Macedoniae acta archaeologica 13 (1993) · стр. 213–226
Неколку доцноантички градишта во Мариово
Во почетокот на овој век подрачјето ша Мариово во повеќе наврати било цел на археолошките рекогносцирања, при што е откриен релативно голем број локалитети и подвижни археолошки наоди. При новите такви истражувања, спроведени тука по Втората светска војна се покажа од една страна, дека при градежните и земјоделски работи и натаму се појавуваат нови наоди и локалитети, а од друга. дека оние. порано познати. не се во доволна мера истражени и соодветно публикувани. Поради тоа. во рамките на проектот „Стари градови и тврдини во средното Повардарие“. беше спроведено рекогносцирање на едно помало подрачје од овој регион.1
Овој труд има за цел, пред се, да ја презентира граѓата од овие нови истражувања. Освен основната идентификација на локалитетите, градежните објекти и подвижните наоди. овде попатно ќе се обидеме, оваа граѓа да ја поврземе со веќе познатите и публикувани антички наоди од ова подрачје. Лок. „ЗАГРАДИШКА ЧУКА“, с. Витолиште, Прилеп (Сл. 1/1; Сл. 2)
Местоположба: локалитетот се наоѓа на околу 1,5 км северно од селото, на левиот брег на 5адна Река, на местото каде што помалата Заградишка река се влева во іса. Лоциран е на блага чука (810 м надморска височина) и на бројните тераси кои се нижат под неа.2
Градежни остатоци: на највисокиот дел од локалитетот се наоѓа акрополата (бр. 1 на планот), формирана во облик на тераса, подзидана и укрепена со бедеми трасирани во прави линии (70х45 м). Најзачуван е нејзиниот северозападен бедем изграден врз висок насип. На северниот агол, во еродираната ешарпа се гледаат остатоци на одбрамбениот бедем, граден во скромен опус
од кршен камен и малтер, широк околу 1 м. Површинските остатоци на западниот агол на акрополата упатуваат на постоењето на една четвртеста кула. Под челото на акрополата се протегале станбени тераси, од североисток заштитени со стрмната падина, а од југозапад со подѕиди, денес видливи како ешарпи, кои се протегаат во речиси прави линии. Средната тераса (2) е со димензии 190х100 м и била опфатена со ѕид без малтер, додека западно од nea се простирала најниската станбена тераса (денес позната као „Грамади“, „Гр'мајте“) голема 270х130м, опфатена делумно со подѕид (3). Денес тука се наоѓаат пространи ниви, подѕидани во прави линии, во кои на површината излегува обилен површински материјал (камени споменици. садова и градежна керамика). Овој материјал, заедно со наодите од сондажните ископувања вршени тука последните години (4), покажуваат дека на овој простор биле лоцирани станбени и фунерални објекти од антиката и средниот век.3
Населбата зафаќала површина од 1,2 ха, додека со долните тераси од подградието. околу 4 ха.
Подвижен материјал: во спомнатата ешарпа на акрополата се констатирани антички тегули (лаконски тип), капаци од питоси и садова керамика (покрај другото римска, украсена со печатена орнаментика), лоцирани во слој од горетини и пепел (од онгиште ?) со примеси на животински коски. Слични наоди се срекаваат и на следните тераси, што сето заедно, само го потврдува фактот дека и во акрополата и горните станбени тераси на населбата се повторува истиот материјал што низ споменатите ископувања е евидентиран на најдолната тераса.
Остатоци од пошироката зона на населбата:
Арехолошки остатоци се пронајдени и надвор од терасите претставени на планот, и тоа на обата брега на 5адна Река, како и на пошироките потези јужно од неа, на подрачјето на селото Витолиште.
Денес, нивната концентрација е најголема на месноста „Света Петка“, лоцирана на поширокиот потез „Перивол“ (Сл. 1/2). Од нивите тука се неодамна изорани елементи од камена пластика. кои се денес депонирани на меѓите и во шумичката од стари стебла (Сл. 3/1, 2, 5, 6). Во 1988 година тука затекнавме две стебла од колони (5, 6), (едното секундарно обработувано) и два фрагмента кон, се чини, потекнуваат од едно исто прозорско мено (2). Особено е интересен камениот свештен сад. фрагментирани, со крстови и еден изливник на венецот (1). Очигледно бил дел од опремата на христијански храм од ранохристијанскиот или подоцнежниот средновековен период.
На овој локалитет 1918 год. М. Стефанов открил темели од црква. градена од камен и тула, врзани со малтер. со под од хексагонални и четвртести плочи од тула и шкрилец. Од подвижните наоди тогаш се евидентирани: база, колона и капител со христов монограм. како и фраменти од фрески, керамиди, стакло и садова керамика. Овие наоди, заедно со материјалот што ние го откривме индицираат сакрална градба од ранохристијанскиот период, можеби обновена и во подоцнежните епохи.4
Источно од „Св. Петка“, на почетокот на овој век е откриен и дел од статуа (биста без глава). Во нивите од поширокиот потез на „Перивол“ тогаш се констатирани: груба керамика. тули и керамиди. монети и купишта камења кои индицирале локации на антички градби. Остатоци имало и на неколку соседни локалитети. На лок.„Лачник“ е откриен фрагмент од оштетена мермерна статуа. а на лок. „Церовец“ торзо од статуа и релјеф од надгробна плоча. Од месноста „Царицина Нива“ се прибрани фрагменти од статуи и релјефи. стела со познатиот натпис на Келад Стобјанин и бројна римска керамика. Кај месноста „Змијов Три“. на почетокот на веков е откопана ранохристијанска гробница градена од раноримски сполии со под поплочен со тули. Од овие локалитети веројатно потекнува и една мермерна статуа на Херакле. Овој споменик. како и повеќето од претходно спомнатите. бил пренесен во манастирот Св. Илија во Мелница, каде подоцна им се губи трагата.
Повеќе камени споменици. откриени во реонот на цркват Св. Илија во Витолиште можеле исто така да припаѓаат на поширокиот регион од спомнатата античка населба (Сл. 1/3). При нашата посета го снимивме профилираниот каменен елемент (плинта) од некаков римски градежен објект (споменик. постамент. жртвеник, храм?). вграден во црквата Св. Илија во Витолиште како света трпеза (Сл. 5/6). Објектот е со убава профилација. Некогашната долна површина е грубо обработена. со три длабнатини од кламфи. Во црквата е поставен обратно и со едниот агол вѕидан во ѕидот на апсидата. Во близината на оваа црква, порано се констатирани: - римски каменен споменик со врежан натпис (за поставување граница помеѓу две римски населби): - ранохристијански јонски импост - капител од трахит, со претстава на крст. фланкираин со розети: - грубо тесан блок од андезит (125х120х53 см), со 40 длапки на горната страна. некогаш лоциран на селските гробишта.6
Две ранохристијански меноа се наоѓаат зад бараката на шумското стопанство „Црн Бор“, на југоисточниот крај од селото (Сл. 1/4; Сл. 3/3, 4). Откриени се 1983-84 година при нивелирање на земјиштето околу бараката. Тие се денес оградени со дрвена ограда со која сочинуваат култен простор на кој се палат свеќи. Обете меноа се грубо работени, од двете страни украсени со крстови. На едното, на горната страна се наоѓа јамка, длабока 7 см. Обата објекта се на долниот дел грубо откршени. Во непосредна близина. во дворот на селското училиште, кај црквичето Св. Харалампие порано бил откриен еден гроб со повеќе черепи. Во реонот на село7 Витолиште е пронајдено и поголемо депо на римски републикански денари. Идентификација: Според остатоците. се работи за античка утврдена населба која е градена во неколку етапи и била населена во подолг временски период. Во раноримскиот период се простирала на бреговите ua 5адна Река и нејзините притоки (потезите: „Перивол“, „Св. Петка“. „Злаќи“,. „Лачник“...). Низ досегашните рекогносцирања и ископувања се откриени бројни траги кои укажуваат на интензивна обработка на металите, што воедно ја покажува и овиовната стопанска подлога на оваа населба. Од овие терени потекнува и наведениот споменик со натпис од времето 1a Хадријан (117-138 г.) со кој се разграничувала територијата помеѓу две населби, чии имиња (Geneat... и... xinos) останале делумно зачувани на него. Во едното од нив секако треба да се бара и името на населбата8 за која говориме.
Во несигурните времиња на доцната антика се наметнала потребата да се заштитат бројните металургиски објекти, поради што, веројатно, била подигната или само зајакната тврдината на „Заградишка Чука“. Гробовите подигнати во реонот на некогашните станбени и стопански објекти во полето упатуваат на одредено намалување на просторот од населбата. Спомениците кај Св. Петка и кај објектот на шумскиот комбинат (близу денешната црква св. Харалампие), а можеби и кај Св. Илија, упатуваат на локациите на ранохристијанските а веројатно и постарите култни центри на оваа населба.9 Лок. „САДЕВИ“ с. Полчиште, Прилеп (Сл. 1/6) (Сл. 4)
Местоположба: Локалитетот се наоѓа над локалниот пат Прилеп -Витолиште, на 1 км источно од манастирот Св. Илија (Сл. 1/7) кај некогашното село Мелница. Сместен е на високо плато над устието на Полчишка во Витолишка Река. Населбата ја опфаќа југо-западната падина на ридот (надм. висина 780 м).10 "5
Градежни остатоци: Поради ерозивноста на теренот, некогаш интензивната земјоделска обработка и особено експлоатацијата на минералните суровини. локалитетот е денес многу лошо зачуван. Доминира големиот насип кој се протега во правец исток-запад (должина од околу 250 м), кој заедно со северната природна тераса ја затварал првата фортификациска линија на населбата (бр. 1 на планот). Насипот е денес разлеан, а наместа и сосем еродиран. Под него се протега уште една пространа станбена тераса (2) која на југо-запад завршува со стрмните непристапни карпи над Полчишка Река. Југо-источната тераса била најнаселена (3). Тоа го покажуваат фрагментите од римски тегули, питоси и садова керамика, исфрлени со орање. Овој дел на теренот тешко се дефинира, поради бројните меѓи и подѕиди на нивите. Не се "Ha. 5 Stone decorations: the church of St. Nicholas in vil, Manastir (1, 2, 3, 4); church with a transept, site "Gradok" - "Markovi Kuli" in vil. Čaniște (5); church of St. Elijah in vil. Vitolište (6)
констатирани границите на населбата кон запад и исток. Истражениот простор опфаќа површина од 4 ха.
Подвижен материјал: Со некогашното интензивно орање е извлечено многу градежен шут, римска и доцноантичка градежна и садова керамика и питоси, рачни мелници и постамент со траги од стопалата на статуа. В. Стефанов тука открил зидана гробница покриена со плочи од шкрилец. Во зидовите на црквата Св. Димитрија лоцирана на југозападното подножје на локалитетот (Сл. 1/8) и во нејзината непосредна околина, порано биле костатирани камени споменици кои најверојатно потекнуваат од овој локалитет. Тоа се: - две плочи со натпис, од кои едната и денес е вѕидана во црквата; фрагмент од мермерна стела со релјеф и натпис; - торзо од женска статуа од мермер, пренесена во манастирот во Мелница; - биста од машка мермерна статуа; -капител, четири бази од колони и фрагмент од колона, очигледно елементи од јавна римска градба (храм или ранохристијанска базилика?).""11
Идентификација: Станува збор за помала утврдена населба која го покривала теренот околу средното течение на Витолишка река, а воедно го контролирала и патот кој одел по долината. Површинските наоди покажуваат дека оваа населба, иако поскромна од претходната, исто така носела одлики на градска населба. И тука, за ваквиот нејзин статус решавачки удел играло рударството и металургијата, за што сведочат пронајдените металургиски отпадоци и полуфабрикати. Во едното од имињата на населбите (Geneat... и ... XiNOS) врежани на спомнатиот римски граничен камен, треба да се бара некогашниот назив на оваа полисма.12 "2
ЦРКВА СВ. НИКОЛА, с. Манастир, Прилеп (Сл. 1/9)
Пред влезот во црквата13 се наоѓаат елементи од римска камена пластика. Некои се вградени во неа, додека други лежат покрај црквата (Сл. 5/1 - 4).33 Ние констатиравме: - Едно мено, вѕидано покрај прагот, така што долниот дел е вкопан во теренот (1). Горната површина е груба со неколку вдлабнатини од кламфи. Една колона од квалитетен мермер исто така вкопана покрај влезот во црквата (3). Голема плоча - фриз, на челната страна украсена со богата профилација и орнаментика, која е во голема мера изронета (4). Вѕидан е како праг на влезот во црквата. На горната страна има две длапки.– Венец, убаво профилиран на двете соседни страни (2). Другите две се откршени. додека долната страна е мазна. Се наоѓа пред црквата.
„ГРАДИШТЕ“ с. Манастир. Прилеп (Сл. 1/10)
На топонимот ни укажаа селаните од с. Манастир. Тој се однесува на маркаитниот карпест гребен. северозападно од селото. Иако на самиот локалитет не констатиравме значителни траги од минатото (атипична садова керамика, извесни партии на сувозид). постојат индиции дека станува збор за помала тврдина или рефугиум од античкиот или средновековниот период. На тоа, покрај топонимот, упатуваат природните геолошко-стратешки особености на локалитетот. Имено. врвот на гребенот го сочинуваат венец од вулкански карпи, кои природата ги обликувала во живописна форма. Тој обиколува една зарамнина (денес нива од еден- два ари) која е сосем скриена од околината, така што. во случај на опасност од долината14 на Црна. можела да послужи како одличен збег. Од друга страна. високите карпи кои се извишуваат на западниот дел од локалитетот, претставуваат природни осматрачници и караули кои можеле добро да ја контролираат оваа речна долина. Овие функции би му прилегале на еден рефугиум или помал кастел. На постоењето на некаква античка населба во најблиската околина укажуваат спомнатите сполии околу црквата во с. Манастир и други локалитети во околината. Н Лок „ГРАДОК“ („МАРКОВИ КУЛИ“) с. Чаниште. Прилеп (Сл. 1/11; Сл. 6)
Местоположба: Локалитетот е лоциран на 120 м високиот рид којшто се издига над устието на Дуњска Река во Црна, крај прастариот премин преку Црна (денес познат како „Расим- Бејов Мост).15
радежни остатоци (Сл. 6): Периметралниот зид е изграден од крупен кршен камен без малтер, кој е на јужната страна зајакнат со контрафори, а на источната со неколку кули. На источниот крај, на најниската точка од периметарот, стоела порта. Северниот дел е издвоен во вид на издолжена акропола, обиколена со нови зидови, кои се изградени врз постарите. На нејзиниот северо-западен крај се наоѓа кула зидана со малтер, од големи делкани блокови, додека на северо-источниот крај, порта поставена помеѓу две кули. На јужниот зид се потпрени однатре низа простории со иста големина. Во нејзиниот источен дел се наоѓаат добро зачувана базилика, додека на спрогод.; Наоѓалиштето било познато и пред тоа: И Микулчиќ, Пелагонија у светлости археолошких налаза, Скопје, 1966, 69; Истиот, Касноантичка утврђења у ср Македонији - покушај класификација, Материјали XII, Нови Сад, 1986, 117, Ор. 219, Л., К. Кепески, B, Китаноски, Мариово ..., 118, 119. (Во последниот наслов, локалитетот се лоцира во атарот на с. Манастир.)
тивниот крај, друга, нешто полошо зачувана црква и покрај неа, уште една градба. Целата утврдена населба опфаќала простор 230 х 230 м и површина од околу 5 ха.
Заслужуваат подетално да се обработат двете сакрални градби (бр-Ти2
Сакрални градби: Првата црква (Сл. 7) има базиликална основа (димензии: 20 х 18 м). Градена е солидно од кршен и приделкан камен врзан со малтер (дебелина на зидовите 0,65-0,70 м). Објектот, со оглед на напуштеноста, досега е релативно добро зачуван (сл. 8). Два влеза водат во тесниот нартекс кој е денес најлошо зачуван. Оттука се комуницирало со двете квадратни простории, лоцирани на неговата северна и јужна страна. На исток, низ една врата, се влегувало во наосот, поделен во три брода со колонади од по три столбци и по два пиластри, со квадратна основа, зидани исто така од приделкан камен. Колонадите носеле аркади, за што сведочи првиот источен столбец на јужната колонада, на кој е зачуван дел од арка (која започнува на висина од 2.54 M), изведена од делкани блокови бигор (види: сл. 7). Централниот брод завршува со голема олтарна апсида, (зачувана во висина од над 3 м од подот) на чие чело и денес се гледа широкиот прозорец поставен на најмалку 0,50 м, од подот на олтарот. Иако неговите горни партии не се зачуван“, може да се претпостави дека некогаш тоа била трифора или поголема бифора. Страничните бродови од наосот на исток завршуваат со по еден влез, кој води надвор од црквата. Двата источни столпци од колонадата, на страните свртени кон центраниот брод, носат жлебови во кои биле вглавени парапетните плочи (вис. 0,50 м) и веројатно архитравот од олтарната преграда (вис. 1,60 м). Поради затрупаноста, нерешено останува прашањето на евентуалниот езгонартекс или трем, како и решението на подовите (кои на места биле покриени со камени плочи). При нашите посети на објектот не констатиравме елементи на некогашната камена (или било каква друга) декорација на храмот. Тоа воедно ги обусловува проблемите околу датирањето на овој објект.
Самата базиликална основа, иако најдоминантна во ранохристијанскиот период, не може самата по себе да биде сигурен аргумент за таквото определување. Најдобар контрааргумент за тоа е спомнатата црква Св. Никола во ближното село Манастир, која според ктиторскиот напис потекнува од XI век.16 ‘© Сепак, доказ повеќе за првата хипотеза се источните влезови на страничните кораби, кои се релативно чести на ранохристијанските базилики во префектурата Илирик, (вклучувајќи ги тука и оние од Македонија), а не се одлика на оние од подоцнежниот период.17 Станува збор за градежни елементи кои се во тесна врска со строго пропишаните христијански обреди што се одигрувале во храмовите. Секоја позначителна промена на овие обреди (кои се од своја страна последица на менувањето на догмата), секогаш доведувале и до соодветни измени во просторната диспозиција на храмот. Во овој случај спомнатите влезови повеќе го фаворизираат ранохристијанскиот карактер на базиликата.18 !
Втората црква се наоѓа педесетина метри западно од базиликата (Сл. 9). Основата е во облик на четириаголник (со дименчии: 11,40 x 10 м); зидовите се градени од камен и малтер (шир. 0,70 м). На запад се протега нартексот, чиј влез, поради затрупаноста на објектот не успеавме да го констатираме. Од него еден влез водел во наосот, кој е еднокорабен и заедно со трансептот формира „Т“ основа. Лево и десно од коработ се наоѓаат две правоаголни простории (јужната денес затрупана), кои изгледа, комуницирале со нартексот. Коработ на исток завршува со олтарна апсида, однатре полукружна, однадвор тространа, лево и десно фланкирана со два пиластри. И тука, на источниот зид, лево и десно од апсидата, констатиравме влезови, а на јужниот агол на црквата, остатоци од некакви други зидови, денес затрупани. Основата на храмот упатува на сводни и куполни решенија на неговите покривни партии.
Сред шутот откривме еден столбец од иконостас (Сл. 5/5), грубо извајан во скромен материјал (песочник, шкрилец?). Долниот дел е со квадратен пресек, со жлеб за парапетната плоча, од горе преминува во колона со кружен пресек, грубо откршена. На југозапад од црквата констатиравме и индиции за глатрешни преградни зидови (Сл. 9). Веројатно се работи 3a придружен објект, кој органски не бил сврзан со црквата (трпезарија, конак?)
И овој христијански храм. поради недостигот на декорацијата, во хронолошка смисла е тешко одредлив. И покрај тоа што првиот впечаток упатува на средниот век (основа во вид на квадрат со впишан крст; однадвор тространа апсида), поблиски аналогии од тој период на овие простори не се познати. Од друга страна постојат храмови со слична основа, датирани во ранохристијанскиот период.19 " И овој објект има два влеза на источниот зид, на местото каде што кај средновековните цркви од овие краишта се задолжителни конхите на пастофориите (во најмала рака скромни по големина и втопени во зидот). Во овој случај, спомнатите влезови посредно укажуваат на тоа дека тука се уште не биле лоцирани пастофориите. што оди во прилог на ранохристијанскиот карактер на базиликата.20
Површински наоди: на сиот простор на локалитетот „Градок“ се среќава доцноантичка и средновековна керамика, и ситни метални предмети (железни клинци, олово, бакар). Заслужува да се спомне една монета од XI век. Идентификација: Сите овие податоци укажуваат на тоа дека се работи за доцноантично гратче (Oppidum) кој претставувал локален центар а воедно, со својата доминантна позиција ги контролирал комуникациите кои воделе по долините на спомнатите реки. Остатоците на теренот укажуваат на тоа дека во средниот век, дел од фортификацијата и градбите во неа биле обновени, и користени како населба, тврдина или манастир.
NIKOS CAUSIDIS — Skopje
Белешки
- Проектот се изведувал на Институтот за историја на уметноста и археологија (Филозофски факултет, Скопје), под раководство на д-р Иван Микулчиќ. Во овие рекогносцирања, покрај раководителот и авторот на овој напис, учествуваше и К. Спасоска. ↩
- Локалитетот досега подетално го истражувале: И Микулчиќ, Старо рударство кај Витолингга, Стремеж 7, Прилеп, 1967, 47; А. Керамитчиев, за старото рударство на Мариово, мад , Прилеп 1978, 114-117; Л., К. Кепески, Б. Китаноски, Мариово - рекогносцирање, Археолошки преглед, 25, Љубљана, 1986, 122; Л., К. Кенески, Дюјна некропола - Задна Река, мад 10, Скопје 1989, 213-223; Истите: Доцноантичка градба од Задна Река - Прилепско, мад 11, Скопје 1990, 181-191; Истите: Средновековна некропола од Задна Река - Прилепско, 1985 - 1986, мад 11, Скопје, 1990, 193-198. Кај овие антори се наведени и постарите публикации, во кои се објавени истражувањата на овој локалитет, вриени во првите децении на овој век. на овој век и за новооткриениот епиграфски споменик, види: А. Керамитчиев, за старото (1978). 115. ↩
- Со подвижниот материјал, античките се датирани во распон од II до првите децении од V век (Л., К. Кенески, Доцноантичка...). Средновековните објекти лоцирани над античките се, пред се од фунерален карактер и според прилозите во гробовите се датираат помеѓу X и XII век (Л., К. Кенески, Средновековна...). За постарите ископувања, изведени тука уште на почетокот на овој век и за новооткриениот епиграфски споменик, види: А. Керамитчиев. За старото ... (1978), 115. ↩
- G. I. Kazarow, Inscriptions et antiquités de la Macédonie occidentale (Regions Че Mariovo et de Prilep) BCH Paris, 1923, 278; И. Микулчиќ, Crapo..., 52. ↩
- За сине оние наоди: ОЈ. Kazarow, о.е. 279-282, Fig. 4-b. 5, 6: Н. Вулиќ. Споменик 71. Београд, 1931, 162, бр. 420, 421; Н. Вулиќ, Споменик 75, Београд 1933, 66. бр. 193: И. Микулчиќ Старо... 47, 50 52, ↩
- a овие споменици: О. 1. Kazarow, о.с., 276, 279, Фиг. 1, 2.; X. Вулиќ, Сном. 71,146, бр. 362: В. Лилчиќ. Нови ранохристијански наоди околу Прилеп. Годишен зборник на филозофскиот факултет. 11 (37), Скопје 1984, 105. 104. Си. 24-а. Спомнатиот каменен блок со дланки селаните го нарекувале „Бранон камен“, а според преданијата, ко турско време на него бил прибиран данокот. ↩
- За гробот и монетите: И. Микулчиќ, Топографија на Еу(да)рист, мад 1, Прилеп, 1975, 195; С. I. Kazarow, о.е. 243; За други локалитети во околината на селото: Л., К. Кенески. Б. Китаноски. Мариово... 10. ↩
- За сево80 ова: И. Микулчиќ, Старо..., 47 - 52; за рударството: А. Керамитчиев, за старото рударство во Мариово, мад 2, Прилеп 1976, 237 - 249; Истиот, за старото... (1978). Со оваа етапа од езгистирањето на населбата може да е во врска локалитетот „Кула“ лоциран на западните падини на Козјак (види: Сл. 1/5) каде, според селаните, на теренот се гледаат грамади. Најверојатно се работело за тврдина, - караула, која ја штитела населбата и околните објекти. ↩
- На овие локации ќе се градат цркви и подоцна. Од селаните на Витолишта (особено Риста Белевски, роден 1913 г.) дознавме преданија и други податоци за средновековните цркви околу селото. Така, кај месноста Св. Петка постоела црква за која 1924 година се говорело дека била срушена пред 320 години. Камените елементи кои таму биле откопани, подоцна биле вѕидани и малтерисани во прозорите на новата селска црква (Св. Атанас). Се знае дека кај „Јаградиште“ имало црква Св. Благовештение а пак за престолот на црквата Св, Хараламине се вели дека бил постар од самата црква. то Локалитетот досега го споменале: G.I. Kazarow, о.с. 283, 284; И. Микулчиќ, Старо... 52- 53; ЈІ., К. Кенески, Б. Китаноски, Мариово ..., 119. A. Керамитчиев, (За старото... (1978), 119- 121), покрај другото констатирал и бедеми од камен и малтер во висина од 1 м. ↩
- G.I. Kazarow, 0.c., 284-287. Камена пластика (капител со претстава на крст во медалјон) и остатоци од црква се констатирани и на лок. „Црквиште“ - „Свеќетанско“, северно од селото Мелница (ЈІ., К. Кепески, Б. Китаноски, Мариово... 119.) ↩
- За овие толкувања: И. Микулчиќ, Craopo .... 49, 50, 53; A. Керамидчиев, за старото... (1978), 119-121. ↩
- Некои од сполиите се спомнати и прикажани кај: Д. Koyo, П. Милкониќ — Пепек, Манастир. Скопје 1950, 22, 23, 25 сл, 20, 20a. ↩
- За другите локалитети: Л., К. Кепески, Б. Китаноски, Мариово... 118. ↩
- Локалитетот беше истражен и топогрфски снимен, во рамките на спомнатиот проект (премер и цртеж: Д-р. И. Микулчиќ). Прелиминарните резултати од овие истражувања и беа претставени на јавноста во рамките на јавната промоција (со придружен каталог) одржана 1989 ↩
- Д. Коцо, П. Милковиќ - Пепек, Manacrup..., 3-29. ↩
- ,19,20, 22, 23, 25 - 28, 33 - 35. ↩
- местото на пастофориите во ранохристијанските храмови и воопшто за бот циите на текот на обредот: Б. Стричевиќ, Баконикон и протезис у ранохришканским црквама. Старинар. IX-X. Београд, 1959, 60-65. ↩
- Примери на храмови со по еден и два такви влеза, види: Н. Петровиќ Cupemo, Пропорциски односи у базиликама Илирска префектуре. Београд, 1971, објекти под број: 5, 6, iy ll, ↩
- Блиска, но не и сосем идентична ни се чини паралелата со таканаречената крстообразна црква, или базиликата „В“ во Царичин Град, со слична диспозиција на наосот и апсидата, но со поиздолжен предапсидален простор (види: В. Кондић, В. Поповић, Царичин Град, Утврђено насење у византиском Илирику, Београд, 1977, 82, сл. 60, 63, 64). Постојат и релации со наосот на базиликата во с. Орман, Скопско, ако се има во вид фактот (добиен од м-р В. Лилчиќ) дека квадратните простории, северно и јужно од олтарот, пред секундарното преградување сочинувале трансепт. (За основата на градбата види: Б. Алексова, Ранохристијанска базилика од крстовиден тип во е. Орман. Скопско, Зборник - Археол. муз. на Македонија. Х-ХГ, Скопје. 1983, 77-84) Од средновековните храмови во Р. Македонија, како најблиска може да се земе основата на храмот од лок. „Св. Четириесет“ во с. Банско, Струмица (види: Д. Kono, П. Милковиќ - Пенек. Новооткриената црква на локалитетот „Св. Четириесет“ во селото Банско Струмичко, Зборник на трудови. Струмица, 1989, 65-100). ↩
- Конечниот одговор секако ќе го дадат резултатите на археолошките ископувања што од неодамна се изнедуваат на оние два бојекта. Со оглед на затрупаноста на објектите при нашите посети, очекуваме дека резултатите на ове ископувања ќе доведат до уточнување " корекции на прелиминарните плановите што ние ги приложивме. ↩
Summary
Late Roman Structures along the River Vitoliška Reka in Mariovo
(SUMMARY)
The article deals with several sites from the aforesaid area, where topographical survey has been conducted of the defense bulwarks and reinforced habitation terraces. Several newly discovered structures and elements of stone plastic decorations have been documented. These finds have been supplemented with and compared to the ones already known and published some time a earlier.
The site of “Zagradiska Сика21 in vil. Vitoli8te is a settlement comprising an acropolis and several habitation terraces enclosed with straight line reinforcements. It extended on several sites on the either bank of the river Zadna Reka. Newly discovered portions of stone plastic decorations have been recorded on the sites of “St. Peka“ (“Perivol*) and in the village VitoliSte (the church of St. Elijah and the barrack of the Forest Company). The site of “Sadevi', (near the former village Melnica) is not so well preserved. The reinforced habitation terraces and the acropolis can still be percieved, encircled with a defense bulwark. Roman architectural decorative pottery and pottery ware have also been found in the terrain. Elements of architectural stone plastic decoration have already been recorded in some earlier explorations at the site proper, near the church of St. Demetrius and the site “Crkviste — Sveéetansko“. In the district of the village Manastir, Roman stone decoration, immured in the church of St. Nicholas, has been photographed and the site “GradiSte“ (presumably a refugium or minor castel) has been visited. The site "Gradok" – "Markovi Kuli" near vil. Čanište is fortified with towers, gates, etc. The acropolis has subsequently been restored. Two sacral constructions are now visible aboveground. The first one is basilica, preserve over 3 m. of height, built of ashlar and flaked stone. Traces of colonnades and columns that must have supported the arcs have been preserved. The second construction (preserved to a minor extent) is one-naved church with a transept. It is built of stone and mortar. According to the disposition of the space and some elements of the base, (particulary the eastern entrances), both churches point to the Early Christian period.