрана пред главниот насип бил оформен мал земјан пред-насип. Се протега по целата должина на источната и јужната страна на населбата, а на оддалеченост на 8-10 метри, по косината од надворешната страна. Од него денес на теренот се забележуваат само мали остатоци. Поголемиот негов дел е разголен со ерозија и совреме се слекол низ косината.
Како што веќе истакнавме, при фортифицирањето на железновременските населби особено внимание било посветено на стратеши најзагрозениот сектор на населбата. Повеќето населби на тоа место имаат маркантен насип во форма на потковица („Градиште“ - Пелинце, „Голо Брдо“ - Канарево, „Градиште“ - Макреш и „Калиште“ - Клечовце). Меѓутоа, се чини условено од конфигурацијата на теренот, биле градени и лимитни тумули. Тумулот на локалитетот Главучица кај селото Липково има импозантни димензии: за чувана височина приближно 10 метри и широчина во основата преку 30 м. (T.IV). Речиси идентичен со претходниот е тумулот на локалитетот Кулишта во истото село. И во двата случаеви се чини дека тумулите во основа имале природна карпеста главица.
Особено интересен пример на фортифицирана железновременска населба претставува населбата на локалитетот Градиште кај селото Пелинце (Т.ІІІ). Пелинското Градиште е природно зарамнето плато со ромбоидна форма, долго 170 и широко околу 115 м. Платото има изразито коси страни по чии рабови се протега широк насип. Височината на насипот постепено се зголемува кон источното чело на населбта, на делот од теренот што најповеќе е изложен на ударот на непријателот. И во овој случај насипот бил оформен со материјал ваден по должината на природното седло. На тој начин бил прокопан одбранбен ров. широк околу 40 метри и долг над 50 метри.
Слични интервенции се забележуваат на југозападниот агол на населбата. Тука е прокопан помал ров, а ископаната земја и извадениот камен биле искористени за градење на одбранбен тумул. Се работи за самостоен објект, некој вид на одбранбена кула, оформен на истакнат дел од сртот, по кој се слегува до обработливите површини околу Пчиња. За нас е се уште нејасно дали овој објект имал само одбранбена улога, односно, можно ли е тумулот на Пелинското Градиште да имал и некоја друга намена? Размислувањето за поинаква функционална определба на овој објект се наметнува од повеќе причини. Една од нив е и можност од поедноставно, практично и рационално решение за фортифицирање на овој дел од теренот: со зголемување на висината на насипот или формирање на лимитен тумул на аголот, каде што се спојуваат јужниот и западниот насип.
На ова место ќе прикажеме и група на железновременски населби од кумановската област, што не припаѓаат на категоријата на висински населби. Станува збор за неколку помали или поголеми живеалишта, сместени ниско во полето или на некоја речна тераса, но секогаш во најнепосредна близина на некоја тешко пристапна карпа. импозантен рид или природно добро заштитени позиции на планинските ограноци. Такви позиции имаат: наслебата околу ридот Вукосија во селото Пезово, железновременската населба во подножјето на Жеглиговски Камен - Костоперска Карпа во атарот на селото Младо Нагоричане“8 и населбата што се наоѓа на левиот брег на реката Пчиња, поточно до локалитетот Шупља Карпа, во близина на селото Шупљи Камен. Денес е прилично тешко да се утврди дали овие височинки служеле за набљудување на пошироката околина или биле користени како прибежишта (погодни за краткотрајна и непосредна одбрана) или пак нивната местоположба да ја протолкуваме само како игра на случајот.
Како што веќе истакнавме. најголемиот број на висински населби биле оформени или обновени во текот на развиеното железно време, приближно во VII век пред н.е.. Од друга страна речиси сите тне имале идентичен развоен процес: по итнензивниот живот што се одвивал низ VII и VI век пред н.е., доаѓа до евидентна стагнација особено изразена во текот на Уи 1V век пред н.е. На таков заклучок упатува керамичниот материјал кој се однесува на овој период: сивопечени глинени садови. роботени на грнчарско коло што копираат хеленски примероци (T.VII, Сл.8-10; T.VIII, Сл. 9-12; Т.ІХ, Сл. 9- 11; Т.1, Сл.7-8). Таквите остатоци на градиштата во кумановскиот регион се процентуално помалку застапени или се среќават на одредени пунктови на населбите, често и надвор од нивните рамки. Исклучок засега единствено претставува наслебата на локалтетот Жеглиговски камен: во моментот кога животот во повеќето висински населби замирал, на највисоките позиции на карпата и околните падини, на простор од околу 9 ха се формирала голема населба, со бројно и богато население. Тоа несомнено бил најзначајниот центар на регионот, раноантичкото управно, трговско и административно седиште. На Жеглиговски Камен, со сондажните археолошки истражувања спроведени во летото 1987 год. коснтатирани се значајни раноантички културни наслаги, солидно изведени надземни објекти и броен керамичен материјал. меѓу кој издвојуваме и фагменти од квалитетен импорт (Т.УП сл. ви 9). Меѓутоа и населбата на Жеглиговски Камен ја споделила судбината на сите останати градишта во регионот. Во сите нив животот речиси во ист момент престанал. Тоа се случило во првите децении на Ш век, пред н.е. во немирните времиња и настани, забележани во скудните известија на античките историчари?.9
Во воведниот дел на овој текст веќе истакнавме дека овој труд има за цел да се изнесат поновите податоци за праисториските градишта од кумановскиот регион што се засноваат на краткотрајни ископувања и главно врз основа на теренски опсервации и топогрфски забелешки. Јасно е дека карактерот и скромниот обем на истражувањата недозволува подетална анализа на движниот археолошки материјал. Поради тоа е неопходно да се извршат програмски археолошки ископувања на поголем број населби, пред се на оние со зачувани културни наслаги од повеќе епохи. На тој начин би се добиле конкретни стратиграфски показатели за поголем број на наоѓалишта и нови податоци во врска со карактерот, големината, физиономијата, просторната организација и внатрешното уредување на населбите, односно можност пооделни населби да ги вреднуваме и разгледуваме во рамките на епохите на кои тие припаѓаат, со сите специфичности на економските и социјалните односи што важеле за одделни етапи од праисторијата. Оттука сметаме дека изнесените претпоставки и заклучоци во овој труд засега треба да се примаат со резерва односно да послужат како основа за понатамошни проучувања. BLAŽO GEORGIEVSKI - Kumanovo
Белешки
- Б. Ѓорѓиевски, Жеглиговски Камен – Костоперска Карпа, Arheološki pregled 1987, Љубљана 1989, 42-44 и наведената литература; И. Настева во истиот број на мад 13. ископуваната на секторот раководеше И. Настева, археолог во Музејот на Македонија – Скопје. ↩
- Истражувањата се реализирани во организација на Народниот музеј од Куманово. Со ископувањата на секторот раководеше И. Настева, археолог во Музејот на Македонија - Скопје. ↩
- Георгиев, Три Предримски населби крај Пчиња, Годишен зборник на филозовски факултет - Скопје, Скопје 1990 - 1991, 92-94 и наведената литература. ↩
- Истражувањата се организирани од страна на Археолошкото одделение при Народниот музеј од Куманово. Со истражувањата на секторот раководеше м-р Д. Митревски, археолог во Музејот на Македонија - Скопје. ↩
- В. Соколовска, Археолошките испитувања во Кумановскиот басен, Зборник на Археолошкиот музеј на Македонија ГУ7 - У, Скопје 1966, 103. ↩
- Локалитетот Кулишта се наоѓа на приближно 1 км североисточно од селото Липково, десно13 од патот Куманово - Липково - Матејче. Се работи за утврдена населба што егзистирала подолг временски период. Во подножјето на населбата, на потегот Кисела Вода, се наоѓа мошне интересна некропола, чиишто делови беа истражувани пред триесетина години: И. Микулиќ, Кисела Вода - Липково, Археолошки преглед 5, Београд 1963, 54. ↩
- Меѓу2 бројниот движен материјал, што се среќава по површината на населбинското плато, доминира сивопечена грнчарија со облици карактеристични за класичниот период. Се добива впечаток дека формирањето и растежот на населбата на локалитетот Кулишта може да се доведе во тесна врска со замирањето и престанокот на животот на населбата на Липковска Глувучица. ↩
- Георгиевски, op.cit., 04 - 97, ↩
- Tbid,, 92 и заб. 11. Откриените железновременски остатоци на локалитетот Жеглиговски Камен - Костоперска Карла, авторот на прилогот погрешно ги довел во врска со централното плато на базалтната карпа. Засега не постојат сигурни податоци за железновремен културен хоризонт на највисоките позиции на карпата иако теренот во повеќе наврати е сондиран. Керамичките фрагменти за кои што зборува 3. Георгиев се откриени на секторот „Јужно подградие“, проближно 500 метри од карпата. ↩
- Меѓу остатоците собрани од површината на висинските населби во реонот на Куманово не1 се1 откриени предмети од развиеното и доцното хеленистичко време. Оваа појава има апсолутно3 совпаѓање со истовремените наоѓалишта во скопската област како што забележал и д-р И. Микулчиќ, Старо Скопје со околните трврдини, Скопје 1982, 20-21. керамика од железно време: сл. 8-10 - раноантичка керамика hellenized pottery ~ ↩
Summary
Prehistorical "Gradištas" in the Vicinity of Kumanovo
OF KUMANOVO
(SUMMARY)
The article deals with several characteristic prehistoric elevated settlements »gradistas10, which | have already refered to several times in the last few years, while | was working оп planimetrical survey and technical documentation of the fortifications in the territory of action of the National Museum of Kumanovo. A large number of them are fortifications, which have, more or less, retained the original appearance till the present day, but there is also a certain number of unfortified, elevated settlements, the naturally protected location of which has provided a considerable adventage for the defenders. Plans of the settlements and preliminary information, based on short excavations, are presented, as well as some terrain opservations and topographical notes.
The aricle doesn’t pretend to provide a synthetized survey. The nature of our researches and the scope of the excavations carried out so far do not let us discuss precisely of the nature of the settlements, their chronology, physiognomy, and spatial organization, to percieve their evolution processes and to consider them ina certain continuance and within the framework of the epochs they belong to. Taking all this into consideration, I am of an opinion that the presented data, assumptions and conclusions shouldn’t be taken for granted, i.e., they should be considered merely as a basis for further investigations. Pl, Il Fig. 1 Zegliovski Kamen / Kostoperska Karpa, Mlado Nagoriéane: north view of the site,
T, УП - Жеглиговски Камен - Младо Нагоричане, сл. | и 2 - енеолитска керамика: сл. 3-7 - T. VII — Градиште Пелинце, сл. 14 - керамика од рано бронзено време; сл. 5-8 - железнол времена керамика; сл. 9-12 - сиво печена желенизирана керамика
ТЕ; ТХ 2 Главучица — Липково сл. 1-8 — керамика од железно време; сл. 9-11 - сиво печена хеленизирана керамика ќ T. X - ел. 1-7 — Калиште - Клечовце, керамика од железно време; сл. 8-13 - Голо Брдо - Kanapeno, керамика од железно време
T. Х1- Вукосија - Пезово; сл. 1-6 - фрагменти од праисториска кермаика; сл. 7-8 - сиво печена хеленизирана керамика
Pl. XI Vukosija - Pezovo, Figs. 1-6 fragments of prehistorical pottery; Figs. 7-8 grey burnished
T. XII - ел. 1-3 - Кула - Челопек. праисториска керамика; ел. 4-5 - Стара Црква — Довезенце, праисториска керамика; сл. 6-12 - Градиште - Градиште праисториска керамика
PI. XII Figs. 1-3 Kula - Celopek, prehistorical pottery; Figs. 4-5 Stara Crkva—Dovezence, prehistorical pottery; Gradigte-Gradi8te, prehistorical pottery