Macedoniae acta archaeologica 13 (1993) · стр. 245–252

Словенска некропола кај с. Дуње - Мариово

Со археолошкото рекогносцирање извршено од страна на Заводот и Музеј - Прилеп во 1982 год. во рамките на проектот „Археолошка карта на Македонија“, на подрачјето на прилепскиот дел од Мариово евидентирани се повеќе локалитети. Меѓу другите локалитети на просторот меѓу селата Кален и Дуње односно на 2 км југоисточно од с. Кален односно 2 км југозападно од с. Дуње, а на 300 м лево од современиот пат Прилеп-Витолиште регистриран е локалитетот Трпчева Црква. Притоа на локалитетот се констатирани остатоци од сакрална градба се полукружна апсида и зидови од кршен камен и малтер зачувани во висина до 1 м и ширина од сса 0,70 м. Во непосредна близина на овој објект, на површина од околу 300 x 500 м? воочливи се остатоци од градби.1

При оваа посета е забележана појавата на употреба на овој разрушен црковен објект од страна на мештаните за духовни потреби, односно палење на свеќи и оставање на скромни прилози во импровизираната камара. Во текот на 1985 - 1986 год. мештаните самоиницијативно презедоа акција за обнова на ова старо свето место при што со сопствени средства на темелите на стариот објект издигнаа скромна мала црквичка изградена од камен и кал. При изведувањето на градежните работи, со копање на земја во непосредна близина на објектот се оштетени 2-3 гроба во кои се најдени и гробни наоди.

Имајќи ги предвид овие податоци, како и намерата на мештаните да доградуваат и други објекти во непосредна близина на оваа црквичка, Заводот и Музеј - Прилеп со Програмата за работа во 1991 год. презеде заштитни археолошки истражувања како континуитет на истражувањата на профани и сакрални градби во Мариово со посебен акцент на доцноантичките и средновековните некрополи.

Со археолошките ископувања опфатен е дел од некрополата од источната страна на обновената црква. Истражен е простор од 200 M2, а работено е по системот на квадранти 5 х 5 м. На овој простор најдени се 18 гробови од словенска некропола (Сл. 1).

Општа карактеристика на теренот е тоа што дебелината на земјениот слој на површината е многу мала при што на длабочина од околу 0,29 м од површината се појавува ронлива мека жолтеникава стена, со исклучок на повисоките делови каде слојот на земја се следи до длабочина 0,75 - 0,85 м. Затоа и вкопувањата на гробовите се вршени на релативно мала длабочина од

Сл. 1 Поглед на дел од гробовите во кв. 3 и 4 Ph. 1 Vue sur une partie des tombes dans les carrés 3 et 4
Сл. 1 Поглед на дел од гробовите во кв. 3 и 4 Ph. 1 Vue sur une partie des tombes dans les carrés 3 et 4
Сл. 2 Поглед на гробовите 14, 15 и 16 во кв. 8 Ph. 2 Vue sur les tombes 14,15 et 16 dans le сате 8
Сл. 2 Поглед на гробовите 14, 15 и 16 во кв. 8 Ph. 2 Vue sur les tombes 14,15 et 16 dans le сате 8

0,35 - 0,85 м од површината на теренот во зависност од дебелината на земјениот слој и во сите случаи гробните камари се констатирани на длабочината каде почнува ронливата стена односно под слојот од земја. Гробните камари се исполнети со слој од темносива земја кој е нанесуван по извршеното вкопување.

Сите гробови се всечени во ронливата жолтеникава стена со таа разлика што кај некои има а кај некои нема гробна конструкција (Сл. 2). Во таа смисла на овај дел од истражената некропола можеме да издвоиме три типа на гробни конструкции: гробни камари директно всечени во ронливата стена (Сл. 3), гробрни камари делумно оградени од внатрешната страна на укопот со поситни или покрупни камења и гробни камари целосно оградени од внатрешната страна на укопот со поголеми плочести камења (Сл. 4). Што се однесува до покривните конструкции, само во два случаи гробовите имаа покривна конструкција од поголеми плочести камења и тоа кај гробовите кои целосно се и оградени со камења од бочните страни и во еден случај кај директно всечена камара во ронливата стена каде за покривните плочи беше направен жлеб во стената врз која тие плочи се поставени. Вакви типови на гробни камари се најдени и на некрополата Задна Река - Грмајте кај с. Витолиште,3 која се наоѓа на околу 30 км североисточно од оваа некропола. Исто така нив ги среќаваме во поголема или помала мера на територијата населена со словенско население на поширокото подрачје на Македонија,4 Србија,5 Бугарија6 итн.

Специфично за некрополата на лок. Трпчева Црква, како што погоре веќе беше истакнато, е тоа што поради самата конфигурација на теренот и тенкиот слој на земја врз него, гробните камари морале да се всекуваат во стената која со својот мек состав и порозност дозволувала лесно да се формираат гробните камари во истата. Таквиот начин на всекување на гробните камари на некој начин ја прави поразлична до гореспоменатите некрополи каде вкопувањето е вршено директно в земја или во земјата се формирале гробни констуркции.

Скелетите во гробовите се испружени, со рацете прекрстени високо или ниско на стомак; едната испружена ниско на карлицата, другата високо на градите, или едната под прав агол ниско на градите а другата покрај телото, и, главно се добро зачувани, со исклучок на детските скелети од кои од два се најдени само делови од черепот, а останатите три се во состојба на распаѓање. Од вкупно истражените 18 гроба пет му припаѓаат на детски скелети, појава која се повторува скоро на поголемиот број средновековни некрополи и упатува на социјалната и економската положба на населението во времето на користењето на овие некрополи.

Ориентацијата на гробовите е 3 - И со помали отстапувања во неколку случаи кон север. Интересно е да се напомене дека во два случаи констатирано е дополнително вкопување во гробните камари при што скелетот од постариот укоп е наоѓан дислоциран и измешан над површината на помладиот укоп. Во еден случај најдени се само дислоцираните коски од скелетот, а при чистењето на гробната камара не се најдени остатоци од друг укоп. Ваквата појава не наведува на размислување за можноста на постоење на некакво означување на гробовите при што би било можно и во подоцниот временски период да се користат постарите гробови за вкопување. Но со оглед на фактот дека кај сите овие гробови не беа најдени ниту насетени остатоци од некакви гробни обележувања, на мислење сме дека и доколку постоеле такви обележувања биле од материјал со временска органичена трајност; во секој случај дополнителните укопи би можеле временски да настанат во временски период не многу подоцнежен од времето на користењето на некрополата.

Сл. 3 Гроб 16 - директно всечен во ронливата стена Ph. 3 La tombe 16, entaillée entièrement dans la roche poreuse Сл. 4 Гроб 8 — камера оградена со плочести камења214 Ph. 4 La tombe 8, chambre cloisonnée par des plaques де pierre13
Сл. 3 Гроб 16 - директно всечен во ронливата стена Ph. 3 La tombe 16, entaillée entièrement dans la roche poreuse Сл. 4 Гроб 8 — камара оградена со плочести камења214 Ph. 4 La tombe 8, chambre cloisonnée par des plaques де pierre13

Фактот што од 18 истражени гроба во 9 се најдени гробни наоди, укажува на можноста на покојниците за трајна сопственост на предметите кои имаат лично-украсна намена со исклучок на една железна тока која е составен дел на облеката на покојникот. Личните украсни предмети се состојат од чифт обетки од сребро со четири јагоди, чифт обетки од типот на алки од бронзен тел, неколку бронзени прстења со разни големини и форми, како и две тордирани белегзии од бронза, при што по важноста на наодите се издвојува гробот бр. 16 во кој беа најдени чифтот обетки со четири јагоди и сребрен прстен со купеста глава.

Обетките со четири јагоди му припаѓаат на најкарактеристичниот тип на накит од белобрадската култура, кои според типолошката поделба на M. Љубинковиќ се сврстуваат во втората варијатна на вториот вариетет.7 Горниот дел на алката завршува со кука за затворање на петелката, долниот дел е задебелен со нагласени ребра, централниот дел има крупни гранули врз кои е поставена по една биконусна јагода, додека останатите две се од бочните страни (Сл. 5).

Сл. 6 Сребрен прстен, гроб 165 Сл. 5 Сребрени обетки, гроб5 16
Сл. 6 Сребрен прстен, гроб 165 Сл. 5 Сребрени обетки, гроб5 16

Ph, 5 Une раше де boucles d’oreilles Ph. 6 Une bague en bronze provenant

en bronze provenant de la tombe 16

de la tombe 17

Досега на територијата на Македонија било како затворени целини. било како случаен наод од овој тип на обетки најдени се само на неколку локалитети меѓу кои ќе ги наведеме Бегов Даб“8 и Демир Капија9 како затворени гробни наоди, од с. Крњево — Кавадаречко!“ од растурени гробови. како и примерокот од Скупи11 најден во поврвинскиот шут. Досега најдените примероци се претежно од сребро. со исклучок на наодот од Скупи кој е излиен од бронза.

Нашиот чифт на обетки по формата и начинот на изработка најблизок е со наодот на чифтот обетки од лок. Бегов Даб кај с. Дулица. Покрај територијата на Македонија. каде од гореизнесеното се гледа дека овој тип на обетки со византиско потекло це се често присутни на овие простори, нив ги среќаваме и ца локалитетите во Србија.12 на хрватските средновековни некрополи,13 како и во Чешкословачка и Бугарија, каде тие се вклопуваат во временските рамки од ІХ–Хвек.

Обетките од типот на обични алки од бронзен тел. поради својот едноставен и лесен начин лил изведување се омилен и чест накит на словенските некрополи во подолг временски период. Од нив на лок. Трпчева Црква најдени се четири примероци со различна големина и дебелина на телот. Нив ги среќаваме доста често како на средновековните некрополи во Македонија 1“ така и на некрополите во Источна Србија, Подунавјето и пошироко.

Да ги споменеме и прстењата кои исто така се издвојуваат на некој пачии по својата форма и начинот на изработка. Како најинтересен и за нас најзначен е сребрениот прстен со купеста глава најдени во гробот бр. 16 заедно со чифтот обетки со четири јагоди (Сл. 6). Има тенка лентеста алка врз која лежи купеста шуплива глава богато украсена со грапулирање. Ваквите типови на прстења кои водат потекло од доцната антика биле во употреба и во Византија од каде ги преземаат Словените. Аналогии за овај тип ца прстења наоѓаме во Демир Капија, Градиште – Дреново, Матичане, Птујски Град. Бискупија - Црквина?? и истите се датирани во |X-X век.

Покрај овој прстен ќе ги споменеме и двата бронзени прстења кои припаѓат на истиот тип. Едниот е масивен чија алка преку нагласените ребрести задебелувања преоѓа во издигната плочеста глава украсена со врежани кругови пунктирани во средината (Сл. 7) Овој прстен најблиски аналогии има со прстенот од Прилеп,25 со прстенот од лок. Цигански гробишта — Радолиште.?" и со прстењата во Демир Капија,~ кои се сместени во временските

М. Јанковић Неки податци о изради предмета од обојених метала на Кључу Дунава у IX-XI sexy, Зборник Народног музеја ХІ-1, археологија, Београд, 1983, 103.

© D. Jelovina, Starohrvatske nekropole, Split, 1976, 102, T XXII-1,6, T XL-10,11.

HE. Kalousek, Breclay-Pohansko, Velkomoravské pohfebiste и kostela, Brno, 1971, 150, T 28; B. Chropovsky, Vyznamné slovanské ndleziska na Slovensku, Breatislava, 1978, 35, obr. 12/5.

5 Л. Дончева-Петкова, Средновековно селише при с. ОдБрци Толбухински окрег, Известия на нардония музеи Варна, книга 17(32), Варна, 1981, 25, T ІІ-1; Ж. Вњжарова, Златни накит от гроб 27 в Плиска, Археолога 1, 19809, 52, обр. 1.2.

© B. Aleksova, Demir Kapija, 52; Б. Бабиќ, op. cit. 278; ЈИ. Кепеска, K. Кепескиа, Средновековна некропола од Задна река - Прилепско, Macedoniae acta archaeolgica 11, Скопје, 1990, 195.

7 РТ, Марјановиќ - Byjosuh, Трњање српска некропола (крај ХГ-почетак XIII века) Веоград, 1984, 87; M. h, Две средњовековне некрополе у источној Србији, Старинар н.с. XXIV-XXV, Београд, 1975, 235; С. Павловиќ - Epyerosuh, Прилог проучавању средњовековних некропола у источној Србији, Стааринар н.е. XVII, Београд. 1967, 146; Д. Миниќ, Средњовековна некропола на Великом Градцу код Доњет Милановца, Старинар н.с. XX, Београд, 1969. 239.

"8 Б. Алексова, Демир Капија, 58, 59, T XVIII 179-190.

1 Г. Микулчиќ, ор. си. 144, sl. 5.

2 V. Jovanovié, Lj. Vuksanovié, Matigane nékropole sud-Slave de H“ et H"“ siécle, Inventaria рамки од |X-X век. Другиот, за разлика од гореспоменатиот, има алка со благо нагласени ребрести задебелувања кои преминуваат во издолжена елипсовидна глава.

Сл. 7 Бронзен прстен, гроб 8 Ph. 7 Une bague еп bronze provenant de la tombe 8
Сл. 7 Бронзен прстен, гроб 8 Ph. 7 Une bague еп bronze provenant de la tombe 8

Меѓу26 останатите предмети за лично украсување се и двете тордирани белегзии. Белегзиите се изработени од два чифта на спирално свиткана жица чии краеви завршуваат во вид на конци. Белегзиите од тордирана жица исто како и обичните обетки-алки се присутни на повеќето словенски некрополи во подолг временски период и нив ги среќаваме како на некрополите во Македонија така и иа поширокото Балканско подрачје.

Освен горенаведените украсни предмети, од предметите кои се составен дел ца облеката најдена е само една железна тока. ТОКИТе не се многу честа појава и на другите некрополи и претежно се наоѓани во машките гробови.27

Од досега истражените гробови од делот на словенската некропола на локалитетот Трпчева Црква можеме да заклучиме дека истата му припаѓала на помала населба. најверојатно од селски тип. Почетоците на користењето на оваа некропола ги ставаме во крајот ца 1X и почетокот на X век, а чие користење најверојатно се одвивало и преку целиот XI век. односно во времето на новосоздадените историско-политички и општествено-економски од-НОСН од една страна и создавањето на значајните христијански религиозни центри во Македонија од друга страна, со што се создадени и услови за продор на културните влијанија од соседна Византија.

LILJANA KEPESKA

Белешки

  1. К.1 Кепеска, К. Кепески, Б. Китаноски, Мариово – реконгносцирање, Arhološki pregled 25, Beograd, Ljubljana, 1986, 117. ↩
  2. Стручната екипа ја сочинуваа Л. Kenecxa - раководител, K. Кепески - соработник, B. Атанасоски – документатор илустратор. ↩
  3. JI. Kenecxa, K. Кепески, Двојна некропола — Задна Река, Macedoniae acta archaeologica, 2 Скопје, 1989, 215. ј ↩
  4. B. Aleksova Demir Kapija, Dissertationes , 1, 24, Б. Бабиќ, Материјална култура на македонските Словени во светлината на археолошките11 истражувања274 во Прилеп, Прилеп 19896, ↩
  5. С. Ерцегобвић – Петровић, Средњовековна некропола10 у Нишу, Старинар н.с. XXVII, Беопград, 1977, 83; М. Паровић – Пешикан, Средњовековна некропола у Сремској Митровици, Старинар н.с. XXXI, Беопград, 1981, 181. ↩
  6. Ж. ВЪжарова, Славяни и ПрабЪлгари, София, 1976, 177, 265. IX, Prilep, 1970, 162, T -, /2. ↩
  7. М. Ђоровић – Љубинковић, Метални накит белобрског типа, Старинар н.с. II, Беогград, 1951, 49. ↩
  8. I. Mikulčić, A. Keramitčiev, Neki novi oblici ranog slovenskog nakita u Makedoniji, Materijali IX, Prilep, 1970, 162, T -, 72. ↩
  9. B. Aleksova, op. cit., 53, T XIII/85-94. ↩
  10. ЕН Алексова, Наоди од средновековната словенска некопола во с. Крилево, Кавадарско, Годишен зборник на Филозофскиот факултет на универзитетот во Скопје, книга 4, Скопје, 1978, 34, 35. ↩
  11. Г. Микулчиќ, Нови старословенски наоди во Македонија, Зборник на Архелошки музеј на Македонија, книга X – XI, Скопје, 1983, 144. 634. ↩
  12. P. Korošec, La nécropole de Ptujsi grad Ptuj, Inventaria archaeologica, 1971, facsiculie 13, Y Os a D. Jelovina, op. cit., 109, T HH’t-10. іе Културно богаство на Прилеп, каталог на изложба, Београд, Прилеп, 1976, кат. 24. ↩
  13. On археолошкото богаство на СР13 Македонија, Каталог од изложба, Скопје, 1980, кат ↩
  14. B. Aleksova, Demir Kapija, 59, Hf¨ 151 – 174. ↩
  15. Фотографиите ги изработи ЈІ. Димески, цртежите Б. Атанасоски. ↩
  16. B, Aleksova, op. cit., T HH“ 295-296; L. Kepeska, K. Kepeski, op.cit., 196 ; Г. Марјано-Buh-Byjosuh, op. cit., 98,99. : 77 Б. Алексова, оп. цит., 60; Г. Марјановиќ-Вујовиќ, о.5., 73.74; 7. Ужарова, ор. cit., ↩

Résumé

La necropole slave pres du village de Dunje, Mariovo

(RESUME)

Au cours des travaux archéologiques entrepris en 1991 en vue de protection sur la localité Trpéeva crkva, prés du village de Dunje, on a déterré un partie d’une nécropole slave. On y a découvert 18 tombes dont 5 contenaient des squelettes d’enfants.

A cause de la configuration du terrain qui n’a qu’une mince couche de terre, les constructions tombales avaient été entaillées dans la roche jaunatre, fragile et poreuse. Nous distinguons trois types de tombes suivant la maniére dont elles avaient été formées: des chambres tombales entaillées dans un rocher, des chambres tombales partiellement cloisonnées et des chambres tombales entiérement cloisonnés par des pierres plus ou moins grandes. Cette nécropole appartient au type de nécropoles a rangées, l’orientation des tombes y est ouest-est, a l’exception de quelques cas ov il y a une orientation vers le nord.

Dans neuf tombes, on a trouvé des trouvailles tombales composées d’objets servant 4 une décoration personnelle, tels une paire de boucles d’oreilles avec quatre fraises, une paire de boucles d’oreilles qui sont de simples anneaux, quelques bagues en bronze et deux bracelets tordus. Les recherches faites sur les tombes trouvées dans une partie de cete nécropole slave nous font penser qu’elle avait appartenu 8 une agglomération a petites dimensions, le plus vraisemblablement de type villageois. La nécropole aurait commencé a бие utilisée a la fin du [Xe et au début du Xe siécle et elle a certainement été en usage tout au long du Xle siécle, c’est-a-dire pendant la période od, d’une part, de nouveaux raports historico-politiques et socio-€conomiques étaient créés en Macédoine et de Гаице, la création d’importants cenres chrétiens a créé des conditions favorables a la pénération d’ifluences culturelles venant de Byzance voisine.