Macedoniae acta archaeologica 13 (1993) · стр. 265–271

Има ли мнемонистичка симболика декорацијата на рачката од еленово рогче од Водоча?

Во Заводот за заштита на спомениците на културата, природните реткости и музеј - Струмица, меѓу студиските материјали кои потекнуваат од археолошките ископувања на локалитеот „Водочки цркви“ во село Водоча (на 4 км западно од Струмица) се наоѓа и предметот со теренски инвентарен број 160 (Сл. 1a-f, 2a-6). Тој е ископан 1986 година во слој на урнат профан објект - напуштена куќа. Според карактерот на останатиот археолошки инвентар и теренските согледувања на раководителот на ископувањата Ј. Ананиев овој хоризонт би можел временски да се врзе за периодот на ХП-ХШ век, а можеби и нешто пошироко со оглед на стратиграфскиот контекст кој се чини не е беспрекорно интактен.1

Станува збор за речиси целосно зачувана рачка изработена од рог поточно парожек на еленов рог. Според експертизата на проф. д-р Ристо Гаревски од Рударско-геолошкиот факултет – Штип рогот припаѓа на елен (Cervus ѕр.). Парожекот е пресечен и дополнително обработуван; обликуван е според потребите и декориран е со врежување.

Најголемата должина изнесува 112 мм а најголемата ширина 17 х 12 мм. Едниот крај. односно врвот е природно зашилен и благо лачно свиен, а спротивниот рамно препилен и попречно длабоко засечен. Ова всушност е лежиштето каде било вметнато железно тело од коешто по површината = само флекави траги од кафеавкасто-жолтеникав железен оксид. (Сл.

_ На поширокиот крак рачката е попречно засечена за околу 40 мм и тоа во вид на двострана корица-ножица, а потоа засекот продолжува подолжно по испупчената лачна страна Сл.|в-Ѓ).

Дебелината на засекот е околу 2 мм, вкупната должина сметано од коренот на рачката 92 мм, а ширината од околу 17 мм на крајот, преку 13 мм каде е најголемиот страничен засек, до околу 1 мм на врвот. (Сл. Ir-f). Всушност, ова е лежиштето на изгубениот железен додаток. Неговиот изглед донекаде ни дозволува да ја претпоставиме формата која во негатив ја одразува издлабениот процеп во рачката (Сл. 1в). Се чини дека овој железен додаток со кој се обавувала главната функција на наведениот предмет бил зашилен, лачен и подвижен. Последново може да се претпостави и според Рачка од еленово рогче - Водоча, Струмица

Илустрација, стр. 266

Deer antler handle from Vodoéa near Strumica

зачуваната железна нитна која е видлива од надворешната страна покрај поширокиот дел на рачката. Таа ги составувала двете страни на ношницата меѓу кои било вглавено железното тело коешто веројатно можело радијално " да се движи и по потреба да се сместува во страничниот процеп.

Рачката е изработена така што парожекот е стружен и измазнет по површината, поплоснато обликуван, но истовремено му е дадена и благо нагласена четиристрана форма. Надворешната површина потоа е украсена со едноставна линеарна декорација во која се насетуваат реминисценции на графички идеограми. Имено, на едната страна, во две подолжни низи се прикажани по седум кругови со точки во средината со очевидно почитување на четиристраната концепција на обликот заради што орнаментите се сместени во две издвоени полиња во кои се инсистира и на правилноста на редот и на бројот на знаците.

На другата страна која има, исто така, две закосени подолжни полиња прикажани се врежани украси од коси паралелни линии и тоа одејќи од поширокиот дел на рачката надолу во СНОМОВН од двапати по пет, двапати по шест и еднаш по две линии (во последниот случај се можни и оштетувања). Истата претстава се јавува симетрично и на двете подолжни полиња, но со обратна насока на цртите така што се формираат прекршени линии поставени со врвовите спротивно едни спрем други. Поедноставно речено, овие прекршени линии чинат мошне едноставен шематизиран мотив кој најчесто се именува како „елово“ или „борово гранче“ односно „рибина коска“.

Илустрација, стр. 267
Илустрација, стр. 267

Во определувањето на улогата, значењето, функцијата и другите особини на наведениот предмет се пријде од повеќе аспекти и асоцијативни нивоа: ‘

- Нема сомнение дека со својот железен додаток оваа рачка припаѓала на предмет кој имал своја јасна и конкретна примена;

- Со голема доза на сигурност може да се каже дека тој е од оние предмети што се носат прикачени на појасот;

- Четиристраноста во обликувањето на рачката и строгото почитување на оваа форма при декорирањето се чини дека не е случајно;

- Изборот на мотивите, нивниот број и композицијата, односно „декоративната шема“, исто така, не се „случајни“ т.е. како да се од кругот на графичките идеограми блиски до миемонистичките записи:

- Конечно, во наведената констелација и изборот на материјалот - еленов рог - може да добие свое објаснување и релевантност.

За предметот не може да се суди со исклучивост додека не се најде поблиска аналогија, но сепак, целокупниот аранжман од зачуваните или навестените елементи дозволуваат да се претпостави дека тој наликувал на некој вид „чакија“, односно „ношче“ со преклоп.

Меѓутоа, овој на прв поглед едноставен предмет се чини емитува и други пораки и сигнали за своето време и потекло, па според тоа не би можело да се смести во атипичните материјали од фондот на предмети за „секојдневна употреба декориран со геометриски мотиви“. Во таква констелација, оставајќи ја настрана функцијата на овој предмет во смисла на практична примена и насочувајќи го вниманието само на зачуваната рачка, на нејзиниот облик, декорацијата и материјалот се доаѓа до констатација дека во неа се насетува одразот на загадочните предмети со култно-магиски карактер, веројатно амулети посведочени во средновековните наоѓалишта и кај Западните и кај Источните и кај Јужните Словени.

Тоа се групација на предмети кои се носат прикачени на коланите (или можеби околу вратот?) чии димензии се движат околу 100 мм во должина и кои по се изгледа се од доменот на култните предмети со амулетска улога за т.н. домашна или лична намена.2 Нивната симболика е инспирирана од религиозните и митски поимања на Словените и како такви тие имаат соодветна зона на делување спроведувана преку морфологијата, графичките записи или пак со спецификите на материјалот од кој се направени и кој само по себе има одредени значења. Притоа се мисли пред се на палките изработувани најчесто од дрво, и од коска, рог, па и метал со антропоморфни, и персонифицирани претстави, со ликови на божества или демони, односно нивни атрибути какви се наоѓани на средновековните словенски наоѓалишта.3

Меѓу нив особено место зазема дрвената четиристрана и четириглава фигурина (94 мм) со се уште нецелосно дефинирана намена ископана во стратум од крајот на IX век во Волин, на јужниот брег на Балтикот.4

Идолот од Јаш – Романија (VIII-IX век) за нас е интересен од повеќе аспекти: има четиристрана форма и декорација на корпусот и главата (која е во вид на неправилна коцка на чии страни се врежани наместо ликови графички идеограми, на горната страна има вдлабнатинка, а под неа попречна дупка за прикачување) и е избработен од еленов рог. На три страни на телото, под главата, прикажани се врежани мотиви блиски до мнемонистички записи - се уште непротолкувани, а се состојат од снопови подложни односно брановидни линии кои во два случаи се во комбинација со мотивот на стилизирано дрво (односно елово гранче“).55

Конечно, меѓу оние предмети чија рефлексија најдобро се насетува во изгледот и декорацијата на рачката од Водоча би го споменале и познатото рогче од Преслав - Бугарија откриено во слој на профана градба од X век.-6 И покрај тоа што се уште не е сосема елиминирано прашањето за неговата намена во смисла дали е тоа алатка и каква или амулет и од кој вид, сепак како да преовладува мислењето дека рогчето од Преслав е од кругот на идолите од „домашниот олтар“7

И димензиите (99-103 мм) и материјалот (еленов парожек), а донекаде и формата и декорацијата се доста блиски со оние на рачката од Водоча. Додуша, кај примерокот од Преслав во горниот дел нема додаток туку вдлабнатинка како кај примерокот од Јаш, а релјефно се прикажани и контурите на четири ликови -- глави под кои има и отвор за прикачување. Сето тоа го дистанцира овој предмет, кој без сомнение има поинаква намена, во однос на примерокот од Водоча. Од друга страна, декоративната шема очигледно е од ист круг. Имено, и на рогчето од Преслав се среќаваат два типа на идеограми - кругови со точки, и тоа во групи од двапати по седум и двапати по шест елементи, како и идеограмот на „елово гранче“ односно стилизирано дрво еднаш со врвовите нагоре и три пати надолу.8 Според Б. Рибаков и П. Георгиев кругот со точка е идеограм за соларен знак, а бројот седум го изразува космогонискиот модел на вселената со четворниот - хоризонтален план (правци на светот) и тројниот — вертикален (небо, земја, подземје). Вегетабилниот мотив, пак, се толкува како симбол на раст и плодоносна сила, како олицетворение на космогонскиот модел на светот со коренот, стеблото и крошната и како симбол на цикличното обновување во природата со што се потенцира профилактичката улога на амулетот.9

Поликефалните, односно четиристраните фигури се добро познати на широките простори од Скандинавија и Балтикот па се до Индија. Тие се присутни и во праисториските, но и во античките култури од типот на хеленската (Hermes Tetrakefalos) и римската, односно галската, трачката и културите на околните простори кои се блиски на индоевропскиот супстрат.

И употребата на еленовиот рог како материјал за најразлична намена е мошне архаична појава. Роговите (и черепите) воопшто се сметаат како први садови за течности и храна.10 Оттука и ритонот значи симбол на изобилие и во тоа својство се јавува како атрибут кај многу божества и митски персонификации, а присутен е и во ритуалните игри и меѓу предметите со амулетско значење.11

Култот на еленот, пак, според Рибаков е доземјоделски и произлегува од индоевропскиот и бронзенодопскиот супстрат. Кај Словените е еден од атрибутите на Перун.12

Во поставувањето на основните параметри за детерминирање на предметот од Водоча мошне се важни и податоците што ги дава конкретниот простор и местото на наодот (околината на Струмица од една и слој на профана градба од друга страна) како и, иако не сосема прецизно, но барем приближно дефинираното време од ХИ-ХШ век. Овие показатели глобално го сместуваат наведениот предмет во кругот на средновековната, словенска материјална култура на Македонија. Дозволувајќи ја можноста посочените карактеристики на рачката од Водоча како материјалот од кој е изработена, морфологијата и начинот на декорирање да се „обични“, сепак останува место и за верувањето преку нив по инерција се прикажува нешто што можеби е веќе испразнето од некогашните значења, но како форма продолжува да живее (преминувајќи и на некои сродни предмети) и долго време по примањето на христијанството.

Ваквото „поместување“ е можно и заради местото каде се носеле и предметите од типот на „ножеви“ било за утилитарна или некоја друга намена, но и амулетите, а како уште подалечна реминисценција и ритоните.13

Инсистирањето по секоја цена да се исчита вкупната симболика и евентуалниот мнемонистички запис од прикажаните графички идеограми на рачката од Водоча, во овој степен на истраженост на оваа материја во најмала рака би било недоволно аргументирано. ELICA MANEVA - Skopje JOVAN ANANIEV - Srumica

Белешки

  1. Овој објект се ископуваше во организација на Заводот за заштита на спомениците на културата, природ. реткости и Музеј - Струмица, а под раководство на кустосот Јован Ананиев. ↩
  2. Ж. Вьжарова дава податоци и археолошки потврди за присуство на разновидни предмети во средновековни машки гробови меѓу кои се и ножот, торбичките со сакала и кремени H рогчињата, сите прицврстувани за кожните колани. Во таа смисла таа посочува и ликовни извори – Менологот на Василиј II Ж. Вьжарова, Славјани и Праблгари, Софија 1976, 411, 2). Рокчиња се13 наоѓани во голем број во областите на некогашниот ссср, особено во областите на Северен Jloweu, во Молдавија, Словакија, Моравија (ги забележавме меѓу студиските материјали1 во Микулчице – необјавени) итн. Ж. Вьжарова, Славјани, ор. cit., 411, п. 4, 5.) Во1 Бугарија се посведочени на поголем број на локалитетите во Нови Пазар, Кјулевча, Плиска, Попина кај Силистрија, Гарван, Виница, Севастополис, Стирмен итн., а се декорирани со мотиви на „птици, луѓе, делфини, коњи, магариња, орнаментот птицино око (односно круг со точки, заб. Е. М.) како и со рунски знаци“. Ж. Бжарова, Славјани, ор. cit., 411, п. 3, 9.). Ст. Михайлов, Археологически материјали од Плиска, Известии на археологическии институт XX, Софир 1955, обр. 19, 20; Ст. Станчов, Разкопки и новооткрити материали в Плиска през 1948 г.. Известиа на Археологически институт XX, Софија 1955, обр 26/14; Ж. Вьжарова, Славяно-блгарско селище1 краи село Попина, силистренско, Софин 1956, 15, обр. 4 r.. В. Нешева. Обработка на кост. Средновековнилт Червен, Том 1, Софија 1985, 202-206, обр. 74а-в: 7. Kurnatowska, etc., Styrmen nad Jantra, Wroclaw, Warszawa, Kraków, Gdańsk 1980, fig. etc. ↩
  3. Особено се познати дрвените фигурки од Новгород и други источнословенски наоѓалишта, макар што треба да се прави разлика меѓу нив и обредните жезла употребувани во русалските култни игри. Б. Рыбаков Језичество древней Руси, Москва 1987, 500 666, 682–683, рис. 83 123, 126, 136; B. Седов, Восточне Славјане в VI-XIII вв., Москва 1982, 264, 286-288. ↩
  4. Од многубројните објавени илустрации се гледа дека телото на статуетката е четиристрано со заоблен крај во долниот дел и четири глави во горниот со тоа што во полето под нешто поналгасената глава се врежани низа од коси линии (според Рибаков како13 симбол на сончеви зраци, додека Хенсел ги толкува како фалусоидни ознаки за разлика од јајцевидните кои би биле2 симбол на женскиот принцип). Во полската литература преовладува мислењето5 дека оваа статуетка го прикажува Свентовид. Рибаков помислува дека овој предмет служел за „благослов“ на оние што се молат. W. Hensel, Wczesnosrednowieczna figurka czterotwarzowego bóstwa z Wolina, Slovenska archeologia XXVI, 1978, 13-17; Idem., Archeologia Zywa, Warszawa2 1983, 189, A. Gieysztor, Mitologia Slowian, Warszawa 1982, fig. 28; Б. Рыбаков, 1987, op. cit., 236–251. ↩
  5. p. Teodor, Teritorul est-carpatie in veacurile Y-XT e. п. Jasi 1978, fig. 40. ↩
  6. П. Георгиев, Изображение на четирилико славинско божество от Преслав, Археологии, 1, Cocpusr 1984, 16-28. ↩
  7. Така, се споменува улогата на шило за кожа; за прикачување на лак, рачка за3 камшик, пишувалка, орудие за вадење на отровни стрели (каде се нагласува и амулетската1 улога), потоа амулет за профилакса од оружје и апеж на змија, култен ритон итн. Тоа што има мала1 вдлабнатинка на горниот крај се толкува како резултат на гребењето со13 цел да2 се извадат7 струготини за лечење на некои болести, а фактот што е од еленов рог го доведува во врска со култот на Перун. П. Георгиев, Изображение, ор. си. 25-26, п. 61-66). Споредбените материјали зборуваат8 дека5 овие рогчиња се носеле на коланите и биле карактеристични за мажите и воините, а етнографската граѓа од јужноруските простори и Бугарија покажува8 дека4 слични предмети1 служеле како средство за вадење на отровни стрели или за лечење на стомачни болести. Ж. Вжарова, Славини, ор. cit. 441, п. 6). ↩
  8. П. Георгиев во рогчето од Преслав во минијатурна форма ја гледа концепцијата и моделот на Збручкиот идол на начин на кој тоа го толкува Рибаков како3 персонификација на врховното словенско божество (Род) со тоа што на секоја страна е олицетворен одделен лик од пантеонот. Меѓу ове ликови на рогчето од Преслав Георгиев ги посочува Перун (на страната каде е низата од седум идеограми од кругови со точка) и женскиот пандан - богинката Мокош (на страната каде седумте кругови со точки се групирани со четири елементи во горниот и три, тн. полов триаголник, во долниот дел) Георгиев, Изображение, ор. cit., 19-23. ↩
  9. Ibidem.,23-24. ↩
  10. Б. Рыбаков. Язычество древних Славян, Москва 1981, 112. ↩
  11. Меѓу бројните ликовни и пишувани потврди за ова ги издвојуваме оние за богот Свентовид од Аркона со рог во десната рака кого жрецот го полнел со5 вино и според тоа гатал за родноста на годината (L. Leze Slovenska Mitologija, Beograd 1984, 75, 76). Така се претставува8 и богот Плут (РЕгибаков. 1987. ор. си.. 419), Перун на Збручкиот идол и идолот од Лешно (А. Gieysztor, 1982, ор. cit., fig. 10, 26), потоа идолите од Олштин, Алтеркирхен итн. (L. Leže 1984, sn. 4, 6-8, 11, 25,26;) (PrrGaxos, 1987, ор. cit., 235, рис. 47/4, 3). Во0 чест на Переплут луѓето се вртат и пијат од рогови (Рыбаков, 1987, ор. cit., 345, 419, 444, 695 etc.), а русалките односно самовилите со ритони ги влажат посевите што Рибаков го посочува8 на претставите од рускиот накит од ХІІ-ХІІІ век. (Рыбаков, 1987, ор. cit., 579, 583-585, 692-733 рис. 102, 129-143.) ↩
  12. Б. А.Рыбаков, Космогония и мофология земледелцев знеолита, Советская1 археологиа, 1965, 2, 15, н. 4. ↩
  13. Cf. п. 2, 12. ↩

Summary

Does the Decoration on the Deer Antler Handle Convey Mnemonic Symbolics?

(SUMMARY)

In a 12th-13th century level, more precisely, in the ruins of a profane construction at the site of „Vodoča Churches“ in village Vodoča (at 4 km west of Strumica), a deer antler handle has been found. It belonged to a kind of folding dagger that must have been attached to the waist belt. These indications place this object with certainity in the circle of the mediaeval material culture of Macedonia.

According to its form (foursquare), material (deer antler) and decoration, (the motif of circles with a dot in the middle in rows consisting of seven elements, and the motiv of ,,fir branch“), the preserved handle shares the characteristics of the objects of magic and triual intentions, worn attached on the waist belt, to be found at the numerous mediaeval Slavic sites. Although it shows different intention and features, the 10 th century antler amulet from Preslav in Bulgaria is worth mentioning for the associations that are in a way reflected in the appearance of the handle from Vodoéa. This idetification is also possible due to the place in which the objects of the ,,dagger“ type were worn, regardless of their utilitarian or some other intention, which was the same with the one of the amulets, showing also a kind of reminiscence to the rhitons. There from comes the idea that the morphology, decoration and material of the handle from Vodoéa in all probability presents conventionally something that is void of its original significance, but it form continues to exist (traversing occasionally to some cognate objects) long time after the adoption of the Christianity.

Insisting at any cost on reading of the entire symbolics and the possible mnemonic inscription from the presented graphical ideograms on the handle from Vodéa would be, at this stage of investigations, insufficiently argumented.