Macedoniae acta archaeologica 13 (1993) · стр. 17–30

Неолитска населба "Чубук Чешма"- с. Никуштак, Куманово

Неолитската населба на археолошкиот локалитет „Чубук Чешма“! се наоѓа југоисточно од селото во неколку ниви расположени на тераси што се спуштаат од исток на Скопска Црна Гора кон Кумановско поле. Локалитетот од северната и јужната страна е заграден со длабоки долови во кои постојано тече вода од планината. Околниот терен се исто така тераси со плодна земја, питоми падини отворени кон сите страни, освен кон планината. Комуникацијата со соседните истовремени населби од Кумановско и Скопско е лесна и блиска“.2 Околината и природните ресурси - плодни ниви. вода и планината како извор на дрво и дивеч се амбиентот во кој егзистирала населбата и кој го одредува нејзиниот земјоделски карактер. Имено и во ископувањата не се најдени животински коски, што значи дека сточарството или ловот се сосема ирелевантни за животот на жителите на населбата.

Археолошките истражувања беа од мал обем и имаа цел преку една сонда да се констатира вертикалната и хоризонталната стратиграфија на населбата и нејзината културна определба.3 Овие елементи се важни од аспект на културното распростирање на Анзабегово-вршничката културна група и особено што со длабоките орања во последните години првите слоеви во длабочина од сса 0,40 - 0,50 м“4 се уништени. Покрај тоа и сопственикот на нивата перманентно секоја година од движниот археолошки материјал — Керамика, камен и куќен лепеж, исфрлал. Така, проспекцијата на теренот покажа дека на локалитетот покрај неолитската се наоѓала и населба од римскиот период.

Вертикалната стратиграфија на истражуваните делови од населбата е следната:

Преораниот слој е доста длабок; под него е вториот слој со светлокафеава растресита земја со многуброен керамички материјал; третиот слој е со светло жолта боја и растресита структура, пробиен од претходниот со две јами, делумно констатирани во северниот дел на блокот. Во овој случај на с/и агол од блокот е констатиран дел од куќен лепеж со компактна структура. Во четвртиот слој, со црна компактна земја се вкопани јамите. Движниот археолошки материјал во него е многуброен. Петтиот слој е од темножолта глина со компактна структура, фрагментарно присутен лепеж и чакал. Овој слој е потенок на западниот профил заради падот на теренот кон исток, а под него се наоѓа слој од чакал.

Илустрација, стр. 18

Во овие слоеви се издвојуваат два хоризонта на живеење од неолитскиот период, среден и доцен неолит. Од нив, постариот слој, среднонеолитскиот е фиксиран in situ а за вториот некои согледувања се добиени по компаративен метод.

Среднонеолитскиот слој го карактеризира следната керамика: грубата, со фрагменти од големи садови - питоси и грнци, најповеќе со барботин декорација. Таа е изведена со повлекување на прсти или нокти (Т. VI, 1-3,5,7) или impresso убоди од нокти (Т. VI, 6). По боја оваа керамика е кафеава или кафеаво - црвена. Присутни се и фрагменти од големи груби паници со рамни венци украсени со втиснат венец од прсти. Осредната керамика е помалубројна во однос на грубата и главно тоа се кафеави фрагменти од топкалести затворени садови со замазнета површина (T. V, 4-7).

Од култна пластика и жртвеници (од постариот слој) е пронајдена една фрагментирана стауета на животно без идентификација. Ваква стаутета е има сива боја.8 Исто така два фрагмента од статуети (T. IV 3,4), од кои првата е многу шематизирана и рустична; а втората е нога, се единствените претстави на човек. Така за духовниот живот на жителите на ова населба ништо не можеме да дознаеме од разултатите на истражувањата. Аналогиите покажуваат сличност со разни примероци од повеќе локалитети на Анзибегово — вршничката културна група. Така примерокот од T. TV 4 има директни аналогии со еден примерок од Рут Баир.9

Во истражувањата и на двата културни слоја и на површинскиот материјал во целиот локалитет кремени и камени одудија не се констатирани иако без сомнение се употебувале. Можеби и на населбата не се произведувани но се донесувани од други локалитети - наслеби.10 "е Помеѓу постариот слој и помладиот во југозападниот агол е констатирана и истражена една група камења што асоцираше на гроб. Градена е од странични големи камени плочи фланкирани со помали, дно од камења и тегули. Исполнет беше со различни фрагменти керамика и од постариот и од помладиот слој. Други движни наоди немаше како ни остелошки остатоци.

Помладиот културен слој, како што кажавме, е потполно преоран и испревртен. Со селекција и аналогија од погорните откопи и посигурно фиксираните подолни се издвоени покарактеристичните форми и врсти керамика од кои дел ги презентираме.

Најкарактеристична е сивата сјајно мазнета керамика со коси или вертикални канелури (T.V,1-3), по форма биконусни, со вертикални држалки или брадавичесто нагласени, со венци благо здебелени и разгрлени. Доминира 5 профилацијата кај грнците и паниците. Кај некои паници косите канелури почнуваат од вратот (Т.1,2-6). Некои широки паници имаат задебелени венци со коси канелури (Т. V,6.). Од другите форми и видови забележителни се неколку рамни дна или благо нагласени (Т 14,5) и керамика со врежани вертикални линии (Т. Ш, б) или во хоризонтални полиња (Т. Ш, 5). Impresso техниката е применета кај еден грнец со фина фактура (Т. III, 1), со блага 5 профилација, вертикални држалки и во хоризонтални редови убоди од остар предмет. Аналогиите на ова керамика од помладиот слој ги наоѓаме во доцнонеолитските фази од Анзабегово - Вршник““, Зелениково11 !", Руг Баир,12 Алии Дол",13 Тумба Палчиште!“14 и на Брег во с. Младо Нагоричане".15 Пластиката од помладиот слој е застапена со еден примерок од машка статуета (Т. IV, 2) со сива боја и осредна фактура. Статуета има столбеста форма со убаво моделирани машки полни органи недостасуваат главата и рацете. Потполно

8 С. Саржоски - J], Здравковски. Т

, 1 ци, Зборник на Ш музеј IV - V, Штип 1976, 203-246, Т.Х, 3. ма ќ or о .

“ M. GaraSanin, Zelenikovo II, PJZ II, Sarajevo 1979, 207-211.

A B. Санев, Руг Баир... о.с. 216.

. Д. кс ее, M. Шурбаноска, Извештај од заштитното истражување на ха „Мавровица“ во село Немањици - Светиниколско, Зборник на археолошки зеј ја X-X Скопје, 1983, 111-131. ќ J понежна,

™ C. Саржоски, J]. Здравковски. Т

„ЦП, - Тумба во село Долно Палчиште — Т » Масеԁ. archacol. 12, Скопје 1991, 131-144, : зани iia

; ре г“, село Мл Maced. acta archaeol. 9, Скопје 1988, 43-63, ‘i нане ани идентична е и истовремено и статуетата од Амам во село Лопате, неколку километри северно од Никуштак.16

Во истражувањата на преораните слоеви на наслелбата е регистрирана керамика (Т.І, 1-3; Т.ІІ,2) со сива боја, осредна фактура и замазнети површини која припаѓа на подоцнежните периоди од предисторијата. Тоа се две фрагменти од држалки со рожести завршетоци и еден фрагмент (Т.1 1,2) од паница со вовлечен венец и рожесто нагласена држалка. Венецот е декориран со плитки канелури и два реда хоризонтални убоди од остар предмет. Ситуацијата на нивното наоѓање не дозволува фиксирање со неолитскиот слој во смисла на континуитетот или хронолошко - културен хијатус. Овие форми и типови на керамика се присутни на енеолитските локалитети е во Централен Балкан, поточно во Бубањ - Салкуца - Криводол културниот комплекс. Во Македонија се наоѓаат на блиската енеолитска населба на локалитетот yoke глиговски камен - Костоперска карпа17,18 Пилаво во село Бурличево!“19 na Средна Брегалница и повеќе локалитети во Шуплевец - Бакарно Гумно културната група на Пелагонија.20

Понатамошното живеење на локалитетот го одразуваат извесни траги со црвена керамика и тегули од римски период, но заради скромноста, без прецизни заклучоци. Имено, тегулите најдени со истражувањата упатуваат евентуално на постоење на римска некропола, доколку гробот е тоа, или постоење на некој полски имот. Временски најдоцни се фрагментите Керамика со осредна фактура и сива боја (Т.Ц, 1;1J1,3) од средниот век.21

Сумирајќи ги резултатите од истражувањата, во овој момент, може да се заклучи дека неолитската населба има два слоја на живеење. Постариот културно и временски припаѓа на фазите III и IV од Анзабегово - вршничката културна група на помладиот неолит. Помладиот културен слој временски и културно одговоара и влегува во Зелениково II културната група. Енеолит-СКИОТ период констатирани во населбата, заради скромните податоци со кои располагаме во овој момент, културно и хронолошки грубо го определувме помладата фаза од Пилаво Бурилчево.22 Во оваа прилика останатите културно - историски периоди само ги коисатиравме. Можеби идните истражувања ќе фрлат повеќе светлина и на неолитските и на останатите. Со тоа оваа населба во неолитскиот период можеби претставува, заради близината на С concxa Црна Гора, една гранична населба на распорстирање на Анзабегово - вршничката културна група во правец ца север во овој дел на Македонија, или во микро - географска смисла северозапад, односно од источните падини на Скопска Црна Гора. Најмногубројна е фината керамика и тоа сликаната со браон боја на црвена или светлоокер основа. Тоа се фрагменти од пехари и амфори (Т. VII, IX). Орнаментие се всушност алтернирани дебели и тенки вертикални линии, мрежи со посветла кафеава боја во форма на ромбови, мрежести триаголници што висат под венецот или спирали. Оваа керамика е изработена од пречистена глина, убаво мазнета површина со сјај. Овие садови како луксузни изработки се присутни во сите населби од средниот неолит на Анзабегово — вршничката културна група, особено на Тумба Маџари во Скопје. Фрагментот од врат на амфора (Т. VII, 1) има беж основа како енгоба и врз неа се насликани во форма на мрежа ромбови со кармин црвена боја. Од овие луксузни садови се најдени и дна од пехари (Т. VIII. 9). Овие дваесетина фрагменти од луксузни садови - пехари и големи и мали амфори. говорат за еден висок степен на економски и културен развој на жителите или дел од нив од населбата на локалитетот Чубук Чешма. Нивната изработка тешко може да се прифати како локална. Поголема е можноста да се донесени по пат на размена од некој поголем центар. можеби Тумба Маџари“.

На постариот хоризонт му припаѓа и една пинтадера со кружна глава (Т IV, 1), со груба фактура и орнамент на крст. Идентични примери на питацдера се пронајдени на други локалитети од Централен Балкан.

DRAGIŠA ZDRAVKOVSKI - Skopje

Т. I
Т. I
Т. II
Т. II
Т. III
Т. III
Т. IV
Т. IV
Т. V
Т. V
Т. VI
Т. VI
Т. VII
Т. VII
Т. VIII
Т. VIII
Илустрација, стр. 30
Илустрација, стр. 30

Белешки

  1. Локалитетот е откриен во 1976 година со рекогносцирањата на Викторија Соколовска. Радмила Пашиќ и Живојин Винчиќ. - ↩
  2. Д. Здравковски, Истражување на локалитетот „На Брег“, село Младо Нагоричане. Maced. acta archaeol. 9. Скопје 1988, 44. ↩
  3. Во истражувањата зедоа учество Саржо Саржоски, Блажо Ѓеоргиевски и Ленка Алексовска. Најсрдечно им се заблагодарувам за соработката. ↩
  4. Здравковски, за границите на Анзабегово – вршничката културна група во средниот неолит, Maced. acta archaeol. 11, Скопје 1990, 51-57. најдена ua Тумба - Палчиште, најблиска аналогија со нашата (Т. IV, 5) која ↩
  5. - Тумба во село Долно Палчиште - Тетово, Мас р archaeol. 12, Скопје 1991, 131-144, T.ИЛ-12. Селин В. Санев, Неолитека населба Руг Баир кај с. Горубин ↩
  6. В. Санев, Неолитско светилиште... о.с. 26. ↩
  7. M. Gimbutas, Goddesses and Gods of old Europe, Los Angeles 1982, 42. ↩
  8. С. Саржоски – Д. Здравковски, Тумба во село Долно Палчиште – Тетово, Maced. acta archaeol. 12, Скопје 1991, 131-144, T.II-12. ↩
  9. В. Санев, Неолитска населба Руг Баир кај с. Горубинци, Зборник на Штипскиот народен музеј IV - V, Штип 1976, 203-246, Т.Х, 3. ↩
  10. В. Санев, Руг Баир, о.с. 213. ↩
  11. M. Garašanin, Zelenikovo II, PJZ II, Sarajevo 1979, 207-211. ↩
  12. В. Санев, Руг Баир... о.с. 216. ↩
  13. Д. Здравковски, М. Шурбаноска, Извештај од заштитното истражување на ха „Мавровица“ во село Немањици - Светиниколско, Зборник на археолошкиот музеј на Македонија Х-XI, Скопје, 1983, 111-131. ↩
  14. С. Саржоски, Д. Здравковски, Тумба во село Долно Палчиште - Тетово, Maced. acta archaeol. 12, Скопје 1991, 131-144. ↩
  15. Д. Здравковски, Истражување на локалитетот „На Брег“, село Младо Нагоричане, Maced. acta archaeol. 9, Скопје 1988, 43-63. ↩
  16. B. Санев, од археолошкото богатство на ср Македонија, Скопје 1980 (каталог). к. бр. ↩
  17. MK, Tasi¢, Bubanj - 5акиса - Krivodol kompleks, PJZ III, Sarajevo 1979, 92-94; Праисторија во Македонија, Скопје 1976 (каталог), к. бр. 370; M. Гарашанин, Д. Симоска, Контролни ископувања на Шуплевец и..., Масеԁ. acta archaeol. 2, Прилеп, 1976, 9-41, T.1 1: Д. Симоска. Б. Китаноски, Ј. Тодоровиќ, Населба Црнобуки и проблемот на истоимената култура во светлината на новите археолошки истражувања, Масеԁ. acta archaeol. 2, Прилеп 1976, 43-83- Т.ГУ 4, T. VIII 1, ↩
  18. Б. Георгиевски. Жеглиговски камен - Костоперска карпа, др 28 Ljubljana 1989, 56-58. ↩
  19. И. Hacrena, Пилаво Бурилчево, AP 28, Ljubljana 1989, 49. ↩
  20. В. Canen, од археолошкото богатство... о.с. 11. ↩
  21. Г-ѓа Лидија Блажевска ја датира во периодот 1Х-ХІ век. ↩
  22. И. Настева. Пилаво... о.с. 49. ↩

Summary

Neolithic Settlement "Čubuk Češma" in vil. Nikuštak near Kumanovo

(SUMMARY)

The Neolithic settlement in vil. NikuStak near Kumanovo is located on several terraces descending from the east slopes of Skopska Crna Gora, a gully that was once a brook passing by on the north side. Two cultural levels have been confirmed of the neolithic settlement. The earlier layer (Pl. VII-1X) is characterized by pottery painted with brown ornaments on red background (PI. VII-IX), barbotine (PE. VI, 1-5, 7), impresso technique (PI. VI, 6) and fine polished red pottery (Pi. V, 4-7). The later Neolithic layer has been destroyed and the prevailing pottery is the gray one ornamented with cannelures (P1. Il, 2-6 and Pl. V, 1-3); a statue of a man has also been discovered (PI. IV, 2).

Chronologically and culturally the earlier layer corresponds to the cultural group Anzabegovo - VrSnik III-IV, and the later to the Zelenikovo II group.

The excavations confirmed the presense of a thin Eneolithic layer (Pl. I, 2; Pl. III, 2), Roman Period tegulae and several mediaeval pottery fragments (PI. II, 1; Pl. Ш, 3). The results of the research have enabled cultural identification of the earlier layer of the Neolithic settlement within the frames of the Anzabegovo - Vr8nik cultural group, and of the later one within the Late Neolithic Zelenikovo II cultural group. The Eneolithic fragments have, for the time being, been identified within the frames of the cultural complex Bubanj — Salcuca — Krivodol.

; умба во Маџари. Скопко. Масеԁ. acta archaeol. 9. " мб Скопје 1988, 9-30 сл. 9.

B. Санев, Неолитско светилиште... о.с. 26.