Macedoniae acta archaeologica 13 (1993) · стр. 201–212

Прилог кон античкиот клуч

Во овој текст ќе стане збор за античкиот клуч од римско време на територијата на Република Македонија. Веднаш да кажеме дека овие наоди на нашето подрачје се многубројни, меѓутоа тука ќе ги претставиме само примерите што ни беа достапни.1

Во однос на техниката на употреба на клучевите во римско време. разликуваме главно две постапки на оперирање со овие орудија:

1. Влечен клуч. што се влече во смер кон главата или странично кон коренот на ногата.

2. Завртен клуч, што се врти околу оската на телото, слично како и денешните модерни клучеви.2

Основни делови на еден антички клуч се: главата, телото и ногата со запци. Според тоа издвојуваме три типа:

1. Клуч со рамен завршеток на ногата. 2. Клуч со чаталест завршеток на ногата. 3. Клуч со двојно превиткана нога и кружна диспозиција на запците.

Во однос на местото на употреба разликуваме елементи за заклучување простории од јавни и приватни објекти. потоа брави од ормари и помали спремишта: трезори, каси и касети за разновидни вредности, односно тоалетни кутии. Во продолжетокот на текстот следи кус преглед на примерите од Македонија што ни се познати.

Во Македонија немаме досега клучеви и брави од класичниот и раниот хеленистички период, што не3 го исклучува нивното постоење. Најран пример на антички клуч што ни е познат потекнува од „Градиште“ кај Крушевица. Кавадаречко (П-! век пред н.е.). Потоа следат повеќе елементи од клучалници и брави за тоалетни кутии од гробовите од југо-источната некропола на Скупи. од 1. век н.е. За жал, примери на клучеви од оваа некропола нема објавено. Останатите наоди на клучеви што ни се познати датираат главно од периодот на доцната антика, ГУ-МТ век. Во продолжение ќе ги проследиме примерите на античките клучеви од повеќе локалитети во Република Македонија.

Големи влечни клучеви со рамна нога

Се работи за големи железни клучеви со кружна прстенеста глава, долго тело со правоаголен профил и рамна нога свиткана под агол од 90° во однос на телото. На ногата обично има 2-3 високи заба. Примери:

„Градиште“-Крушевица, Кавадаречко: дел од ногата на железен клуч со - три куси запци (Т.ІІІ;37). Според монетните наоди се датира во втората половина на П и низ I век пред н.е. На тој начин, иако само дел, ова е засега најран пример на клуч во Македонија. Забележуваме дека носачот на запците е прилично издолжен, што не е случај кај примерите од римско време, каде ретко има три запци, почесто се два, односно формата на местото на третиот заб продолжува во телото.

„Маркови Кули“ - Водно, Скопје: - 4 големи железни клуча од археолошкото ископување на доцноантичкиот кастел. Два се откриени во слој датиран со монети на Јустинијан I,*, додека другите два се во слој со монетите на Јустин ІІ >. Сите се слични: долго тело со правоаголен профил и глава во вид на отворена алка-кука за закачување. Ногата со рамен завршеток има по два заба (Т.1;1)

„Кале“ - Стрежево, Битола.7 - Два железни клуча: едниот со два куси заба на рамната нога. Телото му е тордирано, а главата во облик на мала алкичка, носи кружен прстен со кружен профил (Т.1:2). Вториот е исто со два заба на ногата, меѓутоа откршени. Главата му е како на претходниот, меѓутоа недостасува прстенот (Т.1:3). Се датираат рамковно во VI век.8

Heraclea Lyncestis, Битола: железен клуч со три заба на ногата, долго лентесто тело и кружна глава во вид на тесна кука. Крајниот заб има кусо коленесто продолжување. Наод врз мозаикот на Големата базилика (Т.1.4). Доцен V век“.

„Градиште, Црни Врв“ - Секулица, Кратово: железен клуч со лентесто ковано тело, кон главата благо проширено и перфорирано со мал кружен отвор (Т. :5). Доцноантички.9

„Градиште“ - Глишиќ, Кавадарци: голем железен клуч, сличен на претходниот. Површински наод источно под акрополата (Т.У,6).19 :

„Градиште“ - Таор, Скопје: дел од железен клуч како претходните, меѓутоа зачувана е само ногата со два заба. Доцноантички (T.V,7).10

ЗИ. Микулчиќ - Н. Никулска, Рановизантиски град „Маркови Кули“ на Водно, Масеԁоniae acta archaelogica (MAA) 4, Прилеп 1978, 139, 145.

“ Спореди уште за истите наоди и во каталогот на Археолошкиот музеј на Македонија, изложба „Од археолошкото богатство на Македонија“, Скопје 1980, 128-129, инв. бр. 300 и 228, ..

сл. 729.

. „Давина Кула“ - Чучер. Скопје: исто така нога со два заба (Т.У.8).

„Градиште“ - Антигонеа, Неготино: два железни клуча, слични на претходните, во Музејот на градот.11

Стоби, Градско, Велес: голем, железен, недовршен клуч, со рамна нога и три заба. Кај овој пример се уште не било извршено вообичаеното коленесто превиткување меѓу12 ногата и телото. Датиран е во Ш век (непроверено)

Влечни клучеви со чаталеста нога

Ова е исто така тип на голем железен клуч, со кружна глава, долго тело, меѓутоа е со чаталесто обликуван завршеток на ногата, што носи три високи заба во триаголен распоред.13 Кај нас е познат само еден пример:

„Кука“, Рогле, Тетово: откршена нога од железен клуч, со три заба во триаголна диспозиција. Површински наод во источниот сектор на доцноантичкиот кастел (Т.І, 10; Т.1,11). Се датира рамковно од 1V-VI век.

Мали влечни клучеви

Тоа се мали клучеви, нашите наоди претежно од железо, но и од бронза. Имаат кружна прстенеста глава, не премногу издолжено тело со правоаголен профил, кон главата проширено, кон ногата стеснато, понекогаш украсено на предната страна со прости паралелни врежи. Ногата е рамна, свиткана под прав агол во однос на телото и има различно распоредени запци. Примери:

„Градиште, Црни Врв“, Секулица: мал железен клуч со масивно ковано тело со издолжена триаголна форма и правоаголен профил. Предната страна украсена е со неколку обични врежи. Телото горе се проширува и преоѓа во широка прстенеста глава. Ногата свиткана под „прав агол, има 6 паралелни запци и седмиот поставен по широчина (Т.1, 12)“.14

„Грамаѓе“, Мрзен Ореовец, Кавадарци: мал железен клуч, откриен како површински наод во северниот сектор на останките од ова античко село. Имал три заба на ногата, сега откршени. Слична форма како претходниот, но нешто потенок. Прстенестата глава недостасува. Се датира рамковно во IV —

И. Микулчив. Неилирски елементи Meby скупским налазима. Сахрањивање код Илира. САНУ књ. VIII, Одд. историјских наука, књ. 2, Београд 1979, 251. Авторот истите ги смета за тоалетни кутии од трачки тип наведувајќи соодветна аналогна литература. Текстуално одбележува примери на останки од кутиите во 7 гробови од 1 в.. а илустративно ги предава останките од гробот бр. 168. на кој гледавме меѓу останатото и метална лимена плочка за лицето на браната. и" мал резе од самата брава со 11 тркалезни отвори за запците на клучот. ну. Винчиќ, текст за дисертација „Тиквешко во антиката“. My благодарам на колегата Винчиќ за податокот. та бидејќи не ми е познато местото на наод и придружниот материјал се ограничувам на кусиот опис и скица. Според усменото соопштување на професор д-р Иван Микулиќ и професор д-р Блага Длексова, од археолошките ископувања во Стоби потекнуваат повеќе антички к лучеви кои не се публикувани.

„Кука“, Рогле, Тетово: два примера. - Мало железно клуче, површински наод во источниот сектор на кастелот. Масивната нога е свиткана под прав агол во однос на телото. Носи 5 куси запци: еден правоаголен и 4 триаголни, со меѓупростор во облик на буквата x. Телото е кусо со благо проширение на горниот дел, преоѓа во широка прстенеста глава со две рамиња од долната страна. Се датира од IV-VI век (Т.1,30; Т.1 1,146). - Man железен клуч пронајден на ист простор како и претходниот. Ногата му е под прав агол со телото; има два куси заба. Телото му15 е лентесто, со правоаголен профил. Главата е одткриена. Се датира во IV-VI век (Т.І,15; Т.ІІІ, 14ц).

„Кале“, Сопот, Велес: минијатурен бронзен клуч од касета. Површински наод во југозападниот сектор на кастелот. Кусата нога му е под прав агол во однос на телото; има три широки заба, просечени по должината на ногата по средина со плитко каналче, така да се има впечаток дека се тоа всушност 6 мали запци. Телото е масивно, издолжено, со правоаголен профил. На предната страна по средината украсено е со две попречни паралелни врежи. Горе е благо проширено, и преку две остро профилирани рамиња преоѓа во мала прстенеста глава. Се датира рамковно во IV-VI век ( Т.ІІ; 16,17).

Прилеп, Народен Музеј: минијатурен бронзен клуч, речиси идентичен на претходниот, од непознат локалитет во Прилеп или околината (T.V; ig).

Manu прстенести влечни клучеви

Се работи за најмали клучиња од касети кај кои доминира големата глава во вид на прстен. Имаат изразито кусо тело и рамна нога на која се наоѓаат запците во различна форма и распоред. Од подрачјето на Македонија познати ни се четири примери, од кои еден откриен со постарите ископувања е загубен:

„Давина Кула“, Чучер, Скопје: минијатурно бронзено клуче, површински наод во Долниот Град, југозападна страна. Има рамна нога со 10 минијатурни цилиндрично обликувани запци (Т.У, 19-21). :

„Кука“, Рогле: мал железен клуч со широка прстенеста глава, поголемиот дел е откршен. На ногата зачувани се два мали правоаголни запци (T.1, 31; Т.Ш; 14д).

Прилеп, Народен музеј: мал бронзен прстенест клуч со невообичаена конструкција. Имено, телото поаѓа попречно од главата, има кружен профил, внатре шуплив. и директно од него излегуваат два заба што носат по два помали запци (T.V;22).16

Scupi, театар, Скопје: „клуч од бронза во облик на прстен“.!717

Завртни клучеви

Овие се со мала кружна глава, издолжено тело со триаголен облик, со проширение кон ногата, а која е свиткана под прав агол.

„Кука“, Рогле, Тетово: железен клуч, површински наод од источниот сектор на кастелот. Има куса нога свиткана во однос на телото, под прав агол, без запци, со правоаголен пресек. Телото е плочесто, издолжено, со проширение на долната страна, кон ногата. Главата има кружна форма. со мал перфориран отвор во средината. Се датира z ти) Ве P ре датира рамковно во IV-VI век18 „Градиште, Црни Врв“, Секулица, Кратово: железен клуч со слична форма како претходниот, меѓутоа поинаку моделирана нога. Таа е масивна, со кружен пресек, излегува од телото во продолжеток и има три заба поставени со оската на телото и ногата (Т.|Ш, 24). Датирањето и местото на наодот се несигурни. Можеби е средновековен,

Рези од брави

Нашата арехолошка литература досега познава неколку вакви наоди од Југоисточната некропола на Скупи, меѓутоа објавен е само еден пример што тука го наведуваме. Во текот на нашите истражувања откриени се уште два примера и тоа како поединечни наоди одвоени од махенизмите:

„Кале“. Сопот, Велес: мало железно резе, крајно упростено. Има трапезоиден јазичест запорен дел, кусо триаголно тело со само еден отвор за забот на клучот (кој веројатно бил од завртен тип) и назад продолжеток-три. Датирање: 1V-VI век (Т.ІІ, 27,28).

Скупи. Југо-источна некропола, гроб бр. 168.““:20 мало ре3е, веројатно железно, по форма слично на претходните. меѓутоа запорниот јазик стеснет на половина од телото, во кое гледаме 11 тркалезни отвори за запците на клучот (Т.П, 38). Датиран е со монета на Домицијан. По типот му одговарта на минијатурниот. прстенест бронзен клуч од „Давина Кула“, Чучер.

Клучалници од касети

Резите биле сместени во соодветни механизми-брави покриени однадвор со клучалници - лимени плочки со еден до два отвори за вовлекување на клучевите. Од Македонија такви се забележани на:

„Исар“, Марвинци, Валандово: два примери. - Бронзен опков — клучалница со правоаголна форма во вид на мала кутија. На предната страна има два правоаголни отвори за клучот. Работ на клучалницата е закосен и исполнет со декоративни паралелни врежи. Двете странични правоаголни крила имаат по две дупки за клинци со кои клучалницата била фиксирана за дрвениот дел од касетата. Наод од гробницата бр. 64 од IV век (Т.ГУ.29)?".

- Бронзен опков-клучалница слична на претходната. Се гледа само еден правоаголен отвор за клучот. Наод од гробницата бр. 104, датиран во втората половина на IV век“.22 - Бронзени елементи од клучалници во 7 гроба од Југоисточната некропола на Скупи, со етничка дестинација кон тоалетните кутии од тракиски тип. ОД овие е објавен примерот од гр. 168.“.23 : Меѓу опковните делови на касетите и елементите за заклучување ја одбележуваме тука и бронзената алка од тоалетната кутија во гробот бр. 32

Наодот потекнува од постарите истражувања, забележената локација во Археолошкиот музеј на Македонија. според археологот Мила Шурбаноска не е проверена. во Демир Капија24 (T.IV,32), потоа железниот запорен сицџир за врата, површински наод во доцноантичкиот кастел „Кале“. кај Горно Свиларе. во околината ua Скопје, составен од три осмоаголии алки25 (Т.Ш 33)?“

Завршни разгледувања

Иако не многу обемен, изложениот материјал од разните краеви на Република Македонија сепак зборува за веќе вообичаена и редовно користена практика на депонирање и заклучување на пари и разни скапоцени предмети и вредности во периодот на доцниот хеленизам (II-I век. пред. н.е), потоа римско-царскиот период (од I до VI век ц.е.).

Должината на големите клучеви варира од 0.127-0.235 м. додека малите клучеви мерат од 0,018-0,076 м. Може да се претпостави дека малите железни клучеви откриени во доцноантичките, крајпатни кастели: „Кука“, „Рогле“ и „Кале“, Сопот,26 потекнуваат од касите за собирање на патните и царинските патнички обврски, потоа од приватните каси на занастчиите,27 или пак војниците и офицерите. Меѓутоа, за ова засега немаме конкретни потврди. Двата мали бронзени клуча од Сопот и Чучер потекнуваат од таканаречените тоалетни кутии.

Појавата на касети и тоалетни кутии во античките гробови забележена на многу некрополи во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Словенија и соседна Бугарија, ја имаме значи и кај пас во Македонија, меѓутоа засега без доволно примери за подетална студија на нивната форма и функција.

На крајот бележиме дека главно преовладуваат влечните типови клучеви, кај кои обезбедувањето на сигурноста на бравата се состои во распоредоти формата на забите од ногата, односно соодветните отвори во телото на резата (T.IV, 34-36). VIKTOR LILCIC - Skopje

Т. I
Т. I
Т. II
Т. II
Т. III
Т. III
Т. IV
Т. IV
Т. V
Т. V

Белешки

  1. Од колегите кои ми излегоа во пресрет на истражувањето особено се заблагодарувам на археологот Мила Шурбаноска од Археолошкиот музеј на Македонија. ↩
  2. D. Saglio, o.e.: C. Praschniker und H. Kenner, Der Biderbezirk von Virunum, Wien 1947, ↩
  3. Истите н.д., 141, 145, сл. 20. ↩
  4. Т. Јанакиевски, Кале, с. Стрежево - битолско, мад 6, Скопје 1980, 101, T.26, д. Се заблагодарувам на колегата Јанакиевски за одобрението да ги документирам овие клучеви ↩
  5. Истиот Театар, Heraclea Lyncestis, Битола 1987, 96, Т.ХИ, инв. 139/T. ↩
  6. Го забележал А. Керамитчиев, Старото рударство и металургија (каталог од изложбата), Скопје 1977,34. Денес во Археолошкиот музеј на Македонија. ↩
  7. Студиска збирка на Филозофскиот факултет во Скопје. ↩
  8. Ж. Винчиќ, текст за дисертација „Тиквенко во антиката“. Му благодарам на колегата Винчиќ за податокот. ↩
  9. Бидејќи не ми е познато местото на наод и придружниот материјал се ограничувам на куспот опис и скица. Според усменото соопштување на професор д-р Иван Микулиќ и професор д-р Блага Алексова, од археолошките ископувања во Стоби потекнуваат повеќе антички клучеви кои не се публикувани. ↩
  10. ©, Praschniker und H. Kenner, o.c. ↩
  11. A. Керамитчиев. н.л. 34. Благодарам на колешката Мила Шурбаноска за одобрението да го документирам овој наод. ↩
  12. За податокот и скицата на овој клуч му благодарам на колегата археолог Александар3 Миткоски од Народниот музеј во Прилеп ↩
  13. © Податоци и скица на наодот A. Миткоски од Н. Музеј во Прилеп ↩
  14. Н. Вулић, Римско позориште код Скопља, сану, пос. изд.кн. 346, Одл. друштт. наука, св. 39, Београд 1961, 17. ↩
  15. Аналогна форма на нашиот пример види кај Ђ. Мано Зиси, Ископавања у Царичином Граду, Старинар Н.С., VII-VIII, 1956-1957, Београд 1958 сл. 36. T. 47/9. ↩
  16. И. Микулчив, Неилирски елементи.... T.1V, инв.бр. 435. ↩
  17. Истата, н.д., 117, T. 48, сл. 12. ↩
  18. И. Микулчиќ, Неилирски елементи..., T. IV, гр. 168, инв. бр. 435. В. Соколовска. Исар-Марвинци и Повардарието во античко време, Скопје 1986, 115-116, ↩
  19. Иста, Новија археолошка ископавања у Демир Капији, Старинар Н.С. XXIV-XXV2 (1973-1974), Београд 1975. 185. T. VII, сл.3. ↩
  20. Аналогни примери споредри кај: А. Цермановић – О. Жижић – Д. Срејовић, Античка Дукља-некрополе, Цетиње 1975, гроб. 111,83; C. Praschniker-H. Kenner, o.c., 153, abb.134. ↩
  21. Наодите од Рогле. Г. Свиларе. Сопот. Мрзен Ореовец. Таор и Глишиќ се чуваат во Студиската збирка на Филозофскиот факултет во Скопје. ↩
  22. За занаетчијата-златар споредри го мојот текст: Нови наоди од доцноантичките крајпатни кастели кај Рогле, Г. Свиларе, Сопот (AD CEPHALON) и Фарим, Историја, 88-89, XXIV-XXV/1-4, Скопје, 146,150, T.VII, 16; T.XI, 7-8. ↩

Résumé

Une contribution a l'etude de la clef antique

(RESUME)

Dans ce texte sont présentés les exemples des clefs antiques sur le territoire de la République de Macédoine. Suivant leur forme et leur fonction, nous distinguons quelques variantes:

- De grandes clefs a traction a pied plat (Ph. 1-9), le plus souvent enfer, servant a ouvrir des portes normales de piéces et de batimens.

- De clefs a traction a pied fourchu, un seul exemple (Ph. 10 et 11)

- De petites clefs a traction servant a ouvrir des cassettes oti on gardait des choses de valeur. Elles sont le plus souvent en fer, un exemplaire est en bronze, probable-

ment d’une boite ou d’une cassette de toilette (Ph.12-18)

- De petites clefs annulaires a traction servant 4 ouvrir des cassettes, avec une grande téte circulaire en forme d’anneau, faites enbronze et en fer (Ph. 14 4. 19- - Des clefs a révolution, deux exemplaires dont l'un est решете du Moyen Age Pour conclure, on peut dire que les clefs antiques ont en Macédoine été remarquées a la période de l'hellénisme tardif, du Ie au le siede avant notre ére) de тете que pedant la période impériale romaine et la période haut-byzantine (du ler au Vle siécle de notre ére). On exécutait de grandes clefs a portes de piéces de maisons et de petites clefs en fer, mais aussi des exemples Че clefs servant 4 ouvrir or. ae et des boites de toilette. Ce sont les types a traction qui prédominent.