Macedoniae acta archaeologica 13 (1993) · стр. 31–41
Куќата од хоризонт 1 во неолитска населба „Мрамор“ кај Чашка
КУЌАТА ОД ХОРИЗОНТ I ВО НЕОЛИТСКА НАСЕЛБА „МРАМОР“ КАЈ ЧАШКА
Со регионалната поделба на територијата на Македонија, Вардарската долина ставена е во редот на основните природни трансверзали на Балканскиот Полуостров. Според природните препреки, пак, издвоена е на неколку региони: Горен Вардар со Полог, Скопската котлина, како посебен регионален простор, делот помеѓу Титов Велес и Демир Капија во чиј состав е и Тиквеш и просторот јужно од Демир Капија - Јужно Поврдарие.1
На просторот на Среден Вардар. поточно во долното течение на Тополка и Бабуна, планинските масиви почнувајќи од север со Голешница, а потоа Јакупица и Бабуна на југ, формираат поголема затворена целина, чиј единствен пристап со Вардарската долина се овие две реки. Просторот изобилува со води, земјиштето е плодно и богато со шуми и пасишта, климата е блага и нуди погодни услови за живот. Токму ваквите погодности условиле континуиран живот на овој простор од праисторијата па се до денес.
Во непосредна близина на населбата Чашка, од двете страни на патот што води за с. Отиштино, во месноста „Мрамор“. на простор што зафаќа повеќе од четири хектари, со длабоко орање од страна на агрокомбинатот „Лозар“, по површината е разнесен археолошки материјал.2
Локалитетот „Мрамор“ за првпат го споменува Б. Алексова, која вели дека населбата е од раното бронзено време со можности за доцнонеолитска припадност“,3 додека пак со рекогоносцирањата од 1980 г. и обиколката на теренот во 1987 г. локалитетот е потврден.4
Поради опасноста населбта да биде уште повеќе уништена и желбата да се приберат извесни податоци за осветлувањето на неолитот на овој простор, кој патем да споменеме досега воопшто не е истражуван, Народниот музеј од Титов Велес во 1988 — 1990 г. изврши заштитно ископување.
Локалитетот го зафаќа највисокиот зарамнет дел од благата тераса што се издигнува над Тополка (Сл. 1.) Од североисточната и југозападната страна таа преминува во широки ораници, омеѓени со лакот што го формираат
. Тополка и Мала Река. додека на северната страна терасата поминува во мали ритчиња.
Во октомври 1988 г. отпочнати се заштитните ископувања на овој локалитет, кои ќе продолжат и во наредните две години. Отворени се девет сонди со вкупна испитана површина од 102 м?, а е работено по системот на мали откопи со издвојување на наодите и затворените целини. Според вертикалната стратиграфија, издвоени се два хоризонта на живеење. Хоризонт I е од сива, мека и растресита земја со наоди типични за средниот неолит, додека Хоризонт П е од темно кафеава и тврда земја, со наоди кои ги имаат сите обележја на доцниот неолит. И двата хоризонта временски и културно се вклопуваат во Азабегово - вршничката културна група.5
Резултатите од ископувањата се од посебно значење, како за самата населба така и за определувањето на југозападната граница на Анзабегово — вршничка културна група." Со оглед на бројниот археолошки материјал, во овој прилог ќе се задржиме само на куќата од хоризонт |, а за останатите во други прилики.
Првите траги од рушевините на куќата откриени се во јужниот агол на сондата 5, на длабочина од 0.69 м сметајќи од слојот кој не е зафатен со орањето. Куќен лепеж е присутен и во источниот агол на сондата 8 и тоа на 0,88 м, додека во сондата 9 лежи по целата површина како компактна маса. Со симнувањето на контролните профили и проширувањето на сондата 9 уште по еден метар на југоисточната и североисточната страна, откриената "површина со лепеж изнесуваше 6x6 M°.6 Треба да напоменеме дека со проширувањето не е опфатен габаритот на рушевините од куќата, така што обликот и димензиите останаа непознати. Практично откриен е само дел од југозападната страна на објектот каде не се констатирани лежишта за колци, освен еден поголем груб камен со валчесто замазнето вдлабнување, кој можеби бил користен како основа за греда - носач. Нешто повеќе може да се каже за градителската техника. Конструкцијата на куќата е од дрвена граѓа. Според отпечатоците, во лепежот гредите биле поредувани една до друга, а потоа од двете страни премачкувани со доста дебел слој од кал помешана со плева. Потоа зидовите биле грубо измазнувани, додека пак врз надворешната страна биле нанесувани тенки слоеви од ретка глина. Може да се констатира дека куќата била од тврда и масивна градба, што исто упатува и ца поголеми димензии.
На североисточната страна во сондата 9 откриен е жртвеник, а покрај него на поширок простор, голема концентрација на средно крупен камен, како и еден поголем. правоаголник и обработувани (Сл. 2). Првата помисла беше дека каменот е дел од конструкцијата на жртвеникот кој на овој дел имаше претрпено поголеми оштетувања. Со понатамошното расчистување на просторот се установи дека концентрацијата на каменот помешан со лепеж продолжува и во профилите така што неговото присуство на овој простор
На длабочина од 1,06 м по целата откриена површина се наиде на под од набиена земја, освен под големата концентрација од камен. каде што претпоставуваме е настанато оштетување од тежината на каменот и лепежот. Големата концентрација на горетини и пепел доволно кажува дека куќата страдала во пожар.
И покрај тоа што формата и димензиите на куќата останаа непознати, сепак од досега изнесеното може да се констатира дека истата не нуди никакви градителски новини. Подигната е на начин и со материјал како и сите неолитски куќи ширум Балканот и Југоисточна Европа.7 ;
Што се однесува до жртвеникот, според она што е зачувано, може да се уочи секундарна интервенција, односно целосна преправка на неговиот првобитен облик и изглед. Жртвеникот бил подигнат од голема маса темноцрвена кал помешана со плева. Средишниот простор бил исполнет со слој од кал помешан со ситен камен врз кој следела камена субструкција помешана со фрагменти керамика и под од набиена и добро измазнета глина. Лицето на жртвеникот украсен е со длабоки повлекувања со прсти (Сл. 3). Вакво украсување на зачуваните делови од другите оштетени страни не се забележани. Ова би можело да значи дека челната страна ја претставува лицето што било украсено. Начинот на кој е изведено повлекувањето во многу е сличен со жртвеникот - мелница од куќата | во Зелениково“,8 со единствена разлика во мотивот на орнаментот. Додека кај жртвеникот од „Мрамор“ декорацијата е брановидна, во Зелениково таа е грижливо изведена со длабоки цик - Wak линии.
Преправката на жртвеникот изведена е така што врз подот била поставена нова камена конструкција прекриена со нов под од набиена измазнета глина. Изменет бил и изгледот на надворешните страни. На зачуваната југозападна страна, веројатно челна, се три релјефно обликувани нозе меѓу себе хоризонтално поврзани (Сл. 4). Реципиентот на жртвеникот потполно е уништен, додека пак формата многу е слична со жртвеникот А од светилиштетот во Маџари“.9 Разлика постои само во начинот на поврзувањето на нозете. Додека во Маџари тие се аркадно поврзани, овде тоа е изведено под хоризонтална линија.
Непосредно од жртвеникот, покрај неговата југоисточна страна во рушевините од куќниот лепеж, најдена е пластично изработена нога, со зачувана висина од 0,30 M, односно 0.25 M, во зависност од оштетувањето, како и уште еден мал фрагмент од исто таква нога. Работена е од глина нанесена врз дрвена конструкција, со полукружна форма која одејќи нагоре, лачно се шири. Надворешната страна е мазнета со тенок слој разредена глина (Сл. 5).
Ногата не му припаѓа на големиот жртвеник. Кај него не се забележани траги од дрвена конструкција, односно негатив од дрвена граѓа, а и масивноста на ногата не одговара на благо нагласените и пластично оформени позе.
Масивноста на ногата не наведува на помислата дека објектот бил со поголеми димензии. А каква била формата? Ногата е иста како нозете кај жртвениците со мали димензии и правоаголен или кружен реципиент. Претпоставуваме дека ногата припаѓала на голема жртвена маса поставена во непосредна близина на жртвеникот за кој погоре зборуваме.
Од северозападната страна на жртвеникот, во непосредна близина, откриени се траги од кружен објект подигнат врз подот од куќата. Оштетувањата се толку големи што сосема малку се насетува формата. Може само да се каже дека е изработен од иста кал како и првичниот жртвеник.
Во откриениот дел од куќата особено е интересна концентрацијата и распоредот на керамичките садови. Група од неколку садови поставена е пред жртвеникот. додека најголемата концентрација на садовите е до и во профилите на сондата. Присуството на куќниот лепеж на овие простори го поткрепува мислењето дека садовите биле поставувани покрај периметралните ѕидови на куќата.
Садовите се разликуваат по големина, форма. фактура и начинот на украсување. Иако голем дел од нив се со груба и осредна фактура, сепак се изработени грижливо, од квалитетна глина и со правилни форми. И покрај бројноста на садовите, застапени се само неколку форми: - Големи ќупови со валчест стомак украсени со барботин налепци. со зарамнето рамо и врат и со неколку држалки. Кај некои од нив рамото е издвоено со пластично ребро украсено со втиснување од прст. Со иста форма се и средно големите и мали ќупчиња и грниња, претежно украсени со барботин налепци (Т.1, 1). Додека кај едни рамото и вратот се грубо 3аМа3НеТН, кај други тие се интензивно мазнети. Држалките сега се во форма на благо нагласена петлица или вертикално поставено рокче;
- Длабоки. широко отворени садови со конусни-или заоблени зидови. - Мал пехар со груба фактура, со широко отворен реципиент и нога делумно празна, речиси цилиндрична, украсена со длабоки канелури изведени со повлекување од прст. и нога од голем пехар, конусна делумно празна со површина интензивно мазнета.
Надвор од рушевините на куќата, непосредно до северозападниот профил и во него, на сонда 5, најдена е група од неколку садови оставени на едно место,а меѓу кои се откриени и повеќе речни школки. Претпоставуваме дека истите се во врска со куќата.
Тоа се главно големи садови од типот садови со широко отворени конусни реципиенти, со лентести држалки вертикално поставени. Долните делови од овие садови. до висина на држалките се со организиран барботин кој аркадно завршува и со интензивно механичко мазнење под рабовите на устите. Натака, сад заоблен и широко отворен, мазнет по целата површина. Потоа, голем сад во форма на потсечена топка, во долниот дел на стомакот со барботин налепци кои завршуваат во широки аркади. а рамото е мазнето. Средно големи грниња, со врат повеќе или помалку нагласен, и стомак со барботин налепци или украсен со убоди од предмет, а рамо и врат интензивно мазнети, и грниња каде целата површина од садот е замазнета (Т.І, 2-3). И накрај, чинија со средна големина, заоблени зидови, со барботин налепци на долниот дел од телото и грубо замазнет горен дел (Т.І, 4).
Дната кај сите овие садови се зарамнети.
Од она што досега е откриено во куќата, нејзиниот внатрешен простор со инвентарот, жртвеникот со својата форма и начин на градење, како и распоредот на садовите со сите типолошки одлики, објектот во MIlOry е сличен со светилиштето во Маџари“10 и куќата I во Зелениково.11 За карактерот и намената сѐ уште е рано да се зборува, имајќи предвид дека куќата не е е целосно истражена. Меѓутоа, може да се претпостави дека се работи за објект наменет за вршење на заеднички обреди, поврзани со секојдневието на неолитскиот човек.
Поконкретно културно и временско определување на куќата од хоризонт I во „Мрамор“ ќе се обидеме да направиме со прикажување на покарактеристичните наоди. особено на керамиката.
Кај садовите застапени се неколку основни форми. Со мали разлики нив ги сретнуваме низ целиот неолит, така што не дозволуваат поконкретно временско и културно определување. Украсувањето на керамиката со барботин многу е честа. Се сретнуваат садови кај кои дел од телото е со барботин налепци, кои понекогаш завршуват лачно или пак стомакот на садот е само огрубен, а рамото и вратот замазнети и садови украсени со аркаден барботин. со вертикални полулачно завршени паралелни барботиин ребра кај кои горниот дел од садот е интензивно мазнет. Овој начин на украсување во Анзабегово – вршничката културна група за првпат ќе се јави во нејзината втора фаза,12 но ќе се задржи и понатаму.
Сликаната керамика е доста ретка, наоѓани се само фрагменти од садови.
Во висина на подот откриени се два фрагмента украсени со темнокафени вертикални паралелни ленти, во комбинација со подебели или потанки
" М. Гарашанин M, Билбија, ор. cit., пл. Il,
2M. GaraSanin, op. cit., 93; B. Санев, op. cit., 26. линии врз црвена основа, кои, кај вториот фрагмент кои дното на садот се спојуват (Т.Н, 1, 2). Користењето на овој мотив на украсување на садовите е типичен за Анзабегово - Вршник II фаза,13 односно Анзабегово ІІ14 - III и Руг Баир И."
Кај наодите во рушевините и непосредно над нив забележано е особено зголемување на монохромната црна керамика, мазнета до интензивен сјај и со одличен квалитет. Се сретнуваат заоблени чинии, топчести садови, некои со благо свиен кон надвор венец и садови кај кои се забележува благо нагласена биконусност. Интензивно сјајната црна керамика се јавува во крајот на Џ фаза на Анзабегово - вршничката група, но ја сретнуваме и подоцна во помало количество.15
Че Ил фрагменти од Opuon сликана керамика af é) и женски статуетки (7 8)
Кај сликаната керамика мотивот на украсување со ленти сега го сретнуваме во комбинација со други мотиви: српест мотив или широки вертикални ленти исполнети со отворени спирали во негатив, мотив кој во Анзабегово го сренуваме во ІІ16 и III фаза17 и во Руг Баир "5 (Т.П, 3-4).
Додека пак кај наодите од слоевите над рушевините од куќата, за првпат ќе ја сретнеме керамиката сликана со спирала, која од TaliKaTa лента што го следи работ на венецот се спушта по целото тело на садот (Т.|, 5-6). Спиралата како мотив на украсување за првпат се јавува во Анзабегово – Вршник III фаза, односно Анзабегово II – III и Руг Баир II, односно последните неолитски фази (IV односно III) во овие населби.18 Но, како што веќе е кажано, спиралата како елемент за попрецизно датирање не може да се земе.
Двете фигурини најдени во повисоките слоеви пад рушевините од куќата се од типот на фигурини што седат. Кај едната горниот дел од телото е издолжено, додека нозете се минијатурни; другата е со подолги и раширени нозе. а горниот дел не е зачувани (Т.|. 7-8). Според формата, слични се со фигурините од Анзабегово - Вришик II фаза,20 односно Велушко — породиинската Ш и IV фаза,21 особено фигурината со раширени нозе.
Најблиски аналогии на куќата од „Мрамор“ најдовме кај светилиштето во Мацари и куќата I во Зелениково. И двете се датирани во Анзабегово – Вршник IV фаза. Прикажувајќи ги некои од наодите. особено керамичките од куќата во „Мрамор“ како и на оние од слоевите Иду рушевините, ќе предложиме културно и временско определување ца куќата во крајот на Ши почетокот на ТУ фаза на Анзабегово - вршничката културна група.
TRAJANKA JOVČEVSKA - Titoy Veles
HOUSE FROM HORIZON I OF THE NEOLITHIC SETTLEMENT MRAMOR
(SUMMARY)
The site Mramor is situated on the highest, flattened part of the mild terrace ascending above Topolka. Based on the vertical stratigraphy, two levels of occupation have been confirmed. The first traces of the house ruins have been found in sondage 5, sondage 8 and sondage 9.
The construction of the house is of timber coated with clay, the hard and massive wood pointing to large dimensions of the house. The floor of the house is of stamped down earth, whereas the big concentration of ashes and burnt pieces show that it must have suffered from a fire. The house is built in a manner and of material used in all the Neolithic houses allover the Balkans and South-East Europe.
The altar discovered in the house has been erected of large mass dark red mud, mixed with weed. The front of the altar is decorated with deep finger incisions. The remodeling of the altar has been carried out by laying new stone construction and new floor. The outside appearance of the house has also been altered. The preserved south-west side has three relief legs.
Белешки
- М. Гарашанин, Проблеми неолита и еолита Централног Балкана у вези за резултатима истраживања у Македонији, Macedon. acta archeol. 10, Скопје 1989, 25 – 26. ↩
- Голема благодарност за разбирањето и комплетното финансирање на двегодишните ископувања, му изразуваме на агрокомбинатот ЛОЗАР од Титов Велес. ↩
- Б. Алексова, Археолошките наоѓалишта по долниот тек на реката Тополка, Гласник на Музејско – конзерваторското друштво на нрм 1/4, Скопје 1954, 52. ↩
- DJ. Petački, Z. Beldedovski, Rekonosciranje dolinom reke Topolke, Arheološki pregled 21, Beograd 1980, 194. ↩
- Д. Здравковски, за границите на Анзабегово – Вршничката културна група во средниот неолит, Maced. acta archeol, 11 Скопје 1990, 51 – 55. ↩
- На поголемо проширување не можевме да сметаме поради ограниченоста на финансиските средства. 34 пл. III сл. 3. ↩
- МАЛ Културно наследство 14/15, Скопје 1990, 75 -- 77. ↩
- М. Гарашанин, М. Библија, Куќа I во Зелениково, Масеԁ. acta archaeol. 9, Скопје 1988, 34 пл. Ш са. 3. 5 ↩
- В. Санев, Неолитското светилиште во Тумба од Мацари, Maced. acta archaeol. 9, Скопје 1988, 19, сл. 8, пл. II. Б. Стално, Насење и стан неолитског периода, Неолит централнога Балкана, Народни музеј Бе град, Београд 1968, 82. M. GaraSanin, Centralonobalkanska zona, Praistorija Jugoslovenskih zemalja II, Sarajevo 1979, 68; ЈЈ. Здравковски, Начинот на градење на неолитските Куќи, ↩
- ibid., пл. II. ↩
- М. Гарашанин М. Билбија, op. cit., пл. III. ↩
- M. Garašanin, op. cit., 93; В. Санев, op. cit., 26. ↩
- M. Garašanin, op. cit., 94, sl. 9, br. 9; Д. Гарашанин, Однос страчевачке групе према неолиту Македоније, Maced. acta archaeol. 10, Скопје 1989, 41. ↩
- В. Санев, op. cit.; В. Санев, неолитскта населба Руг Баир кај с. Горобинци, Зборник на Штипскиот народен музеј, Штип 1975, 219, TVII.1, T V.7. ↩
- M. Garašanin, op. cit., 94; Д. Гарашанин, op. cit. 41. ↩
- Големите садови се со замазнети зидови, додека оние со средна и мала големина се по целата површина интензивно мазнети: ра B. Санев, Маџари, 26, сл. 9; В. Санев, Руг Баир, 219, T VII. 5, 10. ↩
- M. Garašanin, op. cit., 95, T III, 7. на В. Санев, Маџари, 26; B. Санев, Руг Баир, 219, Т V, 4; T VII, 8. ре Д. Гарашанин, ор. cit., 42 - 43. ↩
- GaraSanin, op. cit., 97, sl. 9, 10; T XVI, 3; Marija Gimbutas, Anza Journal oh hild archeology,1 Volume 1, Boston 1974, figure 38 - 39; Marija‘Gimbutas, Neolitic Macedoniae, Los Angeles, California 1976, figure 143 -- 144. ↩
- M. Grbié, Porodin, Bitolj 1960, 52 - 55, T XXX, 4; T XXXI, 6-7: T XV: Д. Симоска, B. Canes, Неолитската населба Велушка тумба, Маѕеԁо. acta archeol. 1, Прилеп 1975, 60 — 62, T XI, 1, 3; Д. Симоска, Б. Китаноски, J. Тодоровиќ, Неолитската населба во село Могила кај Битола, Maced. acta archaeol. 5, 13 - 17, сл. 45, 47, ↩
- В. Санев, Маџари 27; М. Гарашанин, М. Билбија, or. си. 38 - 39. ↩
Summary
House from Horizon 1 of the Neolithic Settlement Mramor
Near the altar, on its south-east side, a plastically modelled leg has been found in the ruins of the mudd-plaster. Our presumption is that it must have belonged to a large altar table laid close by the altar.
In the uncovered part of the house, the concentration and arrangement of the clay pottery is particulary interesting. The vessels differ in their size, shape, texture and decorative patterns. Although most of them are of coarse and medium texture, they have been carefully modelled in symmetrical forms and of high quality clay.
To judge from the part discovered so far, the house is very similar to the shrine in Madari and the House I in Zelenikovo. As to the house in Mramor, we can assume that it was a building aimed at practising communal rituals associated with the everyday life of the Neolithic men, culturally and chronologically identifying it with the end of the phase Ш and the beginning of the phase IV of the Anzabegovo-Vrsnik culture.