Macedoniae acta archaeologica 13 (1993) · стр. 163–169
Две теракоти од Студеничани
Во периодот помеѓу 1986 и 1990 година се вршеа археолошки рекогносцирања на предримските локалитети во околината на Скопје. Материјалот што ќе биде презентиран во оваа прилика претставува случаен површински наод од локалитетот „Исар - Кале“ кај селото Студеничани.
Лоциран на 13 км југоисточно од центарот на Скопје, локалитетот претставува утврдено гратче со површина од 2,5 ха, поставено врз природно зарамнето плато со правоаголна форма, кое плато на југ продолжува во тераса, исто така опфатена со зид.1 Систематски археолошки истражувања на локалитетот кај Студеничани не се изведувани. Токму затоа сметаме дека теракотите што се предмет на овој труд заслужуваат да бидат обелоденети.
ГЛИНЕН КАЛАП ЗА ПРЕТСТАВА НА БОГИНКАТА АТЕНА (Сл. 1-2, 4)
Се работи всушност само за предна половина на калап чијшто долен дел е откршен и недостасува. Зачуваните димензии на калапот се следниве: 0,165х0,82х0,04 м. Од откршениот профил се гледа дека глината од која што е изработен калапот се состои од три слоја. Таа била нанесувана во најмалку три слоја врз оргиналот,2 и тоа веројатно на следниов начин: првиот слој го сочинува фино прочистена глина која била омекнувана и обликувана во вид на тенка плоча; со едната рака мајсторот ја држел оргиналната претстава, а другата внимателно ја притискал глината врз оргиналот. Вториот слој се состои од сита глина но со примеси од песок и многу лискун. Ова било сторено со цел овој слој да послужи како едно црвсто јадро на калапот. Овој слој денес јасно се издвојува со својот темен колорит. Третиот финален слој се состои од нетолку добро прочистена глина. При дообработката на калапот мајсторот се послужил со некој вид скалпел, меѓутоа останале бројни отпечатоци од неговите прсти. По сушењето во сенка и на провев калапот бил премачкан со разреден црвенкаст фирнис. Печењето на калапот било изведено на висока температура во печка со присуство на кислород. Поради ваквата постапка по печењето калапот се здобил со извонредно цврста фак-
Во текот на подготвувањето на овој труд од извонредна корист ми беа консултациите со моите професори д-р Иван Микулчиќ и д-р Вера Битракова - Грозданова. Дел од фотографиите се дело на м-р Виктор Лилиќ (Сл. 6). На сите најтополо им се заблагодарувам. Останатите илустрации во овој труд се дело на авторот.
Ancient clay impresions from Greek metalwork, Hesperia 45, 1, 1976, 42. Hatamy Hesperia. тура и црвенкасто-кафеава боја. Како последица на долготрајниот престој во влажна средина и слабиот квалитет, фирнисот на одредени места исчезнал. Поради горенаведената причина на одредени места врз калапот се нафатиле наслаги од калцинација. Врз сферната површина од калапот забележливи се траги од нагорување. Интересно е дека и И. Микулчиќ констатирал ваква нагореност врз фрагментите од зидниот премаз на градбите од горното плато на „Исар - Кале“. Сето ова говори за пожар во кој што најверојатно страдала
Модерниот глинен отпечаток ја претставува богинката Атена со лик на млада девојка со шлем на главата, облечена во долг набран хитон, потпашан на половината. Горгонеионот е површно третиран и без детали, а со необично голема горгона на средината врз градите. Од причина што недостасува долниот откршен дел од калапот, адекватно недостасуваат нозете од колената надолу (Си. 3). Димензиите ка сегашниот одливок се следниве. 0,130х0,043х0,02 м. Главата е фронтално поставена и незначително свиена3 кон лево. Левата половина од лицето е поголема наспроти нежно моделираната десна половина. Челото е високо и без детали, а е врамено со шлем од којшто е видлив само предниот дел поради што е неможно да се суди за типот на кој му припаѓа. Од под шлемот преку челото и слепоочниците минува по еден прамен брановидна коса на обете страни. Носот е правилен и меко заоблен. Устата е со полни усни собрани во неприроден насмев. Foapata е малку издадена и заоблена. Очите се плитки и површно третиран. скоро
бадемасти, но истовремено и асиметрични, како и веѓите. Вратот е силен и рзголен. Градите се јасно назначени, а горгоната меѓу нив е во облик на неправилен диск со шематски назначени очи, уста. и нос. Под тешката драперија се чувствува десната нога врз којашто паѓа сета тежина на телото. Левата нога е исчекорена напред, а под ткаенината се чувствуваат облините на надколеницата. Ваквата поставеност на градите и нозете од богинката укажуваат дека веројатно се работи за претстава на Атена од војнички тип, која била поставена врз постамент со поглед насочен пред себе.
Во недостаток на директни или блиски аналогии на нашиот калап мораме да се потпреме врз стилско-ликовните одлики на глинениот отпечаток со претстава на Атена. Имено, добро е познато дека во антиката теракотата речиси редовно ја имитирала големата скултпура, при што се губеле деталите на големите примери. Многу често тие примери не се зачувани што само ја отежнува нашата работа во конкретниов случај. Опсежната анализа на видливите делови од отпечатокот говорат дека кај делото се присутни уметнички одлики карактеристични за две епохи. Истите заслужуваат да бидат проследени со адекватен карактер со цел да се стекнеме со пто е можно пореална претстава за кутурновременската припадност на нашиот примерок.
Деталите од лицето се третирани се уште само како дел од пластичната целина на сето тело и по ништо не се издвојуваат од тој хармоничен комплекс. Бадемасто третираните очи, карактеристичната архајска насмевка, всушност се уште неидеализираниот портрет се одлики на нашата претстава. Наспроти гореискажаните одлики на ликот на богинката, нејзината облека, во прв ред тешкиот хитон со широки набори, како и полупро5ирната олабавена лева нога, се многу блиски до една Атенина скулптура од атинскиот Акропол. Истата е дело на скулпторот Евенор. а припаѓа на ранокласичниот период (околу 480 год. п.н.е.)“.4 Битно е да се истакне дека ваквиот третман на драперијата ќе кулминира кај класичните каријатиди од Ерехтеонот на атинскиот Акропол (421-407 год. п.н.е.). На овој начин остварената претстава на Атена од студеничанскиот калап со спротивставени архајски и класични одлики, можела да настане во еден поширок временски распон на У век пред н.е. Говориме само за временастанувањето на претставата од калапот, додека евентуална потврда за неговата употреба би можеле да дадат само теракотните одливци кои би се пронашле при некои идни истражувања.
ТЕРАКОТНА МАСКА НА ХЕРАКЛЕ
Изведена е иконографски вообичаената уметничка претстава на Херакле - најголемиот херој и полубог во грчката митологија. Релјефната маска е изработена од добро прочистена црвенкасто-окереста глина со следните димензии (),056х0,05х0,021 м. Бидејќи се работи за маска, единствен атрибут за идентификација претставува лавјата кожа што Херакле ја носи во уметничките претстави, а во спомен на своето прво јуначко дело.5 В „Во извонредно висок релјеф кој како да сака да прерасне во полна пластика, Херакле е ликовно претставен како брадест маж во зрели години. Лицето е широко со рамно чело, длабоки очи, мала уста и полни усни. Левата половина од лицето е зачувана во целост, а десната само до височината на десниот мустаќ. Брадата е избраздена и поделена на два еднакви делови. Одоздола е право зачешлана, додека мустаќите се фино избраздени и свиткани нагоре завршувајќи во кадрави локни. Остатокот од брадата на левата половина од лицето завршува во четири кадрави локни со прстенест облик. Левиот мустаќ е идентичен со десниот, но е поставен на повисоко ниво. Оваа асиметричност е забележлива и при опсервацијата на лавјата кожа со која што е покриена главата на Херакле. Истата, имено е поставена малку кон лево. Околу главата бил изведен некаков венец во плиток релјеф чијшто основен мотив не е можно да се одреди. Можеби се работи за дел од нозете на препарираниот лав со кои што кожата ге преврзувала врз градите од Херакле. Откршениот профил на десната страна од главата е подебел од оној на спротивната страна што од своја страна пак сугерира дека тука релјефот можеби продолжувал. Истата ситуција проследена со идентична претпоставка важи и за долниот крај од теракотата. Извонредната минуциозност во изведбата на деталите без дополнително ретуширање наведува на помисла дека релјефот бил постигнат по пат на калапење. Пред печењето предната половина од релјефот била премачкана го темнокафеав фирнис. Слабиот квалитет на истиот и долгиот престој на влажната земја влијаеле кон тоа тој некаде сосема да се изгуби. Задната површина на релјефот е грубо недоизмазнета и без траги од фирнис.
Во недостаток на идентични или блиски аналогни примери на Херакле од Студеничани на територијата на денешна Република Македонија, истите ќе ги побараме во соседните области. Еден краток екскуре во историската појава на релјефната фигурална керамика во облик на фигура на човек со коњ ќе ни ја даде основната појдовна хронолошка одредница за оваа појава во антиката. Споменатата претстава се јавува врз еден црвенофигурален пехар направен за атинската Акропола, а е дело на сликарот Еуергидес (515-500 година п.н.е.)ѓ. Во периодот помеѓу 440 и 430 год. п.н.е.6 монументалната пластика во Атина доживува своевидна кулминација предизвикана пред се од нарачките на хризелефантинските статуи на Атена Партенос и Зефс Олимписки. Како последица на ова во Атина доаѓаат бројни мајстори - тореути кои правеле копии и реплики на овие како и на многу други денес нам непознати дела, но во ситната пластика. На атинската Агора се пронајдени бројни глинени отпечатоци од ситната метална пластика кои датираат од крајот на V и првата половина на IV век п.не.7 Сето ова беше важно да се истакне бидејќи токму овие отпечатоци од атинската Агора ќе ги навестат хеленистичките колекции на отпечатоци и калапи. Помеѓу гореспоменатите глинени отпечатоци особено внимание привлекува еден со претстава на брадест Херакле со лавја кожа и глава од дива свиња како специфичен додаток. Овој примерок е датиран во периодот помеѓу 375 и 350 година п.н.е.8 Од друга страна на територијата на атничка Македонија во времето на кралот Пердика II (454-413 година п.н.е.), главата на Херакле за првпат се јавува врз кралските монети.9 Сребрените статери што ги ковал кралот Аминта Ш (393/2- 369/8 година п.н.е.)10 на аверсот носат профил на брадест Херакле со лавја кожа преку главата (Сл. 8) Надвор од монетните примери, релјефната маска на брадестиот Херакле со лавја кожа што е претставена врз една од волутите на познатиот кратер од Дервени засега е најблиска иконографска аналогија, а датира од 330 година п.н.е. (Сл. 7)
Според зачуваните карактеристиките на лицето кое има широка форма строгото и широко чело, како и големите очи, нашата маска потсетува на делата од уметноста во втората половина на V век п.н.е.11 Според сето погоре кажано несомнено е дека се работи за импортиран примерок чија провениенција треба да се бара во самата Атина. Сметаме дека студеничанската маска на Херакле е постара од претставата на Херакле врз волутата од дервенскиот кратер и може да се смести во еден поширок контекст на хронолошкиот спектар околу средината на ТУ век п.н.е. Настрана високиот квалитет на претставата, останува загадочна функција на истата. Фактот дека задната површина на Фрагментот е недообработена и без фирнис остава можност да се посомневаме во тоа дека маската била дел од релјефната декорација на некој сад. Фрагментираноста на примерокот дозволува да претпоставиме една друга можна функција на импортираниот релјеф: како модел за нарачки и изработка на релјефни садови во контекст на една грнчарска работилница тука на локалитетот „Исар - Кале“ кај с. Студеничани.12
Гледано во целина овие два нови теракотни наоди не излегуваат од досега предложената хронолошка рамка на животот на локалитетот кај с. Студеничани. Напротив, тие ја потврдуваат истата давајќи му притоа една нова повисока културна и пред се култна димензија на животот во овој веќе цивилизиран простор.
Покрај од порано во литературата констатираните врски со Егеја, како и локалната продукција на квалитетни имитации на атичката грнчарија,13 за првпат ка Студеничани се среќаваме со калап за локална продукција на култни теракоти. Покрај тоа имаме потврда за присуство на луксузна атинска релјефна керамика, која можеби била копирана тука во Студеничани. Благодарение на теракотниот калап за првпат сме во можност да зборуваме за присуство на почитување на едно божество познато од грчкиот пантеон. Рано во У век п.н.е. можеби и се работи за некое локално божество со слична функција и атрибути на богинката Атена. Охрабрени од овој податок денес сме во можност да претпоставиме дека порано споменатиот каменен триглиф од локален песочник,14 заедно со бројните теракотни антефикси, веројатно припаѓале на некој храм тука од акрополата во Студеничани. Заради тематската ограниченост на овој труд овој пат нема да го допреме прашањето кои биле носители на оваа ранокласична култура. Се чини дека единствениот пат да се дојде до одговор на ова мошне сложено но исклучително важно прашање е во взаемното надополнување и континуираното следење на пишаните историски податоци и последните археолошки откритија во Скопско.15 IVAN STANČEVSKI - Skopje
Белешки
- кулчиќ. Старо Скопје со 5 Тардини. ро i околните тврдини, Скопје 1982, 32, сл. 12, Натаму EK, Williams, ↩
- И. Микулчиќ, Тврдини, 33. ↩
- Boardman, Greek skulpture - Archaic period, Norwich 1978, 87, fig. 173. ↩
- Reinach Répertoire de la statuaire grecque et romaine, II, 1, Paris 1908, 203, fig. 5, 208, fig. ↩
- , 209, fig. 2, 210, fig. 9, 213, fig. 5, 217, fig. 7, 220, fig. 4, 221, Bo. 6: ↩
- Boardman, Athenian red figure vases - Archaic period, Norwich 1979, 56, fig. 100. ↩
- E. R. Williams, Hesperia, 41-66, pl. 5-11. ↩
- Исто, 41, pl. 6, fig. 5. ↩
- C. Edson, Early Macedonia in Philip of Macedon, Athena, 1980, 24. ↩
- M. Andronicos, Thessalonike — Archaeological museum, Athena, 1975, 12, fig. 1, 8. ↩
- N, Bookids - J. E. Fisher, Sanctuary of Demeter and Kore оп Acrocorinth, Hesperia 43, 3, 1974, 290. ↩
- И. Микулчиќ, Тврдини, 33. ↩
- Исто, 33-34, сл. 14, Таб. 2 Б, сл. 1-5. ↩
- Исто. 34. ↩
- В. Соколовска, Исар - Марвинци и Повардарието во античко време, Скопје 1986, 35-38; В. Битракова - Грозданова, Споменици од хеленистичкиот период во ср Македонија, Скопје1 1987, 42-156; И. Миклучиќ - В. Соколовска, Гробницата во Бразда кај Скопје, Масеԁ. acta archaeol. 11, Скопје 1990, 79-91; Г. Микуличиќ, Кантароси и скифоси од Гробницата во Бразда,3 Масеԁ. acta archaeol. 11. Скопје 1990, 93-101; Истата, Жданец, Скопје 1990, Раноантичко погребување, Maced. acta archaeol. 12, Скопје 1991, 183-199. ↩
Summary
Two Terracottas from Studeničani
(SUMMARY)
The two chance finds of terracottas come from the site of ,,lsar — Kale“ near the village Studeniéani, at 13 kilometres from the centre of Skopje. The first one is a front half of a mould for making terracotta figurines with the image of goddess Athena. The mould is made of clay, which must have been applied to the original in three layers by means of pressing. The firs layer consists of fine purified clay and the clay in the second one contains some sand and a lot of mica. The clay of the third layer is not so pure, containing small qantities of sand and mica. Such a structure of the clay has made the mould do attain by baking reddish - broun colour, fine details and compactness. Traces of reddish varnish, which must have been applied on the mould prior to baking, have been found on its surface. The lower half of the mould is broken, the dimensions of the preserved fragment being 0,165x0,082x0,02 m. (Fig. 1-2, 4). The modern clay offprint of the mould is of dimensions 0,13x0,043x0,02 m (Fig. 3). Goddess Athena is represented. Having an apppearance of a young girl with an archaic smile and eyes. Her countenance is not idealized and and she is having a helmet on her head. She is wearing a logn and heavy chiton, which is tightened on the waist. The head of Gorgone is represented on the breas of the Goddess, featuring a solar disc with briefly treated eyes, mouth and nose. A depiction commissioned in this way, conveying a juxttaposition of achaic and classical features in the treatment, could only have originated within a broader timespan in the 5 th century BC.
The second find considered in the article is the depiction of bearded Heracles with a lion’s mane over his head (Figs. 5, 6). It is made of well purified and tightly baked reddish — ocherous clay, bearing traces of brown varnish. The dimensions of the preserved fragment are 0,056x0,05x0,021 m. It is presumably a relief decoration of some clay vessel, or a model for making relief decorations for pottery that was to be produced after a received order in this modest pottery workshop near Studenitani. The rear side of the relief, void of the finishing touches, speaks in favour of the later assumption.
The silver staters of king Perdika Ш (393/2-369/8 BC) bear the profile of bearded Heracles with a lion’s mane over his head (Fig. 8)
The closest artistic analogy ofto our sample is the figure of bearded Heracles wiht a lion’s mane over his head depicted on the volute of the krater from Derveni dated to 330 BC. (Fig. 7). The stylistical and artistic features date the relief from Studenifani to the mid - 4 th century BC.