Macedoniae acta archaeologica 13 (1993) · стр. 253–263
Сакралните објекти Св. Ѓорѓи во Кнежино и Џума џамија во Кичево
САКРАЛНИТЕ ОБЈЕКТИ СВ. ЃОРЃИ ВО КНЕЖИНО И ЏУМА ЏА-МИЈА ВО КИЧЕВО
Христијанството во овие краеви е присутно од своите рани зачетоци до денешни дни, преку остатоци на сакрални објекти со базиликална форма (IV-VI век) до еднобродни црквички изградени во минатиот век по селата како гробјански1 ". Посебна категорија на сакрални објекти претставуваат манастирите и селските цркви, девастирани во минатото, а денес претставуваат археолошки локалитети. Девастацијата е резултат на немирните времиња, дислоцирање на селските населби, миграционите преселби на населението во минатото, како и промената на населението по национална и верска основа. Од нив ќе споменеме само неколку: Калојанска црква, с. Карбуница, Кнежински манастир, с. Кнежино, Св. Александрија, с. Белина, Црква - Кеиша, с. Шутово, Црква – Кеиша, с. Аранѓел, Црква – Кеиша, с. Жубрино, Црква – Кеиша с. Црвивци и Крнински манастир, с. Манастирско Доленци2 .
Од споменатите археолошки локалитети - цркви и манастири — ќе се задржиме на локалитетот Кнежински манастир Св. Ѓорѓи во село Кнежино. Манастирскиот комплекс се наоѓа 6 км западно од Кичево, на источните падини на планината Бистра, во предел богат со шума и вода. Во народната традиција се зачувала почитта кон овој манастир, која усно се пренесувала низ генерациите. Неговото уривање традицијата го врзува за времето на Крали Марко.
Со рекогносцирањата во 1975 и 1977 година констатирани се остатоци од манастирската црква, конаци, некропола, кула и бедемски зидови. Судејќи по бедемските зидови, овој манастир бил утврден. Вакви утврдени манастири се јавуваат на Балканскиот Полуостров во Света Гора на Халкидик, Матка кај Скопје?3 и други, но досега во науката не им е посветено особено внимание.
. Сондажните испитувања во 1985 година на манастирската црква беа мали по обим но дадоа резултати кои заслужуваат да бидат презентирани. Од архитектонските остатоци откриени е тространа апсида, во долните партии. Движниот археолошки материјал е разновиден: градежна керамика, фрагменти од фрескоживопис, фрагменти од прозорско стакло, од стаклени чинии и кандила. На теренот, пред црквичката (изградена во 1973 година) посветена на истиот светител Св. Ѓорѓи, постојат две стебла од мермерни столбови и оштетен коринтски капител (Сл. 1), датиран во IV — VI век. По кажување на жителите од Кнежино, при копање на темелите за црквичките во 1973 година, откриена е оловна плоча и плочи од мермер, веројатно дел од подот на старата црква. Камената пластика, стеблата и капителот, припаѓале на некој ранохристијански сакрален објект кој се наоѓал в близина на манастирот; истата е донесена и вградена во манастирската црква. Веродостојна би билаи претпоставката дека на темелите на срушениот ранохристијански објект - манастирска црква била изградена нова црква а затечената камена пластика се вградила одново, што е констатирано на повеќе сакрални објекти во Македонија4. Откриените фрагменти од тегули се од времето на Комнените. Имаат
чеслест орнамент по работ, а во внатрешноста на тегулата изведени се со прсти: лачна бразда и под неа три или четири вертикални бразди; Хронолошка одредница за нив е крајот на XI век (1081 год.) до 1185 фодина5 (Сл. 2). Фрагментите на фрескоживопис се делови од драперија со палета од бела, темно црвена и зелена до кафеава боја; делови од бордура - долни партии на зид со флорален орнамент изведен со бела и сина боја. На неколку фрагменти од фрескоживописот видлива е позлата изведена на окерасто боени фон. Фрагментите од стаклото, прозорското и чиниите се со бледо жолта, зелена и сина боја.
Движниот материјал дава индиции за постоење на црквата во XII - XIII век. За време кога е таа урната, постои мислење, дека тоа се случило некаде во првата половина на XVIII век, по Австро – турската војна во 1736 година, од страна на некој Шакир бег од Дебар.
Ако за ова подрачје од античкиот период немаме скоро никакви историски податоци, за развиениот и доцен среден век ги има повеќе. Градот Кичево со околината се споменува во повелбата на византискиот цар Василиј И по победата над Самуила во 1018 година, како град и област Кицавис“,6 кој припаѓа во епархијата на Охридската архиепископија. Охридскиот архиепископ Теофилакт (крај на XI и почеотк на XII век) во едно писмо го споменува варварското име на градот Κιτταβα,7 што значи дека градот го имал тоа варварско - словенско име и порано, во времето на Самуила и пред него. Истиот архиепископ во едно писмо упатено до цариградскиот патријарх се жали дека некој калуѓер во Кичевската енорија, која нему му припаѓа а без негово знаење се осмелил да гради манастир и да го прогласи за патријаршиски ставропигијален, што било спротивно на канонските црковни права на Охридската архиепископија, па затоа тој го сопрел“.8
Интересен е за нас и податокот од архиепископот Данило“,9 бограф на српскиот крал Милутин, во врска со манастирот св. Ѓорѓи во кичевската област. Тој вели: „Милутин подигнал и обновил многу цркви, а на две стари манастира кои се наоѓаат на српско - византиската граница, Св. Ѓорѓи во кичевската област и Св. Богородица во Трескавец над Прилеп не без политички цели ги посипал со дарови“.
За временското одредување на подигање на Кнежинскиот манастир археолошкиот материјал упатува на XII или почеток на XIII век. Кон ова време се однесуваат споменатите податоци од црковната историја: Теофилакт зборува за забрана на подигање на патријашиски ставропигијален манастир во Кичевската енорија од страна на некој калуѓер, кој, според црковните канони, не смеел тоа да го прави. Со други зборови тоа би било мешање на Цариградската патријаршија во автокефалноста на Охридската архиепископија. Се поставува прашањето, кој е овој калуѓер, припадник на понискиот
5 Б. Панов, Охрид, кн. прва, дел петти, Скопје 1985,200; Коста Н. Костиќ, Наши нови градови на југу, скз, Београд 1922,93. клер кој се осмелува да гради манастир, без знаење на првиот човек на Охридската архиепископија. Иако немаме аргументи кои би одела во прилог, сепак би можеле да претпоставуваме дека се работи за човек од овие краеви, односно Македонец.
Податокот ан архиепископот Данило зборува за стар манастир Св. Ѓ орѓи во Кичевско, што значи дека тој манастир постоел и пред 1282 година, времето кога Македонија е во состав на византиското царство. По оваа година, по заземањето на овие краеви од страна на крал Милутин, со тек на времето територијата на Македонија ќе биде одземена од Византија и со тоа српската средновековна држава ќе се прошири на југ. Во рамките на оваа држава ќе остане се до доаѓањето на Османлиите, седумдесетите години на XIV век. Дали податоците зборуваат за еден ист манастир? Во едно послободно размислување би можело да биде така. Но, засега за нас останува само размисла. ед до систематско испитување на овој локалитет. :
Од аспект на средновековна археологија досега на кичевската област не е посветено доволно внимание. Притоа се мисли на остатоците од црковната материјална и духовна култура. Во овие рамки секако влегува и делот од богатата средновековна книжевна баштина на Македонија, црковните ракописи кои се настанати или се претпоставува дека се настанати во оваа област, а сега се наоѓаат надвор од Република Македонија: Битолскиот триод од XII век10 „ пронајден во Битола при крајот на XIX век и однесен во Бугарија. Пишувач на ракописот е македонскиот книжевник поп Ѓорѓи од село Вапа, Дебарско. Според некои дијалектички особености може да се каже дека потекнува од Западна Македонија, поточно од кичевското подрачје, познат и како Кичевски триод настанат во село Светорачи!". Покрај овој ракопис познати се уште и Вранештичкиот апостол од XIII век, од село Вранештица, сега во Свеучилишната библиотека во Загреб и Кичевскиот октоих од XIV век од село Премка, сега во Народната библиотека во Белград.
Џума џамија12 - Кичево
Исламот на овие простори се јавува од крајот на XIV - XV век, а егзистира до наши дни. Од исламската сакрална архитектура има повеќе објекти во градот и околните села. Најстара е џамијата во село Бичинци, подигната во 1420 година. Денеска селото Бичинци е вклопено во градот Кичево. Во Кичево има шест сакрални објекти, од кои најголема е Џума или Султан Бајазит yamuja’*. Таа се наоѓа во центарот на градот во [ума маало, па оттаму и името Џума џамија. Времето на нејзиното подигање не се знае. Претрпела неколку измени при реновирањата изведени во 1922, 1934 и 1986 година. Традицијата кај христијанското население, оваа џамија ја сврзува со некогашна црква Св. Петка, со тоа што црквата е урната а на нејзино место е изградена џамија. Овој податок за постоење на црквата Св. Петка го среќаваме кај Т. Смињаниќ и В. Петковиќ“, секако земени од месното население. Имајќи го се ова предвид, ја искористивме можноста на два пати да ги следиме земјените работи при градежните зафати на самата џамија во 1986 година и градбата на шедрванот во 1989 година во соработка со Џамискиот одбор.
Во 1986 година при реконструкција на џамискиот под, беа поставени три сонди 2,0x1,0 M, при што беше констатирано следното: современ под од штици, поставен на слој од шут. Под шутот стариот под, направен од хексагонални керамички плочки поставени во слој од малтер. На плочките се гледаат траги од горење. Џамијата страдала во пожар 1932-33 година. Под него се наоѓа слој на горена земја и слој од градежна керамика. Потоа настапува стерилен слој — здравица од нанос, чакал и песок. Други наоди нема.
Во 1989 година, при изградба на шедрванот, во дворот на џамијата беше обележан простор од 5,0x5,0 м во кој с еизведуваа земјените работи. Работите беа следени од затеченото денешно ниво на дворот до појавување на здравица, во длабочина од околу 2 м. При тоа се констатирани два културни хоризонта. Првиот хоризонт е дел од исламска некропола (која се протега околу џамијата), каде се вршело погребување до четириесеттите години на овој век. Времето кога е започнато со погребувањето на овој простор ќе може да се одреди откако ќе бидат прочитани натписите од постојните надгробни нишани. Еден од нив, кој е прочитан, посочува погребување во првата половина на XVIII век“. Откриените гробови 1,2 и 3 целосно се испитани. покојниците се погребувани во цисти, без покрив, со земјен под. Страните на цистата се направени од монолитни плочи, изделкани од бигор (шир. 20 см; долж. до 2 м; висина до 1 м.). Плочите се поставени 1a малтер (гасена вар и песок) помешан со фрагменти од градежна керамика (Сл. 3). Гробот 3 може да се третира и како семејна гробница. Остеолошкиот материјал е слабо зачуван. Погребувањето16 е вршено во редови. Гробовите се обележани и надземно со прегради. Ваков начин на погребување на територијата на Република Македонија се јавува само во уште два случаја на некрополата во Есхи џамија во Тетово. Според тоа оваа некропола е единствен комплекс од т.и. Селџучки начин на погребување . Во гробот 1, во вториот откоп беше откриена држалка од мал скифос, обоена со разреден црн фирнис — хеленистички период ІІТ — П век пред н.е. Камените плочи со својата големина, како и наодот - држалка од скифос во еден момент беа основа за едно послободно размислување дека се работи за елементи од некоја разрушена хеленистичка, односно античка гробница. По извршените проверки, останува засега само фактот дека е пронајден фрагмент од хелинистичка керамика на територијата на градот.
Вториот хоризонт е слој на светло сива земја помешана со фрагменти од садовна и градежна керамика, а последните два откопа се стерилни, здравица составена од песок и чакал. Висината на слојот е околу 1 м. (Сл. 4).
Од садовата керамика застапени се широки лентести држалки изработени од добро пречистена глина со окераст премаз, со орнамент од вертикални врежувања, додека на некои од нив, помеѓу вертикалните врежувања изведена е брановидна линија со четка. Аналогии за нив наоѓаме во наодите од црквата Св. Атанас во Варош, Прилеп, датирани од XII до XIV век"".17 На неколку фрагменти од мев на стомни се јавуваат геометриски орнаменти изведени во техника на сликање со енгоба (Сл. 5). Техниката на сликање со четка е карактеристично 3a XIV - XV век. Таква керамика е најдена на локалитетите: Св. Атанас во Варош, Прилеп, Поречка река на Дунав и други"“.18 Пронајдени се и фрагменти на садова керамика со остатоци од темно зелена глеѓ. Дел од пронајдените керамички фрагменти би можел да биде од локална провениенција. Претпоставката ја базираме на постоење на богатите и квалитетни глинени наслаги во близина на селото Вранештица, каде што е
P= 4:2 P=4:2 развиен грнчарскиот занает. Керамичките производи на вранештичанските мајстори се од врвен квалитет. Грнчарскиот занает во овој крај има зачетоци во средниот век.
Трпезна керамика. – Фрагмент од чинија со висока прстенеста нога, црвено печен и добра фактура. Луксузна изработка. Од надворешната страна е попрскан со прав од златест лискун. Внатрешноста на чинијата е со сликана декорација. Во зачуваниот дел од медалјонот, орнаментиката е составена од две спротивно поставени сферни линии и една права линија меѓу нив, како дел од композиција, изведени во темно зелена глеѓ на окераста основа, под која се гледа премачкување на бела енгоба. Тоа е основа за целата внатрешност на чинијата. Над медалјонот се наоѓаат две зони во кои се изведени полупалмети со светло зелена и темно зелена глеѓ, наизменично поставени со темињата. Од надворешната страна има бела енгоба и темно жолта глеѓ по работ, како и остаток од орнаментика, можда дел од буквата X (Сл. 6). За овој наод немаме
засега дирекни аналогии, па го датираме пошироко во средновековнисто и турски период. Пронајдени се и фрагменти од црепна, со лоша и осредна фактура.
Од повеќето фрагменти на градежната керамика издвојуваме два фрагменти од покривна ќерамида, кои од надворешната страна се глеѓосани со __ темножолта и кафеава глеѓ. Глеѓосана покривна ќерамида се јавува на средновековните сакрални објекти: манастирскиот комплекс Св. Горѓи во Старо Нагоричани"“,19 манастирските комплекси Св. Прохор Пчински, Градец и Копоран, откриени при реконструкцијата на покривите“:.20 Датирани се во втората половина на ХШ па се до почетокот на ХУ век. Постои мислење дека се употребувани и во покривните конструкции на средновековните цивилни објекти. Податок за употреба на овој вид ќерамиди во исламската сакрална архитектура на територијата ан Република Македонија засега не ни е познат. Откриениот движен археолошки материјал покажува дека се работи за развиен и доцен среден век со индиции за постоење на профан или судејќи по глеѓосните ќерамиди можеби за сакрален објект. ;
Ова испитување донекаде го потврди преданието дека на овој простор постоел живот во средниот век, но загатката за црквата Св. Петка ќе остане и понатаму. Истата обврзува следење на градежните зафати во иднина околу Џума или Султан Бајазит џамија, нејзиното дворно место и поширокиот простор околу неа.
GORDANA SPASOVSKA DIMITRIOSKA – Kičevo
Белешки
- Археолошка карта на со Кичево XXVII, Археолошки музеј на Македонија, Скопје 1980 г.; Т. Смиљанић, Кичевија, Српски етнографски зборник, Београд 1935, 339-484; Г. Спасовска Димитриоска, Археолошки истражувања на градиштето „Венец“ кас с. Миокази, Кичевско, мад 7-8, Скопје 1987,167-175; Г. Спасовска Димитриовска, Остатоци на доцноантичка архитектура на градиштето „Венец“ во Миокази-Кичевско, Лихнид 7, Охрид 1989, 43-49; Г. Спасовска Димитриовска, Античка камена пластика од Кичево и Кичевско, Културно наследство, бр. 16, Републички завод за заштита на спомениците на културата, Скопје (во печат); Света Пречиста Кичевска, Културно историско наследство на С. Р. Македонија, Скопје 1990. ↩
- Археолошка карта на со Кичево... op. cit., Т. Смиљанић, op. cit., 339-483. ↩
- В. Лилчић, Марков град – Матка, Историја, бр. 2, Скопје 1983, 285-286; А. Дероко, Средњовековни градови у Србији, Црној Гори и Македонији, Београд 1950,20; В. Поповић, Албанија у касној антици, Илири и Албанци, сану, Београд 1988,222. заедница-Скопје. ↩
- В. Маленко, Ранохристијански објекти во Охрид и Охридско, Лихнид 7, Охрид 1989, 9-10; В. Поповиќ, Албанија у касној антици... Ор. cit,, 222; Г. Спасовска Димитриоска, Античка камена пластика... (во печат); В. Лилчиќ, Траги на ранохристијански базилики во средното Повардарие, Лихнид 7, Охрид 1989, 7, Т. IV, 19-21. ↩
- И. Микулчиќ, М. Билбија, Маркови кули - Водно, мад 7-8, Скопје13 1987,209. ↩
- Б. Панов, Охрид во крајот на XI и...191.; П. Миљковиќ Пепек, Вељуса, Скопје2 1981. ом. Георгиевски, Стари музички ракописи во M ја, Тр2 43a в четврток, Нова Македонија - Лик, 16.8.1989 г. И. Иванов, Белгарски старини из Македонил, Софил 1931, 454; Б. Панов, Средновековна Македонија 2, Скопје 1988, 328. ↩
- Б. Панов, Охрид во крајот на XI и почеток на XII в. во светлината на писмата на Теофилакт Охридски, Зборник посветен на Димче Коцо, Археолошки музеј на Македонија, Скопје | 1975, 190. Св. Радојчиќ, Српска средњовековна уметност, Београд 1982,74. ↩
- М. Димовска-Чоловиќ, Г. Димитриоска, Р. Момидиќ, J. Тричковска 3. Маретиќ, Градителско наследство на Кичево, Културно наследство, 14/15, Скопје 1990, 108. ↩
- В. Петковић, Преглед цркава кроз повесницу српског народа, сан књ.С? II, Београд 1950, 145.; Т. Смиљанић, Српски етнографски... 410. ↩
- Изразуваме благодарсност на Џамискиот одбор на Џума џамија-Султан Бајазит џамија и на претседателот на Одборот Г-дин Бедо Канзоски за соработка. ↩
- Усно соопштение на колегите Бехиџудин Шехапи, ист. на уметност, Исламска верска заедница-Скопје. ↩
- Податок од бехиџудин Шехапи, ист. на уметност, Исламска верска заедница – Скопје. Му благодариме за колегијалната соработка. ↩
- Б. Бабиќ, Материјалната култура на македенските Словени во светлината на археолошките истражувања во Прилеп 1986,287 - 295, цртеж 77. ↩
- Б. Бабиќ, Материјалната култура... 296, фот. 93,2; J]. Маниќ, Поречка река, средновековно насеље и некропола, Старинар ХХХІІІ-ХХХІ, Археолошки институт, Београд 1982- 1983,204. ↩
- Усно соопштение на инж. Мишо Милоевиќ и инж. Тодор Паскали, на кои во оваа прилики им благодариме. ↩
- Фриндрих. О кровним покривачима на нашим средњовековним грађевинама, Старинар XXIV - XXV, 1973 - 1974, Београд 1975,121 - 129, ↩
Résumé
Resherches faites sur les batiments religieux : le complexe monastique Sait Georges a Knežino et la mosquee Džuma a Kičevo
(RESUME)
Le complexe monastique du village de Knežino près de Kičevo est une localit€ qui mérite norte attention du point de vue de |’archéologie médiévale, c’est-a-dire de I’étude de l’histoire ecclésiastiquet et culturelle de cette région.
Les fouilles de sondage de 1985 ont offert des vestiges de la culture matérielle, tels des fragments de céramique de construction — tuiles du type comnénien a partir de la fin du XIe siècle jusqu’en 1185, des fragments de peinture murale, ets. Ces fouilles ont montré que ce monastére avait été probablement construit aux
XIIe et XIIIe siècles sur l’emplacement d’un bâtiment sacré plus ancien ou à sa proximité. Nous supposons qu’il existe une possibilité de coincidence, c’est-a-dire une confirmation des sources historiques par les vestiges de la culture matérielle découverts en 1985.
Sources historiques: Le patriarche d’Ohrid Théophilacte, de la fin du Xle et du début du XIle siécle, se plaint et proteste, dans une lettre adressée au patriarche de Constantinopole, qu’un moine de la région de Kičevo, qui lui appartenait, était en train de consruire, sans son savoir, un monastére qu’il proclamait de monastére de patriarcat, mais qu’il l’avait empéché. L’évéque Danilo, le biographe du roi serbe Milutin, a noté: le roi Miluitin a offert beaucoup de dons a deux anciens monastéres qui se trouvaient a la frontiére serbo-byzantine. C’étaient St Georges dans la région de Kičevo et Ste Vierge à Treskasvec, près de Prilep. Cet acte n’a pas été sans raisons politiques et aurait pu advenir avant 1282.
La mosquée Džuma – mosquée du sultan Bayazid à Kičevo Dans la tradition populaire, une légende a été gardée dans la population chrétienne, a savoir qu’a emplacement de la mosquée actuelle il existait une église consacrée a Sainte Parascéve. Cette légende a été notée par T. Smiljanié et V. Petkovié.
Des travaux de conservation ont été entreprises 8 deux reprises: en 1985, des travaux de restauration de la mosquée. Les deux fois, nous avons suivi les travaux de terrassement. Norte intérét a été porté a la couche culturelle du deuxiéme horizon (le premier horizon étant la nécropole islamique), plus précisément 4 son contenu, soit les vestiges de la culture matérielle: fragments de vaisselle et de céramique de consruction. Les fragments de céramique de vaisselle appartiennent chronologiquement, de par leur facture et leur ornementation, au milieu du Moyen age et a la fin du тете 4ge ou la période turque (XIle au XVIe siécle). Nous distinguons particuliérement les deux fragments de tuiles, enduites d’un vernis jaune foncé et brun. Nous trouvons des analogies dans les trouvailles des batiments sacrés – les églises monastiques St Prohor de Pčinja et St Georges à Nagoričane près de Kumanovo, datées de la deuxième moitié du XIIIe siècle et du début du XVe siécle respecivement.
Les trouvailles archéologiques découvertes en 1989 ont démonré qu’au Moyen Age il y avait une vie sur ce territoire. Ces trouvailles soutiennent, dans une certaine mesure, la tradition populaire, mais elles exigent qu’on suive les travaux de terrassement autour de la mosquées et dans ses proches environs afin de résoudre l’énigme relative a l’existence de l’église Ste Parascéve au Moyen Age.