Macedoniae acta archaeologica 13 (1993) · стр. 227–244
Неколку доцноантички градишта во Пелагонија
Содржина
Подрачјето на пелагонската висорамнина и особено планинската рамка околу неа изобилува со многубројни градови и тврдини кои потекнуваат пред се од античкото потоа и средновековно минато. Досега се познати во научната литература и во голема мерка истражени само римскиот град Хераклеја Линкестидска кај Битола, доцноантичкиот воен логор на локалитетот „Градиште“ кај село Дебреште и доцноантичкиот опидум и средновековен град на „Маркови Кули“ кај Варош.
Широката рамнина со околното ридско подрачје биле константно населувани уште од предисторијата, па низ сите историски периоди, до денес. Во раноантичкото време тука биле створени линкестидското и пелагониското кнежевство кои претставувале значајни најзападни составни делови на пајонската држава. Материјалната култура од овој период е особено добро позната преку истражувањата на проф. Иван Микулчиќ.1 Во римско време и доцната антика тука се наоѓал и центарот на четвртата Македонска мерида. Во раниот среден век, У и VI, тука биле изградени бројни крепости долж планинската рамка со цел да ја заштитуваат висорамнината, контролирајќи ги главните патни линии преку високите планински премини. Општо е познато дека со доаѓањето на Словените кон крајот на VI и почетокот на УП век речиси сите овие тврдини се разурнувани.:2 Нешто подоцна, во полниот среден век византиската власт иницира подигање на нови, односно ревитализација на дел од доцноантичките крепости.
Меѓутоа во споредба со бројката од над педесет утврдени МНКТОВН во овој регион, што ја истакнува д-р Иван Микулчиќ во неговата класификација на доцноантичките утврдувања за подрачјето на Македонија,3 поимаме дека нашата релативно млада археолошка топографија се уште ништо, или сосем малку знае за пелагонските градови и тврдини во доцноантичкиот и средновековниот период.
Нашиот интерес кон ова проблематика започна во 1983 година кога ја работевме планиметријата на утврдувањето „Кале“ кај село Браилово. По-
2K. Аџиевски Пелагони;
а ја во VI и УП век, Годишен зборник на Филозофскиот факултет кн. 17-18(43-44), Скопје 1990-91, 21-36. . Еее
Mikul&ié, kasnoantiéka iii ; ; 4 aes s ja и SR Makedoniji — pokusaj Klasifikacije, materijali SA XXII, Novi Sad 1986, 117, 119. то рочна ) ) DJ. ради проблемите поврзани околу самофинансирањето на нашите теренски активности, до овој момент извршивме теренски истражувања на само уште шест слични локалитети, и тоа од подрачјето на Северна Пелагонија - прилепскиот крај: „Кале“, Врбоец „Кале“, Стровија, „Кале (Св. Спас)“, Зрзе, „Баба“, Прилеп, „Кале“, Бучин и „Градиште“, Дреновци.4
Притоа извршивме, покрај техничко снимање на површински видливите форитфикациски периметри, и избор на карактеристичен површински подвижен материјал кој од своја страна овозможи да ги определуваме релативните временски дати на егзистенцијата во нив. Освен тоа формата, големината и позицијата овозможуваат и да ги клсифицираме истите во типолошка и функционална смила.
Во натамошниот дел од текстот ги изложуваме сознанија во врска со наведените утврдувања.
1. БРАИЛОВО, „КАЛЕ“
Локалитетот е забележан во стручната литаратура.5 Меѓутоа, дадените податоци се минимални и недоволни.
Се наоѓа 2,8 км северисточно од селото, односно 17,5 км на северсеверозапад од Прилеп (возудшна линија). Претставува доминантно возвишение на планинската коса што се спушта од врвот Гарван (1260 метри надморска височина) преку врвот Леска (1091 м), јужно кон селото Десово каде преминува во т.н. Долг Рид со правец кон Браилово. Наоѓајќи се меѓу Гарван и Леска, возвишението „Кале“ лежи на 1137 метри надморска височина. Оддалечен 2.3 км источно, североисточно од планинскиот премин Дервен-Клетовник кон соседниот микро-регион на реката Брезица, притока на Бабуна. Самиот врв не е остро одделен до планинскиот масив, односно не доминира на најблиската околина.
Утврдениот простор има неправилно издолжена форма, со ориентација С/З – Ј/И, големина 180 × 80 метри и вкупна површина од 1,5 ха (според план број 1). Фортификациската рамка ја чини одбрамбен зид во цврста малтерна техника. Забележавме дека во поголемиот дел зидовите се изведувани праволиниски, со одредени остри или поблаги прекршувања во зависност од коифи-
гурацијата на теренот. Овие прави зидови биле проектирани обично меѓу две соседни масивни карпести грамади. Приближно во средината на јужниот зид се наоѓаат темелите на една четвртеста кула, според основата голем 6 х 6 метри (бр. 1 на планот). Меѓутоа, според маркантните позиции на планот. може да се очекуваат уште најмалку6 4 одбранбени кули (бр. 2-7). Одбрамбениот зид е маркантен и јасно видлив на теренот, широк 2 метри и на извесни места зачуван во височина до преку 3 метри. Бил граден од кршени локални гранитни камења врзани со варовен малтер. Се забележува тенденција кои хоризонтално полагање на плочестите камени форми. Главниот влез доаѓал по седлото од северната страна, а водел меѓу две карпести грамади. Тука се забележува постарата фаза на истуреното правоаголно формирање северно чело (бр. 13) со задача да ги штити нападите до оваа најлесно пристапна страна. Уште еден спореден влез водел на јужната страна, исто така меѓу две масивни карпести грамади (бр. 14).
Внатрешниот простор е исполнет со урнатини на станбените објекти од кои јасно се распознаваат контурите на повеќе градби (бр. 9-12). Во централниот највисок дел на утврдениот простор се наоѓа посебно заграден овален простор. Оваа елипсеста камена формација се состои од неправилно нафрлени камења, веројатно извадени од зидовите на тврдината. Временски секако е помлада (бр. 8).
Подвижните површински наоди се состојат од мошне ретки фрагменти садова керамика со доцноантички обележја, дно од питос и делови од покривни тегули - лаконски тип, фрагмент од мевот на карактеристичните ребресто украсени амфори од УТ век (Т.5:9). Од порано на овој локалитет се забележани монетни наоди од VI век, поточно од царот Јустинијан 1.“
Во текот на нашите посети евидентиравме како површински наоди 4 монети и неколку железни предмети. Истите ги претставуваме на табла 5:10-
1. Аѕ. Портрет на двоглавиот римски бог Јанус
Рв. Контури на клун од кораб со ростра под него. Пречник 30 мм, тежина 20 гр. Монетата е крајно излижана од употреба.
2. Ав. ГИЈА МАМАЕА AVG. Портрет на царицата на десно.
Рѕ. COL. IVL. AVG. PELLA. Жена седи врз стол, левата рака И е спуштена, а десната принесена кон устата. Претставена е Јулија Мамеа, мајка на римскиот цар Александар Север (222-235), кована во Пела. Пречник 26 мм, тежина 10 гр.
3. Ав. D.N.ANASTASIVS PP.AVG. Портрет на царот на десно.
Рѕ. Во средина големо М, меѓу неговите долни краци мало A. Горе крст, лево и десно звезди, долу натпис сон; 40 нуми на византискиот цар Анастазие (491-518), ковани во Цариград. Пречник 32 мм, тежина 19,7 4. Ав. D.N.IVSTI ... Портрет на царот на десно.
Рв. А.1.5.Р. Горе мал крст, долу натпис ТЕ5; 10 нуми на Јустин 1, Јустинијан или Јустин И, полн VI век, ковани во Солун. Пречник 25 мм, тежина Од железните предмети бележиме: два големи влечни клуча со по два високи заба на ногата (Т.5:1-2): еден мал клуч со кружна глава, аглесто проширение на долниот дел од телото и 4 мали запци на ногата (T.5:3); сечило на мала секира, долга кука-запон од мала дрвена врата; лачна фибула со подвиткана нога карактеристична за доцниот VI Вех, 2 мали врва од стрели од кои едниот карактеристичен-троребрест.7
Наведените елементи, иако се уште недоволни за конечна дефиниција, укажуваат на еден силен планински кастел, можеби дури и мал опидум, со воена единица за контрола на преминот Дервен-Клетовиик во текот на VI век. Двете порано откриени монети наведуваат на помисла дека преминот егзистирал уште од републиканскиот римски период. Меѓутоа, бидејќи монетите се многу излижани од употреба, а засега нема наоди што би го потврдиле континуитетот од I до У век,8 можеме слободно да го прокоментираме овој наод како schr6tling, односно вообичаеното повторно искористување на старите пари со иста или приближна тежинска вредисот на вредностите од 40, 20 или 10 рановизантиски нуми во VI век.
Натаму забележуваме дека и тврдината на „Кале“ и преминот на Клетовник се наоѓаат на иста изохипса, што значи претпоставката дека посадата на тврдината директно го штитела овој премин е сосема прифатлива. Од друга страна позицијата на тврдината има идеални визуелни можности врз најголемиот дел на пелагонското поле во овој дел.
2. БУЧИН, „КАЛЕ“
Локалитетот е забележан во стручната литература.9
Се наоѓа на 1,74 км јужно до селото и 22 км западно-југозападно од Прилеп, односно 13 км јужно-југоисточно од Крушево. Се работи за особено доминантен конусен планински врв (842 метри надм. вис.), сместен високо над влезот на реката Црна - Еригон во Пелагонија. Со ваквата своја позиција, од која произлегувале широки визуелни можности и кон широкото поле и кон тесната долинка на Црна западно кон Демир Хисар, очигледно градот на „Кале“ функционирал за да го контролира овој знанаен влез во рамнината. Животот во овој микрорегион во предримскиот и римскиот период бил сконцентриран во рамното плато од нискиот „Бучински Рид“ што се наоѓа веднаш над јужната периферија на селото. Токму тука се наоѓал предримскиот и римскиот град Алкомена.10 1 Во доцната антика и средниот век градот, односно неговнот акропол бидува изграден на високата кота Кале.
Врвот на ридот е извишен и обиколен со одбранбен зид на околу 17 метри под него. Утврдената површина има неправилно издолжена форма, со ориентација си - Ј/3, голема 198 x 125 метри, односно зафаќа површина од 1,65 ха (план бр. 2). Одбранбениот зид, проектиран во долги прави потези, бил граден во цврста малтерна техника. Според првичните површински согледувања не можат да се забележат фази во неговата конструкција.
Површинските наоди се состојат од 4 монети (Т.10, 6p. 1-4): ~ 1. Ав. (ВАЛЕ)NTINIAN (VS P.F. AVG.) Портрет на царот со двојна дијадема во косата, на десно.
Рѕ. (SECVRITAS REI) PVBLICAE. Фигура на крилата Викторија налево, со левата рака влече заробеник зад неа, во десната држи венец. Во полето лево € крст-Христовиот монограм. - Долу е нечитливо. Претставува мала бронза на царот Валентинијан 1 (364-375).
2. Ав. D.N. THEODOSIVS (P.F.AVG.). Слабо зачуван портрет на царот надесно.
Рѕ. ВОТ. X MVLT. XX. Во венец, долу нечитливо. Мала бронза на царот Теодосиј 1 (879-395).
3. Ав. Потполно излижан.
Рв. оштетен, но се распознава контура на буквата К (απνιχον) врз сета површина на монетата. Бакарна рановизантиска монета 20 нуми, VI век.
4. Ав. Потполно излижан.
Рѕ. Натпис во 3 реда: IS(US) Х(В1)5(ТО5) / BA(SI)LE(OS) / (ВА)5И ЕЈ). Во средината продупчена. Се работи за византиска монета од X-X] век.
Резимирајќи ги наведените првични, мошне скромни податоци за овој локалитет, доаѓаме до заклучок се работи за еден силен доцноантички кастел, кој според важноста на својата позиција продолжил со животот и низ византискиот период, кога е и познат како средновековен град Бучин. И
3. ВРБОЕЦ, „КАЛЕ“
Локалитетот не е забележан во стручната литература. Се наоѓа 0,85 км западно од селото, односно 4,5 км југоисточно од Крушево. Поставен е на врвот од еден доминантен планински рид (висок 948,9 метра надморска височина), а расположен е на работ на планинскиот венец, со широк поглед кон полето.
"Тврдината има неправилна полигонална форма, со големина 75X55 ми површина 0,27 ха (план бр.3). Одбранбениот зид го обиколува главно највисокиот дел - платото на ридот, а зачуван е особено на југозападната страна. Проектиран е во прави потези, а граден во малтерна техника. Особено е маркантен и засилен на западната страна кон длабокото планинско седло, каде, според височината на 5идната маса и дебелината на градежниот шут, би можело да се очекува и една одбранбена кула (бр. 1 на планот). Протегањето на одбранбениот зид кон исток е засега недефинирано. Веројатно било опфатено целосно платото по изохипсата 90 м.
На површината регистриравме повеќе делови од покривни тегули-лаконски тип. Други наоди нема. Пред нас имаме еден мал доцноантички кастел-збег, кој служел за заштита на околното население.
4. ДРЕНОВЦИ, „ГРАДИШТЕ“
Локалитетот е забележан во стручната литература.12 Се наоѓа 1 км северозападно од селото. Сместен е на врвот од високиот планински рид кој излегува под планинскиот масив на планината Мукос. Врвот на ридот претставува плато со наклон кон запад обиколено со одбранбен зид што јасно се распознава и следи. Утврдената површина е голема 83 X68 M, или 0,35 ха (план бр. 6). Има неправилна шестоаголна форма. Одбранбениот зид бил граден од неправилно кршени и заоблени камења врзани со мошне слаб варовен малrep. Има широчина од 1,60 м. Особено е маркантен на северната челна страна свртена кон благото и широко планинско седло до каде нападот бил најлогично очекуван (бр. 2 на планот). Забележавме позиција на правоаголна кула, вделкана во карпите, на источниот истурен дел (бр. 1 на планот).
Површинските наоди се состојат од ретки делови на покривна аморфна керамика. Тврдината претставува еден мал планински кастел.
5. ЗРЗЕ. „КАЛЕ (СВ. СПАС)“
Забележан е во стручната литература.13 Се наоѓа 1,2 км северозападно од селото, вовлечен во пазувите на планинскиот дел на Краста. Практично се
ЧА. Дероко, Средњевековни градови у Србији, Црној Гори и Македонији, Београд 1950, 191: „Бучин, 20 км. j/3 од Прилеп. Незнатни останки на мала тврдина со траги на подградие. Во пишуваните помени забележан 1330 година кога Византијците го заземале од Стефан Дечански“. работи за висок карпест масив врз кој бил изграден средновековниот манастир Св. Спас (XIV век).14 Истиот бил уште во доцноантичкото време фортифициран. Утврдената површина има неправилна издолжена форма со ориентација исток-запад, голема 150 х 120 метри, која зафаќа површина од околу 1,5 ха (план бр. 7). Западниот дел на тврдината е високо издигнат и оформен
“ 3, Расолкоска-Николовска, Историјатот на манастирот Зрзе низ натписите и записите во речиси праволиниска челна линија што се спушта кон јужната страна. Северозападниот највисок агол на крепоста бил најсилно утврден и претпоставуваме дека тука била главната одбранбена кула (бр. 2 на планот). Денес овој дел на теренот е интензивно исполнет со градежниот материјал на одбранбениот зид. Самиот зид е конструиран во цврста малтерна техника. Особено маркантни се неговите останки на северната страна каде забележуваме широчина 1,2 м и на места височина до 3 метри. Јужната зидна линија е послабо видлива, веројатно заради бигорестиот терен. Имено, приближно во централниот дел на тврдината, се наоѓа силен извор на бистра планинска вода, која тече низ селото и натаму (бр. 1 на планот). Секако дека изборот на местото за изградба на крепоста во голем дел се темелел токму врз локацијата на овој извор. Низ сета површина на тврдината забележувавме делови од градежна керамика, покривни тегули - лаконски тип. Забележавме и две потполно излижани доцноантички монети, мали бронзи кои можеме да ги датираме рамковно во IV век. Во манастирската збирка се чува и една подобро зачувана бакарна монета на византискиот цар Јустинијан (527-565). 1. Ав. D.N.IVSTI(NI)ANUS (P.P.AUG.). Портрет на царот надесно.
Рѕ.АІЅР. Над буквата I се наоѓа крст. Hog тоа натпис ТЕЅ. Значи 10 нуми исковани во Солун.
6. ПРИЛЕП, „БАБА“
Локалитетот е спомнат во научната литература.15 Пошироки сознанија за планиметријата на ова утврдување ќе бидат објавени на друго место.16 "Тука даваме основни информации (спореди план бр.8).
Локација: 4 км северно-северозападно од центарот на Прилеп. Претставува доминантен карпест врв и срт. Тврдината се состои од три дела: акропола, северно и јужно подградие. Акрополата е ценрален и највисок дел со приближно квадратна форма, голема 100 х 100 метри и повшина 0,7 ха на
планот под А). Траги на одбранбениот зид се забележуваат особено на јужната и северната страна. Видливи се најмалку три фази на градење: насјтара – хеленистичка, и две веројатно доцноантички. Теренот е рамен со повеќе контури на објекти со правоаголни форми (бр9). Акрополата од исток е ограничена со висок карпест масив, на чиј Јужен крај доминира уште повисокиот карпест врв - БАБА (бр.1) Северното подградие има неправилна форма, гоелмо е околу 100x60 м, со површина 0,38 x на планот под Б). Ј ужното подградие е неправилно заоблено, со одбранбениот ЅН] вклопен меѓу големите карпи; има големина 90x60 ми и површина 0,44 ха на планот под Ц). Вкупната површина на увтрдениот простор изнесува 1,5 ха.
Подвижните наоди од овој локалитет се состојат од едно депо рановизантиски монети откриени уште во 1969 година.17 !7 Во текот на нашите истра-
жувања забележавме уште три монети (Т. 10:1-3): бронза од Пела од автономциот период (187-31 г. пред ц.е.), мала бронза на Теодосие (379-395) и бакарна монета од 40 нуми на Јустин II (565-578) со сопругата Софија кован во Никомедија. Освен тоа, јужно под тврдината во карпестиот потег крај превојот со кој „Баба“ се одделува од соседниот рид, регистрирани се неколку гробни јами, издлабени во карпа. Истите биле порано отворени. меѓутоа со заштитни интервенции во еден од пив се откриени останки на ѓердан од мониста од стаклена паста.
Оваа тврдина била природно бранета од речиси сите страни. Се наоѓале на место од каде можеле да се контрол ираати патот што доаѓал од долината на Бабуна преку преминот Дервне 1a Мукос и патот од Повардарието преку премиот Плетвар.
7 СТРОВИЈА, „КАЛЕ“
Локалитетот не е познат во стручната литература. Стои 2,5 км на северсевероисток од селото, на високиот планински врв на Биса, под кој денес минува тунелот на железничката пруга Прилеп-Велес. Овој врв доминира директно над планинскиот преслап - премин од Пелагонија кон долината на Бабуна. Тврдината се наоѓа угоисточно над преминот. Оттука водел стар пат кон север потврден засега со сигруриост и преку едно депо на сребрени византиски монети. откриено кај старата KpajnaTua чешма Петочница близу соседното слео Стровија,19 ОД друга страна, за истиот пат, чие постоење веќе го насетил кога К. Кепески,20 сведочи и нашата тврдина, која непосредно го контролирала овој планински премин.
На самиот врв на кота 1020,4 м, среде густа дабова шума, лежат останките на една мала утврдена површина. Има приближно пентагонална форма. Голема е 60x50 м со површина 0,22 ха план бр.4). Одбранбениот зид има долги прави потези. Не е забележано присуство на малтер. Регистриравме позиција на една четвтеста кула на западната страна, свртена точно кон планинскиот премин (бр.1 на планот).
За жал, површински наоди нема бидејќи културните слоеви се длабоки, а теренот е обраснат со трева. Претставувала мала тврдина за контрола на преминот. Егзистирала можеби во доцната антика и секако низ средниот век.
ЗАКЛУЧОК
Во овој момент јасно е дека дел од градиштата функционирале да ги контролираат и заштитуваат влезовите и патните правци во северниот дел на Пелагонија, а во нив престојувале веројанто посади задолжени да ја обавуваат истата дејност. Такви се тврдините кај Стровија, Браилово, Бучин и „Баба“- Прилеп. Меѓутоа, дел од нив биле наменети за егзистенција на обичното население, и според својата големина тука разликуваме мали укрепени села,
например кај Врбоец, Десово и Дреновци, но и поголеми укрепени формации односно села, како што е например „Кале (Св. Спас)“ над селото Зрзе. Вака започнатите истражувања би требало да се продолжат како на овде опишаните локалитети преку контролни, сондажни, и други испитувања, така и врз преостанатитеи тврдини од прилепскиот крај, но и пошироко во јужниот дел на Пелагонија.
На крајот потсетуваме дке досега најдобро истражен, меѓу утврдените доцноантички градишта во северниито дела иа Пелагонија, претставува воениот логор на „Градиште“, Дебреште. Меѓутоа теренските известувања за истражувањата на овој локалитет ?" не ја дале пред нашата па и пошироката балканска научна јавност основната планиметрија на крепоста. Поради тоа, а и за да може читателот на овој текст визуелно да го спореди овој крајпатеи кастел — воен логор со нашите локалитети и да ја разбере сета разлика меѓу овие категории укрепени места во регионот, ја прилагаме и планиметријата на „Градиште“, Дебреште, според исражувачот J. Раухутова.(сл.9).
VIKTOR LILCIC - Skopje KAROLINA SPASESKA MARKOVSKA - Skopje
QUELOQUES FOTERESSES DE LA BASSE ANTIQUITE EN PELLAGONIE
(RESUME)
Nous donnons une contribution 4 la topographie archéologique de quelques forteresses de la basse antiquité et du Moyen Age dans la partie occidentale du
plateau de Pellagonie, plus précisément dans la région de la ville actuelle de Prilep. Dans cette région, on connait les vestiges de plus d’une vingtaine de forteresses, mais jusqua présent notre topographie ne connait que la planimétrie de la citadelle de DebreSte et de l’agglomération de Markovi Kuli a VaroS. Les derniéres informations se rapportent 4 sept autres forteresses.
1. Brailovo, Kale
Puissante fortification de montagne, peut-étre un oppidum, 4 2.8 km au nord-est du village. Forme irréguliére et allongée, dimensions 180 x 80 m, 1.5 hectares de superficie. Se basant sur les vestiges de construction trouvés a la surface, aussi bien que sur les monnaies et sur quelques objets en fer qui y ont été trouvés (une fibule a pied courbé, une hache, etc; t 5:1-13), la vie du fort se déroulait au cours du Ve siécle. Nous considérons les deux monnaies de la haute période romaine, tels l’as républicain ou le dupondius de Julie Матеа, comme schrétling - un nouvel usage de vieilles monnaies qui avaient la méme valeur du point de vue poids que les monnaies пити du Vle siécle.
_ "EB. Babié, Gradi8te, DebreSte, Prilep, - praistorisko, helenisticko i srednjevekovno naselje, ranovizantijski kastrum srednjevekovna crkva sa nekropolom, Arheoloski pregled 7, Beograd 1965,62- 64; Бабиќ, Hensel, J. Rauhutova: Архелошки истражувања на локалитетот Градиште кај село Дебреште Macedonia acta archaeologica (МАА) 2, Прилеп 1976,251-262; Б. Бабиќ, Извештај за македонско-полските археолошки истражувања на локалитетот Градиште кај селото Дебреште – 1976, мад 4, Прилеп 1978, 205-217; Истиот со В. Хензел, J. Раухутова, Југословенско-Полски археолошки ископувања на локалитетот Градиште кај с. Дебреште во 1977 МАА 5, Прилеп 1979,141-150; Б. Бабиќ-М Мандиќ, Градиште - кастел и средновековна некропола, Arheoloski pregled, br. 26, Ljubljana 1986, 143-144.
” J, Rauhutova, Debreste (Makedonijen, Jugoslawien), eine frihizantinische Statte, Simposium
2. Budin, Kale
Белешки
- I. Mikulčić., Pelagonija u svetlosti arheoloskih nalaza, Disertationes SADJ, T. III, Skopje – Beograd 1966. ↩
- К. Адпевски Пелагонија во VI и VII век, Годишен зборник на Филозофскиот факултет, кн. 17-18(43-44), Скопје 1990-91, 21-36. ↩
- I. Mikulčić, kasnoantička utvrdenja u SR Makedoniji – pokušaj klasifikacije, materijali SADJ, XXII, Novi Sad 1986, 117, 119. ↩
- Во истражувачките екипи зедоа учество: Иван Станчевски, Зана Трендафилоска, Александар3 Миткоски, Елена Стојановска, Маја Хациманева, Валентина Петрушенска, Димитар Анастасовски, JbyGomup Томоски. На ова место срдечно им заблагодаруваме за соработката во теренските акции. ↩
- Керамитчиев. Новооткриени споменици од село Браилово, Прилепско, Зборник на Археолошкиот1 музеј, кн.3, (1959,1960), Скопје 1961, 45, заб. 1, цитираме: „На високиот рид, што се издига источно до селото, познат под името „Кале“, се зачувани зидовите од тврдина и темели од антички згради. По се изгледа дека тврдината била изградена за да го чува важниот планински премин на Бабуна „Клетовник“; Y. Bapje, arheoloski tragovi iz anati¢kog i srednjevekovnog perioda и prilepskom kraju, Materijali SADJ, Г, Prilep — Beograd 1972, 25. Авторот неточно ro определува локалитетот во атарот на селото JlecoRo;I. Mikuléié, Brailovo Mac, (Youg. Mac., Prilep), Tabula Imperii Romani (TIR), K 34, Naissus, Ljubljana 1976, 29, превод од француски; Лок. „Кале“ висока планина со стрмни падини на 5 КН источно од селото. Врвот обиколен со одбранбен зид, многу широк на некои делови (камен со малтер); во зидовите градежен материјал, поретко доцноантичка керамика, малтер: монета на Јустинијан 1, Мал римски кастел од доцната антика, тешко пристапен.“ 1. Mikuléi¢, Kasnoantitka utvrdenja..., 117. Во пследното дело И. Микулчиќ, го класифицира локалитетот како опидум. ↩
- Спореди заб.5. Натаму Г Микулчиќ, Археолошки наоѓалишта во ср Македонија потврдени со монети од 6 век, мад 7-8, Скопје 1981-82, 186. И тука локалитетот е ставен во атарот на село Десово. ↩
- Му благодариме на м-р Милан Бошкоски за љубезно отстапување на овој примерок за објавување на ова место. ↩
- За ова сознание му благодариме на професор д-р Иван Микулчиќ. ↩
- Селото и локалитетот потпаѓаат административно под општина Крушево. Според авторот, се работи за голем доцноантички кастел. ↩
- Ф. Папазоглу, Македонски градови у римско доба, Скопје 1957,33 заб. 43, 221-223. 191: „Бучин, 20 км. ј/з од Прилеп. Незнатни останки на мала тврдина со траги на подградие. Во пишуваните помени забележан 1330 година кога Византијците го заземале од Стефан Дечански“. ↩
- Lbid, Drenovei, ,,Gradiste“, 48.; Ibid, Kasnoanticka utvrdjenja ..., 117. ↩
- Ibidem, 117. ↩
- KACE“ VRBOEC од XIV-XIX век, Зборник на ам (1961-1966), Скопје 1966, 77-93. ↩
- Го одбележува D-r Ivan Mikul&ié, Kasnoanticka utvdenja и SR Makedoniji (PokuSaj klasifikacije), Materijali XXII Novi Sad 19896, 117, kako кастел-стража. Потоа следи обидот на J. Ковачевиќ да го идентификува кастелот Bafas што го споменува Прокопие (De аеԁ. I;, 14) со тврдината, на Баба, меѓутоа без теренски опсервации. Спореди J. Ковачевиќ, Бај, Зборник посветен на Бошко Бабиќ. Прилеп 1986,119-121. Прв подетален опис на месноста дава A, Миткоски, Рановизантиски кастел на Баба, 1, Народен Глас. Прилеп 25. Авг. 1988,5; Истиот, Рановизантиски кастел на Баба, 2, Н. Глас, Прилеп, 2. Септ. 1988,5. a6 Спореди В. Лилчиќ — A. Миткоски, „Баба“, Прилеп, мад 13, во печат. ↩
- К. Кепески, Рановизантиска остава на бронзени моменти од местото Баба кај Прилеп, мад 3. Прилеп 1977, 181-193. ↩
- Податок од колегата Александар Миткоски. кработен при Народниот1 музеј-Прилеп. ↩
- Кепески, Византиска остава на сребрени монети од „Петочница“ кај село Стровија-Прилепско, мад 4, Прилеп 1978,159-186. ↩
- Исто, 164. ↩
Résumé
Quelques foteresses de la basse Antiquite en Pellagonie
Puissante fortification de la basse antiquité, a 1.74 km du sud du village. Située sur la colline conique dominant l'entrée de la rivière de Crna (Erigon) dans la région montagneuse de Demir Hisar en Pellagonie. 1.65 ha de superficie. Suivant les trouvailles de monnaies (ph. 14-16), la ме s’y déroulait du 1Ve au Vie siécle et aux Xe et Xle siécles.
3. Vrboec, Kale
Petit endroit de montagne fortifié, datant de la basse antiquité, un refuge sur 0.27 ha de superficie.
4. Drenovci, Gradiste
Petit village de montagne. 0.35 ha de superficie, sans trouvailles spécifiques pour une détermination temporelle. Peut-étre du Moyen age. 5. Zrze, Kale (Sveti Spas)
Grand village de la basse antiquité puissamment fortifié, s'étendant sur 1.5 ha de superficie. Forme irréguliére et allongée, entouré, d’un mur solide en mortier opus incertum (probablement de |’époque de Justinien). Trouvailles de monnaies (ph. 17 et autres) du IV au Vle siécle; sa vie a continué au Moyen Age; pas d’informations plus précises pour le moment.
6. Prilep, Baba
Puissante fortification de la basse antiquité, contrélant les routes d’accés dans la direction de la ville antique de Ceramiae c’est-a-dire de Prilep vers Derven sur la montagne de Mukos et de Pletvar vers Stobi (Le Povardarie). Elle consiste dune acropole de forme rectangulaire et de banlieues nord et sud. Supreficie totale
7. Strovija, Kale
Petite fortification de montagne, poste de garde situé haut au-desus de la plaine, au passage 4 la vallée voisine de la riviére de Babuna et du village de Bogomila. Contréla de l’entrée en Pellagonie au Moyen age. 0.22 ha de superficie.
Conclusion
Etant donné leur position, nous constatons que quatre de ces forteresses ont été construites en tant que contrdéle sur les routes les plus importantes a l’entrée dans le plateau de Pellagonie. L’oppidum au-dessus de Zrze n’a pas de position stratégique importante; il en est presque de méme des vestiges des trois autres forts (petits refuges ou villages) a Vrboec et a Drenovei.